Фејмс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fejms/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jul 2024 12:53:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фејмс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fejms/ 32 32 „Американска приказна“ – концерт на оркестарот ФАМЕ’С со виолинистката Ирина Мурешану вечерва на „Скопско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/amerikanska-prikazna-kontsert-na-orkestarot-fame-s-so-violinistkata-irina-mureshanu-vecherva-na-skopsko-leto/ Mon, 22 Jul 2024 08:26:53 +0000 https://republika.mk/?p=799068

Во рамки на фестивалот „Скопско лето“, вечер од 20:30 часот во Сули ан концерт ќе одржи ФАМЕ’С Институт оркестарот насловен „Американска приказна“ на кој солистка ќе биде американската виолинистка со романско потекло Ирина Мурешану. Ќе бидат изведени популарни класични дела од американски композитори под водство на диригентот Скот Флавин од САД.

Како што најави организаторот на фестивалот, Дирекцијата за култура и уметност-Скопје (ДКУС), меѓу делата кои ќе бидат изведени на концертот се и „West Side Story“ од Бернштајн, во верзија за виолина и оркестар, и „Appalachian Spring“ од Копланд, како и популарни композиции од Скот Џоплин и Хенри Манцини.

-Овој концерт ќе биде заокружување на летната сесија на оркестарските курсеви во рамките на ФАМЕ’С – европски окрестарски изведувачки институт кој претставува музички образовен центар создаден во рамките на компанијата ФАМЕ’С која се занимава со професионално снимање и продукција на музика. Институтот претставува уникатна платформа за професионална музичка едукација, размена на искуства и креативност, наменет за млади талентирани инструменталисти од Европа, во полето на оркестарската музика, како дел од програмата за Паневропски културни ентитети, соопшти ДКУС.

Диригентот Скот Флавин е музичар со сестрана кариера и диригира со различни оркестри во САД и ЕУ. Неодамна е назначен за постојан диригент за престижниот оркестар Symphony of the Americas. Тој е и постојан диригент на орекстарот на Хенри Манцини институтот и настапува со повеќе уметници. Професор е на Eastern Music Festival, каде што предава заедно со познатиот диригент Џерард Шварц.

 

За виолинистката од САД со романско потекло Ирина Мурешану, која ќе биде солист на вечерашниот концерт, ДКУС посочува дека е подеднакво барана на двете страни на Атлантикот, настапувајќи низ САД, Канада, Карибите, Европа, Азија и Јужна Африка. Таа е активен камерен музичар и солист и е член на Бостонското трио. Вонреден професор е на Факултетот за музика и придружниот факултет на Институтот за напредни компјутерски студии на Универзитетот во Мериленд, факултетите на Бостонскиот конзерваториум во Беркли и на музичките катедри на Харвард и МИТ.

-Таа има престижна диплома за уметник и доктор по музички науки од Конзерваториумот Њу Ингланд, каде студирала со легендарната француска виолинистка Мишел Оклер… Ирина Мурешану цврсто се етаблира како вешт уметник за снимање музика, а нејзините авантуристички програми и тематски концепти ја дефинираат како солист и камерен музичар. Лауреат и добитник на врвни награди на неколку престижни меѓународни натпревари за виолина… Сезоната 2023-2024 на г-ѓа Мурешану, покрај настапите во Франција, Србија, Кајманските Острови, Молдавија, голем број фестивали во Соединетите Држави, ја вклучува и Македонија, и тоа со неколку концерти, наведува организаторот на „Скопско лето“.

The post „Американска приказна“ – концерт на оркестарот ФАМЕ’С со виолинистката Ирина Мурешану вечерва на „Скопско лето“ appeared first on Република.

]]>

Во рамки на фестивалот „Скопско лето“, вечер од 20:30 часот во Сули ан концерт ќе одржи ФАМЕ’С Институт оркестарот насловен „Американска приказна“ на кој солистка ќе биде американската виолинистка со романско потекло Ирина Мурешану. Ќе бидат изведени популарни класични дела од американски композитори под водство на диригентот Скот Флавин од САД. Како што најави организаторот на фестивалот, Дирекцијата за култура и уметност-Скопје (ДКУС), меѓу делата кои ќе бидат изведени на концертот се и „West Side Story“ од Бернштајн, во верзија за виолина и оркестар, и „Appalachian Spring“ од Копланд, како и популарни композиции од Скот Џоплин и Хенри Манцини. -Овој концерт ќе биде заокружување на летната сесија на оркестарските курсеви во рамките на ФАМЕ’С – европски окрестарски изведувачки институт кој претставува музички образовен центар создаден во рамките на компанијата ФАМЕ’С која се занимава со професионално снимање и продукција на музика. Институтот претставува уникатна платформа за професионална музичка едукација, размена на искуства и креативност, наменет за млади талентирани инструменталисти од Европа, во полето на оркестарската музика, како дел од програмата за Паневропски културни ентитети, соопшти ДКУС. Диригентот Скот Флавин е музичар со сестрана кариера и диригира со различни оркестри во САД и ЕУ. Неодамна е назначен за постојан диригент за престижниот оркестар Symphony of the Americas. Тој е и постојан диригент на орекстарот на Хенри Манцини институтот и настапува со повеќе уметници. Професор е на Eastern Music Festival, каде што предава заедно со познатиот диригент Џерард Шварц.   За виолинистката од САД со романско потекло Ирина Мурешану, која ќе биде солист на вечерашниот концерт, ДКУС посочува дека е подеднакво барана на двете страни на Атлантикот, настапувајќи низ САД, Канада, Карибите, Европа, Азија и Јужна Африка. Таа е активен камерен музичар и солист и е член на Бостонското трио. Вонреден професор е на Факултетот за музика и придружниот факултет на Институтот за напредни компјутерски студии на Универзитетот во Мериленд, факултетите на Бостонскиот конзерваториум во Беркли и на музичките катедри на Харвард и МИТ. -Таа има престижна диплома за уметник и доктор по музички науки од Конзерваториумот Њу Ингланд, каде студирала со легендарната француска виолинистка Мишел Оклер… Ирина Мурешану цврсто се етаблира како вешт уметник за снимање музика, а нејзините авантуристички програми и тематски концепти ја дефинираат како солист и камерен музичар. Лауреат и добитник на врвни награди на неколку престижни меѓународни натпревари за виолина… Сезоната 2023-2024 на г-ѓа Мурешану, покрај настапите во Франција, Србија, Кајманските Острови, Молдавија, голем број фестивали во Соединетите Држави, ја вклучува и Македонија, и тоа со неколку концерти, наведува организаторот на „Скопско лето“.

The post „Американска приказна“ – концерт на оркестарот ФАМЕ’С со виолинистката Ирина Мурешану вечерва на „Скопско лето“ appeared first on Република.

]]>
Концерт на FAME’S Институтот со композиторката и диригентка Дајен Луи од САД и пејачката Џони Фиори од Велика Британија https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/kontsert-na-fame-s-institutot-so-kompozitorkata-i-dirigentka-dajen-lui-od-sad-i-pejachkata-dhoni-fiori-od-velika-britanija/ Mon, 20 May 2024 09:14:14 +0000 https://republika.mk/?p=780058

ФАМЕС Институтот ќе одржи концерт во ФАМЕС СТУДИО в четврток (23 мај) во 20 часот.

Нашиот оркестар кој го сочинуваат млади талентирани музичари од цела Европа, ќе имаат можност на овој концерт да настапат заедно со познатата композиторка, диригентка и продуцентка Дајен Луи од САД и шармантната пејачка Џони Фиори од Велика Британија.
На програмата на овој концерт ќе бидат изведени композиции од различни музички жанри, од класична, џез, блуз, електронска музика и многу повеќе.
Посетете го нашето ФАМЕС СТУДИО и придружете ни се на ова наше музичко патување, велат организаторите.

Локација: ФАМЕС СТУДИО (Ул. Лазар Поп Трајков 22а, Автокоманда, Скопје)
Датум и време: 23 мај 2024 во 20 часот.

Поради ограничениот број на места во студиото, Ве молиме да го потврдите Вашето присуство до 20-ти мај, 2024 до 17 часот на contact.famesinstitute@gmail.com

The post Концерт на FAME’S Институтот со композиторката и диригентка Дајен Луи од САД и пејачката Џони Фиори од Велика Британија appeared first on Република.

]]>

ФАМЕС Институтот ќе одржи концерт во ФАМЕС СТУДИО в четврток (23 мај) во 20 часот.
Нашиот оркестар кој го сочинуваат млади талентирани музичари од цела Европа, ќе имаат можност на овој концерт да настапат заедно со познатата композиторка, диригентка и продуцентка Дајен Луи од САД и шармантната пејачка Џони Фиори од Велика Британија. На програмата на овој концерт ќе бидат изведени композиции од различни музички жанри, од класична, џез, блуз, електронска музика и многу повеќе. Посетете го нашето ФАМЕС СТУДИО и придружете ни се на ова наше музичко патување, велат организаторите.
Локација: ФАМЕС СТУДИО (Ул. Лазар Поп Трајков 22а, Автокоманда, Скопје) Датум и време: 23 мај 2024 во 20 часот. Поради ограничениот број на места во студиото, Ве молиме да го потврдите Вашето присуство до 20-ти мај, 2024 до 17 часот на contact.famesinstitute@gmail.com

The post Концерт на FAME’S Институтот со композиторката и диригентка Дајен Луи од САД и пејачката Џони Фиори од Велика Британија appeared first on Република.

]]>
ФАМЕС Институтот најави бројни концерти со светски музички имиња во мај и јули во Скопје https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/fames-institutot-najavi-brojni-kontserti-so-svetski-muzichki-imina-vo-maj-i-juli-vo-skopje/ Mon, 13 May 2024 08:29:28 +0000 https://republika.mk/?p=777462

Во рамките на програмата на ФАМЕС Институтот во Скопје, во сабота на 11-ти мај започнува уште еден интересен оркeстарски проект. Како што беше најавено на почетокот на оваа година, а македонската публика уживаше во неколку концерти изминативе месеци, во периодот кој следи, публиката ќе има можност да биде дел од навистина интересни настани, кои заслужуваат да бидат забележани и посетени од љубителите на музичката уметност.

Од почетокот на оваа година е воведен и циклусот концерти наречен FAME’S UNPLUGGED, кој се одржува на нестандардни локации во Скопје, кои не се експлоатирани како концертни простори за класична музика. Така, покрај концертите кои се одржаа во камерната сала на Филхармонија, се реализираа и концерти во Аудиокултура и Лабораториум.

Во рамки на оркестарските курсеви за филмска музика и „кард бланш”, во мај ќе се реализираат три концерти на кои ќе настапат младите музички таленти од оркестарот на ФАМЕС Институтот.

Првиот анплагд концерт на оркестарот на ФАМЕС се најавува за 15-ти мај со почеток во 20 часот и ќе се одржи во КОТУР. Концертот ќе биде предводен од светски познатиот виолист и професор Питер Барсони и е посветен на камерното музицирање. Во рамки на концертната програма ќе бидат изведени дела од Бетовен, Шуберт, Пуланк, Мазас итн.

Значајно е да се истакне дека овие млади музичари учествуваат на оркестарскиот курс за филмска музика, кој се реализира во соработка со еден од најдобрите конзерваториуми во Европа - Музичкиот конзерваториум од Амстердам, предводени од менторот Каве Варес.

По овој концерт следат два исклучително интересни концерти под менторство на реномираната композиторка, диригентка и продуцентка Дајан Луи, а како специјална гостинка ќе настапи сопранот Џони Фиори.

Вториот концерт од циклусот Фејмс Ангплагд, ќе се одржи на 20-ти мај во ЛАБОРАТОРИУМ со почеток во 20 часот. И на овој концерт ќе настапат младите таленти од ФАМЕС оркестарот, но овојпат со разновидна програма која ќе претстави различни музички стилови, од блуз, џез, електронска музика, хип-хоп итн.

Финале на овој курс, воедно и завршница на петтиот по ред семинар, ќе биде концертот кој ќе се одржи во СТУДИОТО ФАМЕС на 23-ти мај, со почеток во 20 часот.

По диригентската палка на Дајен Луи, оркестарот, заедно со Џони Фиори, ќе изведе композиции од Григ, Чајковски, Елингтон многу други.

Дајан Луи е композиторка/текстописец и класично обучена диригентка која има работено со некои од најпознатите имиња, вклучувајќи ги Стиви Вондер, Лајонел Хемптон, Снуп Дог, Тони Бенет, Доли Партон, Ненси Вилсон, Боб Дилан, Пласидо Доминго, Кристина Агилера и многу повеќе. Дајан Луи диригира оркестри ширум светот, вклучувајќи ги Лондонската симфонија, Бостонската симфонија, симфонијата на Сан Франциско, Детроитската симфонија и Кралската филхармонија. Таа има напишано песни и специјален материјал за Academy Awards, Emmys, Grammys, Image Awards, Miss America, HBO's Happily Ever After, Fame and Friends.

Гласот на Џони Фиори се слуша во филмови, реклами и видео игри, проекти како кампањите на Кока-Кола и Американ Ерлајнс, темата на Пауер Ренџерс и на Дизниевиот Херкулес како дел од Трите музи. Дебитирајќи во Вест Енд во 125-та улица, Џони ја одигра лондонската улога на Мотормут Мејбел во „Лак за коса“, во режија на Џек О'Брајан.

За месец јули, во рамки на шестиот семинар на ФАМЕС Институтот, веќе се најавуваат врвни светски музичари кои ќе ги раководат оркестарските курсеви и ќе одржат концерти во Скопје. Ќе се реализираат три концерти на кои ќе настапат младите музички таленти од оркестарот, под менторство на врвни светски солисти. Концертите ќе се одржат на 6-ти и 22-ри јули во рамки на Скопско лето 2024 во соработка со Музичка младина, додека на 15-ти јули ќе се реализира концерт во камерната сала во Филхармонија.

FAME’S европскиот оркестарски изведувачки институт претставува музички образовен центар создаден во рамките на компанијата FAME’S, која се занимава со професионално снимање и продукција на музика. Со седиште во Скопје, центарот претставува уникатна платформа за професионална музичка едукација, размена на искуства и креативност и е наменет за млади талентирани инструменталисти од Европа во полето на оркестарската музика, како дел од програмата за Пан-Европски културни ентитети (CREA-CULT-2021-PECE).

Програмата обезбедува едукација во разновидни оркестарски практики, овозможувајќи високо професионално ниво на обука, преку новите методологии и технологии во студиото на FAME’S, со цел развој на нова публика, пренесувајќи го културниот диверзитет на европското музичко наследство.

Институтот соработува со еминентни музички имиња, како: Тимоти Редмонд, Колсимча бенд, Оливие Труан, Алистер Кинг, Луис Иварс, Франческо Тристано, Роб Мазурек, Бенџамин Шварц, Куареим Квартетот, Етјен Аблен, Габриел Прокофјев, Игор Корети, Оливие Дежурс, Емили Дејвис, Ирина Муресану, Јан Банг, Танго 5/4, Лука Фаулиси, Пол Марсовски, Чаба Палфи, Петер Барсони, Дајен Луи, Џони Фиори и други.

За повеќе информации, посетете ја веб-страницата https://fames-institute.com/

The post ФАМЕС Институтот најави бројни концерти со светски музички имиња во мај и јули во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во рамките на програмата на ФАМЕС Институтот во Скопје, во сабота на 11-ти мај започнува уште еден интересен оркeстарски проект. Како што беше најавено на почетокот на оваа година, а македонската публика уживаше во неколку концерти изминативе месеци, во периодот кој следи, публиката ќе има можност да биде дел од навистина интересни настани, кои заслужуваат да бидат забележани и посетени од љубителите на музичката уметност. Од почетокот на оваа година е воведен и циклусот концерти наречен FAME’S UNPLUGGED, кој се одржува на нестандардни локации во Скопје, кои не се експлоатирани како концертни простори за класична музика. Така, покрај концертите кои се одржаа во камерната сала на Филхармонија, се реализираа и концерти во Аудиокултура и Лабораториум. Во рамки на оркестарските курсеви за филмска музика и „кард бланш”, во мај ќе се реализираат три концерти на кои ќе настапат младите музички таленти од оркестарот на ФАМЕС Институтот. Првиот анплагд концерт на оркестарот на ФАМЕС се најавува за 15-ти мај со почеток во 20 часот и ќе се одржи во КОТУР. Концертот ќе биде предводен од светски познатиот виолист и професор Питер Барсони и е посветен на камерното музицирање. Во рамки на концертната програма ќе бидат изведени дела од Бетовен, Шуберт, Пуланк, Мазас итн. Значајно е да се истакне дека овие млади музичари учествуваат на оркестарскиот курс за филмска музика, кој се реализира во соработка со еден од најдобрите конзерваториуми во Европа - Музичкиот конзерваториум од Амстердам, предводени од менторот Каве Варес. По овој концерт следат два исклучително интересни концерти под менторство на реномираната композиторка, диригентка и продуцентка Дајан Луи, а како специјална гостинка ќе настапи сопранот Џони Фиори. Вториот концерт од циклусот Фејмс Ангплагд, ќе се одржи на 20-ти мај во ЛАБОРАТОРИУМ со почеток во 20 часот. И на овој концерт ќе настапат младите таленти од ФАМЕС оркестарот, но овојпат со разновидна програма која ќе претстави различни музички стилови, од блуз, џез, електронска музика, хип-хоп итн. Финале на овој курс, воедно и завршница на петтиот по ред семинар, ќе биде концертот кој ќе се одржи во СТУДИОТО ФАМЕС на 23-ти мај, со почеток во 20 часот. По диригентската палка на Дајен Луи, оркестарот, заедно со Џони Фиори, ќе изведе композиции од Григ, Чајковски, Елингтон многу други. Дајан Луи е композиторка/текстописец и класично обучена диригентка која има работено со некои од најпознатите имиња, вклучувајќи ги Стиви Вондер, Лајонел Хемптон, Снуп Дог, Тони Бенет, Доли Партон, Ненси Вилсон, Боб Дилан, Пласидо Доминго, Кристина Агилера и многу повеќе. Дајан Луи диригира оркестри ширум светот, вклучувајќи ги Лондонската симфонија, Бостонската симфонија, симфонијата на Сан Франциско, Детроитската симфонија и Кралската филхармонија. Таа има напишано песни и специјален материјал за Academy Awards, Emmys, Grammys, Image Awards, Miss America, HBO's Happily Ever After, Fame and Friends. Гласот на Џони Фиори се слуша во филмови, реклами и видео игри, проекти како кампањите на Кока-Кола и Американ Ерлајнс, темата на Пауер Ренџерс и на Дизниевиот Херкулес како дел од Трите музи. Дебитирајќи во Вест Енд во 125-та улица, Џони ја одигра лондонската улога на Мотормут Мејбел во „Лак за коса“, во режија на Џек О'Брајан. За месец јули, во рамки на шестиот семинар на ФАМЕС Институтот, веќе се најавуваат врвни светски музичари кои ќе ги раководат оркестарските курсеви и ќе одржат концерти во Скопје. Ќе се реализираат три концерти на кои ќе настапат младите музички таленти од оркестарот, под менторство на врвни светски солисти. Концертите ќе се одржат на 6-ти и 22-ри јули во рамки на Скопско лето 2024 во соработка со Музичка младина, додека на 15-ти јули ќе се реализира концерт во камерната сала во Филхармонија. FAME’S европскиот оркестарски изведувачки институт претставува музички образовен центар создаден во рамките на компанијата FAME’S, која се занимава со професионално снимање и продукција на музика. Со седиште во Скопје, центарот претставува уникатна платформа за професионална музичка едукација, размена на искуства и креативност и е наменет за млади талентирани инструменталисти од Европа во полето на оркестарската музика, како дел од програмата за Пан-Европски културни ентитети (CREA-CULT-2021-PECE). Програмата обезбедува едукација во разновидни оркестарски практики, овозможувајќи високо професионално ниво на обука, преку новите методологии и технологии во студиото на FAME’S, со цел развој на нова публика, пренесувајќи го културниот диверзитет на европското музичко наследство. Институтот соработува со еминентни музички имиња, како: Тимоти Редмонд, Колсимча бенд, Оливие Труан, Алистер Кинг, Луис Иварс, Франческо Тристано, Роб Мазурек, Бенџамин Шварц, Куареим Квартетот, Етјен Аблен, Габриел Прокофјев, Игор Корети, Оливие Дежурс, Емили Дејвис, Ирина Муресану, Јан Банг, Танго 5/4, Лука Фаулиси, Пол Марсовски, Чаба Палфи, Петер Барсони, Дајен Луи, Џони Фиори и други. За повеќе информации, посетете ја веб-страницата https://fames-institute.com/

The post ФАМЕС Институтот најави бројни концерти со светски музички имиња во мај и јули во Скопје appeared first on Република.

]]>
FEMMES Unplugged Session во Лабораториум https://arhiva3.republika.mk/scena/femmes-unplugged-session-vo-laboratorium/ Sun, 07 Apr 2024 13:14:03 +0000 https://republika.mk/?p=763413

Во рамки на семинарите на FAME’S Институтот, како дел од третиот курс за 2024 година – ‘Recording & Film Music’ Orchestral Course, ја продолжуваме офф-концертната програма ‘FAME’S Unplugged’. Овој проект се фокусира на женски композитори од различни култури, промовирајќи родова еднаквост во музичката индустрија.

Денес, во 20:00 часот во Лабораториум, млади талентирани музичари од Европа ќе го покажат својот талент и за првпат како дел од нашата програма ќе можете да уживате во современа класика од женски композитори. Овие млади музичари ја подготвуваат програмата работејќи во FAME’S Studio во Скопје.

The post FEMMES Unplugged Session во Лабораториум appeared first on Република.

]]>

Во рамки на семинарите на FAME’S Институтот, како дел од третиот курс за 2024 година – ‘Recording & Film Music’ Orchestral Course, ја продолжуваме офф-концертната програма ‘FAME’S Unplugged’. Овој проект се фокусира на женски композитори од различни култури, промовирајќи родова еднаквост во музичката индустрија. Денес, во 20:00 часот во Лабораториум, млади талентирани музичари од Европа ќе го покажат својот талент и за првпат како дел од нашата програма ќе можете да уживате во современа класика од женски композитори. Овие млади музичари ја подготвуваат програмата работејќи во FAME’S Studio во Скопје.

The post FEMMES Unplugged Session во Лабораториум appeared first on Република.

]]>
Концерт на Младинскиот оркестар на ЕУ и „Фамес“ со виолинистот Даниел Роланд https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-mladinskiot-orkestar-na-eu-i-fames-so-violinistot-daniel-roland-2/ Mon, 22 May 2023 11:59:59 +0000 https://republika.mk/?p=643606

Младинскиот оркестар на Европска унија (EUYO) и оркестарот на европскиот изведувачки институт „Фаме’с, вечерва во концертната сала на Филхармонија ќе одржат заеднички концерт.

На програмата се дела од Јохан Себастијан Бах, Харисон Биртвисл, Тери Рајли и Антонио Вивалди, а како солист ќе настапи еден од најдобрите бритaнски и светски виолинисти – Даниел Роланд.

Концертот е насловен „Earth4All“ и претставува своевидна платформа на активизам во која преку музиката ќе биде упатена моќна порака за заштита на животната средина, демократијата и одржливоста на нашата планета.

Младинскиот оркестар на Европска Унија – EUYO е еден од најеминентните симфониски оркестри. Составен е од 120 селектирани музичари (селекција од 2500 пријавени кандидати) на возраст од 16 до 26 години, кои доаѓаат од 27-те земји од ЕУ.

Фаме'с европскиот окрестарски изведувачки институт претставува музички образовен центар кој што е создаден во рамките на компанијата ФАМЕ'С која се занимава со професионално снимање и продукција на музика.

Концертот на Младинскиот оркестар на Европската унија се релизира како соработка меѓу Институтот „Фејмс“ и Филхармонија на Република Македонија.

The post Концерт на Младинскиот оркестар на ЕУ и „Фамес“ со виолинистот Даниел Роланд appeared first on Република.

]]>

Младинскиот оркестар на Европска унија (EUYO) и оркестарот на европскиот изведувачки институт „Фаме’с, вечерва во концертната сала на Филхармонија ќе одржат заеднички концерт. На програмата се дела од Јохан Себастијан Бах, Харисон Биртвисл, Тери Рајли и Антонио Вивалди, а како солист ќе настапи еден од најдобрите бритaнски и светски виолинисти – Даниел Роланд. Концертот е насловен „Earth4All“ и претставува своевидна платформа на активизам во која преку музиката ќе биде упатена моќна порака за заштита на животната средина, демократијата и одржливоста на нашата планета. Младинскиот оркестар на Европска Унија – EUYO е еден од најеминентните симфониски оркестри. Составен е од 120 селектирани музичари (селекција од 2500 пријавени кандидати) на возраст од 16 до 26 години, кои доаѓаат од 27-те земји од ЕУ. Фаме'с европскиот окрестарски изведувачки институт претставува музички образовен центар кој што е создаден во рамките на компанијата ФАМЕ'С која се занимава со професионално снимање и продукција на музика. Концертот на Младинскиот оркестар на Европската унија се релизира како соработка меѓу Институтот „Фејмс“ и Филхармонија на Република Македонија.

The post Концерт на Младинскиот оркестар на ЕУ и „Фамес“ со виолинистот Даниел Роланд appeared first on Република.

]]>