финансиска поддршка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/finansiska-poddrshka/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Oct 2024 14:24:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png финансиска поддршка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/finansiska-poddrshka/ 32 32 Потпишан договор со Институтот за сточарство и рибарство за користење на финансиска поддршка од околу 12 милиони денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/potpishan-dogovor-so-institutot-za-stocharstvo-i-ribarstvo-za-koristene-na-finansiska-poddrshka-od-okolu-12-milioni-denari/ Thu, 10 Oct 2024 15:36:53 +0000 https://republika.mk/?p=825296

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ќе му додели финансиска поддршка од речиси 12 милиони денари на Институтот за сточарство и рибарство за набавка на опрема за лабораториски анализи за квалитет и безбедност на храна за сточарство. Тоа го предвидува  договорот за користење на инвестициски вложувања за воспоставување на научно демонстративни примери што денеска беше поптишан меѓу двете институции.

-Финансиската поддршка се доделува во висина од 100 проценти од вредноста на предлогот за воспоставување на научно демонстративни примери – набавка на опрема за лабораториски анализи за квалитет и безбедност на храна за сточарство, но не повеќе од 11.979.283 денари со вклучен ДДВ, информира ресорниот министер Цветан Трипуновски.

Со овој договор за користење на финансиска поддршка, како што кажа, Министерството сака да помогне во научноистражувачката како и севкупната дејност која ја остварува Институтот за сточарство и рибарство, се со цел да се унапреди сточарското производство во државата.

-Изминативе години Македонија бележи пад на сточарството. Тој пад треба да се запре и да се превенира преку низа на сет квалитетни мерки. Мојот фокус овој период ќе биде развивање на оваа гранка со воведување на нови и модерни технологии на одгледување на добиток, истакна министерот Трипуновски.

Најави дека во иднина ќе се продлабочи соработката помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Институтот за сточарство и рибарство.

The post Потпишан договор со Институтот за сточарство и рибарство за користење на финансиска поддршка од околу 12 милиони денари appeared first on Република.

]]>

Украина добива 50 милијарди евра финансиска поддршка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-dobiva-50-milijardi-evra-finansiska-poddrshka/ Thu, 01 Feb 2024 11:55:02 +0000 https://republika.mk/?p=739376

Сите 27 земји на Европската унија договорија 50 милијарди евра помош за Украина на специјалниот Самитот на Унијата што денеска се одржува во Брисел, објави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на Икс.

Имаме договор. Сите 27 лидери се согласија за дополнителен пакет за поддршка од 50 милијарди евра за Украина во рамките на буџетот на ЕУ. Ова значи стабилно, долгорочно, предвидливо финансирање за Украина. ЕУ презема лидерство и одговорност за поддршка на Украина; знаеме што е во прашање“, напиша Мишел на Х.

Со ваквиот договор се стави крај на неизвесноста околу поддршката од ЕУ за Украина, поради најавите на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека може повторно да стави вето за пакетот помош, како што се случи на претходниот Самит на Унијата во декември.

Според дипломатски извори, „мала група лидери на ЕУ“ пред почетокот на Самитот го убедиле Орбан да се откаже од евентуално вето за ревизијата на Повеќегодишната финансиска рамка на Унијата за периодот 2021-2027 година, која во најголем дел вклучува обезбедување средствата за поддршката за Украина.

Истите извори посочуваат дека Орбан се сретнал со германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџија Мелони и претседателите на Европската комисија и на Советот на ЕУ, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел, а нешто подоцна на средбата се придружиле и премиерите на Белгија, Александер Де Кро, на Холандија, Марк Руте и на Полска, Доналд Туск.

Како отстапка за Орбан, постигнат е договор за имплементацијата на пакетот помош за Украина, лидерите на ЕУ да одржуваат годишна дебата, како и Европската комисија да изработува годишен извештај за спроведувањето на Механизмот за помош на Украина. Доколку врз основа на овие дебати и извештаи се увиди потреба, по две години би можело да биде побарано од Еврокомисијата да предложи нова ревизија на Повеќегодишната буџетска рамка на ЕУ.

Врз основа на денеска постигнатиот договор се очекува Белгија во својство на претседавач со ЕУ за в понеделник да свика „тријалог“ во Стразбур за усогласување на техничките детали на ревизијата.

Договорот на европските лидери го поздрави украинскиот премиер Денис Шмихал, која оцени дека тој претставува поддршка „што ќе помогне да се оствари заедничка победа“.

Секој ваш глас е значаен придонес за нашата заедничка победа. Договорот е приказ на солидарност и единство во 27-члениот блок, наведе Шмихал во објава на социјалните мрежи.

Инаку, со ревизијата на Буџетската рамка се предвидува обезбедување на дополнителни 64,6 милијарди евра, од кои 50 милијарди евра наменети за Украина за следните четири години и тоа 17 милијарди евра грантови и 33 милијарди евра позајмици.

Од останатите средства, 7,6 милијарди евра се предвидени за поддршка на земјите од европското соседство и за партнерите ширум светот, по две милијарди за справување со миграцијата и управување со границите и за Инструментот за флексибилност на ЕУ и по 1,5 милијарди евра за Европскиот одбранбен фонд во рамките на СТЕП и како резерви за солидарност и итна помош.

The post Украина добива 50 милијарди евра финансиска поддршка appeared first on Република.

]]>

Сите 27 земји на Европската унија договорија 50 милијарди евра помош за Украина на специјалниот Самитот на Унијата што денеска се одржува во Брисел, објави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на Икс.
Имаме договор. Сите 27 лидери се согласија за дополнителен пакет за поддршка од 50 милијарди евра за Украина во рамките на буџетот на ЕУ. Ова значи стабилно, долгорочно, предвидливо финансирање за Украина. ЕУ презема лидерство и одговорност за поддршка на Украина; знаеме што е во прашање“, напиша Мишел на Х.
Со ваквиот договор се стави крај на неизвесноста околу поддршката од ЕУ за Украина, поради најавите на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека може повторно да стави вето за пакетот помош, како што се случи на претходниот Самит на Унијата во декември. Според дипломатски извори, „мала група лидери на ЕУ“ пред почетокот на Самитот го убедиле Орбан да се откаже од евентуално вето за ревизијата на Повеќегодишната финансиска рамка на Унијата за периодот 2021-2027 година, која во најголем дел вклучува обезбедување средствата за поддршката за Украина. Истите извори посочуваат дека Орбан се сретнал со германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџија Мелони и претседателите на Европската комисија и на Советот на ЕУ, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел, а нешто подоцна на средбата се придружиле и премиерите на Белгија, Александер Де Кро, на Холандија, Марк Руте и на Полска, Доналд Туск. Како отстапка за Орбан, постигнат е договор за имплементацијата на пакетот помош за Украина, лидерите на ЕУ да одржуваат годишна дебата, како и Европската комисија да изработува годишен извештај за спроведувањето на Механизмот за помош на Украина. Доколку врз основа на овие дебати и извештаи се увиди потреба, по две години би можело да биде побарано од Еврокомисијата да предложи нова ревизија на Повеќегодишната буџетска рамка на ЕУ. Врз основа на денеска постигнатиот договор се очекува Белгија во својство на претседавач со ЕУ за в понеделник да свика „тријалог“ во Стразбур за усогласување на техничките детали на ревизијата. Договорот на европските лидери го поздрави украинскиот премиер Денис Шмихал, која оцени дека тој претставува поддршка „што ќе помогне да се оствари заедничка победа“.
Секој ваш глас е значаен придонес за нашата заедничка победа. Договорот е приказ на солидарност и единство во 27-члениот блок, наведе Шмихал во објава на социјалните мрежи.
Инаку, со ревизијата на Буџетската рамка се предвидува обезбедување на дополнителни 64,6 милијарди евра, од кои 50 милијарди евра наменети за Украина за следните четири години и тоа 17 милијарди евра грантови и 33 милијарди евра позајмици. Од останатите средства, 7,6 милијарди евра се предвидени за поддршка на земјите од европското соседство и за партнерите ширум светот, по две милијарди за справување со миграцијата и управување со границите и за Инструментот за флексибилност на ЕУ и по 1,5 милијарди евра за Европскиот одбранбен фонд во рамките на СТЕП и како резерви за солидарност и итна помош.  

The post Украина добива 50 милијарди евра финансиска поддршка appeared first on Република.

]]>
Наскоро ќе се исплатат парите за учениците од ранливите семејства, за тие кои не аплицирале има нов повик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/naskoro-ke-se-isplatat-parite-za-uchenitsite-od-ranlivite-semejstva-za-tie-koi-ne-aplitsirale-ima-nov-povik/ Sat, 13 Jan 2024 09:06:42 +0000 https://republika.mk/?p=732492

За неколку дена започува исплатата на финансиска поддршка за учениците од семејства со месечни примања до 50.000 денари кои аплицирале за помошта минатиот месец. Ќе се исплаќаат по 1.200 денари за основците и 1.800 денари за средношколците.

Во меѓувреме, Министерството за образование објави нов повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта, на кој можат да се пријават сите ученици кои ги исполнуваат условите, а не се пријавиле на првиот повик од декември, лани.

Рокот за пријавување е продолжен поради зимскиот распуст и трае од 5 до 16 јануари 2024 година.

Јавниот повик е достапен на следниот линк.

Основците и средношколците што се пријавиле на првиот повик минатиот месец, не треба повторно да конкурираат.

На оваа тема утринава се огласија од СДСМ.

„СДСМ се грижи за зголемување на ученичкиот и студентскиот стандард, за основците, средношколците, студентите од ранливи семејства и за нивната социјална сигурност, со дополнителна финансиска поддршка во рамките на 9-тиот пакет антикризни мерки. Во наредните 6 месеци 35.000 ученици од средно училиште месечно добиваат по 1.800 денари, односно вкупно 10.800 денари до завршување на училишната година Учениците од основното образование, во наредните 6 месеци добиваат по 1.200 денари месечно. Тоа се вкупно 7.200 денари до завршување на училишната година за ученик а опфатени се 70.000 ученици од основно училиште. СДСМ во услови на продолжени ефекти од енергетската криза и зголемени трошоци им помага на учениците и на нивните семејства“, велат од владејачката партија.

За оваа мерка од буџетот ќе бидат издвоени 14,3 милиони евра.

The post Наскоро ќе се исплатат парите за учениците од ранливите семејства, за тие кои не аплицирале има нов повик appeared first on Република.

]]>

За неколку дена започува исплатата на финансиска поддршка за учениците од семејства со месечни примања до 50.000 денари кои аплицирале за помошта минатиот месец. Ќе се исплаќаат по 1.200 денари за основците и 1.800 денари за средношколците. Во меѓувреме, Министерството за образование објави нов повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта, на кој можат да се пријават сите ученици кои ги исполнуваат условите, а не се пријавиле на првиот повик од декември, лани. Рокот за пријавување е продолжен поради зимскиот распуст и трае од 5 до 16 јануари 2024 година. Јавниот повик е достапен на следниот линк. Основците и средношколците што се пријавиле на првиот повик минатиот месец, не треба повторно да конкурираат. На оваа тема утринава се огласија од СДСМ.
„СДСМ се грижи за зголемување на ученичкиот и студентскиот стандард, за основците, средношколците, студентите од ранливи семејства и за нивната социјална сигурност, со дополнителна финансиска поддршка во рамките на 9-тиот пакет антикризни мерки. Во наредните 6 месеци 35.000 ученици од средно училиште месечно добиваат по 1.800 денари, односно вкупно 10.800 денари до завршување на училишната година Учениците од основното образование, во наредните 6 месеци добиваат по 1.200 денари месечно. Тоа се вкупно 7.200 денари до завршување на училишната година за ученик а опфатени се 70.000 ученици од основно училиште. СДСМ во услови на продолжени ефекти од енергетската криза и зголемени трошоци им помага на учениците и на нивните семејства“, велат од владејачката партија.
За оваа мерка од буџетот ќе бидат издвоени 14,3 милиони евра.

The post Наскоро ќе се исплатат парите за учениците од ранливите семејства, за тие кои не аплицирале има нов повик appeared first on Република.

]]>
МОН објави нов повик за финансиска поддршка на учениците за оние кои не се пријавиле во декември https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-objavi-nov-povik-za-finansiska-poddrshka-na-uchenitsite-za-onie-koi-ne-se-prijavile-vo-dekemvri/ Wed, 10 Jan 2024 13:09:37 +0000 https://republika.mk/?p=731609

Министерството за образование и наука објави нов повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта, на кој можат да се пријават сите ученици кои ги исполнуваат условите, а не се пријавиле на првиот повик од декември, лани. Рокот за пријавување е продолжен поради зимскиот распуст и трае од 5 до 16 јануари 2024 година.

Јавниот повик е достапен на следниот линк: Јавен повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари (mon.gov.mk)

Основците и средношколците што се пријавиле на првиот повик минатиот месец, не треба повторно да конкурираат.

Исплатата на паричната поддршка по првиот јавен повик ќе се изврши во следните неколку дена. Учениците од основните училишта ќе добијат 1.200 денари месечно а средношколците 1.800 денари. Оваа помош е дел од 9.пакет антикризни мерки на Владата, со цел обезбедување подобри материјални услови за учениците на кои им е потребна социјална заштита во услови на повеќе испреплетени кризи.

Јавниот повик ќе се објавува секој нареден месец, а заклучно со мај 2024.

The post МОН објави нов повик за финансиска поддршка на учениците за оние кои не се пријавиле во декември appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука објави нов повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта, на кој можат да се пријават сите ученици кои ги исполнуваат условите, а не се пријавиле на првиот повик од декември, лани. Рокот за пријавување е продолжен поради зимскиот распуст и трае од 5 до 16 јануари 2024 година. Јавниот повик е достапен на следниот линк: Јавен повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари (mon.gov.mk) Основците и средношколците што се пријавиле на првиот повик минатиот месец, не треба повторно да конкурираат. Исплатата на паричната поддршка по првиот јавен повик ќе се изврши во следните неколку дена. Учениците од основните училишта ќе добијат 1.200 денари месечно а средношколците 1.800 денари. Оваа помош е дел од 9.пакет антикризни мерки на Владата, со цел обезбедување подобри материјални услови за учениците на кои им е потребна социјална заштита во услови на повеќе испреплетени кризи. Јавниот повик ќе се објавува секој нареден месец, а заклучно со мај 2024.

The post МОН објави нов повик за финансиска поддршка на учениците за оние кои не се пријавиле во декември appeared first on Република.

]]>
МЗШВ: 58,9 милиони денари дополнителна поддршка исплатена кон 1.925 регистрирани земјоделци https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mzshv-58-9-milioni-denari-dopolnitelna-poddrshka-isplatena-kon-1-925-registrirani-zemjodeltsi/ Mon, 14 Aug 2023 10:26:22 +0000 https://republika.mk/?p=671950

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска ја реализираше исплатата на дополнителната државна помош од 20% за носители на земјоделски стопанства, кои се регистрирани вршители на земјоделска дејност, согласно законот за вршење на земјоделска дејност, или регистрирани како индивидуални земјоделци, согласно законот за пензиското и инвалидското осигурување.

Исплатени се 58,9 милиони денари дополнителна поддршка кон 1.925 регистрирани земјоделци.

Како корисници на дополнителната помош се јавуваат земјоделски стопанства корисници на директните плаќања и кои имаат пријавени соодветни површини и животни:

  • од минимум 5 до максимум 50 ха пријавена површина со поледелски култури со задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал
  • од минимум 1 до максимум 5 ха пријавена површина со градинарски култури
  • од минимум 1 до максимум 5 ха пријавена површина со овошни насади
  • од минимум 1 до максимум 10 ха пријавена површина со лозови насади
  • од минимум 10 до максимум 50 грла говеда
  • од минимум 101 до максимум 500 грла овци
  • од минимум 50 до максимум 150 грла кози
  • од минимум 6 до максимум 50 грла - маторици
  • од минимум 50 до максимум 100 пчелни семејства

Како министерство заедно со АФПЗРР водиме искрена грижа за секој еден земјоделец, со посебен акцент и поддршка на оние земјоделци чија основна дејност е земјоделството. Токму во таа насока законот за земјоделство и рурален развој, како и програмата за финансиска поддршка во земјоделството за оваа категорија на земјоделци дава право на 20дополнителна финансиска поддршка.

Денес со новиот модел за субвенционирање земјоделците се сведоци на навремена и брза исплата на заслужените субвенции.

The post МЗШВ: 58,9 милиони денари дополнителна поддршка исплатена кон 1.925 регистрирани земјоделци appeared first on Република.

Маричиќ: Нова европска финансиска поддршка за три проекти со вкупна инвестиција од 98.9 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/marichik-nova-evropska-finansiska-poddrshka-za-tri-proekti-so-vkupna-investitsija-od-98-9-milioni-evra/ Thu, 20 Jul 2023 11:49:56 +0000 https://republika.mk/?p=663523

Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување официјално го извести вицепремиерот за европски прашања и Национален ИПА координатор, Бојан Маричиќ за трите проекти кои беа одобрени на 30 јуни 2023 година на состанокот на Оперативниот борд на Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), во која аплицираме на секој повик и во која имаме редовно поддршка на проекти, одобри 24 милиони евра грантови за три проекти, два во секторите енергетика и еден во транспорт, кој се однесува на Коридорот 8 за изградба на експресниот пат Крива Паланка – Страцин. Грантот е во износ од 14 милиони евра, а вкупната инвестиција од 36,7 милиони евра е поддржана со заем од Светска банка.

Во областа на енергетиката станува збор за два проекти, од кои едниот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, грант е во износ од 2,2 милиони евра, а вкупната инвестиција од 27,5 милиони евра, која е поддржана со заем од Светска банка. Грантот е побаран за да може да се интервенира и зголеми енергетската ефикасност на 18 здравствени објекти и тоа 4 во Скопје и Валандово, Крива Паланка, Герман, Злетово, Кратово, Пехчево, Штип, Пробиштип, Демир Хисар, Демир Капија, Долни Дисан, Ресен, Лозово, Неготино, Дебар.

Вториот грант од секторот енергетика е од 8 милиони евра е за зајакнување на мрежата за пренос на струја во југоисточен регион, со вкупна инвестиција од 34,7 милиони евра, поддржана со заем од ЕБРД. Целта на проектот е да се овозможи приклучок на мрежата за струја произведена од обновливи извори на енергија од хидроцентрали, соларни централи, ветерници и со тоа се зголеми независната на земјата за производство на сопствена струја.

Вицепремиерот Маричиќ вели дека ваквата поддршка од ЕУ, во конкретни проекти, е доказ дека пристапниот процес и членството во ЕУ не е само политички, туку и економски процес, со конкретни придобивки за граѓаните.

Во текот на летото, Европската комисија ќе промовира околу 20 гарантни фондови за приватниот сектор за да се поттикне развојот на претпријатијата во Западен Балкан, да се подобри нивното работење и да се одржат приватните инвестиции. Досега Европската комисија помагаше во пристапот кон финансии а во наредниот период ќе го преземе и ризикот од инвестициите за да го олесни и подобри приватниот сектор. Дополнителни информации за овие гаранции ќе се објават во септември годинава.

Вкупно одобрените проекти за земјите од Западен Балкан се во износ од 528 милиони евра со вкупна инвестиција од 2,1 милион евра. Сите одобрени проекти се во насока на спроведување на Економскиот и Инвестициски план за Западен Балкан промовиран од Комесарот за проширување Вархеји во 2020 година.

Од Секретаријатот за европски прашања информираат дека ДГ НЕАР ги достави деталите критериумите за новиот 9-ти по ред повик за инвестициски грантови во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан, наменет за проекти од железница. Согласно критериумите на овој повик, земјите можат да аплицираат со проекти за рехабилитација на постоечката и изградба на нови одржлива и паметна инфраструктура на главните и продолжените ТЕН-Т железничка мрежа.

Максималниот износ на кофинансирање од инвестициската рамка за Западен Балкан е 50% од вкупната инвестиција а останатите средства треба да бидат обезбедени од заеми од Меѓународните финансиски институции согласно правилата за спроведување на Инвестициската рамка за Западен Балкан.

The post Маричиќ: Нова европска финансиска поддршка за три проекти со вкупна инвестиција од 98.9 милиони евра appeared first on Република.