Фердинанд Маркос јуниор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ferdinand-markos-junior/ За подобро да се разбереме Thu, 30 Jun 2022 07:36:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фердинанд Маркос јуниор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ferdinand-markos-junior/ 32 32 Синот на соборениот диктатор положи заклетва како нов претседател на Филипините https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sinot-na-soboreniot-diktator-polozi-zakletva-kako-nov-pretsedatel-na-filipinite/ Thu, 30 Jun 2022 07:36:46 +0000 https://republika.mk/?p=521403

Синот на соборениот диктатор Фердинанд Маркос, Фердинанд Маркос Помладиот положи заклетва за претседател на Филипините.

Конгресот минатиот месец ја прогласи неговата убедлива победа на изборите. Нова потпретседателка ќе биде Сара Дутерте, ќерката на претседателот кој си заминува, Родриго Дутерте.

Активисти и лица кои живееле во времето на диктатурата на Фердинанд Маркос протестираа поради инаугурацијата, што се одржа на скалите од Националниот музеј во Манила.

Ова е ноќен кошмар за сите кои ја преживеале тортурата за време на диктатурата - реагираа активистите.

Илјадници полицајци се распоредени околу местото каде се одржа свеченоста.

Поради пандемијата од корона вирусот, Филипините минуваат низ најтешката рецесија од Втората светска војна, следена со невработеноста и недостигот од храна. Пандемијата сериозно ги погоди Филипините, при што починаа околу 60.000 лица.

Се очекува кризата да биде дополнително задлабочена поради војната во Украина.

The post Синот на соборениот диктатор положи заклетва како нов претседател на Филипините appeared first on Република.

]]>

Синот на соборениот диктатор Фердинанд Маркос, Фердинанд Маркос Помладиот положи заклетва за претседател на Филипините. Конгресот минатиот месец ја прогласи неговата убедлива победа на изборите. Нова потпретседателка ќе биде Сара Дутерте, ќерката на претседателот кој си заминува, Родриго Дутерте. Активисти и лица кои живееле во времето на диктатурата на Фердинанд Маркос протестираа поради инаугурацијата, што се одржа на скалите од Националниот музеј во Манила.
Ова е ноќен кошмар за сите кои ја преживеале тортурата за време на диктатурата - реагираа активистите.
Илјадници полицајци се распоредени околу местото каде се одржа свеченоста. Поради пандемијата од корона вирусот, Филипините минуваат низ најтешката рецесија од Втората светска војна, следена со невработеноста и недостигот од храна. Пандемијата сериозно ги погоди Филипините, при што починаа околу 60.000 лица. Се очекува кризата да биде дополнително задлабочена поради војната во Украина.

The post Синот на соборениот диктатор положи заклетва како нов претседател на Филипините appeared first on Република.

]]>
Синот на покојниот диктатор на праг да стане нов претседател на Филипините, кон победа оди заедно со ќерката на Дутерте https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sinot-na-pokojniot-diktator-na-prag-da-stane-nov-pretsedatel-na-filipinite-kon-pobeda-odi-zaedno-so-kjerkata-na-duterte/ Tue, 10 May 2022 12:20:25 +0000 https://republika.mk/?p=500448

Синот на починатиот филипински диктатор Фердинанд Маркос, Фердинанд Маркос јуниор е пред победа на претседателските избори во Филипините.

Според неофицијални резултати, врз основа на 96 отсто од преброените гласови, Маркос јуниор освоил повеќе од 30,5 милиони гласови, пренесе АП.

Неговиот ривал и противкандидат, актуелниот потпретседател Лени Робредо освои 14,5 милиони гласови, а се чини дека трето позициониран кандидат е поранешната боксерка, спортската ѕвезда Мени Пакјао со 3,5 милиони гласови.

Многу добар изборен резултат постигна и кандидатката за потпретседател на Маркос јуниор, Сара Дутерте, ќерката на лидерот во заминување, Родриго Дутерте.

Според американската агенција, политичкиот сојуз на децата на двајцата авторитарни лидери е добра комбинација за стекнување на власт на Филипините, но предизвикува загриженост за состојбата со човековите права.

Маркос јуниор и Сара Дутерте избегнаа контроверзни прашања за време на нивната кампања и останаа на наративот за национално единство.

Маркос јуниор не прогласи победа, но им се заблагодари на своите поддржувачи и ги повика да бидат будни додека не заврши пребројувањето на гласовите. Ниту Робредо не го призна поразот, но го потврди големото водство на Маркос јуниор во неофицијалното пребројување.

Таткото на Маркос јуниор владееше со Филипините повеќе од 20 години како диктатор, а тој и неговата сопруга Имелда Маркос ја третираа државната економија како да е нивна лична заштеда, пишува АП.

Парот Маркос беше соборен на 25 февруари 1986 година и беше принуден да ја напушти земјата. Тие се преселија на Хаваи, каде што Маркос почина во 1989 година.

The post Синот на покојниот диктатор на праг да стане нов претседател на Филипините, кон победа оди заедно со ќерката на Дутерте appeared first on Република.

]]>

Синот на починатиот филипински диктатор Фердинанд Маркос, Фердинанд Маркос јуниор е пред победа на претседателските избори во Филипините. Според неофицијални резултати, врз основа на 96 отсто од преброените гласови, Маркос јуниор освоил повеќе од 30,5 милиони гласови, пренесе АП. Неговиот ривал и противкандидат, актуелниот потпретседател Лени Робредо освои 14,5 милиони гласови, а се чини дека трето позициониран кандидат е поранешната боксерка, спортската ѕвезда Мени Пакјао со 3,5 милиони гласови. Многу добар изборен резултат постигна и кандидатката за потпретседател на Маркос јуниор, Сара Дутерте, ќерката на лидерот во заминување, Родриго Дутерте. Според американската агенција, политичкиот сојуз на децата на двајцата авторитарни лидери е добра комбинација за стекнување на власт на Филипините, но предизвикува загриженост за состојбата со човековите права. Маркос јуниор и Сара Дутерте избегнаа контроверзни прашања за време на нивната кампања и останаа на наративот за национално единство. Маркос јуниор не прогласи победа, но им се заблагодари на своите поддржувачи и ги повика да бидат будни додека не заврши пребројувањето на гласовите. Ниту Робредо не го призна поразот, но го потврди големото водство на Маркос јуниор во неофицијалното пребројување. Таткото на Маркос јуниор владееше со Филипините повеќе од 20 години како диктатор, а тој и неговата сопруга Имелда Маркос ја третираа државната економија како да е нивна лична заштеда, пишува АП. Парот Маркос беше соборен на 25 февруари 1986 година и беше принуден да ја напушти земјата. Тие се преселија на Хаваи, каде што Маркос почина во 1989 година.

The post Синот на покојниот диктатор на праг да стане нов претседател на Филипините, кон победа оди заедно со ќерката на Дутерте appeared first on Република.

]]>