финнсиска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/finnsiska/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Sep 2022 17:06:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png финнсиска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/finnsiska/ 32 32 Енергетската криза се трансформира во економска и финансиска криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/energetskata-kriza-se-transformira-vo-ekonomska-i-finansiska-kriza/ Fri, 23 Sep 2022 17:06:11 +0000 https://republika.mk/?p=553602

Во понеделник ќе продолжи седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност на која на дневен ред се предлог-одлуките за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на државата, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија и за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

Енергетската криза се трансформира во економска и финансиска криза. Струја може да купиме, но по која цена. Мора да се фокусираме на помошта на стопанството. Енергетските постојки работат со пола капацитет бидејќи се потребни суровини, истакна пратеничката Лидија Петкоска.

Таа посочи дека ако повторно се прогласува енергетска кризна состојба мора да се види претходно каде биле потрошени парите.

Опозицијата уште еднаш го повтори барањето да се формира анкетна комисија за разгледување на енергетската криза.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, кој присуствуваше на седницата, претходно одговарајќи на тврдењата на опозицијата, меѓу другото, најави дека Владата во Собранието наскоро ќе претстави пакет антикризни мерки и законски измени.

Во однос на барањето за одговорност, Битиќи кажа дека 65.000 жители на Скопје ниту еден ден немале прекин на топлинска енергија, а за електричната енергија праша дали имало „еден ден, еден час, една минута“ недостаток на струја. На обвинувањата дека се склучат договори во четири очи, вицепремиерот повтори дека се што се работи е во рамки на законите.

 

The post Енергетската криза се трансформира во економска и финансиска криза appeared first on Република.

]]>

Во понеделник ќе продолжи седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност на која на дневен ред се предлог-одлуките за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на државата, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија и за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.
Енергетската криза се трансформира во економска и финансиска криза. Струја може да купиме, но по која цена. Мора да се фокусираме на помошта на стопанството. Енергетските постојки работат со пола капацитет бидејќи се потребни суровини, истакна пратеничката Лидија Петкоска.
Таа посочи дека ако повторно се прогласува енергетска кризна состојба мора да се види претходно каде биле потрошени парите. Опозицијата уште еднаш го повтори барањето да се формира анкетна комисија за разгледување на енергетската криза. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, кој присуствуваше на седницата, претходно одговарајќи на тврдењата на опозицијата, меѓу другото, најави дека Владата во Собранието наскоро ќе претстави пакет антикризни мерки и законски измени. Во однос на барањето за одговорност, Битиќи кажа дека 65.000 жители на Скопје ниту еден ден немале прекин на топлинска енергија, а за електричната енергија праша дали имало „еден ден, еден час, една минута“ недостаток на струја. На обвинувањата дека се склучат договори во четири очи, вицепремиерот повтори дека се што се работи е во рамки на законите.  

The post Енергетската криза се трансформира во економска и финансиска криза appeared first on Република.

]]>