филмски песни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/filmski-pesni/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Nov 2022 07:56:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png филмски песни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/filmski-pesni/ 32 32 Промоција на „Филмски песни“ од Дејан Трајкоски во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-filmski-pesni-od-dejan-trajkoski-vo-mkc/ Mon, 21 Nov 2022 07:56:59 +0000 https://republika.mk/?p=576305

Во вторник, 22 ноември, во фоајето на Младински културен центар (МКЦ) во 20 часот ќе се одржи промоцијата на поетската книга „Филмски песни“ од Дејан Трајкоски, во издание на „Бата прес“.

За книгата ќе разговараат Гоце Смислевски и Дејан Трајкоски, а песни од книгата ќе изведат Пијан Славеј и Гоце Јованоски.

За книгата во издание на Бата прес, писателот Гоце Смилевски ќе напише:

Во поезијата на Трајкоски сведоци сме за едно суптилно чувство за детаљот, и имаме впечаток сличен на оној како кога камерата, во остварувањата на одредени синеасти се приближува до одреден објект не само за да ни го направи она што го снима повидливо и повпечатливо, туку и создавајќи едно скоро хипнотичко дејство, или поскоро - трансцендентално чувство на понирање на набљудувачот не само во визуелната димензија, туку и во суштината на она што се набљудува: како да нѐ води некаде отаде видливото.

Поезија на метафизичко проникнување на човековата егзистенција, низ дијалог со филмовите, или делови од нив.

Читајќи ја оваа поетска збирка на Трајкоски, соочени сме со поезија богата со специфична визуелна имагинација, и честопати имаме впечаток дека стиховите полни со интимни рефлексии, како и оние со контемплации, се менуваат со стихови со таков визуелен набој, како да се снимени, кадрирани, монтирани, зумирани...

The post Промоција на „Филмски песни“ од Дејан Трајкоски во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Во вторник, 22 ноември, во фоајето на Младински културен центар (МКЦ) во 20 часот ќе се одржи промоцијата на поетската книга „Филмски песни“ од Дејан Трајкоски, во издание на „Бата прес“. За книгата ќе разговараат Гоце Смислевски и Дејан Трајкоски, а песни од книгата ќе изведат Пијан Славеј и Гоце Јованоски. За книгата во издание на Бата прес, писателот Гоце Смилевски ќе напише:
Во поезијата на Трајкоски сведоци сме за едно суптилно чувство за детаљот, и имаме впечаток сличен на оној како кога камерата, во остварувањата на одредени синеасти се приближува до одреден објект не само за да ни го направи она што го снима повидливо и повпечатливо, туку и создавајќи едно скоро хипнотичко дејство, или поскоро - трансцендентално чувство на понирање на набљудувачот не само во визуелната димензија, туку и во суштината на она што се набљудува: како да нѐ води некаде отаде видливото. Поезија на метафизичко проникнување на човековата егзистенција, низ дијалог со филмовите, или делови од нив.
Читајќи ја оваа поетска збирка на Трајкоски, соочени сме со поезија богата со специфична визуелна имагинација, и честопати имаме впечаток дека стиховите полни со интимни рефлексии, како и оние со контемплации, се менуваат со стихови со таков визуелен набој, како да се снимени, кадрирани, монтирани, зумирани...

The post Промоција на „Филмски песни“ од Дејан Трајкоски во МКЦ appeared first on Република.

]]>