фестивал на пивото Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/festival-na-pivoto/ За подобро да се разбереме Sat, 10 Aug 2024 15:02:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фестивал на пивото Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/festival-na-pivoto/ 32 32 Три дена пиво, скара и добра музика: Во Прилеп отворен Фестивалот на пивото https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/tri-dena-pivo-skara-i-dobra-muzika-vo-prilep-otvoren-festivalot-na-pivoto/ Sat, 10 Aug 2024 11:30:52 +0000 https://republika.mk/?p=805175

Во големо расположение, музика, забава и дегустација на пенлив пијалак и вкусна скара, во Прилеп синоќа беше отворен Фестивалот на пивото, втора година по ред насловен - „Пиво-викенд Прилеп“. Традиционално, повеќе од 22 години, штандовите се поставени на булеварот „Гоце Делчев“ во центарот на градот.

Фестивалот официјално за отворен го прогласи прилепскиот градоначалник, Борче Јовчески, кој посака трите дена, до недела, сите гости и посетители да поминат убави летни мигови.

Сите капацитети се полни, уреден е јавниот ред, а секако и паркинг просторот во зони за да може сите посетители и гости да стигнат и да уживаат овој викенд во Прилеп. Градот е препознатлив по овој фестивал кој освен вечерна забава, на гостите им нуди прошетки и разгледување на знаменитостите. Во секој случај, Фестивалот носи и голем бенефит. Со посебни одлуки е продолжено и работното време на трговците и дуќанџиите, изјави градоначалникот.

Во градот има голем број посетители, а организаторот, Дарко Крстески, проценува дека за трите дена (од петок до недела) се очекуваат 50.000 до 60.000 посетители на Фестивалот на Пивото.

Музика и забава има за сите возрасти, а гости од земјава и странство. Посебно нашинците кои се на сите страни од светот и носат свои гости.

The post Три дена пиво, скара и добра музика: Во Прилеп отворен Фестивалот на пивото appeared first on Република.

]]>

Во големо расположение, музика, забава и дегустација на пенлив пијалак и вкусна скара, во Прилеп синоќа беше отворен Фестивалот на пивото, втора година по ред насловен - „Пиво-викенд Прилеп“. Традиционално, повеќе од 22 години, штандовите се поставени на булеварот „Гоце Делчев“ во центарот на градот. Фестивалот официјално за отворен го прогласи прилепскиот градоначалник, Борче Јовчески, кој посака трите дена, до недела, сите гости и посетители да поминат убави летни мигови.
Сите капацитети се полни, уреден е јавниот ред, а секако и паркинг просторот во зони за да може сите посетители и гости да стигнат и да уживаат овој викенд во Прилеп. Градот е препознатлив по овој фестивал кој освен вечерна забава, на гостите им нуди прошетки и разгледување на знаменитостите. Во секој случај, Фестивалот носи и голем бенефит. Со посебни одлуки е продолжено и работното време на трговците и дуќанџиите, изјави градоначалникот.
Во градот има голем број посетители, а организаторот, Дарко Крстески, проценува дека за трите дена (од петок до недела) се очекуваат 50.000 до 60.000 посетители на Фестивалот на Пивото. Музика и забава има за сите возрасти, а гости од земјава и странство. Посебно нашинците кои се на сите страни од светот и носат свои гости.

The post Три дена пиво, скара и добра музика: Во Прилеп отворен Фестивалот на пивото appeared first on Република.

]]>