Фестивал Букстар 2022 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/festival-bukstar-2022/ За подобро да се разбереме Tue, 04 Oct 2022 10:04:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фестивал Букстар 2022 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/festival-bukstar-2022/ 32 32 Во моето општество, моќта се наследува побрзо отколку болестите, но безбедноста на литературата е во нејзината ненаследност и неделивост, рече писателот Никола Маџиров на отворањето на Фестивалот „Букстар“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-moeto-opshtestvo-mokjta-se-nasleduva-pobrzo-otkolku-bolestite-no-bezbednosta-na-literaturata-e-vo-nejzinata-nenaslednost-i-nedelivost-reche-pisatelot-nikola-madzirov-na-otvoranjeto-na-festivalot-bu/ Tue, 04 Oct 2022 10:04:45 +0000 https://republika.mk/?p=557173

Во моето општество, моќта се наследува побрзо отколку болестите, но безбедноста на литературата е токму во нејзината ненаследност и неделивост, во отсуството на тестаменти и завети, рече синоќа писателот Никола Маџиров на свеченото отворање на осмото издание на Фестивалот на европската литература Букстар (Книжевни ѕвезди) во Скопје.

Фестивалот, чиј прв ден помина со одличен одзив на публиката, за отворен го прогласи писателот Никола Маџиров, кој имаше импресивно почесно обраќање.

Kнигата некогаш била воздух меѓу двајца раскажувачи кои не сакале сведоци. Била и лузна врз лицето на камен — несакан пронајдок од дивите копачи на злато. Била и печат врз кора на убиено дрво. И разнесени листови од ветровите и војните. Била и пламен во најтемните епохи на човештвото. Книгата ќе остане течнокристална тајна што археолозите нема да ја пронајдат во ниту еден богат гроб. Но, нема ниту причина да се копа, да се најде она што продира во длабочините на светот надвор од сомнителните сеќавања на историјата. И не мислам дека книжевноста ќе го ослободи светот од решетките на неговите меридијани, ниту дека таа е бегство или прибежиште од стварноста. Литературата е засолниште во стварноста – рече Маџиров.

Како што кажа понатаму во говорот, книжевноста е ненаследна просторија на заедничкото раѓање.

Како читател, мислам дека книжевната меморија е наследна на поинаков начин — како почеток на нов свет. Повикувањето на неа не завршува само со сентиментално и селективно прераскажување како над нечиј свеж гроб. Книжевната меморија е тесно поврзана со слободата на постоењето, дури и тогаш кога ги оживува сликите на војните, откоренувањата и враќањата кога веќе ништо не постои. Освен нагонот во себе силно да се викне, за да те чуе времето – рече Маџиров.

На годинашниот фестивал ќе гостуваат автори од Македонија, Исланд, Бугарија, Литванија, Хрватска, Романија, Италија и Словачка, кои ќе учествуваат во книжевни разговори, поткасти, работилница за раскажување приказни, читање и предавање.

Претходно беше објавено дека наградата Букстар за 2022 ја доби белоруската нобеловка Светлана Алексиевич за книгата „Војната нема женско лице“. Ќе бидат доделени и наградата за најактуелна книга меѓу две фестивалски изданија и нововостановената награда за најдобар превод „Драги“, во чест на Драги Михајловски.

Фестивалската програма ќе се одвива во МКЦ, библиотеката „Браќа Миладиновци“ и во КСЦ „Центар – Јадро“.

The post Во моето општество, моќта се наследува побрзо отколку болестите, но безбедноста на литературата е во нејзината ненаследност и неделивост, рече писателот Никола Маџиров на отворањето на Фестивалот „Букстар“ appeared first on Република.

]]>

Во моето општество, моќта се наследува побрзо отколку болестите, но безбедноста на литературата е токму во нејзината ненаследност и неделивост, во отсуството на тестаменти и завети, рече синоќа писателот Никола Маџиров на свеченото отворање на осмото издание на Фестивалот на европската литература Букстар (Книжевни ѕвезди) во Скопје. Фестивалот, чиј прв ден помина со одличен одзив на публиката, за отворен го прогласи писателот Никола Маџиров, кој имаше импресивно почесно обраќање.
Kнигата некогаш била воздух меѓу двајца раскажувачи кои не сакале сведоци. Била и лузна врз лицето на камен — несакан пронајдок од дивите копачи на злато. Била и печат врз кора на убиено дрво. И разнесени листови од ветровите и војните. Била и пламен во најтемните епохи на човештвото. Книгата ќе остане течнокристална тајна што археолозите нема да ја пронајдат во ниту еден богат гроб. Но, нема ниту причина да се копа, да се најде она што продира во длабочините на светот надвор од сомнителните сеќавања на историјата. И не мислам дека книжевноста ќе го ослободи светот од решетките на неговите меридијани, ниту дека таа е бегство или прибежиште од стварноста. Литературата е засолниште во стварноста – рече Маџиров.
Како што кажа понатаму во говорот, книжевноста е ненаследна просторија на заедничкото раѓање.
Како читател, мислам дека книжевната меморија е наследна на поинаков начин — како почеток на нов свет. Повикувањето на неа не завршува само со сентиментално и селективно прераскажување како над нечиј свеж гроб. Книжевната меморија е тесно поврзана со слободата на постоењето, дури и тогаш кога ги оживува сликите на војните, откоренувањата и враќањата кога веќе ништо не постои. Освен нагонот во себе силно да се викне, за да те чуе времето – рече Маџиров.
На годинашниот фестивал ќе гостуваат автори од Македонија, Исланд, Бугарија, Литванија, Хрватска, Романија, Италија и Словачка, кои ќе учествуваат во книжевни разговори, поткасти, работилница за раскажување приказни, читање и предавање. Претходно беше објавено дека наградата Букстар за 2022 ја доби белоруската нобеловка Светлана Алексиевич за книгата „Војната нема женско лице“. Ќе бидат доделени и наградата за најактуелна книга меѓу две фестивалски изданија и нововостановената награда за најдобар превод „Драги“, во чест на Драги Михајловски. Фестивалската програма ќе се одвива во МКЦ, библиотеката „Браќа Миладиновци“ и во КСЦ „Центар – Јадро“.  

The post Во моето општество, моќта се наследува побрзо отколку болестите, но безбедноста на литературата е во нејзината ненаследност и неделивост, рече писателот Никола Маџиров на отворањето на Фестивалот „Букстар“ appeared first on Република.

]]>
Редици читатели, повеќе од два часа, чекаа да добијат автограм од писателката Ирса Сигурдардотир https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/redici-chitateli-povekje-od-dva-chasa-chekaa-da-dobijat-avtogram-od-pisatelkata-irsa-sigurdardotir/ Tue, 04 Oct 2022 09:47:39 +0000 https://republika.mk/?p=557152

Вчерашниот прв ден од осмото издание на фестивалот на европска литература „BookStar“ помина во знакот на еден од 13-те годинашни учесници – ѕвезда во вистинска смисла на зборот – исландската писателка Ирса Сигурдардотир. По инспиративниот разговор, насловен „Тајните на животот, мистериите на литературата“, со најпознатата и најнаградуваната исландска aвторка на трилери, кој го водеа Јордан Коцевски и Александар Маџаровски, редици читатели, повеќе од два часа, буквално до затворањето на Младинскиот културен центар, чекаа да добијат автограм од својата омилена авторка.

За време на разговорот, Ирса зборуваше за феноменот на исландската литература и причините за популарноста на читањето во оваа не толку мала по терориторија, колку по популација, земја.

Литературата е во ДНК-та на исландските луѓе, можеби затоа што Исланд до Втората светска војна била најсиромашната земја во Европа. Дури немало ни телевизија, а и онаа програма што подоцна почна да се прикажува беше здодевна. Веројатно поради тоа луѓето во долгите и студени зими се свртеле кон читањето – рече Ирса.

[caption id="attachment_557168" align="alignnone" width="542"] Скандинавските крими трилери се базираат на приказни на обични луѓе, затоа што тука речиси и да не постојат банди или сериски убијци..., вели Ирса[/caption]

Понатаму се осврна на жанрот „скандинавскиот трилер“ (nordic noar), како што го нарекуваат, а кој е многу популарен во нејзината земја, што е многу необично со оглед на тоа дека Исланд е земја со многу ниска стапка на криминал.

Скандинавските крими трилери се базираат на приказни на обични луѓе, затоа што тука речиси и да не постојат банди или сериски убијци... – рече Ирса и на крајот шегувајќи се заклучи дека всушност крими-писателите се многу фини луѓе, за разлика од авторите на романси.

Ирса Сигурдардотир (1963) моментално работи како писателка и како градежен инженер. Живее во предградието на Рејкјавик заедно со сопругот и со двете деца. Покрај самостојните книги, авторка е и на два серијала – „Дора Гудмундсдотир“ и „Детската куќа“. Во 2021 година го започнува новиот серијал „Црниот мраз“. Крими-романите на Ирса се успешни на меѓународно ниво и се преведени на повеќе од 30 јазици. Два од нив се избрани од „Сандеј тајмс“ за трилери на годината.

The post Редици читатели, повеќе од два часа, чекаа да добијат автограм од писателката Ирса Сигурдардотир appeared first on Република.

]]>

Вчерашниот прв ден од осмото издание на фестивалот на европска литература „BookStar“ помина во знакот на еден од 13-те годинашни учесници – ѕвезда во вистинска смисла на зборот – исландската писателка Ирса Сигурдардотир. По инспиративниот разговор, насловен „Тајните на животот, мистериите на литературата“, со најпознатата и најнаградуваната исландска aвторка на трилери, кој го водеа Јордан Коцевски и Александар Маџаровски, редици читатели, повеќе од два часа, буквално до затворањето на Младинскиот културен центар, чекаа да добијат автограм од својата омилена авторка. За време на разговорот, Ирса зборуваше за феноменот на исландската литература и причините за популарноста на читањето во оваа не толку мала по терориторија, колку по популација, земја.
Литературата е во ДНК-та на исландските луѓе, можеби затоа што Исланд до Втората светска војна била најсиромашната земја во Европа. Дури немало ни телевизија, а и онаа програма што подоцна почна да се прикажува беше здодевна. Веројатно поради тоа луѓето во долгите и студени зими се свртеле кон читањето – рече Ирса.
[caption id="attachment_557168" align="alignnone" width="542"] Скандинавските крими трилери се базираат на приказни на обични луѓе, затоа што тука речиси и да не постојат банди или сериски убијци..., вели Ирса[/caption] Понатаму се осврна на жанрот „скандинавскиот трилер“ (nordic noar), како што го нарекуваат, а кој е многу популарен во нејзината земја, што е многу необично со оглед на тоа дека Исланд е земја со многу ниска стапка на криминал.