Филип Јаневски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/filip-janevski/ За подобро да се разбереме Tue, 30 May 2023 13:40:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Филип Јаневски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/filip-janevski/ 32 32 Јаневски до Арсовска: Дали Градот е блокиран? Да или не, толку. https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/janevski-do-arsovska-dali-gradot-e-blokiran-da-ili-ne-tolku/ Tue, 30 May 2023 13:59:49 +0000 https://republika.mk/?p=646161

Дали Вие знаете да одговорите директно на прашање? Некогаш? Кратко и јасно со да или не. Дали Градот е блокиран? Да или не, толку. Дали ќе ни ги дадете картичките, дали ќе ни ја дадете информацијата, да или не? Само што добивте понуда и Решение за меморандум за соработка, првиот Ваш одговор е нека ни прати директорот. Значи пак тој да биде крив. Пак некој друг е одговорен, само не Вие. Пак некој друг да ја заврши Вашата работа, само не Вие, нагласи денеска Филип Јаневски, советник во Советот на Град Скопје од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Јаневски и порача на градоначалничката на Град Скопје да пребара во македонскиот речник што значат зборовите транспарентност и отчетност.

Вие сте транспарентни? Па понетранспарентен градоначалник јас немам видено откако сум роден. Јас мислев нема полош градоначалник од Вашиот претходник, ама сум се излажал, рече советникот.

Јаневски укажа дека ја избрале Арсовска околу 120.000 граѓани за да ги реши проблемите на градот кои што ги создале нејзините претходници, но за жал таа само ја влошила состојбата повеќе во градот.

Вие велевте јас не сум политичар, јас сум менаџер, ова ли е тоа менаџерство? Вака ли Вие менаџирате, ја запраша Јаневски Арсовска.

Сметате, додаде, дека ние 45 советници не заслужуваме не знам колкави паушали?

Вие знаете колкава плата земате? Тукушто добивте покачување од пред еден месец од 78% покачување на платата. Сигурно земате над 2.500 евра плата. А, ниту одговарате на прашања, ниту ништо. Знаете кој Ве вработува Вас? Граѓаните! Тоа е исто како јас на работа земам плата од сопственикот на фирмата и мене кога ќе ми се јават и прашаат за нешто поврзано со работата јас да не им одговорам ниту на менаџерот, ниту на директорот, ниту на сопственикот, нагласи советникот.

Вас граѓаните Ве прашуваат или лично или преку нас советниците кои сме нивни легитимни претставници, Вас Ве прашуваат до каде е ова, до каде е она, а Вие молк. Вие напаѓате дека други се криви, рече Јаневски.

Тој ѝ порача на Арсовска ако има доблест нека си поднесе оставка.

The post Јаневски до Арсовска: Дали Градот е блокиран? Да или не, толку. appeared first on Република.

]]>

Дали Вие знаете да одговорите директно на прашање? Некогаш? Кратко и јасно со да или не. Дали Градот е блокиран? Да или не, толку. Дали ќе ни ги дадете картичките, дали ќе ни ја дадете информацијата, да или не? Само што добивте понуда и Решение за меморандум за соработка, првиот Ваш одговор е нека ни прати директорот. Значи пак тој да биде крив. Пак некој друг е одговорен, само не Вие. Пак некој друг да ја заврши Вашата работа, само не Вие, нагласи денеска Филип Јаневски, советник во Советот на Град Скопје од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Јаневски и порача на градоначалничката на Град Скопје да пребара во македонскиот речник што значат зборовите транспарентност и отчетност.
Вие сте транспарентни? Па понетранспарентен градоначалник јас немам видено откако сум роден. Јас мислев нема полош градоначалник од Вашиот претходник, ама сум се излажал, рече советникот.
Јаневски укажа дека ја избрале Арсовска околу 120.000 граѓани за да ги реши проблемите на градот кои што ги создале нејзините претходници, но за жал таа само ја влошила состојбата повеќе во градот.
Вие велевте јас не сум политичар, јас сум менаџер, ова ли е тоа менаџерство? Вака ли Вие менаџирате, ја запраша Јаневски Арсовска.
Сметате, додаде, дека ние 45 советници не заслужуваме не знам колкави паушали?
Вие знаете колкава плата земате? Тукушто добивте покачување од пред еден месец од 78% покачување на платата. Сигурно земате над 2.500 евра плата. А, ниту одговарате на прашања, ниту ништо. Знаете кој Ве вработува Вас? Граѓаните! Тоа е исто како јас на работа земам плата од сопственикот на фирмата и мене кога ќе ми се јават и прашаат за нешто поврзано со работата јас да не им одговорам ниту на менаџерот, ниту на директорот, ниту на сопственикот, нагласи советникот. Вас граѓаните Ве прашуваат или лично или преку нас советниците кои сме нивни легитимни претставници, Вас Ве прашуваат до каде е ова, до каде е она, а Вие молк. Вие напаѓате дека други се криви, рече Јаневски.
Тој ѝ порача на Арсовска ако има доблест нека си поднесе оставка.

The post Јаневски до Арсовска: Дали Градот е блокиран? Да или не, толку. appeared first on Република.

]]>
ЈСП и Арсовска намерно не го исплаќаа долгот, за да се раскинат договорите и да распише нов повик за приватни превозници https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/jsp-i-arsovska-namerno-ne-go-isplakjaa-dolgot-za-da-se-raskinat-dogovorite-i-da-raspishe-nov-povik-za-privatni-prevoznici/ Wed, 14 Dec 2022 14:08:30 +0000 https://republika.mk/?p=585618

Најпрво сакам да поставам две прашања до секретарот на градот да договори, бидејќи тој изјави дека не можеле моментално да ни достават информација на писмено заради тоа што во ЈСП се правело ревизија, кој ја прави таа ревизија, дали е внатрешна ревизија, дали е надворешна ревизија и второ зошто уште кога пред два месеци побаравме информација тогаш немаше нели ревизија, зошто уште тогаш не ни се достави информацијата која што ја баравме за состојбите во ЈСП, вели Филип Јаневски советник во советот на Град Скопје од Глас за Македонија, коалиција на ВМРО-ДПМНЕ за Обнова на Македонија.

Јаневски ги демантираше изјавите на заменик градоначалникот Александар Трајановски кој изјави дека сакаат да воведат нов концепт на јавен превоз, нагласувајќи дека во тој нов концепт мора да се вклучени сите засегнати страни, како и дека намерно не е исплаќан долгот на приватните превозници за да може Град Скопје да го раскине договорот со приватните превозници бидејќи согласно член од договорот градот може да го раскине договорот доколку три дена последователно приватните превозници не го опслужуваат градот со јавен превоз.

Околу останатите работи кои беа кажани на оваа говорница, беше кажано од заменик градоначалникот дека сакале да го сменат целиот концепт на јавниот превоз дека сакале да нема стари автобуси кои што немаат соодветни стандарди и Скопје да престане да биде град каде што јавниот превоз ќе го опслужуваат и приватни превозници. Меѓутоа тие да сакале тоа искрено да го направат, ќе го направеле на следниот начин, ќе најавеле дека ќе има реформа во јавниот превоз, ќе најавеле дека ќе има нов јавен повик со нови услови, со нов договор кој што ќе биде потпишан со приватните превозници, ќе разговарале со сите засегнати страни и ќе дојделе до заедничко прифатливо решение. Од август не е исплаќан долгот кон приватните превозници и намерно е направено тоа за приватните превозници да бидат приморани да штрајкуваат, за да се повикуваат од Градот Скопје на членот од договорот каде што влеат дека приватните превозници мораат да го опслужуваат јавниот превоз и ако не го прават тоа повеќе од три дена последователно ќе им биде раскинат договор. Се принудени да не го прават тоа и градот им го раскинува договорот. Ако навистина се сакало да се направи подобрување на градскиот превоз, нов и модерен концепт како што го нарекуваат, тогаш ќе имаме заеднички концепт осмислен од сите, и сите засегнати страни ќе бидат вклучени, рече тој.

Но ние сега имаме јавен повик за само две автобуски линии и се бараат околу 40 автобуси. Што правиме ако оние приватни превозници кои се пријават на тој јавен повик имаат автобуси кои не се според најсовремените еколошки стандарди. Ќе ги одбиете, ќе го поништете јавниот повик за да најдете други, што ќе се случи тогаш бидејќи велите дека сакате нови автобуси, праша Јаневски.

Јаневски додаде дека барале информација за да ја утврдат фактичката состојба во сообраќајното претпријатие бидејќи од градот како што рече тој не знаат каде тераат бидејќи еднаш велат дека нема долг, друг ден велат дека има долг ама дека сакаат да се испитаат неправилностите, а сето тоа го трпат скопјани.

Уште од почетокот на овој проблем со приватните превозници и градскиот превоз вие велите дека нема долг кон приватните превозници, за само десет дена директорот на ЈСП во изјава за медиуми да каже долг постои, но ние преку ревизија ќе видиме дали имало некои неправилности во неговото пресметување. Е сега дали постои или не? И од таму е нашето барање за информација, да отидеме во ЈСП, а впрочем и директорот не покани на увид во целата документација за да ја утврдиме целата фактичка состојба бидејќи едно зборите денес, друго зборите утре, и не знаете каде терате, а сето тоа го трпиме ние граѓаните, нагласи Јаневски.

The post ЈСП и Арсовска намерно не го исплаќаа долгот, за да се раскинат договорите и да распише нов повик за приватни превозници appeared first on Република.

]]>

Најпрво сакам да поставам две прашања до секретарот на градот да договори, бидејќи тој изјави дека не можеле моментално да ни достават информација на писмено заради тоа што во ЈСП се правело ревизија, кој ја прави таа ревизија, дали е внатрешна ревизија, дали е надворешна ревизија и второ зошто уште кога пред два месеци побаравме информација тогаш немаше нели ревизија, зошто уште тогаш не ни се достави информацијата која што ја баравме за состојбите во ЈСП, вели Филип Јаневски советник во советот на Град Скопје од Глас за Македонија, коалиција на ВМРО-ДПМНЕ за Обнова на Македонија. Јаневски ги демантираше изјавите на заменик градоначалникот Александар Трајановски кој изјави дека сакаат да воведат нов концепт на јавен превоз, нагласувајќи дека во тој нов концепт мора да се вклучени сите засегнати страни, како и дека намерно не е исплаќан долгот на приватните превозници за да може Град Скопје да го раскине договорот со приватните превозници бидејќи согласно член од договорот градот може да го раскине договорот доколку три дена последователно приватните превозници не го опслужуваат градот со јавен превоз.
Околу останатите работи кои беа кажани на оваа говорница, беше кажано од заменик градоначалникот дека сакале да го сменат целиот концепт на јавниот превоз дека сакале да нема стари автобуси кои што немаат соодветни стандарди и Скопје да престане да биде град каде што јавниот превоз ќе го опслужуваат и приватни превозници. Меѓутоа тие да сакале тоа искрено да го направат, ќе го направеле на следниот начин, ќе најавеле дека ќе има реформа во јавниот превоз, ќе најавеле дека ќе има нов јавен повик со нови услови, со нов договор кој што ќе биде потпишан со приватните превозници, ќе разговарале со сите засегнати страни и ќе дојделе до заедничко прифатливо решение. Од август не е исплаќан долгот кон приватните превозници и намерно е направено тоа за приватните превозници да бидат приморани да штрајкуваат, за да се повикуваат од Градот Скопје на членот од договорот каде што влеат дека приватните превозници мораат да го опслужуваат јавниот превоз и ако не го прават тоа повеќе од три дена последователно ќе им биде раскинат договор. Се принудени да не го прават тоа и градот им го раскинува договорот. Ако навистина се сакало да се направи подобрување на градскиот превоз, нов и модерен концепт како што го нарекуваат, тогаш ќе имаме заеднички концепт осмислен од сите, и сите засегнати страни ќе бидат вклучени, рече тој.
Но ние сега имаме јавен повик за само две автобуски линии и се бараат околу 40 автобуси. Што правиме ако оние приватни превозници кои се пријават на тој јавен повик имаат автобуси кои не се според најсовремените еколошки стандарди. Ќе ги одбиете, ќе го поништете јавниот повик за да најдете други, што ќе се случи тогаш бидејќи велите дека сакате нови автобуси, праша Јаневски. Јаневски додаде дека барале информација за да ја утврдат фактичката состојба во сообраќајното претпријатие бидејќи од градот како што рече тој не знаат каде тераат бидејќи еднаш велат дека нема долг, друг ден велат дека има долг ама дека сакаат да се испитаат неправилностите, а сето тоа го трпат скопјани. Уште од почетокот на овој проблем со приватните превозници и градскиот превоз вие велите дека нема долг кон приватните превозници, за само десет дена директорот на ЈСП во изјава за медиуми да каже долг постои, но ние преку ревизија ќе видиме дали имало некои неправилности во неговото пресметување. Е сега дали постои или не? И од таму е нашето барање за информација, да отидеме во ЈСП, а впрочем и директорот не покани на увид во целата документација за да ја утврдиме целата фактичка состојба бидејќи едно зборите денес, друго зборите утре, и не знаете каде терате, а сето тоа го трпиме ние граѓаните, нагласи Јаневски.

The post ЈСП и Арсовска намерно не го исплаќаа долгот, за да се раскинат договорите и да распише нов повик за приватни превозници appeared first on Република.

]]>
Јаневски до Арсовска: Неспособен градоначалник има неспособен директор, граѓаните трпат https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/janevski-do-arsovska-nesposoben-gradonachalnik-ima-nesposoben-direktor-gragjanite-trpat/ Mon, 28 Nov 2022 17:18:53 +0000 https://republika.mk/?p=579321

„Би сакал да ја запознаам јавноста и да ги потсетам дел од советниците за еден состанок кој што ние го одржавме со директорот на ЈСП, господинот Стојковски во август на кој што јас и останатите советници побаравме продолжување и измена на одредени автобуски линии, каде што тој тврдеше дека нема доволно автобуси за да стави на тие линии кои што би ги продолжиле автобуските линии и би излегле во пресрет на граѓаните. Конкретно за автобуската линија на која што сообраќа редниот број 2, јас побарав да се продолжи и за тоа имав иницијатива. Меѓутоа од него ми беше кажано дека за да се продолжи таа линија се потребни 6 нови автобуси за да се сообраќаат на таа линија и дека тој не е во можност да најде 6 автобуси дополнително кои би се сообраќале на таа линија. И оттука моето прашање е како два превозника приватни кои што имаат вкупно 200 автобуски и кои сообраќаат на скопските улици на разни автобуски линии и сега кои не сообраќаат ЈСП вели дека има капацитет да ги преземе во целост сите линии од приватните превозници“, запраша Филип Јаневски, советник во Советот на Град Скопје од Коалицијата денес на седницата за советнички прашања.

Јаневски го запраша директорот на ЈСП како немал 6 автобуси за една линија во август, а сега во ноември има 200 автобуси за да ги надополни приватните превозници. Тој нагласи дека колку што знае ЈСП нема купено нови автобуси, да имаше ќе се забележеа.

Дали сте Вие свесни дека возниот ред се утврдува на седница на Советот на Град Скопје? И дека Вие не смеете да повлечете автобус од линија која што ние сме ja утврдиле дека ќе сообраќа во одредените термини и на одредена траса без да го прашате Советот, го запраша Јаневски директорот на ЈСП.

Тој дури го замоли директорот на ЈСП да не излегува на говорница за да одговори дека ЈСП си ја извршува својата работа квалитетно. Бидејќи работата да ја вршеше квалитетно немаше овој хаос да се случува низ скопските улици.

Не ги извршувате услугите квалитетно и навремено. Како е навремено еден саат да не биде дојден автобус? Не само на мене, туку на стотици илјади граѓани. Стотици илјади граѓани наутро немаат автобус. Доволно е да излезете сабајле во осум часот и тоа на било која автобуска станица и да видите дали ќе ви дојде автобус. Ве прашувам еве и второто прашање, кога ќе ги исплатите фактурите кои што ги должите на приватните превозници, запраша Јаневски.

 

The post Јаневски до Арсовска: Неспособен градоначалник има неспособен директор, граѓаните трпат appeared first on Република.

]]>

„Би сакал да ја запознаам јавноста и да ги потсетам дел од советниците за еден состанок кој што ние го одржавме со директорот на ЈСП, господинот Стојковски во август на кој што јас и останатите советници побаравме продолжување и измена на одредени автобуски линии, каде што тој тврдеше дека нема доволно автобуси за да стави на тие линии кои што би ги продолжиле автобуските линии и би излегле во пресрет на граѓаните. Конкретно за автобуската линија на која што сообраќа редниот број 2, јас побарав да се продолжи и за тоа имав иницијатива. Меѓутоа од него ми беше кажано дека за да се продолжи таа линија се потребни 6 нови автобуси за да се сообраќаат на таа линија и дека тој не е во можност да најде 6 автобуси дополнително кои би се сообраќале на таа линија. И оттука моето прашање е како два превозника приватни кои што имаат вкупно 200 автобуски и кои сообраќаат на скопските улици на разни автобуски линии и сега кои не сообраќаат ЈСП вели дека има капацитет да ги преземе во целост сите линии од приватните превозници“, запраша Филип Јаневски, советник во Советот на Град Скопје од Коалицијата денес на седницата за советнички прашања. Јаневски го запраша директорот на ЈСП како немал 6 автобуси за една линија во август, а сега во ноември има 200 автобуси за да ги надополни приватните превозници. Тој нагласи дека колку што знае ЈСП нема купено нови автобуси, да имаше ќе се забележеа.
Дали сте Вие свесни дека возниот ред се утврдува на седница на Советот на Град Скопје? И дека Вие не смеете да повлечете автобус од линија која што ние сме ja утврдиле дека ќе сообраќа во одредените термини и на одредена траса без да го прашате Советот, го запраша Јаневски директорот на ЈСП.
Тој дури го замоли директорот на ЈСП да не излегува на говорница за да одговори дека ЈСП си ја извршува својата работа квалитетно. Бидејќи работата да ја вршеше квалитетно немаше овој хаос да се случува низ скопските улици.
Не ги извршувате услугите квалитетно и навремено. Како е навремено еден саат да не биде дојден автобус? Не само на мене, туку на стотици илјади граѓани. Стотици илјади граѓани наутро немаат автобус. Доволно е да излезете сабајле во осум часот и тоа на било која автобуска станица и да видите дали ќе ви дојде автобус. Ве прашувам еве и второто прашање, кога ќе ги исплатите фактурите кои што ги должите на приватните превозници, запраша Јаневски.
 

The post Јаневски до Арсовска: Неспособен градоначалник има неспособен директор, граѓаните трпат appeared first on Република.

]]>
Град Скопје: Советниците на Мицкоски го саборитаат работењето на ЈСП https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-sovetnicite-na-mickoski-go-saboritaat-rabotenjeto-na-jsp/ Fri, 30 Sep 2022 10:47:06 +0000 https://republika.mk/?p=555940

Град Скопје реагира на обвинувањата на член на Советот на Град Скопје, советникот Филип Јаневски од партијата „Глас за Македонија“ дека добил закани од страна на в.д. директорот на ЈСП, Александар Стојковски.

https://republika.mk/vesti/skopje/skandal-direktorot-na-jsp-so-zakani-kon-sovetnikot-janevski/

Оттаму ги демантираат обвинувањата и вината ја насочуваат кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Работата на ЈСП е саботирана од страна на советниците на Мицкоски во обид да се руинира претпријатието во време на криза.

Коалицијата на Мицкоски која е власт во Град Скопје, носи директна одговорност за неуспесите со кои учествува и раководи преку своите членови во сите управни одбори на јавните претпријатија.

 Апелираме советниците да ги надминат партиските стеги и наместо познатата лицемерна матрица на обид да се прикажуваат како жртва, да работат за доброто на скопјани и реализација на програмата "За Модерно Скопје", наместо да ја саботираат, пишува во реакцијата испратена од Град Скопје.

The post Град Скопје: Советниците на Мицкоски го саборитаат работењето на ЈСП appeared first on Република.

]]>

Град Скопје реагира на обвинувањата на член на Советот на Град Скопје, советникот Филип Јаневски од партијата „Глас за Македонија“ дека добил закани од страна на в.д. директорот на ЈСП, Александар Стојковски. https://republika.mk/vesti/skopje/skandal-direktorot-na-jsp-so-zakani-kon-sovetnikot-janevski/ Оттаму ги демантираат обвинувањата и вината ја насочуваат кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Работата на ЈСП е саботирана од страна на советниците на Мицкоски во обид да се руинира претпријатието во време на криза. Коалицијата на Мицкоски која е власт во Град Скопје, носи директна одговорност за неуспесите со кои учествува и раководи преку своите членови во сите управни одбори на јавните претпријатија.  Апелираме советниците да ги надминат партиските стеги и наместо познатата лицемерна матрица на обид да се прикажуваат како жртва, да работат за доброто на скопјани и реализација на програмата "За Модерно Скопје", наместо да ја саботираат, пишува во реакцијата испратена од Град Скопје.

The post Град Скопје: Советниците на Мицкоски го саборитаат работењето на ЈСП appeared first on Република.

]]>
Скандал: Директорот на ЈСП со закани кон советникот Јаневски https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skandal-direktorot-na-jsp-so-zakani-kon-sovetnikot-janevski/ Thu, 29 Sep 2022 21:21:33 +0000 https://republika.mk/?p=555825

По завршувањето на денешната седница, в.д. директорот на ЈСП Скопје, Александар Стојковски, лично ми се закани дека физички ќе се пресмета со мене, обелодени советникот Филип Јаневски од партијата „Глас за Македонија“.

Критиките кои ги упатив за неговото неработење, непочитување на одлуките на Советот на Град Скопје како и самоволието на директорот, беа причина тој да ми упати закани во неколку наврати! Како млад политичар со интегритет, кој секогаш ги брани интересите на граѓаните, никогаш нема да потклекнам на притисоци и закани од било кој поединец или група и ќе продолжам да работам во интерес на граѓаните на Град Скопје, реагира Јаневски.

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија најостро ги осуди овие закани.

Кога има недостиг на аргументи тогаш има закани, и уцени како израз на слабост и паника. Тоа говори дека Директорот на ЈСП поставен од Данела Арсовска, а кој доаѓа од партијата СДС, нема храброст да се соочи со аргументите. Тендер коалицијата на Арсовска со СДС, ГРОМ и крими поединци треба да каже дали ова е модерното Скопје кое скопјани го очекуваа?
Арсовска да излезе од крими матрицата и да почне да работи за скопјани. Никој не ви се плаши, велат од Советиничката група.

The post Скандал: Директорот на ЈСП со закани кон советникот Јаневски appeared first on Република.

]]>

По завршувањето на денешната седница, в.д. директорот на ЈСП Скопје, Александар Стојковски, лично ми се закани дека физички ќе се пресмета со мене, обелодени советникот Филип Јаневски од партијата „Глас за Македонија“.
Критиките кои ги упатив за неговото неработење, непочитување на одлуките на Советот на Град Скопје како и самоволието на директорот, беа причина тој да ми упати закани во неколку наврати! Како млад политичар со интегритет, кој секогаш ги брани интересите на граѓаните, никогаш нема да потклекнам на притисоци и закани од било кој поединец или група и ќе продолжам да работам во интерес на граѓаните на Град Скопје, реагира Јаневски.
Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија најостро ги осуди овие закани.
Кога има недостиг на аргументи тогаш има закани, и уцени како израз на слабост и паника. Тоа говори дека Директорот на ЈСП поставен од Данела Арсовска, а кој доаѓа од партијата СДС, нема храброст да се соочи со аргументите. Тендер коалицијата на Арсовска со СДС, ГРОМ и крими поединци треба да каже дали ова е модерното Скопје кое скопјани го очекуваа? Арсовска да излезе од крими матрицата и да почне да работи за скопјани. Никој не ви се плаши, велат од Советиничката група.

The post Скандал: Директорот на ЈСП со закани кон советникот Јаневски appeared first on Република.

]]>
Шилегов потрошил над 400 милиони денари за две улици: Претходниот состав на Советот на Град Скопје има најмногу изедени бифтеци по глава на советник https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/shilegov-potroshil-nad-400-milioni-denari-za-dve-ulici-prethodniot-sostav-na-sovetot-na-grad-skopje-ima-najmnogu-izedeni-bifteci-po-glava-na-sovetnik/ Thu, 10 Mar 2022 13:32:02 +0000 https://republika.mk/?p=470701

Советникот во Советот на Град Скопје, Филип Јаневски, на денешната седница на Советот истакна дека минатото раководство на градот има само 13 капитални инвестиции, а две од нив чинат повеќе од 400 милиони денари.

Јаневски констатираше дека претходниот состав на советот има најмногу изедени бифтеци по глава на советник од било кој претходен состав на Советот.

Би сакал да се осврнам на вашето фалење, колку вие сте се грижеле за животната средина, колку паркови сте направиле…Дигитализација на парк шума Водно 0 денари реализирани, заштита на локалитет Водно 0 денари реализирани, заштита на локалитет кањон Матка 0 денари…Изработка на техничка документација за спречување на ерозија за скопски регион 0 денари. Не знам како вие сте се грижеле за животната средина кога работите што најмногу сте требале да обрнете внимание не сте обрнале  - истакна Јаневски.

За извештајот за реализација на капитални инвестиции на Град Скопје, целиот извештај е пола страна. Една година ја собира на пола страна, 13 инвестиции има, едната е набавка на садници и подигнување на јавното зеленило на магистрални улици за што се потрошени 3 милиони евра.

Ова не се десило. Нигде нема резултати од вашиве инвестиции. Ја спомнавте Универзална сала, 4 години ја почнувате и минатата година сте потрошиле 42 милиони денари и уште не е завршена. Бидете убедени дека ние ќе ја завршиме побезбедно од било кога што вие сте можеле да ја направите.

Не знам со кој образ излегувате овде и кажувате што сте постигнале.

Дел од овие 13 капитални проекти се изградба, одржување и партерно уредување на кеј на реката Вардар за кој се потрошени фантастични 107 милиони денари. Набавка на урбана упрема, фазна реализација на булевар АСНОМ 262 милиони денари, изградба и одржување на булевар Босна и Херцеговина 172 милиони денари.

За две улици имате потрошено над 400 милиони денари. Ова не е за фалење. Сте заборавиле да напоменете дека имате најмногу изедени бифтеци по глава на советник во било кој од претходните мандати.

За тоа има пари ама не сте успеале да ја завршите Универзална сала.

Голем дел од приливите на буџетот доаѓаат од кредити. Во година кога сте имале 41% реализација на самофинансирачки активности, а сте го задолжиле градот за 260 милиони, вие сте се расфрлале со пари како да ќе нема утре – рече Јаневски.

The post Шилегов потрошил над 400 милиони денари за две улици: Претходниот состав на Советот на Град Скопје има најмногу изедени бифтеци по глава на советник appeared first on Република.

]]>

Советникот во Советот на Град Скопје, Филип Јаневски, на денешната седница на Советот истакна дека минатото раководство на градот има само 13 капитални инвестиции, а две од нив чинат повеќе од 400 милиони денари. Јаневски констатираше дека претходниот состав на советот има најмногу изедени бифтеци по глава на советник од било кој претходен состав на Советот.
Би сакал да се осврнам на вашето фалење, колку вие сте се грижеле за животната средина, колку паркови сте направиле…Дигитализација на парк шума Водно 0 денари реализирани, заштита на локалитет Водно 0 денари реализирани, заштита на локалитет кањон Матка 0 денари…Изработка на техничка документација за спречување на ерозија за скопски регион 0 денари. Не знам како вие сте се грижеле за животната средина кога работите што најмногу сте требале да обрнете внимание не сте обрнале  - истакна Јаневски.
За извештајот за реализација на капитални инвестиции на Град Скопје, целиот извештај е пола страна. Една година ја собира на пола страна, 13 инвестиции има, едната е набавка на садници и подигнување на јавното зеленило на магистрални улици за што се потрошени 3 милиони евра.
Ова не се десило. Нигде нема резултати од вашиве инвестиции. Ја спомнавте Универзална сала, 4 години ја почнувате и минатата година сте потрошиле 42 милиони денари и уште не е завршена. Бидете убедени дека ние ќе ја завршиме побезбедно од било кога што вие сте можеле да ја направите. Не знам со кој образ излегувате овде и кажувате што сте постигнале. Дел од овие 13 капитални проекти се изградба, одржување и партерно уредување на кеј на реката Вардар за кој се потрошени фантастични 107 милиони денари. Набавка на урбана упрема, фазна реализација на булевар АСНОМ 262 милиони денари, изградба и одржување на булевар Босна и Херцеговина 172 милиони денари. За две улици имате потрошено над 400 милиони денари. Ова не е за фалење. Сте заборавиле да напоменете дека имате најмногу изедени бифтеци по глава на советник во било кој од претходните мандати. За тоа има пари ама не сте успеале да ја завршите Универзална сала. Голем дел од приливите на буџетот доаѓаат од кредити. Во година кога сте имале 41% реализација на самофинансирачки активности, а сте го задолжиле градот за 260 милиони, вие сте се расфрлале со пари како да ќе нема утре – рече Јаневски.

The post Шилегов потрошил над 400 милиони денари за две улици: Претходниот состав на Советот на Град Скопје има најмногу изедени бифтеци по глава на советник appeared first on Република.

]]>