Фич Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fich/ За подобро да се разбереме Sat, 05 Oct 2024 10:37:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фич Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fich/ 32 32 МФ: „Фич” ги потврди кредибилните и конзистентни политики на земјата, задржан кедитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mf-fich-gi-potvrdi-kredibilnite-i-konzistentni-politiki-na-zemjata-zadrzhan-keditniot-rejting-bb-so-stabilen-izgled/ Sat, 05 Oct 2024 10:37:29 +0000 https://republika.mk/?p=823021

Кредитната агенција „Фич” во најновиот извештај за земјата го потврди кредитниот рејтинг „ББ+” со стабилен изглед. Тоа според „Фич” се должи на кредибилните и конзистентни макроекономски политки поддржани од долгогодишната политика на фиксен девизен курс, подобри показатели во управувањето од земјите со слични економски перформанси, како и реформите на среден рок поврзани со евроинтеграцијата.

Агенцијата очекува раст на економијата во наредните години во просек од 3,5%, а спроведувањето на кредибилна среднорочна фискална стратегија со постепено намалување на буџетскиот дефицит да биде клучен фактор за стабилизирање на долгот. Очекува умерено намалување на буџетскиот дефицити на ниво до 3,5% во 2026 година. Намалувањето го темели на очекувањата да се нормализираат заостанатите долгови, поради кои со ребалансот дефицитот беше ревидиран.

„Фич” како важна алка на фискалната политика ја наведува борбата со сивата економија преку дигитализација на процесите, при што е нотирана намерата на Владата за воведување електронска фактура.

Долгот, според „Фич” ќе се движи над пропишаниот лимит согласно Законот за буџет. Во извештајот нотира дека ќе се реализира заем од 500 милиони евра од Унгарија со пониски каматни стапки од оние на меѓународните пазари, со цел да се покријат буџетските потреби. Во периодот 2025-2026 година очекуваат поголем обем на домашно задолжување на домашниот пазар, придружено со поволни заеми, вклучувајќи од Светска банка и од ЕБОР. Сметаат дека средствата од Линијата за претпазливост и ликвидност од ММФ кои беа одобрени и претставуваа резерви нема да се искористат.

Растот според „Фич” ќе биде поттикнат од реализацијата на инвестициите, особено инфраструктурните на Коридорите 8 и 10д. Позитивно влијание исто така ќе има поддршката што ја добива РС Македонија од ЕУ, како дел од евроинтегративниот процес.

Задржаниот кредитен рејтинг е потврда на политиките на новата Влада во насока на активна фискална консолидација и стабилизирање на јавните финансии, кои ќе бидат продолжени во наредниот период со донесената Фискална стратегија, Стратегијата за управување со јавниот долг и Буџетот за 2025 година, којшто е во фаза на подготовка.

Кредитната агенција „Фич” два пати во годината објавува извештаи за кредитниот рејтинг на земјата. Во април исто така беше потврден кредитниот рејтинг на земјата „ББ+” со стабилен изглед. Кредитниот рејтинг „ББ+” со стабилен изглед се одржува од 2019 годинa.

Кредитниот рејтинг на земјата, а воедно и политиките што ги спроведува, ги оценува и Кредитната агенција „ Стандард и пурс” два пати во годината.

Кредитниот рејтинг којшто го изготвуваат агенциите за кредитен рејтинг го покажува степенот на ризик од инвестирање и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носењето на нивните одлуки.

The post МФ: „Фич” ги потврди кредибилните и конзистентни политики на земјата, задржан кедитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед appeared first on Република.

]]>

Кредитната агенција „Фич” во најновиот извештај за земјата го потврди кредитниот рејтинг „ББ+” со стабилен изглед. Тоа според „Фич” се должи на кредибилните и конзистентни макроекономски политки поддржани од долгогодишната политика на фиксен девизен курс, подобри показатели во управувањето од земјите со слични економски перформанси, како и реформите на среден рок поврзани со евроинтеграцијата. Агенцијата очекува раст на економијата во наредните години во просек од 3,5%, а спроведувањето на кредибилна среднорочна фискална стратегија со постепено намалување на буџетскиот дефицит да биде клучен фактор за стабилизирање на долгот. Очекува умерено намалување на буџетскиот дефицити на ниво до 3,5% во 2026 година. Намалувањето го темели на очекувањата да се нормализираат заостанатите долгови, поради кои со ребалансот дефицитот беше ревидиран. „Фич” како важна алка на фискалната политика ја наведува борбата со сивата економија преку дигитализација на процесите, при што е нотирана намерата на Владата за воведување електронска фактура. Долгот, според „Фич” ќе се движи над пропишаниот лимит согласно Законот за буџет. Во извештајот нотира дека ќе се реализира заем од 500 милиони евра од Унгарија со пониски каматни стапки од оние на меѓународните пазари, со цел да се покријат буџетските потреби. Во периодот 2025-2026 година очекуваат поголем обем на домашно задолжување на домашниот пазар, придружено со поволни заеми, вклучувајќи од Светска банка и од ЕБОР. Сметаат дека средствата од Линијата за претпазливост и ликвидност од ММФ кои беа одобрени и претставуваа резерви нема да се искористат. Растот според „Фич” ќе биде поттикнат од реализацијата на инвестициите, особено инфраструктурните на Коридорите 8 и 10д. Позитивно влијание исто така ќе има поддршката што ја добива РС Македонија од ЕУ, како дел од евроинтегративниот процес. Задржаниот кредитен рејтинг е потврда на политиките на новата Влада во насока на активна фискална консолидација и стабилизирање на јавните финансии, кои ќе бидат продолжени во наредниот период со донесената Фискална стратегија, Стратегијата за управување со јавниот долг и Буџетот за 2025 година, којшто е во фаза на подготовка. Кредитната агенција „Фич” два пати во годината објавува извештаи за кредитниот рејтинг на земјата. Во април исто така беше потврден кредитниот рејтинг на земјата „ББ+” со стабилен изглед. Кредитниот рејтинг „ББ+” со стабилен изглед се одржува од 2019 годинa. Кредитниот рејтинг на земјата, а воедно и политиките што ги спроведува, ги оценува и Кредитната агенција „ Стандард и пурс” два пати во годината. Кредитниот рејтинг којшто го изготвуваат агенциите за кредитен рејтинг го покажува степенот на ризик од инвестирање и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носењето на нивните одлуки.

The post МФ: „Фич” ги потврди кредибилните и конзистентни политики на земјата, задржан кедитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед appeared first on Република.

]]>
„Фич“ потврди дека економскиот раст во Македонија е само 1% во 2023 година – помалку од очекуваното, а буџетскиот дефицит е 4,9% од БДП – поголем од планираното https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/fich-potvrdi-deka-ekonomskiot-rast-vo-makedonija-e-samo-1-vo-2023-godina-pomalku-od-ochekuvanoto-a-budhetskiot-defitsit-e-4-9-od-bdp-pogolem-od-planiranoto/ Sun, 07 Apr 2024 08:32:56 +0000 https://republika.mk/?p=763341

Наспроти криењето на владата на СДСМ и ДУИ вистина ја објави кредит рејтинг агенцијата „Фич“. Агенцијата потврди дека економскиот раст во 2023 година е само 1%, пониско од очекувањата на сите меѓународни институции, на Владата и на НБРМ. И покрај кажувања од домашните власти, а со тоа пренесено во соопштението од „Фич“, за технички прашања околу пресметката на БДП, растот и со наредните ревизии ќе биде низок и недоволен да ја скрие расипничката политика на владата во заминување, коменитра „пари.ком.мк“.

Како една од главните причини за нискиот економски раст, „Фич“ потврдува дека е побавниот почеток на проектот за коридорот 8/10д од очекувадното и лошите земјоделски перформанси.

„Фич“ со ова потврдува дека Коридор 8/10д е во застој. Ова отвара прашање: за што се потрошија 236 милиони евра од буџетот кои беа префрлени за проектот? „Фич“ исто констатира дека нема зголемено производство на храна, наспроти тврдењата на владата дека го помагаат системски земјоделството и тоа со многу пари. И тука, нема раст на производство, ама се даваат пари.

Во соопштението на „Фич“, буџетскиот дефицит во 2023 година е 4,9% од БДП, што е далеку од планираниот 4,6%, и далеку како што во континуитет алармиравме од 3% од БДП, што е пропишано во Закон. Главен фискален ризик според Фич е изградбата на Коридорот 8/10д, којшто се оценува дека ќе зема 2% од БДП годишно во наредните пет години. Овој проект е главниот фискален ризик поради потенцијалните пречекорувања на трошоците и недостатокот на конечна проценка на трошоците за проектот. Потврдено дека нема конечна проценка.

Без многу помпа и фалење на носителите на политиките, „Фич“ едноставно заклучува дека инфлацијата падна на 3% во февруари, од врвот од 19,8% во октомври 2022 година, како одраз на базните ефекти (односно високата споредбена основа), построгата монетарна политика и од неодамна привременото замрзнување на некои цени, кое е укинато и ќе се пренесе во повисоки бројки за инфлацијата во март. Фич заклучува дека базичната инфлација исто се намалила, како и инфлациските очекувања. Но, не заклучува дека базичната инфлација од 4,7% во февруари е повисока од вкупната инфлација (од 3%) што значи и не така смирени инфлациски очекувања.

Повеќе на „пари.ком.мк“.

The post „Фич“ потврди дека економскиот раст во Македонија е само 1% во 2023 година – помалку од очекуваното, а буџетскиот дефицит е 4,9% од БДП – поголем од планираното appeared first on Република.

]]>

Наспроти криењето на владата на СДСМ и ДУИ вистина ја објави кредит рејтинг агенцијата „Фич“. Агенцијата потврди дека економскиот раст во 2023 година е само 1%, пониско од очекувањата на сите меѓународни институции, на Владата и на НБРМ. И покрај кажувања од домашните власти, а со тоа пренесено во соопштението од „Фич“, за технички прашања околу пресметката на БДП, растот и со наредните ревизии ќе биде низок и недоволен да ја скрие расипничката политика на владата во заминување, коменитра „пари.ком.мк“. Како една од главните причини за нискиот економски раст, „Фич“ потврдува дека е побавниот почеток на проектот за коридорот 8/10д од очекувадното и лошите земјоделски перформанси. „Фич“ со ова потврдува дека Коридор 8/10д е во застој. Ова отвара прашање: за што се потрошија 236 милиони евра од буџетот кои беа префрлени за проектот? „Фич“ исто констатира дека нема зголемено производство на храна, наспроти тврдењата на владата дека го помагаат системски земјоделството и тоа со многу пари. И тука, нема раст на производство, ама се даваат пари. Во соопштението на „Фич“, буџетскиот дефицит во 2023 година е 4,9% од БДП, што е далеку од планираниот 4,6%, и далеку како што во континуитет алармиравме од 3% од БДП, што е пропишано во Закон. Главен фискален ризик според Фич е изградбата на Коридорот 8/10д, којшто се оценува дека ќе зема 2% од БДП годишно во наредните пет години. Овој проект е главниот фискален ризик поради потенцијалните пречекорувања на трошоците и недостатокот на конечна проценка на трошоците за проектот. Потврдено дека нема конечна проценка. Без многу помпа и фалење на носителите на политиките, „Фич“ едноставно заклучува дека инфлацијата падна на 3% во февруари, од врвот од 19,8% во октомври 2022 година, како одраз на базните ефекти (односно високата споредбена основа), построгата монетарна политика и од неодамна привременото замрзнување на некои цени, кое е укинато и ќе се пренесе во повисоки бројки за инфлацијата во март. Фич заклучува дека базичната инфлација исто се намалила, како и инфлациските очекувања. Но, не заклучува дека базичната инфлација од 4,7% во февруари е повисока од вкупната инфлација (од 3%) што значи и не така смирени инфлациски очекувања. Повеќе на „пари.ком.мк“.

The post „Фич“ потврди дека економскиот раст во Македонија е само 1% во 2023 година – помалку од очекуваното, а буџетскиот дефицит е 4,9% од БДП – поголем од планираното appeared first on Република.

]]>
ФИЧ: Инфлацијата и натаму ќе забавува https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/fich-inflatsijata-i-natamu-ke-zabavuva/ Sat, 06 Apr 2024 09:33:47 +0000 https://republika.mk/?p=762996

Соодветната монетарна политика, стабилизирањето на цените на храната на светските берзи, како и временото замрзнување на цените на храната кај нас придонесоа за намалување на инфлацијата“, ги посочува агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, во својот последен извештај за земјава, во кој го потврдува кредитниот рејтинг од „ББ+“ со стабилен изглед - велат од Народна Банка.

Оттаму додаваат:

Во извештајот на „Фич“ се наведува дека поради затегнатата монетарна политика, инфлацијата се намали на три % во февруари оваа година, во споредба со 19,8% во октомври 2022 година, кога го достигна највисокото ниво. Базичната инфлација исто така се намали на 4,7% во февруари, од највисокото ниво во декември 2022 година од 11,1%, за што придонесува и стабилизирањето на инфлациските очекувања. „Фич“ прогнозира дека просечната стапка на инфлација ќе се намалува и во 2024 и 2025 година. Според нив, брзиот раст на платите претставува нагорен ризик за инфлацијата. Сепак, посочуваат дека зголемените профитни маржи во последниве години можат да неутрализираат дел од повисоките трошоци и да придонесат за намалување на ризикот од повисока инфлација.

Банкарскиот сектор и натаму е стабилен и профитабилен, а адекватноста на капиталот од 18,1% е на највисоко ниво во последните 17 години. Кредитната активност забави сведувајќи се на 5,1% во декември 2023 година, а забавуваат и цените на недвижностите како резултат на затегнатата монетарна политика и преземените макропрудентни мерки.

Агенцијата ги нагласува и поволните трендови кај денаризацијата, којашто е зголемена и го достигна нивото од 49,8% на крајот на 2023 година, со што се надминаа негативните ефекти забележани од почетокот на војната во Украина. За ова придонесуваат и последните остварувања кај депозитите коишто упатуваат на зголемено учество на денарските и долгорочните депозити на населението.

The post ФИЧ: Инфлацијата и натаму ќе забавува appeared first on Република.

]]>

Соодветната монетарна политика, стабилизирањето на цените на храната на светските берзи, како и временото замрзнување на цените на храната кај нас придонесоа за намалување на инфлацијата“, ги посочува агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, во својот последен извештај за земјава, во кој го потврдува кредитниот рејтинг од „ББ+“ со стабилен изглед - велат од Народна Банка. Оттаму додаваат: Во извештајот на „Фич“ се наведува дека поради затегнатата монетарна политика, инфлацијата се намали на три % во февруари оваа година, во споредба со 19,8% во октомври 2022 година, кога го достигна највисокото ниво. Базичната инфлација исто така се намали на 4,7% во февруари, од највисокото ниво во декември 2022 година од 11,1%, за што придонесува и стабилизирањето на инфлациските очекувања. „Фич“ прогнозира дека просечната стапка на инфлација ќе се намалува и во 2024 и 2025 година. Според нив, брзиот раст на платите претставува нагорен ризик за инфлацијата. Сепак, посочуваат дека зголемените профитни маржи во последниве години можат да неутрализираат дел од повисоките трошоци и да придонесат за намалување на ризикот од повисока инфлација. Банкарскиот сектор и натаму е стабилен и профитабилен, а адекватноста на капиталот од 18,1% е на највисоко ниво во последните 17 години. Кредитната активност забави сведувајќи се на 5,1% во декември 2023 година, а забавуваат и цените на недвижностите како резултат на затегнатата монетарна политика и преземените макропрудентни мерки. Агенцијата ги нагласува и поволните трендови кај денаризацијата, којашто е зголемена и го достигна нивото од 49,8% на крајот на 2023 година, со што се надминаа негативните ефекти забележани од почетокот на војната во Украина. За ова придонесуваат и последните остварувања кај депозитите коишто упатуваат на зголемено учество на денарските и долгорочните депозити на населението.

The post ФИЧ: Инфлацијата и натаму ќе забавува appeared first on Република.

]]>
„Фич“: Автопатите на „Бехтел и Енка“ се ризик за буџетот во 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/fich-avtopatite-na-behtel-i-enka-se-rizik-za-budhetot-vo-2024-godina/ Sat, 07 Oct 2023 11:14:04 +0000 https://republika.mk/?p=688879

Рејтинг агенцијата „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ+ со стабилен изглед, што значи дека рејтингот на земата сеуште не е инвестициски, пишува Блумберг адриа.

Фич предупредува и на можни негативни последици од проектот за изградба на автопатите по должината на Коридорот 8 и 10д, пишува Блумберг адриа на македонски јазик.

Рејтинг агенцијата „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ+ со стабилен изглед. Ова значи дека рејтингот на земјава се уште не е инвестициски.

Агенцијата во соопштението во кое детално ја оценува македонската економија напиша дека „стабилниот рејтинг е поддржан од кредибилните и конзистентни макроекономски политики поткрепени од долгогодишната поврзаност на девизниот курс со еврото“.

За оваа година „Фич“ проектира дека БДП ќе порасне до 1,9 отсто на годишно ниво. Забрзување до 3,5 се очекува за следната , а до 3,9 отсто во 2025 година. Овој раст ќе се должи, според „Фич“, на нето приливите од странските директни инвестиции.

„Фич“ прогнозра дека растот во следниот период ќе може да се потпре и на потрошувачката која ќе расте затоа што реалните плати се враќаат во позитивната зона. Потрошувачката особено ќе забрза, смета „Фич“, по интензивирањето на активностите на „Бехтел и Енка“ на автопатите, како и заради приватните инвестиции во енергетскиот сектор.

Проектот на „Бехтел и Енка“ ќе „јаде“ два отсто од буџетот во следните пет години

Освен позитивниот ефект, „Фич“ предупредува и на можните негативни последици од проектот за изградба на автопатите по должината на Коридорот 8 и 10д.

Имено, тешко ќе биде остварлива владината цел за буџетски дефицит од 3,4 отсто од БДП во текот на 2024 година заради дополнителните трошоци. Агенцијата препорачува прилагодување на трошоците и нови мерки.

Loading...
„Опсегот за дополнителни трошоци поврзани со изборите во 2024 година е ограничен со правилата од Законот за буџети, но „Фич“ гледа поголеми фискални ризици од потенцијалното прекумерно трошење на проектот за автопатите 8/10и (се очекува да чини околу два отсто од БДП годишно во текот на петте години на градба)“, се наведува во соопштението.

„Прогнозираме дефицит од 3,8 отсто во 2024 година и 3,5 отсто во 2025 година, бидејќи приходите растат во согласност со неодамнешните даночни реформи, зголемената наплата и посилен економски раст“, велат од „Фич“.

Во однос на инфлацијата „Фич“ соопшти дека од рекордните 19,8 отсто во октовмри лани, се намалила на едноцифрено ниво во август годинава.

„Бачината инфлација исто така се намалува, но побавно затоа што цените на храната и натаму се високи заради што Владата ги замрзна цените во септември. „Фич“ очекува инфлацијата и натаму да се намалува заради замрзнатите цени и затегнатата монетана политика на НБРМ, иако прераспределбата на средства во буџетот за зголемување на платите во јавниот сектор и покачените пензии ќе имаат влијание на цените“, стои во соопштението.

„Фич“ прогнозира дека инфлацијата ќе се врати на ниски едноцифрени нивоа во текот на 2024 година. Агенцијата претпоставува дека НБРМ се доближува до крајот на зголемувањето на каматните стапки.

Извор: Блумберг адриа

 

The post „Фич“: Автопатите на „Бехтел и Енка“ се ризик за буџетот во 2024 година appeared first on Република.

]]>

Рејтинг агенцијата „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ+ со стабилен изглед, што значи дека рејтингот на земата сеуште не е инвестициски, пишува Блумберг адриа. Фич предупредува и на можни негативни последици од проектот за изградба на автопатите по должината на Коридорот 8 и 10д, пишува Блумберг адриа на македонски јазик. Рејтинг агенцијата „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ+ со стабилен изглед. Ова значи дека рејтингот на земјава се уште не е инвестициски. Агенцијата во соопштението во кое детално ја оценува македонската економија напиша дека „стабилниот рејтинг е поддржан од кредибилните и конзистентни макроекономски политики поткрепени од долгогодишната поврзаност на девизниот курс со еврото“. За оваа година „Фич“ проектира дека БДП ќе порасне до 1,9 отсто на годишно ниво. Забрзување до 3,5 се очекува за следната , а до 3,9 отсто во 2025 година. Овој раст ќе се должи, според „Фич“, на нето приливите од странските директни инвестиции. „Фич“ прогнозра дека растот во следниот период ќе може да се потпре и на потрошувачката која ќе расте затоа што реалните плати се враќаат во позитивната зона. Потрошувачката особено ќе забрза, смета „Фич“, по интензивирањето на активностите на „Бехтел и Енка“ на автопатите, како и заради приватните инвестиции во енергетскиот сектор. Проектот на „Бехтел и Енка“ ќе „јаде“ два отсто од буџетот во следните пет години Освен позитивниот ефект, „Фич“ предупредува и на можните негативни последици од проектот за изградба на автопатите по должината на Коридорот 8 и 10д. Имено, тешко ќе биде остварлива владината цел за буџетски дефицит од 3,4 отсто од БДП во текот на 2024 година заради дополнителните трошоци. Агенцијата препорачува прилагодување на трошоците и нови мерки. Loading... „Опсегот за дополнителни трошоци поврзани со изборите во 2024 година е ограничен со правилата од Законот за буџети, но „Фич“ гледа поголеми фискални ризици од потенцијалното прекумерно трошење на проектот за автопатите 8/10и (се очекува да чини околу два отсто од БДП годишно во текот на петте години на градба)“, се наведува во соопштението. „Прогнозираме дефицит од 3,8 отсто во 2024 година и 3,5 отсто во 2025 година, бидејќи приходите растат во согласност со неодамнешните даночни реформи, зголемената наплата и посилен економски раст“, велат од „Фич“. Во однос на инфлацијата „Фич“ соопшти дека од рекордните 19,8 отсто во октовмри лани, се намалила на едноцифрено ниво во август годинава. „Бачината инфлација исто така се намалува, но побавно затоа што цените на храната и натаму се високи заради што Владата ги замрзна цените во септември. „Фич“ очекува инфлацијата и натаму да се намалува заради замрзнатите цени и затегнатата монетана политика на НБРМ, иако прераспределбата на средства во буџетот за зголемување на платите во јавниот сектор и покачените пензии ќе имаат влијание на цените“, стои во соопштението. „Фич“ прогнозира дека инфлацијата ќе се врати на ниски едноцифрени нивоа во текот на 2024 година. Агенцијата претпоставува дека НБРМ се доближува до крајот на зголемувањето на каматните стапки. Извор: Блумберг адриа  

The post „Фич“: Автопатите на „Бехтел и Енка“ се ризик за буџетот во 2024 година appeared first on Република.

]]>
Митрополитот на Нубија и Судан: Во православната црква во Картум два дена се заглавени 15 лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/podobren-kreditniot-rejting-na-zemjata/ Sun, 16 Apr 2023 17:08:29 +0000 https://republika.mk/?p=631319

Грци, Суданци, Етиопјани и Руси, вкупно15 лица од саботата се заглавени во православната црква во Картум, според митрополитот на Нубија и Судан, Савас, кој за грчката државна телевизија „ЕРТ“, истакна дека ноќта поминала мирно, но утрово продолжиле судирите и континуирано се слушаат пукотници, јави дописничката на МИА од Атина.

Митрополитот, кој е заедно со верниците рече дека имаат прекини во снабдувањето со вода и струја, но не постои проблем, бидејќи засега имаат резерви.

- Во комуникација сме со Министерството за надворешни работи и постојан контакт со амбасадорот на Грција во Каиро, во моментов е многу тешко да се најде решение поради ситуацијата, но се обидуваме да најдеме решенија, истакна митрополитот Савас, кој додаде дека не можат да излезат од Соборниот храм, ниту да видат што се случува надвор, бидејќи е многу опасно.

Според Министерството за надворешни работи на Грција меѓу повредените во Судан се и двајца грчки државјани, кои се хоспитализирани.

Од грчкото МНР соопштија дека по наредба министерот за надворешни работи Никос Дендиас активирана е Единицата за управување со кризи, која е во комуникација и координација со останатите земји- членки на ЕУ преку системот за конзуларна соработка, како и со митрополитот Савас.

Преку соопштението уште еднаш побараа од сите Грци кои се наоѓаат во Судан да се придржуваат кон безбедносните мерки и да ги избегнуваат непотребните движења.

The post Митрополитот на Нубија и Судан: Во православната црква во Картум два дена се заглавени 15 лица appeared first on Република.

]]>

Грци, Суданци, Етиопјани и Руси, вкупно15 лица од саботата се заглавени во православната црква во Картум, според митрополитот на Нубија и Судан, Савас, кој за грчката државна телевизија „ЕРТ“, истакна дека ноќта поминала мирно, но утрово продолжиле судирите и континуирано се слушаат пукотници, јави дописничката на МИА од Атина.

Митрополитот, кој е заедно со верниците рече дека имаат прекини во снабдувањето со вода и струја, но не постои проблем, бидејќи засега имаат резерви.

- Во комуникација сме со Министерството за надворешни работи и постојан контакт со амбасадорот на Грција во Каиро, во моментов е многу тешко да се најде решение поради ситуацијата, но се обидуваме да најдеме решенија, истакна митрополитот Савас, кој додаде дека не можат да излезат од Соборниот храм, ниту да видат што се случува надвор, бидејќи е многу опасно.

Според Министерството за надворешни работи на Грција меѓу повредените во Судан се и двајца грчки државјани, кои се хоспитализирани.

Од грчкото МНР соопштија дека по наредба министерот за надворешни работи Никос Дендиас активирана е Единицата за управување со кризи, која е во комуникација и координација со останатите земји- членки на ЕУ преку системот за конзуларна соработка, како и со митрополитот Савас.

Преку соопштението уште еднаш побараа од сите Грци кои се наоѓаат во Судан да се придржуваат кон безбедносните мерки и да ги избегнуваат непотребните движења.

The post Митрополитот на Нубија и Судан: Во православната црква во Картум два дена се заглавени 15 лица appeared first on Република.

]]>
МФ: Задржан кредитниот рејтинг во време на меѓународна криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mf-zadrzan-kreditniot-rejting-vo-vreme-na-megjunarodna-kriza/ Sat, 30 Apr 2022 10:40:43 +0000 https://republika.mk/?p=495655

Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Р Македонија на „ББ+“ со негативен изглед. Агенцијата нотира добро владеење, како и кредибилна и кохерентна макрофинансиска политика, конзистентна со долго одржуваниот фиксен девизен курс.

Како што соопшти денеска Министерството за финансии, задржувањето на кредитниот рејтинг е особeно значајно за Р Македонија во услови на глобална криза. Агенцијата нотира дека негативниот изглед ги рефлектира ризиците со кои земјата се соочува по пандемскиот шок и ефектите од настаните во Украина.

„Фич“ во извештајот наведува дека негативните влијанија делумно ќе бидат избалансирани со растот на домашната побарувачка, која е поддржана од владините мерки за раст на платите и јавните инвестиции.

Агенцијата предвидува раст на македонската економија од 2,8 отсто во 2022 година, како резултат на проблемите во глобалните синџири на дистрибуција, последиците од прекините во снабдувањето со енергија и зависноста од увоз на гас од Русија. Со намалувањето на геополитичките ризици и притисоците на цената на енергијата, како и со постепената фискална консолидација со акцент на јавните инвестиции се очекува растот на економијата да достигне 3 отсто од БДП во 2023 година, посочуваат од „Фич“.

Очекувањата на Агенцијата во врска со буџетскиот дефицит за 2022 година се дека истиот ќе биде повисок од оној во 2021 година, како резултат на владиниот одговор на ценовната и енергетската криза, зголемувањето на минималната плата, повисоките пензиски трошоци и поддршката на одредени клучни сектори во економијата. За справување со кризата Владата воведе пакет од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра за поддршка на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите. Од „Фич“ предвидуваат намалување на буџетскиот дефицит на 4,8 проценти во 2023 година, со повлекувањето на мерките за поддршка, како што се намалување на стапките на ДДВ и поддршката за енергетскиот сектор, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Според „Фич“ силна поддршка за посветеноста на властите кон фискална консолидација, што би довело до намалување на фискалниот дефицит и стабилизација на долгот би била бараната двегодишната линија за претпазливост и ликвидност со ММФ. Агенцијата очекува државниот долг да достигне 55,2 отсто од БДП до крајот на оваа година и 56 проценти од БДП до 2023 година.

Претходно кредитниот рејтинг на Р Македонија го потврди Агенцијата „Стандард и Пурс“, „ББ-“ со стабилен изглед. Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во неа, и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки.

The post МФ: Задржан кредитниот рејтинг во време на меѓународна криза appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Р Македонија на „ББ+“ со негативен изглед. Агенцијата нотира добро владеење, како и кредибилна и кохерентна макрофинансиска политика, конзистентна со долго одржуваниот фиксен девизен курс. Како што соопшти денеска Министерството за финансии, задржувањето на кредитниот рејтинг е особeно значајно за Р Македонија во услови на глобална криза. Агенцијата нотира дека негативниот изглед ги рефлектира ризиците со кои земјата се соочува по пандемскиот шок и ефектите од настаните во Украина. „Фич“ во извештајот наведува дека негативните влијанија делумно ќе бидат избалансирани со растот на домашната побарувачка, која е поддржана од владините мерки за раст на платите и јавните инвестиции. Агенцијата предвидува раст на македонската економија од 2,8 отсто во 2022 година, како резултат на проблемите во глобалните синџири на дистрибуција, последиците од прекините во снабдувањето со енергија и зависноста од увоз на гас од Русија. Со намалувањето на геополитичките ризици и притисоците на цената на енергијата, како и со постепената фискална консолидација со акцент на јавните инвестиции се очекува растот на економијата да достигне 3 отсто од БДП во 2023 година, посочуваат од „Фич“. Очекувањата на Агенцијата во врска со буџетскиот дефицит за 2022 година се дека истиот ќе биде повисок од оној во 2021 година, како резултат на владиниот одговор на ценовната и енергетската криза, зголемувањето на минималната плата, повисоките пензиски трошоци и поддршката на одредени клучни сектори во економијата. За справување со кризата Владата воведе пакет од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра за поддршка на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите. Од „Фич“ предвидуваат намалување на буџетскиот дефицит на 4,8 проценти во 2023 година, со повлекувањето на мерките за поддршка, како што се намалување на стапките на ДДВ и поддршката за енергетскиот сектор, се наведува во соопштението од Министерството за финансии. Според „Фич“ силна поддршка за посветеноста на властите кон фискална консолидација, што би довело до намалување на фискалниот дефицит и стабилизација на долгот би била бараната двегодишната линија за претпазливост и ликвидност со ММФ. Агенцијата очекува државниот долг да достигне 55,2 отсто од БДП до крајот на оваа година и 56 проценти од БДП до 2023 година. Претходно кредитниот рејтинг на Р Македонија го потврди Агенцијата „Стандард и Пурс“, „ББ-“ со стабилен изглед. Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во неа, и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки.

The post МФ: Задржан кредитниот рејтинг во време на меѓународна криза appeared first on Република.

]]>