фетулах ѓулен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fetulah-gjulen/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Oct 2024 07:21:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фетулах ѓулен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fetulah-gjulen/ 32 32 Почина Фетулах Ѓулен, водачот на движењето ФЕТО и противник на Ердоган https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochina-fetulah-gulen-vodachot-na-dvizheneto-feto-i-protivnik-na-erdogan/ Mon, 21 Oct 2024 07:21:43 +0000 https://republika.mk/?p=829254

Фетулах Ѓулен, еден од најголемите политички противници на Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција, почина во САД.

 

Водачот на движењето ФЕТО и турски политичар почина на 83-годишна возраст.

Информации за неговата смрт пренесоа бројни западни медиуми, кои се повикуваат на извори од семејството. Според неофицијални информации тој починал поради кардиоваскуларни проблеми.

Ѓулен живеел во САД повеќе од две децении. Тој често беше мета на турските власти пред се затоа што е осомничен дека стои зад обидот за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година.

После тоа, неговата организација ФЕТО беше прогласена за терористичка, а бројни поддржувачи беа прогонувани и во Турција и во странство. Според турските власти, структурата на Ѓулен е обвинета за воспоставување „паралелна структура“ во рамките на владата.

The post Почина Фетулах Ѓулен, водачот на движењето ФЕТО и противник на Ердоган appeared first on Република.

]]>

Фетулах Ѓулен, еден од најголемите политички противници на Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција, почина во САД.   Водачот на движењето ФЕТО и турски политичар почина на 83-годишна возраст. Информации за неговата смрт пренесоа бројни западни медиуми, кои се повикуваат на извори од семејството. Според неофицијални информации тој починал поради кардиоваскуларни проблеми. Ѓулен живеел во САД повеќе од две децении. Тој често беше мета на турските власти пред се затоа што е осомничен дека стои зад обидот за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година. После тоа, неговата организација ФЕТО беше прогласена за терористичка, а бројни поддржувачи беа прогонувани и во Турција и во странство. Според турските власти, структурата на Ѓулен е обвинета за воспоставување „паралелна структура“ во рамките на владата.

The post Почина Фетулах Ѓулен, водачот на движењето ФЕТО и противник на Ердоган appeared first on Република.

]]>
Албанија почна со затворање на средните училишта поврзани со Фетулах Ѓулен https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanija-pochna-so-zatvoranje-na-srednite-uchilishta-povrzani-so-fetulah-gjulen/ Sat, 24 Sep 2022 08:12:40 +0000 https://republika.mk/?p=553703

Албанската влада донесе одлука со која престанува со работа турското средно училиште „Мехмет Акиф Ерсој“ во Тирана.

Во одлуката потпишана од вицепремиерката Белинда Балуку, оваа образовна установа се задолжува на секој ученик да му ја достави потребната училишна документација која ќе му послужи за префрлање во друга установа и да ги врати уплатите што ги направиле родителите.

Според албанските медиуми колеџот „Мехмет Акиф Ерсој“ се вбројува меѓу „најквалитетните гимназии во периодот откако функционира во Албанија“.

Се чини дека албанската влада почна да ги реализира барањата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во врска со турските училишта во Албанија, затворајќи ги оние кои се поврзани со Фетулах Ѓулен и отворајќи го патот за училиштата кои се дел од струите на политичкиот ислам поддржани од Турција, наведува весникот „Панорама“.

Во владината одлука не е наведена причината за ваквата одлука.

Во нашата земја со години работат многу бизниси во сопственост на турски државјани, приврзаници на движењето „Фето“. Затворањето на овие објекти отсекогаш било барање на турскиот претседател Ердоган, додава весникот.

Ова е второ турско училиште во земјата на кое со одлука на владата му е ставен клуч на врата.

The post Албанија почна со затворање на средните училишта поврзани со Фетулах Ѓулен appeared first on Република.

]]>

Албанската влада донесе одлука со која престанува со работа турското средно училиште „Мехмет Акиф Ерсој“ во Тирана. Во одлуката потпишана од вицепремиерката Белинда Балуку, оваа образовна установа се задолжува на секој ученик да му ја достави потребната училишна документација која ќе му послужи за префрлање во друга установа и да ги врати уплатите што ги направиле родителите. Според албанските медиуми колеџот „Мехмет Акиф Ерсој“ се вбројува меѓу „најквалитетните гимназии во периодот откако функционира во Албанија“.
Се чини дека албанската влада почна да ги реализира барањата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во врска со турските училишта во Албанија, затворајќи ги оние кои се поврзани со Фетулах Ѓулен и отворајќи го патот за училиштата кои се дел од струите на политичкиот ислам поддржани од Турција, наведува весникот „Панорама“.
Во владината одлука не е наведена причината за ваквата одлука.
Во нашата земја со години работат многу бизниси во сопственост на турски државјани, приврзаници на движењето „Фето“. Затворањето на овие објекти отсекогаш било барање на турскиот претседател Ердоган, додава весникот.
Ова е второ турско училиште во земјата на кое со одлука на владата му е ставен клуч на врата.

The post Албанија почна со затворање на средните училишта поврзани со Фетулах Ѓулен appeared first on Република.

]]>
Хоспитализиран Фетула Ѓулен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hospitaliziran-fetula-gjulen/ Wed, 13 Jul 2022 08:45:01 +0000 https://republika.mk/?p=527917

Исламскиот проповедник Фетула Ѓулен од САД итно бил пренесен во болница, јави турскиот весник „Џумхуриет“ повикувајќи се на хаштагот #HerkulNagme на Твитер, за кој се верува дека припаѓа на движењето на Ѓулен, наречено ФЕТО.

Ѓулен бил хоспитализиран поради проблеми со срцето, информира весникот.

Властите во Анкара го обвинуваат 81- годишниот Ѓулен и неговото движење ФЕТО за организатор на обидот за државен удар на 15 јули 2016 година, кој имаше за цел да го собори претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Фетула Ѓулен и други негови соработници беа осудени од турскиот суд во отсуство на доживотен затвор.

Анкара долго време бара Вашингтон да го предаде Фетула Ѓулен, кој живее во државата Пенсилванија, како и неговите соработници, но засега дипломатските напори остануваат безуспешни.

 

The post Хоспитализиран Фетула Ѓулен appeared first on Република.

]]>

Исламскиот проповедник Фетула Ѓулен од САД итно бил пренесен во болница, јави турскиот весник „Џумхуриет“ повикувајќи се на хаштагот #HerkulNagme на Твитер, за кој се верува дека припаѓа на движењето на Ѓулен, наречено ФЕТО. Ѓулен бил хоспитализиран поради проблеми со срцето, информира весникот. Властите во Анкара го обвинуваат 81- годишниот Ѓулен и неговото движење ФЕТО за организатор на обидот за државен удар на 15 јули 2016 година, кој имаше за цел да го собори претседателот Реџеп Таип Ердоган. Фетула Ѓулен и други негови соработници беа осудени од турскиот суд во отсуство на доживотен затвор. Анкара долго време бара Вашингтон да го предаде Фетула Ѓулен, кој живее во државата Пенсилванија, како и неговите соработници, но засега дипломатските напори остануваат безуспешни.  

The post Хоспитализиран Фетула Ѓулен appeared first on Република.

]]>