ФИНКИ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/finki/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Oct 2024 12:30:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ФИНКИ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/finki/ 32 32 Мицкоски: Ќе ги довршиме и ФИНКИ и Факултетот за физичка култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ke-gi-dovrshime-i-finki-i-fakultetot-za-fizichka-kultura/ Mon, 28 Oct 2024 12:30:19 +0000 https://republika.mk/?p=831700

„Универзитетот „Мајка Тереза“ е последен би рекол, најмлад универзитет и е дел од образовната политика на оваа Влада. И се разбира дека треба да се поддржи и дека треба да се вложи, да се направи модерна, современа инфраструктура, и тоа не само инфраструктура, туку и добри курикулуми за настава, односно да излезат и добри студенти, затоа што само ние ќе имаме како општество бенефит од сето тоа. Но за сите оние душегрижници, да не се грижат ќе го изградиме и Универзитетот и кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, но и ќе ги завршиме двата недовршени факултети, Факултетот за информатички науки и компјутерска технологија, ФИНКИ практично, и Факултетот за физичка култура. И ќе ги довршиме сите објекти коишто долго време се споменици. Мораме тоа да го завршиме, затоа што тоа го очекуваат од нас граѓаните, бидејќи лошо делува центарот на главниот град. Мора тоа сѐ да се заврши за да имаме пристојно место за живеење, тоа го правиме. Ние нема да влегуваме во правци, во стилови на уметноста и така натаму. Сакаме да биде тоа современа, модерна градба и да завршиме конечно, енергетски ефикасна и така натаму, изјави Премиерот Христијан Мицкоски по извршениот увид во работата на автопатската делница Гостивар – Букојчани.

Инаку тоа што е лошо на пример ако ги погледате зградите на Факултетот ФИНКИ и за физичка култура ќе видите дека и арматурата што е вградена во бетонот почнала да се сечи, така да ќе треба таму дополнително да се интервенира исто како што и зградата на Народната банка, тука имаме и законски интервенции за да се продолжи рокот за градење. Така што еве за овие четири месеци се задвижени сите работи и очекувам во следните четири месеци и таму да имаме веќе прогрес на теренот. Сакаме да вложуваме во образованието и ќе продолжиме да вложуваме“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на одвојувањето на парични средства за изградба на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, со оглед на тоа дека има реакции за ФИНКИ и ФФК кои одамна чекаат доизградба.

The post Мицкоски: Ќе ги довршиме и ФИНКИ и Факултетот за физичка култура appeared first on Република.

]]>

МОН бара објект за студентите од ФИНКИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-bara-objekt-za-studentite-od-finki/ Wed, 03 Jul 2024 11:08:05 +0000 https://republika.mk/?p=793054

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека се бараат опции во кои би можеле да се сместат студентите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Таа вели дека сместувањето на студентите нема да биде во објектот што седум години се руинира.

Секако дека студентите нема да учат во ова што се руинира веќе седум години. Интензивно бараме решение за тоа. Се сретнавме со деканот на ФИНКИ и Министерството веќе бара опции со кои би им помогнале на студентите да имаат нормални услови за настава. Значи во преговори сме“, рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање по настанот „Разговори за еднаквост“ што го организира Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

The post МОН бара објект за студентите од ФИНКИ appeared first on Република.

]]>

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека се бараат опции во кои би можеле да се сместат студентите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Таа вели дека сместувањето на студентите нема да биде во објектот што седум години се руинира.
Секако дека студентите нема да учат во ова што се руинира веќе седум години. Интензивно бараме решение за тоа. Се сретнавме со деканот на ФИНКИ и Министерството веќе бара опции со кои би им помогнале на студентите да имаат нормални услови за настава. Значи во преговори сме“, рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање по настанот „Разговори за еднаквост“ што го организира Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
 
The post МОН бара објект за студентите од ФИНКИ appeared first on Република.

]]>
ФИНКИ ќе продолжат да протестираат, но нема да штрајкуваат за да не им наштетат на студентите, бараат да се вселат во просториите на БРО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/finki-ke-prodolzhat-da-protestiraat-no-nema-da-shtrajkuvaat-za-da-ne-im-nashtetat-na-studentite-baraat-da-se-vselat-vo-prostoriite-na-bro/ Tue, 02 Apr 2024 11:40:01 +0000 https://republika.mk/?p=761243

„ФИНКИ нема зграда, трчаме до Влада“ извикуваа студентите од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство пред Владата каде што стигнаа со протестен маратон што почна во Градскиот парк. По првиот на 21 март, тоа беше нивни втор протест за да го актуализираат просторниот проблем на нивниот факултет, со барање до надлежните институции да им обезбедат простории за настава.

Беа предводени од деканот Боро Јакимовски кој истакна дека протестите ќе ги продолжат и во наредните недели за, како што рече, да ја поткренат свеста на државата за проблемот со кој ФИНКИ се соочува веќе 13 години. На ФИНКИ сега студираат околу пет и пол илјади студенти кои следат настава на неколку факултети од техничкиот кампус во Карпош.

Трајно решение за ФИНКИ е нов објект во близина на Ректоратот на Скопскиот универзитет, чија изградба веќе седум години е во застој поради стечај на фирмата изведувач. До тогаш бараат привремен простор и очекуваат да им бидат отстапени просториите на Бирото за развој на образованието (БРО).

Во очекување позитивен одговор од Владата за дислокација на Бирото за развој на образованието од техничкиот кампус, со цел привремено да се решат нашите просторни проблеми, тука дојдовме да ја подигнеме свесноста за следната влада што побрзо да се зафати со трајно решение на нашиот проблем. Во изминатите десет дена, по нашиот прв протест, активно комунициравме со претставници од разни институции коишто ги посочи Владата, за изнаоѓање трајно решение, но засега тоа е невозможно да се направи. Затоа се уште стоиме на нашето барање да се ослободи што е можно повеќе простор во техничко-технолошкиот кампус за да можеме да го реновираме и од 1 октомври да почнеме со настава во тие простории, изјави Јакимовски и додаде дека од утрешната седница на Владата очекува позитивен одговор на нивните барања.

На состанокот што го имале со владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР), им било кажано дека нема слободен простор од таков обем или никаков простор околу техничко-технолошкиот кампус што би можело да го користат, и затоа, рече, остануваат на ставот дека единствено решение е да се ослободи просторот што го користи БРО.

Во комуникација бев и со директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, кој тековно има промоција на новите простории на ТИРЗ и тука има некое можно решение за Бирото во просториите на ТИРЗ кои ќе бидат ослободени. Секако, постојат и други потенцијални решенија, но да видиме дали ќе биде позитивен одговорот за овие простории, изјави деканот на ФИНКИ.

Во спротивно, рече, ќе ги продолжат протестите зашто сметаат дека може да де најде решение за нивниот проблем и следната локација за протест веројатно ќе биде пред Министерството за образование и наука. Но, штрајк нема да имаат затоа што, рече, не сакаат да им наштетат на студентите.

Во фокус на нивните протести е решението за привремени простории, зашто се свесни дека трајното решение односно продолжување на изградбата на објектот за ФИНКИ во овој момент е невозможно.

Во овој предизборен период не може ништо да се направи со тој простор, многу малку е буџетиран. Секако дека остануваме на тоа следната влада што ќе се формира да продолжи активно со доградба на објектот. Или да се обезбеди нов, има и други можности, рече Јакимовски на протестот пред Владата, на кој студентите поддршка добија и од претседателот на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, Александар Николовски.

The post ФИНКИ ќе продолжат да протестираат, но нема да штрајкуваат за да не им наштетат на студентите, бараат да се вселат во просториите на БРО appeared first on Република.

]]>

„ФИНКИ нема зграда, трчаме до Влада“ извикуваа студентите од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство пред Владата каде што стигнаа со протестен маратон што почна во Градскиот парк. По првиот на 21 март, тоа беше нивни втор протест за да го актуализираат просторниот проблем на нивниот факултет, со барање до надлежните институции да им обезбедат простории за настава. Беа предводени од деканот Боро Јакимовски кој истакна дека протестите ќе ги продолжат и во наредните недели за, како што рече, да ја поткренат свеста на државата за проблемот со кој ФИНКИ се соочува веќе 13 години. На ФИНКИ сега студираат околу пет и пол илјади студенти кои следат настава на неколку факултети од техничкиот кампус во Карпош. Трајно решение за ФИНКИ е нов објект во близина на Ректоратот на Скопскиот универзитет, чија изградба веќе седум години е во застој поради стечај на фирмата изведувач. До тогаш бараат привремен простор и очекуваат да им бидат отстапени просториите на Бирото за развој на образованието (БРО).
Во очекување позитивен одговор од Владата за дислокација на Бирото за развој на образованието од техничкиот кампус, со цел привремено да се решат нашите просторни проблеми, тука дојдовме да ја подигнеме свесноста за следната влада што побрзо да се зафати со трајно решение на нашиот проблем. Во изминатите десет дена, по нашиот прв протест, активно комунициравме со претставници од разни институции коишто ги посочи Владата, за изнаоѓање трајно решение, но засега тоа е невозможно да се направи. Затоа се уште стоиме на нашето барање да се ослободи што е можно повеќе простор во техничко-технолошкиот кампус за да можеме да го реновираме и од 1 октомври да почнеме со настава во тие простории, изјави Јакимовски и додаде дека од утрешната седница на Владата очекува позитивен одговор на нивните барања.
На состанокот што го имале со владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР), им било кажано дека нема слободен простор од таков обем или никаков простор околу техничко-технолошкиот кампус што би можело да го користат, и затоа, рече, остануваат на ставот дека единствено решение е да се ослободи просторот што го користи БРО.
Во комуникација бев и со директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, кој тековно има промоција на новите простории на ТИРЗ и тука има некое можно решение за Бирото во просториите на ТИРЗ кои ќе бидат ослободени. Секако, постојат и други потенцијални решенија, но да видиме дали ќе биде позитивен одговорот за овие простории, изјави деканот на ФИНКИ.
Во спротивно, рече, ќе ги продолжат протестите зашто сметаат дека може да де најде решение за нивниот проблем и следната локација за протест веројатно ќе биде пред Министерството за образование и наука. Но, штрајк нема да имаат затоа што, рече, не сакаат да им наштетат на студентите. Во фокус на нивните протести е решението за привремени простории, зашто се свесни дека трајното решение односно продолжување на изградбата на објектот за ФИНКИ во овој момент е невозможно.
Во овој предизборен период не може ништо да се направи со тој простор, многу малку е буџетиран. Секако дека остануваме на тоа следната влада што ќе се формира да продолжи активно со доградба на објектот. Или да се обезбеди нов, има и други можности, рече Јакимовски на протестот пред Владата, на кој студентите поддршка добија и од претседателот на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, Александар Николовски.
 
The post ФИНКИ ќе продолжат да протестираат, но нема да штрајкуваат за да не им наштетат на студентите, бараат да се вселат во просториите на БРО appeared first on Република.

]]>
Влада: Активно работиме на изнаоѓање решение за ФИНКИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlada-aktivno-rabotime-na-iznaogane-reshenie-za-finki/ Thu, 21 Mar 2024 17:32:22 +0000 https://republika.mk/?p=757099

Владата на Република Македонија, преку Министерството за образование и наука, е во континуирана комуникација со раководството на Факулетот за информатички науки и компјутерско инжинерство при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје и во тек се активности за изнаоѓање времено решение во врска со обезбедувањето соодветен простор за спроведување на наставата на Факултетот, како и реализација на трајното решение.

Владата покажа дека е цврсто определена кон изнаоѓање решенија за какви било предизвици низ дијалог со сите засегнати страни и на тој начин е пристапено и кон ова прашање.

Краткорочното решение ќе се дефинира на средба помеѓу претставници на Службата за општи и заеднички работи, во соработка со Факултетот за информатички науки и инжинерство при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје, согласно владин заклучок.

Владата ја разгледа Информацијата за обезбедување простор за потребите на Факултетот за информатички науки и инжинерство при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје и веќе ја задолжи Службата за општи и заеднички работи на Владата, во соработка со Факултетот и во конкретен рок од три месеци, да разгледа алтернативни решенија, до реализацијата на трајното решение.

Воедно, Владата информира дека е одлучна да обезбеди достоинствени услови за настава на студентите на ФИНКИ во предвидениот нов современ објект кој започна да се гради во 2015 година и активно работи на надминување на проблемот што се појави поради стечај на фирмата- изведувач на градежните работи.

Се очекуваат извештаите од ревизијата на проектот и проценката на извршените активности од договорот коишто се во надлежност на релевантни органи, по што веднаш ќе се пристапи кон избор на нов изведувач, што целосно и во ефикасна процедура ќе го изгради новиот објект на Факулетот за информатички науки и компијутерско инжинерство при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје.

The post Влада: Активно работиме на изнаоѓање решение за ФИНКИ appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија, преку Министерството за образование и наука, е во континуирана комуникација со раководството на Факулетот за информатички науки и компјутерско инжинерство при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје и во тек се активности за изнаоѓање времено решение во врска со обезбедувањето соодветен простор за спроведување на наставата на Факултетот, како и реализација на трајното решение. Владата покажа дека е цврсто определена кон изнаоѓање решенија за какви било предизвици низ дијалог со сите засегнати страни и на тој начин е пристапено и кон ова прашање. Краткорочното решение ќе се дефинира на средба помеѓу претставници на Службата за општи и заеднички работи, во соработка со Факултетот за информатички науки и инжинерство при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје, согласно владин заклучок.   Владата ја разгледа Информацијата за обезбедување простор за потребите на Факултетот за информатички науки и инжинерство при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје и веќе ја задолжи Службата за општи и заеднички работи на Владата, во соработка со Факултетот и во конкретен рок од три месеци, да разгледа алтернативни решенија, до реализацијата на трајното решение. Воедно, Владата информира дека е одлучна да обезбеди достоинствени услови за настава на студентите на ФИНКИ во предвидениот нов современ објект кој започна да се гради во 2015 година и активно работи на надминување на проблемот што се појави поради стечај на фирмата- изведувач на градежните работи. Се очекуваат извештаите од ревизијата на проектот и проценката на извршените активности од договорот коишто се во надлежност на релевантни органи, по што веднаш ќе се пристапи кон избор на нов изведувач, што целосно и во ефикасна процедура ќе го изгради новиот објект на Факулетот за информатички науки и компијутерско инжинерство при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје.

The post Влада: Активно работиме на изнаоѓање решение за ФИНКИ appeared first on Република.

]]>
„ФИНКИ нема зграда – учиме пред Влада“: Студентите поставија импровизирана училница пред Владата, протестираат бидејќи немаат свои простории https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/finki-nema-zgrada-uchime-pred-vlada-studentite-postavija-improvizirana-uchilnitsa-pred-vladata-protestiraat-bidejki-nemaat-svoi-prostorii/ Thu, 21 Mar 2024 12:34:48 +0000 https://republika.mk/?p=756988

Студентите и раководството на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) денеска го изразија незадоволството од условите за студирање со мирен протест пред Владата, барајќи соодветен простор за работа.

На протестот под мотото „ФИНКИ нема зграда - учиме пред Влада“, студентите поставија импровизирана училница со цел да привлечат внимание за нерешните просторни услови.

ФИНКИ е еден од најатрактивните факултети на УКИМ со повеќе од пет илјади студенти каде што со години владее огромен интерес за запишување, а нема свои простории.

Факултетот е основан пред 13 години и својата наставна дејност ја спроведува во просториите на четири факултети, три во техничкиот кампус, и на Педагошкиот факултет. Наставата на ФИНКИ се одвива од 8 до 21 часот.

Поддржан од неформалната организација „Студентска револуција“, протестот следува по серија на заклучоци донесени од управата на ФИНКИ на седницата одржана на 18 овој месец. Во заклучоците, факултетот побара од Владата да донесе одлука за времено или трајно користење на објектот на КП бр. 1856, КО Карпош, без надомест, и да го задолжи Министерството за образование и наука да обезбеди соодветен простор и да изврши релокација на Бирото за развој на образование во рок од три месеци. На ова денеска реагираа од Бирото за развој на образование, од каде што соопштија дека го поддржуваат Факултетот во залагањата да обезбеди соодветни услови за настава и трајно да го реши просторниот проблем, но, дека се против барањата на ФИНКИ за дислоцирање на БРО.

[caption id="attachment_756990" align="alignnone" width="679"] фото: МИА[/caption]

https://republika.mk/vesti/makedonija/finki-utre-ke-protestira-pred-vladata-ke-odrzhat-sednitsa-na-nauchno-nastavniot-sovet-na-fakultetot/

The post „ФИНКИ нема зграда – учиме пред Влада“: Студентите поставија импровизирана училница пред Владата, протестираат бидејќи немаат свои простории appeared first on Република.

]]>

Студентите и раководството на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) денеска го изразија незадоволството од условите за студирање со мирен протест пред Владата, барајќи соодветен простор за работа. На протестот под мотото „ФИНКИ нема зграда - учиме пред Влада“, студентите поставија импровизирана училница со цел да привлечат внимание за нерешните просторни услови. ФИНКИ е еден од најатрактивните факултети на УКИМ со повеќе од пет илјади студенти каде што со години владее огромен интерес за запишување, а нема свои простории. Факултетот е основан пред 13 години и својата наставна дејност ја спроведува во просториите на четири факултети, три во техничкиот кампус, и на Педагошкиот факултет. Наставата на ФИНКИ се одвива од 8 до 21 часот. Поддржан од неформалната организација „Студентска револуција“, протестот следува по серија на заклучоци донесени од управата на ФИНКИ на седницата одржана на 18 овој месец. Во заклучоците, факултетот побара од Владата да донесе одлука за времено или трајно користење на објектот на КП бр. 1856, КО Карпош, без надомест, и да го задолжи Министерството за образование и наука да обезбеди соодветен простор и да изврши релокација на Бирото за развој на образование во рок од три месеци. На ова денеска реагираа од Бирото за развој на образование, од каде што соопштија дека го поддржуваат Факултетот во залагањата да обезбеди соодветни услови за настава и трајно да го реши просторниот проблем, но, дека се против барањата на ФИНКИ за дислоцирање на БРО. [caption id="attachment_756990" align="alignnone" width="679"] фото: МИА[/caption]   https://republika.mk/vesti/makedonija/finki-utre-ke-protestira-pred-vladata-ke-odrzhat-sednitsa-na-nauchno-nastavniot-sovet-na-fakultetot/

The post „ФИНКИ нема зграда – учиме пред Влада“: Студентите поставија импровизирана училница пред Владата, протестираат бидејќи немаат свои простории appeared first on Република.

]]>
Студентите на ФИНКИ ги почнуваат протестите пред Влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/studentite-na-finki-gi-pochnuvaat-protestite-pred-vlada/ Thu, 21 Mar 2024 07:42:21 +0000 https://republika.mk/?p=756853

Студентите и раководството на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), денеска во 12 часот ќе одржат протест пред зградата на Владата.

Протестот е согласно одлука на декенатската управа, а целта, како што велат од ФИНКИ, е укажување на власта за потребата од подобрување на условите за студирање на студентите на Факултетот. Посочуваат дека вистински предизвик за управата на факултетот е да ги смести сите запишани студенти, бидејќи, како што велат, со повеќе од 5 000 студенти, ФИНКИ е најброен факултет во државата.

Најавуваат дека на протестот ќе се одржи 25-тата редовна седница на Наставно-научниот совет, каде покрај деканот и продеканите, членови на деканатската управа се и раководителите на институтите и еден член избран од Факултетското студентско собрание.

Од неформалната организација Студентска револуција соопштија дека ќе го поддржат протестот и ги повикаа на поддршка студентите, професорите, како и вработените на УКИМ.

Ние Студентска револуција како неформална организација го поддржуваме протестот на ФСС Финки и УСС пред Влада. Воедно ја користиме оваа прилика е да ве повикаме сите студенти, професори, вработени на УКИМ заедно да излеземе и да одеме пред Влада со едно прашање: „Како преку вештачката интелегенција да дојдеме до „таа“ зграда на ФИНКИ?“, велат од организацијата.

Управата на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) на седницата одржана на 18 месецов донесе заклучоци со кои побара Владата на следната седница да донесе одлука за давање на времено или трајно користење, без надомест, на објектот кој се наоѓа на КП бр. 1856, КО Карпош, ИЛ бр. 47924, согласно барањето испратено од Факултетот до Владата на 19 мај 2023 гдоина.  Факултетот бара Владата  да го задолжи Министерството за образование и наука во рок од три месеци да обезбеди простор и да изврши релокација на Бирото за развој на образование, како орган на државна управа во состав на Министерството.

The post Студентите на ФИНКИ ги почнуваат протестите пред Влада appeared first on Република.

]]>

Студентите и раководството на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), денеска во 12 часот ќе одржат протест пред зградата на Владата. Протестот е согласно одлука на декенатската управа, а целта, како што велат од ФИНКИ, е укажување на власта за потребата од подобрување на условите за студирање на студентите на Факултетот. Посочуваат дека вистински предизвик за управата на факултетот е да ги смести сите запишани студенти, бидејќи, како што велат, со повеќе од 5 000 студенти, ФИНКИ е најброен факултет во државата. Најавуваат дека на протестот ќе се одржи 25-тата редовна седница на Наставно-научниот совет, каде покрај деканот и продеканите, членови на деканатската управа се и раководителите на институтите и еден член избран од Факултетското студентско собрание. Од неформалната организација Студентска револуција соопштија дека ќе го поддржат протестот и ги повикаа на поддршка студентите, професорите, како и вработените на УКИМ.
Ние Студентска револуција како неформална организација го поддржуваме протестот на ФСС Финки и УСС пред Влада. Воедно ја користиме оваа прилика е да ве повикаме сите студенти, професори, вработени на УКИМ заедно да излеземе и да одеме пред Влада со едно прашање: „Како преку вештачката интелегенција да дојдеме до „таа“ зграда на ФИНКИ?“, велат од организацијата.
Управата на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) на седницата одржана на 18 месецов донесе заклучоци со кои побара Владата на следната седница да донесе одлука за давање на времено или трајно користење, без надомест, на објектот кој се наоѓа на КП бр. 1856, КО Карпош, ИЛ бр. 47924, согласно барањето испратено од Факултетот до Владата на 19 мај 2023 гдоина.  Факултетот бара Владата  да го задолжи Министерството за образование и наука во рок од три месеци да обезбеди простор и да изврши релокација на Бирото за развој на образование, како орган на државна управа во состав на Министерството.

The post Студентите на ФИНКИ ги почнуваат протестите пред Влада appeared first on Република.

]]>
Студентите на ФИНКИ излегуваат на протести https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/studentite-na-finki-izleguvaat-na-protesti/ Wed, 20 Mar 2024 13:53:08 +0000 https://republika.mk/?p=756753

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, согласно одлука од деканатската управа, организира мирен протест на 21.03.2024 (четврток) со почеток од 12 часот пред зградата на Владата на РМ.

На протестот ќе се одржи 25-та редовна седница на Наставно научниот совет на факултетот.

Со цел укажување на власта за потребата од подобрување на условите за студирање на студентите на Факултетот, започнуваме со серија на мирни протести, се до остварување на целта. Воедно ги повикуваме сите лица кои сакаат да го подржат факултетот во остварување на нашето барање се добредојдени, велат од ФИНКИ

The post Студентите на ФИНКИ излегуваат на протести appeared first on Република.

]]>

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, согласно одлука од деканатската управа, организира мирен протест на 21.03.2024 (четврток) со почеток од 12 часот пред зградата на Владата на РМ. На протестот ќе се одржи 25-та редовна седница на Наставно научниот совет на факултетот.
Со цел укажување на власта за потребата од подобрување на условите за студирање на студентите на Факултетот, започнуваме со серија на мирни протести, се до остварување на целта. Воедно ги повикуваме сите лица кои сакаат да го подржат факултетот во остварување на нашето барање се добредојдени, велат од ФИНКИ

The post Студентите на ФИНКИ излегуваат на протести appeared first on Република.

]]>
ФИНКИ утре ќе протестира, пред Владата ќе одржат седница на Научно наставниот совет на факултетот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/finki-utre-ke-protestira-pred-vladata-ke-odrzhat-sednitsa-na-nauchno-nastavniot-sovet-na-fakultetot/ Wed, 20 Mar 2024 12:38:17 +0000 https://republika.mk/?p=756706

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) утре во 12 часот пред зградата на Владата организира мирен протест.

На протестот пред Владата на Македонија, ќе се одржи 25-та редовна седница на Наставно научниот совет на факултетот, се вели во известувањето од ФИНКИ.

Со цел укажување на власта за потребата од подобрување на условите за студирање на студентите на Факултетот, започнуваме со серија на мирни протести, сè до остварување на целта. Воедно ги повикуваме сите лица кои сакаат да го подржат факултетот во остварување на нашето барање се добредојдени, велат од Факултетот.

ФИНКИ е еден од најатрактивните факултети на УКИМ со повеќе од пет илјади студенти каде што со години владее огромен интерес за запишување, а нема свои простории.

Факултетот е основан пред 13 години и својата наставна дејност ја спроведува во просториите на четири факултети, три во техничкиот кампус, и на Педагошкиот факултет. Наставата на ФИНКИ се одвива од 8 до 21 часот.

Факултетот бара Владата на Македонија да го задолжи Министерството за образование и наука во рок од три месеци да обезбеди простор и да изврши релокација на Бирото за развој на образование, како орган на државна управа во состав на МОН.

Ако Владата на следната седница не донесе позитивна одлука по барањето на факултетот, односно ако повторно ја одложи точката која е од суштествено значење за нормално спроведување на наставата на факултетот, ќе бидеме приморани да преземеме порадикални мерки. Факултетот го задржува правото, до остварување на овие барања, јавно да го искажува своето незадоволство со одржување на протести и штрајк“, соопшти ФИНКИ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/finki-bara-prostor-inaku-ke-ima-protesti-i-shtrajk/

The post ФИНКИ утре ќе протестира, пред Владата ќе одржат седница на Научно наставниот совет на факултетот appeared first on Република.

]]>

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) утре во 12 часот пред зградата на Владата организира мирен протест. На протестот пред Владата на Македонија, ќе се одржи 25-та редовна седница на Наставно научниот совет на факултетот, се вели во известувањето од ФИНКИ.
Со цел укажување на власта за потребата од подобрување на условите за студирање на студентите на Факултетот, започнуваме со серија на мирни протести, сè до остварување на целта. Воедно ги повикуваме сите лица кои сакаат да го подржат факултетот во остварување на нашето барање се добредојдени, велат од Факултетот.
ФИНКИ е еден од најатрактивните факултети на УКИМ со повеќе од пет илјади студенти каде што со години владее огромен интерес за запишување, а нема свои простории. Факултетот е основан пред 13 години и својата наставна дејност ја спроведува во просториите на четири факултети, три во техничкиот кампус, и на Педагошкиот факултет. Наставата на ФИНКИ се одвива од 8 до 21 часот. Факултетот бара Владата на Македонија да го задолжи Министерството за образование и наука во рок од три месеци да обезбеди простор и да изврши релокација на Бирото за развој на образование, како орган на државна управа во состав на МОН.
Ако Владата на следната седница не донесе позитивна одлука по барањето на факултетот, односно ако повторно ја одложи точката која е од суштествено значење за нормално спроведување на наставата на факултетот, ќе бидеме приморани да преземеме порадикални мерки. Факултетот го задржува правото, до остварување на овие барања, јавно да го искажува своето незадоволство со одржување на протести и штрајк“, соопшти ФИНКИ.
https://republika.mk/vesti/makedonija/finki-bara-prostor-inaku-ke-ima-protesti-i-shtrajk/  

The post ФИНКИ утре ќе протестира, пред Владата ќе одржат седница на Научно наставниот совет на факултетот appeared first on Република.

]]>
ФИНКИ бара простор, инаку ќе има протести и штрајк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/finki-bara-prostor-inaku-ke-ima-protesti-i-shtrajk/ Tue, 19 Mar 2024 09:09:45 +0000 https://republika.mk/?p=756197

Управата на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје бара Владата на Македонија на следната седница да донесе одлука за давање на времено или трајно користење, без надоместок, на на објектот кој се наоѓа на КП бр. 1856, КО Карпош, ИЛ бр. 47924, согласно барањето испратено од факултетот до Владата на 19 мај 2023 година.

Управата на ФИНКИ на вчерашната седница расправаше за односот на Владата и Министерството за образование и наука кон барањето за привремено надминување на просторниот проблем на најголемиот технички факултет во Македонија со повеќе од 5.000 активни студенти.

Факултетот бара Владата на Македонија да го задолжи Министерството за образование и наука во рок од три месеци да обезбеди простор и да изврши релокација на Бирото за развој на образование, како орган на државна управа во состав на МОН.

Ако Владата на следната седница не донесе позитивна одлука по барањето на факултетот, односно ако повторно ја одложи точката која е од суштествено значење за нормално спроведување на наставата на факултетот, ќе бидеме приморани да преземеме порадикални мерки. Факултетот го задржува правото, до остварување на овие барања, јавно да го искажува своето незадоволство со одржување на протести и штрајк“, соопшти ФИНКИ.

The post ФИНКИ бара простор, инаку ќе има протести и штрајк appeared first on Република.

]]>

Управата на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје бара Владата на Македонија на следната седница да донесе одлука за давање на времено или трајно користење, без надоместок, на на објектот кој се наоѓа на КП бр. 1856, КО Карпош, ИЛ бр. 47924, согласно барањето испратено од факултетот до Владата на 19 мај 2023 година. Управата на ФИНКИ на вчерашната седница расправаше за односот на Владата и Министерството за образование и наука кон барањето за привремено надминување на просторниот проблем на најголемиот технички факултет во Македонија со повеќе од 5.000 активни студенти. Факултетот бара Владата на Македонија да го задолжи Министерството за образование и наука во рок од три месеци да обезбеди простор и да изврши релокација на Бирото за развој на образование, како орган на државна управа во состав на МОН.
Ако Владата на следната седница не донесе позитивна одлука по барањето на факултетот, односно ако повторно ја одложи точката која е од суштествено значење за нормално спроведување на наставата на факултетот, ќе бидеме приморани да преземеме порадикални мерки. Факултетот го задржува правото, до остварување на овие барања, јавно да го искажува своето незадоволство со одржување на протести и штрајк“, соопшти ФИНКИ.

The post ФИНКИ бара простор, инаку ќе има протести и штрајк appeared first on Република.

]]>
Уште една најава дека ФИНКИ и Универзитетот „Мајка Тереза“ ќе добијат зграда https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ushte-edna-najava-deka-finki-i-univerzitetot-majka-tereza-ke-dobijat-zgrada/ Mon, 30 Jan 2023 13:57:08 +0000 https://republika.mk/?p=602673

Универзитетот „Мајка Тереза“ и еден од најатрактивните факултети на УКИМ, Факултетот за информатички науки и компјутерски инженерство (ФИНКИ) ќе добијат свои објекти каде што ќе се изведува наставата, најави министерот за образование Јетон Шаќири на годишната конференција „Година за нови можности“.

Според министерот, со концептот на инклузивност, сите се опфатени во образовниот процес.

Приоритет беа и капиталните инвестиции. Како МОН имаме висок процент на реализација. Има три нови основни училишта, продолжува работењето сега на три други училишни згради, реконструирани беа голем број училишта, а во најава се 30 други. Превидено е и зголемување на процентот за инфраструктурата за високото образование, како за универзитетот „Мајка Тереза“, така и ФИНКИ, рече Шаќири.

По шест години од основањето, Универзитетот „Мајка Тереза“ сè уште нема свој објект. Студентите следат настава во привремените објекти кои универзитетот ги доби на користење.

Зграда нема и за ФИНКИ. Во 2022 година за упис на ФИНКИ интерес пројавија 1.200 апликанти, а 900 од нив на првиот уписен рок чекаа со часови за да ги поднесат своите документи. Скоро цела деценија помина од првичните најави на некогашниот министер Спиро Ристовски за „една од најсовремените и најнови згради“, за сега, актуелниот прв човек на МОН да каже дека изградбата на образовниот објект ќе биде продолжена во текот на 2023 година.

The post Уште една најава дека ФИНКИ и Универзитетот „Мајка Тереза“ ќе добијат зграда appeared first on Република.

]]>

Универзитетот „Мајка Тереза“ и еден од најатрактивните факултети на УКИМ, Факултетот за информатички науки и компјутерски инженерство (ФИНКИ) ќе добијат свои објекти каде што ќе се изведува наставата, најави министерот за образование Јетон Шаќири на годишната конференција „Година за нови можности“. Според министерот, со концептот на инклузивност, сите се опфатени во образовниот процес.
Приоритет беа и капиталните инвестиции. Како МОН имаме висок процент на реализација. Има три нови основни училишта, продолжува работењето сега на три други училишни згради, реконструирани беа голем број училишта, а во најава се 30 други. Превидено е и зголемување на процентот за инфраструктурата за високото образование, како за универзитетот „Мајка Тереза“, така и ФИНКИ, рече Шаќири.
По шест години од основањето, Универзитетот „Мајка Тереза“ сè уште нема свој објект. Студентите следат настава во привремените објекти кои универзитетот ги доби на користење. Зграда нема и за ФИНКИ. Во 2022 година за упис на ФИНКИ интерес пројавија 1.200 апликанти, а 900 од нив на првиот уписен рок чекаа со часови за да ги поднесат своите документи. Скоро цела деценија помина од првичните најави на некогашниот министер Спиро Ристовски за „една од најсовремените и најнови згради“, за сега, актуелниот прв човек на МОН да каже дека изградбата на образовниот објект ќе биде продолжена во текот на 2023 година.  

The post Уште една најава дека ФИНКИ и Универзитетот „Мајка Тереза“ ќе добијат зграда appeared first on Република.

]]>
Шаќири: ФИНКИ е бренд во државата и ќе биде препознатлив меѓу сите нови генерации на студенти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-finki-e-brend-vo-drzavata-i-kje-bide-prepoznatliv-megju-site-novi-generacii-na-studenti/ Wed, 15 Jun 2022 16:09:06 +0000 https://republika.mk/?p=515654

ФИНКИ е бренд во државата и сигурен сум дека и понатаму ќе остане препознатлив по квалитетот на знаењето кое им го нуди на младите и ќе биде избор на многумина од новите генерации кои допрва ќе влегуваат во светот на академското образование. Ова го истакна министерот за образование и наука на денешната церемонија организирана по повод 11-тиот роденден на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, на која беа доделени и дипломите на околу 600 студенти кои ги завршија студиите од прв и втор циклус на студии во изминатите три години.

Дозволете да упатам искрени честитки до раководството и до сите вработени на ФИНКИ за доброто менаџирање на наставната и научно – истражувачката дејност, за сите досега создадени генерации на информатичари, програмери, графички дизајнери и така натаму, како и за огромниот придонес кон развојот на општеството во изминатите 11 години. Продолжете да работите со успех. Бидете и понатаму столб на високото образование и придонесувајте кон развојот на државата, рече Шаќири.

Министерот потенцираше дека оваа високообразовна установа е основана во вистинско време, кога како што рече, се наѕираше растот на потребата од ИТ кадар во општеството.

ФИНКИ е клучен партнер на Министерството за образование и наука во процесот на дигитализација на образованието и сигурен сум дека активностите во тој дел ќе ги продолжиме со уште поинтензивно темпо во периодот што следи. Тоа ни го наметнуваат глобалните образовни трендови и текови, а добра поука извлековме и од пандемијата, која ни наложи да обезбедиме поголема флексибилност и адаптибилност на образовниот систем кој се покажа дека не е отпорен на такви неочекувани промени, но за среќа брзо го прилагодивме на новите вонредни околности, што секако, без поддршката од овој факултет немаше да се случи, нагласи министерот за образование.

Шаќири упати честитки и до дипломираните студенти и до магистрите, за сите стекнати знаења и вештини кои, изрази уверување дека ќе им обезбедат добра иднина.

Знам дека голем дел од вас веќе имаат работни ангажмани. Дел можеби допрва ќе се вклучат на пазарот на трудот, но јасно е дека за сите вас има место и тоа токму на ова поднебје. Можеби до вас ќе стигнат и понуди да работите надвор од државата. Но, би било добро, а ќе речам и би било патриотски, да ги разгледате прво домашните опции за работа и да дадете личен придонес во развојот на државата која ве образувала и вложила во вас. Возвратете и’, ќе се чувствувате спокојно и гордо еден ден, рече министерот, потенцирајќи дека сите се кадри од факултет кој создал многу иновации во различни општествени сегменти, па така и од нив се очекува да бидат носители на нови промени за подобро утре.

Осврнувајќи се на изградбата на новиот објект на ФИНКИ, Шаќири рече дека процесот е започнат, но за жал и запрен на околу 30 проценти реализација, што беше наложено од низа непредвидливи работи, а како последна ја посочи економската криза. Сепак, изрази уверување дека како министер ќе даде максимум за оваа работа што побрзо да се заврши.

The post Шаќири: ФИНКИ е бренд во државата и ќе биде препознатлив меѓу сите нови генерации на студенти appeared first on Република.