Фелипе Гонзалес Моралес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/felipe-gonzales-morales/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Jul 2022 15:23:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фелипе Гонзалес Моралес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/felipe-gonzales-morales/ 32 32 Се бара ист третман на украинските и неукраинските бегалци: ОН ја обвини Полска за двојни стандарди https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-bara-ist-tretman-na-ukrainskite-i-neukrainskite-begalci-on-ja-obvini-polska-za-dvojni-standardi/ Thu, 28 Jul 2022 15:58:52 +0000 https://republika.mk/?p=534344

Специјалниот известувач на Обединетите нации за бегалци, Фелипе Гонзалес Моралес, порача дека полските власти треба да престанат да притвораат мигранти на границата со Белорусија и да го прекинат нивниот „многу поинаков“ третман кон украинските и неукраинските бегалци.

Моралес ги пофали полските власти и жителите за обезбедување заштита и помош на повеќе од два милиони украински бегалци, пречекувајќи ги во нивните домови од почетокот на руската инвазија.

Сепак, бегалците кои бегаат од Украина, а кои не се по потекло од Украина, се соочуваат со потешкотии во добивањето дозволи за престој и засолниште и немаат еднаква правна заштита - истакна Моралес.

Меѓу бегалците кои бегаат од Украина има и државјани на трети земји, често од Блискиот Исток, Азија и Африка, кои студирале или работеле во таа земја.

Со загриженост забележувам дека овој пристап на двојни стандарди доведе до чувство на дискриминација меѓу државјаните на трети земји - порача Моралес по посетата на Полска и Белорусија од 12 до 25 јули.

Покрај бегалците од војната во Украина, од 2021 година Полска се соочува и со обиди за преминување на границата со Белорусија од десетици илјади бегалци, повеќето од Блискиот Исток и Авганистан.

Таа криза ја поттикна Полска да воспостави вонредна зона, да изгради ограда и да почне кампања за враќање на мигрантите.

Моралес тврди дека тие „рутински“ се приведувани во близина на границата, а меѓу нив има и деца, што е кршење на меѓународното хуманитарно право.

Ја повикав Полска да го користи притворот на мигрантите како последна можна мерка за да се запре практиката на притворање деца - порача Моралес и ги повика властите „веднаш да ги ослободат децата без придружба, децата со семејства, бремените жени и лицата со ментални потешкотии“.

The post Се бара ист третман на украинските и неукраинските бегалци: ОН ја обвини Полска за двојни стандарди appeared first on Република.

]]>

Специјалниот известувач на Обединетите нации за бегалци, Фелипе Гонзалес Моралес, порача дека полските власти треба да престанат да притвораат мигранти на границата со Белорусија и да го прекинат нивниот „многу поинаков“ третман кон украинските и неукраинските бегалци. Моралес ги пофали полските власти и жителите за обезбедување заштита и помош на повеќе од два милиони украински бегалци, пречекувајќи ги во нивните домови од почетокот на руската инвазија.
Сепак, бегалците кои бегаат од Украина, а кои не се по потекло од Украина, се соочуваат со потешкотии во добивањето дозволи за престој и засолниште и немаат еднаква правна заштита - истакна Моралес.
Меѓу бегалците кои бегаат од Украина има и државјани на трети земји, често од Блискиот Исток, Азија и Африка, кои студирале или работеле во таа земја.
Со загриженост забележувам дека овој пристап на двојни стандарди доведе до чувство на дискриминација меѓу државјаните на трети земји - порача Моралес по посетата на Полска и Белорусија од 12 до 25 јули.
Покрај бегалците од војната во Украина, од 2021 година Полска се соочува и со обиди за преминување на границата со Белорусија од десетици илјади бегалци, повеќето од Блискиот Исток и Авганистан. Таа криза ја поттикна Полска да воспостави вонредна зона, да изгради ограда и да почне кампања за враќање на мигрантите. Моралес тврди дека тие „рутински“ се приведувани во близина на границата, а меѓу нив има и деца, што е кршење на меѓународното хуманитарно право.