ФЕСТ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fest/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Mar 2024 11:01:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ФЕСТ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fest/ 32 32 52. ФЕСТ во Белград затворен со „Рускиот конзул“: Овации и аплауз за Мето Јовановски и Жарко Лаушевиќ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/52-fest-vo-belgrad-zatvoren-so-ruskiot-konzul-ovatsii-i-aplauz-za-meto-jovanovski-i-zharko-laushevik/ Tue, 05 Mar 2024 10:59:13 +0000 https://republika.mk/?p=751426

Во Белград премиерно беше прикажан филмот „Рускиот конзул“ во режија на Мирослав Лекиќ, со што беше затворен 52. ФЕСТ.

Филмот „Рускиот конзул“ ѝ носи на публиката приказна која не враќа во драматичните години од косовската криза која ќе го дефинира идниот соживот на Србите и Албанците на Косово.

Главниот лик на оваа филмска сага е српскиот лекар Илија Југовиќ (Небојша Дугалиќ), кој по казна е префрлен во болница во Призрен. Таму се среќава со професорот по историја (Жарко Лаушевиќ), навидум психијатриски пациент кој тврди дека наскоро „Русија повторно ќе стане Русија, а Косово повторно ќе биде српско“. Локалните албански моќници, сепаратисти, се вртат против Божовиќ. Тие се обидуваат да го избркаат Божовиќ, но доктор Југовиќ застанува во негова заштита.

https://www.youtube.com/watch?v=Q92_kWO9yoo

Покрај Жарко Лаушевиќ и Небојша Дугалиќ, во актерската екипа се и Паулина Манов, Светозар Цветковиќ, Висар Вишка, Даница Радуловиќ, Менсур Шафќиу, Константин Фиданов, Петар Зекавица, Мето Јовановски, Нада Мацанковиќ, Енвер Петроци и др.

По прикажувањето на филмот, екипата на оваа продукција и се поклони на публиката, а овации и големите аплаузи беа наменети за Жарко Лаушевиќ, кој ја толкуваше главната улога – ликот на рускиот конзул Иван Стјепановиќ Јастребов и за Мето Јовановски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FEST Belgrade (@fest_belgrade)

И двајцата актери починаа минатата година и не ја дочекаа премиерата на филмот кој беше нивното последно филмско остварување.

 

The post 52. ФЕСТ во Белград затворен со „Рускиот конзул“: Овации и аплауз за Мето Јовановски и Жарко Лаушевиќ appeared first on Република.

]]>

Во Белград премиерно беше прикажан филмот „Рускиот конзул“ во режија на Мирослав Лекиќ, со што беше затворен 52. ФЕСТ. Филмот „Рускиот конзул“ ѝ носи на публиката приказна која не враќа во драматичните години од косовската криза која ќе го дефинира идниот соживот на Србите и Албанците на Косово. Главниот лик на оваа филмска сага е српскиот лекар Илија Југовиќ (Небојша Дугалиќ), кој по казна е префрлен во болница во Призрен. Таму се среќава со професорот по историја (Жарко Лаушевиќ), навидум психијатриски пациент кој тврди дека наскоро „Русија повторно ќе стане Русија, а Косово повторно ќе биде српско“. Локалните албански моќници, сепаратисти, се вртат против Божовиќ. Тие се обидуваат да го избркаат Божовиќ, но доктор Југовиќ застанува во негова заштита. https://www.youtube.com/watch?v=Q92_kWO9yoo Покрај Жарко Лаушевиќ и Небојша Дугалиќ, во актерската екипа се и Паулина Манов, Светозар Цветковиќ, Висар Вишка, Даница Радуловиќ, Менсур Шафќиу, Константин Фиданов, Петар Зекавица, Мето Јовановски, Нада Мацанковиќ, Енвер Петроци и др. По прикажувањето на филмот, екипата на оваа продукција и се поклони на публиката, а овации и големите аплаузи беа наменети за Жарко Лаушевиќ, кој ја толкуваше главната улога – ликот на рускиот конзул Иван Стјепановиќ Јастребов и за Мето Јовановски.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by FEST Belgrade (@fest_belgrade)

И двајцата актери починаа минатата година и не ја дочекаа премиерата на филмот кој беше нивното последно филмско остварување.  

The post 52. ФЕСТ во Белград затворен со „Рускиот конзул“: Овации и аплауз за Мето Јовановски и Жарко Лаушевиќ appeared first on Република.

]]>
Дина Дума наградена за најдобра режија за „Сестри“ на белградски „Фест“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dina-duma-nagradena-za-najdobra-rezija-za-sestri-na-belgradski-fest/ Mon, 07 Mar 2022 12:29:35 +0000 https://republika.mk/?p=468956

Режисерка Дина Дума ја освои награда за најдобра режија на филмскиот фестивал „Фест“ во Белград, за својот дебитантски филм „Сестри“.

Меѓународнотo жири во состав Милош Биковиќ, Тамара Драгичевиќ, Ѓерѓи Радули, Аргирис Пападимитрополус и Тони Гојановиќ, ја награди Дума за вештото водење на младите актери и фантастичното раскажување преку објективот. Во експликацијата на жирито се наведува: „Филмот успеа да прераскаже приказна за многу важна општествена тема од нашето време и да отвори дијалог“.

„Сестри“ е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест, кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување.

Светската премиера на „Сeстри“ беше минатата година во август на филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде што ја освои специјалната награда на жирито во програмата „Источно од Западот“, додека македонската премиера се случи на ИФФК „Браќа Манаки“ каде филмот на Дума го отвори фестивалот. „Сестри“ беше национален кандидат за наградата Оскар за најдобар интернационален филм.

Досега „Сестри“ е прикажан на повеќе од 30 интернационални фестивали, и има освоено 2 дополнителни награди, и тоа награда за најдобар игран филм од младинското жири на фестивалот Екс – граунд во Висбаден, Германија и награда од публиката на фестивалот Панорама на европски филм во Атина, Грција.

Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро. Продуцент на филмот е Марија Димитрова, сценариото го потпишуваат Дина Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата е на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите се на Роза Трајческа Ристовска, шминката на Жанета Димитриевска, а музиката е на Игор Василев – Новоградска.

„Сестри“ е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, и е регионална копродукција помеѓу Македонија, Црна Гора и Косово.

The post Дина Дума наградена за најдобра режија за „Сестри“ на белградски „Фест“ appeared first on Република.

]]>

Режисерка Дина Дума ја освои награда за најдобра режија на филмскиот фестивал „Фест“ во Белград, за својот дебитантски филм „Сестри“. Меѓународнотo жири во состав Милош Биковиќ, Тамара Драгичевиќ, Ѓерѓи Радули, Аргирис Пападимитрополус и Тони Гојановиќ, ја награди Дума за вештото водење на младите актери и фантастичното раскажување преку објективот. Во експликацијата на жирито се наведува: „Филмот успеа да прераскаже приказна за многу важна општествена тема од нашето време и да отвори дијалог“. „Сестри“ е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест, кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување. Светската премиера на „Сeстри“ беше минатата година во август на филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде што ја освои специјалната награда на жирито во програмата „Источно од Западот“, додека македонската премиера се случи на ИФФК „Браќа Манаки“ каде филмот на Дума го отвори фестивалот. „Сестри“ беше национален кандидат за наградата Оскар за најдобар интернационален филм. Досега „Сестри“ е прикажан на повеќе од 30 интернационални фестивали, и има освоено 2 дополнителни награди, и тоа награда за најдобар игран филм од младинското жири на фестивалот Екс – граунд во Висбаден, Германија и награда од публиката на фестивалот Панорама на европски филм во Атина, Грција. Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро. Продуцент на филмот е Марија Димитрова, сценариото го потпишуваат Дина Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата е на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите се на Роза Трајческа Ристовска, шминката на Жанета Димитриевска, а музиката е на Игор Василев – Новоградска. „Сестри“ е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, и е регионална копродукција помеѓу Македонија, Црна Гора и Косово.

The post Дина Дума наградена за најдобра режија за „Сестри“ на белградски „Фест“ appeared first on Република.

]]>