ФФМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ffm/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Nov 2024 19:09:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ФФМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ffm/ 32 32 Сејдини поднел оставка пред 20 дена, вонредно изборно собрание во ФФМ на 22 декември https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/sejdini-podnel-ostavka-pred-20-dena-vonredno-izborno-sobranie-vo-ffm-na-22-dekemvri/ Sun, 17 Nov 2024 19:09:36 +0000 https://republika.mk/?p=838934

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини веднаш по завршувањето на двата ноемвриски натпревари од Лигата на нации, вечерва пред Управниот одбор на ФФМ одлучи да се повлече од претседателската функција на федерацијата.

Сејдини оставката ја доставил пред Управниот одбор, чие мнозинство пред 20 дена, повика на итен состанок за разгледување на состојбите во македонскиот фудбал.

Мандатот на Сејдини траеше до март 2025 година кога се очекуваше редовно изборно собрание на ФФМ, но по повлекувањето, сега е одлучено Вонредно Изборно Собрание да се одржи на 22 декември.

Согласно најавите, досега единствено потврден кандидат за нов претседател на ФФМ е Масар Омерагиќ, кој во 2008 година исто така беше кандидат тогаш за наследник на Харалампие Хаџи-Ристески на челната позиција на ФФМ.

Сејдини, веднаш по триумфот над Фарските острови, попладнево и на македонските репрезентативци на арената „Тодор Проески“ им ја соопшти веста дека се повлекува од претседателската функција на ФФМ.

The post Сејдини поднел оставка пред 20 дена, вонредно изборно собрание во ФФМ на 22 декември appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини веднаш по завршувањето на двата ноемвриски натпревари од Лигата на нации, вечерва пред Управниот одбор на ФФМ одлучи да се повлече од претседателската функција на федерацијата. Сејдини оставката ја доставил пред Управниот одбор, чие мнозинство пред 20 дена, повика на итен состанок за разгледување на состојбите во македонскиот фудбал. Мандатот на Сејдини траеше до март 2025 година кога се очекуваше редовно изборно собрание на ФФМ, но по повлекувањето, сега е одлучено Вонредно Изборно Собрание да се одржи на 22 декември. Согласно најавите, досега единствено потврден кандидат за нов претседател на ФФМ е Масар Омерагиќ, кој во 2008 година исто така беше кандидат тогаш за наследник на Харалампие Хаџи-Ристески на челната позиција на ФФМ. Сејдини, веднаш по триумфот над Фарските острови, попладнево и на македонските репрезентативци на арената „Тодор Проески“ им ја соопшти веста дека се повлекува од претседателската функција на ФФМ.

The post Сејдини поднел оставка пред 20 дена, вонредно изборно собрание во ФФМ на 22 декември appeared first on Република.

]]>
Муамед Сејдини после победата им соопшти на репрезентативците дека поднесува оставка https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/muamed-sejdini-posle-pobedata-im-soopshti-na-reprezentativtsite-deka-podnesuva-ostavka/ Sun, 17 Nov 2024 18:30:28 +0000 https://republika.mk/?p=838929

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, на репрезентативците им соопштил дека заминува од функцијата веднаш после победата над Фарски Острови (1-0).

Тој се симнал во соблекувалната, им честитал за успесите, им се заблагодарил за периодот што го поминаа заедно и ги известил дека поднел оставка на функцијата, информација која одреден период лебдеше во воздух, но сега добива и официјална потврда.

Се очекува многу брзо и Фудбалската федерација на Македонија да го потврди заминувањето на Муамед Сејдини, ковертираната оставка, по што в.д.претседател одреден период ќе треба да биде Лазар Ракиџиев, а потоа на Изборно собрание да се бира новиот претседател на ФФМ.

Многу изгледно е дека нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија ќе биде Масар Омерагиќ.

The post Муамед Сејдини после победата им соопшти на репрезентативците дека поднесува оставка appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, на репрезентативците им соопштил дека заминува од функцијата веднаш после победата над Фарски Острови (1-0). Тој се симнал во соблекувалната, им честитал за успесите, им се заблагодарил за периодот што го поминаа заедно и ги известил дека поднел оставка на функцијата, информација која одреден период лебдеше во воздух, но сега добива и официјална потврда. Се очекува многу брзо и Фудбалската федерација на Македонија да го потврди заминувањето на Муамед Сејдини, ковертираната оставка, по што в.д.претседател одреден период ќе треба да биде Лазар Ракиџиев, а потоа на Изборно собрание да се бира новиот претседател на ФФМ. Многу изгледно е дека нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија ќе биде Масар Омерагиќ.

The post Муамед Сејдини после победата им соопшти на репрезентативците дека поднесува оставка appeared first on Република.

]]>
ФК Вардар бара итна смена на комесарот за делегирање на судии, Маријан Ристески https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/fk-vardar-bara-itna-smena-na-komesarot-za-delegirane-na-sudii-marijan-risteski/ Tue, 12 Nov 2024 13:12:05 +0000 https://republika.mk/?p=836783

Фудбалскиот клуб Вардар денеска и официјално испрати барање до Фудбалската федерација на Македонија за итна смена на комесарот за делегирање на судии, Маријан Ристески. Причина за ова барање е, како што наведуваат, хаосот во елитните фудбалски натпреварувања во Македонија и бројните контроверзии од почетокот на сезоната 2024/25.

Соопштението на ФК Вардар ви го пренесуваме во целост:

Со оглед на многуте гласни коментари на повеќето клубови од Првата и Втората МФЛ, ние како ФК Вардар започнуваме иницијатива за ИТНА смена на комесарот за делегирање на судии, Маријан Ристески.

 

Воедно како клуб за неуспесите и поразите вината прво ја гледаме во сопствените редови, но по консултација со стручни лица и со оглед на фактите од изминатите 13. кола, може да се констатира дека Вардар е најоштетен во однос на судиските грешки. Ние никогаш јавно не излеговме со соопштенија и реакции за разлика од други клубови кои со мизерни реакции се обидуваат да ги негираат нашите победи.

 

Ние како клуб оставаме на телата и органите на ФФМ да си ја работат работата и да ја покажат својата стручност околу грешките и спорните моменти.

 

Поради ова бараме и од останатите клубови поддршка на оваа иницијатива за ИТНА смена на комесарот за делегирање на судии и радикални ставови на сите клубови за воведување на ВАР технологија за следната сезона.

 

Промената на раководството на судската асоцијација, поточно барањето за разрешување на Марјан Ристески, се припишува на неколку фактори, вклучувајќи ги проблемите кои гласно ги посочуваат клубовите од МФЛ по секое натпреварувачко коло и потребата за иновации од организацијата. Промените се бараат за поголема усогласеност со промената кон поголема транспарентност и одговорност, вкучувајќи значително учество на членовите во изборот на наследник кој ќе го води со фокус на модернизирање и зајакнување на судискиот систем.

 

The post ФК Вардар бара итна смена на комесарот за делегирање на судии, Маријан Ристески appeared first on Република.

]]>

Фудбалскиот клуб Вардар денеска и официјално испрати барање до Фудбалската федерација на Македонија за итна смена на комесарот за делегирање на судии, Маријан Ристески. Причина за ова барање е, како што наведуваат, хаосот во елитните фудбалски натпреварувања во Македонија и бројните контроверзии од почетокот на сезоната 2024/25. Соопштението на ФК Вардар ви го пренесуваме во целост:
Со оглед на многуте гласни коментари на повеќето клубови од Првата и Втората МФЛ, ние како ФК Вардар започнуваме иницијатива за ИТНА смена на комесарот за делегирање на судии, Маријан Ристески.   Воедно како клуб за неуспесите и поразите вината прво ја гледаме во сопствените редови, но по консултација со стручни лица и со оглед на фактите од изминатите 13. кола, може да се констатира дека Вардар е најоштетен во однос на судиските грешки. Ние никогаш јавно не излеговме со соопштенија и реакции за разлика од други клубови кои со мизерни реакции се обидуваат да ги негираат нашите победи.   Ние како клуб оставаме на телата и органите на ФФМ да си ја работат работата и да ја покажат својата стручност околу грешките и спорните моменти.   Поради ова бараме и од останатите клубови поддршка на оваа иницијатива за ИТНА смена на комесарот за делегирање на судии и радикални ставови на сите клубови за воведување на ВАР технологија за следната сезона.   Промената на раководството на судската асоцијација, поточно барањето за разрешување на Марјан Ристески, се припишува на неколку фактори, вклучувајќи ги проблемите кои гласно ги посочуваат клубовите од МФЛ по секое натпреварувачко коло и потребата за иновации од организацијата. Промените се бараат за поголема усогласеност со промената кон поголема транспарентност и одговорност, вкучувајќи значително учество на членовите во изборот на наследник кој ќе го води со фокус на модернизирање и зајакнување на судискиот систем.
 

The post ФК Вардар бара итна смена на комесарот за делегирање на судии, Маријан Ристески appeared first on Република.

]]>
Сејдини си заминува од ФФМ https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/sejdini-si-zaminuva-od-ffm/ Mon, 11 Nov 2024 20:39:36 +0000 https://republika.mk/?p=836534

Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Муамед Сејдини, ќе си замине од функцијата по завршувањето на двата ноемвриски дуели на А-тимот против Летонија на 14 ноември и против Фарски Острови три дена подоцна, дознава Спорт1 од извори блиски до Куќата на фудбалот.

Според информациите, Сејдини веќе ја ковертирал оставката и ќе ја обелодени по завршувањето на двата меча, со цел да нема нарушување на атмосферата во А-тимот, кој го обезбеди првото место во четвртата група од Ц Лигата на Нациите, со што во наредниот циклус ќе оди во посилната – Б Лига.

Претседателот Сејдини периодов ја изгуби довербата и кај најблиските соработници, членовите на Управниот одбор, кои верно му слугуваа и аминуваа досега, но наеднаш му го завртеа грбот, па свесен дека не може да се спаси, решил да си поднесе оставка. Неговиот мандат е при крај, напролет треба да има редовно Изборно собрание, но извесно е дека тој нема да биде кандидат.

Потпретседателот Лазар Ракиџиев веројатно ќе биде назначен за в.д. претседател, но само со ограничени ингеренции, а најважната задача ќе му биде да организира фер Изборно Собрание, на кое ќе биде избран наследник на Сејдини.

Сејдини стана претседател по оставката на Илчо Ѓорѓиевски во јули 2018 година, а дотогаш ја извршуваше функцијата потпретседател на ФФМ. Неговиот мандат ќе остане забележан по тоа што Македонија за првпат играше на едно ЕП (2020), но не поради тоа тој беше заслужен за тоа, туку поради тоа што наследи сплет на околности, синергија во А-тимот и лесен начин за пласман на Евро, па нескромно си ги припиша заслугите и се обиде да го собере ловориките.

Напротив, имаше мал милион скандали во неговата работа – најсрамната беше премирање на неговите фотељаши од УО (секој по 20.000 евра) за пласманот на ЕП, чиниш тие играа на теренот, потоа кавгите и препукувањата со тогашниот селектор Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев, приватизирањето на Федерацијата и целосното оддалечување од јавноста.

Во негово време тотално пропадна прволигашкиот фудбал, македонските екипи постојано имаа срамни резултати во еврокуповите, а инфраструктурата е на најниско ниво во историјата. Сејдини беше поврзуван и со флертување со една политичка партија, често беше гледан во друштво на министри, но затоа пак брзаше да оди во Нион и Лозана за да се жали дека политиката се меша во работата на ФФМ.

Обрачот околу Сејдини почна интензивно да се стега во последните три месеци, иако и од претходно најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев постојано реагираше и критикуваше за начинот на работа. Пред извесно време, оставка од функцијата директор си поднесе Дени Масев, кој не пропушти да распука по Сејдини, а десетина дена претходно се случил инцидент во кој бил нападнат токму првиот човек на Федерацијата.

Интересно, единствениот кој му дава поддршка и засега е на страната на Сејдини е Дарко Панчев, кој постојано потенцира дека актуелното раководство добро си ја врши работата и е на вистински пат да го врати македонскиот фудбал каде што му е местото.

извор. sport1.mk

The post Сејдини си заминува од ФФМ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Муамед Сејдини, ќе си замине од функцијата по завршувањето на двата ноемвриски дуели на А-тимот против Летонија на 14 ноември и против Фарски Острови три дена подоцна, дознава Спорт1 од извори блиски до Куќата на фудбалот.
Според информациите, Сејдини веќе ја ковертирал оставката и ќе ја обелодени по завршувањето на двата меча, со цел да нема нарушување на атмосферата во А-тимот, кој го обезбеди првото место во четвртата група од Ц Лигата на Нациите, со што во наредниот циклус ќе оди во посилната – Б Лига. Претседателот Сејдини периодов ја изгуби довербата и кај најблиските соработници, членовите на Управниот одбор, кои верно му слугуваа и аминуваа досега, но наеднаш му го завртеа грбот, па свесен дека не може да се спаси, решил да си поднесе оставка. Неговиот мандат е при крај, напролет треба да има редовно Изборно собрание, но извесно е дека тој нема да биде кандидат.
Потпретседателот Лазар Ракиџиев веројатно ќе биде назначен за в.д. претседател, но само со ограничени ингеренции, а најважната задача ќе му биде да организира фер Изборно Собрание, на кое ќе биде избран наследник на Сејдини. Сејдини стана претседател по оставката на Илчо Ѓорѓиевски во јули 2018 година, а дотогаш ја извршуваше функцијата потпретседател на ФФМ. Неговиот мандат ќе остане забележан по тоа што Македонија за првпат играше на едно ЕП (2020), но не поради тоа тој беше заслужен за тоа, туку поради тоа што наследи сплет на околности, синергија во А-тимот и лесен начин за пласман на Евро, па нескромно си ги припиша заслугите и се обиде да го собере ловориките.
Напротив, имаше мал милион скандали во неговата работа – најсрамната беше премирање на неговите фотељаши од УО (секој по 20.000 евра) за пласманот на ЕП, чиниш тие играа на теренот, потоа кавгите и препукувањата со тогашниот селектор Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев, приватизирањето на Федерацијата и целосното оддалечување од јавноста. Во негово време тотално пропадна прволигашкиот фудбал, македонските екипи постојано имаа срамни резултати во еврокуповите, а инфраструктурата е на најниско ниво во историјата. Сејдини беше поврзуван и со флертување со една политичка партија, често беше гледан во друштво на министри, но затоа пак брзаше да оди во Нион и Лозана за да се жали дека политиката се меша во работата на ФФМ.
Обрачот околу Сејдини почна интензивно да се стега во последните три месеци, иако и од претходно најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев постојано реагираше и критикуваше за начинот на работа. Пред извесно време, оставка од функцијата директор си поднесе Дени Масев, кој не пропушти да распука по Сејдини, а десетина дена претходно се случил инцидент во кој бил нападнат токму првиот човек на Федерацијата. Интересно, единствениот кој му дава поддршка и засега е на страната на Сејдини е Дарко Панчев, кој постојано потенцира дека актуелното раководство добро си ја врши работата и е на вистински пат да го врати македонскиот фудбал каде што му е местото. извор. sport1.mk

The post Сејдини си заминува од ФФМ appeared first on Република.

]]>
Членовите на Управниот одбор бараат итна седница на ФФМ https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/chlenovite-na-upravniot-odbor-baraat-itna-sednitsa-na-ffm/ Thu, 31 Oct 2024 17:54:32 +0000 https://republika.mk/?p=832888

Фудбалската федерација на Македонија ја извести јавноста дека во текот на денот пристигнаа дописи до претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини со кои дел од членовите на Управниот одбор бараат закажување на итна седница.

„Согласно статутот на ФФМ, претсетателот има обврска да свика седница во рок од 21 ден од денот на приемот на барањето за свикување на седница на Управен одбор. Во спротивно, членовите на Управниот одбор имаат право седницата да ја закажат самостојно“, се вели во соопштението на федерација.

Федерацијата наговести дека јавноста ќе биде навремно известена за понатамошните случувања.

The post Членовите на Управниот одбор бараат итна седница на ФФМ appeared first on Република.

]]>

Фудбалската федерација на Македонија ја извести јавноста дека во текот на денот пристигнаа дописи до претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини со кои дел од членовите на Управниот одбор бараат закажување на итна седница.
„Согласно статутот на ФФМ, претсетателот има обврска да свика седница во рок од 21 ден од денот на приемот на барањето за свикување на седница на Управен одбор. Во спротивно, членовите на Управниот одбор имаат право седницата да ја закажат самостојно“, се вели во соопштението на федерација.
Федерацијата наговести дека јавноста ќе биде навремно известена за понатамошните случувања.

The post Членовите на Управниот одбор бараат итна седница на ФФМ appeared first on Република.

]]>
Поради несогласување со челниците на ФФМ, се повлекува спортскиот директор https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/poradi-nesoglasuvane-so-chelnitsite-na-ffm-se-povlekuva-sportskiot-direktor/ Mon, 07 Oct 2024 17:45:16 +0000 https://republika.mk/?p=823937

На денот на собирот на македонските фудбалери пред натпреварите со Летонија и Ерменија, досегашниот спортски директор Дени Масев објави дека се повлекува од функцијата. Масев се огласи со реакција во која ја образложува својата одлука. Неговото заминување е поради несогласувања со водечките луѓе и како што вели федерацијата во овој момент е приватизирана од страна на претседателот Муамед Сејдини и неговиот заменик Ракиџиев.

Жал ми што на ваков начин и во овој момент, пред почеток на подготовките на репрезентацијата се обраќам до јавноста, но веројатно за сè треба да има почеток и крај. Од денеска веќе нема да бидам во функција на македонската репрезентација. Причините се длабоки, но се сведуваат на мојот однос со претседателот Сејдини и потпретседателот Ракиџиев. Федерацијата се сведува на сè, но најмалку на интересот за некаков развој на македонскиот фудбал.

Јас како човек кој беше директен сведок и на најголемиот успех на репрезентацијата имам право да го кажам својот став. Жал ми е за тимот и фудбалерите, но едноставно понекогаш треба да се зборува отворено, па макар тоа да предизвика и негативна реакција. Тврдам дека веќе подолг период Федерацијата е буквално приватизирана. Интерсот е присутен само за првите двајца луѓе, претседателот Сејдини и неговиот заменик Ракиџиев. Во Управниот одбор има чесни луѓе, но, за жал, не се запознаени со работите кои носат интерес само за Сејдини и Ракиџиев. За Сејдини и оваа Ќуќа на фудбалот, јас лично се заложив на секој можен начин.

Од работи поврзани со А репрезентацијата, моја базична обврска, па сè до приходи за ФФМ остварени преку контакти со деловни луѓе и компании. Дури и влегов во отворен конфликт со блиски пријатели. Сметам дека сега е време да ги менуваме работите. Со оглед на тоа дека пред нашите фудбалери и пред репрезентацијата се многу важни натпревари со Летонија и Ерменија, јас како Дени Масев нема во овој момент гласно да ги посочам големите проблеми и манипулации во Федерацијата, за која сум подготвен да ги обелоденам по двата споменати дуела од Лигата на нациите. Во периодот кој следува еднаш засекогаш треба да се расчисти со милионските суми кои се трошат на сè само не за доброто на фудбалот. Од фамозните трансакции до хотелот ‘Куќа на уметноста’, па сè до т.н. инфраструктурни „проекти“ во Велес и Македонија и до вработувањата во Федерацијата, стои во неговата реакција.

The post Поради несогласување со челниците на ФФМ, се повлекува спортскиот директор appeared first on Република.

]]>

На денот на собирот на македонските фудбалери пред натпреварите со Летонија и Ерменија, досегашниот спортски директор Дени Масев објави дека се повлекува од функцијата. Масев се огласи со реакција во која ја образложува својата одлука. Неговото заминување е поради несогласувања со водечките луѓе и како што вели федерацијата во овој момент е приватизирана од страна на претседателот Муамед Сејдини и неговиот заменик Ракиџиев. Жал ми што на ваков начин и во овој момент, пред почеток на подготовките на репрезентацијата се обраќам до јавноста, но веројатно за сè треба да има почеток и крај. Од денеска веќе нема да бидам во функција на македонската репрезентација. Причините се длабоки, но се сведуваат на мојот однос со претседателот Сејдини и потпретседателот Ракиџиев. Федерацијата се сведува на сè, но најмалку на интересот за некаков развој на македонскиот фудбал. Јас како човек кој беше директен сведок и на најголемиот успех на репрезентацијата имам право да го кажам својот став. Жал ми е за тимот и фудбалерите, но едноставно понекогаш треба да се зборува отворено, па макар тоа да предизвика и негативна реакција. Тврдам дека веќе подолг период Федерацијата е буквално приватизирана. Интерсот е присутен само за првите двајца луѓе, претседателот Сејдини и неговиот заменик Ракиџиев. Во Управниот одбор има чесни луѓе, но, за жал, не се запознаени со работите кои носат интерес само за Сејдини и Ракиџиев. За Сејдини и оваа Ќуќа на фудбалот, јас лично се заложив на секој можен начин. Од работи поврзани со А репрезентацијата, моја базична обврска, па сè до приходи за ФФМ остварени преку контакти со деловни луѓе и компании. Дури и влегов во отворен конфликт со блиски пријатели. Сметам дека сега е време да ги менуваме работите. Со оглед на тоа дека пред нашите фудбалери и пред репрезентацијата се многу важни натпревари со Летонија и Ерменија, јас како Дени Масев нема во овој момент гласно да ги посочам големите проблеми и манипулации во Федерацијата, за која сум подготвен да ги обелоденам по двата споменати дуела од Лигата на нациите. Во периодот кој следува еднаш засекогаш треба да се расчисти со милионските суми кои се трошат на сè само не за доброто на фудбалот. Од фамозните трансакции до хотелот ‘Куќа на уметноста’, па сè до т.н. инфраструктурни „проекти“ во Велес и Македонија и до вработувањата во Федерацијата, стои во неговата реакција.

The post Поради несогласување со челниците на ФФМ, се повлекува спортскиот директор appeared first on Република.

]]>
„Арена Спорт“ го раскинува договорот со ФФМ – Крај на преносите од македонското првенство https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/arena-sport-go-raskinuva-dogovorot-so-ffm-kraj-na-prenosite-od-makedonskoto-prvenstvo/ Wed, 02 Oct 2024 20:49:18 +0000 https://republika.mk/?p=821962

Регионалната ТВ мрежа „Арена Спорт“ ќе го прекине договорот со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и повеќе нема да врши преноси на натпреварите од македонската Прва лига, објави „Спортспорт“.

Според извори на порталот, „Арена Спорт“ ги смета натпреварите од ПМФЛ за „циркус“ и не се заинтересирани за понатамошно покривање.

Од почетокот на сезоната, во изминатите осум кола, не беше пренесен ниту еден натпревар, а одлуката ќе значи дека и Македонската телевизија (МТВ), која ги преземаше преносите од „Арена Спорт“, ќе остане без можност да емитува македонски фудбал.

Во последните три сезони, преку „Арена Спорт“ и МТВ, фудбалските навивачи имаа можност да ги следат домашните натпревари во живо. Но, со идниот развој на настаните, тоа ќе биде невозможно, барем за догледно време.

Сепак, за љубителите на македонскиот фудбал останува можноста да ги следат натпреварите на Вардар и Брера, кога играат на домашен терен, преку регионалната ТВ мрежа „Спортклуб“.

The post „Арена Спорт“ го раскинува договорот со ФФМ – Крај на преносите од македонското првенство appeared first on Република.

]]>

Регионалната ТВ мрежа „Арена Спорт“ ќе го прекине договорот со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и повеќе нема да врши преноси на натпреварите од македонската Прва лига, објави „Спортспорт“. Според извори на порталот, „Арена Спорт“ ги смета натпреварите од ПМФЛ за „циркус“ и не се заинтересирани за понатамошно покривање. Од почетокот на сезоната, во изминатите осум кола, не беше пренесен ниту еден натпревар, а одлуката ќе значи дека и Македонската телевизија (МТВ), која ги преземаше преносите од „Арена Спорт“, ќе остане без можност да емитува македонски фудбал. Во последните три сезони, преку „Арена Спорт“ и МТВ, фудбалските навивачи имаа можност да ги следат домашните натпревари во живо. Но, со идниот развој на настаните, тоа ќе биде невозможно, барем за догледно време. Сепак, за љубителите на македонскиот фудбал останува можноста да ги следат натпреварите на Вардар и Брера, кога играат на домашен терен, преку регионалната ТВ мрежа „Спортклуб“.

The post „Арена Спорт“ го раскинува договорот со ФФМ – Крај на преносите од македонското првенство appeared first on Република.

]]>
ФФМ: Најостро го осудуваме кукавичкиот напад врз нашиот претседател https://arhiva3.republika.mk/sport/ffm-najostro-go-osuduvame-kukavichkiot-napad-vrz-nashiot-pretsedatel/ Sat, 28 Sep 2024 17:47:44 +0000 https://republika.mk/?p=820614

Фудбалската федерација на Македонија го осуди нападот врз претседателот на организацијата Муамед Сејдини извршен вчеравечер пред еден скопски ресторан.

Соопштението на ФФМ го пренесуваме во целост:

ФФМ најостро го осуди кукавичкиот и срамен напад врз нашиот претседател Муамед Сејдини, кој синоќа физички беше нападнат на паркингот од скопски ресторан. 

Овој чин на насилство е неприфатлив и претставува директен удар врз вредностите на фудбалот, спортот и демократијата, воопшто. 

Јасно и недвосмислено истакнуваме дека Фудбалската федерација на Македонија нема да дозволи насилството да стане средство за влијание или решавање на кој било предизвик. Изборот на раководни лица во ФФМ се одвива исклучиво преку легални и демократски процедури, со гласови на делегатите, а не со закани и насилство. Оние што се обидуваат да го нарушат овој процес преку сила треба да бидат свесни дека нивните постапки се веќе идентификувани и дека соработуваме со институциите на правдата за целосно расветлување на овој инцидент.

Го повикуваме Министерството за внатрешни работи, како и сите надлежни органи, да преземат итни мерки и да го истражат случајот до крај, со цел сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата. 

За овој инцидент го информиравме и раководството на УЕФА и ФИФА. 

Претседателот на ФФМ останува непоколеблив пред ваквите закани и притисоци. Тие не ја ослабнуваат неговата решителност, туку напротив ја зајакнуваат неговата посветеност кон интегритетот и транспарентноста во спортот. 

Муамед Сејдини на оваа позиција е избран на легален начин, преку гласовите на делегатите и само на ист начин ќе го заврши или продолжи својот мандат. Насилството никогаш нема да биде средство кое ќе го одреди неговото присуство или заминување.

Фудбалската федерација на Македонија останува цврсто посветена на промовирање на спортските вредности, фер игра и почитување на институциите, стои во соопштението на федерацијата.

The post ФФМ: Најостро го осудуваме кукавичкиот напад врз нашиот претседател appeared first on Република.

]]>

Фудбалската федерација на Македонија го осуди нападот врз претседателот на организацијата Муамед Сејдини извршен вчеравечер пред еден скопски ресторан. Соопштението на ФФМ го пренесуваме во целост: - ФФМ најостро го осуди кукавичкиот и срамен напад врз нашиот претседател Муамед Сејдини, кој синоќа физички беше нападнат на паркингот од скопски ресторан.  Овој чин на насилство е неприфатлив и претставува директен удар врз вредностите на фудбалот, спортот и демократијата, воопшто.  Јасно и недвосмислено истакнуваме дека Фудбалската федерација на Македонија нема да дозволи насилството да стане средство за влијание или решавање на кој било предизвик. Изборот на раководни лица во ФФМ се одвива исклучиво преку легални и демократски процедури, со гласови на делегатите, а не со закани и насилство. Оние што се обидуваат да го нарушат овој процес преку сила треба да бидат свесни дека нивните постапки се веќе идентификувани и дека соработуваме со институциите на правдата за целосно расветлување на овој инцидент. Го повикуваме Министерството за внатрешни работи, како и сите надлежни органи, да преземат итни мерки и да го истражат случајот до крај, со цел сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата.  За овој инцидент го информиравме и раководството на УЕФА и ФИФА.  Претседателот на ФФМ останува непоколеблив пред ваквите закани и притисоци. Тие не ја ослабнуваат неговата решителност, туку напротив ја зајакнуваат неговата посветеност кон интегритетот и транспарентноста во спортот.  Муамед Сејдини на оваа позиција е избран на легален начин, преку гласовите на делегатите и само на ист начин ќе го заврши или продолжи својот мандат. Насилството никогаш нема да биде средство кое ќе го одреди неговото присуство или заминување. Фудбалската федерација на Македонија останува цврсто посветена на промовирање на спортските вредности, фер игра и почитување на институциите, стои во соопштението на федерацијата.

The post ФФМ: Најостро го осудуваме кукавичкиот напад врз нашиот претседател appeared first on Република.

]]>
Маскирани лица вечерва го нападнале претседателот на ФФМ Сејдини https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/maskirani-litsa-vecherva-go-napadnale-pretsedatelot-na-ffm-sejdini/ Fri, 27 Sep 2024 19:58:13 +0000 https://republika.mk/?p=820427

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини (55) бил физички нападнат вечерва од неколку маскирани лица во скопскиот ресторан Балканика, јави телевизијата Алсат.

Инцидентот во изјава за телевизијата го потврди портпаролот на ФФМ, кој прецизирал дека „напуштајќи го ресторанот после работен состанок, непознати лица ги нападнале претседателот и неговиот придружник“.

Засега не се познати причините за инцидентот и нема информации за здравствената состојба на Сејдини.

Сејдини е на чело на ФФМ од 2019 година.

The post Маскирани лица вечерва го нападнале претседателот на ФФМ Сејдини appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини (55) бил физички нападнат вечерва од неколку маскирани лица во скопскиот ресторан Балканика, јави телевизијата Алсат. Инцидентот во изјава за телевизијата го потврди портпаролот на ФФМ, кој прецизирал дека „напуштајќи го ресторанот после работен состанок, непознати лица ги нападнале претседателот и неговиот придружник“. Засега не се познати причините за инцидентот и нема информации за здравствената состојба на Сејдини. Сејдини е на чело на ФФМ од 2019 година.

The post Маскирани лица вечерва го нападнале претседателот на ФФМ Сејдини appeared first on Република.

]]>
ФФМ го суспендираше и теренот на Башкими https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ffm-go-suspendirashe-i-terenot-na-bashkimi/ Fri, 27 Sep 2024 11:37:27 +0000 https://republika.mk/?p=820241

Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе одлука според членовите 41,42 и 75 од Правилник за натпревари на ФФМ за суспензија на стадионот „Башкими“ Куманово поради присуство на неслужбени лица на теренот веднаш по завршување на натпревар во рамки на 4 коло на Втора МФЛ помеѓу екипите на ФК Башкими 1947 АД – ФК Беласица АД одигран на 25.09.2024 година во Куманово.

Стадионот „Башкими“ Куманово е суспендиран се до донесување на одлука на ДК на ФФМ. Суспензијата стапува на сила веднаш, соопштија од ФФМ.

Одлуката следува по инцидентот од средата, кога судиите биле попречувани да влезат во нивните службени соблекувални.

https://republika.mk/sport/fudbal/politsijata-morala-da-intervenira-na-stadionot-na-bashkimi-na-kraj-nastrada-avtomobilot-na-sudijata/

Претходно суспензија беше одредена и за Градскиот стадион Неготино каде беше нокаутиран голманот од гостинската екипа.

https://republika.mk/sport/fudbal/navivach-nokautira-golman-na-ohrid/

The post ФФМ го суспендираше и теренот на Башкими appeared first on Република.

]]>

Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе одлука според членовите 41,42 и 75 од Правилник за натпревари на ФФМ за суспензија на стадионот „Башкими“ Куманово поради присуство на неслужбени лица на теренот веднаш по завршување на натпревар во рамки на 4 коло на Втора МФЛ помеѓу екипите на ФК Башкими 1947 АД – ФК Беласица АД одигран на 25.09.2024 година во Куманово.
Стадионот „Башкими“ Куманово е суспендиран се до донесување на одлука на ДК на ФФМ. Суспензијата стапува на сила веднаш, соопштија од ФФМ.
Одлуката следува по инцидентот од средата, кога судиите биле попречувани да влезат во нивните службени соблекувални. https://republika.mk/sport/fudbal/politsijata-morala-da-intervenira-na-stadionot-na-bashkimi-na-kraj-nastrada-avtomobilot-na-sudijata/ Претходно суспензија беше одредена и за Градскиот стадион Неготино каде беше нокаутиран голманот од гостинската екипа. https://republika.mk/sport/fudbal/navivach-nokautira-golman-na-ohrid/

The post ФФМ го суспендираше и теренот на Башкими appeared first on Република.

]]>
Раководството на ФФМ на состанок со водечките луѓе на УЕФА https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/rakovodstvoto-na-ffm-na-sostanok-so-vodechkite-luge-na-uefa/ Fri, 20 Sep 2024 16:06:15 +0000 https://republika.mk/?p=818241

Раководството на УЕФА, предводено од првиот човек Александар Чеферин, генералниот секретар Теодор Теодоридис и директорот за национални асоцијации Зоран Лаковиќ одржаа состанок во францускиот град Кан со претседателите и генералните секретари на 55. членки на Европската фудбалска асоцијација.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беше претставувана од претседателот Муамед Сејдини и генералниот секретар Наталиа Божиновска Илиевска.

Kако што соопштија од ФФМ, на заедничката работилница се дискутирало за новостите во фудбалот на националните тимови, вклучувајќи го и неодамна одржаното Европско првенство, централизацијата на правата за идните национални натпреварувања и користењето на програмата „Хет-трик“.

Во рамки на работниот дел од состаноците се одржаа две одделни работилници – на првата се разговараше за односите на УЕФА со клучните чинители, а на втората работилница се дискутираше за влијанието на политиката врз европскиот фудбал.

Главните размислувања на темата за влијанието на политиката врз европскиот фудбал недвосмислено беа насочени во насока дека со дозволувањето политиката да има влијание врз фудбалот се ризикува да се создадат поделби таму каде што не би требало да има, претворајќи го фудбалот во политичка алатка.

Нашиот спорт треба да остане неутрален и фокусиран на вредностите на фер-плеј, тимска работа и меѓусебно почитување, промовирајќи единство наместо поттикнување на политички агенди“, е заклучокот од средбата на раководството на УЕФА со европските национални асоцијации во Кан.

The post Раководството на ФФМ на состанок со водечките луѓе на УЕФА appeared first on Република.

]]>

Раководството на УЕФА, предводено од првиот човек Александар Чеферин, генералниот секретар Теодор Теодоридис и директорот за национални асоцијации Зоран Лаковиќ одржаа состанок во францускиот град Кан со претседателите и генералните секретари на 55. членки на Европската фудбалска асоцијација. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беше претставувана од претседателот Муамед Сејдини и генералниот секретар Наталиа Божиновска Илиевска. Kако што соопштија од ФФМ, на заедничката работилница се дискутирало за новостите во фудбалот на националните тимови, вклучувајќи го и неодамна одржаното Европско првенство, централизацијата на правата за идните национални натпреварувања и користењето на програмата „Хет-трик“. Во рамки на работниот дел од состаноците се одржаа две одделни работилници – на првата се разговараше за односите на УЕФА со клучните чинители, а на втората работилница се дискутираше за влијанието на политиката врз европскиот фудбал. Главните размислувања на темата за влијанието на политиката врз европскиот фудбал недвосмислено беа насочени во насока дека со дозволувањето политиката да има влијание врз фудбалот се ризикува да се создадат поделби таму каде што не би требало да има, претворајќи го фудбалот во политичка алатка.
Нашиот спорт треба да остане неутрален и фокусиран на вредностите на фер-плеј, тимска работа и меѓусебно почитување, промовирајќи единство наместо поттикнување на политички агенди“, е заклучокот од средбата на раководството на УЕФА со европските национални асоцијации во Кан.

The post Раководството на ФФМ на состанок со водечките луѓе на УЕФА appeared first on Република.

]]>
После тренинг младите репрезентативци ги чекала затворена врата во хотелот, инаку сопственост на зетот на Сејдини https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/posle-trening-mladite-reprezentativtsi-gi-chekala-zatvorena-vrata-vo-hotelot-inaku-sopstvenost-na-zetot-na-sejdini/ Thu, 19 Sep 2024 14:01:26 +0000 https://republika.mk/?p=817852

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години доживеала вистински шок, откако наишла на затворени врати на хотелот во Крушино каде се сместени младите фудбалери. Имено, откако се вратиле од натпревар, фудбалерите и стручниот штаб кои се сместени во хотелот „Куќа на уметноста“ над Кичево, ги дочекале затворени врати на објектот, пренесува „Спорт спорт“ до чија редакција стигнале реакциите од родителите.

Од спортскиот портал прашуваат и „кој и како го одбра токму овој хотел да биде база на националните селекции и колку Фудбалската федерација плаќа засместувањето на репрезентативните селекции, ако се знае дека сопственик на истиот е зет на претседателот на ФФМ, Сејдини?“.

Неодамна, во интервју за „Спорт спорт“ и македонската фудбалска легенда Горан Пандев го спомена овој хотел, како дел од сите замерки кои ги посочи за актуелното раководство на ФФМ.

ФФМ последниве години се претвори во чајџилница, во место каде има сè, само не фудбалски работници. Тоа стана полигон за вработување на одредени структури и масовно трошење на финансиите за нефудбалски работи. Каде се проектите, стадионите, терените… Запуштени дивограби и промашени трибини и рефлектори. Секојдневно билдање на сметката во Крушино, каде нема услови за работа и каде редовно има семинари на тренери, собир на селекции и судии. Се знае зошто е тоа така! Се полни сметката на хотелот, кој е бизнис за актуелното фудбалско раководство. Имам порака до Мухамед Сејдини. Пред точно 6 години на Гибралтар му дадов поддршка затоа што имаше визија, сакаше да соработува. Но, тој Мети и овој сега, не се исти личности. Неколку месеци пред ЕП тој фати друг курс, почна да се дружи и да слуша совети од погрешни личности. Го изгуби компасот и затоа сега ни се случува колапс. Да си оди како човек, а не како кукавица и тоа што поскоро без разлика на тоа што мандатот му истекува во март. Одењето ќе биде добро за фудбалот, но и за него лично, затоа што луѓето кои сега му се соработници и советници го водат и него и фудбалот во пропаст. Да, ја сакам и поддржувам промени. Пред неколку недели имав средба со Масар Омерагиќ и му кажав дека му стојам на располагање. Знам дека тој ќе оди во трката за претседател на ФФМ, место за кое се избори уште пред 12 години и место кое насилно му беше одземено. Покрај мене знам дека со него се уште Агим Ибраими, Ѓорѓи Христов и уште десетина други докажани фудбалски имиња од земјава. Промени ќе има, што поскоро тоа е подобро за сите..., порача Пандев во интервјуто.

The post После тренинг младите репрезентативци ги чекала затворена врата во хотелот, инаку сопственост на зетот на Сејдини appeared first on Република.

]]>

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години доживеала вистински шок, откако наишла на затворени врати на хотелот во Крушино каде се сместени младите фудбалери. Имено, откако се вратиле од натпревар, фудбалерите и стручниот штаб кои се сместени во хотелот „Куќа на уметноста“ над Кичево, ги дочекале затворени врати на објектот, пренесува „Спорт спорт“ до чија редакција стигнале реакциите од родителите. Од спортскиот портал прашуваат и „кој и како го одбра токму овој хотел да биде база на националните селекции и колку Фудбалската федерација плаќа засместувањето на репрезентативните селекции, ако се знае дека сопственик на истиот е зет на претседателот на ФФМ, Сејдини?“. Неодамна, во интервју за „Спорт спорт“ и македонската фудбалска легенда Горан Пандев го спомена овој хотел, како дел од сите замерки кои ги посочи за актуелното раководство на ФФМ.
ФФМ последниве години се претвори во чајџилница, во место каде има сè, само не фудбалски работници. Тоа стана полигон за вработување на одредени структури и масовно трошење на финансиите за нефудбалски работи. Каде се проектите, стадионите, терените… Запуштени дивограби и промашени трибини и рефлектори. Секојдневно билдање на сметката во Крушино, каде нема услови за работа и каде редовно има семинари на тренери, собир на селекции и судии. Се знае зошто е тоа така! Се полни сметката на хотелот, кој е бизнис за актуелното фудбалско раководство. Имам порака до Мухамед Сејдини. Пред точно 6 години на Гибралтар му дадов поддршка затоа што имаше визија, сакаше да соработува. Но, тој Мети и овој сега, не се исти личности. Неколку месеци пред ЕП тој фати друг курс, почна да се дружи и да слуша совети од погрешни личности. Го изгуби компасот и затоа сега ни се случува колапс. Да си оди како човек, а не како кукавица и тоа што поскоро без разлика на тоа што мандатот му истекува во март. Одењето ќе биде добро за фудбалот, но и за него лично, затоа што луѓето кои сега му се соработници и советници го водат и него и фудбалот во пропаст. Да, ја сакам и поддржувам промени. Пред неколку недели имав средба со Масар Омерагиќ и му кажав дека му стојам на располагање. Знам дека тој ќе оди во трката за претседател на ФФМ, место за кое се избори уште пред 12 години и место кое насилно му беше одземено. Покрај мене знам дека со него се уште Агим Ибраими, Ѓорѓи Христов и уште десетина други докажани фудбалски имиња од земјава. Промени ќе има, што поскоро тоа е подобро за сите..., порача Пандев во интервјуто.

The post После тренинг младите репрезентативци ги чекала затворена врата во хотелот, инаку сопственост на зетот на Сејдини appeared first on Република.

]]>
ФФМ бара УЕФА да го казни албанскиот фудбалер Мирлит Даку кој вулгарно скандираше против Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ffm-bara-uefa-da-go-kazni-albanskiot-fudbaler-mirlit-daku-koj-vulgarno-skandirashe-protiv-makedonija/ Thu, 20 Jun 2024 10:04:47 +0000 https://republika.mk/?p=789282

Од Фудбалската федерација на Македонија, изразија длабока загриженост и недвосмислена осуда во врска со националистички скандирања од Мирлит Даку, репрезентативец на Албанија, насочени против македонската држава по завршување на вчерашниот натпревар Хрватска – Албанија од Европското првенство.

Даку по завршувањето на дуелот со Хрватска на Европското првенство во Германија ги пцуеше Македонците. Албанија одигра 2:2 со фаворизираната Хрватска откако постигна гол во судиското продолжение, а додека навивачите го славеа освоениот бод, Дука зеде мегафон и од теренот вулгарно скандираше против Македонија.

Однесувањето е неприфатливо и спротивно на основните вредности на спортскиот дух и меѓусебното почитување што ги промовира фудбалот. Спортот, особено фудбалот е основа за здржување на луѓето од различна национална припадност и средина за соработка и почит. Националистичката реторика, сепак, ги поткопува овие принципи, поттикнувајќи поделба и непријателство меѓу навивачите и општествата“, велат од ФФМ.

Принципите на политичка неутралност се вградени во регулативите на меѓународните асоцијации како што се ФИФА и УЕФА. Фудбалската федерација на Македонија за ваквото скандалозно однесување ќе прати официјален допис до УЕФА.

Го повикуваме фудбалерот на Албанија, Мирлит Даку јавно да се извини за своето однесување, препознавајќи ја штетата што ја предизвика. Исто така, ги повикуваме релевантните институции да го истражат овој инцидент и да преземат соодветни дисциплински мерки за зајакнување на стандардите на однесување што се очекуваат од сите спортисти.

Нашата посветеност за промовирање единство, почит и фер игра во спортот останува на прво место“, додаваат од ФФМ.

 

The post ФФМ бара УЕФА да го казни албанскиот фудбалер Мирлит Даку кој вулгарно скандираше против Македонија appeared first on Република.

]]>

Од Фудбалската федерација на Македонија, изразија длабока загриженост и недвосмислена осуда во врска со националистички скандирања од Мирлит Даку, репрезентативец на Албанија, насочени против македонската држава по завршување на вчерашниот натпревар Хрватска – Албанија од Европското првенство. Даку по завршувањето на дуелот со Хрватска на Европското првенство во Германија ги пцуеше Македонците. Албанија одигра 2:2 со фаворизираната Хрватска откако постигна гол во судиското продолжение, а додека навивачите го славеа освоениот бод, Дука зеде мегафон и од теренот вулгарно скандираше против Македонија.
Однесувањето е неприфатливо и спротивно на основните вредности на спортскиот дух и меѓусебното почитување што ги промовира фудбалот. Спортот, особено фудбалот е основа за здржување на луѓето од различна национална припадност и средина за соработка и почит. Националистичката реторика, сепак, ги поткопува овие принципи, поттикнувајќи поделба и непријателство меѓу навивачите и општествата“, велат од ФФМ.
Принципите на политичка неутралност се вградени во регулативите на меѓународните асоцијации како што се ФИФА и УЕФА. Фудбалската федерација на Македонија за ваквото скандалозно однесување ќе прати официјален допис до УЕФА.
Го повикуваме фудбалерот на Албанија, Мирлит Даку јавно да се извини за своето однесување, препознавајќи ја штетата што ја предизвика. Исто така, ги повикуваме релевантните институции да го истражат овој инцидент и да преземат соодветни дисциплински мерки за зајакнување на стандардите на однесување што се очекуваат од сите спортисти. Нашата посветеност за промовирање единство, почит и фер игра во спортот останува на прво место“, додаваат од ФФМ.  

The post ФФМ бара УЕФА да го казни албанскиот фудбалер Мирлит Даку кој вулгарно скандираше против Македонија appeared first on Република.

]]>
Се огласи ФФМ, откако родители се степаа на детски натпревар – ќе се игра без публика https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/se-oglasi-ffm-otkako-roditeli-se-stepaa-na-detski-natprevar-ke-se-igra-bez-publika/ Sat, 01 Jun 2024 19:03:04 +0000 https://republika.mk/?p=783972

По денешниот најнов инцидент во Детска лига, во меч во кој возрасни лица се тепаа меѓусебе, се огласи и Фудбалската федерација на Македонија, која ги осуди овие настани.

Соопштението на ФФМ ви го пренесуваме во целост:

“Тренерите на тимовите учесници во натпреварувањето се известени да го почитуваат кодексот за фер-игра и однесување. Секое спротивно однесување ќе подлежи на дисциплински сакнции.

Фудбалската федерација на Македонија изразува длабока разочараност од инцидентот што се случи на детскиот фудбалски натпревар од финалниот турнир на тренинг центарот “Петар Милошевски”.

Она што требаше да биде настан на кој се слави спортскиот дух, тимската работа и радоста на играта беше нарушено со неприфатливото однесување на дел од присутните родители.

Како организација посветена на промовирање на позитивна и фер-плеј средина за нашите најмлади фудбалери, најостро го осудуваме однесувањето на присутните родители кои го предизвикаа и учестуваа во инцидентот. Таквото однесување е спротивно на вредностите што ги поддржуваме и примерот што се стремиме да им го дадеме на нашите деца.

Од клучно значење е сите да се стремиме кон основната цел на детскиот спорт: поттикнување развој, забава и почит меѓу учесниците.

Фудбалската федерација на Македонија како организатор на Детска лига сериозно размислуваше за драстична одлука и суспендирање на понатамошните натпревари, но таа одлука би значело само штета за сметка на радоста на децата и нивната желба за игра.

ФФМ сепак донесе одлука понатамошните натпревари да се одиграат без присуство на публика.

Исто така, тренерите на тимовите учесници во натпреварувањето се известени да го почитуваат кодексот за фер-игра и однесување. Секое спротивно однесување ќе подлежи на дисциплински сакнции.

Ги повикуваме сите родители и гледачи во иднина да размислуваат за влијанието што нивните постапки го имаат врз децата и секогаш да се однесуваат на начин кој поддржува и поттикнува позитивен развој.

Наш приоритет е да обезбедиме секое дете да ужива во играњето фудбал во безбедна и позитивна средина“.

https://republika.mk/vesti/skopje/roditeli-se-tepaat-na-detski-fudbalski-natprevar-dechinata-voznemireni/

 

The post Се огласи ФФМ, откако родители се степаа на детски натпревар – ќе се игра без публика appeared first on Република.

]]>

По денешниот најнов инцидент во Детска лига, во меч во кој возрасни лица се тепаа меѓусебе, се огласи и Фудбалската федерација на Македонија, која ги осуди овие настани. Соопштението на ФФМ ви го пренесуваме во целост:
“Тренерите на тимовите учесници во натпреварувањето се известени да го почитуваат кодексот за фер-игра и однесување. Секое спротивно однесување ќе подлежи на дисциплински сакнции. Фудбалската федерација на Македонија изразува длабока разочараност од инцидентот што се случи на детскиот фудбалски натпревар од финалниот турнир на тренинг центарот “Петар Милошевски”. Она што требаше да биде настан на кој се слави спортскиот дух, тимската работа и радоста на играта беше нарушено со неприфатливото однесување на дел од присутните родители. Како организација посветена на промовирање на позитивна и фер-плеј средина за нашите најмлади фудбалери, најостро го осудуваме однесувањето на присутните родители кои го предизвикаа и учестуваа во инцидентот. Таквото однесување е спротивно на вредностите што ги поддржуваме и примерот што се стремиме да им го дадеме на нашите деца. Од клучно значење е сите да се стремиме кон основната цел на детскиот спорт: поттикнување развој, забава и почит меѓу учесниците. Фудбалската федерација на Македонија како организатор на Детска лига сериозно размислуваше за драстична одлука и суспендирање на понатамошните натпревари, но таа одлука би значело само штета за сметка на радоста на децата и нивната желба за игра. ФФМ сепак донесе одлука понатамошните натпревари да се одиграат без присуство на публика. Исто така, тренерите на тимовите учесници во натпреварувањето се известени да го почитуваат кодексот за фер-игра и однесување. Секое спротивно однесување ќе подлежи на дисциплински сакнции. Ги повикуваме сите родители и гледачи во иднина да размислуваат за влијанието што нивните постапки го имаат врз децата и секогаш да се однесуваат на начин кој поддржува и поттикнува позитивен развој. Наш приоритет е да обезбедиме секое дете да ужива во играњето фудбал во безбедна и позитивна средина“.
https://republika.mk/vesti/skopje/roditeli-se-tepaat-na-detski-fudbalski-natprevar-dechinata-voznemireni/  

The post Се огласи ФФМ, откако родители се степаа на детски натпревар – ќе се игра без публика appeared first on Република.

]]>
ФФМ со поддршка за Чеферин https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ffm-so-poddrshka-za-cheferin/ Wed, 17 Apr 2024 13:40:43 +0000 https://republika.mk/?p=767188

На регионален состанок во Тирана, фудбалските асоцијаци од Југоисточна Европа, меѓу нив и ФФМ безусловно изразија поддршка за претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин и неговата администрација.

- Фудбалската федерација на Македонија заедно со десет национални асоцијации членки на УЕФА од Југоисточна Европа денеска на состанок во Тирана ја потврдија безусловната поддршка за претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. На регионалниот состанок чиј домаќин беше Албанската фудбалска Асоцијација, главниот фокус се однесуваше на критичните аспекти на стратегијата за развој на фудбалот на УЕФА како што се: идниот формат на клупските натпреварувања на УЕФА по 2024 година и новата програма за солидарност. Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Грција, Косово, Црна Гора, Македонија, Србија, Словенија, Турција и Албанија со свои претставници беа дел од регионалниот состанок во Тирана, соопшти ФФМ.

На состанокот се дискутираше за прашања кои се однесуваат на судењето на натпреварите, споделување податоци и финансиски анализи, потоа предизвици околу првенствата кои влегуваат во системите за обложување и можности кои се појавуваат за државите / асоцијациите.

The post ФФМ со поддршка за Чеферин appeared first on Република.

]]>

На регионален состанок во Тирана, фудбалските асоцијаци од Југоисточна Европа, меѓу нив и ФФМ безусловно изразија поддршка за претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин и неговата администрација. - Фудбалската федерација на Македонија заедно со десет национални асоцијации членки на УЕФА од Југоисточна Европа денеска на состанок во Тирана ја потврдија безусловната поддршка за претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. На регионалниот состанок чиј домаќин беше Албанската фудбалска Асоцијација, главниот фокус се однесуваше на критичните аспекти на стратегијата за развој на фудбалот на УЕФА како што се: идниот формат на клупските натпреварувања на УЕФА по 2024 година и новата програма за солидарност. Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Грција, Косово, Црна Гора, Македонија, Србија, Словенија, Турција и Албанија со свои претставници беа дел од регионалниот состанок во Тирана, соопшти ФФМ. На состанокот се дискутираше за прашања кои се однесуваат на судењето на натпреварите, споделување податоци и финансиски анализи, потоа предизвици околу првенствата кои влегуваат во системите за обложување и можности кои се појавуваат за државите / асоцијациите.

The post ФФМ со поддршка за Чеферин appeared first on Република.

]]>
ФФМ за истрагата со местење на натпревари: Целосно соработуваме со МВР https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ffm-za-istragata-so-mestene-na-natprevari-tselosno-sorabotuvame-so-mvr/ Fri, 29 Mar 2024 21:56:20 +0000 https://republika.mk/?p=760291

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) лиферуваше соопштение за полициската истрага која денеска беше спроведена во „Куќата на фудбалот“ во врска со наместени натпревари, истакнувајќи дека службите на ФФМ во целост соработуваат со Министерството за внатрешни работи (МВР).

https://republika.mk/sport/fudbal/ffm-tselosno-sorabotuvame-so-mvr/

Во соопштението на ФФМ се прецизира дека од страна на МВР биле „побарани информации кои првенствено се однесуваат на акти кои го регулираат натпреварувањето, записници од официјални натпревари во рамки на натпреварувања во организација на ФФМ и распоред од календарот на натпреварувањата во домашните првенства“.

Во рамки на своите надлежности кои се однесуваат пред сè на заштита на интегритетот на натпреварувањето, ФФМ целосно соработува со МВР и органите на Министерството во тој дел, се наведува во соопштението.

The post ФФМ за истрагата со местење на натпревари: Целосно соработуваме со МВР appeared first on Република.

]]>

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) лиферуваше соопштение за полициската истрага која денеска беше спроведена во „Куќата на фудбалот“ во врска со наместени натпревари, истакнувајќи дека службите на ФФМ во целост соработуваат со Министерството за внатрешни работи (МВР). https://republika.mk/sport/fudbal/ffm-tselosno-sorabotuvame-so-mvr/ Во соопштението на ФФМ се прецизира дека од страна на МВР биле „побарани информации кои првенствено се однесуваат на акти кои го регулираат натпреварувањето, записници од официјални натпревари во рамки на натпреварувања во организација на ФФМ и распоред од календарот на натпреварувањата во домашните првенства“.
Во рамки на своите надлежности кои се однесуваат пред сè на заштита на интегритетот на натпреварувањето, ФФМ целосно соработува со МВР и органите на Министерството во тој дел, се наведува во соопштението.

The post ФФМ за истрагата со местење на натпревари: Целосно соработуваме со МВР appeared first on Република.

]]>
Полицијата го тресе македонскиот фудбал, под истрага 7 клубови за местење на натпревари https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ffm-tselosno-sorabotuvame-so-mvr/ Fri, 29 Mar 2024 19:15:15 +0000 https://republika.mk/?p=760257

Пет клубови од првата македонска фудбалска лига и два второлигаши се под истрага за местење на натпревари.

Полицијата денеска влезе во Фудбалската федерација каде се проверува документацијата и се прибираат
информации за клубови, натпревари и официјални лица со сомневање за местење на натпревари.

Од МВР потврдуваат дека постапуваат по насоки на јавен обвинител.

Се огласија и од ФФМ од каде истакнуваат дека целосно соработуваат со органите.

-Министерството за внатрешни работи (МВР) побара информации од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) кои првенствено се однесуваат на акти кои го регулираат натпреварувањето, записници од официјални натпревари во рамки на натпреварувања во организација на ФФМ, потоа распоред од календарот на натпреварувањата во домашните првенства итн. Во рамки на своите надлежности кои се однесуваат пред се на заштита на интегритетот на натпреварувањето, ФФМ целосно соработува со МВР и органите на Министерството во тој дел, се вели во соопштението на ФФМ.

Постапката е иницирана по добиени информации и препораки од „Спортрадар“, тело на Интерпол и УЕФА чија цел е борбата против наместени натпревари.

The post Полицијата го тресе македонскиот фудбал, под истрага 7 клубови за местење на натпревари appeared first on Република.

]]>

Пет клубови од првата македонска фудбалска лига и два второлигаши се под истрага за местење на натпревари. Полицијата денеска влезе во Фудбалската федерација каде се проверува документацијата и се прибираат информации за клубови, натпревари и официјални лица со сомневање за местење на натпревари. Од МВР потврдуваат дека постапуваат по насоки на јавен обвинител. Се огласија и од ФФМ од каде истакнуваат дека целосно соработуваат со органите. -Министерството за внатрешни работи (МВР) побара информации од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) кои првенствено се однесуваат на акти кои го регулираат натпреварувањето, записници од официјални натпревари во рамки на натпреварувања во организација на ФФМ, потоа распоред од календарот на натпреварувањата во домашните првенства итн. Во рамки на своите надлежности кои се однесуваат пред се на заштита на интегритетот на натпреварувањето, ФФМ целосно соработува со МВР и органите на Министерството во тој дел, се вели во соопштението на ФФМ. Постапката е иницирана по добиени информации и препораки од „Спортрадар“, тело на Интерпол и УЕФА чија цел е борбата против наместени натпревари.

The post Полицијата го тресе македонскиот фудбал, под истрага 7 клубови за местење на натпревари appeared first on Република.

]]>
Средба Сејдиу – Асановиќ, во фокусот Академијата на ФФМ https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/sredba-sejdiu-asanovik-vo-fokusot-akademijata-na-ffm/ Tue, 27 Feb 2024 17:30:23 +0000 https://republika.mk/?p=749008

Важноста на Академијата на ФФМ, досегашната соработка и поддршка од УЕФА, како и плановите за идниот развој на Академијата, беа теми на денешната средба на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини со легендарниот хрватски фудбалер, Аљоша Асановиќ, кој престојува во дводневна работна посета на Скопје во улога на УЕФА консултант во рамки на проектот на УЕФА и ФФМ за развој на млади елитни фудбалери.

„Во Академијата на ФФМ сме посветени на поттикнување на развојот на младите фудбалери на теренот, но и надвор од него. Преку тренинзи од програмата на УЕФА за млади категории и водени од едуцирани тренери, ние се фокусираме на развојот не само на фудбалските вештини на младите играчи, туку и на вредни животни лекции кои вклучуваат ментална сила и градење карактер“, истакна Сејдини.

Првиот човек на ФФМ на средбата со Асановиќ изрази задоволство од соработката со УЕФА во развојот на млади фудбалери.

„Горди сме на напредокот што го постигнавме во Академијата на ФФМ и остануваме посветени на тековниот развој и успех на младите фудбалери“, рече Сејдини.

Асановиќ, исто така, имаше работен состанок со членовите на стручните штабови на ФФМ Академијата и лицата од ФФМ задолжени за Академијата.

Состанокот е најава за неговата нова работна посета на ФФМ, веќе на почетокот на април, каде ќе се посвети поголемо внимание на стручната работа со фудбалерите од ФФМ Академијата на самиот терен.

The post Средба Сејдиу – Асановиќ, во фокусот Академијата на ФФМ appeared first on Република.

]]>

Важноста на Академијата на ФФМ, досегашната соработка и поддршка од УЕФА, како и плановите за идниот развој на Академијата, беа теми на денешната средба на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини со легендарниот хрватски фудбалер, Аљоша Асановиќ, кој престојува во дводневна работна посета на Скопје во улога на УЕФА консултант во рамки на проектот на УЕФА и ФФМ за развој на млади елитни фудбалери.
„Во Академијата на ФФМ сме посветени на поттикнување на развојот на младите фудбалери на теренот, но и надвор од него. Преку тренинзи од програмата на УЕФА за млади категории и водени од едуцирани тренери, ние се фокусираме на развојот не само на фудбалските вештини на младите играчи, туку и на вредни животни лекции кои вклучуваат ментална сила и градење карактер“, истакна Сејдини.
Првиот човек на ФФМ на средбата со Асановиќ изрази задоволство од соработката со УЕФА во развојот на млади фудбалери.
„Горди сме на напредокот што го постигнавме во Академијата на ФФМ и остануваме посветени на тековниот развој и успех на младите фудбалери“, рече Сејдини.
Асановиќ, исто така, имаше работен состанок со членовите на стручните штабови на ФФМ Академијата и лицата од ФФМ задолжени за Академијата. Состанокот е најава за неговата нова работна посета на ФФМ, веќе на почетокот на април, каде ќе се посвети поголемо внимание на стручната работа со фудбалерите од ФФМ Академијата на самиот терен.

The post Средба Сејдиу – Асановиќ, во фокусот Академијата на ФФМ appeared first on Република.

]]>
Пандев удри по ФФМ: Сите размислуваат да заработат за млади категории, кај нас за во личен џеб https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pandev-udri-po-ffm-site-razmisluvaat-da-zarabotat-za-mladi-kategorii-kaj-nas-za-vo-lichen-dheb/ Sat, 10 Feb 2024 18:53:11 +0000 https://republika.mk/?p=742629

ФФМ знаеме како функционираа. ФФМ не функционира од сега лошо, ФФМ функционира 30 години лошо. Ние се радуваме дека сега ставија нова трева на стадион. Што зборуваме луѓе... Ние немаме инфаструктура, немаме телевизиски права... Ние немаме ништо. Кој ќе дојде во ФФМ мисли само како да заработат, не размислуваат да направат нешто, да го подигнат фудбалот на многу повисоко ниво. После 30 години ние преку лига на нации се пласиравме на Европско првенство. Што сега, треба да чекаме упте 50 години пак да се пласираме?! - вели најпознатиот македонски фудбалер Горан Пандев во емисијата Еден на Еден.

Тој коментира дека не е можно за 30 години ние да не изградиме ниту еден стадион, да нема рефлектори, во зима да се игра на кал, а во лето на 50 степени.

- Тоа го нема веќе никаде во светот. Едно Косово на пример, има многу подобри услови од нашите услови - додава Пандев.

На прашањето како сме стигнале до тоа дно одговара:

- Погрешни луѓе... И државата има многу голем удел. Триесет години ние немаме еден спонзор на репрезентација. Да не се направи еден стадион. Луѓето во Федерација се задоволни со буџетот од УЕФА. Ние отидовме на ЕП без никаков маркетинг. Сега дојдоа Америанците, кај нас има на платен список повеќе луѓе во маркетинг, отколку играчи. Одиме на ЕП немаме дресови. Отидовме со дресови од пред 15 години. Срамно е. Сите гледаат да заработат нешто за да инвестираат во млади категории, ние за во личен џеб.Со тој менталитет тешко...

The post Пандев удри по ФФМ: Сите размислуваат да заработат за млади категории, кај нас за во личен џеб appeared first on Република.

]]>

ФФМ знаеме како функционираа. ФФМ не функционира од сега лошо, ФФМ функционира 30 години лошо. Ние се радуваме дека сега ставија нова трева на стадион. Што зборуваме луѓе... Ние немаме инфаструктура, немаме телевизиски права... Ние немаме ништо. Кој ќе дојде во ФФМ мисли само како да заработат, не размислуваат да направат нешто, да го подигнат фудбалот на многу повисоко ниво. После 30 години ние преку лига на нации се пласиравме на Европско првенство. Што сега, треба да чекаме упте 50 години пак да се пласираме?! - вели најпознатиот македонски фудбалер Горан Пандев во емисијата Еден на Еден.
Тој коментира дека не е можно за 30 години ние да не изградиме ниту еден стадион, да нема рефлектори, во зима да се игра на кал, а во лето на 50 степени.
- Тоа го нема веќе никаде во светот. Едно Косово на пример, има многу подобри услови од нашите услови - додава Пандев.
На прашањето како сме стигнале до тоа дно одговара:
- Погрешни луѓе... И државата има многу голем удел. Триесет години ние немаме еден спонзор на репрезентација. Да не се направи еден стадион. Луѓето во Федерација се задоволни со буџетот од УЕФА. Ние отидовме на ЕП без никаков маркетинг. Сега дојдоа Америанците, кај нас има на платен список повеќе луѓе во маркетинг, отколку играчи. Одиме на ЕП немаме дресови. Отидовме со дресови од пред 15 години. Срамно е. Сите гледаат да заработат нешто за да инвестираат во млади категории, ние за во личен џеб.Со тој менталитет тешко...

The post Пандев удри по ФФМ: Сите размислуваат да заработат за млади категории, кај нас за во личен џеб appeared first on Република.

]]>
Соучесници сте во неправдата: Отворено писмо од ФК Тетекс до ФФМ https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/souchesnitsi-ste-vo-nepravdata-otvoreno-pismo-od-fk-teteks-do-ffm/ Sat, 23 Dec 2023 13:23:56 +0000 https://republika.mk/?p=725941

Фудбалскиот клуб Тетекс од Тетово упати отворено писмо до Фудбалската федерација и до пошироката јавност реагирајќи на одлуките на судиите во текот на полусезоната. Револтирани се што нема анализа на работата на судиите, која ја оценуваат како неправедна.

Оставивме простор за да направите судиска анализа на вашите таканаречени судии за последното коло, кое за жал не се случи и повторно е на штета на нас клубовите, па сакаме да поставиме неколку прашања до надлежните во случајов ФФМ и Судската комисија, но и до дотичниот кој ги делегира истите шарлатани. Зошто сè уште нема судиска анализа за последното коло од првата и втората македонска фудбалска лига? Дали сте свесни, покрај тоа што ништо не помагате во фудбалот во и онака катастрофалната ситуација, свесно со вакви потези сте соучесници со судиите и поради тоа константно се случуваат овие неправди, велат од ФК Тетекс.

Бараат некој да преземе одговорност за неправдите наместо тоа што оштетените клубови ќе добијат извинување кое, велат, никако не е од полза и исправање на неправдата.

Зарем не се гледа од ваша страна дека собирате еден гнев кај клубовите и оние кои вистински ги сакаат и чесно ги водат клубовите? Сакате ли да отиде предалеку работава со оваа ваша негрижа како да е сè ок, а не дека со срамни судиски одлуки од ваши судии кои поминуваат без ваша анализа и неказнето, сакате да демонстрирате сила? Господа од ФФМ, Судска комисија и претседателе кои ги делегираш твоите пајташи наречени судии, денес е Тетекс, Македонија ЃП, Воска, Гостивар и кој уште не, утре ќе биде некој нов, нема да ви помине, никогаш нема да ве оставиме на мир. Доколку нема казни, односно овој случај биде заташкан иако има од контролорот изнапишано четиво од нашиот натпревар против Башкими, поради неговите катастрофални одлуки, ќе бидеме приморани да се заштитиме на наш начин и да го покажеме другото лице на преостанатите натпревари кои само вие ќе бидете виновници, потенцираат од ФК Тетекс барајќи од ФФМ да се реши еднаш засекогаш овој проблем.

The post Соучесници сте во неправдата: Отворено писмо од ФК Тетекс до ФФМ appeared first on Република.

]]>

Фудбалскиот клуб Тетекс од Тетово упати отворено писмо до Фудбалската федерација и до пошироката јавност реагирајќи на одлуките на судиите во текот на полусезоната. Револтирани се што нема анализа на работата на судиите, која ја оценуваат како неправедна. Оставивме простор за да направите судиска анализа на вашите таканаречени судии за последното коло, кое за жал не се случи и повторно е на штета на нас клубовите, па сакаме да поставиме неколку прашања до надлежните во случајов ФФМ и Судската комисија, но и до дотичниот кој ги делегира истите шарлатани. Зошто сè уште нема судиска анализа за последното коло од првата и втората македонска фудбалска лига? Дали сте свесни, покрај тоа што ништо не помагате во фудбалот во и онака катастрофалната ситуација, свесно со вакви потези сте соучесници со судиите и поради тоа константно се случуваат овие неправди, велат од ФК Тетекс. Бараат некој да преземе одговорност за неправдите наместо тоа што оштетените клубови ќе добијат извинување кое, велат, никако не е од полза и исправање на неправдата. Зарем не се гледа од ваша страна дека собирате еден гнев кај клубовите и оние кои вистински ги сакаат и чесно ги водат клубовите? Сакате ли да отиде предалеку работава со оваа ваша негрижа како да е сè ок, а не дека со срамни судиски одлуки од ваши судии кои поминуваат без ваша анализа и неказнето, сакате да демонстрирате сила? Господа од ФФМ, Судска комисија и претседателе кои ги делегираш твоите пајташи наречени судии, денес е Тетекс, Македонија ЃП, Воска, Гостивар и кој уште не, утре ќе биде некој нов, нема да ви помине, никогаш нема да ве оставиме на мир. Доколку нема казни, односно овој случај биде заташкан иако има од контролорот изнапишано четиво од нашиот натпревар против Башкими, поради неговите катастрофални одлуки, ќе бидеме приморани да се заштитиме на наш начин и да го покажеме другото лице на преостанатите натпревари кои само вие ќе бидете виновници, потенцираат од ФК Тетекс барајќи од ФФМ да се реши еднаш засекогаш овој проблем.

The post Соучесници сте во неправдата: Отворено писмо од ФК Тетекс до ФФМ appeared first on Република.

]]>