фестивал на сенки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/festival-na-senki/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Jun 2022 07:23:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фестивал на сенки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/festival-na-senki/ 32 32 „Сонот на облачето“ од денеска до 8 јуни во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sonot-na-oblacheto-od-deneska-do-8-juni-vo-mkc/ Mon, 06 Jun 2022 07:23:26 +0000 https://republika.mk/?p=511590

Од денеска до 8 јуни во просториите на МКЦ во Скопје ќе се одржи 9-то издание на интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“.

Фестивалот ќе биде отворен со промоцијата на креативниот сет „Театарче за игра со сенки”, а веднаш потоа на сцената Фросина ќе се претстави театарот од Италија Unterwasser со претставата „Лавиринт”. Уникатна мултимедијална претстава без текст и со рачно изработени 3D скулптури чии сенки се проектирани на големото платно. Публиката ги гледа актерките на сцената како ја содаваат илузијата на гледање филм во живо, користејќи го изворот на светлина како камера.

„Лавиринт” е приказна за погледот на светот низ очите на една жена, а сцени од нејзиниот живот се појавуваат како лирски фрагменти – визуелни поеми кои фрлаат светло на разни нејзини чувства и спомени. Инспирирани од опусот на Марианџела Гуалтиери, Емили Дикинсон, Ети Хилесум, Вислава Шимборска и Лори Андерсон.

Во продолжение на фестивалското издание, на 7 јуни најпрво ќе се одржи работилницата „Заробени реки” под водство на Доротеј Нешовски, каде преку мозаична игра со фолија во боја, со помош на светло и сенки децата ќе раскажат една поинаква приказна за зачувувањето на животната средина, со фокус на водата и реките. Веднаш потоа, по втор пат во Скопје гостува театарот Le Studio од Србија, овој пат со нивната најнова претстава „Заборавените принцези”.

Денот ќе биде заокружен со изведбата на ликвид перформансот „Флудо” на плато МКЦ од страна на Театар „Сенки и облаци”. Мултимедијален перформанс за Флудо, духот на водата, кој со своите пријатели од подводниот свет ќе биде заробен од човечка рака со изградбата на една хидроцентрала. Приказна раскажана преку интересна техника со многу вода, боја и масло на платно и текст на Д. А. Лори.

Последната фестивалска вечер, на 8 јуни, ќе почне со работилницата на Караѓоз мајсторот Џемал Фатих Полат од Турција, каде децата ќе имаат можност да ги применат традиционалните техники за изработка на Караѓоз кукли за сенки стари над 650 години. Фестивалската вечер ќе биде заокружена со премиерната изведба на претставата „Колку е часот“ од страна на организаторот на фестивалот Театар „Сенки и облаци”.

Како единствен фестивал од овој тип во поширокиот регион, „Сонот на облачето” успешно придонесува кон интернационална и локална афирмација на театарот на сенки, а воедно е и една од ретките манифестации кај нас што во континуитет прикажува претстави од странска продукција пред детската македонска публика, посочуваат во соопштението од фестивалот.

Организатор на фестивалот е Театар „Сенки и облаци“, со поддршка од Министерството за култура, Градот Скопје, МКЦ, Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, Амбасадата на Италија во Скопје, Српскиот културно информативен ценатр СПОНА и Институтот „Јунус Емре“ во Скопје.

Учеството на работилниците е бесплатно со задолжително претходно пријавување.

The post „Сонот на облачето“ од денеска до 8 јуни во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Од денеска до 8 јуни во просториите на МКЦ во Скопје ќе се одржи 9-то издание на интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“. Фестивалот ќе биде отворен со промоцијата на креативниот сет „Театарче за игра со сенки”, а веднаш потоа на сцената Фросина ќе се претстави театарот од Италија Unterwasser со претставата „Лавиринт”. Уникатна мултимедијална претстава без текст и со рачно изработени 3D скулптури чии сенки се проектирани на големото платно. Публиката ги гледа актерките на сцената како ја содаваат илузијата на гледање филм во живо, користејќи го изворот на светлина како камера. „Лавиринт” е приказна за погледот на светот низ очите на една жена, а сцени од нејзиниот живот се појавуваат како лирски фрагменти – визуелни поеми кои фрлаат светло на разни нејзини чувства и спомени. Инспирирани од опусот на Марианџела Гуалтиери, Емили Дикинсон, Ети Хилесум, Вислава Шимборска и Лори Андерсон. Во продолжение на фестивалското издание, на 7 јуни најпрво ќе се одржи работилницата „Заробени реки” под водство на Доротеј Нешовски, каде преку мозаична игра со фолија во боја, со помош на светло и сенки децата ќе раскажат една поинаква приказна за зачувувањето на животната средина, со фокус на водата и реките. Веднаш потоа, по втор пат во Скопје гостува театарот Le Studio од Србија, овој пат со нивната најнова претстава „Заборавените принцези”. Денот ќе биде заокружен со изведбата на ликвид перформансот „Флудо” на плато МКЦ од страна на Театар „Сенки и облаци”. Мултимедијален перформанс за Флудо, духот на водата, кој со своите пријатели од подводниот свет ќе биде заробен од човечка рака со изградбата на една хидроцентрала. Приказна раскажана преку интересна техника со многу вода, боја и масло на платно и текст на Д. А. Лори. Последната фестивалска вечер, на 8 јуни, ќе почне со работилницата на Караѓоз мајсторот Џемал Фатих Полат од Турција, каде децата ќе имаат можност да ги применат традиционалните техники за изработка на Караѓоз кукли за сенки стари над 650 години. Фестивалската вечер ќе биде заокружена со премиерната изведба на претставата „Колку е часот“ од страна на организаторот на фестивалот Театар „Сенки и облаци”.
Како единствен фестивал од овој тип во поширокиот регион, „Сонот на облачето” успешно придонесува кон интернационална и локална афирмација на театарот на сенки, а воедно е и една од ретките манифестации кај нас што во континуитет прикажува претстави од странска продукција пред детската македонска публика, посочуваат во соопштението од фестивалот.
Организатор на фестивалот е Театар „Сенки и облаци“, со поддршка од Министерството за култура, Градот Скопје, МКЦ, Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, Амбасадата на Италија во Скопје, Српскиот културно информативен ценатр СПОНА и Институтот „Јунус Емре“ во Скопје. Учеството на работилниците е бесплатно со задолжително претходно пријавување.

The post „Сонот на облачето“ од денеска до 8 јуни во МКЦ appeared first on Република.

]]>