фестивалот РУТА Група Триглав Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/festivalot-ruta-grupa-triglav/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Oct 2022 14:50:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фестивалот РУТА Група Триглав Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/festivalot-ruta-grupa-triglav/ 32 32 Душан Ковачевиќ, актер: Театарот ги прави луѓето подобри https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dushan-kovachevikj-akter-teatarot-gi-pravi-lugjeto-podobri/ Mon, 17 Oct 2022 14:50:57 +0000 https://republika.mk/?p=562158

Театарот ги прави луѓето подобри. Тоа е посебен медиум и е нужен за формирање на граѓанската свест, вели црногорскиот актер Душан Ковачевиќ. Тој е дел од претставата „Коњите убиваат, зар не?“ во изведба на Драмско позориште Подгорица која вечерва ќе биде изведена на сцената на Драмски театар, во рамки на фестивалот Рута Група Триглав кој се одржува од 14 до 19 октомври. Картите за оваа претстава се распродадени, посебно што беа во ограничен број, бидејќи публиката е дел од претставата, ќе биде на сцена, заедно со актерите.

Драмски театар од петокот е домаќин на Фестивалот Рута Група за кој има голем интерес, а билетите беа распродадени за сите шест претстави.

Станува збор за фестивал на Регионалната унија на театри, во која членуваат: Београдско драмско позориште, Камерни театар 55 од Сараево, театар Улисис од Загреб, Месно гледалишче Љубљана и Градско позориште Подгорица.

Фестивалот е основан во 2019 и е одржува на секои два месеца во еден од шесте театарски центри, а поради ковид пандемијата, првпат се одржува во Драмски театар.

Фестивалот „Рута“ е многу значаен за сите учесници. Сите ние имаме финансиски предизвици, да ја издржиме организацијата на Фестивалот. Театарот ги прави луѓето подобри. Театарот не е евтин. Тоа е посебен медиум и е нужен за формирање на граѓанската свест. Обединувањето на театарите од просторите на поранешна Југославија на културен, но пред сè на театарски план и таа културолошка размена која ја имаме секои два месеци, нам како уметници многу ни значи, на публиката посебно, но и на секој театар посебно, вели црногорскиот актер Ковачевиќ.

Автор на црногорската претстава е Маја Пелевиќ, режисер е Кокан Младеновиќ, сценографија на Андреја Рондовиќ. Костимограф е Лина Лековиќ, музиката е на Ирена Драговиќ, а сценските движења и кореографијата на Милош Исаиловиќ.

Улогите ги толкуваат: Душан Ковачевиќ, Марија Ѓуриќ, Омар Бајрамспахиќ, Вања Јовиќевиќ, Горан Славиќ, Јелена Симиќ, Дејан Ѓоновиќ, Бранка Фемиќ Шќеќиќ / Ивона Човиќ Јаќимовиќ, Вукан Пејовиќ, Катарина Крек, Жељко Радуновиќ.

Ковачевиќ потенцираше дека овој Фестивал носи само придобивки како за актерите, така и за публиката која е гладна за претстави од регионот.

Со секое ново гостување атерите стануваат побогати, похрабри, попаметни. Ако ова стане традиција, мислем дека сите ќе бидеме подобри луѓе. Тоа е идејата на регионалната унија на театарот, да го поврзе овој простор, без разлика колку политичарите се трудат да го разединат, а ние сме тука да го бараме доброто во луѓето, да произведуваме добро, да се трудиме да бидеме подобри и да го правиме светот подобро место, вели Ковачевиќ.

Отворањето на „Рута“ беше со претставата „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, со Раде Шербеџија и Милан Мариќ. Београдско драмско позориште гостуваше со „Диво месо“ по текстот на Горан Стефановски, на режисерот Јагош Марковиќ. Македонскиот режисер Александар Поповски дојде со претставата „Хероини“ по Овидиј од Месно гледалишче Љубљана.

Комедијата „Мирна Босна“ во изведба на Камерни театар 55 од Сараево е на програмата на фестивалот на 18 октомври. Режисер на претставата е Саша Пешевски.

Затворањето на Фестивалот е со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски театар Скопје на 19 октомври, на режисерката Зоја Бузалковска.

 

The post Душан Ковачевиќ, актер: Театарот ги прави луѓето подобри appeared first on Република.

]]>

Театарот ги прави луѓето подобри. Тоа е посебен медиум и е нужен за формирање на граѓанската свест, вели црногорскиот актер Душан Ковачевиќ. Тој е дел од претставата „Коњите убиваат, зар не?“ во изведба на Драмско позориште Подгорица која вечерва ќе биде изведена на сцената на Драмски театар, во рамки на фестивалот Рута Група Триглав кој се одржува од 14 до 19 октомври. Картите за оваа претстава се распродадени, посебно што беа во ограничен број, бидејќи публиката е дел од претставата, ќе биде на сцена, заедно со актерите. Драмски театар од петокот е домаќин на Фестивалот Рута Група за кој има голем интерес, а билетите беа распродадени за сите шест претстави. Станува збор за фестивал на Регионалната унија на театри, во која членуваат: Београдско драмско позориште, Камерни театар 55 од Сараево, театар Улисис од Загреб, Месно гледалишче Љубљана и Градско позориште Подгорица. Фестивалот е основан во 2019 и е одржува на секои два месеца во еден од шесте театарски центри, а поради ковид пандемијата, првпат се одржува во Драмски театар.
Фестивалот „Рута“ е многу значаен за сите учесници. Сите ние имаме финансиски предизвици, да ја издржиме организацијата на Фестивалот. Театарот ги прави луѓето подобри. Театарот не е евтин. Тоа е посебен медиум и е нужен за формирање на граѓанската свест. Обединувањето на театарите од просторите на поранешна Југославија на културен, но пред сè на театарски план и таа културолошка размена која ја имаме секои два месеци, нам како уметници многу ни значи, на публиката посебно, но и на секој театар посебно, вели црногорскиот актер Ковачевиќ.
Автор на црногорската претстава е Маја Пелевиќ, режисер е Кокан Младеновиќ, сценографија на Андреја Рондовиќ. Костимограф е Лина Лековиќ, музиката е на Ирена Драговиќ, а сценските движења и кореографијата на Милош Исаиловиќ. Улогите ги толкуваат: Душан Ковачевиќ, Марија Ѓуриќ, Омар Бајрамспахиќ, Вања Јовиќевиќ, Горан Славиќ, Јелена Симиќ, Дејан Ѓоновиќ, Бранка Фемиќ Шќеќиќ / Ивона Човиќ Јаќимовиќ, Вукан Пејовиќ, Катарина Крек, Жељко Радуновиќ. Ковачевиќ потенцираше дека овој Фестивал носи само придобивки како за актерите, така и за публиката која е гладна за претстави од регионот.
Со секое ново гостување атерите стануваат побогати, похрабри, попаметни. Ако ова стане традиција, мислем дека сите ќе бидеме подобри луѓе. Тоа е идејата на регионалната унија на театарот, да го поврзе овој простор, без разлика колку политичарите се трудат да го разединат, а ние сме тука да го бараме доброто во луѓето, да произведуваме добро, да се трудиме да бидеме подобри и да го правиме светот подобро место, вели Ковачевиќ.
Отворањето на „Рута“ беше со претставата „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, со Раде Шербеџија и Милан Мариќ. Београдско драмско позориште гостуваше со „Диво месо“ по текстот на Горан Стефановски, на режисерот Јагош Марковиќ. Македонскиот режисер Александар Поповски дојде со претставата „Хероини“ по Овидиј од Месно гледалишче Љубљана. Комедијата „Мирна Босна“ во изведба на Камерни театар 55 од Сараево е на програмата на фестивалот на 18 октомври. Режисер на претставата е Саша Пешевски. Затворањето на Фестивалот е со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски театар Скопје на 19 октомври, на режисерката Зоја Бузалковска.  

The post Душан Ковачевиќ, актер: Театарот ги прави луѓето подобри appeared first on Република.

]]>
Раде Шербеџија, Горан Стефановски, Милан Мариќ, Феѓа Штука, Александар Поповски, Кокан Младеновиќ во Драмски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/rade-sherbedzija-goran-stefanovski-milan-marikj-fegja-shtuka-aleksandar-popovski-kokan-mladenovikj-vo-dramski/ Fri, 23 Sep 2022 10:28:47 +0000 https://republika.mk/?p=553458

Драмски театар е домаќин на десеттата по ред Рута Група Триглав од 14 до 19 октомври.

На сцената на Драмски во тек на фестивалската недела, македонската публика ќе има можност да види шест репрезентативни и најнаградувани претстави на театрите од регионот.

Свеченото отворање на театарскиот фестивал ќе биде на 14 октомври со Раде Шербеџија и Милан Мариќ  во претставата „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, во режија на Ленка Удовички според антологискиот текст на Едвард Олби. Претставата е копродукција на театар Улисис и Београдско драмско позориште. Во претставата играат и Катарина Бистровиќ – Дарваш и Вања Ненадиќ.

Београдско драмско позориште настапува на 15 октомври со претставата „Диво месо“.
Извонреден е предизвикот на ансамблот и на режисерот Јагош Марковиќ, претставата по текст на Горан Стефановски да биде изведена во Скопје. Улогите во „Диво месо“ ги толкуваат: Јово Максиќ, Сандра Бугарски, Лука Грбиќ, Марко Тодоровиќ, Александар Вуќковиќ, Андријана Ѓорѓевиќ, Љубинка Клариќ, Вања Ненадиќ, Павле Пекиќ, Стефан Радоњиќ, Милан Ќуќиловиќ, Јана Милосављевиќ и Александар Јовановиќ.

Третета фестивалска вечер публиката ќе има можност, да ја види претставата на македонскиот режисер Александар Поповски. Тој своето читање на римскиот поет Овидиј ни го доловува во претставата „Хероини“ во изведба на „Месно гледалишче Љубљана“. Улогите се доверени на: Викторија Бенчик Емершич, Ајда Смрекар, Јудита Зидар, Тања Рибич, Тина Поточник Врховник, Јулита Кропец, Мирјам Корбар, Тјаша Железник, Вероника Железник и Јернеј Гашперин.

На 17 октомври од Црна Гора доаѓа ансамблот на Градско позориште Подгорица со претставата „Коњите убиваат, зар не?“. За оваа претстава на матичната сцена и на сите гостувања се бара „билет повеќе“ поради уникатниот концепт на учество на публиката во претставата. Ограничен број гледачи ја следат претставата сместени на сцената и имаат можност да консумираат вкусна храна и пијалоци слушајќи професионален бенд и актерска изведба на шоу програма. Режисер на претставата е Кокан Младеновиќ. Улоги: Душан Ковачевиќ, Марија Ѓуриќ, Омар Бајрамспахиќ, Вања Јовиќевиќ, Горан Славиќ, Јелена Симиќ, Дејан Ѓоновиќ, Бранка Фемиќ, Вукан Пејовиќ, Катарина Крек и Жељко Радуновиќ.

Хит комедијата „Мирна Босна“ во изведба на Камерни театар 55 од Сараево, е на програмата на фестивалот РУТА Група Триглав на 18 октомври. Во претставата две семејства се договараат да започнат нов бизнис. Но, како што вели авторот Борис Лалиќ во Босна не е лесно да се води чесен бизнис, а уште потешко е чесно да се направи криминална организација во која преку ноќ ќе се збогатат две семејства. Тогаш настанува вистинска комедија. Режисер на претставата е Саша Пешевски. Настапуваат: Феѓа Штукан (актерот со забележителни улоги во филмови со холивудската ѕвезда Анџелина Џоли), Гордана Бобан, Ванеса Глоѓо и Давор Голубовиќ.

Свеченото затворање на фестивалот Рута Група Триглав е со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски театар Скопје на 19 октомври. Режијата е на Зоја Бузалковска, а улогите ги толкуваат актерите: Дамјан Цветановски, Трајанка Илиева -Вељиќ, Александар Степанулески, Емилија Мицевска Трајковиќ, Соња Стамболџиоска, Јасмина Василева, Филип Трајковиќ, Стефан Вујисиќ, Златко Митрески и Нела Павловска.

До први октомври на билетарницата на Драмски театар Скопје може да се набават само блок билети. Од први октомври започнува поединечната продажба по претстава.

Драмски заедно со пет водечки театри од регионот, мотивирани од силната желба за создавање нови заеднички проекти, копродукции и играње на претстави пред публика од целиот регион, ја формираа Регионалната унија на театри – РУТА Група Триглав. Заедно со Драмски театар Скопје потписници на протоколот за соработка на Унијата се Београдско драмско позориште, Камерни театар 55 од Сараево, театар Улисис од Загреб, Месно гледалишче Љубљана и Градско позориште Подгорица. Концептуално фестивалот РУТА Група Триглав се одржува на секои два месеци во еден од шесте театарски центри.

The post Раде Шербеџија, Горан Стефановски, Милан Мариќ, Феѓа Штука, Александар Поповски, Кокан Младеновиќ во Драмски appeared first on Република.

]]>

Драмски театар е домаќин на десеттата по ред Рута Група Триглав од 14 до 19 октомври. На сцената на Драмски во тек на фестивалската недела, македонската публика ќе има можност да види шест репрезентативни и најнаградувани претстави на театрите од регионот. Свеченото отворање на театарскиот фестивал ќе биде на 14 октомври со Раде Шербеџија и Милан Мариќ  во претставата „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, во режија на Ленка Удовички според антологискиот текст на Едвард Олби. Претставата е копродукција на театар Улисис и Београдско драмско позориште. Во претставата играат и Катарина Бистровиќ – Дарваш и Вања Ненадиќ. Београдско драмско позориште настапува на 15 октомври со претставата „Диво месо“. Извонреден е предизвикот на ансамблот и на режисерот Јагош Марковиќ, претставата по текст на Горан Стефановски да биде изведена во Скопје. Улогите во „Диво месо“ ги толкуваат: Јово Максиќ, Сандра Бугарски, Лука Грбиќ, Марко Тодоровиќ, Александар Вуќковиќ, Андријана Ѓорѓевиќ, Љубинка Клариќ, Вања Ненадиќ, Павле Пекиќ, Стефан Радоњиќ, Милан Ќуќиловиќ, Јана Милосављевиќ и Александар Јовановиќ. Третета фестивалска вечер публиката ќе има можност, да ја види претставата на македонскиот режисер Александар Поповски. Тој своето читање на римскиот поет Овидиј ни го доловува во претставата „Хероини“ во изведба на „Месно гледалишче Љубљана“. Улогите се доверени на: Викторија Бенчик Емершич, Ајда Смрекар, Јудита Зидар, Тања Рибич, Тина Поточник Врховник, Јулита Кропец, Мирјам Корбар, Тјаша Железник, Вероника Железник и Јернеј Гашперин. На 17 октомври од Црна Гора доаѓа ансамблот на Градско позориште Подгорица со претставата „Коњите убиваат, зар не?“. За оваа претстава на матичната сцена и на сите гостувања се бара „билет повеќе“ поради уникатниот концепт на учество на публиката во претставата. Ограничен број гледачи ја следат претставата сместени на сцената и имаат можност да консумираат вкусна храна и пијалоци слушајќи професионален бенд и актерска изведба на шоу програма. Режисер на претставата е Кокан Младеновиќ. Улоги: Душан Ковачевиќ, Марија Ѓуриќ, Омар Бајрамспахиќ, Вања Јовиќевиќ, Горан Славиќ, Јелена Симиќ, Дејан Ѓоновиќ, Бранка Фемиќ, Вукан Пејовиќ, Катарина Крек и Жељко Радуновиќ. Хит комедијата „Мирна Босна“ во изведба на Камерни театар 55 од Сараево, е на програмата на фестивалот РУТА Група Триглав на 18 октомври. Во претставата две семејства се договараат да започнат нов бизнис. Но, како што вели авторот Борис Лалиќ во Босна не е лесно да се води чесен бизнис, а уште потешко е чесно да се направи криминална организација во која преку ноќ ќе се збогатат две семејства. Тогаш настанува вистинска комедија. Режисер на претставата е Саша Пешевски. Настапуваат: Феѓа Штукан (актерот со забележителни улоги во филмови со холивудската ѕвезда Анџелина Џоли), Гордана Бобан, Ванеса Глоѓо и Давор Голубовиќ. Свеченото затворање на фестивалот Рута Група Триглав е со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски театар Скопје на 19 октомври. Режијата е на Зоја Бузалковска, а улогите ги толкуваат актерите: Дамјан Цветановски, Трајанка Илиева -Вељиќ, Александар Степанулески, Емилија Мицевска Трајковиќ, Соња Стамболџиоска, Јасмина Василева, Филип Трајковиќ, Стефан Вујисиќ, Златко Митрески и Нела Павловска. До први октомври на билетарницата на Драмски театар Скопје може да се набават само блок билети. Од први октомври започнува поединечната продажба по претстава. Драмски заедно со пет водечки театри од регионот, мотивирани од силната желба за создавање нови заеднички проекти, копродукции и играње на претстави пред публика од целиот регион, ја формираа Регионалната унија на театри – РУТА Група Триглав. Заедно со Драмски театар Скопје потписници на протоколот за соработка на Унијата се Београдско драмско позориште, Камерни театар 55 од Сараево, театар Улисис од Загреб, Месно гледалишче Љубљана и Градско позориште Подгорица. Концептуално фестивалот РУТА Група Триглав се одржува на секои два месеци во еден од шесте театарски центри.

The post Раде Шербеџија, Горан Стефановски, Милан Мариќ, Феѓа Штука, Александар Поповски, Кокан Младеновиќ во Драмски appeared first on Република.

]]>