Фестивал на краток филм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/festival-na-kratok-film/ За подобро да се разбереме Fri, 03 May 2024 10:49:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фестивал на краток филм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/festival-na-kratok-film/ 32 32 Кратките филмови „Жими сè најмило“ (Филипини), „Морска сол“(Чешка), „Синкопат“ (Шпанија), „Само ѓаволот се плаши од вода“ (Македонија) и „Девет сантиметри“ (Русија) наградени на „Филмај“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/kratkite-filmovi-zhimi-se-najmilo-filipini-morska-sol-cheshka-sinkopat-shpanija-samo-gavolot-se-plashi-od-voda-makedonija-i-devet-santimetri-rusija-nagradeni-na-filmaj/ Fri, 03 May 2024 10:49:08 +0000 https://republika.mk/?p=773749

Фото-кино клуб „Козјак“ од Куманово денеска ги соопшти резултатите од конкурсот за „ФИЛМАЈ 2024“ фестивалот на краток филм. Стручното жири составено од Матеј Матијевиќ (режисер и сценарист), Александар Арсовски (продуцент) и Антонио Димитриевски (актер), одлучи за составот на наградените и официјално селектираните филмови.

-Наградени се филипинскиот „Жими сè најмило“ режиран од Сам Манакса, чешкиот „Морска сол“‘ со Захер Јуреидини како директор на фотографија, „Синкопат“ (Шпанија) по сценарио на Рамон Лазаро, заедно со најдобриот домашен филм „Само ѓаволот се плаши од вода“ режиран од Лидија Мојсовска, и „Девет сантиметри“ (Русија) како најдобар краток филм, соопштија организаторите.

Овогодишниот „ФИЛМАЈ“ фестивал ќе се одржи на 29 и 30 мај 2024 (среда и четврток) во занаетчискиот дом во Куманово. На двете фестивалски вечери, кои ќе започнат во 20 часот, покрај наградените, ќе бидат прикажани уште единаесет официјално селектирани филмови.

Влезот ќе биде бесплатен за сите посетители.

The post Кратките филмови „Жими сè најмило“ (Филипини), „Морска сол“(Чешка), „Синкопат“ (Шпанија), „Само ѓаволот се плаши од вода“ (Македонија) и „Девет сантиметри“ (Русија) наградени на „Филмај“ appeared first on Република.

]]>

Фото-кино клуб „Козјак“ од Куманово денеска ги соопшти резултатите од конкурсот за „ФИЛМАЈ 2024“ фестивалот на краток филм. Стручното жири составено од Матеј Матијевиќ (режисер и сценарист), Александар Арсовски (продуцент) и Антонио Димитриевски (актер), одлучи за составот на наградените и официјално селектираните филмови. -Наградени се филипинскиот „Жими сè најмило“ режиран од Сам Манакса, чешкиот „Морска сол“‘ со Захер Јуреидини како директор на фотографија, „Синкопат“ (Шпанија) по сценарио на Рамон Лазаро, заедно со најдобриот домашен филм „Само ѓаволот се плаши од вода“ режиран од Лидија Мојсовска, и „Девет сантиметри“ (Русија) како најдобар краток филм, соопштија организаторите. Овогодишниот „ФИЛМАЈ“ фестивал ќе се одржи на 29 и 30 мај 2024 (среда и четврток) во занаетчискиот дом во Куманово. На двете фестивалски вечери, кои ќе започнат во 20 часот, покрај наградените, ќе бидат прикажани уште единаесет официјално селектирани филмови. Влезот ќе биде бесплатен за сите посетители.

The post Кратките филмови „Жими сè најмило“ (Филипини), „Морска сол“(Чешка), „Синкопат“ (Шпанија), „Само ѓаволот се плаши од вода“ (Македонија) и „Девет сантиметри“ (Русија) наградени на „Филмај“ appeared first on Република.

]]>
Почнува Фестивалот на краток филм во Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochnuva-festivalot-na-kratok-film-vo-struga/ Mon, 14 Aug 2023 07:54:16 +0000 https://republika.mk/?p=671853

Од денеска во Струга ќе се одржува седмото издание на фестивалот на краток филм „Drim Short“.

Фестивалската програма и оваа година ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во натпреварувачки категории и тоа регионална, меѓународна, студентска и специјална програма „Соочување со минатото“.

Покрај натпреварувачките програми, фестивалот ќе содржи и ревијални, гостински и специјални филмски програми.

Дел од целиот фестивал повторно ќе биде и едукативната програма, пропратена со мастер класови, дискусии и работилница за краток филм како дел од регионалната мрежа на фестивали за краток филм Balkan Short Film Network.

The post Почнува Фестивалот на краток филм во Струга appeared first on Република.

]]>

Од денеска во Струга ќе се одржува седмото издание на фестивалот на краток филм „Drim Short“. Фестивалската програма и оваа година ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во натпреварувачки категории и тоа регионална, меѓународна, студентска и специјална програма „Соочување со минатото“. Покрај натпреварувачките програми, фестивалот ќе содржи и ревијални, гостински и специјални филмски програми. Дел од целиот фестивал повторно ќе биде и едукативната програма, пропратена со мастер класови, дискусии и работилница за краток филм како дел од регионалната мрежа на фестивали за краток филм Balkan Short Film Network.

The post Почнува Фестивалот на краток филм во Струга appeared first on Република.

]]>