фестивал во Грција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/festival-vo-grcija/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Jul 2022 12:48:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фестивал во Грција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/festival-vo-grcija/ 32 32 Главна награда за краткиот анимиран филм „Змијулче“ во режија на Кристина Стојановски, Крсте Господиновски и Жарко Иванов на фестивал во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/glavna-nagrada-za-kratkiot-animiran-film-zmijulche-vo-rezija-na-kristina-stojanovski-krste-gospodinovski-i-zarko-ivanov-na-festival-vo-grcija/ Thu, 28 Jul 2022 12:48:20 +0000 https://republika.mk/?p=534290

Краткиот анимиран филм „Змијулче“, во режија на Кристина Стојановски, Крсте Господиновски и Жарко Иванов, ја доби главната награда од жирито на првото издание на „Загори филм фестивал“ во Грција.

Сценариото за филмот, кое го напишаа Жарко Иванов и Кристина Стојановски, е базирано на истоимениот краток расказ на Александар Прокопиев од збирката „Човечулец“… Скршен човек разочаран од општеството и целиот свет околу него, решава да ја напушти цивилизацијата и заминува да живее во дивината. Во шумата тој наидува на неочекувано ново пријателство…, ова е накратко приказната на филмот. Филмот е во продукција а „Флип бук“.

Краткиот филм „Змијулче“ пред три години ја доби специјалната награда во конкуренција на кратки филмови на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“.

Инаку, расказот „Змијулче“ на Прокопиев влезе во престижната антологија „Најдобра европска фикција за 2015 година“ меѓу најдобрите европски раскази и беше високо оценет од критичарот на „Њујорк тајмс“.

Писателот, есеист и литературен критичар Александар Прокопиев во 2011 година беше лауреат на меѓународната книжевна награда „Балканика“ токму за оваа книга, по што се појавија голем број преводи низ светот. „Човечулец“ e оригинално видување на светски познатите бајки како инспиративен уметнички жанр, богат со вистини за животот, за љубовта и страста за пишување, за човечката отуѓеност и површност, но и за молкот на интелектуалците. Книгата ја сочинуваат 16 уметнички бајки за возрасни, кои ги актуализираат важните, универзални вредности. Досега книгата е преведена, во издание на реномирани издавачки куќи, на англиски, арапски, полски, турски, хрватски, српски и италијански јазик и проследена со убави рецензии и одгласи кај читателите. Инаку, „Човечулец“ има три изданија во Македонија.

Филмот „Змијулче“, работен по еден од расказите во оваа збирка, во септември ќе биде прикажан во Јужна Кореја, на фестивалот „Бусан интерсити“, кој е дел од мрежата на филмски фестивали на УНЕСКО, а потоа и на еден од најважните европски фестивали за анимиран филм „Фантош“ во Баден, Швајцарија.

 

The post Главна награда за краткиот анимиран филм „Змијулче“ во режија на Кристина Стојановски, Крсте Господиновски и Жарко Иванов на фестивал во Грција appeared first on Република.

]]>

Краткиот анимиран филм „Змијулче“, во режија на Кристина Стојановски, Крсте Господиновски и Жарко Иванов, ја доби главната награда од жирито на првото издание на „Загори филм фестивал“ во Грција. Сценариото за филмот, кое го напишаа Жарко Иванов и Кристина Стојановски, е базирано на истоимениот краток расказ на Александар Прокопиев од збирката „Човечулец“… Скршен човек разочаран од општеството и целиот свет околу него, решава да ја напушти цивилизацијата и заминува да живее во дивината. Во шумата тој наидува на неочекувано ново пријателство…, ова е накратко приказната на филмот. Филмот е во продукција а „Флип бук“. Краткиот филм „Змијулче“ пред три години ја доби специјалната награда во конкуренција на кратки филмови на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. Инаку, расказот „Змијулче“ на Прокопиев влезе во престижната антологија „Најдобра европска фикција за 2015 година“ меѓу најдобрите европски раскази и беше високо оценет од критичарот на „Њујорк тајмс“. Писателот, есеист и литературен критичар Александар Прокопиев во 2011 година беше лауреат на меѓународната книжевна награда „Балканика“ токму за оваа книга, по што се појавија голем број преводи низ светот. „Човечулец“ e оригинално видување на светски познатите бајки како инспиративен уметнички жанр, богат со вистини за животот, за љубовта и страста за пишување, за човечката отуѓеност и површност, но и за молкот на интелектуалците. Книгата ја сочинуваат 16 уметнички бајки за возрасни, кои ги актуализираат важните, универзални вредности. Досега книгата е преведена, во издание на реномирани издавачки куќи, на англиски, арапски, полски, турски, хрватски, српски и италијански јазик и проследена со убави рецензии и одгласи кај читателите. Инаку, „Човечулец“ има три изданија во Македонија. Филмот „Змијулче“, работен по еден од расказите во оваа збирка, во септември ќе биде прикажан во Јужна Кореја, на фестивалот „Бусан интерсити“, кој е дел од мрежата на филмски фестивали на УНЕСКО, а потоа и на еден од најважните европски фестивали за анимиран филм „Фантош“ во Баден, Швајцарија.
 

The post Главна награда за краткиот анимиран филм „Змијулче“ во режија на Кристина Стојановски, Крсте Господиновски и Жарко Иванов на фестивал во Грција appeared first on Република.

]]>