финалист Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/finalist/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Jul 2024 21:06:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png финалист Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/finalist/ 32 32 Шпанија е првиот финалист на фудбалското ЕП https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/shpanija-e-prviot-finalist-na-fudbalskoto-ep/ Tue, 09 Jul 2024 21:03:53 +0000 https://republika.mk/?p=795110

Машката фудбалска репрезентација на Шпанија е првиот финалист на Европското првенство (ЕП) кое е во тек во Германија откако се пресверт славеше над Франција со 2-1, а Ламин Јамал со 16 години стана најмладиот стрелец на големите натпреварувања.

Шпанија во финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Англија и Холандија кои играат утре.

Франција го отвори резултатот. Во 9. минута по асистенција од Мбапе, Коло Муани постигна гол за водство од 1-0. Тоа беше првиот погодок на Французите од игра на ова Европско првенство.

Во 21. минута Ламин Јамал постигна спектакуларен гол за израмнување на 1-1. Со овој погодок тој стана најмладиот фудбалер кој постигнал гол на Европските првенства, но и воопшто на големите турнири.

Само четири минути подоцна Дани Олмо со помош на Кунде погоди за комплетен пресврт и водство на Шпанија од 2-1, што беше и конечен резултат на мечот.

The post Шпанија е првиот финалист на фудбалското ЕП appeared first on Република.

]]>

Машката фудбалска репрезентација на Шпанија е првиот финалист на Европското првенство (ЕП) кое е во тек во Германија откако се пресверт славеше над Франција со 2-1, а Ламин Јамал со 16 години стана најмладиот стрелец на големите натпреварувања. Шпанија во финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Англија и Холандија кои играат утре. Франција го отвори резултатот. Во 9. минута по асистенција од Мбапе, Коло Муани постигна гол за водство од 1-0. Тоа беше првиот погодок на Французите од игра на ова Европско првенство. Во 21. минута Ламин Јамал постигна спектакуларен гол за израмнување на 1-1. Со овој погодок тој стана најмладиот фудбалер кој постигнал гол на Европските првенства, но и воопшто на големите турнири. Само четири минути подоцна Дани Олмо со помош на Кунде погоди за комплетен пресврт и водство на Шпанија од 2-1, што беше и конечен резултат на мечот.

The post Шпанија е првиот финалист на фудбалското ЕП appeared first on Република.

]]>
Кусометражен филм на Зоран Попоски создаден со помош на вештачка интелигенција е финалист на фестивал во Далас https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kusometrazhen-film-na-zoran-poposki-sozdaden-so-pomosh-na-veshtachka-inteligentsija-e-finalist-na-festival-vo-dalas/ Sun, 16 Apr 2023 09:45:43 +0000 https://republika.mk/?p=631117

Кусометражниот филм „Уништен свет“, создаден со помош на вештачка интелигенција (ВИ), во режија на на македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски е финалист на 53-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Далас, Тексас. Филмот на Попоски е номиниран во категоријата меѓународен кусометражен филм и видео.

Фестивалот во Далас е еден од најстарите и најреноминарните меѓународни филмски фестивали во САД. Од 1971 година до денес, фестивалот има прикажано илјадници премиери на филмови од сите жанрови.

Номинацијата за награда како финалист на овој еминентен филмски фестивал е вистинска чест. Мојот кусометражен филм поетски го истражува сложениот однос меѓу човештвото и технологијата, односно вештачката интелигенција. Мојата благодарност до Фестивалот во Далас што го номинираше мојот филм за награда во оваа престижна категорија и што придонесува за ширењето на пораката на филмот со тамошната публика, изјави режисерот Попоски.

Филмот „Уништен свет“ на Попоски е првиот кусометражен поетски филм во кој сите елементи (слика, звук и нарација) се создадени со помош на вештачка интелигенција. Филмот ја имаше својата премиера во Лос Анџелес во 2022 година и досега е прикажан на петнаесетина меѓународни филмски и видео фестивали, каде што и освои неколку награди за најдобар поетски кусометражен филм и најдобар апстрактен филм.

Зоран Попоски магистрирал уметност во нови медиуми во Австрија и САД, а докторирал студии на културата во Скопје. Попоски има реализирано над 100 меѓународни изложби и е добитник на повеќе меѓународни награди за уметност.

The post Кусометражен филм на Зоран Попоски создаден со помош на вештачка интелигенција е финалист на фестивал во Далас appeared first on Република.

]]>

Кусометражниот филм „Уништен свет“, создаден со помош на вештачка интелигенција (ВИ), во режија на на македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски е финалист на 53-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Далас, Тексас. Филмот на Попоски е номиниран во категоријата меѓународен кусометражен филм и видео. Фестивалот во Далас е еден од најстарите и најреноминарните меѓународни филмски фестивали во САД. Од 1971 година до денес, фестивалот има прикажано илјадници премиери на филмови од сите жанрови.
Номинацијата за награда како финалист на овој еминентен филмски фестивал е вистинска чест. Мојот кусометражен филм поетски го истражува сложениот однос меѓу човештвото и технологијата, односно вештачката интелигенција. Мојата благодарност до Фестивалот во Далас што го номинираше мојот филм за награда во оваа престижна категорија и што придонесува за ширењето на пораката на филмот со тамошната публика, изјави режисерот Попоски.
Филмот „Уништен свет“ на Попоски е првиот кусометражен поетски филм во кој сите елементи (слика, звук и нарација) се создадени со помош на вештачка интелигенција. Филмот ја имаше својата премиера во Лос Анџелес во 2022 година и досега е прикажан на петнаесетина меѓународни филмски и видео фестивали, каде што и освои неколку награди за најдобар поетски кусометражен филм и најдобар апстрактен филм. Зоран Попоски магистрирал уметност во нови медиуми во Австрија и САД, а докторирал студии на културата во Скопје. Попоски има реализирано над 100 меѓународни изложби и е добитник на повеќе меѓународни награди за уметност.

The post Кусометражен филм на Зоран Попоски создаден со помош на вештачка интелигенција е финалист на фестивал во Далас appeared first on Република.

]]>
Јанко Илковски: Браво Максим, финалист на филмски фестивал во Индија, земја која произведува филмови повеќе одошто цел свет заедно https://arhiva3.republika.mk/scena/film/janko-ilkovski-bravo-maksim-finalist-na-filmski-festival-vo-indija-zemja-koja-proizveduva-filmovi-poveke-odoshto-tsel-svet-zaedno/ Fri, 17 Mar 2023 10:25:35 +0000 https://republika.mk/?p=620643

Браво Максим!

финалист на филмски фестивал во Индија...ИНДИЈА?!?! Земја која произведува филмови повеќе одошто цел свет заедно!?!?

Очекував успех, ама таму, у тој епицентар на филмска продукција, да влезеш воопшто во конкуренција, па згора и финалист!!! RESPECT!, напиша Јанко Илковски на своот фејсбук профил.

The post Јанко Илковски: Браво Максим, финалист на филмски фестивал во Индија, земја која произведува филмови повеќе одошто цел свет заедно appeared first on Република.

Дина Јашари е финалист на ХЕМИ Музички Награди 2023 https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/dina-jashari-e-finalist-na-hemi-muzichki-nagradi-2023/ Thu, 09 Mar 2023 20:16:53 +0000 https://republika.mk/?p=617903

Центарот на европската мрежа за размена на музички иновации - „ХЕМИ“ (Hub for the Exchange of Music Innovation - HEMI) ги соопшти деветте финалисти на годинешните „ХЕМИ“ Музички Награди, а меѓу нив, како претставник од Македонија е Дина Јашари! Финалистите во овој избор пристигнуваат од 9 држави од Централна и Југоисточна Европа: Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Македонија, Полска, Романија, Србија и Словенија.

Во оваа фаза на наградите деветте музички изведувачи ќе имаат пристап до менторирање и обуки кои целат кон развивање на нивните способности и вештини во комуникации и обезбедување приходи, со крајна цел да се поттикне нивната меѓународна кариера. Понатаму, тие ќе имаат пристап до „ХМА“ програма за турнеи кои вклучуваат соработка со букинг менаџери од Европа, активности за вмрежување во рамки на 9 „ХЕМИ“ партнер настани, како и награда од 2000 евра за секој финалист!

Деветте исклучителни европски музичари имаат разновиден музички опсег: композициите на „badfocus“ од Чешка кои мешаат жанрови и создаваат сонична фантазија; алтернативниот р’н’б и откачен звук на „manna“ од Естонија; темната експериментална поп фантазија на „Lia Hide“ од Грција; претопувањето на изворниот и електронскиот музички стил на „Ficture“ од Унгарија; нео-соул мелодиите, сонливите хармонии и свежиот ритам на Дина Јашари од Македонија; импровизираниот фанки и груви џез на „Klawo“ од Полска; танцот на тапаните и клавијатури на електронската музика на „K not K“ од Романија; силниот и жесток балкански денс-панк на „МАiKА“ од Србија и класичниот, сентиментален инди поп-рок на „The Crossroads“ од Словенија.

Запознајте се со сите прекрасни и разновидни мелодии на ХЕМИсферата – ТУКА!

Деветте „ХМА“ финалисти беа избрани од вкупно 27 музички изведувачи кои беа номинирани во првата фаза на наградите. За финалистите одлучуваа гласовите на „ХЕМИ“ меѓународното жири во кое членуваат претставници на фестивали и изложбени конференции, музички сали, букинг агенции, музички асоцијации, институции за музички експорт и музичките медиуми, а кои можете да ги запознаете тука!

„ХЕМИ Музички Награди - ХМА“ е талент – програма за изведувачи кои се спремни да ја развијат својата кариера и да освојат нов меѓународен пазар и публика.

„ХМА“ се организирани од Центарот на европската мрежа за размена на музички иновации - „ХЕМИ“, европска инцијатива кофинансирана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија, која се стреми да ги поддржи уметниците и професионалците од музичката индустрија во Чешка, Естонија, Македонија, Полска, Романија, Србија и Словенија.

The post Дина Јашари е финалист на ХЕМИ Музички Награди 2023 appeared first on Република.

Данска прв финалист на Светското првенство во ракомет https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/danska-prv-finalist-na-svetskoto-prvenstvo-vo-rakomet/ Fri, 27 Jan 2023 20:00:32 +0000 https://republika.mk/?p=601795

Данска ја совлада вечерва Шпанија со 26-23 во првото полуфинале на 28. Светско првенство во ракомет и во финалето в недела ќе ја брани титулата освоена на Мундијалот пред две години во Египет.

Данците од самиот почеток остварија предност од четири голови и на полувреме заминаа со водство од 15-10.

Предноста од пет голови ја одржуваа до средината на второто полувреме кога Шпанија се доближи на само гол негатива (19-20).

Сепак, уследи нова серија од 4-0 на данските ракометари со која победникот беше одлучен.

И во Египет пред две години Данска и Шпанија играа во полуфиналето, а Данците тогаш триумфираа со 35-33.

Данска в недела ќе се обиде да ја освои третата светска титула во низа, а противник во финалето ќе биде победникот од дуелот во кој вечерва од 21 часот во Стокхолм ќе играат Шведска и Франција.

Во денешните натпревари за пласман од петтото до осмото место, Германија го победи Египет (35-34), додека Норвешка беше поуспешна од Унгарија (33-25).

The post Данска прв финалист на Светското првенство во ракомет appeared first on Република.

]]>

Данска ја совлада вечерва Шпанија со 26-23 во првото полуфинале на 28. Светско првенство во ракомет и во финалето в недела ќе ја брани титулата освоена на Мундијалот пред две години во Египет. Данците од самиот почеток остварија предност од четири голови и на полувреме заминаа со водство од 15-10. Предноста од пет голови ја одржуваа до средината на второто полувреме кога Шпанија се доближи на само гол негатива (19-20). Сепак, уследи нова серија од 4-0 на данските ракометари со која победникот беше одлучен. И во Египет пред две години Данска и Шпанија играа во полуфиналето, а Данците тогаш триумфираа со 35-33. Данска в недела ќе се обиде да ја освои третата светска титула во низа, а противник во финалето ќе биде победникот од дуелот во кој вечерва од 21 часот во Стокхолм ќе играат Шведска и Франција. Во денешните натпревари за пласман од петтото до осмото место, Германија го победи Египет (35-34), додека Норвешка беше поуспешна од Унгарија (33-25).  

The post Данска прв финалист на Светското првенство во ракомет appeared first on Република.

]]>
Црна Гора е полуфиналист на ЕП https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/crna-gora-e-polufinalist-na-ep/ Tue, 15 Nov 2022 18:58:01 +0000 https://republika.mk/?p=574226

Ракометарките на Црна Гора триумфираа вториот натпревар од главната фаза на Европското првенство и се пласираа во полуфиналето. Иако загубија одФранција во првото коло, Црногорките ја добија драмата со Романија со 34-35 (18-18) и понудија вистинска фешта за фановите на трибините во СЦ „Борис Трајковски“.

The post Црна Гора е полуфиналист на ЕП appeared first on Република.