фестивал на вода Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/festival-na-voda/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Aug 2023 13:09:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фестивал на вода Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/festival-na-voda/ 32 32 Со Фестивал на водени спортови, Охрид ќе ги промовира спортовите на вода и туризмот и ќе ја подигнува свеста за заштита на животната средина https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/so-festival-na-vodeni-sportovi-ohrid-ke-gi-promovira-sportovite-na-voda-i-turizmot-i-ke-ja-podignuva-svesta-za-zashtita-na-zhivotnata-sredina/ Tue, 08 Aug 2023 13:09:57 +0000 https://republika.mk/?p=670036

Од 19 до 27 август во Охрид ќе се одржи првиот Фестивал на водени спортови „Ohrid water festival“, кој има за цел промоција на Охрид, спортовите на вода и заштита на животната средина.

Во рамки на спортскиот дел опфатени се 17 спортови, меѓу кои и Охридскиот пливачки маратон кој ќе се одржи на 26 август. Две третини од спортовите на фестивалот се олимписки дисциплини. Во рамки на фестивалот ќе се одржат и веслачка, кајакарска и едриличарска регата, трка со кајчиња, водени лудории, подводни активности, а преку изложби и социјални настани ќе бидат презентирани спортовите на вода, но и гастрономската и културната понуда на Охрид.

Долги години наназад слушавме и дебатиравме дека е потребна поголема промоција на водените спортови на Охридското Езеро и дека на Охрид му е потребна масовна манифестација која ќе придонесе за развојот на градот како интересна дестинација за спортски туризам, истакна на прес конференцијата градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Се работи за една нова спортска приказна која е симбол на неизмерната љубов кон нашето уникатно Охридско Езеро испреплетена со нашата голема желба за поголем развој и популаризација на водените спортови. Манифестацијата вклучува натпревари и активности на вода и има за цел да допре до најмладата популација и да им ги промовира сите позитивни аспекти на водените спортови и да придонесе за зголемување на интересот и свеста за здрав начин на живот. – рече Пецаков.

The post Со Фестивал на водени спортови, Охрид ќе ги промовира спортовите на вода и туризмот и ќе ја подигнува свеста за заштита на животната средина appeared first on Република.

]]>

Од 19 до 27 август во Охрид ќе се одржи првиот Фестивал на водени спортови „Ohrid water festival“, кој има за цел промоција на Охрид, спортовите на вода и заштита на животната средина. Во рамки на спортскиот дел опфатени се 17 спортови, меѓу кои и Охридскиот пливачки маратон кој ќе се одржи на 26 август. Две третини од спортовите на фестивалот се олимписки дисциплини. Во рамки на фестивалот ќе се одржат и веслачка, кајакарска и едриличарска регата, трка со кајчиња, водени лудории, подводни активности, а преку изложби и социјални настани ќе бидат презентирани спортовите на вода, но и гастрономската и културната понуда на Охрид.
Долги години наназад слушавме и дебатиравме дека е потребна поголема промоција на водените спортови на Охридското Езеро и дека на Охрид му е потребна масовна манифестација која ќе придонесе за развојот на градот како интересна дестинација за спортски туризам, истакна на прес конференцијата градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Се работи за една нова спортска приказна која е симбол на неизмерната љубов кон нашето уникатно Охридско Езеро испреплетена со нашата голема желба за поголем развој и популаризација на водените спортови. Манифестацијата вклучува натпревари и активности на вода и има за цел да допре до најмладата популација и да им ги промовира сите позитивни аспекти на водените спортови и да придонесе за зголемување на интересот и свеста за здрав начин на живот. – рече Пецаков.

The post Со Фестивал на водени спортови, Охрид ќе ги промовира спортовите на вода и туризмот и ќе ја подигнува свеста за заштита на животната средина appeared first on Република.

]]>