Филмски фестивал во Венеција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/filmski-festival-vo-venecija/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Sep 2023 12:42:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Филмски фестивал во Венеција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/filmski-festival-vo-venecija/ 32 32 Тамара, Теона и Горан – триумф на македонскиот филм во Венеција https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tamara-teona-i-goran-triumf-na-makedonskiot-film-vo-venetsija/ Fri, 08 Sep 2023 12:41:38 +0000 https://republika.mk/?p=679957

После премиерата на Горан Столевски, а во рамки на најсмелата и најпровокативна програма на Венециски филмски фестивал, „Авторски денови“, вчера, на 6 септември, својата светска премиера ја имаше и најновото филмско остварување на Теона Стругар Митевска „21 ден до крајот на светот“. Возбудената публика уживаше и во плодната дебата за суштинските прашања за слобода, слобода на израз, феминизмот денес, која се разви за време на сесијата за прашања и одговори по прикажувањето на филмот, соопштија од Агенцијата за филм.

Македонскиот филм доминираше на најстариот фестивал на филмот во Венеција, претставен преку тројца наши автори. Секој успех и секој автор говори сам за себе, но ваквото силно присуство во различни програми на тројцата наши режисери, остава национален печат и јас сум премногу горд што го доживувам овој значаен момент. Уште еднаш честитки за сите тројца, но и за екипите со кои ги сработија проектите, изјави Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм.

Тамара Котевска на Венецискиот флмски фестивал како една од тројцата светски автори чии филмови влијаат на општеството и ја менуваат свеста на луѓето за важни социјални теми.

Таа ја раскажува приказната за создавањето на нејзиниот нов документарен филм „The Walk“, филм кој го следи пеколниот пат на бегалците од Сирија до Англија и кој го открива лицемерието на Европа во тој процес на “одење” од земја во земја.

Тамара Котевска е првиот режисер од Македонија која е поканета да биде говорник на овој исклучително важен настан во рамките на Венецискиот Филмски фестивал

Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција вчера ја имаше својата светска премиера, токму на на 80. издание на филмскиот фестивал во Венеција. Премиерата заврши со овации и со честитки, а филмските критики се фантастични.

The post Тамара, Теона и Горан – триумф на македонскиот филм во Венеција appeared first on Република.

]]>

После премиерата на Горан Столевски, а во рамки на најсмелата и најпровокативна програма на Венециски филмски фестивал, „Авторски денови“, вчера, на 6 септември, својата светска премиера ја имаше и најновото филмско остварување на Теона Стругар Митевска „21 ден до крајот на светот“. Возбудената публика уживаше и во плодната дебата за суштинските прашања за слобода, слобода на израз, феминизмот денес, која се разви за време на сесијата за прашања и одговори по прикажувањето на филмот, соопштија од Агенцијата за филм.
Македонскиот филм доминираше на најстариот фестивал на филмот во Венеција, претставен преку тројца наши автори. Секој успех и секој автор говори сам за себе, но ваквото силно присуство во различни програми на тројцата наши режисери, остава национален печат и јас сум премногу горд што го доживувам овој значаен момент. Уште еднаш честитки за сите тројца, но и за екипите со кои ги сработија проектите, изјави Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм.
Тамара Котевска на Венецискиот флмски фестивал како една од тројцата светски автори чии филмови влијаат на општеството и ја менуваат свеста на луѓето за важни социјални теми. Таа ја раскажува приказната за создавањето на нејзиниот нов документарен филм „The Walk“, филм кој го следи пеколниот пат на бегалците од Сирија до Англија и кој го открива лицемерието на Европа во тој процес на “одење” од земја во земја. Тамара Котевска е првиот режисер од Македонија која е поканета да биде говорник на овој исклучително важен настан во рамките на Венецискиот Филмски фестивал Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција вчера ја имаше својата светска премиера, токму на на 80. издание на филмскиот фестивал во Венеција. Премиерата заврши со овации и со честитки, а филмските критики се фантастични.

The post Тамара, Теона и Горан – триумф на македонскиот филм во Венеција appeared first on Република.

]]>
Денеска почнува 79. издание на филмскиот фестивал во Венеција https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/deneska-pochnuva-79-izdanie-na-filmskiot-festival-vo-venecija/ Wed, 31 Aug 2022 11:24:04 +0000 https://republika.mk/?p=546039

Денеска почнува 79. издание на Венецискиот филмски фестивал, на кој светска премиера ќе има и новиот филм на Теона Стругар Митевска, „Најсреќниот човек на светот“. Филмот, кој е копродукција на Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска, ќе учествува во паралелната официјална натпреварувачка програма Хоризонти, а премиерно ќе се прикаже в петок во салата „Дарсена“, потоа ќе има уште една јавна проекција, в сабота во киносалата „Палабиенале“. „Најсреќниот човек на светот“ после Венеција ќе игра и во селекцијата на фестивалот во Торонто (8-18 септември).

Ова е првиот македонски филм кој се прикажува во Венеција од „Судијата“ на Жанета Вангели во 2002 и следува 28 години по триумфот на Милчо Манчевски со „Пред дождот“ кој го освои Златниот лав. Во 2001, „Прашина“ на Манчевски го отвори Венецискиот фестивал .

Џулијан Мур, која доби „Оскар“ за улогата во „Сѐ уште Алис“ (Still Alice) од 2014 година, ќе раководи со шестчленото жири на 11-гала фестивал на гламурозниот остров Лидо. Во жирито годинава ќе доминираат режисери – Аргентинецот Маријано Кон, Леонардо ди Костанца од Италија, Родриго Сорогојен од Шпанија и Французинката Одри Диван. Во жирито ќе бидат и иранската глумица Лејла Хатами и јапонско-британскиот сценарист Казуо Ишигуро.

На денешното отворање се очекуваат повеќе од 1.000 гости.

Меѓу гостите се очекуваат и Кејт Бланшет, Тимоти Шаламе, Пенелопе Круз, Шија Лебуф, Оливија Вајлд, Хари Стајлс, Флоренс Пју, Ана де Армас и Брендан Фрејзер, кои сите треба да ги презентираат своите нови филмови.

Филмскиот фестивал во Венеција е најстариот во светот и еден од најпрестижните, заедно со оние во Кан и Берлин. Годинашното 79-то издание трае до 10 септември.

The post Денеска почнува 79. издание на филмскиот фестивал во Венеција appeared first on Република.

]]>

Денеска почнува 79. издание на Венецискиот филмски фестивал, на кој светска премиера ќе има и новиот филм на Теона Стругар Митевска, „Најсреќниот човек на светот“. Филмот, кој е копродукција на Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска, ќе учествува во паралелната официјална натпреварувачка програма Хоризонти, а премиерно ќе се прикаже в петок во салата „Дарсена“, потоа ќе има уште една јавна проекција, в сабота во киносалата „Палабиенале“. „Најсреќниот човек на светот“ после Венеција ќе игра и во селекцијата на фестивалот во Торонто (8-18 септември). Ова е првиот македонски филм кој се прикажува во Венеција од „Судијата“ на Жанета Вангели во 2002 и следува 28 години по триумфот на Милчо Манчевски со „Пред дождот“ кој го освои Златниот лав. Во 2001, „Прашина“ на Манчевски го отвори Венецискиот фестивал . Џулијан Мур, која доби „Оскар“ за улогата во „Сѐ уште Алис“ (Still Alice) од 2014 година, ќе раководи со шестчленото жири на 11-гала фестивал на гламурозниот остров Лидо. Во жирито годинава ќе доминираат режисери – Аргентинецот Маријано Кон, Леонардо ди Костанца од Италија, Родриго Сорогојен од Шпанија и Французинката Одри Диван. Во жирито ќе бидат и иранската глумица Лејла Хатами и јапонско-британскиот сценарист Казуо Ишигуро. На денешното отворање се очекуваат повеќе од 1.000 гости. Меѓу гостите се очекуваат и Кејт Бланшет, Тимоти Шаламе, Пенелопе Круз, Шија Лебуф, Оливија Вајлд, Хари Стајлс, Флоренс Пју, Ана де Армас и Брендан Фрејзер, кои сите треба да ги презентираат своите нови филмови. Филмскиот фестивал во Венеција е најстариот во светот и еден од најпрестижните, заедно со оние во Кан и Берлин. Годинашното 79-то издание трае до 10 септември.

The post Денеска почнува 79. издание на филмскиот фестивал во Венеција appeared first on Република.

]]>
Kејт Бланшет, Пенелопе Круз, Аронофски, Гвадањино…светската филмска елита доаѓа во Венеција https://arhiva3.republika.mk/scena/film/kejt-blanshet-penelope-kruz-aronofski-gvadanjino-svetskata-filmska-elita-doagja-vo-venecija/ Wed, 27 Jul 2022 08:30:06 +0000 https://republika.mk/?p=533679

Овогодинешниот 79. филмски фестивал во Венеција ќе биде домаќин на многу познати личности од 31 август до 10 септември.

Oд актерите, потврдено е присуството на Пенелопе Круз и Кејт Бланшет, а од режисерите, Дарен Аронофски, Алехандро Инариту и Лука Гвадањино

Во трката за престижниот „Златен лав“ за најдобар филм ќе се натпреваруваат 23 филма.

Оваа година фестивалот е замислен како прозорец отворен кон светот,рече уметничкиот директор на Мостра, Алберто Барбера, во онлајн презентација, и притоа остро го осуди притворањето на тројца филмаџии во Иран.

Во конкуренција ќе биде филмот на еден од нив, Џафар Панахи, кој треба да одлежи шестгодишна затворска казна за „пропаганда против режимот“. Насловот на филмот е Kherst Nistu („Мечките не постојат“).

Франција годинава е особено добро застапена со дури пет филмови во конкуренција – Les enfants des autres („Деца на другите“) од Ребека Злотовски, Un couple („Пар“) од Фредерик Вајсман, Les miens („Мои“), семеен филм на Рошди Зем за бунт во предградијата и Saint Omer („Свети Омер“) на Алис Диоп, прв филм за чедоморство.

Францускиот режисер и писател Флоријан Зелер им ги понуди улогите во неговиот филм Le fils („Синот“) на Хју Џекман, Лора Дерн и Ентони Хопкинс.

The post Kејт Бланшет, Пенелопе Круз, Аронофски, Гвадањино…светската филмска елита доаѓа во Венеција appeared first on Република.

]]>

Овогодинешниот 79. филмски фестивал во Венеција ќе биде домаќин на многу познати личности од 31 август до 10 септември. Oд актерите, потврдено е присуството на Пенелопе Круз и Кејт Бланшет, а од режисерите, Дарен Аронофски, Алехандро Инариту и Лука Гвадањино Во трката за престижниот „Златен лав“ за најдобар филм ќе се натпреваруваат 23 филма.
Оваа година фестивалот е замислен како прозорец отворен кон светот,рече уметничкиот директор на Мостра, Алберто Барбера, во онлајн презентација, и притоа остро го осуди притворањето на тројца филмаџии во Иран.
Во конкуренција ќе биде филмот на еден од нив, Џафар Панахи, кој треба да одлежи шестгодишна затворска казна за „пропаганда против режимот“. Насловот на филмот е Kherst Nistu („Мечките не постојат“). Франција годинава е особено добро застапена со дури пет филмови во конкуренција – Les enfants des autres („Деца на другите“) од Ребека Злотовски, Un couple („Пар“) од Фредерик Вајсман, Les miens („Мои“), семеен филм на Рошди Зем за бунт во предградијата и Saint Omer („Свети Омер“) на Алис Диоп, прв филм за чедоморство. Францускиот режисер и писател Флоријан Зелер им ги понуди улогите во неговиот филм Le fils („Синот“) на Хју Џекман, Лора Дерн и Ентони Хопкинс.

The post Kејт Бланшет, Пенелопе Круз, Аронофски, Гвадањино…светската филмска елита доаѓа во Венеција appeared first on Република.

]]>