Филип Живојиновиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/filip-zivojinovikj/ За подобро да се разбереме Wed, 10 Apr 2024 07:30:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Филип Живојиновиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/filip-zivojinovikj/ 32 32 Филип колабирал на концертот на сопругата Александра Пријовиќ https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/filip-kolabiral-na-kontsertot-na-soprugata-aleksandra-prijovik/ Wed, 10 Apr 2024 07:30:36 +0000 https://republika.mk/?p=764476

По трите спектакли на Александра Пријовиќ во Нови Сад, сопругот на познатата пејачка колабирал. Имено, како што дознава српски „Информер“ Филип Живојиновиќ ненадејно паднал во несвест по концертот на неговата сопруга во салата во Нови Сад во неделата вечерта.

Според извор од местото на настанот, Александра го завршила концертот, публиката почнала да си оди, а Филип и таа се упатиле кон автомобилот кога на Живојиновиќ нагло му се слошило.

Сè беше нормално, Александра го заврши концертот, а Филип и таа придружувани од обезбедувањето се упатија кон излезот. Одеа пред нас кога Филип падна како да е пресечен. Александра почна да плаче, да вика, а тие го полеваа со вода. Обезбедувањето го внесе во автомобилот и го однесе некаде, а Александра ја вратија во салата, веројатно за да може што побрзо да се пресоблече и да му се придружи на сопругот. Не знам што се случи потоа и дали се работи за нешто сериозно или на Филип само му се слошило од жештините, со оглед на тоа што беше доста топло, изјави за „Информер“ извор од салата „Спенс“.

Српскиот медиум се обидел да ги потврди информациите и да дознае дали сопругот на Александра е добро, но ниту Филип ниту таа не сакале да разговараат на оваа тема.

Како што неофицијално дознаваат, здравствената состојба на Филип набрзо се стабилизирала, а наводно сè е резултат на напорната работа на организирање на голем број концерти, особено на последните во Нови Сад.

The post Филип колабирал на концертот на сопругата Александра Пријовиќ appeared first on Република.

]]>

По трите спектакли на Александра Пријовиќ во Нови Сад, сопругот на познатата пејачка колабирал. Имено, како што дознава српски „Информер“ Филип Живојиновиќ ненадејно паднал во несвест по концертот на неговата сопруга во салата во Нови Сад во неделата вечерта. Според извор од местото на настанот, Александра го завршила концертот, публиката почнала да си оди, а Филип и таа се упатиле кон автомобилот кога на Живојиновиќ нагло му се слошило.
Сè беше нормално, Александра го заврши концертот, а Филип и таа придружувани од обезбедувањето се упатија кон излезот. Одеа пред нас кога Филип падна како да е пресечен. Александра почна да плаче, да вика, а тие го полеваа со вода. Обезбедувањето го внесе во автомобилот и го однесе некаде, а Александра ја вратија во салата, веројатно за да може што побрзо да се пресоблече и да му се придружи на сопругот. Не знам што се случи потоа и дали се работи за нешто сериозно или на Филип само му се слошило од жештините, со оглед на тоа што беше доста топло, изјави за „Информер“ извор од салата „Спенс“.
Српскиот медиум се обидел да ги потврди информациите и да дознае дали сопругот на Александра е добро, но ниту Филип ниту таа не сакале да разговараат на оваа тема. Како што неофицијално дознаваат, здравствената состојба на Филип набрзо се стабилизирала, а наводно сè е резултат на напорната работа на организирање на голем број концерти, особено на последните во Нови Сад.

The post Филип колабирал на концертот на сопругата Александра Пријовиќ appeared first on Република.

]]>