фишинг напади Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fishing-napadi/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Oct 2023 11:54:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фишинг напади Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fishing-napadi/ 32 32 Апел од МВР: Појава на фишинг напади, не наседнувајте на обидите за прибарување на лични податоци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/apel-od-mvr-pojava-na-fishing-napadi-ne-nasednuvajte-na-obidite-za-pribaruvane-na-lichni-podatotsi/ Fri, 13 Oct 2023 11:54:17 +0000 https://republika.mk/?p=690922

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи периодов констатираше зачестена појава на така наречени фишинг напади врз граѓаните, со цел неовластено прибавување на лични податоци од нив.

Од МВР појаснуваат дека фишинг нападот е обид за измама на корисниците преку испраќање на лажна порака која изгледа како вистинска.

Фишинг нападите имаат за цел да го измамат примачот на пораката и да го наведат да ги открие своите лични податоци, да посети лажна веб страна или да отвори додаток (прилог) прикачен на пораката кој е заразен со вирус. Обидите за фишинг обично доаѓаат преку електронска пошта, но и од социјални мрежи, преку текстуална СМС порака или со телефонски повик.

Оттаму, Министерството за внатрешни работи со цел заштита на граѓаните, на нивните лични податоци и можните злоупотреби и последиците што можат да произлезат, апелира до граѓаните за посебна внимателност при добивање на ваквите пораки, да не наседнуваат на измами од ваков тип и нивните лични податоци да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може да им се утврди вистинскиот идентитет, со цел спречување на нивна понатамошна злоупотреба, информира МВР.

The post Апел од МВР: Појава на фишинг напади, не наседнувајте на обидите за прибарување на лични податоци appeared first on Република.

]]>

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи периодов констатираше зачестена појава на така наречени фишинг напади врз граѓаните, со цел неовластено прибавување на лични податоци од нив. Од МВР појаснуваат дека фишинг нападот е обид за измама на корисниците преку испраќање на лажна порака која изгледа како вистинска. Фишинг нападите имаат за цел да го измамат примачот на пораката и да го наведат да ги открие своите лични податоци, да посети лажна веб страна или да отвори додаток (прилог) прикачен на пораката кој е заразен со вирус. Обидите за фишинг обично доаѓаат преку електронска пошта, но и од социјални мрежи, преку текстуална СМС порака или со телефонски повик. Оттаму, Министерството за внатрешни работи со цел заштита на граѓаните, на нивните лични податоци и можните злоупотреби и последиците што можат да произлезат, апелира до граѓаните за посебна внимателност при добивање на ваквите пораки, да не наседнуваат на измами од ваков тип и нивните лични податоци да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може да им се утврди вистинскиот идентитет, со цел спречување на нивна понатамошна злоупотреба, информира МВР.

The post Апел од МВР: Појава на фишинг напади, не наседнувајте на обидите за прибарување на лични податоци appeared first on Република.

]]>