Федерико Сера Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/federiko-sera/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Mar 2024 10:22:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Федерико Сера Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/federiko-sera/ 32 32 Оперски арии со маестро Федерико Сера како осмомартовски подарок за дамите во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/operski-arii-so-maestro-federiko-sera-kako-osmomartovski-podarok-za-damite-vo-ohrid/ Sat, 09 Mar 2024 10:22:22 +0000 https://republika.mk/?p=752928

Со арии на Џузепе Верди, во изведба на италијанскиот тенор Федерико Сера во пијано придружба на Антонио Кампоногара, „Охридско лето“ синоќа им го честита 8 Март, Денот на жената на припадничките на понежниот пол во Охрид.

Концертот одржан во катедралната црква „Света Софија“ е дел од заложбите на менаџментот на „Охридско лето“ да понуди културни содржини надвор од вообичаениот редовен фестивалски термин.

Ја пренесовме енергијата како една тангента Охрид - Верона бидејќи уметниците ни дојдоа оттаму. Во безвременската катедрала, црквата „Света Софија“ владееја позитивна енергија и пријатна атмосфера. Осмомартовскиот концерт кој е традиционален настан во организација на „Охридско лето“ беше вистинско уживање и празник за многубројната публика“, изјави директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.

Како што истакна таа, Италијанците се познати во светот како најдобри оперски пејачи и Фестивалот кој ја негува класичната музика има воспоставено одлична соработка со уметниците од Италија.

Италија е земја-расадник за оперските пејачи како што се незаборавниот и вонвременски Лучијано Павароти, Андреа Бочели и многу други. Таа има најдобра школа за оперско пеење. Италијаните, пеењето и операта ги носат во душата, во крвта, во нивното ДНК како нација. Нам како фестивал, ни е многу драго што имаме непрекината соработка токму со Италија, земја на културата, која се надевам ќе продолжи и натаму. Посебно ми е драго што Италијаните го доживуваат Охрид како еден посебен бисер и Охридското Езеро го пресликуваат со езерото Комо, рече директорката Поповиќ.

Меѓународниот ден на жената на припадничките на понежниот пол од сите генерации кои беа дел од публиката што до последно место ја исполни црквата, тенорот Федерико Сера им го честита на македонски јазик, а вистински подарок беше и изведбата на познатата „Time to say goodbye“ од неговиот музички ментор Андреа Бочели.

Федерико Сера, заедно со неговите колеги, италијанските тенори Алесандро Косентино Де Акриса, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини, пред две години приредија спектакл отворајќи го 62-то издание на фестивалот „Охридско лето“.

The post Оперски арии со маестро Федерико Сера како осмомартовски подарок за дамите во Охрид appeared first on Република.

]]>

Со арии на Џузепе Верди, во изведба на италијанскиот тенор Федерико Сера во пијано придружба на Антонио Кампоногара, „Охридско лето“ синоќа им го честита 8 Март, Денот на жената на припадничките на понежниот пол во Охрид. Концертот одржан во катедралната црква „Света Софија“ е дел од заложбите на менаџментот на „Охридско лето“ да понуди културни содржини надвор од вообичаениот редовен фестивалски термин.
Ја пренесовме енергијата како една тангента Охрид - Верона бидејќи уметниците ни дојдоа оттаму. Во безвременската катедрала, црквата „Света Софија“ владееја позитивна енергија и пријатна атмосфера. Осмомартовскиот концерт кој е традиционален настан во организација на „Охридско лето“ беше вистинско уживање и празник за многубројната публика“, изјави директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.
Како што истакна таа, Италијанците се познати во светот како најдобри оперски пејачи и Фестивалот кој ја негува класичната музика има воспоставено одлична соработка со уметниците од Италија.
Италија е земја-расадник за оперските пејачи како што се незаборавниот и вонвременски Лучијано Павароти, Андреа Бочели и многу други. Таа има најдобра школа за оперско пеење. Италијаните, пеењето и операта ги носат во душата, во крвта, во нивното ДНК како нација. Нам како фестивал, ни е многу драго што имаме непрекината соработка токму со Италија, земја на културата, која се надевам ќе продолжи и натаму. Посебно ми е драго што Италијаните го доживуваат Охрид како еден посебен бисер и Охридското Езеро го пресликуваат со езерото Комо, рече директорката Поповиќ.
Меѓународниот ден на жената на припадничките на понежниот пол од сите генерации кои беа дел од публиката што до последно место ја исполни црквата, тенорот Федерико Сера им го честита на македонски јазик, а вистински подарок беше и изведбата на познатата „Time to say goodbye“ од неговиот музички ментор Андреа Бочели. Федерико Сера, заедно со неговите колеги, италијанските тенори Алесандро Косентино Де Акриса, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини, пред две години приредија спектакл отворајќи го 62-то издание на фестивалот „Охридско лето“.

The post Оперски арии со маестро Федерико Сера како осмомартовски подарок за дамите во Охрид appeared first on Република.

]]>
Осмомартовски концерт со светскиот тенор Федерико Сера во организација на „Охридско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/osmomartovski-kontsert-so-svetskiot-tenor-federiko-sera-vo-organizatsija-na-ohridsko-leto-2/ Fri, 08 Mar 2024 08:10:08 +0000 https://republika.mk/?p=752502

Националната установа „Охридско лето“ по повод 8 март – Меѓународниот ден на жената, вечер организира концерт со светски познатиот тенор Федерико Сера од Италија, во придружба на пијанистот Антонио Кампоногара.

Веќе трета година надвор од стандардната фестивалската рамка „Охридско лето“ реализира концерти преку цела година.

Имавме прекрасен новогодишен концерт со оркестарот на Националната опера и балет а сега следи осмомартовскиот концерт на Денот на жената со оперскиот пејач од Италија Федерико Сера, чиј ментор е светскиот оперски пејач Андреа Бочели. Верувам дека тие оперски арии ќе нѐ однесат во светот на Џузепе Верди, во светот на Италија и тоа ќе биде подарок за охриѓанки а и за сите жени што сакаат да дојдат, што се поддржувачи и љубители на фестивалот „Охридско лето“, рече директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.

Таа најави дека по осмомартовскиот концерт во организација на „Охридско лето“ следува Велигденски концерт, како завршница на концертите надвор од официјалната програма.

Како најголема и најзначајна културна установа во државата сакаме врвната култура да живее преку цела година, со што од една страна го афирмираме Фестивалот а од друга страна и Охрид како град, но и државата во целина. Нудиме квалитет а тоа го препознава нашата верна публика, додаде Поповиќ.

Федерико Сера беше дел од четворицата светски познати тенори од Италија кои приредија незаборавен концерт на Свеченото отворање на 62. издание на Фестивалот „Охридско лето“.

Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во Охрид.

The post Осмомартовски концерт со светскиот тенор Федерико Сера во организација на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Националната установа „Охридско лето“ по повод 8 март – Меѓународниот ден на жената, вечер организира концерт со светски познатиот тенор Федерико Сера од Италија, во придружба на пијанистот Антонио Кампоногара. Веќе трета година надвор од стандардната фестивалската рамка „Охридско лето“ реализира концерти преку цела година.
Имавме прекрасен новогодишен концерт со оркестарот на Националната опера и балет а сега следи осмомартовскиот концерт на Денот на жената со оперскиот пејач од Италија Федерико Сера, чиј ментор е светскиот оперски пејач Андреа Бочели. Верувам дека тие оперски арии ќе нѐ однесат во светот на Џузепе Верди, во светот на Италија и тоа ќе биде подарок за охриѓанки а и за сите жени што сакаат да дојдат, што се поддржувачи и љубители на фестивалот „Охридско лето“, рече директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.
Таа најави дека по осмомартовскиот концерт во организација на „Охридско лето“ следува Велигденски концерт, како завршница на концертите надвор од официјалната програма.
Како најголема и најзначајна културна установа во државата сакаме врвната култура да живее преку цела година, со што од една страна го афирмираме Фестивалот а од друга страна и Охрид како град, но и државата во целина. Нудиме квалитет а тоа го препознава нашата верна публика, додаде Поповиќ.
Федерико Сера беше дел од четворицата светски познати тенори од Италија кои приредија незаборавен концерт на Свеченото отворање на 62. издание на Фестивалот „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во Охрид.

The post Осмомартовски концерт со светскиот тенор Федерико Сера во организација на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
Осмомартовски концерт со светскиот тенор Федерико Сера во организација на „Охридско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/osmomartovski-kontsert-so-svetskiot-tenor-federiko-sera-vo-organizatsija-na-ohridsko-leto/ Mon, 04 Mar 2024 10:10:47 +0000 https://republika.mk/?p=750995

По повод 8 Март, Денот на жената, во организација на НУ „Охридско лето“ ќе се одржи концерт со светски познатиот тенор Федерико Сера од Италија во придружба на пијанистот Антонио Кампоногара. Концертот што ќе се одржи на 8 Март во црквата „Света Софија“ во Охрид со почеток од 19 часот, ќе биде посветен на припадничките на понежниот пол, велат организаторите.

Веќе трета година надвор од фестивалската рамка 12 јули – 20 август реализираме концерти преку цела година. Имавме прекрасен новогодишен концерт со оркестарот на Националната опера и балет а сега следи осмомартовскиот концерт на Денот на жената со оперскиот пејач од Италија Федерико Сера чиј ментор е светскиот оперски пејач Андреа Бочели. Верувам дека тие оперски арии ќе нѐ однесат во светот на Џузепе Верди, во светот на Италија и тоа ќе биде подарок за охриѓанки а и за сите жени што сакаат да дојдат, што се поддржувачи и љубители на фестивалот „Охридско лето“ – вели директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.

По осмомартовскиот концерт во организација на „Охридско лето“ следува Велигденски како завршница на концертите надвор од официјалната програма.

Како најголема и најзначајна културна установа во државата сакаме врвната култура да живее преку цела година со што од една страна го афирмираме Фестивалот а од друга страна и Охрид како град, но и државата во целина. Нудиме квалитет а тоа го препознава нашата верна публика- вели Поповиќ.