Фестива Ристо Шишков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/festiva-risto-shishkov/ За подобро да се разбереме Thu, 12 Sep 2024 09:17:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фестива Ристо Шишков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/festiva-risto-shishkov/ 32 32 „Падот на Масада“ на Драмски театар го затвора фестивалот „Ристо Шишков“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/padot-na-masada-na-dramski-teatar-go-zatvora-festivalot-risto-shishkov/ Thu, 12 Sep 2024 09:17:48 +0000 https://republika.mk/?p=815608

Со претставата „Падот на Масада“ на Драмски театар Скопје се затвора програмскиот дел на 32. издание на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ што во Струмица се одржува од 8 до 13 септември.

„Падот на Масада“ на режисерот Дејан Пројковски е меѓу осумте претстави селектирани во официјалната програма на фестивалот.

Селекторот на фестивалот Љупчо Георгиевски вели:

Публиката и оваа година има можност да види квалитени претстави одлични актерски креации и дека 32от носител на признанието за високо актерско остварување со името на Ристо Шишков ќе се бара помеѓу 45те актери од Македонија и соседна Бугарија. Прв пат во улога на жири ќе се најде и минатогодишниот лауреат, Јордан Симонов на кого пред почетокот на фестивалот му беше врачена плакетата од претходното издание.

Претставата „Падот на Масада“ во продукција на Драмски театар Скопје премиерно е изведена во декември минатата година и веќе има 12 изведби и учество на меѓународниот фестивал РУТА во Подгорица.

Режисерот Дејан Пројковски претставата ја работеше на текст на авторот Венко Андоновски. Асистент на режија е Дамјан Димовски, сценограф и костимограф во претставата е Валентин Светозарев, а музиката е на Горан Трајкоски.

Улогите ги толкуваат: Јелена Жугиќ, Емилија Мицевска, Филип Трајковиќ, Рубенс Муратовски и Александар Степанулески.

 

The post „Падот на Масада“ на Драмски театар го затвора фестивалот „Ристо Шишков“ appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Падот на Масада“ на Драмски театар Скопје се затвора програмскиот дел на 32. издание на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ што во Струмица се одржува од 8 до 13 септември. „Падот на Масада“ на режисерот Дејан Пројковски е меѓу осумте претстави селектирани во официјалната програма на фестивалот. Селекторот на фестивалот Љупчо Георгиевски вели:
Публиката и оваа година има можност да види квалитени претстави одлични актерски креации и дека 32от носител на признанието за високо актерско остварување со името на Ристо Шишков ќе се бара помеѓу 45те актери од Македонија и соседна Бугарија. Прв пат во улога на жири ќе се најде и минатогодишниот лауреат, Јордан Симонов на кого пред почетокот на фестивалот му беше врачена плакетата од претходното издание.
Претставата „Падот на Масада“ во продукција на Драмски театар Скопје премиерно е изведена во декември минатата година и веќе има 12 изведби и учество на меѓународниот фестивал РУТА во Подгорица. Режисерот Дејан Пројковски претставата ја работеше на текст на авторот Венко Андоновски. Асистент на режија е Дамјан Димовски, сценограф и костимограф во претставата е Валентин Светозарев, а музиката е на Горан Трајкоски. Улогите ги толкуваат: Јелена Жугиќ, Емилија Мицевска, Филип Трајковиќ, Рубенс Муратовски и Александар Степанулески.  

The post „Падот на Масада“ на Драмски театар го затвора фестивалот „Ристо Шишков“ appeared first on Република.

]]>