фестивал на грчки филм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/festival-na-grchki-film/ За подобро да се разбереме Wed, 10 Apr 2024 14:48:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фестивал на грчки филм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/festival-na-grchki-film/ 32 32 Фестивалот на грчки филм го приближи светогледот на современите грчки филмски автори до македонската публика https://arhiva3.republika.mk/scena/film/festivalot-na-grchki-film-go-priblizhi-svetogledot-na-sovremenite-grchki-filmski-avtori-do-makedonskata-publika/ Wed, 10 Apr 2024 12:24:47 +0000 https://republika.mk/?p=764565

Фестивалот на грчки филм синоќа во Кинотека свечено го затвори Амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду, а потоа следуваше проекцијата на филмот „Жена-Убиец/Фониса“ на Ева Натена и „Поглед од балконот“ – краток филм на Арис Капланидис.

Амбасадорката Филипиду се заблагодари на соработката на Фестивалот Киненова и на Кинотеката на Македонија и посочи дека филмот на Ева Натена со кој се затвора годинешното издание говори за една измачена постара жена која што убива женски новороденчиња за да ги спаси од нивната темна судбина.

Филмот е инспириран од култниот роман на познатиот грчки писател Александрос Пападијамантис. Тој е еден од најистакнатите грчки писатели, чии дела имаа големо влијание на модерните грчки автори, а неговиот роман се разгледува низ призмата на родовите студии, рече Филипиду.

„Жена-убиец“ е втора адаптација на истоимениот роман по онаа на Костас Ферис од 1974 година и жестоко ја отвора темата на доминација на машкиот над женскиот пол, на жената како жртва на цврсто вкоренетите традиции, обичаи кои долго време биле зацрврстени дури и во позитивното грчко законодавство. Се работи за филм кој е заснован на настани кои реално се случиле.

На присутните со видео –порака им се обрати и режисерката Ева Натена, која се заблагодари на организаторите на Фестивалот и вети дека во октомври ќе допатува во Скопје.

Многу сум среќна што филмот се прикажува на Фестивалот на грчки филм во Македонија, би сакала да можам да присуствувам, но тоа е тешко во моментов. За мене и моите соработници е мошне важно што можев да ја опишам траумата на мојата мајка и посакувам сите да го доживеете филмот во вистинско светло, рече Натена, објаснувајќи дека филмот го работела врз основа на истражувања кои траеле десет години.

Ова издание на фестивалот се одржува од7-9 април во Скопје и од 8-10 април во Битола и ја понуди есенција на грчката филмска уметност од последните неколку години, прикажувајќи вкупно шест филмови - три долгометражни и три кратки филмови. Програма е направена според концептот да се приближи светогледот на современите грчки филмски автори, кои прават вивисекција на современото грчко општество. Доминираат темите за машко-женските односи, доминацијата на мажите, оттуѓеноста на современиот човек во грчкото општество, занимавањето со смртта во разни димензии, како казна, како решение, како поттик, како мотивација.

Присутните ги поздрави и Клери Коцидас, шеф на Канцеларијата за јавна дипломатија во Амбасадата на Грција.

Вечерва ќе гледате уште два филма од грчки автори. Станува збор за краткометражниот филм на Арис Капланидис, „Поглед од балконот“ и „Жена убиец“/ Фониса од Ева Натена кој е инспириран од истоименото дело на Александрос Пападијамантис. Филмот на Натена имаше премиера пред три месеци во Грција, доби бројни награди и стана голем хит, рече Коцидас посакувајќи им на присутните уште една убава вечер со грчката кинематографија.

„Поглед од балконот“ е анимиран филм кој говори за Лина - средовечна госпоѓа која се чини дека никогаш не се поместува од балконот на својот стан, вмешувајќи се во се што се случува во нејзиното видно поле. Некои соседи се изненадени од нејзиното однесување, но повеќето ги нервира нејзиниот постојан поглед кон нив, се додека еден ден Лина ќе ја снема од балконот и тоа мало соседство ќе се промени засекогаш.

Дејствието на филмот „Жена убиец“ се одвива на оддалечен остров во Грција, околу 1900-та година. Хадула, која го изгубила својот сопруг на млада возраст, е жена која научила да преживува во крајно патријархално општество.

Но, Хадула не толку лесно ја прифаќа таа судбина. Нејзината лична, внатрешна, револуција набргу ќе излезе на површина. Жртви на нејзиниот испад се малите девојчиња на островот, кои таа ги ослободува од општествениот и економскиот товар што го носи нивното постоење... со одземање на нивните животи. Нејзините постапки ќе ја доведат лице в лице со властите.

The post Фестивалот на грчки филм го приближи светогледот на современите грчки филмски автори до македонската публика appeared first on Република.

]]>

Фестивалот на грчки филм синоќа во Кинотека свечено го затвори Амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду, а потоа следуваше проекцијата на филмот „Жена-Убиец/Фониса“ на Ева Натена и „Поглед од балконот“ – краток филм на Арис Капланидис. Амбасадорката Филипиду се заблагодари на соработката на Фестивалот Киненова и на Кинотеката на Македонија и посочи дека филмот на Ева Натена со кој се затвора годинешното издание говори за една измачена постара жена која што убива женски новороденчиња за да ги спаси од нивната темна судбина.
Филмот е инспириран од култниот роман на познатиот грчки писател Александрос Пападијамантис. Тој е еден од најистакнатите грчки писатели, чии дела имаа големо влијание на модерните грчки автори, а неговиот роман се разгледува низ призмата на родовите студии, рече Филипиду.
„Жена-убиец“ е втора адаптација на истоимениот роман по онаа на Костас Ферис од 1974 година и жестоко ја отвора темата на доминација на машкиот над женскиот пол, на жената како жртва на цврсто вкоренетите традиции, обичаи кои долго време биле зацрврстени дури и во позитивното грчко законодавство. Се работи за филм кој е заснован на настани кои реално се случиле. На присутните со видео –порака им се обрати и режисерката Ева Натена, која се заблагодари на организаторите на Фестивалот и вети дека во октомври ќе допатува во Скопје.
Многу сум среќна што филмот се прикажува на Фестивалот на грчки филм во Македонија, би сакала да можам да присуствувам, но тоа е тешко во моментов. За мене и моите соработници е мошне важно што можев да ја опишам траумата на мојата мајка и посакувам сите да го доживеете филмот во вистинско светло, рече Натена, објаснувајќи дека филмот го работела врз основа на истражувања кои траеле десет години.
Ова издание на фестивалот се одржува од7-9 април во Скопје и од 8-10 април во Битола и ја понуди есенција на грчката филмска уметност од последните неколку години, прикажувајќи вкупно шест филмови - три долгометражни и три кратки филмови. Програма е направена според концептот да се приближи светогледот на современите грчки филмски автори, кои прават вивисекција на современото грчко општество. Доминираат темите за машко-женските односи, доминацијата на мажите, оттуѓеноста на современиот човек во грчкото општество, занимавањето со смртта во разни димензии, како казна, како решение, како поттик, како мотивација. Присутните ги поздрави и Клери Коцидас, шеф на Канцеларијата за јавна дипломатија во Амбасадата на Грција.
Вечерва ќе гледате уште два филма од грчки автори. Станува збор за краткометражниот филм на Арис Капланидис, „Поглед од балконот“ и „Жена убиец“/ Фониса од Ева Натена кој е инспириран од истоименото дело на Александрос Пападијамантис. Филмот на Натена имаше премиера пред три месеци во Грција, доби бројни награди и стана голем хит, рече Коцидас посакувајќи им на присутните уште една убава вечер со грчката кинематографија.
„Поглед од балконот“ е анимиран филм кој говори за Лина - средовечна госпоѓа која се чини дека никогаш не се поместува од балконот на својот стан, вмешувајќи се во се што се случува во нејзиното видно поле. Некои соседи се изненадени од нејзиното однесување, но повеќето ги нервира нејзиниот постојан поглед кон нив, се додека еден ден Лина ќе ја снема од балконот и тоа мало соседство ќе се промени засекогаш. Дејствието на филмот „Жена убиец“ се одвива на оддалечен остров во Грција, околу 1900-та година. Хадула, која го изгубила својот сопруг на млада возраст, е жена која научила да преживува во крајно патријархално општество. Но, Хадула не толку лесно ја прифаќа таа судбина. Нејзината лична, внатрешна, револуција набргу ќе излезе на површина. Жртви на нејзиниот испад се малите девојчиња на островот, кои таа ги ослободува од општествениот и економскиот товар што го носи нивното постоење... со одземање на нивните животи. Нејзините постапки ќе ја доведат лице в лице со властите.

The post Фестивалот на грчки филм го приближи светогледот на современите грчки филмски автори до македонската публика appeared first on Република.

]]>
Со проекција на „Жена-Убиец / Фониса“ во Кинотека завршува Фестивалот на грчки филм https://arhiva3.republika.mk/scena/film/so-proektsija-na-zhena-ubiets-fonisa-vo-kinoteka-zavrshuva-festivalot-na-grchki-film/ Tue, 09 Apr 2024 07:34:20 +0000 https://republika.mk/?p=764002

Со проекција на анимираниот краткометражен филм „Поглед од балконот“ на Арис Капланидис и на филмот „Жена-Убиец / Фониса“ на Ева Натена во Кинотеката во Скопје вечер ќе биде затворено четвртото издание на Фестивалот на грчки филм.

Повеќенаградениот филм „Жена-Убиец / Фониса “, кој е овогодишен успех во Грција, се базира на истоименото ремек-дело на грчкиот писател Александрос Пападијамантис (1851 – 1911). Романот „Жена-Убиец / Фониса“ се однесува на мачната позиција на жената во 1900 година. Заплетот на филмот се врти околу Хадула, една измачена постара жена, на еден грчки остров, која се доведува до ситуација да убива женски новороденчиња од сиромашни семејства, бидејќи верува дека тоа ќе ги спаси и нив и нивните родители од нивното страдање.

Фестивалот е во ко-организација на Амбасадата на Грција во Скопје, Канцеларија за јавна дипломатија, и Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. Влезот е бесплатен.

Фестивалот на грчки филм се прикажува и во Битола, при што вечер во киното Манаки ќе биде прикажан краткиот филм „Бјути“ на Танос Либеропулос, а потоа и филмот „Невидлив“ на Димитри Атанитис. Во Битола Фестивалот ќе се затвори утре вечер, со проекција на филмовите „Тишината на рибата што умира“ на Василис Кекатос и „Не би сакал да сум непристоен, но мораме сериозно да разговараме“ на Јоргос Георгопулос.

 

The post Со проекција на „Жена-Убиец / Фониса“ во Кинотека завршува Фестивалот на грчки филм appeared first on Република.

]]>

Со проекција на анимираниот краткометражен филм „Поглед од балконот“ на Арис Капланидис и на филмот „Жена-Убиец / Фониса“ на Ева Натена во Кинотеката во Скопје вечер ќе биде затворено четвртото издание на Фестивалот на грчки филм. Повеќенаградениот филм „Жена-Убиец / Фониса “, кој е овогодишен успех во Грција, се базира на истоименото ремек-дело на грчкиот писател Александрос Пападијамантис (1851 – 1911). Романот „Жена-Убиец / Фониса“ се однесува на мачната позиција на жената во 1900 година. Заплетот на филмот се врти околу Хадула, една измачена постара жена, на еден грчки остров, која се доведува до ситуација да убива женски новороденчиња од сиромашни семејства, бидејќи верува дека тоа ќе ги спаси и нив и нивните родители од нивното страдање. Фестивалот е во ко-организација на Амбасадата на Грција во Скопје, Канцеларија за јавна дипломатија, и Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. Влезот е бесплатен. Фестивалот на грчки филм се прикажува и во Битола, при што вечер во киното Манаки ќе биде прикажан краткиот филм „Бјути“ на Танос Либеропулос, а потоа и филмот „Невидлив“ на Димитри Атанитис. Во Битола Фестивалот ќе се затвори утре вечер, со проекција на филмовите „Тишината на рибата што умира“ на Василис Кекатос и „Не би сакал да сум непристоен, но мораме сериозно да разговараме“ на Јоргос Георгопулос.  

The post Со проекција на „Жена-Убиец / Фониса“ во Кинотека завршува Фестивалот на грчки филм appeared first on Република.

]]>
Филмот и културата создаваат нови мостови: Отворен Фестивалот на грчки филм https://arhiva3.republika.mk/scena/film/filmot-i-kulturata-sozdavaat-novi-mostovi-otvoren-festivalot-na-grchki-film/ Mon, 08 Apr 2024 08:05:54 +0000 https://republika.mk/?p=763653

Во присуство на актери, режисери, дипломати, претставници на политичкиот и културниот живот во земјава, синоќа во Кинотека беше отворен четвртиот Фестивал на грчки филм, што ќе трае до 10 април.

Фестивалот го организираат Амбасадата на Грција и Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ со поддршка од спонзори.

Присутните ги поздрави Клери Коцидас, шеф на Канцеларијата за јавна дипломатија во Амбасадата на Грција.

-Фестивалот почна да се одржува по четврти пат на секои две години во Скопје, а годинава првпат ќе се одржи и во Битола во Киното Манаки. Вечерва ќе гледате два филма од грчки автори и ви посакувам да уживате, нагласи Коцидас.

На присутните им се обрати и директорот на Фестивалот „Киненова“ Небојша Јовановиќ, кој изрази благодарност до Амбасадата на Грција и до амбасадорката на Грција Софија Филипиду за помошта за создавањето на овој фестивал.

- Ние можеби нема да го промениме целиот свет, можеби нема да ги избришеме границите, но сигурно ќе создадеме нови гранични премини и нови мостови преку програмата на фестивалот, бидејќи културата ја има таа моќ, а филмот особено, преку длабоката и широка комуникација на животните теми кои директно произлегуваат од актуелното грчко општество, потенцираше Јовановиќ.

Според програмата, вечерва на Фестивалот е филмот „Невидлив“ на Димитри Атанитис, која ја раскажува приказната за Арис, кој ненадејно е отпуштен од фабриката во која работи. Авторот и режисер Димитри Атанитис е член на Европската филмска академија, со реализирани 11 играни филмови со референци и 60 награди за неговата работа ширум светот. Во неговиот филм „Невидлив“ (2016), кој освои 17 награди на меѓународни филмски фестивали, Атанитис усвојува иновативен пристап кон филмската форма и нарација.

На програмата е краткиот филм „Бјути“ на Танос Либеропулос, кој ќе биде прикажан пред долгометражниот филм. „Бјути“ говори за Кали, невработена млада жена која живее со нејзината мајка која постојано ја контролира, бара излез низ блескавиот, но суров универзум на YouTube beauté.

Влезот за посетителите е  бесплатен.

The post Филмот и културата создаваат нови мостови: Отворен Фестивалот на грчки филм appeared first on Република.

]]>

Во присуство на актери, режисери, дипломати, претставници на политичкиот и културниот живот во земјава, синоќа во Кинотека беше отворен четвртиот Фестивал на грчки филм, што ќе трае до 10 април. Фестивалот го организираат Амбасадата на Грција и Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ со поддршка од спонзори. Присутните ги поздрави Клери Коцидас, шеф на Канцеларијата за јавна дипломатија во Амбасадата на Грција. -Фестивалот почна да се одржува по четврти пат на секои две години во Скопје, а годинава првпат ќе се одржи и во Битола во Киното Манаки. Вечерва ќе гледате два филма од грчки автори и ви посакувам да уживате, нагласи Коцидас. На присутните им се обрати и директорот на Фестивалот „Киненова“ Небојша Јовановиќ, кој изрази благодарност до Амбасадата на Грција и до амбасадорката на Грција Софија Филипиду за помошта за создавањето на овој фестивал. - Ние можеби нема да го промениме целиот свет, можеби нема да ги избришеме границите, но сигурно ќе создадеме нови гранични премини и нови мостови преку програмата на фестивалот, бидејќи културата ја има таа моќ, а филмот особено, преку длабоката и широка комуникација на животните теми кои директно произлегуваат од актуелното грчко општество, потенцираше Јовановиќ. Според програмата, вечерва на Фестивалот е филмот „Невидлив“ на Димитри Атанитис, која ја раскажува приказната за Арис, кој ненадејно е отпуштен од фабриката во која работи. Авторот и режисер Димитри Атанитис е член на Европската филмска академија, со реализирани 11 играни филмови со референци и 60 награди за неговата работа ширум светот. Во неговиот филм „Невидлив“ (2016), кој освои 17 награди на меѓународни филмски фестивали, Атанитис усвојува иновативен пристап кон филмската форма и нарација. На програмата е краткиот филм „Бјути“ на Танос Либеропулос, кој ќе биде прикажан пред долгометражниот филм. „Бјути“ говори за Кали, невработена млада жена која живее со нејзината мајка која постојано ја контролира, бара излез низ блескавиот, но суров универзум на YouTube beauté. Влезот за посетителите е  бесплатен.

The post Филмот и културата создаваат нови мостови: Отворен Фестивалот на грчки филм appeared first on Република.

]]>
„Не би сакал да сум непристоен, но мораме сериозно да разговараме” на Јоргос Георгопулос вечерва во Кинотека го отвора 4. Фестивал на грчки филм https://arhiva3.republika.mk/scena/film/ne-bi-sakal-da-sum-nepristoen-no-morame-seriozno-da-razgovarame-na-jorgos-georgopulos-vecherva-vo-kinoteka-go-otvora-4-festival-na-grchki-film/ Sun, 07 Apr 2024 10:13:29 +0000 https://republika.mk/?p=763367

Со проекција на филмовите „Тишината на рибата што умира” на Василис Кекатос (краток филм) и црната комедија „Не би сакал да сум непристоен, но мораме сериозно да разговараме” на Јоргос Георгопулос вечерва со почеток во 20 часот, во Кинотека свечено ќе биде отворено 4.издание на Фестивалот на грчки филм во Скопје.

Филмот на Јоргос Геогопулос, ја раскажува приказната на Арис кому сè му оди од рака. Како манипулант, како во неговата работна средина така и во личниот живот, тој ужива во животот како безгрижен женкар и миленик на неговиот шеф. Неговата среќа ќе се промени кога ќе открие дека е носител на сексуално пренослив вирус кој е смртоносен само за жените. Но, тој е и единствената надеж за пронаоѓање на лековита вакцина, доколку открие која од неговите поранешни девојки е носител на првиот вирусен вид.

Јоргос Георгопулос студирал режија на Школата за филм Ликургос Ставракос, а подоцна и социологија на Универзитетот Рома I. Режирал документарни и играни филмови. Со неговиот прв долгометражен филм, “TUNGSTEN”, патувал на многу филмски фестивали ширум светот и добил бројни награди. Филмот „ПОДОБРО ДА РАЗГОВАРАМЕ ОТКОЛКУ ДА БИДАМ НЕПРИСТОЕН” е негов втор долгометражен филм со две награди и 14 номинации.

Краткиот филм на Кекатос, пак, ја ракажува приказната за Макис, кој работи во фарма за риби. Одејќи на работа едно утро, го известуваат дека починал ден претходно. По неуспешните обиди да докаже дека е жив, тој ја прифаќа својата судбина и го поминува својот последен ден пред неговиот погреб обидувајќи се да обезбеди засолниште за своите сакани канаринци.

The post „Не би сакал да сум непристоен, но мораме сериозно да разговараме” на Јоргос Георгопулос вечерва во Кинотека го отвора 4. Фестивал на грчки филм appeared first on Република.

]]>

Со проекција на филмовите „Тишината на рибата што умира” на Василис Кекатос (краток филм) и црната комедија „Не би сакал да сум непристоен, но мораме сериозно да разговараме” на Јоргос Георгопулос вечерва со почеток во 20 часот, во Кинотека свечено ќе биде отворено 4.издание на Фестивалот на грчки филм во Скопје. Филмот на Јоргос Геогопулос, ја раскажува приказната на Арис кому сè му оди од рака. Како манипулант, како во неговата работна средина така и во личниот живот, тој ужива во животот како безгрижен женкар и миленик на неговиот шеф. Неговата среќа ќе се промени кога ќе открие дека е носител на сексуално пренослив вирус кој е смртоносен само за жените. Но, тој е и единствената надеж за пронаоѓање на лековита вакцина, доколку открие која од неговите поранешни девојки е носител на првиот вирусен вид. Јоргос Георгопулос студирал режија на Школата за филм Ликургос Ставракос, а подоцна и социологија на Универзитетот Рома I. Режирал документарни и играни филмови. Со неговиот прв долгометражен филм, “TUNGSTEN”, патувал на многу филмски фестивали ширум светот и добил бројни награди. Филмот „ПОДОБРО ДА РАЗГОВАРАМЕ ОТКОЛКУ ДА БИДАМ НЕПРИСТОЕН” е негов втор долгометражен филм со две награди и 14 номинации. Краткиот филм на Кекатос, пак, ја ракажува приказната за Макис, кој работи во фарма за риби. Одејќи на работа едно утро, го известуваат дека починал ден претходно. По неуспешните обиди да докаже дека е жив, тој ја прифаќа својата судбина и го поминува својот последен ден пред неговиот погреб обидувајќи се да обезбеди засолниште за своите сакани канаринци.

The post „Не би сакал да сум непристоен, но мораме сериозно да разговараме” на Јоргос Георгопулос вечерва во Кинотека го отвора 4. Фестивал на грчки филм appeared first on Република.

]]>