Фестивал „Преку езерото“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/festival-preku-ezeroto/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Jul 2024 14:39:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фестивал „Преку езерото“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/festival-preku-ezeroto/ 32 32 Евгенија Трајковска и Драган Илиќ се автори на муралот на актерот Мето Јовановски https://arhiva3.republika.mk/scena/film/evgenija-trajkovska-i-dragan-ilik-se-avtori-na-muralot-na-akterot-meto-jovanovski/ Sat, 27 Jul 2024 13:44:56 +0000 https://republika.mk/?p=800770

Фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку езерото“, во соработка со Кинотеката на Македонија, го претстави новоизведениот монументален мурал пред Кинотеката на Македонија на актерот Мето Јовановски, уметничко дело на авторите Евгенија Трајковска и Драган Илиќ, а ја промовира и единствената награда „Мето Јовановски“ за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот.
Советот на фестивалот „Преку езерото“ и Кинотеката на Македонија ги презентираа поривите и мотивите за овие две посебни меморијални дела направени во чест на едно од најголемите актерски имиња во Македонија и Балканот, Мето Јовановски.
Македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец Мето Јовановски почина на 16 ноември, на 77-годишна возраст. Речиси нема македонски актер што толку извонредно глумел и во театарот и во филмот. Тоа беше нешто што го издвојуваше Мето Јовановски – тој многу добро знаеше да оцени како да се глуми на театарската сцена, а како на филмските сетови.
Роден е во пехчевското село Панчарево, во 1946 година. Студираше Театарска академија во Софија и по враќањето во Југославија првиот ангажман му беше во Народниот театар во Штип. Кога неговиот талент и знаење станаа претесни се префрли во Драмскиот театар во Скопје. Глумеше на многу сцени во Македонија и во некогашна Југославија. Во драмите на Горан Стефановски – „Диво месо“ и „Лет во место“ – беше равенката што ја носеше претставата. Од другите театарски претстави треба да ги споменеме „Мачка на вжештениот лимен покрив“, „Јане Задрогаз“, „Галеб“, Смртта на Дантон“…, а од филмовите „Пред дождот“, „Засега без добар наслов“, „Нечиста крв“, „На пат за Катанга“, „Трето полувреме“…
Двапати е добитник на државната награда „11 октомври“ и на голем број други државни признанија. Добитник е и на државната награда за животно дело „Војдан Чернодрински“. Пет пати бил прогласен за глумец на годината според списанието „Екран“, седум пати бил наградуван на театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, четири пати бил лауреат на наградата „Милтон Манаки“.

The post Евгенија Трајковска и Драган Илиќ се автори на муралот на актерот Мето Јовановски appeared first on Република.

]]>

Фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку езерото“, во соработка со Кинотеката на Македонија, го претстави новоизведениот монументален мурал пред Кинотеката на Македонија на актерот Мето Јовановски, уметничко дело на авторите Евгенија Трајковска и Драган Илиќ, а ја промовира и единствената награда „Мето Јовановски“ за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот. Советот на фестивалот „Преку езерото“ и Кинотеката на Македонија ги презентираа поривите и мотивите за овие две посебни меморијални дела направени во чест на едно од најголемите актерски имиња во Македонија и Балканот, Мето Јовановски. Македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец Мето Јовановски почина на 16 ноември, на 77-годишна возраст. Речиси нема македонски актер што толку извонредно глумел и во театарот и во филмот. Тоа беше нешто што го издвојуваше Мето Јовановски – тој многу добро знаеше да оцени како да се глуми на театарската сцена, а како на филмските сетови. Роден е во пехчевското село Панчарево, во 1946 година. Студираше Театарска академија во Софија и по враќањето во Југославија првиот ангажман му беше во Народниот театар во Штип. Кога неговиот талент и знаење станаа претесни се префрли во Драмскиот театар во Скопје. Глумеше на многу сцени во Македонија и во некогашна Југославија. Во драмите на Горан Стефановски – „Диво месо“ и „Лет во место“ – беше равенката што ја носеше претставата. Од другите театарски претстави треба да ги споменеме „Мачка на вжештениот лимен покрив“, „Јане Задрогаз“, „Галеб“, Смртта на Дантон“…, а од филмовите „Пред дождот“, „Засега без добар наслов“, „Нечиста крв“, „На пат за Катанга“, „Трето полувреме“… Двапати е добитник на државната награда „11 октомври“ и на голем број други државни признанија. Добитник е и на државната награда за животно дело „Војдан Чернодрински“. Пет пати бил прогласен за глумец на годината според списанието „Екран“, седум пати бил наградуван на театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, четири пати бил лауреат на наградата „Милтон Манаки“.

The post Евгенија Трајковска и Драган Илиќ се автори на муралот на актерот Мето Јовановски appeared first on Република.

]]>
Фестивалот „Преку езерото“ отвора Конкурс за дипломски краткометражен игран или документарен/експериментален филм https://arhiva3.republika.mk/vesti/festivalot-preku-ezeroto-otvora-konkurs-za-diplomski-kratkometrazhen-igran-ili-dokumentaren-eksperimentalen-film/ Fri, 14 Jun 2024 20:23:47 +0000 https://republika.mk/?p=787657

В понеделник, 17 јуни, почнува Конкурсот за дипломски краткометражен игран или краткометражен документарен/експериментален филм, што е дел од годинашниот Фестивал на медитерански и балкански филм „Преку езерото“. Конкурсот е наменет за студентите од Факултетот за драмски уметности при УКИМ и од Универзитетот „Еуропа Прима“ – Скопје, од класата режија за филм и телевизија, а филмот со кој ќе учествуваат треба да е нивна дипломска работа.

Како што беше речено денеска на прес-конференција, на Конкурсот ќе се финансираат најмногу три проекти со по 100 000, 80 000 и 60 000 денари.

Пријавите треба да се доставуваат на македонски јазик и исклучиво електронски на konkursprekuezeroto@gmail.com. Предност ќе имаат авторите кои ќе изберат локации за снимање во југоисточниот дел на земјава или кои живеат и работат таму, за што поголема регионализација на филмската индустрија, културата и уметноста.

Ќе се направи и напор филмовите од Конкурсот да бидат прикажани надвор, на некој А или Б фестивал, со цел промовирање на нашите млади автори и нивно насочување за натамошно користење на европските филмски фондови.

Конкурсот почнува во понеделник и ќе трае до 15 јули. Сите апликации ќе бидат разгледани и ќе се направи селекција. Идеката е младите автори да бидат дел од фестивалска атмосфера, да запознаат сериозни луѓе, да разменат искуства, да се претстават себе си, да им овозможиме на поголем аврата да пристапат кон светот, да не бидат инфериорни, да бидат слободни и силни, да се чувствуваат како господари на сопствената уметност, а Фестивалот да им биде порта кон животот, Ќе бидеме прсреќни ако еден од нив за пет години дојде со долгометражен игран или документарен филм, Инвестицијата во деца и во млади се најдобрите инвестиции во општеството, истакна директорот на Фестивалот Јани Бојаџи.

Според претседателката на Советот на Фестивалот, Мими Ѓорговска Илиевска, целта на Конкурсот е да се поттикнат дипломците од факултетите за филмски уметности да создаваат квалитетни производи, а истворемено да бидат инволвирани и едуцирани во целокупниот процес на создавањето филмско дело од аплциирање, преку изработка на синопсис, сценарио, до креирање на буџет.

За учество на Конкурсот, филмовите треба да се со должина до 15 минути, да бидат реализирани и подготвени за киноприкажување до 1 јули 2025 година и премиерно да бидат прикажани на Фестивалот „Преку езерото“ идната година. Авторите треба да испратат синопсис, играно сценарио, карактеризација, режисерска, продуцентска и продукциска експликација, како и други визуелни или наративни содржини кои подобро го претставуваат филмот.

На Конкурсот не може да учествуваат продукции, здруженија или трговски друштва. Средствата се доделуваат на режисерот или продуцентот и тие одлучуваат за буџетот и начинот на трошење на парите во соработка со продукцијата „Синемон медија фактори“. Режисерот и продуцентот (кој може да е дипломиран, но ова да му е дебитантски, самостоен проект) може да се пријават и заедно, што ќе се смета за предност, но право на „фајнл кат“ има режисерот.

Трите филма кои ќе ги добијат грантовите ќе бидат избрани најдоцна до 10 август 2024 година.

Најдобро ќе биде директорот на фотографија да биде дебитант и сценографот да биде дебитант. Севкупно, сакаме дебитантски прв филм. Тука ќе бидеме за време на целиот процес, ќе нудиме помош, целосна опремена камера, сет објективи, филмско светло, две до три возила. Останува само да се одлучи текот на пред продукцијата, избор на локации и актери и да се влезе на монтажа, Дејан Милошeвски.

Директорот Бојаџи најави најави исклучително сериозна и атрактивна програма на Фестивалот, со филмови од 15-на земји. Фестивалот ќе почне на 31 јули со програма за деца и млади, а во официјалната програма ќе има пет долгометражни филмови од кои четири играни и еден документарен. Филмовите, според Бојаџи, се од три европски и две медитерански земји, а на публиката ќе и понудат „спој од медитеранска страст и лудост и европска фокусираност и јасност“. Селектор на прогарамата е Небојша Јовановиќ.

 

The post Фестивалот „Преку езерото“ отвора Конкурс за дипломски краткометражен игран или документарен/експериментален филм appeared first on Република.

]]>

В понеделник, 17 јуни, почнува Конкурсот за дипломски краткометражен игран или краткометражен документарен/експериментален филм, што е дел од годинашниот Фестивал на медитерански и балкански филм „Преку езерото“. Конкурсот е наменет за студентите од Факултетот за драмски уметности при УКИМ и од Универзитетот „Еуропа Прима“ – Скопје, од класата режија за филм и телевизија, а филмот со кој ќе учествуваат треба да е нивна дипломска работа. Како што беше речено денеска на прес-конференција, на Конкурсот ќе се финансираат најмногу три проекти со по 100 000, 80 000 и 60 000 денари. Пријавите треба да се доставуваат на македонски јазик и исклучиво електронски на konkursprekuezeroto@gmail.com. Предност ќе имаат авторите кои ќе изберат локации за снимање во југоисточниот дел на земјава или кои живеат и работат таму, за што поголема регионализација на филмската индустрија, културата и уметноста. Ќе се направи и напор филмовите од Конкурсот да бидат прикажани надвор, на некој А или Б фестивал, со цел промовирање на нашите млади автори и нивно насочување за натамошно користење на европските филмски фондови.
Конкурсот почнува во понеделник и ќе трае до 15 јули. Сите апликации ќе бидат разгледани и ќе се направи селекција. Идеката е младите автори да бидат дел од фестивалска атмосфера, да запознаат сериозни луѓе, да разменат искуства, да се претстават себе си, да им овозможиме на поголем аврата да пристапат кон светот, да не бидат инфериорни, да бидат слободни и силни, да се чувствуваат како господари на сопствената уметност, а Фестивалот да им биде порта кон животот, Ќе бидеме прсреќни ако еден од нив за пет години дојде со долгометражен игран или документарен филм, Инвестицијата во деца и во млади се најдобрите инвестиции во општеството, истакна директорот на Фестивалот Јани Бојаџи.
Според претседателката на Советот на Фестивалот, Мими Ѓорговска Илиевска, целта на Конкурсот е да се поттикнат дипломците од факултетите за филмски уметности да создаваат квалитетни производи, а истворемено да бидат инволвирани и едуцирани во целокупниот процес на создавањето филмско дело од аплциирање, преку изработка на синопсис, сценарио, до креирање на буџет. За учество на Конкурсот, филмовите треба да се со должина до 15 минути, да бидат реализирани и подготвени за киноприкажување до 1 јули 2025 година и премиерно да бидат прикажани на Фестивалот „Преку езерото“ идната година. Авторите треба да испратат синопсис, играно сценарио, карактеризација, режисерска, продуцентска и продукциска експликација, како и други визуелни или наративни содржини кои подобро го претставуваат филмот. На Конкурсот не може да учествуваат продукции, здруженија или трговски друштва. Средствата се доделуваат на режисерот или продуцентот и тие одлучуваат за буџетот и начинот на трошење на парите во соработка со продукцијата „Синемон медија фактори“. Режисерот и продуцентот (кој може да е дипломиран, но ова да му е дебитантски, самостоен проект) може да се пријават и заедно, што ќе се смета за предност, но право на „фајнл кат“ има режисерот. Трите филма кои ќе ги добијат грантовите ќе бидат избрани најдоцна до 10 август 2024 година.
Најдобро ќе биде директорот на фотографија да биде дебитант и сценографот да биде дебитант. Севкупно, сакаме дебитантски прв филм. Тука ќе бидеме за време на целиот процес, ќе нудиме помош, целосна опремена камера, сет објективи, филмско светло, две до три возила. Останува само да се одлучи текот на пред продукцијата, избор на локации и актери и да се влезе на монтажа, Дејан Милошeвски.
Директорот Бојаџи најави најави исклучително сериозна и атрактивна програма на Фестивалот, со филмови од 15-на земји. Фестивалот ќе почне на 31 јули со програма за деца и млади, а во официјалната програма ќе има пет долгометражни филмови од кои четири играни и еден документарен. Филмовите, според Бојаџи, се од три европски и две медитерански земји, а на публиката ќе и понудат „спој од медитеранска страст и лудост и европска фокусираност и јасност“. Селектор на прогарамата е Небојша Јовановиќ.  

The post Фестивалот „Преку езерото“ отвора Конкурс за дипломски краткометражен игран или документарен/експериментален филм appeared first on Република.

]]>