фемицид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/femicid/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Nov 2024 16:41:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фемицид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/femicid/ 32 32 Невладините бараат убиството на штипјанката Емилија Пешева да се квалификува како фемицид https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nevladinite-baraat-ubistvoto-na-shtipjankata-emilija-pesheva-da-se-kvalifikuva-kako-femitsid/ Sun, 03 Nov 2024 16:41:06 +0000 https://republika.mk/?p=833818

Убиството на 29-годишната Емилија Пешева е фемицид. Невладините организации кои работат на женските права и со жртвите на семејно насилство се согласни дека убиството на Пешева треба да се квалификува како фемицид.  Жртвата  претходно пријавила насилство, но постапката против Ф.З кој го изврши убиството врз неа ја има запрено на 2 септември потврдија и од Центарот за социјални работи во Штип.

Образложението и било дека предупредувањето од полицијата имало влијание врз неговото однесување, но и дека ќе ја заштитат родителите.  Бети Пеева од Невладината „ЕХО“ од Штип за МИА вели дека подолг временски период бараат законски измени, со цел кривичното гонење против насилнокот да оди по службена должност.

Ние имаме кривично гонење по предлог на жртвата, а голем дел од нив ги повлекуваат своите пријави до Полицијата и може да се случи дури и кога ќе биде покреното и кривично гонење може странката во меѓувреме да ја повлече таа пријава и тогаш институциите остануваат токму со врзани раце и не можат да преземат ништо во таа смисла. Поради тоа често се случува самите насилници да добијат уште поголема сила и моќ да продолжат понатаму со насилството, вели Пеева.

Таа посочува дека во пракса се случува многу често и какошто вели еве за жал какошто е завчерашниот фемицид во Штип на ваков начин и ескалираат.

Психологот, Стојне Митева од струмичкото Здружение „Скај плус“ кое раководи со шелтер центар вели дека во изминатиот период имаат згрижено голем број на жртви на семејно насилство од Штип и тоа какошто вели меѓу кои и тешки форми на насилство.

Сметам дека овде треба да го кренеме алармот, да се зголеми координацијата меѓу институциите и многу внимателно  да се следат насилниците. Бидејќи праксата покажува дека, честопати насилството, прераснува во убиство за жал. Убиството на жени е фемицид и важно е така да се квалификува, бидејќи оваа и многу други жени се убиени само затоа што се жени, вели Митева.

Таа посочува дека во шелтер центарот во Струмица во текот на годинава се згрижени околу 30 жртви на семејно насилство, заедно со нивните деца. Во Штип завчера беше убиена Пешева од нејзиниот поранешен партнер, кој претходно има и извршено насилство. На сторителот на делото му е одредена мерка притвор од 30 дена. Инаку казните за сторено кривично дело фемицид се движат од 10 години до доживотен затвор.

The post Невладините бараат убиството на штипјанката Емилија Пешева да се квалификува како фемицид appeared first on Република.

]]>

Убиството на 29-годишната Емилија Пешева е фемицид. Невладините организации кои работат на женските права и со жртвите на семејно насилство се согласни дека убиството на Пешева треба да се квалификува како фемицид.  Жртвата  претходно пријавила насилство, но постапката против Ф.З кој го изврши убиството врз неа ја има запрено на 2 септември потврдија и од Центарот за социјални работи во Штип. Образложението и било дека предупредувањето од полицијата имало влијание врз неговото однесување, но и дека ќе ја заштитат родителите.  Бети Пеева од Невладината „ЕХО“ од Штип за МИА вели дека подолг временски период бараат законски измени, со цел кривичното гонење против насилнокот да оди по службена должност.
Ние имаме кривично гонење по предлог на жртвата, а голем дел од нив ги повлекуваат своите пријави до Полицијата и може да се случи дури и кога ќе биде покреното и кривично гонење може странката во меѓувреме да ја повлече таа пријава и тогаш институциите остануваат токму со врзани раце и не можат да преземат ништо во таа смисла. Поради тоа често се случува самите насилници да добијат уште поголема сила и моќ да продолжат понатаму со насилството, вели Пеева.
Таа посочува дека во пракса се случува многу често и какошто вели еве за жал какошто е завчерашниот фемицид во Штип на ваков начин и ескалираат. Психологот, Стојне Митева од струмичкото Здружение „Скај плус“ кое раководи со шелтер центар вели дека во изминатиот период имаат згрижено голем број на жртви на семејно насилство од Штип и тоа какошто вели меѓу кои и тешки форми на насилство.
Сметам дека овде треба да го кренеме алармот, да се зголеми координацијата меѓу институциите и многу внимателно  да се следат насилниците. Бидејќи праксата покажува дека, честопати насилството, прераснува во убиство за жал. Убиството на жени е фемицид и важно е така да се квалификува, бидејќи оваа и многу други жени се убиени само затоа што се жени, вели Митева.
Таа посочува дека во шелтер центарот во Струмица во текот на годинава се згрижени околу 30 жртви на семејно насилство, заедно со нивните деца. Во Штип завчера беше убиена Пешева од нејзиниот поранешен партнер, кој претходно има и извршено насилство. На сторителот на делото му е одредена мерка притвор од 30 дена. Инаку казните за сторено кривично дело фемицид се движат од 10 години до доживотен затвор.

The post Невладините бараат убиството на штипјанката Емилија Пешева да се квалификува како фемицид appeared first on Република.

]]>
До смрт претепана 23-годишна Србинка од нејзиниот партнер https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/do-smrt-pretepana-23-godishna-srbinka-od-nejziniot-partner/ Tue, 29 Oct 2024 09:47:57 +0000 https://republika.mk/?p=831941

Србин до смрт ја претепал својата девојка во нов страшен случај на фемицид во Србија.

Станува збор за 23-годишниот Д.И. кој со тупаници по главата и телото ја тепал неговата 23-годишна девојка, по што повикал Брза помош тврдејќи дека ѝ се слошило.

Според неофицијалните информации на „Блиц“, лекарите ја затекнале несреќната жена веќе мртва и со цело тело покриено со модринки.

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Крушевац, наредена е обдукција.

Полицијата во Александровац го уапсила Д.И., а по наредба на вишиот јавен обвинител во Крушевац, на осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.

The post До смрт претепана 23-годишна Србинка од нејзиниот партнер appeared first on Република.

]]>

Србин до смрт ја претепал својата девојка во нов страшен случај на фемицид во Србија. Станува збор за 23-годишниот Д.И. кој со тупаници по главата и телото ја тепал неговата 23-годишна девојка, по што повикал Брза помош тврдејќи дека ѝ се слошило. Според неофицијалните информации на „Блиц“, лекарите ја затекнале несреќната жена веќе мртва и со цело тело покриено со модринки. По наредба на Вишото јавно обвинителство во Крушевац, наредена е обдукција. Полицијата во Александровац го уапсила Д.И., а по наредба на вишиот јавен обвинител во Крушевац, на осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.

The post До смрт претепана 23-годишна Србинка од нејзиниот партнер appeared first on Република.

]]>
Албанец си ја задавил сопругата пред очите на децата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/albanets-si-ja-zadavil-soprugata-pred-ochite-na-detsata/ Wed, 09 Oct 2024 13:29:01 +0000 https://republika.mk/?p=824634

Триесетгодишен Албанец е уапсен под сомнение дека ја убил сопругата (24) пред очите на нивните малолетни деца во семејната куќа во Сан Феличе а Канчело, кај Казерта, Италија.

Убиството се случило утрово околу 5 часот, а полицијата во куќата затекнала грозоморна сцена.

Мртвата жена лежела на подот додека нивните деца, на возраст од четири и шест години, биле покрај неа. Според реконструкцијата на настанот, мажот за време на расправијата збеснал и со голи раце ја задавил жената пред очите на децата.

Причината за расправијата сè уште не е позната, а во тек е полициска истрага.

The post Албанец си ја задавил сопругата пред очите на децата appeared first on Република.

]]>

Триесетгодишен Албанец е уапсен под сомнение дека ја убил сопругата (24) пред очите на нивните малолетни деца во семејната куќа во Сан Феличе а Канчело, кај Казерта, Италија. Убиството се случило утрово околу 5 часот, а полицијата во куќата затекнала грозоморна сцена. Мртвата жена лежела на подот додека нивните деца, на возраст од четири и шест години, биле покрај неа. Според реконструкцијата на настанот, мажот за време на расправијата збеснал и со голи раце ја задавил жената пред очите на децата. Причината за расправијата сè уште не е позната, а во тек е полициска истрага.

The post Албанец си ја задавил сопругата пред очите на децата appeared first on Република.

]]>
Доживотен затвор за мажот кој со 40 убоди од нож уби мајка на три деца од Кочани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dozhivoten-zatvor-za-mazhot-koj-so-40-ubodi-od-nozh-ubi-majka-na-tri-detsa-od-kochani/ Thu, 18 Apr 2024 12:15:40 +0000 https://republika.mk/?p=767552

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело – Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна – доживотен затвор, соопшти денеска ОЈО.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/jas-nema-da-zhiveam-ama-nema-ni-taa-prijavata-na-ubienata-kochanchanka-ne-bila-sfatena-seriozno/

Обвинетиот, на 25.09.2023 година на свиреп начин лиши од живот жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож. Во обвинението, Основното јавно обвинителство Кочани го товареше обвинетиот и за кривично дело – Уцена кон истата оштетена, сторено пред убиството. Меѓутоа тоа дело обвинетиот не го призна, постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка, се вели во соопштението.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/planirano-go-zel-nozhot-od-doma-dobro-znael-po-koj-pat-taa-se-dvizhi-istraga-i-pritvor-za-ubietsot-od-kochani/

The post Доживотен затвор за мажот кој со 40 убоди од нож уби мајка на три деца од Кочани appeared first on Република.

]]>

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело – Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна – доживотен затвор, соопшти денеска ОЈО. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/jas-nema-da-zhiveam-ama-nema-ni-taa-prijavata-na-ubienata-kochanchanka-ne-bila-sfatena-seriozno/
Обвинетиот, на 25.09.2023 година на свиреп начин лиши од живот жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож. Во обвинението, Основното јавно обвинителство Кочани го товареше обвинетиот и за кривично дело – Уцена кон истата оштетена, сторено пред убиството. Меѓутоа тоа дело обвинетиот не го призна, постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка, се вели во соопштението.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/planirano-go-zel-nozhot-od-doma-dobro-znael-po-koj-pat-taa-se-dvizhi-istraga-i-pritvor-za-ubietsot-od-kochani/

The post Доживотен затвор за мажот кој со 40 убоди од нож уби мајка на три деца од Кочани appeared first on Република.

]]>
Маж си ја уби сопругата, претходно неколку пати бил пријавуван за семејно насилство https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mazh-si-ja-ubi-soprugata-prethodno-nekolku-pati-bil-prijavuvan-za-semejno-nasilstvo/ Tue, 16 Apr 2024 11:34:43 +0000 https://republika.mk/?p=766709

Женско лице е убиено во градот Пеќ во Косово, а осомничен за злосторот е нејзиниот сопруг, кој, како што јавија медиумите, ѝ се предал на полицијата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Случајот за медиумите го потврди портпаролот на Основното обвинителство во Пеќ, Шкодран Никчи, кој информира дека убиството се случило со огнено оружје. Осомничениот е уапсен, а на местото на настанот пристигнале соодветни екипи.

Во Пеќ се случи убиство, при што се сомнева дека сопругот ѝ го одзел животот на сопругата во стан во центарот на градот. Во моментов на местото на настанот се главниот обвинител, обвинител и сите релевантни екипи. Осомничениот е уапсен, изјави Никчи.

[caption id="attachment_766711" align="aligncenter" width="696"] фото: Дукаѓини[/caption]

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил денеска во 8 часот и 15 минути.

Денеска околу 08:15 часот полицијата е известена дека на улицата „Бил Клинтон“ во Пеќ се случил инцидент, полицијата веднаш излегла на местото на настанот, како и лекарска екипа, која констатирала смрт кај жртвата (женска ), осомничениот во овој случај е уапсен и се наоѓа во просториите на Полициската станица во Пеќ, се наведува во соопштението на портпаролот на полицијата за регионот на Пеќ, Дритон Ругова.

Според медиумите, се работи за брачна двојка на околу 45-годишна возраст кои заеднички имаат три деца.  Мотивите за убиството се уште не се познати.

Ова е втор случај на фемицид за неколку дена на Косово.

Во петокот (12 април) 21-годишна жена беше застрелана во Урошевац во Центарот за социјална работа од страна на поранешниот сопруг. Притоа беше ранет и 15-годишниот брат на жртвата.

Медиумите известуваат дека и двајцата сторители на убиствата веќе биле пријавувани во неколку наврати за семејно насилство.

Вчера во Приштина се одрза протест на невладини организации со барање до институциите да преземат мерки за заштита на девојките и жените.

The post Маж си ја уби сопругата, претходно неколку пати бил пријавуван за семејно насилство appeared first on Република.

]]>

Женско лице е убиено во градот Пеќ во Косово, а осомничен за злосторот е нејзиниот сопруг, кој, како што јавија медиумите, ѝ се предал на полицијата, јави дописникот на МИА од Приштина. Случајот за медиумите го потврди портпаролот на Основното обвинителство во Пеќ, Шкодран Никчи, кој информира дека убиството се случило со огнено оружје. Осомничениот е уапсен, а на местото на настанот пристигнале соодветни екипи.
Во Пеќ се случи убиство, при што се сомнева дека сопругот ѝ го одзел животот на сопругата во стан во центарот на градот. Во моментов на местото на настанот се главниот обвинител, обвинител и сите релевантни екипи. Осомничениот е уапсен, изјави Никчи.
[caption id="attachment_766711" align="aligncenter" width="696"] фото: Дукаѓини[/caption] Полицијата соопшти дека инцидентот се случил денеска во 8 часот и 15 минути.
Денеска околу 08:15 часот полицијата е известена дека на улицата „Бил Клинтон“ во Пеќ се случил инцидент, полицијата веднаш излегла на местото на настанот, како и лекарска екипа, која констатирала смрт кај жртвата (женска ), осомничениот во овој случај е уапсен и се наоѓа во просториите на Полициската станица во Пеќ, се наведува во соопштението на портпаролот на полицијата за регионот на Пеќ, Дритон Ругова.
Според медиумите, се работи за брачна двојка на околу 45-годишна возраст кои заеднички имаат три деца.  Мотивите за убиството се уште не се познати. Ова е втор случај на фемицид за неколку дена на Косово. Во петокот (12 април) 21-годишна жена беше застрелана во Урошевац во Центарот за социјална работа од страна на поранешниот сопруг. Притоа беше ранет и 15-годишниот брат на жртвата. Медиумите известуваат дека и двајцата сторители на убиствата веќе биле пријавувани во неколку наврати за семејно насилство. Вчера во Приштина се одрза протест на невладини организации со барање до институциите да преземат мерки за заштита на девојките и жените.

The post Маж си ја уби сопругата, претходно неколку пати бил пријавуван за семејно насилство appeared first on Република.

]]>
89.000 девојчиња и жени биле намерно убиени во 2022 година, бројот е најголем во последните две децении https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/89-000-devojchina-i-zheni-bile-namerno-ubieni-vo-2022-godina-brojot-e-najgolem-vo-poslednite-dve-detsenii/ Thu, 23 Nov 2023 07:44:22 +0000 https://republika.mk/?p=715334

Бројот на убиени жени и девојки во светот во 2022 година се искачи на највисоко ниво во последните 20 години, соопштија Обединетите нации.

Околу 89.000 жени и девојчиња биле намерно убиени минатата година, објави телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women) и Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (UNODC).

– Алармантниот број на фемициди е јасен потсетник дека човештвото сè уште се бори со длабоко вкоренетите нееднаквости и насилството врз жените и девојчињата, рече Гада Вели, извршна директорка на УНОДЦ.

– Секој изгубен живот е повик за акција – молба итно да се решат структурните нееднаквости, да се подобрат одговорите на кривичната правда, така што ниту една жена или девојка да не се плаши за својот живот поради нејзиниот пол, нагласи таа.

Повеќе од половина од тие убиства, околу 55 отсто, биле извршени од членови на семејството или партнери, во споредба со околу 12 отсто од машките жртви на убиства. Најмногу убиства на жени и девојки, околу 20.000, се случиле во Африка, а потоа во Азија, стои во извештајот на организациите на ОН.

The post 89.000 девојчиња и жени биле намерно убиени во 2022 година, бројот е најголем во последните две децении appeared first on Република.

]]>

Бројот на убиени жени и девојки во светот во 2022 година се искачи на највисоко ниво во последните 20 години, соопштија Обединетите нации. Околу 89.000 жени и девојчиња биле намерно убиени минатата година, објави телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women) и Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (UNODC).
– Алармантниот број на фемициди е јасен потсетник дека човештвото сè уште се бори со длабоко вкоренетите нееднаквости и насилството врз жените и девојчињата, рече Гада Вели, извршна директорка на УНОДЦ.
– Секој изгубен живот е повик за акција – молба итно да се решат структурните нееднаквости, да се подобрат одговорите на кривичната правда, така што ниту една жена или девојка да не се плаши за својот живот поради нејзиниот пол, нагласи таа. Повеќе од половина од тие убиства, околу 55 отсто, биле извршени од членови на семејството или партнери, во споредба со околу 12 отсто од машките жртви на убиства. Најмногу убиства на жени и девојки, околу 20.000, се случиле во Африка, а потоа во Азија, стои во извештајот на организациите на ОН.

The post 89.000 девојчиња и жени биле намерно убиени во 2022 година, бројот е најголем во последните две децении appeared first on Република.

]]>
Платформата за родова еднаквост од ОЈО бара преквалификување на убиството во Кочани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/platformata-za-rodova-ednakvost-od-ojo-bara-prekvalifikuvane-na-ubistvoto-vo-kochani/ Fri, 29 Sep 2023 12:11:52 +0000 https://republika.mk/?p=686388

Случајот на фемицид, најтешкиот вид на родово-базирано насилство, кога жена беше избодена до смрт, иако претходно го пријавувала сторителот за уцена и барала заштита, Основното јавно обвинителство Кочани го квалификуваше како убиство на свиреп начин. Со тоа се потврдува фактот дека институциите сѐ уште не го препознаваат родово-базираното насилство, се истакнува во денешното соопштение на Платформата за родова еднаквост.

Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради основано сомнение дека сторило кривично дело - убиство, според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. „Осомничениот, на 25 септември, на свиреп начин лишил од живот една жена, нанесувајќи ѝ многубројни убоди со нож. Тој од дома зел кујнски нож и знаејќи го патот по кој оштетената се движи кога оди кон работа, ја пречекал и ѝ задал повеќе убодни рани во пределот на градите, стомакот, вратот и рацете. Од повредите, жртвата починала на лице место“ - стои во соопштението на ЈО Кочани. Ова несомнено покажува дека фемицидот како родово-базирано насилство, повторно не е препознаено, се нагласува во соопштението.

Од Платформата за родова еднаквост бараат Основното јавно обвинителство да го „преквалификува кривичното дело - фемицидот во Кочани, согласно член 123, став 2, точка 2а - друг ќе лиши од живот жена или девојче до 18 години, при вршење на родово-базирано насилство, согласно последните измени на Кривичниот законик“.

Платформата за родова еднаквост ќе поднесе барање до државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски, за преквалификување на делото, согласно член 123 став 2, точка 2а, се додава во соопштението.

 

The post Платформата за родова еднаквост од ОЈО бара преквалификување на убиството во Кочани appeared first on Република.

]]>

Случајот на фемицид, најтешкиот вид на родово-базирано насилство, кога жена беше избодена до смрт, иако претходно го пријавувала сторителот за уцена и барала заштита, Основното јавно обвинителство Кочани го квалификуваше како убиство на свиреп начин. Со тоа се потврдува фактот дека институциите сѐ уште не го препознаваат родово-базираното насилство, се истакнува во денешното соопштение на Платформата за родова еднаквост.
Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради основано сомнение дека сторило кривично дело - убиство, според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. „Осомничениот, на 25 септември, на свиреп начин лишил од живот една жена, нанесувајќи ѝ многубројни убоди со нож. Тој од дома зел кујнски нож и знаејќи го патот по кој оштетената се движи кога оди кон работа, ја пречекал и ѝ задал повеќе убодни рани во пределот на градите, стомакот, вратот и рацете. Од повредите, жртвата починала на лице место“ - стои во соопштението на ЈО Кочани. Ова несомнено покажува дека фемицидот како родово-базирано насилство, повторно не е препознаено, се нагласува во соопштението.
Од Платформата за родова еднаквост бараат Основното јавно обвинителство да го „преквалификува кривичното дело - фемицидот во Кочани, согласно член 123, став 2, точка 2а - друг ќе лиши од живот жена или девојче до 18 години, при вршење на родово-базирано насилство, согласно последните измени на Кривичниот законик“. Платформата за родова еднаквост ќе поднесе барање до државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски, за преквалификување на делото, согласно член 123 став 2, точка 2а, се додава во соопштението.  

The post Платформата за родова еднаквост од ОЈО бара преквалификување на убиството во Кочани appeared first on Република.

]]>
Фемицид станува кривично дело, напад врз медиумски работник ќе се смета за напад на службено лице https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/femicid-stanuva-krivichno-delo-napad-vrz-mediumski-rabotnik-kje-se-smeta-za-napad-na-sluzbeno-lice/ Wed, 14 Dec 2022 15:07:43 +0000 https://republika.mk/?p=585649

Се воведуваат нови кривични дела: родово базирано насилство, фемицид, полово вознемирување, а нападот на новинар или друг медиумски работник ќе се смета за напад на службено лице, за што е предвиден затвор до 10 години. Ова е дел од измените на Кривичниот законик, кои во Комисијата за европски прашања добија 8 амандмани – усогласени и изгласани од сите пратеници и прифатени од Министерството за правда.

Фемицидот, насилството против жените и девојчињата, половото вознемирување, силувањето од интимниот партнер, барањето сексуални услуги од носители на функции и други дела кои ја имаат како основа родовата припадност на жртвата, ќе бидат осудувани парично или со казна затвор од неколку години. Измените на Кривичниот законик беа договорени меѓу пратеничките од сите партии.

И убиството или нападот на новинар или на друг медиумски работник ќе се смета за насилство врз лице што професионално врши работа од јавен интерес. Казната е 10 години или доживотен затвор. Министерот Никола Тупанчевски ги прифати сите 6 амандмани на пратеничките и двата од Комисијата за европски прашања, кои едногласно станаа дел од предложените измени на Кривичниот законик.

The post Фемицид станува кривично дело, напад врз медиумски работник ќе се смета за напад на службено лице appeared first on Република.

]]>

Се воведуваат нови кривични дела: родово базирано насилство, фемицид, полово вознемирување, а нападот на новинар или друг медиумски работник ќе се смета за напад на службено лице, за што е предвиден затвор до 10 години. Ова е дел од измените на Кривичниот законик, кои во Комисијата за европски прашања добија 8 амандмани – усогласени и изгласани од сите пратеници и прифатени од Министерството за правда. Фемицидот, насилството против жените и девојчињата, половото вознемирување, силувањето од интимниот партнер, барањето сексуални услуги од носители на функции и други дела кои ја имаат како основа родовата припадност на жртвата, ќе бидат осудувани парично или со казна затвор од неколку години. Измените на Кривичниот законик беа договорени меѓу пратеничките од сите партии. И убиството или нападот на новинар или на друг медиумски работник ќе се смета за насилство врз лице што професионално врши работа од јавен интерес. Казната е 10 години или доживотен затвор. Министерот Никола Тупанчевски ги прифати сите 6 амандмани на пратеничките и двата од Комисијата за европски прашања, кои едногласно станаа дел од предложените измени на Кривичниот законик.

The post Фемицид станува кривично дело, напад врз медиумски работник ќе се смета за напад на службено лице appeared first on Република.

]]>