февруари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fevruari/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Apr 2024 11:04:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png февруари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fevruari/ 32 32 Просечната плата во февруари изнесувала 39.276 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prosechnata-plata-vo-fevruari-iznesuvala-39-276-denari/ Tue, 23 Apr 2024 11:04:20 +0000 https://republika.mk/?p=769698

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во земјава во февруари 2024 година, изнесува 39.276 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, изнесува 116.8.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (25.4 %), Административни и помошни услужни дејности (22.8 %) и Уметност, забава и рекреација (20.3 %).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање (9.8 %), Рударство и вадење на камен (7.4 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (5.1 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во февруари 2024 година, изнесува 58.967 денари.

The post Просечната плата во февруари изнесувала 39.276 денари appeared first on Република.

]]>

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во земјава во февруари 2024 година, изнесува 39.276 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, изнесува 116.8. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (25.4 %), Административни и помошни услужни дејности (22.8 %) и Уметност, забава и рекреација (20.3 %). Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање (9.8 %), Рударство и вадење на камен (7.4 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (5.1 %). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во февруари 2024 година, изнесува 58.967 денари.  

The post Просечната плата во февруари изнесувала 39.276 денари appeared first on Република.

]]>
Температурата во февруари била 3,9 степени над просечната, месецот бил многу топол и сув, покажуваат мерењата на УХМР https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/temperaturata-vo-fevruari-bila-3-9-stepeni-nad-prosechnata-mesetsot-bil-mnogu-topol-i-suv-pokazhuvaat-merenata-na-uhmr/ Tue, 05 Mar 2024 09:44:40 +0000 https://republika.mk/?p=751382

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Македонија, месец февруари годинава се карактеризира како екстремно до многу топол и сув месец во споредба со многугодишните просечни вредности, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Според УХМР, месечната температура се движела од 2,4 целзиусови степени во Лазарополе до 9,7 во Гевгелија. Споредено со просечните февруарски средномесечни температури, за триестгодишен период (1991-2020), овогодинешната била 3,9 степени над просечната на ниво на држава.

Највисоката максимална температура беше измерена на 6 февруари во Гевгелија и изнесуваше 22,9 целзиусови степени. Забележени се високи максимални температури во текот на целиот месец, а и продор на топлотен бран на целата територија на државата исто во текот на речиси целиот месец. Забележени се минимални температури под нулата во првите две декади од месецот, потоа минималните температури се над нулата. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Берово, на 1 февруари и изнесуваше -11,0 степени, се вели во соопштението од УХМР.

Во февруари годинава месечната сума на врнежи во државата изнесувала од 6,8 мм во Скопје Зајчев Рид до 33,5 мм во Крива Паланка. Врнежите биле од дожд и снег на планините. Максимално дневно количество на врнежи од дожд 27,3 мм било регистрирано во Крива Паланка на 12-ти во месецот. На Попова Шапка на 11 февруари беше измерена највисока снежна покривка од 37 см.

Како што наведуваат од УХМР, споредено со февруарската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи била 30 мм или 63 проценти под просечната на ниво на држава.

The post Температурата во февруари била 3,9 степени над просечната, месецот бил многу топол и сув, покажуваат мерењата на УХМР appeared first on Република.

]]>

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Македонија, месец февруари годинава се карактеризира како екстремно до многу топол и сув месец во споредба со многугодишните просечни вредности, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Според УХМР, месечната температура се движела од 2,4 целзиусови степени во Лазарополе до 9,7 во Гевгелија. Споредено со просечните февруарски средномесечни температури, за триестгодишен период (1991-2020), овогодинешната била 3,9 степени над просечната на ниво на држава.
Највисоката максимална температура беше измерена на 6 февруари во Гевгелија и изнесуваше 22,9 целзиусови степени. Забележени се високи максимални температури во текот на целиот месец, а и продор на топлотен бран на целата територија на државата исто во текот на речиси целиот месец. Забележени се минимални температури под нулата во првите две декади од месецот, потоа минималните температури се над нулата. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Берово, на 1 февруари и изнесуваше -11,0 степени, се вели во соопштението од УХМР.
Во февруари годинава месечната сума на врнежи во државата изнесувала од 6,8 мм во Скопје Зајчев Рид до 33,5 мм во Крива Паланка. Врнежите биле од дожд и снег на планините. Максимално дневно количество на врнежи од дожд 27,3 мм било регистрирано во Крива Паланка на 12-ти во месецот. На Попова Шапка на 11 февруари беше измерена највисока снежна покривка од 37 см. Како што наведуваат од УХМР, споредено со февруарската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи била 30 мм или 63 проценти под просечната на ниво на држава.

The post Температурата во февруари била 3,9 степени над просечната, месецот бил многу топол и сув, покажуваат мерењата на УХМР appeared first on Република.

]]>
Денеска почнуваат трите волшебни денови на февруари https://arhiva3.republika.mk/zivot/deneska-pochnuvaat-trite-volshebni-denovi-na-fevruari/ Wed, 14 Feb 2024 09:05:28 +0000 https://republika.mk/?p=743928

Средината на месецот февруари го означуваат серија од три последователни празници, именувани според народните традиции – Трифунци: 14 февруари – Свети Трифун, 15 февруари – Сретение Господово и 16 февруари – Свети Симеон.

Овие денови се поврзани со лозја, вино, плодност и просперитет. На сите мора да им се молиме за добра година исполнета со многу среќа и љубов.

Св. Трифун потекнува од провинцијата Фригија во Мала Азија, Апамија, област која се смета за еден од предците на лозата и виното. Маченик, светец-исцелител, кој во 248 г. н.е., за време на владеењето на императорот Декиј Трајан, бил убиен со меч. Името на светителот е од грчкиот збор за мекост, нежност.

Само на 17-годишна возраст се здобила со голема слава лекувајќи ја ќерката на римскиот император Гордијан III. Сепак, наследникот на Гордијан, Декиј Трајан, се покажа како непокорен непријател на христијанското учење. Тој им нареди на сите почитувани светци да бидат изведени пред лицето на правдата. Меѓу нив е и Трифун, кој не сака да се одрекне од својата вера и умира како маченик.

Најчесто на иконите светителот е насликан како држи крст во десната рака, додека во левата има мал срп, како симбол на главната алатка за одгледување на лозја и градини во средниот век.

Свети Трифун важи за чувар на лозјата и празникот е во негова чест. 14 февруари се слави како ден на лозарот.

Токму на 15 февруари се слави Зимската Богородица, – Господова вечера, која е еден од 12-те големи христијански празници во годината и еден од четирите празници посветени на Богородица. Тогаш поминале 40 дена од раѓањето на Исус Христос.

Следниот ден е посветен на Свети Симеон и пророчицата Ана.

The post Денеска почнуваат трите волшебни денови на февруари appeared first on Република.

]]>

Средината на месецот февруари го означуваат серија од три последователни празници, именувани според народните традиции – Трифунци: 14 февруари – Свети Трифун, 15 февруари – Сретение Господово и 16 февруари – Свети Симеон.
Овие денови се поврзани со лозја, вино, плодност и просперитет. На сите мора да им се молиме за добра година исполнета со многу среќа и љубов.   Св. Трифун потекнува од провинцијата Фригија во Мала Азија, Апамија, област која се смета за еден од предците на лозата и виното. Маченик, светец-исцелител, кој во 248 г. н.е., за време на владеењето на императорот Декиј Трајан, бил убиен со меч. Името на светителот е од грчкиот збор за мекост, нежност. Само на 17-годишна возраст се здобила со голема слава лекувајќи ја ќерката на римскиот император Гордијан III. Сепак, наследникот на Гордијан, Декиј Трајан, се покажа како непокорен непријател на христијанското учење. Тој им нареди на сите почитувани светци да бидат изведени пред лицето на правдата. Меѓу нив е и Трифун, кој не сака да се одрекне од својата вера и умира како маченик.   Најчесто на иконите светителот е насликан како држи крст во десната рака, додека во левата има мал срп, како симбол на главната алатка за одгледување на лозја и градини во средниот век. Свети Трифун важи за чувар на лозјата и празникот е во негова чест. 14 февруари се слави како ден на лозарот.   Токму на 15 февруари се слави Зимската Богородица, – Господова вечера, која е еден од 12-те големи христијански празници во годината и еден од четирите празници посветени на Богородица. Тогаш поминале 40 дена од раѓањето на Исус Христос. Следниот ден е посветен на Свети Симеон и пророчицата Ана.

The post Денеска почнуваат трите волшебни денови на февруари appeared first on Република.

]]>
Запомнете ги добро: Најдобрите и најлошите денови во февруари https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/zapomnete-gi-dobro-najdobrite-i-najloshite-denovi-vo-fevruari/ Mon, 05 Feb 2024 08:31:19 +0000 https://republika.mk/?p=740426

Постојат одредени периоди во месецот кога мислите дека ништо не ви оди од рака или пак периоди кога размислувате дали да посегнете во остварување на веќе планираните цели.

Лунарниот календар може да ви помогне.

Поволни денови: 1, 2, 7, 8, 10, 12, 15, 16, 21, 26, 29 февруари

Неповолни денови: 3, 6, 9, 11, 13, 14, 17, 24, 27, 28 февруари

Датуми на кои треба да им обрнете особено внимание:

12 февруари

Хороскопот вели дека 12 февруари 2024 година може да биде доста успешен за сите хороскопски знаци. Најдобро е да се посветите на какви било потфати или да планирате пократко патување кое ќе ви донесе низа интересни настани. Доколку сакате да ја подигнете вашата емотивна врска на повисоко ниво, ова е идеалниот ден.

13 февруари

Ова не е поволен ден за преземање на какви било задачи, особено ако тие бараат внимателно планирање, прецизност и размислување. Избегнувајте да земате заеми или да правите големи парични инвестиции.

15 февруари

За разлика од претходниот датум, 15 февруари може да биде добар ден за финансиски трансакции и договори. Искористете го за да ги наплатите сите работи што сте ги направиле во минатото. Време е да ја вратите вашата инвестиција.

16 февруари

Уште еден поволен ден за нови почетоци и започнување стари идеи. Покрај тоа, 16 февруари е одличен за реновирање на домот или преселба.

17 февруари

Астролозите сметаат дека 17 февруари не е сосема поволен ден, но дефинитивно е погоден за изолација. Потрудете се да се посветите на физичка активност и релаксација, особено ако долго време одложувате.

21 февруари

Не е поволен ден за финансиски трансакции, но и за лични работи. Можни се конфликти со блиски луѓе, па затоа се советува да се чувате од избрзани реакции.

The post Запомнете ги добро: Најдобрите и најлошите денови во февруари appeared first on Република.

]]>

Постојат одредени периоди во месецот кога мислите дека ништо не ви оди од рака или пак периоди кога размислувате дали да посегнете во остварување на веќе планираните цели. Лунарниот календар може да ви помогне. Поволни денови: 1, 2, 7, 8, 10, 12, 15, 16, 21, 26, 29 февруари Неповолни денови: 3, 6, 9, 11, 13, 14, 17, 24, 27, 28 февруари Датуми на кои треба да им обрнете особено внимание: 12 февруари Хороскопот вели дека 12 февруари 2024 година може да биде доста успешен за сите хороскопски знаци. Најдобро е да се посветите на какви било потфати или да планирате пократко патување кое ќе ви донесе низа интересни настани. Доколку сакате да ја подигнете вашата емотивна врска на повисоко ниво, ова е идеалниот ден. 13 февруари Ова не е поволен ден за преземање на какви било задачи, особено ако тие бараат внимателно планирање, прецизност и размислување. Избегнувајте да земате заеми или да правите големи парични инвестиции. 15 февруари За разлика од претходниот датум, 15 февруари може да биде добар ден за финансиски трансакции и договори. Искористете го за да ги наплатите сите работи што сте ги направиле во минатото. Време е да ја вратите вашата инвестиција. 16 февруари Уште еден поволен ден за нови почетоци и започнување стари идеи. Покрај тоа, 16 февруари е одличен за реновирање на домот или преселба. 17 февруари Астролозите сметаат дека 17 февруари не е сосема поволен ден, но дефинитивно е погоден за изолација. Потрудете се да се посветите на физичка активност и релаксација, особено ако долго време одложувате. 21 февруари Не е поволен ден за финансиски трансакции, но и за лични работи. Можни се конфликти со блиски луѓе, па затоа се советува да се чувате од избрзани реакции.

The post Запомнете ги добро: Најдобрите и најлошите денови во февруари appeared first on Република.

]]>
Претседателот Пендаровски во февраури ќе каже дали ќе се кандидира за втор мандат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-pendarovski-vo-fevrauri-ke-kazhe-dali-ke-se-kandidira-za-vtor-mandat/ Tue, 09 Jan 2024 19:35:14 +0000 https://republika.mk/?p=731290

Претседателот Стево Пендаровски најави дека одлуката дали ќе се кандидира за втор мандат ќе ја донесе најдоцна во втората половина од следниот месец.

-Реков пред неколку месеци дека одлуката во таа насока ќе се носи јануари - февруари. Вториот круг на претседателски избори е на 8 мај, првиот е на 24 април, значи имаме уште добри четири месеци до тоа. Кандидатурите на сите поголеми политички партии веројатно ќе бидат обзнанети на почетокот на март. Што се однесува до мене, јас мојата одлука ќе ја донесам максимум во втората половина од февруари, рече вечерва Пендаровски во гостувањето на ТВ Сител, на прашање дали ќе оди на втор мандат на претстојните претседателски избори.

Прашан „дали стравува од ДУИ и колку е важна нивната поддршка за него, претседателот наведе дека не стравува од ниту една партија.

Не. Се додека имам поддршката од граѓаните во еден солиден број, не стравувам од ниту еден политички субјект. И затоа немам потреба никому да се додворувам, во таа смисла, рече шефот на државата.

Пендаровски коментираше и за анкетите во однос на потенцијалните кандидати од власта, но и од опозицијата, наведувајќи дека неговиот рејтинг не е битно променет во изминатите четири години.

За тоа како ја вршите вашата работа, анкетите се нужни и во целиот мандатен период, а не само сега дали ќе одиме или не на избори. Битно ми е што граѓаните мислат воопшто за мене, но јас имам принцип, кој сум го кажал на почетокот, не сакам да давам пари од буџетот за да правама анкети и да ги прашам луѓето како се задоволни од тоа како јас работам, меѓутоа има анкети, има фирми кои тоа го работат, други се нарачателите. Имам увид, и тоа го знам што луѓето мислат за мене, и се разбира знам што луѓето мислат за евентуалните противкандидати или што мислат за носечките политички партии во Македонија...Јас сум го кажал и порано, не е ексклузива, мојот рејтинг, не е битно променет во изминатите четири години, личниот персоналниот рејтинг. Кога сте на мандат е добро, ако не одите надолу, оти по дефиниција во светот, секаде, мандадтот ве троши...Ако не изгубите од вашиот рејтинг во изминатите чретири и пол, пет години, не е лоша работа, вели Пендаровски.

The post Претседателот Пендаровски во февраури ќе каже дали ќе се кандидира за втор мандат appeared first on Република.

МВР тврди дека во Скопје прв слободен термин за закажување за документи е во декември, но во реалноста тоа е февруари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mvr-tvrdi-deka-vo-skopje-prv-sloboden-termin-za-zakazhuvane-za-dokumenti-e-vo-dekemvri-no-vo-realnosta-toa-e-fevruari/ Sun, 27 Aug 2023 08:06:11 +0000 https://republika.mk/?p=676224

Со името Република Македонија веќе се издадени околу 1.000.000 патни исправи и над 800.000 лични карти, а останатите, согласно Договорот од Преспа ќе треба да бидат заменети до 12 февруари следната година.

Од Министерството за внатрешни работи за МИА уверуваат дека сите граѓани на кои им е потребна патна исправа, лична карта или друг документ, ќе ги добијат, обезбедени се доволно обрасци и има доволно време, за сето тоа да се реализира.

Повторуваме дека нема да има казни за граѓаните доколку не ги сменат документите и апелираме да не се шират дезинформации, се вели во одговорот од МВР за МИА.

Граѓаните можат да закажат термин телефонски, електронски преку сајтот на МВР, но и преку порталот uslugi.gov.mk. Од МВР, посочуваат дека максимално се користат сите капацитети, работејќи и за викенди и за празници и дека ги презема сите мерки за граѓаните навремено да ги добијат своите документи.

Додека првиот слободен термин за замена на личните документи по редовна постапка во Скопје е во декември, во другите градови слободни термини има во септември. Но, реалноста е дека ако се обидете и за чудо, добиете термин, тоа ќе биде во почетокот на февруари.

Според податоците добиени од економскиот оператор којшто за сметка на МВР го сервисира повикувачкиот центар, односно неговите 12 повикувачки линии, за аплицирање за лични документи во Скопје првиот слободен термин е во декември. Напоменуваме дека, доколку граѓаните имаат итна потреба од документи, постои итна постапка преку која може веднаш да се добијат бараните документи. За другите градови, има слободни термини во септември, се вели во одговорот од МВР, за тоа уште колку слободни термини за промена на личните документи по редовна постапка има останато до истекот на рокот за промена, велат од МВР.

Појаснуваат дека при замена на пасош кој е сè уште во важност, тој се одзема од страна на службеникот, се до одобрување на новиот документ. Но, доколку граѓанинот има потреба од патување, од МВР посочуваат дека може да го подигне стариот пасош се до моментот на издавање на новиот документ.

При поднесување на барање за издавање на нови лични карти и возачки дозволи, стариот образец ако е важечки се враќа на подносителот, укажуваат од МВР.

Издавање на лична карта по редовна постапка чини 310 денари, а на пасош 2 300 денари

Освен потребните документи за замена на лична карта по редовна постапка граѓаните ќе треба да платат и 310 денари. Личните карти се изработуваат во рок од 15 дена од денот на поднесување на молбеното барање.

Во редовна постапка, патна исправа за лица над 27 години чини 2 300 денари, за возраст од 4 до 27 години 1 700 и за дете до 4 години 1 600 денари.

Патната исправа во редовна постапка, се издава во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на барањето, а доколку имаат потреба граѓаните може да побараат да им биде издадена по итна постапка, што пак ќе ги чини патна исправа за лица над 27 години чини 6 400 денари, за возраст од 4 до 27 години 6 300 и за дете до 4 години 6 200 денари.

Освен личните документи, граѓаните со новото име на државата ќе треба да ги заменат и возачката дозвола, сообраќајната дозвола и табличките на возилата.

Возачка во редовна постапка чини 520 денари, а во итна 1 340 денари. Сообраќајната дозвола граѓаните ќе ги чини 310 денари, а регистарските таблички 1 250 денари.

The post МВР тврди дека во Скопје прв слободен термин за закажување за документи е во декември, но во реалноста тоа е февруари appeared first on Република.

]]>

Со името Република Македонија веќе се издадени околу 1.000.000 патни исправи и над 800.000 лични карти, а останатите, согласно Договорот од Преспа ќе треба да бидат заменети до 12 февруари следната година. Од Министерството за внатрешни работи за МИА уверуваат дека сите граѓани на кои им е потребна патна исправа, лична карта или друг документ, ќе ги добијат, обезбедени се доволно обрасци и има доволно време, за сето тоа да се реализира.
Повторуваме дека нема да има казни за граѓаните доколку не ги сменат документите и апелираме да не се шират дезинформации, се вели во одговорот од МВР за МИА.
Граѓаните можат да закажат термин телефонски, електронски преку сајтот на МВР, но и преку порталот uslugi.gov.mk. Од МВР, посочуваат дека максимално се користат сите капацитети, работејќи и за викенди и за празници и дека ги презема сите мерки за граѓаните навремено да ги добијат своите документи. Додека првиот слободен термин за замена на личните документи по редовна постапка во Скопје е во декември, во другите градови слободни термини има во септември. Но, реалноста е дека ако се обидете и за чудо, добиете термин, тоа ќе биде во почетокот на февруари.
Според податоците добиени од економскиот оператор којшто за сметка на МВР го сервисира повикувачкиот центар, односно неговите 12 повикувачки линии, за аплицирање за лични документи во Скопје првиот слободен термин е во декември. Напоменуваме дека, доколку граѓаните имаат итна потреба од документи, постои итна постапка преку која може веднаш да се добијат бараните документи. За другите градови, има слободни термини во септември, се вели во одговорот од МВР, за тоа уште колку слободни термини за промена на личните документи по редовна постапка има останато до истекот на рокот за промена, велат од МВР.
Појаснуваат дека при замена на пасош кој е сè уште во важност, тој се одзема од страна на службеникот, се до одобрување на новиот документ. Но, доколку граѓанинот има потреба од патување, од МВР посочуваат дека може да го подигне стариот пасош се до моментот на издавање на новиот документ.
При поднесување на барање за издавање на нови лични карти и возачки дозволи, стариот образец ако е важечки се враќа на подносителот, укажуваат од МВР.
Издавање на лична карта по редовна постапка чини 310 денари, а на пасош 2 300 денари Освен потребните документи за замена на лична карта по редовна постапка граѓаните ќе треба да платат и 310 денари. Личните карти се изработуваат во рок од 15 дена од денот на поднесување на молбеното барање. Во редовна постапка, патна исправа за лица над 27 години чини 2 300 денари, за возраст од 4 до 27 години 1 700 и за дете до 4 години 1 600 денари. Патната исправа во редовна постапка, се издава во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на барањето, а доколку имаат потреба граѓаните може да побараат да им биде издадена по итна постапка, што пак ќе ги чини патна исправа за лица над 27 години чини 6 400 денари, за возраст од 4 до 27 години 6 300 и за дете до 4 години 6 200 денари. Освен личните документи, граѓаните со новото име на државата ќе треба да ги заменат и возачката дозвола, сообраќајната дозвола и табличките на возилата. Возачка во редовна постапка чини 520 денари, а во итна 1 340 денари. Сообраќајната дозвола граѓаните ќе ги чини 310 денари, а регистарските таблички 1 250 денари.

The post МВР тврди дека во Скопје прв слободен термин за закажување за документи е во декември, но во реалноста тоа е февруари appeared first on Република.

]]>
Февруари просечен до топол и екстремно сув месец https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/fevruari-prosechen-do-topol-i-ekstremno-suv-mesets/ Thu, 02 Mar 2023 13:24:50 +0000 https://republika.mk/?p=615127

Годинашниот февруари е просечен до топол и екстремно сув месец во споредба со многугодишните просечни вредности, согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во државава.

Месечната температура се движеше од -0,2 степени во Берово до 6,6 степени во Гевгелија. Споредено со просечните февруарски средномесечни температури, за триестгодишен период (1991-2020), годинашната беше 0,2 степени над просечната на ниво на држава. Средната максимална температура варираше од 6,0 степени во Маврово до 13,8 степени во Гевгелија. Највисоката максимална температура беше измерена на 19 Февруари во Гевгелија и изнесуваше 22,8 степени. Забележени се високи максимални температури особено во период од 16 до 26 февруари, кога е забележен продор на топлотен бран на целата територија на државата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

УХМР наведува дека се забележени минимални температури под нулата во континуитет во првите 15 дена од месецот на сите мерни места. Средната минимална температура варирала од -6,1 степени во Берово до 0,9 степени во Гевгелија. Најниската минимална температура минатиот месец била измерена во Берово – на 9 февруари и изнесувала -16,1 степени.

-Во февруари 2023 месечната сума на врнежи во државата изнесуваше од 1,4 мм во Гевгелија до 27,5 мм во Берово. Врнежите беа од дожд и снег на планините. Максимално дневно количество на врнежи од 13,7 мм беше регистрирано во Маврово на 27 февруари. На Попова Шапка на 1 февруари беше измерена највисока снежна покривка од 73 см. Споредено со февруарската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше 36 мм под просечната на ниво на држава., соопшти УХМР.

The post Февруари просечен до топол и екстремно сув месец appeared first on Република.

]]>

Годинашниот февруари е просечен до топол и екстремно сув месец во споредба со многугодишните просечни вредности, согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во државава. Месечната температура се движеше од -0,2 степени во Берово до 6,6 степени во Гевгелија. Споредено со просечните февруарски средномесечни температури, за триестгодишен период (1991-2020), годинашната беше 0,2 степени над просечната на ниво на држава. Средната максимална температура варираше од 6,0 степени во Маврово до 13,8 степени во Гевгелија. Највисоката максимална температура беше измерена на 19 Февруари во Гевгелија и изнесуваше 22,8 степени. Забележени се високи максимални температури особено во период од 16 до 26 февруари, кога е забележен продор на топлотен бран на целата територија на државата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. УХМР наведува дека се забележени минимални температури под нулата во континуитет во првите 15 дена од месецот на сите мерни места. Средната минимална температура варирала од -6,1 степени во Берово до 0,9 степени во Гевгелија. Најниската минимална температура минатиот месец била измерена во Берово – на 9 февруари и изнесувала -16,1 степени. -Во февруари 2023 месечната сума на врнежи во државата изнесуваше од 1,4 мм во Гевгелија до 27,5 мм во Берово. Врнежите беа од дожд и снег на планините. Максимално дневно количество на врнежи од 13,7 мм беше регистрирано во Маврово на 27 февруари. На Попова Шапка на 1 февруари беше измерена највисока снежна покривка од 73 см. Споредено со февруарската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше 36 мм под просечната на ниво на држава., соопшти УХМР.

The post Февруари просечен до топол и екстремно сув месец appeared first on Република.

]]>
Eве што им носи периодов на родените во месец февруари https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/eve-shto-im-nosi-periodov-na-rodenite-vo-mesets-fevruari/ Fri, 10 Feb 2023 17:38:44 +0000 https://republika.mk/?p=607500

Овен

Полни сте со енергија што не знаете како да ја искористите. Поради некоја причина не можете да ја користите и искористите вашата интуиција. Ќе ви биде полесно доколку вашата интимност ја доверите на вашиот најдобар пријател, тоа е личноста која најдобро ќе ве разбере.

Бик

Верувате во себе и на пат сте да остварите големи планови. Знаете дека сите успеси доаѓаат само кога е вистинското време. Бидете подготвени да ги пречекате големиот број поволни можности што ќе ви ги носи денот. Ако планирате патување, размислете за можноста за одложувања.

Близнаци

Вашето присуство е пожелно на секоја забава. Од вас зависи дали сакате да ја искористите вечерта и да ја сретнете личноста која сака да ви се доближи. За да ја комплетирате атмосферата, совладајте ја својата духовитост за да не оставите впечаток на несериозна личност.

Рак

Време е да преземете иницијатива и да почнете нови активности на работа. Зрачите со позитивност, па би било добро вашите идеи да им ги презентирате на колегите. Некоја сакана личност поради некоја причина не ви е достапна, можеби ова е идеален начин да ги освежите вашите врски.

Лав

Добри вести доаѓаат од странство. На некои луѓе им се интересни вашите идеи. Не очекувајте бајки кои се случуваат преку ноќ. Пристапете на сè рационално и трпеливо правете ги вашите потези. Ако успеете, резултатот нема да пропадне.

Девица

Поради изразените промени во расположението, вие сте почувствителни, што може да доведе до големо искушение разнишаната љубовна врска. Во срцето сè уште чувате силни спомени од далечното минато, па сеќавањето на неуспешната голема љубов ја вознемирува вашата нова врска.

Вага

Вие сте тромни и поспани. Ова не мора да ве загрижува, бидејќи не се работи за некоја болест, туку за минлива малаксаност која е резултат на претходното динамично темпо што ве стигна. Најдете време да го посветите денот на себе и на вашите лични потреби.

Шкорпија

Напнатоста почнува наутро. Ви се чини дека сите подлегнале на атмосфера која според вас е сосема нездрава. Интензивно смислувате начини да се ослободите од се и да поминете одредено време изолирани од сите случувања. Не бегајте од обврските.

Стрелец

Донесувате крај на многу заостанати работи со кои се мачите веќе некое време. Конечно на повидок е епилогот од нешто на што долго работевте. По долго чекање, чувството на мала победа ве радува, па имате право да си дозволите кратка пауза.

Јарец

Ова е ваш период. Коцките се редат една по друга, работите сами се решаваат. Пријатно сте изненадени бидејќи не очекувавте таков подарок од небото. Не се занесувајте од моменталниот резултат, бидејќи тој не дојде со вашите напори, туку го реши факторот среќа.

Водолија

Уморни сте од чекање и чепкање наоколу. Мислите дека ќе се смирите ако веднаш ги разрешите сите замрсеници и сомнежи кои ве мачат веќе некое време. Не брзајте, бидејќи грешките што би ги направиле денес може да бидат непоправливи.

Риби

Малку сте уморни од интензивното дружење кое партнерот ви го наметнува во последно време. По одлични настани, искуства и забава, потребен ви е заслужен одмор. Не двоумете се, кажете му/и на вашиот/та сакан/а.

The post Eве што им носи периодов на родените во месец февруари appeared first on Република.

Време е за љубов! Февруари носи среќа за овие три хороскопски знаци https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/vreme-e-za-lubov-fevruari-nosi-sreka-za-ovie-tri-horoskopski-znatsi/ Wed, 01 Feb 2023 19:10:32 +0000 https://republika.mk/?p=603492

Венера во февруари влегува во Риби, што значи можност за романса и зголемена љубовна енергија. Според астролозите, овие 3 хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во љубовта во февруари:

Овен

Можно е силно да се заљубите, но во исто време и да ја зачувате својата разумност. Уживајте со пријателите, забавувајте се, и дајте си шанса да запознаете нова личност. Ако се заљубите, дајте си време и простор да се навикнете еден на друг и подобро да се запознаете. Времето ќе ви помогне да бидете посигурни во изборот и подобро да се разберете и да сфатите што ви е заедничко.

Водолија

Внимателно погледнете ги луѓето околу вас. Можно е вашата сродна душа да биде некој стар пријател кон кој порано не сте почувствувале романтична привлечност поради пријателскиот начин на комуницирање. Покажете дека сте подготвени да дадете шанса за продлабочување на вашето пријателство.

Риби

Ќе сакате и ќе бидете сакани. Венера е во вашиот знак, па и вие конечно ќе ги пронајдете вистинските решенија за подобрување на односот со саканата личност. Добри вести во февруари можат да очекуваат и оние кои не се во врска. Не се исклучени и големи промени, како што се преселување и ново работно место.

The post Време е за љубов! Февруари носи среќа за овие три хороскопски знаци appeared first on Република.

Три дена во февруари се важни за успех и клучни одлуки, особено ќе влијаат на овие знаци https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/tri-dena-vo-fevruari-se-vazhni-za-uspeh-i-kluchni-odluki-osobeno-ke-vlijaat-na-ovie-znatsi/ Tue, 31 Jan 2023 09:53:51 +0000 https://republika.mk/?p=602905

Ѕвездите во февруари ќе бидат особено поволни за овие три знаци. Три дена од месецот пред нас особено се истакнуваат кога се работи за успех и важни одлуки.

Астролозите истакнуваат дека февруари ќе донесе многу промени. Во моментов е најповолниот период од годината, па можете да сретнувате нови можности секој ден.

Покрај трите дена кои ќе бидат поволни, астролозите посочуваат дека три знаци од Зодијакот очекуваат посебна среќа и убави моменти.

Ова се денови кога можете да очекувате поволни ситуации.

2 февруари

Според астролозите, ова е многу моќен датум, бидејќи конечно ќе ги „отворите очите“ и ќе видите многу работи. На овој ден размислете за вашите планови и обидете се да направите се за да ги остварите.

5 февруари

На овој ден ќе се случи аспект помеѓу Венера и Марс и ќе влијае на секој поединец. Овој ден ќе почувствувате сила, и ќе ја насочите кон она што ви одговара во дадениот момент.

11 февруари

Меркур влегува во Водолија. Тоа значи дека на 11 февруари кај секој од нас ќе се разбуди желбата за знаење и нови вештини. Слушајте ја вашата интуиција овој ден и не плашете се да го правите она што треба да го направите. Од 11 февруари следува период кога секој човек ќе стане подобар.

Кога станува збор за знаците на Зодијакот кои очекуваат посебна среќа, астролозите велат дека тоа се: Водолија, Девица и Шкорпија.

The post Три дена во февруари се важни за успех и клучни одлуки, особено ќе влијаат на овие знаци appeared first on Република.

]]>

Ѕвездите во февруари ќе бидат особено поволни за овие три знаци. Три дена од месецот пред нас особено се истакнуваат кога се работи за успех и важни одлуки. Астролозите истакнуваат дека февруари ќе донесе многу промени. Во моментов е најповолниот период од годината, па можете да сретнувате нови можности секој ден. Покрај трите дена кои ќе бидат поволни, астролозите посочуваат дека три знаци од Зодијакот очекуваат посебна среќа и убави моменти. Ова се денови кога можете да очекувате поволни ситуации.

2 февруари

Според астролозите, ова е многу моќен датум, бидејќи конечно ќе ги „отворите очите“ и ќе видите многу работи. На овој ден размислете за вашите планови и обидете се да направите се за да ги остварите.

5 февруари

На овој ден ќе се случи аспект помеѓу Венера и Марс и ќе влијае на секој поединец. Овој ден ќе почувствувате сила, и ќе ја насочите кон она што ви одговара во дадениот момент.

11 февруари

Меркур влегува во Водолија. Тоа значи дека на 11 февруари кај секој од нас ќе се разбуди желбата за знаење и нови вештини. Слушајте ја вашата интуиција овој ден и не плашете се да го правите она што треба да го направите. Од 11 февруари следува период кога секој човек ќе стане подобар. Кога станува збор за знаците на Зодијакот кои очекуваат посебна среќа, астролозите велат дека тоа се: Водолија, Девица и Шкорпија.

The post Три дена во февруари се важни за успех и клучни одлуки, особено ќе влијаат на овие знаци appeared first on Република.

]]>
Проверете кои ќе се најсреќните датуми овој февруари https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/proverete-koi-ke-se-najsreknite-datumi-ovoj-fevruari/ Tue, 31 Jan 2023 09:12:50 +0000 https://republika.mk/?p=602878

По месецот кој се чини најдолг секоја година, утре ни доаѓа февруари, а астролозите за оваа 2023 година одвоија три датуми со најповолна енергија.

2 февруари – датумот огледало

На овој ден ја имаме серијата 02-02 која го претставува датумот на огледалото, бидејќи ни помага да ги отвориме очите не само за она што се случува сега туку и да го разбереме она што неодамна се случило. Ова е денот кога треба да размислувате подетално, но и да ги следите плановите. Бројот 2 ќе ја зајакне вашата волја, ќе ви даде енергија, мотивација и желба да развиете лидерски вештини.

5 февруари – транзит на Венера во Марс

Ова е поволен аспект што може да има значително влијание врз секого од нас бидејќи ова ќе биде ден со нова енергија, поволен за водење бизнис, но и за уживање. Ако сакате, можете да се опуштите и да се одморите. Можете да останете дома или да излезете со пријателите.

11 февруари – Меркур влегува во Водолија

На 11 февруари кај секого од нас ќе се разбуди желбата за знаење, наука и стекнување нови вештини. Слушајте ја вашата интуиција овој ден и не плашете се да го правите она што треба да го направите. Освен тоа, по 11 февруари следува период кога секој човек ќе стане подобар.

The post Проверете кои ќе се најсреќните датуми овој февруари appeared first on Република.

Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци во февруари? https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/koi-ke-bidat-najsreknite-horoskopski-znatsi-vo-fevruari/ Thu, 26 Jan 2023 20:00:01 +0000 https://republika.mk/?p=601434

Во февруари нè очекуваат два важни астро настани – на 11 февруари, транзитот на Меркур во Водолија и на 20 февруари транзитот на Венера во знакот Овен. Во продолжение прочитајте кои хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во февруари 2023 година.

Според астролозите, најсреќни ќе бидат луѓето родени во знаците Близнаци, Девица и Водолија. Особено вредна за внимание е Девицата, која нема да биде под влијание на Венера.

Луѓето родени во овие 3 знаци на зодијакот ќе бидат финансиски успешни. Тие ќе имаат и одлични можности за купување. Тоа може да биде некаква опрема, како и недвижен имот, накит, облека. На работа, претставниците на овие знаци ќе бидат многу среќни во однос на преговорите. Особено вреди да се истакнат професиите како консултант, психолог и учител.

Во февруари, важно е да се истакнат оние знаци кои се под најмало влијание на Венера. Тоа се Овен, Скорпија и Девица. Тоа значи дека февруари 2023 година ќе биде финансиски најпозитивен за Девиците, бидејќи Меркур е поврзан со нивниот знак, а Венера практично не учествува во обликувањето на настаните во нивниот живот. Покрај тоа, луѓето родени во знакот Скорпија, како и Девица, ќе имаат стабилна финансиска ситуација во текот на целиот месец. Меѓу другото, тие ќе бидат полни со енергија за нови подвизи, но ќе бидат подготвени и за нови љубовни авантури.

Овде важи и обратната ситуација, кога влијанието на Венера е многу силно за одредени знаци, а она на Меркур слабо. Тука спаѓа знакот Риби. Луѓето родени во овој знак ќе бидат неверојатно продуктивни во текот на целиот месец и ќе бидат полни со мотивација, креативна енергија и ентузијазам.

Исто така, Вагата се издвојува во февруари, бидејќи енергијата на Меркур и Венера е приближно подеднакво важна за овие луѓе. Февруари ќе биде многу поволен и урамнотежен месец за нив поради фактот дека во првите денови од месецот особено силно ќе биде влијанието на Венера. Заедно со Меркур, Венера позитивно ќе му влијае на знакот Вага и значително ќе им го подобри животот на луѓето родени во овој знак.

The post Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци во февруари? appeared first on Република.

]]>

Во февруари нè очекуваат два важни астро настани – на 11 февруари, транзитот на Меркур во Водолија и на 20 февруари транзитот на Венера во знакот Овен. Во продолжение прочитајте кои хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во февруари 2023 година. Според астролозите, најсреќни ќе бидат луѓето родени во знаците Близнаци, Девица и Водолија. Особено вредна за внимание е Девицата, која нема да биде под влијание на Венера. Луѓето родени во овие 3 знаци на зодијакот ќе бидат финансиски успешни. Тие ќе имаат и одлични можности за купување. Тоа може да биде некаква опрема, како и недвижен имот, накит, облека. На работа, претставниците на овие знаци ќе бидат многу среќни во однос на преговорите. Особено вреди да се истакнат професиите како консултант, психолог и учител. Во февруари, важно е да се истакнат оние знаци кои се под најмало влијание на Венера. Тоа се Овен, Скорпија и Девица. Тоа значи дека февруари 2023 година ќе биде финансиски најпозитивен за Девиците, бидејќи Меркур е поврзан со нивниот знак, а Венера практично не учествува во обликувањето на настаните во нивниот живот. Покрај тоа, луѓето родени во знакот Скорпија, како и Девица, ќе имаат стабилна финансиска ситуација во текот на целиот месец. Меѓу другото, тие ќе бидат полни со енергија за нови подвизи, но ќе бидат подготвени и за нови љубовни авантури. Овде важи и обратната ситуација, кога влијанието на Венера е многу силно за одредени знаци, а она на Меркур слабо. Тука спаѓа знакот Риби. Луѓето родени во овој знак ќе бидат неверојатно продуктивни во текот на целиот месец и ќе бидат полни со мотивација, креативна енергија и ентузијазам. Исто така, Вагата се издвојува во февруари, бидејќи енергијата на Меркур и Венера е приближно подеднакво важна за овие луѓе. Февруари ќе биде многу поволен и урамнотежен месец за нив поради фактот дека во првите денови од месецот особено силно ќе биде влијанието на Венера. Заедно со Меркур, Венера позитивно ќе му влијае на знакот Вага и значително ќе им го подобри животот на луѓето родени во овој знак.  

The post Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци во февруари? appeared first on Република.

]]>
Кој е најповолниот, а кој ден на кој треба да внимавате овој февруари? https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/koj-e-najpovolniot-a-koj-den-na-koj-treba-da-vnimavate-ovoj-fevruari/ Sun, 06 Feb 2022 17:28:46 +0000 https://republika.mk/?p=454780

Според рускиот астролог Галина Јанко два дена во февруари ќе бидат под посебно влијание на ѕвездите и на планетите. Еден од нив носи позитивно, а другиот негативно влијание.

Поволен:

Среда, 16.02.2022

Полна месечина, одлично време за гледање напред. Ова ќе биде астролошката пауза која на сите ни е потребна и ќе ни помогне да се вклопиме во периодот што следи во пролетта. Оваа топла енергија ќе ја поттикне креативноста и ќе ни овозможи да се вратиме на едноставните задоволства - сето она што не прави да се чувствуваме безгрижни.

Неповолен:

Петок, 18 февруари 2022 година

Доколку сакате и барате љубов оваа година, 18 февруари е време за претпазливост. Она што се случува во периодот на Водолија ќе не натера повторно да ги погледнеме нашите обврски и врски. Ќе има огромно енергетско поместување кон романса, но во исто време земајќи ги предвид традицијата и одговорноста.

The post Кој е најповолниот, а кој ден на кој треба да внимавате овој февруари? appeared first on Република.

]]>

Според рускиот астролог Галина Јанко два дена во февруари ќе бидат под посебно влијание на ѕвездите и на планетите. Еден од нив носи позитивно, а другиот негативно влијание.

Поволен:

Среда, 16.02.2022 Полна месечина, одлично време за гледање напред. Ова ќе биде астролошката пауза која на сите ни е потребна и ќе ни помогне да се вклопиме во периодот што следи во пролетта. Оваа топла енергија ќе ја поттикне креативноста и ќе ни овозможи да се вратиме на едноставните задоволства - сето она што не прави да се чувствуваме безгрижни.

Неповолен:

Петок, 18 февруари 2022 година Доколку сакате и барате љубов оваа година, 18 февруари е време за претпазливост. Она што се случува во периодот на Водолија ќе не натера повторно да ги погледнеме нашите обврски и врски. Ќе има огромно енергетско поместување кон романса, но во исто време земајќи ги предвид традицијата и одговорноста.

The post Кој е најповолниот, а кој ден на кој треба да внимавате овој февруари? appeared first on Република.

]]>
Месечен хороскоп за февруари: Професионален предизвик за Девиците, нови бизнис планови за Јарецот https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/mesechen-horoskop-za-fevruari-profesionalen-predizvik-za-devicite-novi-biznis-planovi-za-jarecot/ Tue, 01 Feb 2022 08:26:12 +0000 https://republika.mk/?p=452227

Oвен

Во текот на февруари ќе бидете подготвени да се соочите со бројни предизвици. Проценете ги вашите постапки во претходниот период и сфатете што би требало да промените во вашето однесување, за да реализирате цели кои сте си ги зацртале за себе за 2022 година. Најдобро би било тоа да го направите до 26 февруари. Овој месец ќе бидете под големо влијание на затемнувањето на Месечината, кое ќе донесе мноштво промени. Иако во текот на месецот ќе се појават бројни потешкотии кога станува збор за работата и кариерата, со стабилен и цврст став успешно ќе супеете да се износите со нив.

Поради поволните планетарни аспекти, љубовниот живот на Овновите ќе биде динамичен и активен. Слободните припадници на овој знак ќе запознаат интересна личност преку социјалните мрежи, а во тоа ќе имаат поддршка од своите пријатели. Оние кои се во врска или брак, ќе поминуваат повеќе време заедно и ќе го зајакнат односот.

Бик

Без оглед на потешкотиите, февруари ќе биде месец кога ќе го постигнете врвот во кариерата. Ќе се покажете како одличен соработник и ќе имате феноменални идеи кои ќе ви донесат напредок во идниот период. Со тоа, ќе имате и финансиска стабилност. Дел од парите ќе вложите, а благодарение на вашите луцидни одлуки и самодоверба, парите за брзо време ќе се дуплираат.

Што се однесува до емотивните односи, во текот на овој месец ќе бидат исклучително важни, како резултат на затемнувањето на Сонцето. Многумина ќе бидат соочени со предизвици и ќе мораат да покажат висок степен на емоционална зрелост. Проблематичните врски и бракови ќе имаат можност да се справат со спорните прашања и да изнајдат решение.

Близнаци

Положбата на планетите овој месец е доста поволна за започнување на нови проекти, а ќе бидете и во можност успешно да спроведете бизнис планови од претходниот период. Кон крајот на месецот ќе добиете примамливи работни понуди, но неопходно е темелно да проверите. Финансиската ситуација ќе биде доста поволна во првите две недели од февруари, но подоцна би можеле да имате некои непредвидени трошоци кои ќе се одразат на вашиот буџет.

Осамените ќе мораат да бидат трпеливи и да почекаат настанување на нова врска, но можноста за такво нешто ќе се појави околу 17 февруари. За да дојде до тоа, неопходно е да го проширите кругот во кој се движите. Како резултат на активните случувања во секторот на работата, оние кои се во врска или брак ќе наидуваат на негодување и замерки од страна на партнерот.

Рак

Ќе дојде до големи промени и трансформации во вашето опкружување. Ќе можете да очекувате значаен напредок во кариерата, особено после 12 февруари, а ќе бидете и соодветно наградени. Покрај работата со која се занимавате, ќе имате можност да ја подобрите вашата финансиска состојба. Вашите претпоставени, како и членовите на семејството можат да ви бидат од голема помош за реализирање на приходите.

Сите одлуки поврзани со емотивните односи треба да се одложат за подоцна, бидејќи во текот на овој месец, околностите нема да бидат многу јасни. Слободните можат да очекуваат нова врска, но со неа ќе дојдат и одредени проблеми. Уживајте во излегувањата и флертовите, но не очекувајте ништо сериозно. Оние кои се во врска би можеле да наидат на одредени препреки кои ќе ги доведе до преиспитување на своите емоции.

Лав

Во вашето работно опкружување ќе дојде до неочекувани активности, кога вашата храброст во комбинација со дипломатијата ќе ви даде неверојатни резултати. Вашите цели ќе се реализираат до средината на месецот, а после можете конечно малку и да здивнете. Ќе имате доволно аспекти за подобрување на финансиската состојба, но сепак бидете мудри и оставете нешто на страна, бидејќи надалеку сте познати по прекумерното и непотребното троѓење.

Во текот на февруари повеќе ќе бидете насочени на страста и сексот, отколку на нежните прошетки. Слободните Лавови ќе имаат можност да се запознаат со потенцијалниот партнер, додека тие во врска ќе сфатат дека се на добар пат нивниот однос да биде подолг и потраен. Брачните парови ќе бидат зафатени со активности. На брачните односи може негативно да влијае стресот од работата, што особено може да се одрази на сексуалниот живот.

Девица

Ова ќе биде месец на професионални предизвици за Девиците, бидејќи ќе се соочат со конкуренција како во фирмата во која работат, така и надвор од неа. Ќе морате да бидете доволно паметни и вредни да се справите со предизвикот. Но, вашиот партнер нема да има доволно слух за вашата преокупираност со работата. Доколку имате некои правни проблеми, тие ќе бидат решени до крајот на месецот. Вашиот финансиски статус ќе биде одличен, со можност за раст и експанзија.

Осамените Девици имаат големи шанси да го променат својот љубовен статус, бидејќи ќе привлекуваат со својот шарм и неодоливост. Од друга страна, за припадниците на овој знак кои се во врска, ова не е поволен период за долгорочни одлуки. Обие што се во брак имаат за цел да го зачуваат мирот во партнерските односи.

Вага

Може да дојде до големи промени во работата и работната средина. Како последица на тоа може да се најдете на ново работното место. Но, нема сомневање дека добро ќе се снајдете во новото опкружување и со новите должности. Ќе мора да направите драстично различни финансиски стратегии во однос на претходниот период, а тоа вклучува и скратување на непотребните трошоци.

Слободните Ваги можат да очекуваат новиот партнер да го запознаат на некој јавен настан, во образовните установи или можеби во странство. Припадниците на овој знак кои се во врска ќе се најдат пред сериозни предизвици и ќе мораат да размислат за својата посветеност во љубовта и евентуалната иднина со сегашниот партнер. За Вагите кои се во брак, февруари е поволен месец, во кој ќе ја планираат иднината и ќе донесуваат важни одлуки.

Шкорпија

Под влијание на затемнувањето на Сонцето, ќе дојде до промени во вашето работно опкружување. Вашата фирма и работа со која се занимавате ќе претрпат драстични трансформации. Сепак, иако ќе постојат препреки, тоа нема да биде причина вие да не напредувате. Потребно е само предизвиците пред кои се наоѓате да ги претворите во можности и сигурни во себе да тргнете напред. Финансиските ситуација ќе биде стабилна. Сите важни одлуки поврзани за потпишување на договори одложете ги за понатаму.

Февруари ќе биде многу значаен на емотивен план. Слободните припадници на овој знак новиот партнер би можеле да го пронајдат на социјалните мрежи, или преку некој близок пријател. Ако сте на самиот почеток, дозволете врската постепено да се развива. Оние што се врска или брак, ќе бидат прилично авантуристички расположени.

Стрелец

На 10 февруари ќе дојде до драстични промени во вашето работно опкружување. Можно е компанијата во која работите целосно да ја промени својата намена или да се трансформира. Како и да е, ќе морате да се прилагодите на промените и да ги разгледате сите можности за да напредувате. Секоја промена за која ќе се одлучите, без разлика дали работите за некој или имате сопствен бизнис, добро би било да ја направите после 26 февруари. И заработката ќе ви стагнира во текот на овој месец, а подобрувања на финансиската ситуација е најавено веќе од 16 февруари.

Ова ќе биде прилично турбулентен месец кога станува збор за вашите емотивни односи. Слободните припадници на овој знак би можеле да влезат во нова врска, но и да се соочат со проблеми, додека зафатените би можеле да се одлучат за потомство. Сепак, најважно ќе биде да се зачува хармонијата во односот и да се избегнуваат непотребните препирки.

Јарец

Од 26 февруари постои голема можност за нови бизнис планови, чиј иницијатор ќе бидете токму вие. Иако се ќе се случува во втората и третата декада од месецот, вие ќе имате енергија и ќе бидете подготвени за нови предизвици. Голем успех може да имаат оние кои се вклучени во семеен бизнис или работат со недвижнини. Што се однесува до финансиите, ќе биде напнато до 19 март, но подоцна ќе почувствувате одредено подобрување.

Иако слободните ќе им бидат магнетно привлечни на спротивниот пол, тие сепак нема да пронајдат соодветен партнер, бидејќи личностите на кои ќе наидуваат ќе сакаат забава, а не посветеност. За оние кои се во врска, ова не е поволен период за долгорочно планирање и важни одлуки.

Водолија

Постои голема можност да ја промените сегашната работа, или да бидете унапредени. Ве очекуваат бројни бизнис договори кои треба да ги реализирате. Февруари ќе биде одличен месец за вашите финансии. Вашиот буџет ќе се зголемува без голем напор, а можно е да дојдете до уште поголеми приходи со помош на вашиот партнер.

Слободните Водолии нема да ги интересира сериозни врски, но ќе имаат доста можности добро да се забавуваат. Водолиите кои се во врска ќе имаат потреба од повеќе слобода, а тоа би можело да ја стави врската под прашање. Оние кои се во брак, од партнерот ќе бараат повеќе посветеност и романтични моменти, но реалната состојба на работите ќе биде таква што и двајцата повеќе ќе се занимавате со себеси.

Риби

И покрај турбулентните околности, многумина од вас можат да очекуваат напредок на работа, но ќе биде потребно будно да го следите развојот на ситуацијата. Невработените ќе наидуваат на нови можности и перспективи. Финансиската состојба ќе биде одлична. Освен што професијата ќе ви донесе заработка, дополнителни приходи можете да реализирате со помош на пријателите или некој член на семејството.

Слободните Риби би можеле да запознаат нов партнер додека брзаат кон реализирање на своите финансиски планови. Оние што се во врска, во првата половина од месецот ќе бидат повеќе посветени на заедништвото и емотивните размени, а потоа ќе мора да се насочат на решавање на некои практични прашања.

The post Месечен хороскоп за февруари: Професионален предизвик за Девиците, нови бизнис планови за Јарецот appeared first on Република.

]]>

Oвен Во текот на февруари ќе бидете подготвени да се соочите со бројни предизвици. Проценете ги вашите постапки во претходниот период и сфатете што би требало да промените во вашето однесување, за да реализирате цели кои сте си ги зацртале за себе за 2022 година. Најдобро би било тоа да го направите до 26 февруари. Овој месец ќе бидете под големо влијание на затемнувањето на Месечината, кое ќе донесе мноштво промени. Иако во текот на месецот ќе се појават бројни потешкотии кога станува збор за работата и кариерата, со стабилен и цврст став успешно ќе супеете да се износите со нив. Поради поволните планетарни аспекти, љубовниот живот на Овновите ќе биде динамичен и активен. Слободните припадници на овој знак ќе запознаат интересна личност преку социјалните мрежи, а во тоа ќе имаат поддршка од своите пријатели. Оние кои се во врска или брак, ќе поминуваат повеќе време заедно и ќе го зајакнат односот. Бик Без оглед на потешкотиите, февруари ќе биде месец кога ќе го постигнете врвот во кариерата. Ќе се покажете како одличен соработник и ќе имате феноменални идеи кои ќе ви донесат напредок во идниот период. Со тоа, ќе имате и финансиска стабилност. Дел од парите ќе вложите, а благодарение на вашите луцидни одлуки и самодоверба, парите за брзо време ќе се дуплираат. Што се однесува до емотивните односи, во текот на овој месец ќе бидат исклучително важни, како резултат на затемнувањето на Сонцето. Многумина ќе бидат соочени со предизвици и ќе мораат да покажат висок степен на емоционална зрелост. Проблематичните врски и бракови ќе имаат можност да се справат со спорните прашања и да изнајдат решение. Близнаци Положбата на планетите овој месец е доста поволна за започнување на нови проекти, а ќе бидете и во можност успешно да спроведете бизнис планови од претходниот период. Кон крајот на месецот ќе добиете примамливи работни понуди, но неопходно е темелно да проверите. Финансиската ситуација ќе биде доста поволна во првите две недели од февруари, но подоцна би можеле да имате некои непредвидени трошоци кои ќе се одразат на вашиот буџет. Осамените ќе мораат да бидат трпеливи и да почекаат настанување на нова врска, но можноста за такво нешто ќе се појави околу 17 февруари. За да дојде до тоа, неопходно е да го проширите кругот во кој се движите. Како резултат на активните случувања во секторот на работата, оние кои се во врска или брак ќе наидуваат на негодување и замерки од страна на партнерот. Рак Ќе дојде до големи промени и трансформации во вашето опкружување. Ќе можете да очекувате значаен напредок во кариерата, особено после 12 февруари, а ќе бидете и соодветно наградени. Покрај работата со која се занимавате, ќе имате можност да ја подобрите вашата финансиска состојба. Вашите претпоставени, како и членовите на семејството можат да ви бидат од голема помош за реализирање на приходите. Сите одлуки поврзани со емотивните односи треба да се одложат за подоцна, бидејќи во текот на овој месец, околностите нема да бидат многу јасни. Слободните можат да очекуваат нова врска, но со неа ќе дојдат и одредени проблеми. Уживајте во излегувањата и флертовите, но не очекувајте ништо сериозно. Оние кои се во врска би можеле да наидат на одредени препреки кои ќе ги доведе до преиспитување на своите емоции. Лав Во вашето работно опкружување ќе дојде до неочекувани активности, кога вашата храброст во комбинација со дипломатијата ќе ви даде неверојатни резултати. Вашите цели ќе се реализираат до средината на месецот, а после можете конечно малку и да здивнете. Ќе имате доволно аспекти за подобрување на финансиската состојба, но сепак бидете мудри и оставете нешто на страна, бидејќи надалеку сте познати по прекумерното и непотребното троѓење. Во текот на февруари повеќе ќе бидете насочени на страста и сексот, отколку на нежните прошетки. Слободните Лавови ќе имаат можност да се запознаат со потенцијалниот партнер, додека тие во врска ќе сфатат дека се на добар пат нивниот однос да биде подолг и потраен. Брачните парови ќе бидат зафатени со активности. На брачните односи може негативно да влијае стресот од работата, што особено може да се одрази на сексуалниот живот. Девица Ова ќе биде месец на професионални предизвици за Девиците, бидејќи ќе се соочат со конкуренција како во фирмата во која работат, така и надвор од неа. Ќе морате да бидете доволно паметни и вредни да се справите со предизвикот. Но, вашиот партнер нема да има доволно слух за вашата преокупираност со работата. Доколку имате некои правни проблеми, тие ќе бидат решени до крајот на месецот. Вашиот финансиски статус ќе биде одличен, со можност за раст и експанзија. Осамените Девици имаат големи шанси да го променат својот љубовен статус, бидејќи ќе привлекуваат со својот шарм и неодоливост. Од друга страна, за припадниците на овој знак кои се во врска, ова не е поволен период за долгорочни одлуки. Обие што се во брак имаат за цел да го зачуваат мирот во партнерските односи. Вага Може да дојде до големи промени во работата и работната средина. Како последица на тоа може да се најдете на ново работното место. Но, нема сомневање дека добро ќе се снајдете во новото опкружување и со новите должности. Ќе мора да направите драстично различни финансиски стратегии во однос на претходниот период, а тоа вклучува и скратување на непотребните трошоци. Слободните Ваги можат да очекуваат новиот партнер да го запознаат на некој јавен настан, во образовните установи или можеби во странство. Припадниците на овој знак кои се во врска ќе се најдат пред сериозни предизвици и ќе мораат да размислат за својата посветеност во љубовта и евентуалната иднина со сегашниот партнер. За Вагите кои се во брак, февруари е поволен месец, во кој ќе ја планираат иднината и ќе донесуваат важни одлуки. Шкорпија Под влијание на затемнувањето на Сонцето, ќе дојде до промени во вашето работно опкружување. Вашата фирма и работа со која се занимавате ќе претрпат драстични трансформации. Сепак, иако ќе постојат препреки, тоа нема да биде причина вие да не напредувате. Потребно е само предизвиците пред кои се наоѓате да ги претворите во можности и сигурни во себе да тргнете напред. Финансиските ситуација ќе биде стабилна. Сите важни одлуки поврзани за потпишување на договори одложете ги за понатаму. Февруари ќе биде многу значаен на емотивен план. Слободните припадници на овој знак новиот партнер би можеле да го пронајдат на социјалните мрежи, или преку некој близок пријател. Ако сте на самиот почеток, дозволете врската постепено да се развива. Оние што се врска или брак, ќе бидат прилично авантуристички расположени. Стрелец На 10 февруари ќе дојде до драстични промени во вашето работно опкружување. Можно е компанијата во која работите целосно да ја промени својата намена или да се трансформира. Како и да е, ќе морате да се прилагодите на промените и да ги разгледате сите можности за да напредувате. Секоја промена за која ќе се одлучите, без разлика дали работите за некој или имате сопствен бизнис, добро би било да ја направите после 26 февруари. И заработката ќе ви стагнира во текот на овој месец, а подобрувања на финансиската ситуација е најавено веќе од 16 февруари. Ова ќе биде прилично турбулентен месец кога станува збор за вашите емотивни односи. Слободните припадници на овој знак би можеле да влезат во нова врска, но и да се соочат со проблеми, додека зафатените би можеле да се одлучат за потомство. Сепак, најважно ќе биде да се зачува хармонијата во односот и да се избегнуваат непотребните препирки. Јарец Од 26 февруари постои голема можност за нови бизнис планови, чиј иницијатор ќе бидете токму вие. Иако се ќе се случува во втората и третата декада од месецот, вие ќе имате енергија и ќе бидете подготвени за нови предизвици. Голем успех може да имаат оние кои се вклучени во семеен бизнис или работат со недвижнини. Што се однесува до финансиите, ќе биде напнато до 19 март, но подоцна ќе почувствувате одредено подобрување. Иако слободните ќе им бидат магнетно привлечни на спротивниот пол, тие сепак нема да пронајдат соодветен партнер, бидејќи личностите на кои ќе наидуваат ќе сакаат забава, а не посветеност. За оние кои се во врска, ова не е поволен период за долгорочно планирање и важни одлуки. Водолија Постои голема можност да ја промените сегашната работа, или да бидете унапредени. Ве очекуваат бројни бизнис договори кои треба да ги реализирате. Февруари ќе биде одличен месец за вашите финансии. Вашиот буџет ќе се зголемува без голем напор, а можно е да дојдете до уште поголеми приходи со помош на вашиот партнер. Слободните Водолии нема да ги интересира сериозни врски, но ќе имаат доста можности добро да се забавуваат. Водолиите кои се во врска ќе имаат потреба од повеќе слобода, а тоа би можело да ја стави врската под прашање. Оние кои се во брак, од партнерот ќе бараат повеќе посветеност и романтични моменти, но реалната состојба на работите ќе биде таква што и двајцата повеќе ќе се занимавате со себеси. Риби И покрај турбулентните околности, многумина од вас можат да очекуваат напредок на работа, но ќе биде потребно будно да го следите развојот на ситуацијата. Невработените ќе наидуваат на нови можности и перспективи. Финансиската состојба ќе биде одлична. Освен што професијата ќе ви донесе заработка, дополнителни приходи можете да реализирате со помош на пријателите или некој член на семејството. Слободните Риби би можеле да запознаат нов партнер додека брзаат кон реализирање на своите финансиски планови. Оние што се во врска, во првата половина од месецот ќе бидат повеќе посветени на заедништвото и емотивните размени, а потоа ќе мора да се насочат на решавање на некои практични прашања.  

The post Месечен хороскоп за февруари: Професионален предизвик за Девиците, нови бизнис планови за Јарецот appeared first on Република.

]]>
Јарците – ѕвезди на месецот, Девиците ќе „цветаат“ од љубов, комлицирано за Овните… https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/jarcite-dzvezdi-na-mesecot-devicite-kje-cvetaat-od-ljubov-komlicirano-za-ovnite/ Sun, 30 Jan 2022 22:13:50 +0000 https://republika.mk/?p=451694

Месецот февруари започнува со конјукција на Марс, Венера и Меркур во знакот Јарец,  и Јупитер во знакот Риби…А вие, во кој знак сте родени? Дознајте со нас што ви подготвуваат ѕвездите за месец февруари.

Овен: комплициран месец

Февруари нема да биде лесен месец за вашиот знак, особено во првата половина. Ќе мора да се борите, всушност, со Марс, Венера и Меркур во неповолна положба, што може да ви донесе тензии во сентименталната сфера и забавување или блокирање во професионалната сфера, како и малку повеќе психофизички замор. За среќа, почнувајќи од 14-ти ден, планетата Меркур ќе се врати да ви се насмевне и барем во однос на работата и пријателството ќе има добри вести.

Бик: месец на добри емоции!

Месец февруари ќе ви донесе убави емоции благодарение на планетата Венера во знакот „пријател“- Јарец: вашата врска ќе биде посилна, пострасна и како пар ќе бидете повеќе зближена, а заедно ќе надминете секаква неоријатност или потешкотија. На професионален план ќе биде подобро да дејствувате во првиот дел од месецот зашто почнувајќи од 14-тиот ден планетата Меркур ќе ви го сврти грбот и би можела да ви создаде некои пречки на деловниот пат.

Близнаци: обновување на енергијата!

Месец февруари ќе ви помогне да закрепнете, ќе добиете многу повеќе енергија по прилично стресниот јануари. Марс веќе не е во опозиција и заморот ќе отстапи место за добро расположение, и физички и психички ќе се чувствувате многу подобро. Понатаму, од 14-ти ден, планетата Меркур ќе се врати активна во ваша корист: и покрај тоа што планетата Јупитер (во знакот Риби) ви го кочи професионалниот успех, сепак ќе можете да се наметнете и да остварите убави нови контакти и да добиете интересни можности.

Рак: малку трпение…

Месец февруари бара уште малку трпение: за жал се отвора со планетите Марс, Венера и Меркур во опозиција и ќе има моменти на криза и замор, како на професионален така и на личен план. За среќа, почнувајќи од 14-тиот ден, барем Меркур повеќе нема да биде во опозиција, а благодарение и на наклонетоста на Јупитер, би можеле да пристигнат добри вести на полето на работата!

Лав: Најлошото е зад вас!

На почетокот на 2022 година се чувствувате полесни: по дефинитивно стресната 2021 година, малку по малку ја враќате енергијата и го наоѓате вашиот компас. Тоа не значи дека сè ќе се среди за кратко време: во втората половина на февруари ќе мора да се занимавате не само со противењето на Сатурн, туку и со она на Меркур, што ќе го забави вашиот напредок на професионален план. . Сепак, не грижете се: најлошото е зад вас и за неколку месеци ќе го направите вашето големо бомбастично враќање на сцената!

Девица: убави изненадувања и среќа во љубовта!

Месец февруари ќе биде целосно позитивен за вашиот знак: и покрај противењето на планетата Јупитер, (која ќе ве принуди да почекате уште малку пред да ги добиете одличните резултати кои вашата посветеност ги заслужува), ќе има убави изненадувања. Особено во првиот дел од месецот кога Меркур го имате активен во ваша корист. Среќата ќе ви се насмевне особено во поглед на чувствата, благодарение на прекрасната Венера на ваша страна.

Вага: каков замор!

Месец февруари ви носи уште некои грижи, особено во однос на чувствата. Венера во Јарец ги нагласува разликите во врската и предизвикува скриени тензии. На работа ќе биде фаворизирана втората половина од месецот, кога планетата Меркур ќе се врати на ваша страна и ќе се појават добри прилики. Марс во неповолна положба, за жал, ќе ве натера да се чувствувате уморни и без енергија.

Шкорпија: среќен месец!

Февруари ќе биде среќен месец за вашиот знак, особено во неговата прва половина, кога ќе можете да сметате на поддршката од голем број планети: Венера, Марс, Меркур и Јупитер. Среќата ќе ви се насмевне и на професионален и на емотивен план. Почнувајќи од 14-тиот ден, сепак, може да наидете на уште неколку пречки на вашиот пат поради Меркур во неповолна положба, но тоа ќе бидат само мали неуспеси.

Стрелец: Февруари полн со енергија!

Месец февруари ќе биде полн со енергија за вашиот знак. Во споредба со крајот на 2021 година, можеби ќе недостасуваат пресврти, но секако не и интересни можности за средби и забава, особено во втората половина на месецот, кога планетата Меркур ќе стане активна во ваша корист. Дури и од професионална гледна точка, некои добри вести би можеле да пристигнат од 14-тиот ден натаму. Силата и стабилноста се загарантирани во љубовта.

Јарец: фаворизирани од ѕвездите!

Вие сте несомнено омилен знак на месецот! Февруари започнува одличен почеток за вас со Марс, Венера и Меркур во врска. Среќата ви се насмевнува во секоја област од вашиот живот, а задоволството – и сентиментално и професионално – нема долго да дојде. Во втората половина на месецот Меркур повеќе нема да биде активен во ваша корист, но нема да го попречи вашето искачување: конечно дојде време да ги жнеете плодовите од она што сте го посеале!

Водолија: со Сонцето во знакот!

Во месец февруари Сонцето ќе блесне во вашиот знак и ќе ви донесе многу повеќе енергија. Почнувајќи од 14-ти ден, планетата Меркур исто така ќе влезе во конјукција: ве очекуваат добри вести кои главно ќе се однесуваат на професионалната сфера. Во 2021 година постигнавте важни резултати, а сега ќе дојдат и признанијата. На сентиментален план, може да има моменти на двоумење и неизвесност.

Риби: одлично!

Февруари ќе биде навистина одличен месец за вашиот знак! Покрај тоа што го имате Јупитер на ваша страна, што го обезбедува успехот на сите ваши деловни дејствувања, можете да сметате на користта на планетите Венера, Марс и Меркур (последниот до 14-ти ден): прекрасни вести доаѓаат и на професионално и на емотивно ниво. За слободните и оние кои неодамна започнале нова врска навистина ќе биде месец за паметење!

The post Јарците – ѕвезди на месецот, Девиците ќе „цветаат“ од љубов, комлицирано за Овните… appeared first on Република.

Социјалната мрежа на Трамп во функција од февруари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/socijalnata-mreza-na-tramp-vo-funkcija-od-fevruari/ Fri, 07 Jan 2022 07:44:10 +0000 https://republika.mk/?p=441552

Социјалната мрежа на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, ќе почне да функционира на 21 февруари, односно на „Денот на претседателот“, што е секој трет понеделник во февруари. Медиумот се нарекува TRUTH Social и се раководи од Trump Media & Technology Group.

Оваа мрежа е замислена алтернатива на Фејсбук, Твитер и Јутјуб, кои го блокираа Трамп затоа што ги поттикна своите поддржувачи на насилство пред упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

Платформата ќе работи на принципот на микроблогирање, корисниците ќе можат да следат други корисници, да поставуваат објави и да додаваат фотографии, линкови до видеа и статии.

Креаторите уверуваат дека социјалната мрежа ќе се стреми да биде платформа за што поголем опсег на мислења.

The post Социјалната мрежа на Трамп во функција од февруари appeared first on Република.

]]>

Социјалната мрежа на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, ќе почне да функционира на 21 февруари, односно на „Денот на претседателот“, што е секој трет понеделник во февруари. Медиумот се нарекува TRUTH Social и се раководи од Trump Media & Technology Group. Оваа мрежа е замислена алтернатива на Фејсбук, Твитер и Јутјуб, кои го блокираа Трамп затоа што ги поттикна своите поддржувачи на насилство пред упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година. Платформата ќе работи на принципот на микроблогирање, корисниците ќе можат да следат други корисници, да поставуваат објави и да додаваат фотографии, линкови до видеа и статии. Креаторите уверуваат дека социјалната мрежа ќе се стреми да биде платформа за што поголем опсег на мислења.

The post Социјалната мрежа на Трамп во функција од февруари appeared first on Република.

]]>