фестивал на гимнастика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/festival-na-gimnastika/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Apr 2022 09:07:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фестивал на гимнастика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/festival-na-gimnastika/ 32 32 Алина Кабаева на фестивалот за патриотска балетска гимнастика одржа говор што го пренесоа сите светски медиуми https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/alina-kabaeva-na-festivalot-za-patriotska-baletska-gimnastika-odrza-govor-shto-go-prenesoa-site-svetski-mediumi/ Wed, 27 Apr 2022 08:44:52 +0000 https://republika.mk/?p=494176

Освојувачката на златниот олимписки медал Алина Кабаева, која наводно со години била љубовница на рускиот претседател Владимир Путин, минатата недела по прв пат се појавила во јавноста по руската инвазија на Украина.

Таа дошла на тренингот за јуниорска ритмичка гимнастика во московската ВТБ арена во пресрет на хуманитарниот „Алина фестивал“, а на фестивалот за патриотска балетска гимнастика одржала интересен говор што го пренесоа сите светски медиуми и известуваа дека таа победата над нацизмот во светот во Втората војна ја поврзала со денешните настани во Украина.

Оваа прослава не е само за целата земја, ова е празник за секое семејство. Секое семејство има своја воена приказна и не смееме да ја заборавиме, туку да ја пренесуваме од колено на колено – рекла Алина притоа вниманието го привлекол плакатот на кој била истакната буквата З, која се истакнува на воените возила и опрема што ја користеле руските војници за време на инвазијата во Украина.


„Дејли мејл“ пренесува дека децата гимнастичари од различна возраст на ова шоу биле облечени во воени униформи и изведувале кореографија инспирирана од советската победа во Втората светска војна.

Кабаева неодамна беше цел на американското Министерство за финансии по инвазијата на Путин на Украина во февруари, но властите во Вашингтон заклучиле дека нејзиното санкционирање може да ги ескалира тензиите меѓу Русија и Западот.

Кога се појавила на хуманитарниот фестивал, сите коментирале како се променило нејзиното лице и многумина веруваат дека Алина, како и Путин, направила естетски зафати или барем третмани со ботокс.

The post Алина Кабаева на фестивалот за патриотска балетска гимнастика одржа говор што го пренесоа сите светски медиуми appeared first on Република.

]]>

Освојувачката на златниот олимписки медал Алина Кабаева, која наводно со години била љубовница на рускиот претседател Владимир Путин, минатата недела по прв пат се појавила во јавноста по руската инвазија на Украина. Таа дошла на тренингот за јуниорска ритмичка гимнастика во московската ВТБ арена во пресрет на хуманитарниот „Алина фестивал“, а на фестивалот за патриотска балетска гимнастика одржала интересен говор што го пренесоа сите светски медиуми и известуваа дека таа победата над нацизмот во светот во Втората војна ја поврзала со денешните настани во Украина.
Оваа прослава не е само за целата земја, ова е празник за секое семејство. Секое семејство има своја воена приказна и не смееме да ја заборавиме, туку да ја пренесуваме од колено на колено – рекла Алина притоа вниманието го привлекол плакатот на кој била истакната буквата З, која се истакнува на воените возила и опрема што ја користеле руските војници за време на инвазијата во Украина.
„Дејли мејл“ пренесува дека децата гимнастичари од различна возраст на ова шоу биле облечени во воени униформи и изведувале кореографија инспирирана од советската победа во Втората светска војна. Кабаева неодамна беше цел на американското Министерство за финансии по инвазијата на Путин на Украина во февруари, но властите во Вашингтон заклучиле дека нејзиното санкционирање може да ги ескалира тензиите меѓу Русија и Западот. Кога се појавила на хуманитарниот фестивал, сите коментирале како се променило нејзиното лице и многумина веруваат дека Алина, како и Путин, направила естетски зафати или барем третмани со ботокс.

The post Алина Кабаева на фестивалот за патриотска балетска гимнастика одржа говор што го пренесоа сите светски медиуми appeared first on Република.

]]>