фестивал Војдан чернодрински Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/festival-vojdan-chernodrinski/ За подобро да се разбереме Fri, 10 Jun 2022 15:28:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фестивал Војдан чернодрински Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/festival-vojdan-chernodrinski/ 32 32 „Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ, во изведба на МНТ е победник на 56. театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/naroden-neprijatel-vo-rezija-na-nina-nikolikj-vo-izvedba-na-mnt-e-pobednik-na-56-teatarski-festival-vojdan-chernodrinski/ Fri, 10 Jun 2022 15:28:06 +0000 https://republika.mk/?p=513594

Со доделувањето на наградите на најдобрите и со претставата „Боливуд“ на театар Комедија во чест на наградените, во Прилеп синоќа е спуштена завесата на 56. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Статуетката на патронот на фестивалот, Војдан Чернодрински што се доделува на најдобрата претстава, на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“ прилепскиот градоначалник Борче Јовчески и ја врачи на претставата „Народен непријател“ на МНТ од Скопје. Претставата понесе уште три награди: за најдобар актер за Никола Ристаноски, за сценографија на Вишња Вујовиќ и за рекламен материјал на Димитар Димитров.

Прифаќајќи ја наградата во името на ансамблот, режисерката на претставата Нина Николиќ ги пренесе и зборовите на актерот Ристановски кој оправдано беше отсутен.

Актерката Бедија Беговска која ја доби наградата за најдобра женска улога во претставата „Вишновата градина“ на турскиот театар нагласи дека фестивалската, прилепска публика е најдобрата, а актерите во уметноста на мигот се паметат додека се памети емоцијата која од сцената ѝ се пренесува на публиката.

Кендрим Ријани кој е добитник на наградата за најдобра режија на претставата на битолскиот театар „Артуро Уи“ рече дека оваа му е прва претстава што ја режира на македонски јазик, а наградата е на целиот ансамбл.

За затворен Фестивалот го прогласи прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.

Во чест на наградените, театар „Комедија“ ја изведе претставата „Боливуд“ во режија на Наташа Поплавска со што беше спуштена завесата на годинашниов 56. МТФ „Војдан Чернодрински“ кој од 3 до 9 јуни се одржуваше во Прилеп. Донесе 11 претстави, од кои 8 во конкуренцијата за награди како и промоции на театарска литература и книги.

The post „Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ, во изведба на МНТ е победник на 56. театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>

Со доделувањето на наградите на најдобрите и со претставата „Боливуд“ на театар Комедија во чест на наградените, во Прилеп синоќа е спуштена завесата на 56. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Статуетката на патронот на фестивалот, Војдан Чернодрински што се доделува на најдобрата претстава, на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“ прилепскиот градоначалник Борче Јовчески и ја врачи на претставата „Народен непријател“ на МНТ од Скопје. Претставата понесе уште три награди: за најдобар актер за Никола Ристаноски, за сценографија на Вишња Вујовиќ и за рекламен материјал на Димитар Димитров. Прифаќајќи ја наградата во името на ансамблот, режисерката на претставата Нина Николиќ ги пренесе и зборовите на актерот Ристановски кој оправдано беше отсутен. Актерката Бедија Беговска која ја доби наградата за најдобра женска улога во претставата „Вишновата градина“ на турскиот театар нагласи дека фестивалската, прилепска публика е најдобрата, а актерите во уметноста на мигот се паметат додека се памети емоцијата која од сцената ѝ се пренесува на публиката. Кендрим Ријани кој е добитник на наградата за најдобра режија на претставата на битолскиот театар „Артуро Уи“ рече дека оваа му е прва претстава што ја режира на македонски јазик, а наградата е на целиот ансамбл. За затворен Фестивалот го прогласи прилепскиот градоначалник Борче Јовчески. Во чест на наградените, театар „Комедија“ ја изведе претставата „Боливуд“ во режија на Наташа Поплавска со што беше спуштена завесата на годинашниов 56. МТФ „Војдан Чернодрински“ кој од 3 до 9 јуни се одржуваше во Прилеп. Донесе 11 претстави, од кои 8 во конкуренцијата за награди како и промоции на театарска литература и книги.

The post „Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ, во изведба на МНТ е победник на 56. театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>