Фестивал Ристо Шишков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/festival-risto-shishkov/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Sep 2023 11:25:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фестивал Ристо Шишков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/festival-risto-shishkov/ 32 32 Завесата на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ ја крева велешкиот театар со „Татко“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zavesata-na-festivalot-na-kameren-teatar-risto-shishkov-ja-kreva-veleshkiot-teatar-so-tatko/ Fri, 08 Sep 2023 11:25:57 +0000 https://republika.mk/?p=679927

Триесет и првото издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ традиционално почнува на 8 септември, на Денот на независноста, а годинава на програмата се десет остварувања од земјава, Бугарија и Словенија.

Завесата на ФКТ „Ристо Шишков“ вечер ќе ја кренат актерите од велешкиот театар „Ј.Х.Џинот“ со претставата „Татко“ од Флоријан Зелер, во режија Ненад Витанов.

Имаме сериозна програма со претстави од европски фестивали. Публиката ќе ужива во повеќе жанрови-од алтернативни претстави, претстави кои го испитуваат мислењето на граѓаните, претстави кои дават сила актерот да ужива и да ја презентира својата моќ на сцената, рече директорот на Фестивалот, Ванчо Ристов Патриков.

Фестивалското жири, кое ќе одлучува за единствената награда за највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, кое се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, ќе го предводи ланската лауретка, актерката, Дарја Ризова, писателот и професор на ФДУ, Иван Додовски и актерката Мими Таневска.

Во рамките на Фестивалот ќе се одржи промоција на книгата „Аспекти на камерниот театар“ од Тодор Кузманов и Гоце Ристовски, а промотор ќе е Јоана Шишкова.

Фестивалот се одржува од 8 до 13 овој месец во Центарот за култура „Антон Панов“ со финансиска поддршка од Министерството за култура и Општина Струмица.

The post Завесата на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ ја крева велешкиот театар со „Татко“ appeared first on Република.

]]>

Триесет и првото издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ традиционално почнува на 8 септември, на Денот на независноста, а годинава на програмата се десет остварувања од земјава, Бугарија и Словенија. Завесата на ФКТ „Ристо Шишков“ вечер ќе ја кренат актерите од велешкиот театар „Ј.Х.Џинот“ со претставата „Татко“ од Флоријан Зелер, во режија Ненад Витанов.
Имаме сериозна програма со претстави од европски фестивали. Публиката ќе ужива во повеќе жанрови-од алтернативни претстави, претстави кои го испитуваат мислењето на граѓаните, претстави кои дават сила актерот да ужива и да ја презентира својата моќ на сцената, рече директорот на Фестивалот, Ванчо Ристов Патриков.
Фестивалското жири, кое ќе одлучува за единствената награда за највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, кое се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, ќе го предводи ланската лауретка, актерката, Дарја Ризова, писателот и професор на ФДУ, Иван Додовски и актерката Мими Таневска. Во рамките на Фестивалот ќе се одржи промоција на книгата „Аспекти на камерниот театар“ од Тодор Кузманов и Гоце Ристовски, а промотор ќе е Јоана Шишкова. Фестивалот се одржува од 8 до 13 овој месец во Центарот за култура „Антон Панов“ со финансиска поддршка од Министерството за култура и Општина Струмица.

The post Завесата на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ ја крева велешкиот театар со „Татко“ appeared first on Република.

]]>
Наградата „Ристо Шишков“ за Дарија Ризова https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nagradata-risto-shishkov-za-darija-rizova/ Tue, 13 Sep 2022 20:22:40 +0000 https://republika.mk/?p=550523

Актерката Дарија Ризова ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 30. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, кој вечерва заврши во Струмица. Таа е наградена за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ по текст на Аднан Лугониќ, во режија на Нина Николиќ, копродукциска претстава на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција-Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР- Сараево.

Наградата на Ризова, која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, и ја врачи претседателот на Советот на Општина Струмица, Марјан Даскаловски.

Одлуката на фестивалското жири ја образложи претседателката, ланската лауретка, Звездана Ангеловска, во кое покрај неа играта на актерите ја оценува и актерите Нико Горшиќ и Петар Арсовски.

-Дарија Ризова со улогата на Маша дејствува исклучително со актерската игра на сцената за камерен театар, со гола и суштетствена игра на самата сцена, ослободена и речиси без никакви концептуални решенија и ефекти што дотолку повеќе доаѓа до израз нејзината актерска игра во целост каде со редуцирани изразни средства таа покажува искличително силна, моќна и ефектна актерска експресија со внатрешен емоционален набој. Исто така, нејзината свесност за сценско присуство ја потврдува прецизноста при креирањето на улогата и умереноста во камерната игра, чувството за партнер поткрепено од сиот нејзин актерски сензибилитет, кој истовремено е младешки и бунтовен, а кој е неверојатно топол, мек, искрен и современ, рече Ангеловска.

Лауретката Дарија Ризова рече дека оваа награда е од големо значење за неа и и претставува привилегија.

-Сакам да се заблагодарам на сите мои блиски луѓе за нивната неизмерна поддршка, на мојата мајка која секогаш ме советуваше да изберам професија којашто навистина ќе ја сакам и ќе ми гори срцето за неа, рече Ризова по добивањето на наградата.

Жирито им додели специјални награди на актерите Фаик Мефаиловски, Огнен Дранговски и Илина Чоревска, режисерот Васил Христов и на претставата „Злосторство и казна“ во изведба на Драмски куклен тетар од Враца, Бугарија.

Во чест на наградената актерка на затворањето на Фестивалот беше одиграна балетската претстава „Болеро“ од Морис Равел во кореографија на Саша Евтимова во избедба на Македонската опера и балет.

(МИА)

The post Наградата „Ристо Шишков“ за Дарија Ризова appeared first on Република.

]]>

Актерката Дарија Ризова ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 30. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, кој вечерва заврши во Струмица. Таа е наградена за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ по текст на Аднан Лугониќ, во режија на Нина Николиќ, копродукциска претстава на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција-Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР- Сараево. Наградата на Ризова, која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, и ја врачи претседателот на Советот на Општина Струмица, Марјан Даскаловски. Одлуката на фестивалското жири ја образложи претседателката, ланската лауретка, Звездана Ангеловска, во кое покрај неа играта на актерите ја оценува и актерите Нико Горшиќ и Петар Арсовски.
-Дарија Ризова со улогата на Маша дејствува исклучително со актерската игра на сцената за камерен театар, со гола и суштетствена игра на самата сцена, ослободена и речиси без никакви концептуални решенија и ефекти што дотолку повеќе доаѓа до израз нејзината актерска игра во целост каде со редуцирани изразни средства таа покажува искличително силна, моќна и ефектна актерска експресија со внатрешен емоционален набој. Исто така, нејзината свесност за сценско присуство ја потврдува прецизноста при креирањето на улогата и умереноста во камерната игра, чувството за партнер поткрепено од сиот нејзин актерски сензибилитет, кој истовремено е младешки и бунтовен, а кој е неверојатно топол, мек, искрен и современ, рече Ангеловска.
Лауретката Дарија Ризова рече дека оваа награда е од големо значење за неа и и претставува привилегија.
-Сакам да се заблагодарам на сите мои блиски луѓе за нивната неизмерна поддршка, на мојата мајка која секогаш ме советуваше да изберам професија којашто навистина ќе ја сакам и ќе ми гори срцето за неа, рече Ризова по добивањето на наградата.
Жирито им додели специјални награди на актерите Фаик Мефаиловски, Огнен Дранговски и Илина Чоревска, режисерот Васил Христов и на претставата „Злосторство и казна“ во изведба на Драмски куклен тетар од Враца, Бугарија. Во чест на наградената актерка на затворањето на Фестивалот беше одиграна балетската претстава „Болеро“ од Морис Равел во кореографија на Саша Евтимова во избедба на Македонската опера и балет. (МИА)

The post Наградата „Ристо Шишков“ за Дарија Ризова appeared first on Република.

]]>
Со „Глембаеви“ на прилепскиот театар отворен фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-glembaevi-na-prilepskiot-teatar-otvoren-festivalot-risto-shishkov-vo-strumica/ Fri, 09 Sep 2022 12:33:28 +0000 https://republika.mk/?p=549103

Завесата на 30-то, јубилејно, издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков", кој традиционално почнува на Денот на незевисноста, синоќа ја кренаа актерите од прилепскиот театар „Војдан Чернодрински" со претставата „Глембаеви", варијација на драмата на Мирослав Крлежа во режија и адаптација на Бранко Брезовац.

Годинашното фестивалско издание почна со изложба на фотографии од досегашните 29 лауерати.

Во конкуренција за единствената награда за највисоко актерско остварување „Ристо Шишков", која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда од 1.500 евра, се триесетина актери. Жирото ќе го предводи ланската лауретка, актерката Ѕвездана Ангеловска, која досега два пати ја има добиено престижната награда и актерите Нико Горшиќ и Петар Арсовски.

Актерската игра мора да се оцени во моментот кога се одигрува претставата, бидејќи секоја изведба во театрската уметност е различна. Постојат принципи како се оценуваат креациите, но секогаш е тешко без разлика колку вие имате искуство како жири, сепак комплексна е задачата. Но, полека се ќе се издвојуваат улогите, бидејќи ова е фестивал на актерот и се доделува само една награда, рече Ангеловска.

Вечер програмата продолжува со претставите „Анатомија на неверството" во продукција на Театарот Комедија од Скопје од Валентин Красногоров, во режија на Александра Кардалевска и „Четири еполети" од Хакиф Мулиќи во изведба на Градскиот театар „Мухарем Ќена" од Митровица, Косово.

Фестивалот се одржува во Центарот за култура „Антон Панов" во Струмица со финансиска поддршка од Министерството за култура и Општина Струмица.

 

The post Со „Глембаеви“ на прилепскиот театар отворен фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица appeared first on Република.

]]>

Завесата на 30-то, јубилејно, издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков", кој традиционално почнува на Денот на незевисноста, синоќа ја кренаа актерите од прилепскиот театар „Војдан Чернодрински" со претставата „Глембаеви", варијација на драмата на Мирослав Крлежа во режија и адаптација на Бранко Брезовац. Годинашното фестивалско издание почна со изложба на фотографии од досегашните 29 лауерати. Во конкуренција за единствената награда за највисоко актерско остварување „Ристо Шишков", која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда од 1.500 евра, се триесетина актери. Жирото ќе го предводи ланската лауретка, актерката Ѕвездана Ангеловска, која досега два пати ја има добиено престижната награда и актерите Нико Горшиќ и Петар Арсовски.
Актерската игра мора да се оцени во моментот кога се одигрува претставата, бидејќи секоја изведба во театрската уметност е различна. Постојат принципи како се оценуваат креациите, но секогаш е тешко без разлика колку вие имате искуство како жири, сепак комплексна е задачата. Но, полека се ќе се издвојуваат улогите, бидејќи ова е фестивал на актерот и се доделува само една награда, рече Ангеловска.
Вечер програмата продолжува со претставите „Анатомија на неверството" во продукција на Театарот Комедија од Скопје од Валентин Красногоров, во режија на Александра Кардалевска и „Четири еполети" од Хакиф Мулиќи во изведба на Градскиот театар „Мухарем Ќена" од Митровица, Косово. Фестивалот се одржува во Центарот за култура „Антон Панов" во Струмица со финансиска поддршка од Министерството за култура и Општина Струмица.  

The post Со „Глембаеви“ на прилепскиот театар отворен фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица appeared first on Република.

]]>
Јубилејното издание на ФКТ “Ристо Шишков“ ќе се одржи од 8 до 13 септември https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/jubilejnoto-izdanie-na-fkt-risto-shishkov-kje-se-odrzi-od-8-do-13-septemvri/ Thu, 01 Sep 2022 13:25:01 +0000 https://republika.mk/?p=546466

Триесеттото, јубилејно, издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ традиционално почнува на 8 септември, на Денот на независноста, а годинава на програмата се девет остварувања, седум од земјава и две од странство, Бугарија и Косово.

Завесата на ФКТ „Ристо Шишков“ ќе ја кренат актерите од прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ со претставата „Глембаеви“, варијација на драмата на Мирослав Крлежа во режија и адаптација на Бранко Брезовац, а Фестивалот свечено ќе биде отворен со изложба на фотографии од досегашните 29 лауерати.

Фестивалското жири, кое ќе одлучува за единствената награда на највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, а се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, ќе го предводи ланската лауретка, актерката Ѕвездана Ангеловска и актерите Нико Горшиќ и Петар Арсовски.

Фестивалот ќе се одржи од 8 до 13 овој месец во Центарот за култура „Антон Панов“ со финансиска поддршка од Министерството за култура и Општина Струмица.

 

The post Јубилејното издание на ФКТ “Ристо Шишков“ ќе се одржи од 8 до 13 септември appeared first on Република.

]]>

Триесеттото, јубилејно, издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ традиционално почнува на 8 септември, на Денот на независноста, а годинава на програмата се девет остварувања, седум од земјава и две од странство, Бугарија и Косово. Завесата на ФКТ „Ристо Шишков“ ќе ја кренат актерите од прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ со претставата „Глембаеви“, варијација на драмата на Мирослав Крлежа во режија и адаптација на Бранко Брезовац, а Фестивалот свечено ќе биде отворен со изложба на фотографии од досегашните 29 лауерати. Фестивалското жири, кое ќе одлучува за единствената награда на највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, а се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, ќе го предводи ланската лауретка, актерката Ѕвездана Ангеловска и актерите Нико Горшиќ и Петар Арсовски. Фестивалот ќе се одржи од 8 до 13 овој месец во Центарот за култура „Антон Панов“ со финансиска поддршка од Министерството за култура и Општина Струмица.  

The post Јубилејното издание на ФКТ “Ристо Шишков“ ќе се одржи од 8 до 13 септември appeared first on Република.

]]>