филолошки факултет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/filoloshki-fakultet/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Oct 2024 07:45:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png филолошки факултет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/filoloshki-fakultet/ 32 32 На Филолошки факултет во Скопје ќе бидат доделени наградите за најдобар превод „Драги“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-filoloshki-fakultet-vo-skopje-ke-bidat-dodeleni-nagradite-za-najdobar-prevod-dragi/ Wed, 02 Oct 2024 07:45:12 +0000 https://republika.mk/?p=821585

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ денеска ќе бидат доделени наградите за најдобар превод „Драги“. Настанот е во рамки на јубилејното, 10. издание на Фестивалот на европска литература „BookStar“ 2024.

За наградата првично беа номинирани 43 дела на 40 преведувачи, објавени од 18 издавачки куќи или поединци, за преводи направени од 18 различни јазици и од сите жанровски категории – романи, раскази, книги за деца, поезија, драма.

Жири-комисијата во состав д-р Јана Михајловска, д-р Зорица Николовска и Владимир Јанковски одлучи во последниот круг на селекција да влезат пет преведувачи-финалисти со изданија објавени од пет издавачки куќи и преводи направени од четири различни јазици: Анастасија Ѓурчинова за преводот од италијански на „Интимен живот“ од Николо Аманити, издание на Антолог, 2024 година, Ѓоко Здравески за преводот од хрватски на „Тројца за картал“ од Миљенко Јерговиќ, издание на Бегемот, 2024 година, Екатерина Бабамова за преводот од англиски на „Градот на победата“ од Салман Ружди, издание на Артконект, 2023 година, Елисавета Поповска за преводот од француски на „Девојчински спомени“ од Ани Ерно, издание на Илика, 2024 година и Ирена Јурчева за преводот од англиски на „Силмарилион“ од Џ. Р. Р. Толкин, изднаие на Паблишер, 2023 година.

Годинашното издание на наградата „Драги“ е реализирано од издавачката куќа „Антолог“ со поддршка на Министерството за култура и во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, а се состои од плакета и статуетка „Драги“, како и од паричен дел во износ од 30 000 денари.

Во рамки на настанот ќе биде доделена и интернационалната награда „Драги“ за најзначаен превод на македонски автор на странски јазик на превeдувачот Бенјамин Лангер (Германија) за преводот на романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски од македонски на германски јазик.

Сето ова се случува во годинава кога се одбележуваат 90 години од раѓањето на авторот. Присуството на добитникот е реализирано во соработка со Германската амбасада, а тој ќе биде и професионален учесник на втората фелоушип програма „Објавувајќи ја Европа“ (2nd Publishing Europe Fellowship), велат од издавачката куќа „Антолог“.

Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ беше воспоставена во 2022 година, а првото почесно признание му беше доделено на Драги Михајловски (1951 – 2022), македонски писател, преведувач, есеист и универзитетски професор. Покрај со прозните дела, Михајловски остави трајна трага во македонската култура со преводите на делата од Шекспир, Милтон, Шели, Китс, Блејк, Елиот, Милтон... Објави и неколку студии и есеи од областа на теоријата на преводот, а со своите ставови за преводот влијаеше и на студентите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде што беше професор.

The post На Филолошки факултет во Скопје ќе бидат доделени наградите за најдобар превод „Драги“ appeared first on Република.

]]>

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ денеска ќе бидат доделени наградите за најдобар превод „Драги“. Настанот е во рамки на јубилејното, 10. издание на Фестивалот на европска литература „BookStar“ 2024. За наградата првично беа номинирани 43 дела на 40 преведувачи, објавени од 18 издавачки куќи или поединци, за преводи направени од 18 различни јазици и од сите жанровски категории – романи, раскази, книги за деца, поезија, драма. Жири-комисијата во состав д-р Јана Михајловска, д-р Зорица Николовска и Владимир Јанковски одлучи во последниот круг на селекција да влезат пет преведувачи-финалисти со изданија објавени од пет издавачки куќи и преводи направени од четири различни јазици: Анастасија Ѓурчинова за преводот од италијански на „Интимен живот“ од Николо Аманити, издание на Антолог, 2024 година, Ѓоко Здравески за преводот од хрватски на „Тројца за картал“ од Миљенко Јерговиќ, издание на Бегемот, 2024 година, Екатерина Бабамова за преводот од англиски на „Градот на победата“ од Салман Ружди, издание на Артконект, 2023 година, Елисавета Поповска за преводот од француски на „Девојчински спомени“ од Ани Ерно, издание на Илика, 2024 година и Ирена Јурчева за преводот од англиски на „Силмарилион“ од Џ. Р. Р. Толкин, изднаие на Паблишер, 2023 година. Годинашното издание на наградата „Драги“ е реализирано од издавачката куќа „Антолог“ со поддршка на Министерството за култура и во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, а се состои од плакета и статуетка „Драги“, како и од паричен дел во износ од 30 000 денари. Во рамки на настанот ќе биде доделена и интернационалната награда „Драги“ за најзначаен превод на македонски автор на странски јазик на превeдувачот Бенјамин Лангер (Германија) за преводот на романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски од македонски на германски јазик.
Сето ова се случува во годинава кога се одбележуваат 90 години од раѓањето на авторот. Присуството на добитникот е реализирано во соработка со Германската амбасада, а тој ќе биде и професионален учесник на втората фелоушип програма „Објавувајќи ја Европа“ (2nd Publishing Europe Fellowship), велат од издавачката куќа „Антолог“.
Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ беше воспоставена во 2022 година, а првото почесно признание му беше доделено на Драги Михајловски (1951 – 2022), македонски писател, преведувач, есеист и универзитетски професор. Покрај со прозните дела, Михајловски остави трајна трага во македонската култура со преводите на делата од Шекспир, Милтон, Шели, Китс, Блејк, Елиот, Милтон... Објави и неколку студии и есеи од областа на теоријата на преводот, а со своите ставови за преводот влијаеше и на студентите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде што беше професор.

The post На Филолошки факултет во Скопје ќе бидат доделени наградите за најдобар превод „Драги“ appeared first on Република.

]]>
Катедрата за македонски јазик на Филолошки организира трибина за состојбите во современиот македонски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/katedrata-za-makedonski-jazik-na-filoloshki-organizira-tribina-za-sostojbite-vo-sovremeniot-makedonski-jazik/ Fri, 10 May 2024 07:35:59 +0000 https://republika.mk/?p=776592

„Состојбите во современиот македонски јазик: Македонскиот јазик во наставата“ е насловена трибината што по повод одбележувањето на 5 Мај - Денот на македонскиот јазик, денеска ја организира Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На трибината што ќе се одржи во Големиот амфитеатар на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ за воведничари се најавени Искра Пановска-Димкова и Гордана Алексова, додека за излагачи Славица Велева ‒ Филолошки факултет „Блаже Конески“, Оливера Тодороска ‒ Биро за развој на образованието, Марина Димитриева-Ѓорѓиевска ‒ Биро за развој на образованието, Ивана Лазаревска ‒ СУГС „Орце Николов“, Маријана Ѓоргиева-Ристевска ‒ СУГС „Орце Николов“, Назлие Мифтари Мемети ‒ ООУ „Лирија“ и Ивана Главичиќ-Цилкова ‒ ООУ „Петар Здравковски-Пенко“.

 

The post Катедрата за македонски јазик на Филолошки организира трибина за состојбите во современиот македонски јазик appeared first on Република.

]]>

„Состојбите во современиот македонски јазик: Македонскиот јазик во наставата“ е насловена трибината што по повод одбележувањето на 5 Мај - Денот на македонскиот јазик, денеска ја организира Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На трибината што ќе се одржи во Големиот амфитеатар на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ за воведничари се најавени Искра Пановска-Димкова и Гордана Алексова, додека за излагачи Славица Велева ‒ Филолошки факултет „Блаже Конески“, Оливера Тодороска ‒ Биро за развој на образованието, Марина Димитриева-Ѓорѓиевска ‒ Биро за развој на образованието, Ивана Лазаревска ‒ СУГС „Орце Николов“, Маријана Ѓоргиева-Ристевска ‒ СУГС „Орце Николов“, Назлие Мифтари Мемети ‒ ООУ „Лирија“ и Ивана Главичиќ-Цилкова ‒ ООУ „Петар Здравковски-Пенко“.  

The post Катедрата за македонски јазик на Филолошки организира трибина за состојбите во современиот македонски јазик appeared first on Република.

]]>
Одбележување на 100 години од појавата на надреализмот, движењето што ќе го промени сензибилитетот на модерните времиња: Големо јавно судење на книгата „Птици во аквариум“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/odbelezhuvane-na-100-godini-od-pojavata-na-nadrealizmot-dvizheneto-shto-ke-go-promeni-senzibilitetot-na-modernite-vremina-golemo-javno-sudene-na-knigata-ptitsi-vo-akvarium/ Mon, 15 Apr 2024 09:16:19 +0000 https://republika.mk/?p=766206

На 15 април, понеделник, во 18 часот, во аулата на Филолошкиот факултет ќе се одржи големо јавно судење на книгата „Птици во аквариум; надреализам 1924 – 2024“, напишана и составена од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ, со предговор на Владимир Јанковски, а објавена од издавачката куќа „Полица“.

Во судскиот процес ќе земат учество судијата Владимир Мартиновски, јавниот обвинител Венко Андоновски, јавниот бранител Гоце Смилевски, адвокатот Владимир Јанковски, како и сведоците повикани од обвинителот и од одбраната: Соња Стојменска-Елзесер, Марија Гиревска и Иван Шопов.

Издавачката куќа „Полица“ како публика на ова големо јавно судење ги поканува да присуствуваат сите што ќе се осмелат да дојдат, со напомена дека е забрането присуство на помлади од 5 години!

На официјалниот настан на Фејсбук-страницата на „Полица“ стојат и следниве насоки:

  • Понеси 600 денари за да ја купиш книгата, бидејќи ова е можеби единствената можност да дојдеш до инкриминираното дело пред да биде осудено!
  • Немој да го пропуштиш овој настан што во идните истории на книжевноста ќе биде познат под името: „Афера со аквариумот“!
  • Можни се драматични пресврти во текот на судењето!
  • Судиите предупредуваат на притисоци што врз нив се вршат од некои писателски кругови!
  • Потсетуваме на правилото: Никој не е виновен пред да се докаже вината! (или, кажано со стручна терминологија: „In vino veritas“, т. е. „ Veni, vidi, vici“):
  • Правни стручњаци тврдат дека постои можност за амнестија на сите учесници (вклучувајќи ја тука и публиката)!
  • Дојди и присуствувај на најсензационалниот настан во македонската книжевност од појавата на книгата „Глувчето Мице“ на Ванчо Николески!
  • Дозволено е внесување музички инструменти, носење маски, цитирање марксистичка литература и грицкање семки.

Со овој настан, македонската култура, меѓу првите во Европа, ја одбележува стогодишнината од појавата на надреализмот, движењето што ќе го промени сензибилитетот на модерните времиња.

The post Одбележување на 100 години од појавата на надреализмот, движењето што ќе го промени сензибилитетот на модерните времиња: Големо јавно судење на книгата „Птици во аквариум“ appeared first on Република.

]]>

На 15 април, понеделник, во 18 часот, во аулата на Филолошкиот факултет ќе се одржи големо јавно судење на книгата „Птици во аквариум; надреализам 1924 – 2024“, напишана и составена од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ, со предговор на Владимир Јанковски, а објавена од издавачката куќа „Полица“. Во судскиот процес ќе земат учество судијата Владимир Мартиновски, јавниот обвинител Венко Андоновски, јавниот бранител Гоце Смилевски, адвокатот Владимир Јанковски, како и сведоците повикани од обвинителот и од одбраната: Соња Стојменска-Елзесер, Марија Гиревска и Иван Шопов. Издавачката куќа „Полица“ како публика на ова големо јавно судење ги поканува да присуствуваат сите што ќе се осмелат да дојдат, со напомена дека е забрането присуство на помлади од 5 години! На официјалниот настан на Фејсбук-страницата на „Полица“ стојат и следниве насоки:
  • Понеси 600 денари за да ја купиш книгата, бидејќи ова е можеби единствената можност да дојдеш до инкриминираното дело пред да биде осудено!
  • Немој да го пропуштиш овој настан што во идните истории на книжевноста ќе биде познат под името: „Афера со аквариумот“!
  • Можни се драматични пресврти во текот на судењето!
  • Судиите предупредуваат на притисоци што врз нив се вршат од некои писателски кругови!
  • Потсетуваме на правилото: Никој не е виновен пред да се докаже вината! (или, кажано со стручна терминологија: „In vino veritas“, т. е. „ Veni, vidi, vici“):
  • Правни стручњаци тврдат дека постои можност за амнестија на сите учесници (вклучувајќи ја тука и публиката)!
  • Дојди и присуствувај на најсензационалниот настан во македонската книжевност од појавата на книгата „Глувчето Мице“ на Ванчо Николески!
  • Дозволено е внесување музички инструменти, носење маски, цитирање марксистичка литература и грицкање семки.
Со овој настан, македонската култура, меѓу првите во Европа, ја одбележува стогодишнината од појавата на надреализмот, движењето што ќе го промени сензибилитетот на модерните времиња.

The post Одбележување на 100 години од појавата на надреализмот, движењето што ќе го промени сензибилитетот на модерните времиња: Големо јавно судење на книгата „Птици во аквариум“ appeared first on Република.

]]>
Претстава на јапонската актерка Шоко Ито денеска на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstava-na-japonskata-akterka-shoko-ito-deneska-na-filoloshkiot-fakultet-blazhe-koneski/ Thu, 15 Feb 2024 07:59:44 +0000 https://republika.mk/?p=744259

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески” (Амфитеатар 3) – Скопје, денеска (четврток, 15 февруари) со почеток во 17 часот ќе биде одржана претставата на јапонската актерка Шоко Ито (Театар ИТО-ГУМИ).

Шоко Ито (伊藤組) е јапонска театарска и филмска режисерка, актерка и ликовна уметница со импозантна меѓународна кариера: во текот на 35 г. настапила во 80 земји. Дипломирала на Универзитетот Тама, на Катедрата за јапонско сликарство.

Во 1986 г. го основала театарот ИТО-ГУМИ, во кој се комбинираат повеќе уметнички форми: монодрама, сликарство, видео, јапонска традиционална музика и танц. Актерската игра, според оригинални сценарија на Шоко Ито, која е спој на класично ракуго и модерна манга, е високо оценета низ целиот свет. Меѓу најпознатите нејзини претстави се вбројуваат: „Гејша самурај“, „Нобунага Она“, „Баба самурај“, „Мајсторот Шоко и Маргарита“, „Балекендан“, „Пес и мачка“.

Добитничка е на повеќе награди за театарските претстави, а активна е и на филмската сцена. Во филмот „Цртање на небото“ игра 18 улоги. Кусиот филм „Моментум“, во кој игра Шоко Ито, е награден со 10 меѓународни признанија. Претставата се игра по повод јубилејот 30 г. дипломатски односи меѓу Македонија и Јапонија.

The post Претстава на јапонската актерка Шоко Ито денеска на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” appeared first on Република.

]]>

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески” (Амфитеатар 3) – Скопје, денеска (четврток, 15 февруари) со почеток во 17 часот ќе биде одржана претставата на јапонската актерка Шоко Ито (Театар ИТО-ГУМИ). Шоко Ито (伊藤組) е јапонска театарска и филмска режисерка, актерка и ликовна уметница со импозантна меѓународна кариера: во текот на 35 г. настапила во 80 земји. Дипломирала на Универзитетот Тама, на Катедрата за јапонско сликарство. Во 1986 г. го основала театарот ИТО-ГУМИ, во кој се комбинираат повеќе уметнички форми: монодрама, сликарство, видео, јапонска традиционална музика и танц. Актерската игра, според оригинални сценарија на Шоко Ито, која е спој на класично ракуго и модерна манга, е високо оценета низ целиот свет. Меѓу најпознатите нејзини претстави се вбројуваат: „Гејша самурај“, „Нобунага Она“, „Баба самурај“, „Мајсторот Шоко и Маргарита“, „Балекендан“, „Пес и мачка“. Добитничка е на повеќе награди за театарските претстави, а активна е и на филмската сцена. Во филмот „Цртање на небото“ игра 18 улоги. Кусиот филм „Моментум“, во кој игра Шоко Ито, е награден со 10 меѓународни признанија. Претставата се игра по повод јубилејот 30 г. дипломатски односи меѓу Македонија и Јапонија.

The post Претстава на јапонската актерка Шоко Ито денеска на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” appeared first on Република.

]]>
Поетска вечер со Влада Урошевиќ на УКИМ во чест на „Златен венец“ на СВП https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poetska-vecher-so-vlada-uroshevik-na-ukim-vo-chest-na-zlaten-venets-na-svp/ Wed, 15 Nov 2023 08:20:18 +0000 https://republika.mk/?p=701663

Во Аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” денеска, на 15 ноември (среда) 2023 година, во 18 часот ќе се одржи поетска вечер со академик Влада Урошевиќ (1934, Скопје), како годинашен добитник на Златен венец на СВП.

За време на настанот, предвидено е студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ да презентираат препеви на неколку странски јазици.

За претседателката на Управниот одбор на манифестацијата, Елизабета Шелева при прогласување на лауреатите во март, во НУБ „Климент Охридски“, името на Влада Урошевиќ е синоним за страствен вљубеник во писмото, искрено посветен на заводливата магија на книжевното создавање и наспроти сите искушенија на современието, непоколебливо верен на словото.

Според неа, Урошевиќ остана доследен и не само во нашата литература, препознатлив по креативниот спој на фантастиката и надреализмот што ги негува во своите бројни авторски записи, но и во неуморните читатлски авантури, проткаени со истражувачко љубопитство и траен афенитет кон овие две сродни области.

– Подготвен со леснотија да се испроба и творечки да се покаже во најразновидни жанровски облици и експерименти со речиси рамномерен удел во сите нив, Урошевиќ остана продуктивен и витален. Неговото писмо има свој препознатлив печат и ако случајно не е посочен авторот на овие записи, речиси со сигурност ќе го погодиме неговото име, додаде Шелева.

Почнувајќи од „Еден друг град“ (1959), Урошевиќ објавил десет збирки поезија. Меѓу неговите прозни дела има шест збирки раскази, пет романи, три книги записи и патописи. Има две книги за фантастиката во литературата, како и две книги за фантастиката во сликарството. Помеѓу антологиите што ги составил се изделуваат: „Црниот бик на летото“ (1963), избор од поезијата на помладата генерација македонски поети, „Црна кула“ (1976), антологија на фантастичниот расказ во литературите на некогашната Југославија и „Големата авантура“ (1993), антологија на францускиот надреализам.

 

The post Поетска вечер со Влада Урошевиќ на УКИМ во чест на „Златен венец“ на СВП appeared first on Република.

]]>

Во Аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” денеска, на 15 ноември (среда) 2023 година, во 18 часот ќе се одржи поетска вечер со академик Влада Урошевиќ (1934, Скопје), како годинашен добитник на Златен венец на СВП. За време на настанот, предвидено е студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ да презентираат препеви на неколку странски јазици. За претседателката на Управниот одбор на манифестацијата, Елизабета Шелева при прогласување на лауреатите во март, во НУБ „Климент Охридски“, името на Влада Урошевиќ е синоним за страствен вљубеник во писмото, искрено посветен на заводливата магија на книжевното создавање и наспроти сите искушенија на современието, непоколебливо верен на словото. Според неа, Урошевиќ остана доследен и не само во нашата литература, препознатлив по креативниот спој на фантастиката и надреализмот што ги негува во своите бројни авторски записи, но и во неуморните читатлски авантури, проткаени со истражувачко љубопитство и траен афенитет кон овие две сродни области. – Подготвен со леснотија да се испроба и творечки да се покаже во најразновидни жанровски облици и експерименти со речиси рамномерен удел во сите нив, Урошевиќ остана продуктивен и витален. Неговото писмо има свој препознатлив печат и ако случајно не е посочен авторот на овие записи, речиси со сигурност ќе го погодиме неговото име, додаде Шелева. Почнувајќи од „Еден друг град“ (1959), Урошевиќ објавил десет збирки поезија. Меѓу неговите прозни дела има шест збирки раскази, пет романи, три книги записи и патописи. Има две книги за фантастиката во литературата, како и две книги за фантастиката во сликарството. Помеѓу антологиите што ги составил се изделуваат: „Црниот бик на летото“ (1963), избор од поезијата на помладата генерација македонски поети, „Црна кула“ (1976), антологија на фантастичниот расказ во литературите на некогашната Југославија и „Големата авантура“ (1993), антологија на францускиот надреализам.  

The post Поетска вечер со Влада Урошевиќ на УКИМ во чест на „Златен венец“ на СВП appeared first on Република.

]]>
Медиумската писменост и студентите – панел-дискусија на Филолошкиот факултет https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mediumskata-pismenost-i-studentite-panel-diskusija-na-filoloshkiot-fakultet/ Thu, 27 Oct 2022 06:44:15 +0000 https://republika.mk/?p=566074

Во рамки на Деновите на медиумска писменост 2022 (25 октомври -1 ноември) денеска на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје ќе се одржи панел-дискусија „Медиумската писменост и студентите“.

Панел-дискусијата ќе ја отворат проф. д-р Маја Бојаџиевска, продекан за наука и меѓународна соработка, и доц. д-р Кристина Н. Николовска, раководителка на проектот „Воведување на идните филолози во сферата на медиумската писменост“.

За различни аспекти поврзани со медиумската писменост, високото образование и маргинализираните заедници ќе дискутираат: Блејк Смит, професор од Универзитетот во Чикаго, Фулбрајтов научник на Филолошкиот факултет; Гордана Алексова, вонреден професор на Катедрата за македонски јазик; Бранислав Геразов, вонреден професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ); Бојан Шашевски, новинар од Радио МОФ; Викторија Волак, толкувач на знаковен јазик; Саранда Мехмеди, студентка, поетеса, препејувачка и активистка за правата не бегалците и Кристијан Лазаров, студент и активист за правата на лицата со оштетен вид, соопшти Филолошкиот факултет.

Проектот „Воведување на идните филолози во сферата на медиумската писменост“ е дел од програмата „Младите размислуваат“, финансирана од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД). Ја спроведува ИРЕКС / IREX (Меѓународeн одбор за истражување и размена) во соработка со локалните партнери – Институтот за комуникациски студии, Македонскиот институт за медиуми и Младинскиот образовен форум.

The post Медиумската писменост и студентите – панел-дискусија на Филолошкиот факултет appeared first on Република.

]]>

Во рамки на Деновите на медиумска писменост 2022 (25 октомври -1 ноември) денеска на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје ќе се одржи панел-дискусија „Медиумската писменост и студентите“. Панел-дискусијата ќе ја отворат проф. д-р Маја Бојаџиевска, продекан за наука и меѓународна соработка, и доц. д-р Кристина Н. Николовска, раководителка на проектот „Воведување на идните филолози во сферата на медиумската писменост“.
За различни аспекти поврзани со медиумската писменост, високото образование и маргинализираните заедници ќе дискутираат: Блејк Смит, професор од Универзитетот во Чикаго, Фулбрајтов научник на Филолошкиот факултет; Гордана Алексова, вонреден професор на Катедрата за македонски јазик; Бранислав Геразов, вонреден професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ); Бојан Шашевски, новинар од Радио МОФ; Викторија Волак, толкувач на знаковен јазик; Саранда Мехмеди, студентка, поетеса, препејувачка и активистка за правата не бегалците и Кристијан Лазаров, студент и активист за правата на лицата со оштетен вид, соопшти Филолошкиот факултет.
Проектот „Воведување на идните филолози во сферата на медиумската писменост“ е дел од програмата „Младите размислуваат“, финансирана од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД). Ја спроведува ИРЕКС / IREX (Меѓународeн одбор за истражување и размена) во соработка со локалните партнери – Институтот за комуникациски студии, Македонскиот институт за медиуми и Младинскиот образовен форум.

The post Медиумската писменост и студентите – панел-дискусија на Филолошкиот факултет appeared first on Република.

]]>
Сѐ помал број студенти на Катедрата за македонски јазик, државата треба да е на потег https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/s-pomal-broj-studenti-na-katedrata-za-makedonski-jazik-drzavata-treba-da-e-na-poteg/ Sat, 10 Sep 2022 17:57:25 +0000 https://republika.mk/?p=549543

Од предвидените 190 места, само 16 средношколци се пријавиле во првиот уписен рок на катедрите за македонски јазик и за македонска книжевност и култура на УКИМ. Осуммина од нив ќе студираат Македонски јазик, седуммина Македонска книжевност и јужнословенски книжевности, а еден вонреден студент е запишан на отсекот за книжевност. Професорите велат дека сѐ помали се можностите за вработување, што е една од причините, но и дека е тренд и во други земји да е намален интересот за студии од овој тип, ама таму властите ги мотивираат со стипендии, вработувања и високи плати.

Во земјава сѐ уште ниедна издавачка куќа, државни институции, дури и медиуми, и секаде каде што законот вели дека мора да се има лектор, тие не се вработуваат,

Појавата на мал број суденти на овие студиски групи е присутна повеќе години наназад, една од помалите причините за ваквата состојба е и отворањето студиски групи и на други уницерзитети во земјава.

Лани на овие групи на УКИМ се запишале 20 студенти.

Се очекува со донесување на законот за употреба на македонскиот јазик, кој ќе наметне вработување на лектори, да ја промени состојбата на подобро.

The post Сѐ помал број студенти на Катедрата за македонски јазик, државата треба да е на потег appeared first on Република.

]]>

Од предвидените 190 места, само 16 средношколци се пријавиле во првиот уписен рок на катедрите за македонски јазик и за македонска книжевност и култура на УКИМ. Осуммина од нив ќе студираат Македонски јазик, седуммина Македонска книжевност и јужнословенски книжевности, а еден вонреден студент е запишан на отсекот за книжевност. Професорите велат дека сѐ помали се можностите за вработување, што е една од причините, но и дека е тренд и во други земји да е намален интересот за студии од овој тип, ама таму властите ги мотивираат со стипендии, вработувања и високи плати. Во земјава сѐ уште ниедна издавачка куќа, државни институции, дури и медиуми, и секаде каде што законот вели дека мора да се има лектор, тие не се вработуваат, Појавата на мал број суденти на овие студиски групи е присутна повеќе години наназад, една од помалите причините за ваквата состојба е и отворањето студиски групи и на други уницерзитети во земјава. Лани на овие групи на УКИМ се запишале 20 студенти. Се очекува со донесување на законот за употреба на македонскиот јазик, кој ќе наметне вработување на лектори, да ја промени состојбата на подобро.

The post Сѐ помал број студенти на Катедрата за македонски јазик, државата треба да е на потег appeared first on Република.

]]>
На студиите по македонски јазик и книжевност се запишале само 16 студенти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-studiite-po-makedonski-jazik-i-knizevnost-se-zapishale-samo-16-studenti/ Sat, 10 Sep 2022 08:27:51 +0000 https://republika.mk/?p=549349

Поразителни се бројките од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, по првиот уписен рок за студенти за новата академска година, пишува „Фокус“.

Факултетот овие резултати ги објави на својата веб-страница.

На насоките Македонски јазик и Македонска книжевност и јужнословенски книжевности, вкупно се запишале само 15 редовни и еден вонреден студент. Осуммина од нив ќе студираат Македонски јазик, седуммина Македонска книжевност и јужнословенски книжевности, а вонредниот студент е запишан на отсекот за книжевност.

На објавениот конкурс за оваа академска година, на овие две насоки факултетот имаше 190 слободни места.

 

The post На студиите по македонски јазик и книжевност се запишале само 16 студенти appeared first on Република.

]]>

Поразителни се бројките од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, по првиот уписен рок за студенти за новата академска година, пишува „Фокус“. Факултетот овие резултати ги објави на својата веб-страница. На насоките Македонски јазик и Македонска книжевност и јужнословенски книжевности, вкупно се запишале само 15 редовни и еден вонреден студент. Осуммина од нив ќе студираат Македонски јазик, седуммина Македонска книжевност и јужнословенски книжевности, а вонредниот студент е запишан на отсекот за книжевност. На објавениот конкурс за оваа академска година, на овие две насоки факултетот имаше 190 слободни места.  

The post На студиите по македонски јазик и книжевност се запишале само 16 студенти appeared first on Република.

]]>
16 студенти ќе изучуваат македонски јазик и книжевност на Филолошки, а имало слободни 190 места! https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/16-studenti-kje-izuchuvaat-makedonski-jazik-i-knizevnost-na-filoloshki-a-imalo-slobodni-190-mesta/ Fri, 09 Sep 2022 16:33:12 +0000 https://republika.mk/?p=549189

Поразителни податоци доаѓаат од Филолошкиот факултет во Скопје по првиот уписен рок за студенти за учебната 2022/23 година, пишува „Фокус“.

На смеровите „Македонски јазик“ и „Македонска книжевност и јужнословенски книжевности“, заклучно со вонредни студенти, се запишале вкупно 16 – осум на „Македонски јазик“ и седум на „Македонска книжевност и јужнословенски книжевности“ и еден вонреден студент на отсекот за книжевност.

Целиот текст овде.

The post 16 студенти ќе изучуваат македонски јазик и книжевност на Филолошки, а имало слободни 190 места! appeared first on Република.

]]>

Поразителни податоци доаѓаат од Филолошкиот факултет во Скопје по првиот уписен рок за студенти за учебната 2022/23 година, пишува „Фокус“. На смеровите „Македонски јазик“ и „Македонска книжевност и јужнословенски книжевности“, заклучно со вонредни студенти, се запишале вкупно 16 – осум на „Македонски јазик“ и седум на „Македонска книжевност и јужнословенски книжевности“ и еден вонреден студент на отсекот за книжевност. Целиот текст овде.

The post 16 студенти ќе изучуваат македонски јазик и книжевност на Филолошки, а имало слободни 190 места! appeared first on Република.

]]>
Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ организира чествување за проф. д-р Драги Михајловски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/filoloshkiot-fakultet-blaze-koneski-organizira-chestvuvanje-za-prof-d-r-dragi-mihajlovski/ Wed, 15 Jun 2022 07:59:41 +0000 https://republika.mk/?p=515365

Катедрата за англиски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ денеска организира настан за чествување на ликот и делото на проф. д-р Драги Михајловски.

На настанот што ќе се одржи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, поздравно обраќање ќе има деканката проф. др. Анета Дучевска, а воведна реч проф. др. Соња Витанова – Стрезова.

Ќе бидат читани извадоци од препевите од Шекспир, Милтон… на Михајловски, како и одломки од негови раскази.

Проф. д-р Драги Михајловски (1951 – 2022) се смета за еден од најреномираните македонски писатели и преведувачи, кој ќе остане запаметен и по преводите на собраните дела Шекспир. Беше редовен професор на Катедрата за англиски јазик и книжевност по предметите Теорија на преведувањето и толкувањето и Практика на преведувањето. Дoбитник е на бројни награди и признанија меѓу кои Рациновото признание,  наградите  „Стале Попов“ за романот „Смртта на дијакот“ (2002), наградата “Григор Прличев“ за препевот на епот „Загубениот рај“ од Милтон, награда „Григор Прличев“ за препевот на „Сите драми и сонети“ од Шекспир (2013), а и наградата “11 Октомври“ за животно дело од областа на културата и уметноста (2018).

Драги Михајловски беше член на Друштвото на писателите на Македонија, член на ПЕН на Македонија, како и на Асоцијацијата на писателите за мир во Вашингтон, САД.

The post Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ организира чествување за проф. д-р Драги Михајловски appeared first on Република.

]]>

Катедрата за англиски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ денеска организира настан за чествување на ликот и делото на проф. д-р Драги Михајловски. На настанот што ќе се одржи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, поздравно обраќање ќе има деканката проф. др. Анета Дучевска, а воведна реч проф. др. Соња Витанова – Стрезова. Ќе бидат читани извадоци од препевите од Шекспир, Милтон… на Михајловски, како и одломки од негови раскази. Проф. д-р Драги Михајловски (1951 – 2022) се смета за еден од најреномираните македонски писатели и преведувачи, кој ќе остане запаметен и по преводите на собраните дела Шекспир. Беше редовен професор на Катедрата за англиски јазик и книжевност по предметите Теорија на преведувањето и толкувањето и Практика на преведувањето. Дoбитник е на бројни награди и признанија меѓу кои Рациновото признание,  наградите  „Стале Попов“ за романот „Смртта на дијакот“ (2002), наградата “Григор Прличев“ за препевот на епот „Загубениот рај“ од Милтон, награда „Григор Прличев“ за препевот на „Сите драми и сонети“ од Шекспир (2013), а и наградата “11 Октомври“ за животно дело од областа на културата и уметноста (2018). Драги Михајловски беше член на Друштвото на писателите на Македонија, член на ПЕН на Македонија, како и на Асоцијацијата на писателите за мир во Вашингтон, САД.

The post Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ организира чествување за проф. д-р Драги Михајловски appeared first on Република.

]]>
Филолошкиот факултет одбележа 70 години од објавувањето на стихозбирката „Стихови за маката и радоста“ и 40 години од смртта на поетот Ацо Шопов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/filoloshkiot-fakultet-odbeleza-70-godini-od-objavuvanjeto-na-stihozbirkata-stihovi-za-makata-i-radosta-i-40-godini-od-smrtta-na-poetot-aco-shopov/ Fri, 20 May 2022 08:09:15 +0000 https://republika.mk/?p=504672

Во организација на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се одржа настанот „Лирскиот дом на Шопов – отворени образовни и културни ресурси“.

Со овој настан беа одбележани два јубилеа – 70 години од објавувањето на стихозбирката „Стихови за маката и радоста“ и 40 години од смртта на поетот Ацо Шопов, со што започна литературната манифестација „Денови на македонската литература“ во организација на Катедрата. Акцентот на настанот ќе биде ставен на повеќејазичната веб-платформа „Лирскиот дом на Ацо Шопов“ – отворен, интернетски ресурс преку којшто е достапен голем дел од творештвото на Шопов, голем фонд на документи и податоци, како и критички одгласи за неговата поезија и голем обем на видеоматеријали и фотодокументација.

Целта e поголема достапност на платформата за книжевните истражувачи, лингвистите и за преведувачите, како и за студентите и воопшто за македонската академска заедница во целина. Шопов е еден од основоположниците на современата македонска поезија, автор е на првата поетска книга на македонски јазик во слободна Македонија („Песни“, 1944), но и автор којшто се вбројува во редот на најеминентните поети во Југоисточна Европа во XX век.

The post Филолошкиот факултет одбележа 70 години од објавувањето на стихозбирката „Стихови за маката и радоста“ и 40 години од смртта на поетот Ацо Шопов appeared first on Република.

]]>

Во организација на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се одржа настанот „Лирскиот дом на Шопов – отворени образовни и културни ресурси“. Со овој настан беа одбележани два јубилеа – 70 години од објавувањето на стихозбирката „Стихови за маката и радоста“ и 40 години од смртта на поетот Ацо Шопов, со што започна литературната манифестација „Денови на македонската литература“ во организација на Катедрата. Акцентот на настанот ќе биде ставен на повеќејазичната веб-платформа „Лирскиот дом на Ацо Шопов“ – отворен, интернетски ресурс преку којшто е достапен голем дел од творештвото на Шопов, голем фонд на документи и податоци, како и критички одгласи за неговата поезија и голем обем на видеоматеријали и фотодокументација. Целта e поголема достапност на платформата за книжевните истражувачи, лингвистите и за преведувачите, како и за студентите и воопшто за македонската академска заедница во целина. Шопов е еден од основоположниците на современата македонска поезија, автор е на првата поетска книга на македонски јазик во слободна Македонија („Песни“, 1944), но и автор којшто се вбројува во редот на најеминентните поети во Југоисточна Европа во XX век.

The post Филолошкиот факултет одбележа 70 години од објавувањето на стихозбирката „Стихови за маката и радоста“ и 40 години од смртта на поетот Ацо Шопов appeared first on Република.

]]>