ФИНКИ нема зграда - учиме пред Влада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/finki-nema-zgrada-uchime-pred-vlada/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Mar 2024 12:54:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ФИНКИ нема зграда - учиме пред Влада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/finki-nema-zgrada-uchime-pred-vlada/ 32 32 „ФИНКИ нема зграда – учиме пред Влада“: Студентите поставија импровизирана училница пред Владата, протестираат бидејќи немаат свои простории https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/finki-nema-zgrada-uchime-pred-vlada-studentite-postavija-improvizirana-uchilnitsa-pred-vladata-protestiraat-bidejki-nemaat-svoi-prostorii/ Thu, 21 Mar 2024 12:34:48 +0000 https://republika.mk/?p=756988

Студентите и раководството на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) денеска го изразија незадоволството од условите за студирање со мирен протест пред Владата, барајќи соодветен простор за работа.

На протестот под мотото „ФИНКИ нема зграда - учиме пред Влада“, студентите поставија импровизирана училница со цел да привлечат внимание за нерешните просторни услови.

ФИНКИ е еден од најатрактивните факултети на УКИМ со повеќе од пет илјади студенти каде што со години владее огромен интерес за запишување, а нема свои простории.

Факултетот е основан пред 13 години и својата наставна дејност ја спроведува во просториите на четири факултети, три во техничкиот кампус, и на Педагошкиот факултет. Наставата на ФИНКИ се одвива од 8 до 21 часот.

Поддржан од неформалната организација „Студентска револуција“, протестот следува по серија на заклучоци донесени од управата на ФИНКИ на седницата одржана на 18 овој месец. Во заклучоците, факултетот побара од Владата да донесе одлука за времено или трајно користење на објектот на КП бр. 1856, КО Карпош, без надомест, и да го задолжи Министерството за образование и наука да обезбеди соодветен простор и да изврши релокација на Бирото за развој на образование во рок од три месеци. На ова денеска реагираа од Бирото за развој на образование, од каде што соопштија дека го поддржуваат Факултетот во залагањата да обезбеди соодветни услови за настава и трајно да го реши просторниот проблем, но, дека се против барањата на ФИНКИ за дислоцирање на БРО.

[caption id="attachment_756990" align="alignnone" width="679"] фото: МИА[/caption]

 

https://republika.mk/vesti/makedonija/finki-utre-ke-protestira-pred-vladata-ke-odrzhat-sednitsa-na-nauchno-nastavniot-sovet-na-fakultetot/

The post „ФИНКИ нема зграда – учиме пред Влада“: Студентите поставија импровизирана училница пред Владата, протестираат бидејќи немаат свои простории appeared first on Република.

]]>

Студентите и раководството на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) денеска го изразија незадоволството од условите за студирање со мирен протест пред Владата, барајќи соодветен простор за работа. На протестот под мотото „ФИНКИ нема зграда - учиме пред Влада“, студентите поставија импровизирана училница со цел да привлечат внимание за нерешните просторни услови. ФИНКИ е еден од најатрактивните факултети на УКИМ со повеќе од пет илјади студенти каде што со години владее огромен интерес за запишување, а нема свои простории. Факултетот е основан пред 13 години и својата наставна дејност ја спроведува во просториите на четири факултети, три во техничкиот кампус, и на Педагошкиот факултет. Наставата на ФИНКИ се одвива од 8 до 21 часот. Поддржан од неформалната организација „Студентска револуција“, протестот следува по серија на заклучоци донесени од управата на ФИНКИ на седницата одржана на 18 овој месец. Во заклучоците, факултетот побара од Владата да донесе одлука за времено или трајно користење на објектот на КП бр. 1856, КО Карпош, без надомест, и да го задолжи Министерството за образование и наука да обезбеди соодветен простор и да изврши релокација на Бирото за развој на образование во рок од три месеци. На ова денеска реагираа од Бирото за развој на образование, од каде што соопштија дека го поддржуваат Факултетот во залагањата да обезбеди соодветни услови за настава и трајно да го реши просторниот проблем, но, дека се против барањата на ФИНКИ за дислоцирање на БРО. [caption id="attachment_756990" align="alignnone" width="679"] фото: МИА[/caption]   https://republika.mk/vesti/makedonija/finki-utre-ke-protestira-pred-vladata-ke-odrzhat-sednitsa-na-nauchno-nastavniot-sovet-na-fakultetot/

The post „ФИНКИ нема зграда – учиме пред Влада“: Студентите поставија импровизирана училница пред Владата, протестираат бидејќи немаат свои простории appeared first on Република.

]]>