фентанил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fentanil/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Feb 2024 08:44:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фентанил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fentanil/ 32 32 Опасна дрога доаѓа на Балканот, први случаи на предозирање во Словенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/opasna-droga-doaga-na-balkanot-prvi-sluchai-na-predozirane-vo-slovenija/ Sat, 24 Feb 2024 08:44:11 +0000 https://republika.mk/?p=747704

Фентанил, дрогата за зомби, се приближува на Балканот. Во Словенија се забележани случаи на фатални предозирања, а причина за загриженост е тоа што се работи за исклучително силен опијат кој лесно се пушта на црниот пазар.

Цела Европа е во голем страв од ширењето на фентанил и неговите деривати на црниот пазар. Станува збор за опијат познат во јавноста како дрога за зомби што ги преплави САД и од чии разорни ефекти годишно умираат приближно 100.000 зависници во таа земја.

Фентанил стигна до улиците од здравствените установи, каде што законски се користи за ублажување на болката кај пациенти со напредна фаза на малигни заболувања. Неговото дејство е слично на морфинот, но е приближно сто пати посилно. Затоа, зависниците од хероин на улица често посегнуваат по него.

Посебно загрижува тоа што и едно консумирање може да го претвори човекот во сериозен зависник, а многу мала количина може да доведе до срцев удар. Доволно е одреден број луѓе да нарачаат фентанил преку Интернет, кој поради непрофесионално ракување, особено од страна на деца и малолетници, вдишување прашина од отворен поштенски плик ќе доведе до труење и смрт поради откажување на белите дробови, предупредуваат експертите.

Дилерите во него препознаа предност во однос на другите таканаречени тешки дроги по тоа што може да го произведуваат во импровизирани лаборатории, односно не треба да се увезува како хероинот од Авганистан.

Освен тоа, има посилно дејство од хероинот, поевтин е и полесен за шверц. Дилерите често им го испраќаат на своите клиенти по пошта или со писма. Сето горенаведено предизвикува огромни главоболки на полицијата која во САД, но и пошироко во светот на организациите кои се занимаваат со сузбивање на трговијата со опијати.

The post Опасна дрога доаѓа на Балканот, први случаи на предозирање во Словенија appeared first on Република.

]]>

Фентанил, дрогата за зомби, се приближува на Балканот. Во Словенија се забележани случаи на фатални предозирања, а причина за загриженост е тоа што се работи за исклучително силен опијат кој лесно се пушта на црниот пазар. Цела Европа е во голем страв од ширењето на фентанил и неговите деривати на црниот пазар. Станува збор за опијат познат во јавноста како дрога за зомби што ги преплави САД и од чии разорни ефекти годишно умираат приближно 100.000 зависници во таа земја. Фентанил стигна до улиците од здравствените установи, каде што законски се користи за ублажување на болката кај пациенти со напредна фаза на малигни заболувања. Неговото дејство е слично на морфинот, но е приближно сто пати посилно. Затоа, зависниците од хероин на улица често посегнуваат по него. Посебно загрижува тоа што и едно консумирање може да го претвори човекот во сериозен зависник, а многу мала количина може да доведе до срцев удар. Доволно е одреден број луѓе да нарачаат фентанил преку Интернет, кој поради непрофесионално ракување, особено од страна на деца и малолетници, вдишување прашина од отворен поштенски плик ќе доведе до труење и смрт поради откажување на белите дробови, предупредуваат експертите. Дилерите во него препознаа предност во однос на другите таканаречени тешки дроги по тоа што може да го произведуваат во импровизирани лаборатории, односно не треба да се увезува како хероинот од Авганистан. Освен тоа, има посилно дејство од хероинот, поевтин е и полесен за шверц. Дилерите често им го испраќаат на своите клиенти по пошта или со писма. Сето горенаведено предизвикува огромни главоболки на полицијата која во САД, но и пошироко во светот на организациите кои се занимаваат со сузбивање на трговијата со опијати.

The post Опасна дрога доаѓа на Балканот, први случаи на предозирање во Словенија appeared first on Република.

]]>
САД воведоа санкции за кинески и канадски компании и поединци поради шверц на фентанил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-vovedoa-sanktsii-za-kineski-i-kanadski-kompanii-i-poedintsi-poradi-shverts-na-fentanil/ Wed, 04 Oct 2023 07:53:55 +0000 https://republika.mk/?p=687706

Американските власти синоќа објавија обвиненија и санкции против 14 поединци и 14 компании од Кина и Канада во врска со увозот на фентанил во САД. Тоа е една од најголемите акции што ги презема американската администрација против илегалната трговија со оваа смртоносна дрога.

„Тука сме да испратиме порака во име на Владата на САД. Знаеме кој е одговорен за труењето на Американците со фентанил. Знаеме дека овој глобален синџир на снабдување со фентанил, што резултира со смрт на Американците, често започнува со хемиски компании во Кина“, им изјави на новинарите американскиот министер за правда Мерик Гарланд.

Американското Министерство за финансии соопшти во соопштение дека вовело санкции против 28 поединци и субјекти вклучени во меѓународната трговија со нелегални дроги, вклучително и голема мрежа со седиште во Кина.

The post САД воведоа санкции за кинески и канадски компании и поединци поради шверц на фентанил appeared first on Република.

]]>

Американските власти синоќа објавија обвиненија и санкции против 14 поединци и 14 компании од Кина и Канада во врска со увозот на фентанил во САД. Тоа е една од најголемите акции што ги презема американската администрација против илегалната трговија со оваа смртоносна дрога.
„Тука сме да испратиме порака во име на Владата на САД. Знаеме кој е одговорен за труењето на Американците со фентанил. Знаеме дека овој глобален синџир на снабдување со фентанил, што резултира со смрт на Американците, често започнува со хемиски компании во Кина“, им изјави на новинарите американскиот министер за правда Мерик Гарланд.
Американското Министерство за финансии соопшти во соопштение дека вовело санкции против 28 поединци и субјекти вклучени во меѓународната трговија со нелегални дроги, вклучително и голема мрежа со седиште во Кина.

The post САД воведоа санкции за кинески и канадски компании и поединци поради шверц на фентанил appeared first on Република.

]]>
Четири кинески компании и осум кинески државјани се обвинети во САД за трговија со фентанил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chetiri-kineski-kompanii-i-osum-kineski-drzhavjani-se-obvineti-vo-sad-za-trgovija-so-fentanil/ Fri, 23 Jun 2023 18:37:59 +0000 https://republika.mk/?p=654537

Четири кинески компании се обвинети во САД за тргување со хемиски производи за производство на фентанил, опасен опиоиден лек, соопшти денеска американскиот министер за правда Мерик Гарланд.

Обвинети се и осум вработени или функционери на тие компании, а двајца од нив се уапсени, додаде Гарланд на прес-конференција.

Само една од компаниите беше обвинета дека увезла во САД повеќе од 200 килограми хемиски супстанци за производство на повеќе од 50 килограми фентанил, што, како што рече министерот, било „доволно да убие 25 милиони Американци“.

Фентанил, синтетичка опиоидна дрога која е 50 пати помоќна од хероинот, денес е водечка причина за смрт кај Американците на возраст од 18 до 49 години.

Кина го забрани извозот на фентанил во САД во 2019 година.

The post Четири кинески компании и осум кинески државјани се обвинети во САД за трговија со фентанил appeared first on Република.

]]>

Четири кинески компании се обвинети во САД за тргување со хемиски производи за производство на фентанил, опасен опиоиден лек, соопшти денеска американскиот министер за правда Мерик Гарланд. Обвинети се и осум вработени или функционери на тие компании, а двајца од нив се уапсени, додаде Гарланд на прес-конференција. Само една од компаниите беше обвинета дека увезла во САД повеќе од 200 килограми хемиски супстанци за производство на повеќе од 50 килограми фентанил, што, како што рече министерот, било „доволно да убие 25 милиони Американци“. Фентанил, синтетичка опиоидна дрога која е 50 пати помоќна од хероинот, денес е водечка причина за смрт кај Американците на возраст од 18 до 49 години. Кина го забрани извозот на фентанил во САД во 2019 година.

The post Четири кинески компании и осум кинески државјани се обвинети во САД за трговија со фентанил appeared first on Република.

]]>
Во Мексико конфискувани 300 килограми таблети фентанил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-meksiko-konfiskuvani-300-kilogrami-tableti-fentanil/ Sat, 03 Dec 2022 10:07:59 +0000 https://republika.mk/?p=581274

Обвинителството на Мексико денеска соопшти дека пред два дена биле откриени и конфискувани 300 килограми таблети фентанил. Дрогата била откриена во камион што превезувал кокосови ореви.

Мексико произведува најголем дел од фентанилот што влегува во САД, користејќи хемиски прекурсори увезени од Кина и од други места.

Во САД од предозирање со фентанил годишно има десетици илјади смртни случаи. Фенталинот е исклучително силна синтетичка дрога.

The post Во Мексико конфискувани 300 килограми таблети фентанил appeared first on Република.

]]>

Обвинителството на Мексико денеска соопшти дека пред два дена биле откриени и конфискувани 300 килограми таблети фентанил. Дрогата била откриена во камион што превезувал кокосови ореви. Мексико произведува најголем дел од фентанилот што влегува во САД, користејќи хемиски прекурсори увезени од Кина и од други места. Во САД од предозирање со фентанил годишно има десетици илјади смртни случаи. Фенталинот е исклучително силна синтетичка дрога.

The post Во Мексико конфискувани 300 килограми таблети фентанил appeared first on Република.

]]>