федерика могерини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/federika-mogerini/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Nov 2022 07:46:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png федерика могерини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/federika-mogerini/ 32 32 Се сеќавате на Могерини? Маричиќ ќе се сретне со неа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-sekjavate-na-mogerini-marichikj-kje-se-sretne-so-nea/ Thu, 24 Nov 2022 07:46:37 +0000 https://republika.mk/?p=577554

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска во Бриж ќе одржи предавање на „Колеџот на Европа“, една од најистакнатите и најстарите академски институции од областа на европските студии.

Како што соопшти СЕП, пред студентите и младите дипломати од „Европската дипломатска академија“, основана од Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Маричиќ, ќе се обрати на тема: „Процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, со фокус на евроинтеграциите на Македонија“.

Во рамките на посетата на кампусот Бриж на „Колеџот на Европа“, Маричиќ ќе се сретне со поранешната висока претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, а сега ректор на „Колеџот на Европа“ Федерика Могерини.

На средбата е планирано да разговараат за активирање на соработката на „Колеџот на Европа“ со Секретаријатот за европски прашања, за јакнење на административните и институционалните капацитети, преговарачките структури и корпусот на знаење во однос на процесот на европска интеграција и идното придружување во ЕУ.

Посетата на Маричиќ на „Колеџот на Европа“ е во рамки на неговиот престој во Белгија, по повод одржувањето на билатералниот скрининг за Поглавје 24, „Право, слобода, правда“, стои во соопштението

The post Се сеќавате на Могерини? Маричиќ ќе се сретне со неа appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска во Бриж ќе одржи предавање на „Колеџот на Европа“, една од најистакнатите и најстарите академски институции од областа на европските студии. Како што соопшти СЕП, пред студентите и младите дипломати од „Европската дипломатска академија“, основана од Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Маричиќ, ќе се обрати на тема: „Процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, со фокус на евроинтеграциите на Македонија“. Во рамките на посетата на кампусот Бриж на „Колеџот на Европа“, Маричиќ ќе се сретне со поранешната висока претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, а сега ректор на „Колеџот на Европа“ Федерика Могерини. На средбата е планирано да разговараат за активирање на соработката на „Колеџот на Европа“ со Секретаријатот за европски прашања, за јакнење на административните и институционалните капацитети, преговарачките структури и корпусот на знаење во однос на процесот на европска интеграција и идното придружување во ЕУ. Посетата на Маричиќ на „Колеџот на Европа“ е во рамки на неговиот престој во Белгија, по повод одржувањето на билатералниот скрининг за Поглавје 24, „Право, слобода, правда“, стои во соопштението

The post Се сеќавате на Могерини? Маричиќ ќе се сретне со неа appeared first on Република.

]]>
Moгерини за БТВ: Се надевам дека надворешниот притисок за Македонија врз Бругарија ќе профукнционира https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mogerini-za-btv-se-nadevam-deka-nadvoreshniot-pritisok-za-makedonija-vrz-brugarija-kje-profukncionira/ Thu, 28 Apr 2022 07:45:14 +0000 https://republika.mk/?p=494589

Во интерес на Европската Унија е неодложно да се започнат преговорите со Македонија и Албанија. После тоа процесот ќе биде долг и тоа ќе биде само почеток, истакна во интервју за бТВ поранешната висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија Федерика Могерини, изразувајќи надеж дека бугарското вето за Македонија наскоро ќе биде тргнато.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Могерини Македонија и Албанија направиле се што се барало од нив за да можат да ги започнат преговорите за влез во Европската Унија.

Тоа создава голем проблем со довербата во процесот за проширување на ЕУ. Oткако Скопје и Тирана беа принудени дa направат одредени отстапки за да ги започнат преговорите, а се уште ги немаат започнато, некои земји кандидати го поставија прашањето зошто воопшто тие тоа да го прават, нагласи Могерини.

Таа изјави дека не знае колку е силен надворешниот притисок врз Бугарија во однос на отстранувањето на ветото за Македонија, но се надева дека тоа ќе профункционира.

Могерини ги коментираше дејствијата на новата Европска Комисија во однос на санкциите против Русија, поради војната во Украина и кажа дека постапките на Брисел се адекватни на ситуацијата и изрази надеж дека тие ќе ја засегнат руската економија

The post Moгерини за БТВ: Се надевам дека надворешниот притисок за Македонија врз Бругарија ќе профукнционира appeared first on Република.

]]>

Во интерес на Европската Унија е неодложно да се започнат преговорите со Македонија и Албанија. После тоа процесот ќе биде долг и тоа ќе биде само почеток, истакна во интервју за бТВ поранешната висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија Федерика Могерини, изразувајќи надеж дека бугарското вето за Македонија наскоро ќе биде тргнато. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Могерини Македонија и Албанија направиле се што се барало од нив за да можат да ги започнат преговорите за влез во Европската Унија.
Тоа создава голем проблем со довербата во процесот за проширување на ЕУ. Oткако Скопје и Тирана беа принудени дa направат одредени отстапки за да ги започнат преговорите, а се уште ги немаат започнато, некои земји кандидати го поставија прашањето зошто воопшто тие тоа да го прават, нагласи Могерини.
Таа изјави дека не знае колку е силен надворешниот притисок врз Бугарија во однос на отстранувањето на ветото за Македонија, но се надева дека тоа ќе профункционира. Могерини ги коментираше дејствијата на новата Европска Комисија во однос на санкциите против Русија, поради војната во Украина и кажа дека постапките на Брисел се адекватни на ситуацијата и изрази надеж дека тие ќе ја засегнат руската економија

The post Moгерини за БТВ: Се надевам дека надворешниот притисок за Македонија врз Бругарија ќе профукнционира appeared first on Република.

]]>