филм за деца Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/film-za-deca/ За подобро да се разбереме Wed, 08 Jun 2022 11:28:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png филм за деца Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/film-za-deca/ 32 32 Петар Маниќ од првиот македонски филм за деца „Стела“ ја освои наградата за најдобар актер на Фестивалот на Југоисточна Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/petar-manikj-od-prviot-makedonski-film-za-deca-stela-ja-osvoi-nagradata-za-najdobar-akter-na-festivalot-na-jugoistochna-evropa/ Wed, 08 Jun 2022 11:27:16 +0000 https://republika.mk/?p=512653

Главниот актер од првиот македонски филм за деца „Стела“, Петар Маниќ ја освои наградата за најдобар актер на Филмскиот фестивал на Југоисточна Европа.

Филмски фестивал на Југоисточна Европа е меѓународен филмски фестивал на 15 земји од Југоисточна Европа. На фестивалот се прикажува избор на играни, кратки, документарни и анимирани филмови од: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Грција, Унгарија, Косово, Македонија, Црна Гора, Молдавија, Романија, Србија, Словенија и Турција. Покрај овие 15 земји, во изборот на фестивалот се вклучени и сите други земји-членки на МЕДИА програмата како продуценти или копродуценти на „SEE films“. Фестивалот се организира во соработка со универзитетите Еуропа Прима од Скопје, ИНАЛКО од Париз, Хумболд од Берлин и American University од Вашингтон. Наградaта на американското жири, за најдобар актер, составено од Роман Костовски, претседател, Патриша Корбет и Жаклин Хедингтон му ја додели токму на Петар Маниќ за својот актерски перформанс во „Стела“.

Ова е втора награда за младиот Петар Маниќ, а за „Стела“ ова е шесто гран при во својат богат фестивалски живот.

Во филмот главен лик е младата шарпланинка Стела, за првпат на долгометражен филм е младиот Петар Маниќ, а во филмот играат и Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и српската актерка Христина Поповиќ, позната од филмскиот хит Парада.

Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографер е Горѓи Клинчаров, костимограф на филмот е Милена Миленковиќ, монтажер е Данчо Стефков, а композитор Оливер Јосифовски од Љубојна. Долгометражниот игран филм „Стела“ е копродукција меѓу македонската продукциска куќа „Дрим Фектори“ – продуцент Огнен Антов, српската продукција „Акција Продукција“ – продуцент Јована Караулиќ и германската „Моуна“ – продуцент: Никол Акер-ман.

СТЕЛА беше препознаен како проект од исклучителна важност и доби финансиска подршка од „Агенцијата за Филм на Република Македонија“, „Филмскиот центар на Србија“ и Филмскиот фонд Баден Вунтерберг во Штутгарт, Германија.

Стојан Вујичиќ е еден од водечките македонски режисери, чиј опус вклучува бројни кратки играни и документарни филмови и телевизиски проекти.

The post Петар Маниќ од првиот македонски филм за деца „Стела“ ја освои наградата за најдобар актер на Фестивалот на Југоисточна Европа appeared first on Република.

]]>

Главниот актер од првиот македонски филм за деца „Стела“, Петар Маниќ ја освои наградата за најдобар актер на Филмскиот фестивал на Југоисточна Европа. Филмски фестивал на Југоисточна Европа е меѓународен филмски фестивал на 15 земји од Југоисточна Европа. На фестивалот се прикажува избор на играни, кратки, документарни и анимирани филмови од: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Грција, Унгарија, Косово, Македонија, Црна Гора, Молдавија, Романија, Србија, Словенија и Турција. Покрај овие 15 земји, во изборот на фестивалот се вклучени и сите други земји-членки на МЕДИА програмата како продуценти или копродуценти на „SEE films“. Фестивалот се организира во соработка со универзитетите Еуропа Прима од Скопје, ИНАЛКО од Париз, Хумболд од Берлин и American University од Вашингтон. Наградaта на американското жири, за најдобар актер, составено од Роман Костовски, претседател, Патриша Корбет и Жаклин Хедингтон му ја додели токму на Петар Маниќ за својот актерски перформанс во „Стела“. Ова е втора награда за младиот Петар Маниќ, а за „Стела“ ова е шесто гран при во својат богат фестивалски живот. Во филмот главен лик е младата шарпланинка Стела, за првпат на долгометражен филм е младиот Петар Маниќ, а во филмот играат и Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и српската актерка Христина Поповиќ, позната од филмскиот хит Парада. Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографер е Горѓи Клинчаров, костимограф на филмот е Милена Миленковиќ, монтажер е Данчо Стефков, а композитор Оливер Јосифовски од Љубојна. Долгометражниот игран филм „Стела“ е копродукција меѓу македонската продукциска куќа „Дрим Фектори“ – продуцент Огнен Антов, српската продукција „Акција Продукција“ – продуцент Јована Караулиќ и германската „Моуна“ – продуцент: Никол Акер-ман. СТЕЛА беше препознаен како проект од исклучителна важност и доби финансиска подршка од „Агенцијата за Филм на Република Македонија“, „Филмскиот центар на Србија“ и Филмскиот фонд Баден Вунтерберг во Штутгарт, Германија. Стојан Вујичиќ е еден од водечките македонски режисери, чиј опус вклучува бројни кратки играни и документарни филмови и телевизиски проекти.

The post Петар Маниќ од првиот македонски филм за деца „Стела“ ја освои наградата за најдобар актер на Фестивалот на Југоисточна Европа appeared first on Република.

]]>