фето Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/feto/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Oct 2024 07:21:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фето Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/feto/ 32 32 Почина Фетулах Ѓулен, водачот на движењето ФЕТО и противник на Ердоган https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochina-fetulah-gulen-vodachot-na-dvizheneto-feto-i-protivnik-na-erdogan/ Mon, 21 Oct 2024 07:21:43 +0000 https://republika.mk/?p=829254

Фетулах Ѓулен, еден од најголемите политички противници на Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција, почина во САД.

Водачот на движењето ФЕТО и турски политичар почина на 83-годишна возраст.

Информации за неговата смрт пренесоа бројни западни медиуми, кои се повикуваат на извори од семејството. Според неофицијални информации тој починал поради кардиоваскуларни проблеми.

Ѓулен живеел во САД повеќе од две децении. Тој често беше мета на турските власти пред се затоа што е осомничен дека стои зад обидот за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година.

После тоа, неговата организација ФЕТО беше прогласена за терористичка, а бројни поддржувачи беа прогонувани и во Турција и во странство. Според турските власти, структурата на Ѓулен е обвинета за воспоставување „паралелна структура“ во рамките на владата.

The post Почина Фетулах Ѓулен, водачот на движењето ФЕТО и противник на Ердоган appeared first on Република.

]]>

Фетулах Ѓулен, еден од најголемите политички противници на Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција, почина во САД.   Водачот на движењето ФЕТО и турски политичар почина на 83-годишна возраст. Информации за неговата смрт пренесоа бројни западни медиуми, кои се повикуваат на извори од семејството. Според неофицијални информации тој починал поради кардиоваскуларни проблеми. Ѓулен живеел во САД повеќе од две децении. Тој често беше мета на турските власти пред се затоа што е осомничен дека стои зад обидот за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година. После тоа, неговата организација ФЕТО беше прогласена за терористичка, а бројни поддржувачи беа прогонувани и во Турција и во странство. Според турските власти, структурата на Ѓулен е обвинета за воспоставување „паралелна структура“ во рамките на владата.

The post Почина Фетулах Ѓулен, водачот на движењето ФЕТО и противник на Ердоган appeared first on Република.

]]>
Турската амбасада го одбележа 15 Јули – Денот на демократијата и националното единство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/turskata-ambasada-go-odbelezha-15-juli-denot-na-demokratijata-i-natsionalnoto-edinstvo/ Mon, 15 Jul 2024 12:18:50 +0000 https://republika.mk/?p=797061

Амбасадорот на Република Турција во Скопје, Фатих Улусој денеска приреди церемонијата со која беше одбележан 15 јули - Денот на демократијата и националното единство.

На церемонијата во резиденцијата на која присуствуваа поранешниот претседател Ѓорге Иванов, пратеници и претседатели на политички партии, претставници на бизнис заедницата и на медиуми, амбасадорот Улусој посочи дека поминале осум години од обидот за преврат на, како што рече, „кукавичката терористичка организација ФЕТО чија цел беше поткопување на постоењето и опстојувањето на Република Туркије“.

-Припадниците на ФЕТО инфилтрирани во турските вооружени сили, вечерта на 15 јули, во Туркије имаа намера да ја превземат контролата врз државните институции. Таа вечер, симболот на народниот суверенитет, Големото национално собрание на Туркије, сведочеше на настан кој не се случил во ниедна претходна војна, односно заедно со други институции беше бомбардирано, и тоа додека внатре беа присутни пратеници. Во една вечер 251 наш граѓанин, стари, млади и деца паднаа во одбрана на татковината, а над две илијади беа ранети. Обидот за државен удар од 15 јули беше оневозможен под водство на почитуваниот претседател на Туркије и благодарение на одлучниот став на безбедносните сили и турскиот народ. Отпорот на турскиот народ таа вечер моќно ја олицетвори народната волја. Народот таа вечер со знамиња во раце ги запре тенковите. 15 јули е „Победата на народот“, рече Улусој.

Тој потенцира дека борбата против ФЕТО е консензуална тема на сите страни во Турција и оти во периодот по обидот за преврат до денес, уништена е нејзината инфраструктура, завршени се правните процеси и одговорните се изнесени пред лицето на правдата, а вели, „затворени се и нивните паравански структури во областите на образованието, медиумите и банкарството“.

Откако ја изгубила својата структура во Турција, по 15 јули, како што наведе турскиот амбасадор ФЕТО опстојува во странски земји и „претставува сериозна закана за националната безбедност не само за Анкара, туку за самите земји во кои е присутна, поради што продолжуваат со нивната битка за спречување на дејствувањето на ФЕТО во странски земји“.

Во тој контекст наведе дека се започнати правни процеси за лицата поврзани со ФЕТО во странски земји со барања за нивна депортација и екстрадиција кои се доставени до релевантните земји, како и иницијативи во насока на затворање на образовните институции на ФЕТО во странство и пренесување на нивната сопственост на Турската државна фондација – МААРИФ. Досега, додаде тој, над 200 училишта во разни земји преминале во сопствеништво на Турската државна фондација Маариф која нуди образование според највисоки стандарди и е присутна и во Македонија. -Од друга страна жалам што ФЕТО продолжува да постои во МакедонијаЗатскриени зад превезот на образовни институции и злоупотребувајќи го името на значајниот поет на турската книжевност Јахја Кемал, во Скопје, Тетово и Струга дејствуваат три училишта кои се поврзани со ФЕТО, изјави турскиот амбасадор.

На 15 јули 2016 година во Турција се случи неуспешен обид за државен удар започнат од група воени службеници во кој загинаа над 250 лица, а над 2.000 беа повредени. Турските власти сметаат дека ФЕТО на проповедникот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, стои зад пучот

The post Турската амбасада го одбележа 15 Јули – Денот на демократијата и националното единство appeared first on Република.

]]>

Амбасадорот на Република Турција во Скопје, Фатих Улусој денеска приреди церемонијата со која беше одбележан 15 јули - Денот на демократијата и националното единство. На церемонијата во резиденцијата на која присуствуваа поранешниот претседател Ѓорге Иванов, пратеници и претседатели на политички партии, претставници на бизнис заедницата и на медиуми, амбасадорот Улусој посочи дека поминале осум години од обидот за преврат на, како што рече, „кукавичката терористичка организација ФЕТО чија цел беше поткопување на постоењето и опстојувањето на Република Туркије“.
-Припадниците на ФЕТО инфилтрирани во турските вооружени сили, вечерта на 15 јули, во Туркије имаа намера да ја превземат контролата врз државните институции. Таа вечер, симболот на народниот суверенитет, Големото национално собрание на Туркије, сведочеше на настан кој не се случил во ниедна претходна војна, односно заедно со други институции беше бомбардирано, и тоа додека внатре беа присутни пратеници. Во една вечер 251 наш граѓанин, стари, млади и деца паднаа во одбрана на татковината, а над две илијади беа ранети. Обидот за државен удар од 15 јули беше оневозможен под водство на почитуваниот претседател на Туркије и благодарение на одлучниот став на безбедносните сили и турскиот народ. Отпорот на турскиот народ таа вечер моќно ја олицетвори народната волја. Народот таа вечер со знамиња во раце ги запре тенковите. 15 јули е „Победата на народот“, рече Улусој.
Тој потенцира дека борбата против ФЕТО е консензуална тема на сите страни во Турција и оти во периодот по обидот за преврат до денес, уништена е нејзината инфраструктура, завршени се правните процеси и одговорните се изнесени пред лицето на правдата, а вели, „затворени се и нивните паравански структури во областите на образованието, медиумите и банкарството“. Откако ја изгубила својата структура во Турција, по 15 јули, како што наведе турскиот амбасадор ФЕТО опстојува во странски земји и „претставува сериозна закана за националната безбедност не само за Анкара, туку за самите земји во кои е присутна, поради што продолжуваат со нивната битка за спречување на дејствувањето на ФЕТО во странски земји“. Во тој контекст наведе дека се започнати правни процеси за лицата поврзани со ФЕТО во странски земји со барања за нивна депортација и екстрадиција кои се доставени до релевантните земји, како и иницијативи во насока на затворање на образовните институции на ФЕТО во странство и пренесување на нивната сопственост на Турската државна фондација – МААРИФ. Досега, додаде тој, над 200 училишта во разни земји преминале во сопствеништво на Турската државна фондација Маариф која нуди образование според највисоки стандарди и е присутна и во Македонија. -Од друга страна жалам што ФЕТО продолжува да постои во МакедонијаЗатскриени зад превезот на образовни институции и злоупотребувајќи го името на значајниот поет на турската книжевност Јахја Кемал, во Скопје, Тетово и Струга дејствуваат три училишта кои се поврзани со ФЕТО, изјави турскиот амбасадор. На 15 јули 2016 година во Турција се случи неуспешен обид за државен удар започнат од група воени службеници во кој загинаа над 250 лица, а над 2.000 беа повредени. Турските власти сметаат дека ФЕТО на проповедникот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, стои зад пучот

The post Турската амбасада го одбележа 15 Јули – Денот на демократијата и националното единство appeared first on Република.

]]>
Турција очекува Македонија да протера лица и да затвори три училишта поврзани со терористичката организација ФЕТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/turcija-ochekuva-makedonija-da-protera-lica-i-da-zatvori-tri-uchilishta-povrzani-so-teroristichkata-organizacija-feto/ Thu, 14 Jul 2022 13:33:37 +0000 https://republika.mk/?p=528820

Турицја очекува Македонија да одговори на нејзините барања за екстрадиција на речиси 80 лица поврзани со терористичката организација ФЕТО, одговорна за обидот за државен удар во Турција пред шест години, како и да затвори три училишта во Скопје, Тетово и Струга кои се поврзани со таа организација, рече турскиот амбасадор Хасан Мехмет Секизќок на прес-конференција по повод настаните од 15 јули 2016, кој во Турција се одбележува како Ден на демократија и национално единство.

ФЕТО е терористичка организација која ѝ припаѓа на новата генерација терористички структури. За стратегија го имаше инфилтрирањето во државните институции со цел преземање на државата под контрола однатре. ФЕТО во државните институции си поставуваше свои млади припадници манипулирани низ дејствија зад превез на образовни и хуманитарни активности. ФЕТО преку своите паравански структури од областа на образованието, медиумите, банкарството и останатите области од економијата настојуваше да оформи структура во Турција и во разни странски земји. Борбата против ФЕТО во земјата и во странство во изминатите шест години беше еден од приоритетите на државата – рече турскиот амбасадор.

На соговорниците на највисоко ниво во други земји, рече тој, им објаснуваат дека ФЕТО е закана и за земјите во кои дејствува и дека се почнати правни процеси во врска со структурите на ФЕТО во странство и согласно спроведените истраги во Турицја, до други земји се доставени барања за протерување и екстрадиција, а се замрзнуваат и имотите на лицата и институциите кои финансиски го поддржуваат ФЕТО.

Турција ја продолжува и иницијативата за затворање на образовни институции поврзани со ФЕТО во странство и нивно пренесување во сопственост на Турската државна фондација МААРИФ. Како што рече, во 45 земји им е ставен крај на дејностите на образовните институции на ФЕТО, над двесте училишта во 20 земји се преземени од фондацијата МААРИФ која отвори училишта и во Македонија.

За жал, ФЕТО е сѐ уште присутна во Македонија. Постојат три училишта поврзани со ФЕТО кои зад превезот на образовни институции, дејствуваат во Скопје, Тетово и Струга. Очекуваме Македонија да ги затвори овие училишта и тие да се пренесат во сопственост на фондацијата МААРИФ. Исто така и да се преземат конкретни чекори за протерување од земјата на лицата поврзани со ФЕТО. До македонските власти имаме барање за протерување и екстрадиција на близу 80 лица. Овие барања ги истакнуваме при контактите на највисоко ниво. Засега нема конкретни чекори, но тоа не значи дека за нас таа тема е затворена. Минатата година при поставување пратенички прашања до Владата беше поставено конкретно прашање на кое добивме писмен одговор што не беше задоволителен и беше полн со сиви зони. Можеби треба да се постави прашањето дали властите на Македонија сакаат сериозно да се посветат на ова прашање и дали има конкретни пречки за тоа. Имаме исклучителни билатерални односи помеѓу нашите земји и затоа сметам дека и македонската страна треба да ја има предвид сензитивноста на темата и меѓународните обврски што ја тангираат. Очекуваме соработка од сите земји во насока на борба со секаков вид тероризам – истакна амбасадорот.

Секизќок рече дека Турција го одбележува 15 јули – Денот на демократија и национално единство во сеќавање на обидот за државен удар во 2016 година од припадниците на ФЕТО инфилтрирани во турските воени сили кога, како што рече, 251 турски граѓанин си ги положија животите во одбрана на татковината, а над две илјади беа ранети.

Обидот за државен удар беше оневозможен со покажаниот отпор под водство на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и одлучниот и непоколеблив став на безбедносните сили и турскиот народ. Битно е да не се заборави овој обид за државен удар и со таа цел ја одржуваме оваа прес-конференција по повод шестата годишнина од обидот за преврат – рече амбасадорот Секизќок.

The post Турција очекува Македонија да протера лица и да затвори три училишта поврзани со терористичката организација ФЕТО appeared first on Република.

]]>

Турицја очекува Македонија да одговори на нејзините барања за екстрадиција на речиси 80 лица поврзани со терористичката организација ФЕТО, одговорна за обидот за државен удар во Турција пред шест години, како и да затвори три училишта во Скопје, Тетово и Струга кои се поврзани со таа организација, рече турскиот амбасадор Хасан Мехмет Секизќок на прес-конференција по повод настаните од 15 јули 2016, кој во Турција се одбележува како Ден на демократија и национално единство.
ФЕТО е терористичка организација која ѝ припаѓа на новата генерација терористички структури. За стратегија го имаше инфилтрирањето во државните институции со цел преземање на државата под контрола однатре. ФЕТО во државните институции си поставуваше свои млади припадници манипулирани низ дејствија зад превез на образовни и хуманитарни активности. ФЕТО преку своите паравански структури од областа на образованието, медиумите, банкарството и останатите области од економијата настојуваше да оформи структура во Турција и во разни странски земји. Борбата против ФЕТО во земјата и во странство во изминатите шест години беше еден од приоритетите на државата – рече турскиот амбасадор.
На соговорниците на највисоко ниво во други земји, рече тој, им објаснуваат дека ФЕТО е закана и за земјите во кои дејствува и дека се почнати правни процеси во врска со структурите на ФЕТО во странство и согласно спроведените истраги во Турицја, до други земји се доставени барања за протерување и екстрадиција, а се замрзнуваат и имотите на лицата и институциите кои финансиски го поддржуваат ФЕТО. Турција ја продолжува и иницијативата за затворање на образовни институции поврзани со ФЕТО во странство и нивно пренесување во сопственост на Турската државна фондација МААРИФ. Како што рече, во 45 земји им е ставен крај на дејностите на образовните институции на ФЕТО, над двесте училишта во 20 земји се преземени од фондацијата МААРИФ која отвори училишта и во Македонија.