фифа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fifa/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Nov 2024 10:01:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фифа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fifa/ 32 32 Кој ќе биде најдобар светски фудбалер според ФИФА? https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/koj-ke-bide-najdobar-svetski-fudbaler-spored-fifa/ Fri, 29 Nov 2024 14:42:05 +0000 https://republika.mk/?p=843051

Родри од Манчестер Сити и Винисиус Јуниор од Реал Мадрид се меѓу номинираните за најдобар светски фудбалер во 2024 година во избор на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

Како што соопшти денеска ФИФА, меѓу номинираните за наградата „The Best Fifa Football Awards“ се и Дани Карвахал (Реал Мадрид), Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Федерико Валверде (Реал Мадрид), Флоријан Вирц (Баер Леверкузен), Џуд Белингем (Реал Мадрид), Килијан Мбапе (ПСЖ/Реал Мадрид), Ламин Јамал (Барселона) и Тони Крос кој играше за Реал Мадрид, но ја заврши кариерата на крајот од минатата сезона. Единствениот кандидат кој не игра во Европа е Лионел Меси од Интер Мајами.

Родри на крајот на октомври ја освои престижната Златна топка, која Франс Фудбал ја доделува на најдобриот играч од претходната година, а во финалето на тоа гласање беше подобар од Винисиус, чиј клуб во знак на протест ја бојкотираше церемонијата.

Во женска конкуренција ФИФА номинираше 16 кандидатки за најдобра фудбалерка во 2024 година, меѓу кои се добитничката на „Златната топка“ Ајтана Бонмати (Барселона), Лорен Хемп (Манчестер Сити), Луси Бронзе (Барселона/Челзи) и Барбара Банда (Орландо).

Во категоријата тренер на годината се номинирани Карло Анчелоти (Рел Мадрид), Лионел Скалони (Аргентина), Луис де ла Фуенте (Шпанија), Пеп Гвардиола (Манчестер Сити) и Чаби Алонсо (Баер Леверкузен).

Меѓу номинираните за најдобар голман се Андреј Лунин (Реал Мадрид), Давид Раја (Арсенал), Едерсон (Манчестер Сити), Емилијано Мартинез (Астон Вила), Џанлуиџи Донарума (ПСЖ), Мајк Мањан (Милан) и Унај Симон (Атлетико Билбао).

Во изборот на годишните награди на ФИФА подеднакво учествуваат навивачите, капитените, селекторите на машките и женските репрезентации, како и новинарите.

Гласањето на официјалниот сајт Fifa.com ќе трае до 10 декември на полноќ

The post Кој ќе биде најдобар светски фудбалер според ФИФА? appeared first on Република.

]]>

Родри од Манчестер Сити и Винисиус Јуниор од Реал Мадрид се меѓу номинираните за најдобар светски фудбалер во 2024 година во избор на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Како што соопшти денеска ФИФА, меѓу номинираните за наградата „The Best Fifa Football Awards“ се и Дани Карвахал (Реал Мадрид), Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Федерико Валверде (Реал Мадрид), Флоријан Вирц (Баер Леверкузен), Џуд Белингем (Реал Мадрид), Килијан Мбапе (ПСЖ/Реал Мадрид), Ламин Јамал (Барселона) и Тони Крос кој играше за Реал Мадрид, но ја заврши кариерата на крајот од минатата сезона. Единствениот кандидат кој не игра во Европа е Лионел Меси од Интер Мајами. Родри на крајот на октомври ја освои престижната Златна топка, која Франс Фудбал ја доделува на најдобриот играч од претходната година, а во финалето на тоа гласање беше подобар од Винисиус, чиј клуб во знак на протест ја бојкотираше церемонијата. Во женска конкуренција ФИФА номинираше 16 кандидатки за најдобра фудбалерка во 2024 година, меѓу кои се добитничката на „Златната топка“ Ајтана Бонмати (Барселона), Лорен Хемп (Манчестер Сити), Луси Бронзе (Барселона/Челзи) и Барбара Банда (Орландо). Во категоријата тренер на годината се номинирани Карло Анчелоти (Рел Мадрид), Лионел Скалони (Аргентина), Луис де ла Фуенте (Шпанија), Пеп Гвардиола (Манчестер Сити) и Чаби Алонсо (Баер Леверкузен). Меѓу номинираните за најдобар голман се Андреј Лунин (Реал Мадрид), Давид Раја (Арсенал), Едерсон (Манчестер Сити), Емилијано Мартинез (Астон Вила), Џанлуиџи Донарума (ПСЖ), Мајк Мањан (Милан) и Унај Симон (Атлетико Билбао). Во изборот на годишните награди на ФИФА подеднакво учествуваат навивачите, капитените, селекторите на машките и женските репрезентации, како и новинарите. Гласањето на официјалниот сајт Fifa.com ќе трае до 10 декември на полноќ

The post Кој ќе биде најдобар светски фудбалер според ФИФА? appeared first on Република.

]]>
Претседателот на ФИФА му честиташе на Трамп https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pretsedatelot-na-fifa-mu-chestitashe-na-tramp/ Wed, 06 Nov 2024 15:30:05 +0000 https://republika.mk/?p=834866

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, денеска му ја честиташе на Доналд Трамп победата на претседателските избори во САД.
„Честитки г-дине претседателе. Ќе имаме одлично Светско првенство и одлично Светско клупско првенство на ФИФА во Соединетите Американски Држави. Фудбалот го зближува светот“, напиша Инфантино на својот Инстаграм профил.
Во 2025 година, САД ќе бидат домаќини на Светско клупско првенство, на кое прв пат во историјата ќе учествуваат 32 екипи.
Една година подоцна, САД ќе биде домаќин на Светското првенство за фудбалери заедно со Мексико и Канада.
Трамп денеска објави победа на претседателските избори во САД и враќање во Белата куќа, по првиот мандат од 2017 до 2021 година.

The post Претседателот на ФИФА му честиташе на Трамп appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, денеска му ја честиташе на Доналд Трамп победата на претседателските избори во САД. „Честитки г-дине претседателе. Ќе имаме одлично Светско првенство и одлично Светско клупско првенство на ФИФА во Соединетите Американски Држави. Фудбалот го зближува светот“, напиша Инфантино на својот Инстаграм профил. Во 2025 година, САД ќе бидат домаќини на Светско клупско првенство, на кое прв пат во историјата ќе учествуваат 32 екипи. Една година подоцна, САД ќе биде домаќин на Светското првенство за фудбалери заедно со Мексико и Канада. Трамп денеска објави победа на претседателските избори во САД и враќање во Белата куќа, по првиот мандат од 2017 до 2021 година.

The post Претседателот на ФИФА му честиташе на Трамп appeared first on Република.

]]>
ФИФА во спор со Судот на правдата на Европската унија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/fifa-vo-spor-so-sudot-na-pravdata-na-evropskata-unija/ Fri, 04 Oct 2024 13:15:47 +0000 https://republika.mk/?p=822655

Судот на правдата на Европската унија (ЕУ) денеска пресуди дека одредени правила на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) кои ги регулираат трансферите на играчи меѓу клубовите се во спротивност со законите на ЕУ.

Одлуката доаѓа откако поранешниот француски репрезентативец Ласана Дијара правно ги оспори правилата на ФИФА по спорот со клубот кој датира од пред 10 години.

Дијара тврди дека ограничувањата на ФИФА значат дека тој не може да најде нов клуб откако неговиот договор со Локомотив Москва беше раскинат во 2014 година.

Правилата на ФИФА велат дека ако играчот го раскине договорот без „праведна причина“, играчот и секој клуб што сака да го ангажира се заеднички одговорни за плаќање на отштета на претходниот клуб.

„Тие правила го попречуваат слободното движење на играчите и конкуренцијата меѓу клубовите. Станува збор за такви што го попречуваат слободното движење на професионалните фудбалери“, се вели во соопштението на судот.

Судот додаде дека сегашните правила „наметнуваат значителни правни, финансиски и спортски ризици за играчите и клубовите што сакаат да ги вработат и кои ги попречуваат меѓународните трансфери на играчи“.

Дијара потпиша четиригодишен договор со Локомотив, кој беше раскинат една година подоцна, откако Дијара не беше задоволен од намалувањето на платата.

Локомотива бараше отштета од ФИФА, а Дијара поднесе противтужба, барајќи компензација за неисплатените плати. Судот за спортска арбитража пресуди дека клубот го раскинал договорот со Дијара „од оправдана причина“, а на играчот му беше наложено да плати отштета од 10,5 милиони евра.

The post ФИФА во спор со Судот на правдата на Европската унија appeared first on Република.

]]>

Судот на правдата на Европската унија (ЕУ) денеска пресуди дека одредени правила на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) кои ги регулираат трансферите на играчи меѓу клубовите се во спротивност со законите на ЕУ. Одлуката доаѓа откако поранешниот француски репрезентативец Ласана Дијара правно ги оспори правилата на ФИФА по спорот со клубот кој датира од пред 10 години. Дијара тврди дека ограничувањата на ФИФА значат дека тој не може да најде нов клуб откако неговиот договор со Локомотив Москва беше раскинат во 2014 година. Правилата на ФИФА велат дека ако играчот го раскине договорот без „праведна причина“, играчот и секој клуб што сака да го ангажира се заеднички одговорни за плаќање на отштета на претходниот клуб.
„Тие правила го попречуваат слободното движење на играчите и конкуренцијата меѓу клубовите. Станува збор за такви што го попречуваат слободното движење на професионалните фудбалери“, се вели во соопштението на судот.
Судот додаде дека сегашните правила „наметнуваат значителни правни, финансиски и спортски ризици за играчите и клубовите што сакаат да ги вработат и кои ги попречуваат меѓународните трансфери на играчи“. Дијара потпиша четиригодишен договор со Локомотив, кој беше раскинат една година подоцна, откако Дијара не беше задоволен од намалувањето на платата. Локомотива бараше отштета од ФИФА, а Дијара поднесе противтужба, барајќи компензација за неисплатените плати. Судот за спортска арбитража пресуди дека клубот го раскинал договорот со Дијара „од оправдана причина“, а на играчот му беше наложено да плати отштета од 10,5 милиони евра.

The post ФИФА во спор со Судот на правдата на Европската унија appeared first on Република.

]]>
ФИФА гo одреди домаќинот и стадионите на Светското клупско првенство со 32 екипи https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/fifa-go-odredi-domakinot-i-stadionite-na-svetskoto-klupsko-prvenstvo-so-32-ekipi/ Sun, 29 Sep 2024 11:15:49 +0000 https://republika.mk/?p=820709

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги дефинираше локациите, односно стадионите на кои ќе се играат натпреварите на првото издание на Светското клупско првенство во формат со 32 екипи.

Претставници на сите континенти ќе учествуваат на клупскиот мундијал во Соединетите Американски Држави во текот на следното лето (2025 година), а финалето ќе се игра на „МетЛајф“ стадионот во Њу Џерси.

Покрај во Њу Џерси, клубовите ќе играат и во Атланта, Шарлот, Синсинати, Лос Анџелес, Мајами, Нешвил, Орландо, Филаделфија, Сиетл и Вашингтон, а турнирот е закажан во периодот меѓу 15. јуни и 13. јули.

При одредувањето на градовите домаќини, ФИФА морала да внимава и на преклопувањето со КОНКАКАФ Голд купот, кој ќе се игра речиси истовремено во САД и Канада.

Од американска страна, градовите домаќини се концентрирани на западниот брег, па затоа и за Светското клупско првенство доминираат градови од источниот брег. Сиетл создава логистички проблеми за ФИФА, но морало да биде вклучен поради фактот што има свој претставник на турнирот.

Ждрепката за осумте групи со по четири клубови ќе биде реализирана во декември, а досега се познати 30 учесници, со што останува да биде одреден по уште еден претставник на САД и Јужна Америка.

Претставници на Европа ќе бидат Челси, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Баерн Минхен, ПСЖ, Интер, Порто, Бенфика, Борусија Дортмунд, Јувентус, Атлетико Мадрид и Салцбург.

The post ФИФА гo одреди домаќинот и стадионите на Светското клупско првенство со 32 екипи appeared first on Република.

]]>

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги дефинираше локациите, односно стадионите на кои ќе се играат натпреварите на првото издание на Светското клупско првенство во формат со 32 екипи. Претставници на сите континенти ќе учествуваат на клупскиот мундијал во Соединетите Американски Држави во текот на следното лето (2025 година), а финалето ќе се игра на „МетЛајф“ стадионот во Њу Џерси. Покрај во Њу Џерси, клубовите ќе играат и во Атланта, Шарлот, Синсинати, Лос Анџелес, Мајами, Нешвил, Орландо, Филаделфија, Сиетл и Вашингтон, а турнирот е закажан во периодот меѓу 15. јуни и 13. јули. При одредувањето на градовите домаќини, ФИФА морала да внимава и на преклопувањето со КОНКАКАФ Голд купот, кој ќе се игра речиси истовремено во САД и Канада. Од американска страна, градовите домаќини се концентрирани на западниот брег, па затоа и за Светското клупско првенство доминираат градови од источниот брег. Сиетл создава логистички проблеми за ФИФА, но морало да биде вклучен поради фактот што има свој претставник на турнирот. Ждрепката за осумте групи со по четири клубови ќе биде реализирана во декември, а досега се познати 30 учесници, со што останува да биде одреден по уште еден претставник на САД и Јужна Америка. Претставници на Европа ќе бидат Челси, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Баерн Минхен, ПСЖ, Интер, Порто, Бенфика, Борусија Дортмунд, Јувентус, Атлетико Мадрид и Салцбург.

The post ФИФА гo одреди домаќинот и стадионите на Светското клупско првенство со 32 екипи appeared first on Република.

]]>
ФИФА повторно ја одложи својата одлука по жалбата на Палестина за протерување на израелските тимови од меѓународните турнири https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/fifa-povtorno-ja-odlozhi-svojata-odluka-po-zhalbata-na-palestina-za-proteruvane-na-izraelskite-timovi-od-megunarodnite-turniri/ Sun, 01 Sep 2024 16:10:02 +0000 https://republika.mk/?p=812058

Светската фудбалска федерација (ФИФА) повторно го одложи разгледувањето на жалбата на Палестина, која бараше повлекување на екипи од Израел - клупски и репрезентативни, поради воените дејствија во Појасот Газа.

Тоа е втор палестински предлог на оваа тема и беше поднесен во петокот, но ФИФА објасни дека ова прашање повторно ќе се разговара во октомври. И првиот предлог за отстранување на Израел беше поднесен во мај, при што ФИФА нареди итна правна проценка и вети дека ќе го разгледа на итен состанок на советот во јули. Тогаш тоа не се одржа, а датумот беше презакажан за 31 август. А вчера, сепак, немаше никакво поместување.

-ФИФА ја доби независната правна оценка за предлозите на Палестинската фудбалска асоцијација против Израел. Оваа оценка ќе биде испратена до Советот на ФИФА за да може да се дискутира на следната средба, која ќе се одржи во октомври, соопшти централата во Цирих во специјалното соопштение за медиумите.

ФИФА одби да даде повеќе детали за проценката, како на што ќе се базира и кој ја подготвува, како и кога во октомври ќе се одржи состанокот.

The post ФИФА повторно ја одложи својата одлука по жалбата на Палестина за протерување на израелските тимови од меѓународните турнири appeared first on Република.

]]>

Светската фудбалска федерација (ФИФА) повторно го одложи разгледувањето на жалбата на Палестина, која бараше повлекување на екипи од Израел - клупски и репрезентативни, поради воените дејствија во Појасот Газа. Тоа е втор палестински предлог на оваа тема и беше поднесен во петокот, но ФИФА објасни дека ова прашање повторно ќе се разговара во октомври. И првиот предлог за отстранување на Израел беше поднесен во мај, при што ФИФА нареди итна правна проценка и вети дека ќе го разгледа на итен состанок на советот во јули. Тогаш тоа не се одржа, а датумот беше презакажан за 31 август. А вчера, сепак, немаше никакво поместување. -ФИФА ја доби независната правна оценка за предлозите на Палестинската фудбалска асоцијација против Израел. Оваа оценка ќе биде испратена до Советот на ФИФА за да може да се дискутира на следната средба, која ќе се одржи во октомври, соопшти централата во Цирих во специјалното соопштение за медиумите. ФИФА одби да даде повеќе детали за проценката, како на што ќе се базира и кој ја подготвува, како и кога во октомври ќе се одржи состанокот.

The post ФИФА повторно ја одложи својата одлука по жалбата на Палестина за протерување на израелските тимови од меѓународните турнири appeared first on Република.

]]>
На ФИФА не и се слуша за суспензија на Израел https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/na-fifa-ne-i-se-slusha-za-suspenzija-na-izrael/ Sat, 20 Jul 2024 09:02:55 +0000 https://republika.mk/?p=798687

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја одложи одлуката за суспензија на Израел. Палестина испрати барање за суспензија на оваа земја, но ФИФА таа одлука ќе ја донесе дури по Олимписките игри во Париз.

ФИФА објави дека двете страни побарале повеќе време за да подготват одбрана на своите позиции.

Палестинскиот фудбалски сојуз уште во мај испрати барање и побара Израел да биде суспендиран од сите натпреварувања поради конфликтот што моментално се случува меѓу овие две земји.

-По барањето за продолжување од двете страни, кое беше одобрено од ФИФА, потребно е повеќе време за да се заврши овој процес со должно внимание и комплетност, соопшти ФИФА, додавајќи дека одлуката ќе биде позната до 31 август.

Олимписките игри во Париз почнуваат на 26 јули, а завршуваат на 11 август. Фудбалската репрезентација на Израел обезбеди учество во машка конкуренција на најголемиот светски спортски настан

The post На ФИФА не и се слуша за суспензија на Израел appeared first on Република.

]]>

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја одложи одлуката за суспензија на Израел. Палестина испрати барање за суспензија на оваа земја, но ФИФА таа одлука ќе ја донесе дури по Олимписките игри во Париз. ФИФА објави дека двете страни побарале повеќе време за да подготват одбрана на своите позиции. Палестинскиот фудбалски сојуз уште во мај испрати барање и побара Израел да биде суспендиран од сите натпреварувања поради конфликтот што моментално се случува меѓу овие две земји. -По барањето за продолжување од двете страни, кое беше одобрено од ФИФА, потребно е повеќе време за да се заврши овој процес со должно внимание и комплетност, соопшти ФИФА, додавајќи дека одлуката ќе биде позната до 31 август. Олимписките игри во Париз почнуваат на 26 јули, а завршуваат на 11 август. Фудбалската репрезентација на Израел обезбеди учество во машка конкуренција на најголемиот светски спортски настан

The post На ФИФА не и се слуша за суспензија на Израел appeared first on Република.

]]>
И многу фудбал не е на арно: ФИФА се соочува со тужба поради премногу натпревари https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/i-mnogu-fudbal-ne-e-na-arno-fifa-se-soochuva-so-tuzhba-poradi-premnogu-natprevari/ Fri, 10 May 2024 09:32:05 +0000 https://republika.mk/?p=776682

Светската фудбалска федерација (ФИФА) е повикана да ги преразгледа плановите за организација на Светското клупско првенство со 32 екипи на крајот на следната сезона или во спротивно ќе се соочи со правна постапка од страна на синдикатот на играчи ФИФПРО и Асоцијацијата на светските лиги.

Сите три европски клупски натпреварувања ќе бидат проширени со по 36 екипи од следната сезона,а дополнително, од 15 јуни до 13 јули 2024 година во САД ќе се одржи и Светското клупско првенство на ФИФА со 32 екипи.

Меѓународната федерација на професионални фудбалери (ФИФПРО) и Асоцијацијата на светските лиги изразија загриженост за проширените натпреварувања во писмо упатено до претседателот и до генералниот секретар на ФИФА, Џани Инфантино и Матијас Графстром, пренесува денеска Би-Би-Си.

Во писмото се вели дека таквиот распоред „ги загрозува националните лиги и влијае на здравјето и благосостојбата на играчите“.

Двете здруженија имаат намера да ги поднесат своите прашања до Советот на ФИФА на состанокот закажан за 17 мај во Бангкок.

Доколку ФИФА одбие да се заложи за решавање на проблемот, двете здруженија најавија дека ќе се советуваат со своите членови околу натамошните опции, не исклучувајќи притоа и преземање правни мерки против ФИФА.

The post И многу фудбал не е на арно: ФИФА се соочува со тужба поради премногу натпревари appeared first on Република.

]]>

Светската фудбалска федерација (ФИФА) е повикана да ги преразгледа плановите за организација на Светското клупско првенство со 32 екипи на крајот на следната сезона или во спротивно ќе се соочи со правна постапка од страна на синдикатот на играчи ФИФПРО и Асоцијацијата на светските лиги. Сите три европски клупски натпреварувања ќе бидат проширени со по 36 екипи од следната сезона,а дополнително, од 15 јуни до 13 јули 2024 година во САД ќе се одржи и Светското клупско првенство на ФИФА со 32 екипи. Меѓународната федерација на професионални фудбалери (ФИФПРО) и Асоцијацијата на светските лиги изразија загриженост за проширените натпреварувања во писмо упатено до претседателот и до генералниот секретар на ФИФА, Џани Инфантино и Матијас Графстром, пренесува денеска Би-Би-Си.
Во писмото се вели дека таквиот распоред „ги загрозува националните лиги и влијае на здравјето и благосостојбата на играчите“.
Двете здруженија имаат намера да ги поднесат своите прашања до Советот на ФИФА на состанокот закажан за 17 мај во Бангкок. Доколку ФИФА одбие да се заложи за решавање на проблемот, двете здруженија најавија дека ќе се советуваат со своите членови околу натамошните опции, не исклучувајќи притоа и преземање правни мерки против ФИФА.

The post И многу фудбал не е на арно: ФИФА се соочува со тужба поради премногу натпревари appeared first on Република.

]]>
Парите можат чуда да напрват: ФИФА може да дозволи странски клубови да играат официјални натпревари во САД https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/parite-mozhat-chuda-da-naprvat-fifa-mozhe-da-dozvoli-stranski-klubovi-da-igraat-ofitsijalni-natprevari-vo-sad/ Tue, 09 Apr 2024 13:38:53 +0000 https://republika.mk/?p=764316

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и американската спортска медиумска компанија „Релевент“ се договорија да ја прекинат правната битка околу забраната на големите европски фудбалски лиги и клубови да играат официјални натпревари во САД. Ова го пишува весникот „Фајненшл тајмс“.

- Преместувањето на официјалните натпревари од Европа во Соединетите Држави е возбудлив предлог, но тој мора да биде внимателен и соработувачки, соопшти „Relevent“.

Изворот вели дека ФИФА ја разгледува можноста „да направи промени во своите правила во врска со тоа дали натпреварите може да се играат надвор од домашната територија на лигата“.

Европските врвни клубови често играат пријателски и ревијални натпревари во Америка, но тие не можат да одржуваат официјални сезонски натпревари во земјата. 

The post Парите можат чуда да напрват: ФИФА може да дозволи странски клубови да играат официјални натпревари во САД appeared first on Република.

]]>

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и американската спортска медиумска компанија „Релевент“ се договорија да ја прекинат правната битка околу забраната на големите европски фудбалски лиги и клубови да играат официјални натпревари во САД. Ова го пишува весникот „Фајненшл тајмс“.
- Преместувањето на официјалните натпревари од Европа во Соединетите Држави е возбудлив предлог, но тој мора да биде внимателен и соработувачки, соопшти „Relevent“.
Изворот вели дека ФИФА ја разгледува можноста „да направи промени во своите правила во врска со тоа дали натпреварите може да се играат надвор од домашната територија на лигата“. Европските врвни клубови често играат пријателски и ревијални натпревари во Америка, но тие не можат да одржуваат официјални сезонски натпревари во земјата. 

The post Парите можат чуда да напрват: ФИФА може да дозволи странски клубови да играат официјални натпревари во САД appeared first on Република.

]]>
Поради бакнежот Рубиалес се соочува и со затворска казна од две и пол години https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/poradi-baknezhot-rubiales-se-soochuva-i-so-zatvorska-kazna-od-dve-i-pol-godini/ Wed, 27 Mar 2024 17:02:46 +0000 https://republika.mk/?p=759464

Обвинителството во Мадрид побара денеска казна затвор од две и пол години за поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Шпанија Луис Рубиалес, кому во октомври лани ФИФА му изрече тригодишната забрана за вршење функции во фудбалот.

Рубиалес е обвинет за сексуален напад и изнуда откако без нејзина согласност ја бакна в уста шпанската репрезентативка Џенифер Ермосо (33).

Инцидентот се случи во август минатата година на доделувањето на златните медали по финалето на Светско првенство во кое Шпанија ја совлада Англија со 1-0.

The post Поради бакнежот Рубиалес се соочува и со затворска казна од две и пол години appeared first on Република.

]]>

Обвинителството во Мадрид побара денеска казна затвор од две и пол години за поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Шпанија Луис Рубиалес, кому во октомври лани ФИФА му изрече тригодишната забрана за вршење функции во фудбалот. Рубиалес е обвинет за сексуален напад и изнуда откако без нејзина согласност ја бакна в уста шпанската репрезентативка Џенифер Ермосо (33). Инцидентот се случи во август минатата година на доделувањето на златните медали по финалето на Светско првенство во кое Шпанија ја совлада Англија со 1-0.

The post Поради бакнежот Рубиалес се соочува и со затворска казна од две и пол години appeared first on Република.

]]>
ФИФА нема да воведува син картон, засега https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/fifa-nema-da-voveduva-sin-karton-zasega/ Fri, 09 Feb 2024 17:42:55 +0000 https://republika.mk/?p=742125

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) одговори на шпекулациите за воведување на син картон.

- ФИФА би сакала јасно да стави до знаење дека извештаите за таканаречениот син картон на врвните фудбалски нивоа се неточни и предвремени. Секое такво тестирање, доколку се спроведе, треба да се ограничи на одговорно тестирање на пониски нивоа. ФИФА ќе се придржува до овој став кога ќе разговара за ова прашање на годишното генерално собрание на ИФАБ на 2 март, се вели во соопштението на организацијата.

Во британските медиуми вчера се појавија информации дека од следната сезона на фудбалските натпревари ќе биде воведен син картон. Фудбалерот кој ќе добие син картон ќе биде надвор од игра десет минути поради груб прекршок или несоодветно однесување и потоа се враќа во игра.

Досега на официјалните натпревари под покровителство на ФИФА се користат само жолти и црвени картони.

The post ФИФА нема да воведува син картон, засега appeared first on Република.

]]>

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) одговори на шпекулациите за воведување на син картон.
- ФИФА би сакала јасно да стави до знаење дека извештаите за таканаречениот син картон на врвните фудбалски нивоа се неточни и предвремени. Секое такво тестирање, доколку се спроведе, треба да се ограничи на одговорно тестирање на пониски нивоа. ФИФА ќе се придржува до овој став кога ќе разговара за ова прашање на годишното генерално собрание на ИФАБ на 2 март, се вели во соопштението на организацијата.
Во британските медиуми вчера се појавија информации дека од следната сезона на фудбалските натпревари ќе биде воведен син картон. Фудбалерот кој ќе добие син картон ќе биде надвор од игра десет минути поради груб прекршок или несоодветно однесување и потоа се враќа во игра. Досега на официјалните натпревари под покровителство на ФИФА се користат само жолти и црвени картони.

The post ФИФА нема да воведува син картон, засега appeared first on Република.

]]>
Светските клубови лани потрошиле колку два македонски буџети https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/svetskite-klubovi-lani-potroshile-kolku-dva-makedonski-budheti/ Tue, 30 Jan 2024 20:54:46 +0000 https://republika.mk/?p=738774

Фудбалските клубови низ светот потрошиле рекордни 9.63 милијарди долари на меѓународни трансфери во 2023 година, што е зголемување за речиси 50 отсто во споредба со 2022 година.

Ова го покажува глобалниот извештај за трансфери што денеска го објави Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), истакнувајќи дека лани се реализирани рекордни 74.836 трансфери. Од оваа бројка, 23.689 (31.7 отсто) од трансферите се однесуваат на професионални фудбалери и фудбалерки, додека преостанатите 51.147 трансфери биле поврзани со аматерскиот фудбал.

Вкупниот потрошен износ на трансфери минатата година е за 48.1 отсто повеќе во споредба со 2022, а за две милијарди долари повеќе споредено со 2019 година.

На врват на листата повторно се англиските клубови кои лани на трансфери потрошиле 2.96 милијарди долари.

Француските клубови потрошиле 991 милиони долари, германските 850 милиони долари, италијанските 757, а шпанските 469 милиони долари, покажува извештајот на ФИФА

The post Светските клубови лани потрошиле колку два македонски буџети appeared first on Република.

]]>

Фудбалските клубови низ светот потрошиле рекордни 9.63 милијарди долари на меѓународни трансфери во 2023 година, што е зголемување за речиси 50 отсто во споредба со 2022 година. Ова го покажува глобалниот извештај за трансфери што денеска го објави Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), истакнувајќи дека лани се реализирани рекордни 74.836 трансфери. Од оваа бројка, 23.689 (31.7 отсто) од трансферите се однесуваат на професионални фудбалери и фудбалерки, додека преостанатите 51.147 трансфери биле поврзани со аматерскиот фудбал. Вкупниот потрошен износ на трансфери минатата година е за 48.1 отсто повеќе во споредба со 2022, а за две милијарди долари повеќе споредено со 2019 година. На врват на листата повторно се англиските клубови кои лани на трансфери потрошиле 2.96 милијарди долари. Француските клубови потрошиле 991 милиони долари, германските 850 милиони долари, италијанските 757, а шпанските 469 милиони долари, покажува извештајот на ФИФА

The post Светските клубови лани потрошиле колку два македонски буџети appeared first on Република.

]]>
ФИФА поведе дисциплински постапки против Бразил и Аргентина https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/fifa-povede-distsiplinski-postapki-protiv-brazil-i-argentina/ Sat, 25 Nov 2023 12:45:04 +0000 https://republika.mk/?p=716141

Светската фудбалска федерација (ФИФА) отвори дисциплински постапки против Аргентина и Бразил по навивачките инциденти што се случија пред почетокот на дуелот меѓу двете јужноамерикански селекции во квалификациите за Светското првенство 2026.

Натпреварот се одигра во средата на „Маракана“ во Рио де Женеиро, а физичката пресметка меѓу навивачите на двете репрезентации почна по интонирањето на химните. Екипите се вратија во соблекувалните, а натпреварот почна со задоцнување од 27 минути.

Аргентинската фудбалска федерација се товари за навивачки инциденти и доцнење на почетокот на натпреварот, во кој аргентинските фудбалери триумфираа со 1-0.

Бразилската фудбалска федерација е обвинета за пропусти во организација на натпреварот, соопшти ФИФА.

The post ФИФА поведе дисциплински постапки против Бразил и Аргентина appeared first on Република.

]]>

Светската фудбалска федерација (ФИФА) отвори дисциплински постапки против Аргентина и Бразил по навивачките инциденти што се случија пред почетокот на дуелот меѓу двете јужноамерикански селекции во квалификациите за Светското првенство 2026. Натпреварот се одигра во средата на „Маракана“ во Рио де Женеиро, а физичката пресметка меѓу навивачите на двете репрезентации почна по интонирањето на химните. Екипите се вратија во соблекувалните, а натпреварот почна со задоцнување од 27 минути. Аргентинската фудбалска федерација се товари за навивачки инциденти и доцнење на почетокот на натпреварот, во кој аргентинските фудбалери триумфираа со 1-0. Бразилската фудбалска федерација е обвинета за пропусти во организација на натпреварот, соопшти ФИФА.

The post ФИФА поведе дисциплински постапки против Бразил и Аргентина appeared first on Република.

]]>
Се проверува јавниот транспорт, стадионите, приоритетните услуги и одржувањето на терените: ФИФА во обиколка на градовите домаќини на СП 2026 https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/se-proveruva-javniot-transport-stadionite-prioritetnite-uslugi-i-odrzhuvaneto-na-terenite-fifa-vo-obikolka-na-gradovite-domakini-na-sp-2026/ Sat, 23 Sep 2023 19:48:57 +0000 https://republika.mk/?p=684473

Претставници на ФИФА и на Организацискиот одбор на Светското првенство во 2026 година, задолжени за клучните оперативни подрачја, почнаа со посети на градовите домаќини на натпреварите од Мундијалот.

Прва станица на нивната турнеја беше Мајами, а во план е обиколка на сите 16 градови домаќини на Мундијалот кој во 2026 година заедно ќе го организираат САД, Канада и Мексико.

Како што јави шпанската новинска агенција ЕФЕ, во фокусот на претставниците на ФИФА на претстојните посети ќе бидат прашањата поврзани со јавниот транспорт, управувањето со стадионите, приоритетните услуги и одржувањето на терените.

Обиколката на градовите домаќини ќе биде поделена во два дела, а за неколку недели ќе заврши со посета на Ванкувер.

На Мундијалот 2026, првпат во историјата, ќе настапат 48 репрезентации, а ќе бидат одиграни рекордни 104 натпревари.

The post Се проверува јавниот транспорт, стадионите, приоритетните услуги и одржувањето на терените: ФИФА во обиколка на градовите домаќини на СП 2026 appeared first on Република.

]]>

Претставници на ФИФА и на Организацискиот одбор на Светското првенство во 2026 година, задолжени за клучните оперативни подрачја, почнаа со посети на градовите домаќини на натпреварите од Мундијалот. Прва станица на нивната турнеја беше Мајами, а во план е обиколка на сите 16 градови домаќини на Мундијалот кој во 2026 година заедно ќе го организираат САД, Канада и Мексико. Како што јави шпанската новинска агенција ЕФЕ, во фокусот на претставниците на ФИФА на претстојните посети ќе бидат прашањата поврзани со јавниот транспорт, управувањето со стадионите, приоритетните услуги и одржувањето на терените. Обиколката на градовите домаќини ќе биде поделена во два дела, а за неколку недели ќе заврши со посета на Ванкувер. На Мундијалот 2026, првпат во историјата, ќе настапат 48 репрезентации, а ќе бидат одиграни рекордни 104 натпревари.

The post Се проверува јавниот транспорт, стадионите, приоритетните услуги и одржувањето на терените: ФИФА во обиколка на градовите домаќини на СП 2026 appeared first on Република.

]]>
„ЕА спортс“ прави нова фудбалска видеоигра како замена за ФИФА https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ea-sports-pravi-nova-fudbalska-videoigra-kako-zamena-za-fifa/ Fri, 14 Jul 2023 14:31:04 +0000 https://republika.mk/?p=661428

Доаѓа нова ера за познатата фудбалска симулација на видеоигрите на „Електроник артс“ (ЕА), па првото издание од новиот серијал, наречен „ЕА спортс ФЦ 24“ ќе биде пуштено во продажба на 29 септември. Новата видеоигра ќе биде наменета за конзолите „Плејстејшн 4“ и „5“, „Икс-бокс уан“, како и сериите „Икс“ и „С“, „Нинтендо свич“, а ќе има и опција за играње на компјутер.

Гласините велат цените на видеоиграта ќе се движат од 60 до 80 долари.

Долгогодишното партнерство помеѓу „ЕА“ и Светската фудбалска организација - ФИФА заврши по објавувањето на видеоиграта „ФИФА 23“.

Инаку „EA“ склучи договор со бројни светски лиги и организации за да ја одржи симулацијата што пореална и поверодостојна. Дел од тоа се над 19.000 вистински фудбалери, над 30 лиги и повеќе од 100 стадиони. Новата верзија ќе добие и две нови женски лиги - шпанската Лига Ф и германската Фраунен-Бундеслига, двете највисоки нивоа на женскиот фудбал во Шпанија и Германија.

The post „ЕА спортс“ прави нова фудбалска видеоигра како замена за ФИФА appeared first on Република.

]]>

Доаѓа нова ера за познатата фудбалска симулација на видеоигрите на „Електроник артс“ (ЕА), па првото издание од новиот серијал, наречен „ЕА спортс ФЦ 24“ ќе биде пуштено во продажба на 29 септември. Новата видеоигра ќе биде наменета за конзолите „Плејстејшн 4“ и „5“, „Икс-бокс уан“, како и сериите „Икс“ и „С“, „Нинтендо свич“, а ќе има и опција за играње на компјутер. Гласините велат цените на видеоиграта ќе се движат од 60 до 80 долари. Долгогодишното партнерство помеѓу „ЕА“ и Светската фудбалска организација - ФИФА заврши по објавувањето на видеоиграта „ФИФА 23“. Инаку „EA“ склучи договор со бројни светски лиги и организации за да ја одржи симулацијата што пореална и поверодостојна. Дел од тоа се над 19.000 вистински фудбалери, над 30 лиги и повеќе од 100 стадиони. Новата верзија ќе добие и две нови женски лиги - шпанската Лига Ф и германската Фраунен-Бундеслига, двете највисоки нивоа на женскиот фудбал во Шпанија и Германија.

The post „ЕА спортс“ прави нова фудбалска видеоигра како замена за ФИФА appeared first on Република.

]]>
Кардиф ќе мора да ја исплати целата сума за Емилијано Сала, одлучи ФИФА https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/kardif-ke-mora-da-ja-isplati-tselata-suma-za-emilijano-sala-odluchi-fifa/ Sun, 02 Jul 2023 17:20:15 +0000 https://republika.mk/?p=657502

Кардиф Сити, кој моментално игра во Чемпионшип, ќе мора да ја плати целосната сума за трансфер на францускиот Нант за правата на Емилијано Сала. Така одлучи ФИФА.

Понудата е на маса: Саудијците сакаат да го предомислат…

Сала почина трагично во јануари 2019 година, само неколку часа откако се пресели од Нант во Кардиф, кој во тоа време играше во Премиер лигата. 28-годишниот Аргентинец беше жртва на авионска несреќа над Ла Манш кога авионот што требаше да го однесе од Нант до Кардиф го зафати невреме и падна. Ова доведе до низа судски процеси меѓу двата фудбалски клуба за тоа дали треба да се плати трансферната сума од 15 милиони фунти.

Во август минатата година, Судот за спортска арбитража во Лозана пресуди дека Кардиф мора да плати 6 милиони евра на Нант, но ФИФА донесе нова одлука и го обврзува Кардиф да го плати остатокот од сумата.

The post Кардиф ќе мора да ја исплати целата сума за Емилијано Сала, одлучи ФИФА appeared first on Република.

]]>

Кардиф Сити, кој моментално игра во Чемпионшип, ќе мора да ја плати целосната сума за трансфер на францускиот Нант за правата на Емилијано Сала. Така одлучи ФИФА. Понудата е на маса: Саудијците сакаат да го предомислат… Сала почина трагично во јануари 2019 година, само неколку часа откако се пресели од Нант во Кардиф, кој во тоа време играше во Премиер лигата. 28-годишниот Аргентинец беше жртва на авионска несреќа над Ла Манш кога авионот што требаше да го однесе од Нант до Кардиф го зафати невреме и падна. Ова доведе до низа судски процеси меѓу двата фудбалски клуба за тоа дали треба да се плати трансферната сума од 15 милиони фунти. Во август минатата година, Судот за спортска арбитража во Лозана пресуди дека Кардиф мора да плати 6 милиони евра на Нант, но ФИФА донесе нова одлука и го обврзува Кардиф да го плати остатокот од сумата.

The post Кардиф ќе мора да ја исплати целата сума за Емилијано Сала, одлучи ФИФА appeared first on Република.

]]>
Следното Светско првенство ќе трае месец и половина и ќе се играат 104 натпревари https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/slednoto-svetsko-prvenstvo-ke-trae-mesets-i-polovina-i-ke-igraat-104-natprevari/ Tue, 14 Mar 2023 13:59:05 +0000 https://republika.mk/?p=619594

 Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) одлучи за форматот на Мундијалот во 2026 година. Ќе има 12 групи по 4 селекции и 104 натпревари во 39 дена.

ФИФА во четврток, на 16 март, има намера да го одобри новиот формат за Светското првенство во 2026 година.

Според „The ​​Athletic“, првично беше планирано да се поделат тимовите во 16 групи од 3 тима. Сепак, ФИФА реши да се откаже од оваа идеја за формат со 12 групи од по 4 тима, а во плејофот ќе се пласираат најдобрите осум третопласирани екипи, како и сите екипи кои завршуваат на првото и на второто место.

Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Натпреварите ќе се одржат во 16 градови. Ова Светско првенство ќе биде најдолго во историјата: ќе трае 39 дена, во кои ќе бидат вклучени 104 натпревари

The post Следното Светско првенство ќе трае месец и половина и ќе се играат 104 натпревари appeared first on Република.

]]>

 Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) одлучи за форматот на Мундијалот во 2026 година. Ќе има 12 групи по 4 селекции и 104 натпревари во 39 дена.

ФИФА во четврток, на 16 март, има намера да го одобри новиот формат за Светското првенство во 2026 година.

Според „The ​​Athletic“, првично беше планирано да се поделат тимовите во 16 групи од 3 тима. Сепак, ФИФА реши да се откаже од оваа идеја за формат со 12 групи од по 4 тима, а во плејофот ќе се пласираат најдобрите осум третопласирани екипи, како и сите екипи кои завршуваат на првото и на второто место.

Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Натпреварите ќе се одржат во 16 градови. Ова Светско првенство ќе биде најдолго во историјата: ќе трае 39 дена, во кои ќе бидат вклучени 104 натпревари

The post Следното Светско првенство ќе трае месец и половина и ќе се играат 104 натпревари appeared first on Република.

]]>
Газдата на Наполи распали по ФИФА: Украдоа милијарди и никој не ги контролира https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/gazdata-na-napoli-raspali-po-fifa-ukradoa-milijardi-i-nikoj-ne-gi-kontrolira/ Tue, 07 Mar 2023 10:33:54 +0000 https://republika.mk/?p=616792

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис ја обвини Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) за корупција.

 

- Зошто договорите треба да бидат на пет години? Зошто не можам да склучам осумгодишен договор? По неколку години, ако некој фудбалер го смени агентот, а новиот уште не заработил, почнува да бара зголемување на платата. Дали сте виделе што прави ФИФА во последните години? Тие украдоа милијарди, остануваат во Швајцарија - надвор од која било европска јурисдикција и никој не ги контролира, изјави Де Лаурентис за „Кориере дело Спорт“.

 

Наполи е на врвот на табелата во италијанската Серија А со 65 бодови од 25 натпревари.

The post Газдата на Наполи распали по ФИФА: Украдоа милијарди и никој не ги контролира appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис ја обвини Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) за корупција.  
- Зошто договорите треба да бидат на пет години? Зошто не можам да склучам осумгодишен договор? По неколку години, ако некој фудбалер го смени агентот, а новиот уште не заработил, почнува да бара зголемување на платата. Дали сте виделе што прави ФИФА во последните години? Тие украдоа милијарди, остануваат во Швајцарија - надвор од која било европска јурисдикција и никој не ги контролира, изјави Де Лаурентис за „Кориере дело Спорт“.
  Наполи е на врвот на табелата во италијанската Серија А со 65 бодови од 25 натпревари.

The post Газдата на Наполи распали по ФИФА: Украдоа милијарди и никој не ги контролира appeared first on Република.

]]>
ФИФА го избра идеалниот тим за 2022 година https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/fifa-go-izbra-idealniot-tim-za-2022-godina/ Tue, 28 Feb 2023 07:53:10 +0000 https://republika.mk/?p=613990

Светската фудбалска федерација (ФИФА) на синоќешната церемонија „The Best“ го претстави идеалниот тим за 2022 година.

Во изборот на ФИФА се најдоа:

Голман: Тибо Куртоа (Реал Мадрид)

Одбрана: Жоао Кансело (Манчестер сити/Баерн), Вирџил ван Дијк (Ливерпул), Ашраф Хакими (ПСЖ);

Играчи од средниот ред: Касемиро (Реал Мадрид/Манчестер јунајтед), Кевин де Брујн (Манчестер сити), Лука Модриќ (Реал Мадрид)

Напаѓачи: Лионел Меси (ПСЖ), Ерлинг Халанд (Манчестер сити/Борусија Дортмунд), Карим Бензема (Реал Мадрид), Килијан Мбапе (ПСЖ).

The post ФИФА го избра идеалниот тим за 2022 година appeared first on Република.

]]>

Светската фудбалска федерација (ФИФА) на синоќешната церемонија „The Best“ го претстави идеалниот тим за 2022 година. Во изборот на ФИФА се најдоа: Голман: Тибо Куртоа (Реал Мадрид) Одбрана: Жоао Кансело (Манчестер сити/Баерн), Вирџил ван Дијк (Ливерпул), Ашраф Хакими (ПСЖ); Играчи од средниот ред: Касемиро (Реал Мадрид/Манчестер јунајтед), Кевин де Брујн (Манчестер сити), Лука Модриќ (Реал Мадрид) Напаѓачи: Лионел Меси (ПСЖ), Ерлинг Халанд (Манчестер сити/Борусија Дортмунд), Карим Бензема (Реал Мадрид), Килијан Мбапе (ПСЖ).

The post ФИФА го избра идеалниот тим за 2022 година appeared first on Република.

]]>
Зеленски лут на ФИФА – не му дозволи да се обрати пред вечерашното финале во Катар https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-lut-na-fifa-ne-mu-dozvoli-da-se-obrati-pred-vecherashnoto-finale-vo-katar/ Sun, 18 Dec 2022 10:31:59 +0000 https://republika.mk/?p=587149

ФИФА не му дозволи на украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видео-порака да се обрати пред денешното финале на Светското првенство во фудбал во Катар. Неговата администрација критикуваше ФИФА дека одбила да покаже видео порака од претседателот на стадионот Лусаил.

Видеото, кое е снимено на англиски, имало за цел да биде „повик за мир“, се вели во писмената изјава за Си-Ен-Ен во саботата од претседателскиот кабинет на Украина.

„Катар ја поддржа иницијативата на претседателот, но ФИФА ја блокираше иницијативата и нема да дозволи видео-обраќањето на претседателот да биде прикажано пред финалниот натпревар“, се вели во соопштението.

Претседателската канцеларија на Украина, исто така, соопшти дека сама ќе ја објави видео-адресата доколку ФИФА не ја емитува, и рече дека нивната одлука да го блокираат ќе покаже дека „ФИФА го изгубила своето драгоцено разбирање за фудбалот – како игра што ги обединува нациите, наместо поддршка на постоечките поделби“.

Светското раководно тело на фудбалот ФИФА направи се за да ги задржи политичките пораки надвор од својот репрезентативен турнир во Катар, првата земја од Блискиот Исток која некогаш била домаќин на настанот, пренесува SPORTM.mk

Во снимката испратена до Си-Ен-Ен, Зеленски вели дека фудбалот треба да го обедини светот и повикува на „Светско првенство, но не и светска војна“.

„Ова Светско првенство уште еднаш докажа дека различни земји и националности можат да одлучат кој е најсилен во фер играта, но не во играта со оган, на зелениот терен, не на црвеното бојно поле“, вели претседателот на Украина во видеото.

Украинскиот претседателски кабинет изјави за Си-Ен-Ен дека била информирана дека ФИФА ја сметала пораката премногу политичка и соопшти дека во петокот испратила копија од текстот на обраќањето до седиштето на ФИФА во Швајцарија.

„Нема ништо политичко во обраќањето на претседателот што му дава политичка боја на спортскиот настан, имено нема субјективни оценки, политички сигнали и уште повеќе нема обвинувања“, соопштија од претседателскиот кабинет, додавајќи дека „се уште има време ФИФА да исправете ја грешката“.

„ФИФА не треба да се плаши дека ќе се слушнат зборови за мир на светскиот фудбалски празник, кој е олицетворение на мирот“, рече Зеленски во изјавата.

The post Зеленски лут на ФИФА – не му дозволи да се обрати пред вечерашното финале во Катар appeared first on Република.

]]>

ФИФА не му дозволи на украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видео-порака да се обрати пред денешното финале на Светското првенство во фудбал во Катар. Неговата администрација критикуваше ФИФА дека одбила да покаже видео порака од претседателот на стадионот Лусаил. Видеото, кое е снимено на англиски, имало за цел да биде „повик за мир“, се вели во писмената изјава за Си-Ен-Ен во саботата од претседателскиот кабинет на Украина.
„Катар ја поддржа иницијативата на претседателот, но ФИФА ја блокираше иницијативата и нема да дозволи видео-обраќањето на претседателот да биде прикажано пред финалниот натпревар“, се вели во соопштението.
Претседателската канцеларија на Украина, исто така, соопшти дека сама ќе ја објави видео-адресата доколку ФИФА не ја емитува, и рече дека нивната одлука да го блокираат ќе покаже дека „ФИФА го изгубила своето драгоцено разбирање за фудбалот – како игра што ги обединува нациите, наместо поддршка на постоечките поделби“. Светското раководно тело на фудбалот ФИФА направи се за да ги задржи политичките пораки надвор од својот репрезентативен турнир во Катар, првата земја од Блискиот Исток која некогаш била домаќин на настанот, пренесува SPORTM.mk Во снимката испратена до Си-Ен-Ен, Зеленски вели дека фудбалот треба да го обедини светот и повикува на „Светско првенство, но не и светска војна“.
„Ова Светско првенство уште еднаш докажа дека различни земји и националности можат да одлучат кој е најсилен во фер играта, но не во играта со оган, на зелениот терен, не на црвеното бојно поле“, вели претседателот на Украина во видеото.
Украинскиот претседателски кабинет изјави за Си-Ен-Ен дека била информирана дека ФИФА ја сметала пораката премногу политичка и соопшти дека во петокот испратила копија од текстот на обраќањето до седиштето на ФИФА во Швајцарија. „Нема ништо политичко во обраќањето на претседателот што му дава политичка боја на спортскиот настан, имено нема субјективни оценки, политички сигнали и уште повеќе нема обвинувања“, соопштија од претседателскиот кабинет, додавајќи дека „се уште има време ФИФА да исправете ја грешката“. „ФИФА не треба да се плаши дека ќе се слушнат зборови за мир на светскиот фудбалски празник, кој е олицетворение на мирот“, рече Зеленски во изјавата.

The post Зеленски лут на ФИФА – не му дозволи да се обрати пред вечерашното финале во Катар appeared first on Република.

]]>
ФИФА не дозволува обраќање на Зеленски пред финалето во Катар https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/fifa-ne-dozvoluva-obrakjanje-na-zelenski-pred-finaleto-vo-katar/ Fri, 16 Dec 2022 18:47:13 +0000 https://republika.mk/?p=586665

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го одби барањето на украинскиот претседател Володомир Зеленски да има видео-обраќање пред финалниот натпревар на Светското првенство во Катар, пренесува американската телевизиска мрежа CNN.

Повикувајќи се на своите извори, телевизијата пренесува дека отфрлањето на обраќањето од страна на организаторот на елитната фудбалска смотра „ги изненадило“ претставниците на кабинетот на украинскиот претседател. Притоа се наведува дека не е јасно дали било планирано обраќањето на Зеленски да биде снимено или емитувано во живо.

Се наведува и дека за оваа тема сѐ уште се водат преговори меѓу претставници на кабинетот на Зеленски и челниците на ФИФА.

Од друга страна, пак, челникот на светската фудбалска асоцијација Џани Инфантино на денешната прес-конференција посочи дека фудбалскиот терен не е место за политички акции и протести, веројатно индиректно алудираше на споменатите преговори.

Зеленски претходно, освен на политички собири на странски челници, имаше видео обраќања и на други медиумски многу следени настани, како на пример доделувањето на американските музички награди Греми и на Канскиот филмски фестивал.

Финалниот натпревар на Светското фудбалско првенство во Катар ќе се игра на 18-ти декември на стадионот „Лусаил Ајконик“, во кој селекцијата на Франција ќе се обиде да ја одбрани титулата во соочувањето со Аргентина.

The post ФИФА не дозволува обраќање на Зеленски пред финалето во Катар appeared first on Република.

]]>

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го одби барањето на украинскиот претседател Володомир Зеленски да има видео-обраќање пред финалниот натпревар на Светското првенство во Катар, пренесува американската телевизиска мрежа CNN. Повикувајќи се на своите извори, телевизијата пренесува дека отфрлањето на обраќањето од страна на организаторот на елитната фудбалска смотра „ги изненадило“ претставниците на кабинетот на украинскиот претседател. Притоа се наведува дека не е јасно дали било планирано обраќањето на Зеленски да биде снимено или емитувано во живо. Се наведува и дека за оваа тема сѐ уште се водат преговори меѓу претставници на кабинетот на Зеленски и челниците на ФИФА. Од друга страна, пак, челникот на светската фудбалска асоцијација Џани Инфантино на денешната прес-конференција посочи дека фудбалскиот терен не е место за политички акции и протести, веројатно индиректно алудираше на споменатите преговори. Зеленски претходно, освен на политички собири на странски челници, имаше видео обраќања и на други медиумски многу следени настани, како на пример доделувањето на американските музички награди Греми и на Канскиот филмски фестивал. Финалниот натпревар на Светското фудбалско првенство во Катар ќе се игра на 18-ти декември на стадионот „Лусаил Ајконик“, во кој селекцијата на Франција ќе се обиде да ја одбрани титулата во соочувањето со Аргентина.

The post ФИФА не дозволува обраќање на Зеленски пред финалето во Катар appeared first on Република.

]]>