фејзбук Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fejzbuk/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Sep 2023 18:06:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фејзбук Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fejzbuk/ 32 32 Се укинува опцијата „Фејзбук њуз“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/se-ukinuva-optsijata-fejzbuk-nuz/ Wed, 06 Sep 2023 18:58:04 +0000 https://republika.mk/?p=679443

Компанијата Фејзбук соопшти дека ја укинува својата рубрика за вести „Фејзбук њуз“ во Велика Британија, Франција и Германија на почетокот на декември и оти ќе се сосредоточи на кратките видеосодржини.

Одлуката за „Фејзбук њуз“ е донесена во согласност со стратегијата за насочување на ресурсите во областите коишто од поголем интерес за корисниците. Според Фејзбук , вестите како содржина имаат помалку од три отсто од прегледите на платформата на светско ниво. Корисниците ја посетуваат платформата првенствено за социјални врски и истражување на интересите, а не за вести и политички содржини, тврдат од компанијата.

Оваа промена нема да влијае на другите производи и услуги на „Мета“ во Британија, Франција и Германија. Корисниците сè уште ќе можат да пристапуваат до написите со вести преку споделени врски. Европските издавачи ќе го задржат пристапот до нивните сметки и страници на Фејзбук , што им овозможува да објавуваат линкови и да ги насочуваат корисниците кон надворешните интернет-страници.

Издавачите, исто така, може да ги користат видеоролните („reels“) и услугата за реклами, за да допрат до поширока публика и да го задржат целиот приход од надворешните врски. Фејзбук ќе ги почитува договорите со издавачите во Велика Британија, Франција и Германија додека не истечат, но не планира нови зделки за објавување вести на „Фејзбук њуз“.

Се посочува и дека социјалната мрежа не подготвува нови производи приспособени за издавачите, истакнувајќи дека ќе истрае во поврзувањето на корисниците со веродостојни вести. Компанијата, се наведува, соработува со независни проверувачи на факти, сертифицирани од Меѓународната мрежа за проверка на факти, во анализата и евалуацијата на можните дезинформации на платформата.

The post Се укинува опцијата „Фејзбук њуз“ appeared first on Република.

]]>

Компанијата Фејзбук соопшти дека ја укинува својата рубрика за вести „Фејзбук њуз“ во Велика Британија, Франција и Германија на почетокот на декември и оти ќе се сосредоточи на кратките видеосодржини. Одлуката за „Фејзбук њуз“ е донесена во согласност со стратегијата за насочување на ресурсите во областите коишто од поголем интерес за корисниците. Според Фејзбук , вестите како содржина имаат помалку од три отсто од прегледите на платформата на светско ниво. Корисниците ја посетуваат платформата првенствено за социјални врски и истражување на интересите, а не за вести и политички содржини, тврдат од компанијата. Оваа промена нема да влијае на другите производи и услуги на „Мета“ во Британија, Франција и Германија. Корисниците сè уште ќе можат да пристапуваат до написите со вести преку споделени врски. Европските издавачи ќе го задржат пристапот до нивните сметки и страници на Фејзбук , што им овозможува да објавуваат линкови и да ги насочуваат корисниците кон надворешните интернет-страници. Издавачите, исто така, може да ги користат видеоролните („reels“) и услугата за реклами, за да допрат до поширока публика и да го задржат целиот приход од надворешните врски. Фејзбук ќе ги почитува договорите со издавачите во Велика Британија, Франција и Германија додека не истечат, но не планира нови зделки за објавување вести на „Фејзбук њуз“. Се посочува и дека социјалната мрежа не подготвува нови производи приспособени за издавачите, истакнувајќи дека ќе истрае во поврзувањето на корисниците со веродостојни вести. Компанијата, се наведува, соработува со независни проверувачи на факти, сертифицирани од Меѓународната мрежа за проверка на факти, во анализата и евалуацијата на можните дезинформации на платформата.

The post Се укинува опцијата „Фејзбук њуз“ appeared first on Република.

]]>
Фејсбук се извини за „ненамерното“ автоматско испраќање пријателства https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/fejsbuk-se-izvini-za-nenamernoto-avtomatsko-isprakane-prijatelstva/ Sun, 21 May 2023 17:31:14 +0000 https://republika.mk/?p=643330

Компанијата Фејсбук се огласи за случајот кога илјадници корисници дознаа дека автоматски од нивните профили на социјалната мрежа биле испратени барања за пријателство до случајни луѓе чии профили другите корисници ги прегледале.

Многу корисници добиле известување од социјалната мрежа.

Прегледајте ги барањата за пријателство во дневникот на активности. Неодамна решивме проблем поради кој некои барања за пријателство беа испратени по грешка. Се извинуваме и ги откажавме барањата за пријателство што беа испратени поради оваа грешка. Може да го отворите дневникот за активности за да ги прегледате барањата за пријателство што сте ги испратиле или примиле“, гласи пораката од комапнијата.

Ваквиот своевиден интернет-хаос настана кога некои корисници препознале дека социјалната мрежа Фејсбук самата испраќа барања за пријателство до профили прегледани од корисникот „испраќач“ или до сосем непознати луѓе. Проблемот се појави на светско ниво.

The post Фејсбук се извини за „ненамерното“ автоматско испраќање пријателства appeared first on Република.

]]>

Компанијата Фејсбук се огласи за случајот кога илјадници корисници дознаа дека автоматски од нивните профили на социјалната мрежа биле испратени барања за пријателство до случајни луѓе чии профили другите корисници ги прегледале. Многу корисници добиле известување од социјалната мрежа.
Прегледајте ги барањата за пријателство во дневникот на активности. Неодамна решивме проблем поради кој некои барања за пријателство беа испратени по грешка. Се извинуваме и ги откажавме барањата за пријателство што беа испратени поради оваа грешка. Може да го отворите дневникот за активности за да ги прегледате барањата за пријателство што сте ги испратиле или примиле“, гласи пораката од комапнијата.
Ваквиот своевиден интернет-хаос настана кога некои корисници препознале дека социјалната мрежа Фејсбук самата испраќа барања за пријателство до профили прегледани од корисникот „испраќач“ или до сосем непознати луѓе. Проблемот се појави на светско ниво.

The post Фејсбук се извини за „ненамерното“ автоматско испраќање пријателства appeared first on Република.

]]>