Фестивал КРИК Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/festival-krik/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Jul 2024 07:40:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фестивал КРИК Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/festival-krik/ 32 32 Промоција на две книги и дискусија со Гералд Рауниг – (Ин)дивидуалноста во ерата на дисемблажите на Фестивалот КРИК https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-dve-knigi-i-diskusija-so-gerald-raunig-in-dividualnosta-vo-erata-na-disemblazhite-na-festivalot-krik/ Wed, 03 Jul 2024 07:40:57 +0000 https://republika.mk/?p=792912

Контрапункт во рамки на програмата на КРИК – фестивал на критичка култура ќе одржи промоцијата на македонскиот превод на двете книги „Дивидуа“ (2016) и „Дисeмблажа“ (2022) од Гeралд Рауниг, кои претставуваат два дела од неговиот голем и значаен теориски и епистемолошки проект наречен „Машински капитализам и молекуларна револуција“.

Промоцијата ќе се одржи на 4 јули (четврток), со почеток во 19,30 часот, во Национална галерија Чифте амам.

Двете книги се во исклучително продлабочен, прецизен и комплексен превод на Жарко Трајаноски, а се објавени во едицијата „Пунктум“, која Контрапункт ја покрена во 2020 година, со цел да ја стимулира современата критичка теорија, филозофија и теорија на уметност и култура, преку преводи, но и преку промоција на домашни автори.

Во „Дивидуа“, Рауниг нè води низ испреплетената историја на индивидуалноста, општеството и заедницата, укажувајќи на можниот крај на централноста на „индивидуите“ и „индивидуалноста“ („поединците“ и „поединечноста“) како темелници на нашите доживеани современи искуства, а наместо тоа тој ги акцентира моделите на бидување заедно и на заедништво. Додека авторот ги препознава реакционерните аспекти на „дивидуата“ и „дивидуалноста“ бидејќи тие се спојуваат со поими како што се дисперзија, егзистенција и сличност, тој, исто така, нуди продуктивна и позитивна перспектива за нас и нашата општествено-политичка ситуираност, за тоа што значи да се биде дивидуален денес.

Во „Дисeмблажа“ продолжува со развивање на некои од тие идеи и имајќи веќе воспоставено нов теориски јазик околу дивидуалноста, во вториот дел од „Машинскиот капитализам и молекуларната револуција“, Рауниг продолжува да експериментира со идеите, но и со формите на отпор и самоорганизирање, користејќи специфичен и уникатен јазик кој почива на синергијата помеѓу филозофската проза и теориското пишување. Тој, ги продлабочува изворите за инспирација, за да ги распали отпорите против современиот капитализам и експлоататорското заробување на нашите енергии, а настраната мисла и традиционалните места на заедништво ги спојува заедно во одбрана на праксите на бројни востанија и дисемблажи, кои ги трансформираат нашите идеи за заедницата и сè што таа може да биде.

Гералд Рауниг своите ставови ќе ги презентира преку дијалог со бугарскиот филозоф и теоретичар Станимир Панајотов. Низ разговорот ќе се разгледа значењето и влијанието на клучните критични прашања на нашето време: Каква трансформација опишува машинскиот капитал? Што претставува концептот на дисемблажата, и која е политичката тежина на „асемблажата“? Дали дивидуата е „подобар“ облик на „себството“? Дали „дисемблажата“ е во спротивност на другоста? Дали естетиката е невозможна форма на политика денес?
Книгите се издадена со поддршка на Гете институт – Скопје.

Гералд Рауниг е филозоф и теоретичар на уметноста. Работи во eipcp (European Institute for Progressive Cultural Policies/Европски институт за прогресивни културни политики) како еден од уредниците на мултилингвалната издавачка платформа и како професор по филозофија на Zürcher Hochschule der Künste.

Станимир Панајотов е истражувач на Катедрата за теорија на книжевност, на Институтот за литература, при Бугарската академија на науките. Докторирал на компаративни родови студии на Централно-европскиот универзитет во Будимпешта, а исто така е и постдокторски соработник на Катедрата за логика, етика и естетика на Универзитетот во Софија, работејќи на неговиот проект Немополитика (2023-2026). Претходно, тој бил доцент по филозофија и културни студии (Тјумен, 2021-2023), постдокторски соработник во Центарот за напредни студии во Софија (Бугарија, 2020-2021), а предавал на различни курсеви по хуманистички науки во Будимпешта, Ерусалим и Софија. Тој работи на раскрсниците/интерсекционално на континенталната и феминистичката филозофија, нефилозофијата и доцноантичката филозофија и има објавувано во Minnesota Review, Aspasia, Heathen Harvest, и Metal Music Studies.

The post Промоција на две книги и дискусија со Гералд Рауниг – (Ин)дивидуалноста во ерата на дисемблажите на Фестивалот КРИК appeared first on Република.

]]>

Контрапункт во рамки на програмата на КРИК – фестивал на критичка култура ќе одржи промоцијата на македонскиот превод на двете книги „Дивидуа“ (2016) и „Дисeмблажа“ (2022) од Гeралд Рауниг, кои претставуваат два дела од неговиот голем и значаен теориски и епистемолошки проект наречен „Машински капитализам и молекуларна револуција“. Промоцијата ќе се одржи на 4 јули (четврток), со почеток во 19,30 часот, во Национална галерија Чифте амам. Двете книги се во исклучително продлабочен, прецизен и комплексен превод на Жарко Трајаноски, а се објавени во едицијата „Пунктум“, која Контрапункт ја покрена во 2020 година, со цел да ја стимулира современата критичка теорија, филозофија и теорија на уметност и култура, преку преводи, но и преку промоција на домашни автори. Во „Дивидуа“, Рауниг нè води низ испреплетената историја на индивидуалноста, општеството и заедницата, укажувајќи на можниот крај на централноста на „индивидуите“ и „индивидуалноста“ („поединците“ и „поединечноста“) како темелници на нашите доживеани современи искуства, а наместо тоа тој ги акцентира моделите на бидување заедно и на заедништво. Додека авторот ги препознава реакционерните аспекти на „дивидуата“ и „дивидуалноста“ бидејќи тие се спојуваат со поими како што се дисперзија, егзистенција и сличност, тој, исто така, нуди продуктивна и позитивна перспектива за нас и нашата општествено-политичка ситуираност, за тоа што значи да се биде дивидуален денес. Во „Дисeмблажа“ продолжува со развивање на некои од тие идеи и имајќи веќе воспоставено нов теориски јазик околу дивидуалноста, во вториот дел од „Машинскиот капитализам и молекуларната револуција“, Рауниг продолжува да експериментира со идеите, но и со формите на отпор и самоорганизирање, користејќи специфичен и уникатен јазик кој почива на синергијата помеѓу филозофската проза и теориското пишување. Тој, ги продлабочува изворите за инспирација, за да ги распали отпорите против современиот капитализам и експлоататорското заробување на нашите енергии, а настраната мисла и традиционалните места на заедништво ги спојува заедно во одбрана на праксите на бројни востанија и дисемблажи, кои ги трансформираат нашите идеи за заедницата и сè што таа може да биде. Гералд Рауниг своите ставови ќе ги презентира преку дијалог со бугарскиот филозоф и теоретичар Станимир Панајотов. Низ разговорот ќе се разгледа значењето и влијанието на клучните критични прашања на нашето време: Каква трансформација опишува машинскиот капитал? Што претставува концептот на дисемблажата, и која е политичката тежина на „асемблажата“? Дали дивидуата е „подобар“ облик на „себството“? Дали „дисемблажата“ е во спротивност на другоста? Дали естетиката е невозможна форма на политика денес? Книгите се издадена со поддршка на Гете институт – Скопје. Гералд Рауниг е филозоф и теоретичар на уметноста. Работи во eipcp (European Institute for Progressive Cultural Policies/Европски институт за прогресивни културни политики) како еден од уредниците на мултилингвалната издавачка платформа и како професор по филозофија на Zürcher Hochschule der Künste. Станимир Панајотов е истражувач на Катедрата за теорија на книжевност, на Институтот за литература, при Бугарската академија на науките. Докторирал на компаративни родови студии на Централно-европскиот универзитет во Будимпешта, а исто така е и постдокторски соработник на Катедрата за логика, етика и естетика на Универзитетот во Софија, работејќи на неговиот проект Немополитика (2023-2026). Претходно, тој бил доцент по филозофија и културни студии (Тјумен, 2021-2023), постдокторски соработник во Центарот за напредни студии во Софија (Бугарија, 2020-2021), а предавал на различни курсеви по хуманистички науки во Будимпешта, Ерусалим и Софија. Тој работи на раскрсниците/интерсекционално на континенталната и феминистичката филозофија, нефилозофијата и доцноантичката филозофија и има објавувано во Minnesota Review, Aspasia, Heathen Harvest, и Metal Music Studies.

The post Промоција на две книги и дискусија со Гералд Рауниг – (Ин)дивидуалноста во ерата на дисемблажите на Фестивалот КРИК appeared first on Република.

]]>
На фестивалот КРИК гостува Андреј Мирчев, професор, драматург и уметник од Берлин https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-festivalot-krik-gostuva-andrej-mirchev-profesor-dramaturg-i-umetnik-od-berlin/ Wed, 24 Jan 2024 16:54:51 +0000 https://republika.mk/?p=736428

Во рамките на осмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт, годинава тематски насловен „Заробени во слободата“, во четврток, 25 јануари, во КСП Центар – Јадро, со почеток во 18 часот, Андреј Мирчев ќе одржи предавање проследено со дискусија на тема „Иконокластични изведби: Кон агонистичка политика на слики“.

Фокусирајќи се на концептот на иконoкластична изведба, предавањето го обмислува мачниот однос помеѓу уметничките практики и современата политика обележана со неолиберална амнезија. Во контекст на тековните културни војни, актите на кршење на сликите означуваат субверзивни тактики за нарушување на циркулацијата на неофашистичките идеологии усогласени со територијалната логика на капитализмот, патријархалното и колонијалното насилство. Во исто време, упорното уништување на социјалистичките споменици е едно од одлучувачките алатки на историскиот ревизионизам после падот на Берлинскиот ѕид. Деконструирајќи ги симболите и претставите на моќта, овие чинови го оспоруваат неолибералниот јавен простор изграден околу исклучувањето на Другоста, но може да доведат и до негово зацврстување. Во обид да се артикулира агонистичка политика на слики, ќе се испита двосмислената идеја за иконокластични изведби и ќе се фрли светло врз нивната естетска моќ за да ги изложи алтернативните модели на родова, расна и класно свесна субјективација.

Андреј Мирчев е професор, драматург и визуелен уметник. Неговите истражувања се занимаваат со дијалектички трансфер помеѓу теоријата и практиката, а неговите интереси се просторната теорија и теоријата на изведба, интермедијалноста, меморијата и архивите.

Мирчев бил научен соработник во Меѓународниот истражувачки центар „Преплетување на културите на перформанс“ во Берлин. Предавал на Институтот за применети театарски студии во Гизен, на Универзитетот за уметност и дизајн (HfG) во Карлсруе и на Институтот за театарски студии, ФУ Берлин. Во моментов е гостински професор на Универзитетот за уметности во Берлин.

 

The post На фестивалот КРИК гостува Андреј Мирчев, професор, драматург и уметник од Берлин appeared first on Република.

]]>

Во рамките на осмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт, годинава тематски насловен „Заробени во слободата“, во четврток, 25 јануари, во КСП Центар – Јадро, со почеток во 18 часот, Андреј Мирчев ќе одржи предавање проследено со дискусија на тема „Иконокластични изведби: Кон агонистичка политика на слики“. Фокусирајќи се на концептот на иконoкластична изведба, предавањето го обмислува мачниот однос помеѓу уметничките практики и современата политика обележана со неолиберална амнезија. Во контекст на тековните културни војни, актите на кршење на сликите означуваат субверзивни тактики за нарушување на циркулацијата на неофашистичките идеологии усогласени со територијалната логика на капитализмот, патријархалното и колонијалното насилство. Во исто време, упорното уништување на социјалистичките споменици е едно од одлучувачките алатки на историскиот ревизионизам после падот на Берлинскиот ѕид. Деконструирајќи ги симболите и претставите на моќта, овие чинови го оспоруваат неолибералниот јавен простор изграден околу исклучувањето на Другоста, но може да доведат и до негово зацврстување. Во обид да се артикулира агонистичка политика на слики, ќе се испита двосмислената идеја за иконокластични изведби и ќе се фрли светло врз нивната естетска моќ за да ги изложи алтернативните модели на родова, расна и класно свесна субјективација. Андреј Мирчев е професор, драматург и визуелен уметник. Неговите истражувања се занимаваат со дијалектички трансфер помеѓу теоријата и практиката, а неговите интереси се просторната теорија и теоријата на изведба, интермедијалноста, меморијата и архивите. Мирчев бил научен соработник во Меѓународниот истражувачки центар „Преплетување на културите на перформанс“ во Берлин. Предавал на Институтот за применети театарски студии во Гизен, на Универзитетот за уметност и дизајн (HfG) во Карлсруе и на Институтот за театарски студии, ФУ Берлин. Во моментов е гостински професор на Универзитетот за уметности во Берлин.  

The post На фестивалот КРИК гостува Андреј Мирчев, професор, драматург и уметник од Берлин appeared first on Република.

]]>
Со настап на бугарски музичари вечерва завршува првиот дел на КРИК 07 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-nastap-na-bugarski-muzichari-vecherva-zavrshuva-prviot-del-na-krik-07/ Fri, 01 Jul 2022 10:16:56 +0000 https://republika.mk/?p=522045

Вечерва (петок, 1 јули) во Музејот на современа уметност завршува првиот дел на седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура во организација на Контрапункт, на тема „Во постојан отпор“.

На иницијатива на фестивалот за прв пат во живо имаме две од најзначајните андерграунд издавачки куќи од Бугарија, Amek Collective & Kontingent Records. Во 19, 30 ќе се одржи разговор со уметниците Ангел Симитчиев, Мартин Луканов, Иван Шентов и презентирање на бугарските издавачки куќи Amek Collective & Kontingent Records.

Дојдете на уметнички разговор со визионерите зад бугарската сцена на дрон/амбиент/шум, кои брзо се проширија поради нивната работа од доцните 2000-ти. Разговорот ќе го водат и модерираат, филозофот Станимир Панајотов, кој веќе има соработувано со Амек и кој ќе помогне да се расплете приказната зад чудниот успех на овие музички жанрови на бугарската андерграунд сцена, заедно со Ивана Драгшиќ, дј-ка и претставничка на локалната андерграунд сцена.

„Амек колектив“ започна како „направи сам букерски“ колектив во 2008 година. Воден од Ангел Симитчиев и Мартин Луканов, кои претежно работат во Софија, Бугарија. Амек има донесено над 90 изведби на странски и локални звучни, експериментални и амбиентални уметници. Од 2011 година тие редовно издаваат музика на касета и винил. Во моментов Амек прави две месечни радио емисии – „шумна неделя“ (Канал 103, Скопје) и Comfort Club (Black Rhino Radio, Букурешт).

„Контингент Рекордс“ е „направи сам“ label и букер-човек-армија од Софија, Бугарија. Основан во 2004 година од Иван Шентов, „Контингент“ издава музика од различни формати и од различни жанрови меѓу кои може да се најде дрон шум, амбиентален, експериментален, изговорен збор, нојз рок, кора / панк, лоу-фај и слично. Контингент Рекордс, исто така, го издава и годишниот бугарски фанзин Sustainer.

Во 21 часот во живо ќе настапат Шентов, Симитчиев, Луканов што е ретка музичка тријада која досега во живо свирела само во неколку прилики. Скопската публика ќе биде една од првите која ќе го посведочи најновиот музички расплет на оваа соработката помеѓу три клучни фигури на актуелната бугарска дрон, ноис и амбиентална музичка сцена.

Ангел Симитчиев е бугарски музичар и композитор со корени во хардкор панк сцената. Надвор од неговата соло-музичка рутина, неговите дела постојат во соработка со видео-арт, (краток) филм, уметничка инсталација, реклами, мода, театар, современ танц и перформанс. Тој е ½ од бугарскиот издавач на експериментална музика и букинг екипа Амек Колектив. Ангел Симитчиев е доктор по музикологија (Институт за уметнички студии при Бугарската академија на науките) и магистер по медиумска композиција и електроакустична музика (Национална музичка академија „Проф. Панчо Владигеров“). Од 2014 година предава „Звучна уметност“ на Националната академија за уметности во Софија.

Мартин Луканов е основач на експерименталниот музички label и букинг екипа Amek Collective. Тој е магистер по медиумски студии (Универзитет во Софија) и моментално работи на докторат по културни студии. Тој е помошник-уредник списанието Југоисточна Азија Медиумски студии, член на уредуничкиот одбор на Riffs списанието за популарна музика и предава „Популарна култура“ на Новиот бугарски универзитет и Универзитетот во Софија.

Иван Шентов е музичар, композитор и писател кој е роден и израснат на музичката сцена во Софија. Тој е поранешен член на КПД-0, сега веќе непостоечки, но сè уште еден од најпознатите софиски бендови од 2000-тите. Во моментов, Иван Шентов е на чело на Контингент Рекордс label, која донесе во Софија плејада турнеи од меѓународната нојз и панк сцената.

Инаку вчеравечер во КСП „Центар – Јадро“ беше отворена изложбата „Сенките на занаетите : инсталација на светлина-сенка-звук“ од турскиот уметник Билал Јилмаз, кураторка на проектот е Лидија Хаѕиоану од Грција. Изложбата ја отвори Искра Гешоска, програмски уредник на фестивалот, која им заблагодари што по Истанбул и Ајвалик, Скопје е третиот град за кој изработија мапа на занетите и рече дека се надева на продолжување на соработките со македонските креативци кои ја посетуваа работилницата што се одржа во рамки на овој проект. Изложбта во КСП „Центар – Јадро“ ќе може да се види до 7 јули.

 

The post Со настап на бугарски музичари вечерва завршува првиот дел на КРИК 07 appeared first on Република.

]]>

Вечерва (петок, 1 јули) во Музејот на современа уметност завршува првиот дел на седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура во организација на Контрапункт, на тема „Во постојан отпор“. На иницијатива на фестивалот за прв пат во живо имаме две од најзначајните андерграунд издавачки куќи од Бугарија, Amek Collective & Kontingent Records. Во 19, 30 ќе се одржи разговор со уметниците Ангел Симитчиев, Мартин Луканов, Иван Шентов и презентирање на бугарските издавачки куќи Amek Collective & Kontingent Records. Дојдете на уметнички разговор со визионерите зад бугарската сцена на дрон/амбиент/шум, кои брзо се проширија поради нивната работа од доцните 2000-ти. Разговорот ќе го водат и модерираат, филозофот Станимир Панајотов, кој веќе има соработувано со Амек и кој ќе помогне да се расплете приказната зад чудниот успех на овие музички жанрови на бугарската андерграунд сцена, заедно со Ивана Драгшиќ, дј-ка и претставничка на локалната андерграунд сцена. „Амек колектив“ започна како „направи сам букерски“ колектив во 2008 година. Воден од Ангел Симитчиев и Мартин Луканов, кои претежно работат во Софија, Бугарија. Амек има донесено над 90 изведби на странски и локални звучни, експериментални и амбиентални уметници. Од 2011 година тие редовно издаваат музика на касета и винил. Во моментов Амек прави две месечни радио емисии – „шумна неделя“ (Канал 103, Скопје) и Comfort Club (Black Rhino Radio, Букурешт). „Контингент Рекордс“ е „направи сам“ label и букер-човек-армија од Софија, Бугарија. Основан во 2004 година од Иван Шентов, „Контингент“ издава музика од различни формати и од различни жанрови меѓу кои може да се најде дрон шум, амбиентален, експериментален, изговорен збор, нојз рок, кора / панк, лоу-фај и слично. Контингент Рекордс, исто така, го издава и годишниот бугарски фанзин Sustainer. Во 21 часот во живо ќе настапат Шентов, Симитчиев, Луканов што е ретка музичка тријада која досега во живо свирела само во неколку прилики. Скопската публика ќе биде една од првите која ќе го посведочи најновиот музички расплет на оваа соработката помеѓу три клучни фигури на актуелната бугарска дрон, ноис и амбиентална музичка сцена. Ангел Симитчиев е бугарски музичар и композитор со корени во хардкор панк сцената. Надвор од неговата соло-музичка рутина, неговите дела постојат во соработка со видео-арт, (краток) филм, уметничка инсталација, реклами, мода, театар, современ танц и перформанс. Тој е ½ од бугарскиот издавач на експериментална музика и букинг екипа Амек Колектив. Ангел Симитчиев е доктор по музикологија (Институт за уметнички студии при Бугарската академија на науките) и магистер по медиумска композиција и електроакустична музика (Национална музичка академија „Проф. Панчо Владигеров“). Од 2014 година предава „Звучна уметност“ на Националната академија за уметности во Софија. Мартин Луканов е основач на експерименталниот музички label и букинг екипа Amek Collective. Тој е магистер по медиумски студии (Универзитет во Софија) и моментално работи на докторат по културни студии. Тој е помошник-уредник списанието Југоисточна Азија Медиумски студии, член на уредуничкиот одбор на Riffs списанието за популарна музика и предава „Популарна култура“ на Новиот бугарски универзитет и Универзитетот во Софија. Иван Шентов е музичар, композитор и писател кој е роден и израснат на музичката сцена во Софија. Тој е поранешен член на КПД-0, сега веќе непостоечки, но сè уште еден од најпознатите софиски бендови од 2000-тите. Во моментов, Иван Шентов е на чело на Контингент Рекордс label, која донесе во Софија плејада турнеи од меѓународната нојз и панк сцената. Инаку вчеравечер во КСП „Центар – Јадро“ беше отворена изложбата „Сенките на занаетите : инсталација на светлина-сенка-звук“ од турскиот уметник Билал Јилмаз, кураторка на проектот е Лидија Хаѕиоану од Грција. Изложбата ја отвори Искра Гешоска, програмски уредник на фестивалот, која им заблагодари што по Истанбул и Ајвалик, Скопје е третиот град за кој изработија мапа на занетите и рече дека се надева на продолжување на соработките со македонските креативци кои ја посетуваа работилницата што се одржа во рамки на овој проект. Изложбта во КСП „Центар – Јадро“ ќе може да се види до 7 јули.  

The post Со настап на бугарски музичари вечерва завршува првиот дел на КРИК 07 appeared first on Република.

]]>