Фејсал бин Фархан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fejsal-bin-farhan/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Jun 2023 18:17:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фејсал бин Фархан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fejsal-bin-farhan/ 32 32 Затоплување на односите: Шефот на саудиската дипломатија ќе отвори амбасада во Иран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zatopluvane-na-odnosite-shefot-na-saudiskata-diplomatija-ke-otvori-ambasada-vo-iran/ Sat, 17 Jun 2023 18:17:17 +0000 https://republika.mk/?p=652547

Саудискиот министер за надворешни работи, принц Фејсал бин Фархан, пристигна во Техеран, што е уште еден чекор во обновувањето на дипломатските врски помеѓу двата блискоисточни ривали. Предвидено е Фејсал да се сретне со иранскиот колега Хосеин Амирабдолахиан и со претседателот на Иран, Ебрахим Раиси.

Фејсал ќе ја отвори и Амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран.

Ријад и Техеран со посредство на Кина во март се договорија повторно да воспостават дипломатски односи и да отворат своите дипломатски претставништва. Со тоа беше ставен крај на седумгодишните тензии, што претставуваа ризик за регионалната безбедност, вклучително и Јемен, Сирија и Либан. Саудиска Арабија и Иран ги поддржуваат спротивставените страни во регионалните конфликти.

Иранската амбасада во Саудиска Арабија официјално продолжи со работа на 7 јуни. Кралството ги прекина односите со Иран во 2016 година, откако демонстрантите ја нападнаа Амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран како одговор на егзекуцијата на истакнат шиитски свештеник во Ријад.

Од неодамна Иран се обидува да ги подобри заладените односи со неколку арапски земји од Персиски Залив.

The post Затоплување на односите: Шефот на саудиската дипломатија ќе отвори амбасада во Иран appeared first on Република.

]]>

Саудискиот министер за надворешни работи, принц Фејсал бин Фархан, пристигна во Техеран, што е уште еден чекор во обновувањето на дипломатските врски помеѓу двата блискоисточни ривали. Предвидено е Фејсал да се сретне со иранскиот колега Хосеин Амирабдолахиан и со претседателот на Иран, Ебрахим Раиси. Фејсал ќе ја отвори и Амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран. Ријад и Техеран со посредство на Кина во март се договорија повторно да воспостават дипломатски односи и да отворат своите дипломатски претставништва. Со тоа беше ставен крај на седумгодишните тензии, што претставуваа ризик за регионалната безбедност, вклучително и Јемен, Сирија и Либан. Саудиска Арабија и Иран ги поддржуваат спротивставените страни во регионалните конфликти. Иранската амбасада во Саудиска Арабија официјално продолжи со работа на 7 јуни. Кралството ги прекина односите со Иран во 2016 година, откако демонстрантите ја нападнаа Амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран како одговор на егзекуцијата на истакнат шиитски свештеник во Ријад. Од неодамна Иран се обидува да ги подобри заладените односи со неколку арапски земји од Персиски Залив.

The post Затоплување на односите: Шефот на саудиската дипломатија ќе отвори амбасада во Иран appeared first on Република.

]]>