Фестивал Џифони Македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/festival-dhifoni-makedonija/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Oct 2024 07:55:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фестивал Џифони Македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/festival-dhifoni-makedonija/ 32 32 Отворен 12. „Џифони Македонија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvoren-12-dhifoni-makedonija/ Fri, 04 Oct 2024 07:55:34 +0000 https://republika.mk/?p=822470

Повеќе од 400 млади од осум земји ја наполнија салата на киното „Милениум“ синоќа, со што го започнаа 12. патешествие наречено „Џифони Македонија“. Проекцијата на филмот „Последниот пат кога бевме деца“ на Клаудио ја остави без зборови публиката на фестивалот, со својата топла, но и трогателна приказна, многумина ги разнежни, а неколку сцени од филмот добија и аплаузи.

Директорот Дарко Башески им посака на учесниците да бидат редовни, да учествуваат, да се осмелуваат да кажат што мислат, но, најмногу од сè, да се забавуваат. Башески му се заблагодари на Клаудио Губитози, идејниот творец на „Џифони Италија“, кој пред 12 години „виде потенцијал во нас и веруваше и повеќе од нас самите дека ќе направиме фестивал. Неговиот дух нè води сиве овие години да одиме напред“, рече Башески.

[caption id="attachment_822476" align="alignnone" width="1200"] Директорот Дарко Башески им посака на учесниците да се осмелуваат да кажат што мислат / Фото: Џифони Македонија[/caption]

Од денес почнува работниот дел на фестивалот. Утрово сите пријавени џифонци започнуваат со регистрација, а во 10 часот ќе почнат и првите филмски проекции и работилници.

Најмладите учесници - јуниори (од шесто до деветто одделение) во Кинотеката ќе го проследат филмот „Планета 7693“, во режија на Гојко Беркуљан. Филмот е продукција помеѓу Црна Гора, Србија и Македонија. Во Младинскиот културен центар од денес се среќаваат сениорите и кадетите. Освен краток игран филм, кадетите денеска ќе го гледаат холандско-белгискиот „Кога изгубивме од Германците“. Највозрасните џифонци, односно сениорите (трета и четврта година средно) ќе го гледаат италијанскиот „Моето лето со Ирене“ во режија на Карло Сирони.

Од денеска започнува и програмата Edu Cuts разговори, што е дел од Edu Cuts конференцијата, а ќе започне во 15.45 со презентација на младинска филмска продукција, за зајакнување на младинската креативност. Ќе бидат презентирани резултатите од работилниците што се реализираат во рамките на проектот Edu Cuts, од работилниците што во изминатиот период беа реализирани под менторство на платформата First Film First и 20 млади автори ги развија своите први филмски проекти. Во јули во Сараево околу 30 млади учествуваа на работилница со продуцентот Милан Стојановиќ, каде научија многу за филмска продукција. На работилницата Teen Doc во Ужице, повеќе од 20 луѓе учеа како да снимат краток документарец и како резултат на тоа, веќе се снимени четири филма. Исто така, на PriFest во Приштина и работилницата „Кино Кабаре“ беа снимени уште неколу филма, како и на Creative Yees работилницата 20 млади од Косово и Македонија снимија кратки филмови и поткасти.

Мрежата Edu Cuts ги поврзува филмските фестивали и организации фокусирани на промоцијата и на имплементацијата на образованието и мобилноста на младите таленти. Мрежата е дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, проект поддржан од Европската Унија, чија цел е да го зајакне дијалогот на Западен Балкан, поттикнувајќи ги културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

Од 17 часот ќе следува средба со јутјуберот Иван Ајнштајн. Познат по своите хитови „Да ти врне“ и „Хакуна Матата“, овој музичар во исто време е и видеомонтажер и камерман. Џифонци ќе можат да научат повеќе за неговиот креативен пат.

Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од: Џифони Експириенс, Агенција за филм, Министерство за култура на Италија и Италијанската амбасада во Скопје, British Council преку проектот Culture and creativity for Western Balkans, RYCО со Youth Cultural Fund, Пакомак и др.

The post Отворен 12. „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 400 млади од осум земји ја наполнија салата на киното „Милениум“ синоќа, со што го започнаа 12. патешествие наречено „Џифони Македонија“. Проекцијата на филмот „Последниот пат кога бевме деца“ на Клаудио ја остави без зборови публиката на фестивалот, со својата топла, но и трогателна приказна, многумина ги разнежни, а неколку сцени од филмот добија и аплаузи. Директорот Дарко Башески им посака на учесниците да бидат редовни, да учествуваат, да се осмелуваат да кажат што мислат, но, најмногу од сè, да се забавуваат. Башески му се заблагодари на Клаудио Губитози, идејниот творец на „Џифони Италија“, кој пред 12 години „виде потенцијал во нас и веруваше и повеќе од нас самите дека ќе направиме фестивал. Неговиот дух нè води сиве овие години да одиме напред“, рече Башески. [caption id="attachment_822476" align="alignnone" width="1200"] Директорот Дарко Башески им посака на учесниците да се осмелуваат да кажат што мислат / Фото: Џифони Македонија[/caption] Од денес почнува работниот дел на фестивалот. Утрово сите пријавени џифонци започнуваат со регистрација, а во 10 часот ќе почнат и првите филмски проекции и работилници. Најмладите учесници - јуниори (од шесто до деветто одделение) во Кинотеката ќе го проследат филмот „Планета 7693“, во режија на Гојко Беркуљан. Филмот е продукција помеѓу Црна Гора, Србија и Македонија. Во Младинскиот културен центар од денес се среќаваат сениорите и кадетите. Освен краток игран филм, кадетите денеска ќе го гледаат холандско-белгискиот „Кога изгубивме од Германците“. Највозрасните џифонци, односно сениорите (трета и четврта година средно) ќе го гледаат италијанскиот „Моето лето со Ирене“ во режија на Карло Сирони. Од денеска започнува и програмата Edu Cuts разговори, што е дел од Edu Cuts конференцијата, а ќе започне во 15.45 со презентација на младинска филмска продукција, за зајакнување на младинската креативност. Ќе бидат презентирани резултатите од работилниците што се реализираат во рамките на проектот Edu Cuts, од работилниците што во изминатиот период беа реализирани под менторство на платформата First Film First и 20 млади автори ги развија своите први филмски проекти. Во јули во Сараево околу 30 млади учествуваа на работилница со продуцентот Милан Стојановиќ, каде научија многу за филмска продукција. На работилницата Teen Doc во Ужице, повеќе од 20 луѓе учеа како да снимат краток документарец и како резултат на тоа, веќе се снимени четири филма. Исто така, на PriFest во Приштина и работилницата „Кино Кабаре“ беа снимени уште неколу филма, како и на Creative Yees работилницата 20 млади од Косово и Македонија снимија кратки филмови и поткасти. Мрежата Edu Cuts ги поврзува филмските фестивали и организации фокусирани на промоцијата и на имплементацијата на образованието и мобилноста на младите таленти. Мрежата е дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, проект поддржан од Европската Унија, чија цел е да го зајакне дијалогот на Западен Балкан, поттикнувајќи ги културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание. Од 17 часот ќе следува средба со јутјуберот Иван Ајнштајн. Познат по своите хитови „Да ти врне“ и „Хакуна Матата“, овој музичар во исто време е и видеомонтажер и камерман. Џифонци ќе можат да научат повеќе за неговиот креативен пат. Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од: Џифони Експириенс, Агенција за филм, Министерство за култура на Италија и Италијанската амбасада во Скопје, British Council преку проектот Culture and creativity for Western Balkans, RYCО со Youth Cultural Fund, Пакомак и др.

The post Отворен 12. „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>
Италијанскиот „Последниот пат кога бевме деца“ вечерва во скопското кино „Милениум“ го отвора 12. издание на филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/italijanskiot-posledniot-pat-koga-bevme-detsa-vecherva-vo-skopskoto-kino-milenium-go-otvora-12-izdanie-na-filmskiot-festival-za-mladi-dhifoni-makedonija/ Thu, 03 Oct 2024 10:14:35 +0000 https://republika.mk/?p=822139

Со проекција на италијанскиот филм „Последниот пат кога бевме деца“ во режија на комичарот Клаудио Бизио, вечерва, на 3 октомври, во 19 часот во скопското кино „Милениум“ се отвора 12. издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“.

Влезот е бесплатен, а настанот е отворен за широка публика.

На Фестивалот ќе учестуваат повеќе од 450 учесници од осум земји, а настаните во следните денови ќе се одржуваат  во Младинскиот културен центар, Кинотеката на Македонија и киното „Милениум“ до 8 октомври. Младите ќе уживаат во филмската магија, ќе дискутираат, ќе креираат уметност, ќе учествуваат на креативни работилници.

Петнаесет долгометражни филмови во официјална конкуренција и 40-ина краткометражни и анимирани филмови се распределени во три натпреварувачки категории според возраста на учесниците, односно јуниори (6 до 9 одделение), кадети (I и II средно) и сениори (III и IV средно).

Почнавме скромно пред 12 години и брзо сфативме колку на децата и младите им е важно да имаат ваков фестивал. Младите сакаат да гледаат филмови, да дискутираат, да им биде чуен гласот. Се радуваме што многу деца пораснаа со нашиот фестивал, продолжуваат да работат на полето на филмот, изјави денеска на прес-конфренцијата Дарко Башески, директор на фестивалот.

Анастасија Јуруковска е дел од организацијата на фестивалот и самата, со големо искуство на „Џифони“ и во Македонија и во Италија.

Една од најважните работи и придобивка на овој фестивал е што младите учат да се почитуваат, учат да не се судат меѓу себе. За мене „Џифони“ е огромно искуство и затоа денес волонтирам и сакам да помогнам да вратам и да им го пренесам моето знаење на новите генерации – изјави Јуруковска.

Од филмовите што ќе бидат прикажани во рамките на фестивалот, учесниците ќе можат да се запознаат и да учествуваат на дискусиите со режисерот на филмот „Сонце мамино“, Коста Ѓорѓевиќ, кој и пред неколку години учествуваше на фестивалот со неговиот прв филм. Ќе гостува режисерка од Ирска со свој краток филм, а меѓу џифонци ќе биде и македонскиот режисер Вардан Тозија, чиј филм „М“ ќе биде прикажан во официјалната програма на фестивалот.

Годинава ќе се одржат осум креативни работилници што се реализираат со поддршка на Британскиот совет преку проектот Edu Cuts, RYCO (Канцеларијата за регионална младинска соработка) преку проектот Creative YEES и Институтот за комуникациски студии преку проектот „Младите размислуваат“. Менторите на работилниците се етаблирани режисери, уметници, музичари кои во тек на пет дена со младите учесници ќе работат на развивање на нивната креативност и имагинација.

Фестивалот ќе биде затворен на 8 октомври во киното „Милениум“ кога ќе бидат прогласени победничките филмови во сите натпреварувачки категории. Ќе се прикажат сите филмови и ќе се изложат сите фотографии, сториборди и цртежи направени од учесниците за време на фестивалот.

Во соработка со „Пакомак“, со цел да се мотивираат младите да бидат повеќе екоосвестени, организиран е предизвик за учесниците на „Џифони“. Тие треба да ги одлагаат пластичните шишиња во вендинг-машините на „Пакомак“ и преку ЕКОМАК апликацијата да собираат поени. Сите собрани поени на учесниците на фестивалот ќе им бидат удвоени, а оној редовен учесник на фестивалот кој ќе собере најмногу поени, како награда ќе добие патување на фестивалот „Џифони“ во Италија.

Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од: Џифони Експириенс, Агенција за филм, Министерство за култура на Италија и Италијанската амбасада во Скопје, British Council преку проектот Culture and creativity for Western Balkans, Youth Cultural Fund преку RYCО, Пакомак и др

.

 

The post Италијанскиот „Последниот пат кога бевме деца“ вечерва во скопското кино „Милениум“ го отвора 12. издание на филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Со проекција на италијанскиот филм „Последниот пат кога бевме деца“ во режија на комичарот Клаудио Бизио, вечерва, на 3 октомври, во 19 часот во скопското кино „Милениум“ се отвора 12. издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“. Влезот е бесплатен, а настанот е отворен за широка публика. На Фестивалот ќе учестуваат повеќе од 450 учесници од осум земји, а настаните во следните денови ќе се одржуваат  во Младинскиот културен центар, Кинотеката на Македонија и киното „Милениум“ до 8 октомври. Младите ќе уживаат во филмската магија, ќе дискутираат, ќе креираат уметност, ќе учествуваат на креативни работилници. Петнаесет долгометражни филмови во официјална конкуренција и 40-ина краткометражни и анимирани филмови се распределени во три натпреварувачки категории според возраста на учесниците, односно јуниори (6 до 9 одделение), кадети (I и II средно) и сениори (III и IV средно).
Почнавме скромно пред 12 години и брзо сфативме колку на децата и младите им е важно да имаат ваков фестивал. Младите сакаат да гледаат филмови, да дискутираат, да им биде чуен гласот. Се радуваме што многу деца пораснаа со нашиот фестивал, продолжуваат да работат на полето на филмот, изјави денеска на прес-конфренцијата Дарко Башески, директор на фестивалот.
Анастасија Јуруковска е дел од организацијата на фестивалот и самата, со големо искуство на „Џифони“ и во Македонија и во Италија.
Една од најважните работи и придобивка на овој фестивал е што младите учат да се почитуваат, учат да не се судат меѓу себе. За мене „Џифони“ е огромно искуство и затоа денес волонтирам и сакам да помогнам да вратам и да им го пренесам моето знаење на новите генерации – изјави Јуруковска.
Од филмовите што ќе бидат прикажани во рамките на фестивалот, учесниците ќе можат да се запознаат и да учествуваат на дискусиите со режисерот на филмот „Сонце мамино“, Коста Ѓорѓевиќ, кој и пред неколку години учествуваше на фестивалот со неговиот прв филм. Ќе гостува режисерка од Ирска со свој краток филм, а меѓу џифонци ќе биде и македонскиот режисер Вардан Тозија, чиј филм „М“ ќе биде прикажан во официјалната програма на фестивалот. Годинава ќе се одржат осум креативни работилници што се реализираат со поддршка на Британскиот совет преку проектот Edu Cuts, RYCO (Канцеларијата за регионална младинска соработка) преку проектот Creative YEES и Институтот за комуникациски студии преку проектот „Младите размислуваат“. Менторите на работилниците се етаблирани режисери, уметници, музичари кои во тек на пет дена со младите учесници ќе работат на развивање на нивната креативност и имагинација. Фестивалот ќе биде затворен на 8 октомври во киното „Милениум“ кога ќе бидат прогласени победничките филмови во сите натпреварувачки категории. Ќе се прикажат сите филмови и ќе се изложат сите фотографии, сториборди и цртежи направени од учесниците за време на фестивалот. Во соработка со „Пакомак“, со цел да се мотивираат младите да бидат повеќе екоосвестени, организиран е предизвик за учесниците на „Џифони“. Тие треба да ги одлагаат пластичните шишиња во вендинг-машините на „Пакомак“ и преку ЕКОМАК апликацијата да собираат поени. Сите собрани поени на учесниците на фестивалот ќе им бидат удвоени, а оној редовен учесник на фестивалот кој ќе собере најмногу поени, како награда ќе добие патување на фестивалот „Џифони“ во Италија. Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од: Џифони Експириенс, Агенција за филм, Министерство за култура на Италија и Италијанската амбасада во Скопје, British Council преку проектот Culture and creativity for Western Balkans, Youth Cultural Fund преку RYCО, Пакомак и др .  

The post Италијанскиот „Последниот пат кога бевме деца“ вечерва во скопското кино „Милениум“ го отвора 12. издание на филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>