фатмир скендер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fatmir-skender/ За подобро да се разбереме Mon, 31 Oct 2022 14:18:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фатмир скендер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fatmir-skender/ 32 32 Новизбраните уставни судии Бозаџиева и Скендер денеска почнаа со работни обврски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novizbranite-ustavni-sudii-bozadzieva-i-skender-deneska-pochnaa-so-rabotni-obvrski/ Mon, 31 Oct 2022 14:18:05 +0000 https://republika.mk/?p=567857

Новоизбраните судии Татјана Васиќ Бозаџиева и Фатмир Скендер денеска почнаа со работа во Уставниот суд.

Двајцата судии утрово беа примени од претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, добија работни материјали за следната седница закажана за 9 ноември. Судиите Бозаџиева и Скендер се запознаа со вработените во службата на Уставниот суд и во наредниот период ќе им бидат распределени предмети за работа, информираат од Судот.

Двајцата новоизбрани уставни судии имаат мандат од девет години.

Уставниот суд во соопштението апелира до пратениците да го почитуваат Уставот и да ги пополнат и останатите три судиски места за, како што е посочено, да може Судот да функционира во полн капацитет и да одлучува за сите предмети кои се од голема важност за државата и за граѓаните

The post Новизбраните уставни судии Бозаџиева и Скендер денеска почнаа со работни обврски appeared first on Република.

]]>

Новоизбраните судии Татјана Васиќ Бозаџиева и Фатмир Скендер денеска почнаа со работа во Уставниот суд.
Двајцата судии утрово беа примени од претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, добија работни материјали за следната седница закажана за 9 ноември. Судиите Бозаџиева и Скендер се запознаа со вработените во службата на Уставниот суд и во наредниот период ќе им бидат распределени предмети за работа, информираат од Судот.
Двајцата новоизбрани уставни судии имаат мандат од девет години. Уставниот суд во соопштението апелира до пратениците да го почитуваат Уставот и да ги пополнат и останатите три судиски места за, како што е посочено, да може Судот да функционира во полн капацитет и да одлучува за сите предмети кои се од голема важност за државата и за граѓаните

The post Новизбраните уставни судии Бозаџиева и Скендер денеска почнаа со работни обврски appeared first on Република.

]]>
Милошоски: Не го ни знаеме Фатмир Скендер, па да гласаме да стане уставен судија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-ne-go-ni-znaeme-fatmir-skender-pa-da-glasame-da-stane-ustaven-sudija/ Fri, 03 Jun 2022 09:33:28 +0000 https://republika.mk/?p=510557

Според мене бидејќи се работи за многу сериозна функција член на Уставниот суд, во собранието според Деловникот секое работно тело може да покани гостин за време на заседавањето на работното тело и имаме 9 кандидати за судии во Уставниот суд, ќе беше сосема коректно ако овие 9 кандидати, еден по еден или сите заедно беа поканети за да видиме кој се кандидира за уставен судија, што завршил, што работел, какви амбиции има и што знае за надлежностите на Уставниот суд и каков е неговиот личен и професионален интегритет, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во гостување во емисијата Утрински брифинг на Слободна ТВ.

Милошоски потенцираше дека се чувствуваат како хендикепирани бидејќи како што рече само еден од пратениците од на вчерашната собраниска комисија кажал позитивно мислење за кандидатот, и токму поради тоа треба истите кандидати да можат да се претстават пред пратениците, но и пред јавноста.

Еве за вчерашниот кандидат Фатмир Скендер, јас прашав некои и од пратениците за време на паузата, ретко кој од пратениците го познава овој човек, не го познавам ни јас. Ја прочитавме биографијата, но не го знаеме, и сега гласаме за или против да биде уставен судија, а не го познаваме лично, а ниту пак сме му овозможиле лично да се претстави пред пратениците, а со тоа и пред новинарите и пред граѓаните. И затоа сметам дека власта овој процес на селекција на избор на уставни судии го води со ваков хендикеп за гласање за луѓе за кои што малку од нив знаат кој е човекот, изјави тој.

Само еден пратеник стана да каже позитивно мислење за него, само пратеникот од турската партија, ниту еден друг пратеник не го познава Скендер, и токму затоа се чувствуваме хендикепирани како да гласаме за него и не ни е јасно зошто владејачкото мнозинство не се согласува да одвоиме два часа во кои што овие кандидати за уставни судии би имале можност да се претстават, додаде Милошоски.

The post Милошоски: Не го ни знаеме Фатмир Скендер, па да гласаме да стане уставен судија appeared first on Република.

]]>

Според мене бидејќи се работи за многу сериозна функција член на Уставниот суд, во собранието според Деловникот секое работно тело може да покани гостин за време на заседавањето на работното тело и имаме 9 кандидати за судии во Уставниот суд, ќе беше сосема коректно ако овие 9 кандидати, еден по еден или сите заедно беа поканети за да видиме кој се кандидира за уставен судија, што завршил, што работел, какви амбиции има и што знае за надлежностите на Уставниот суд и каков е неговиот личен и професионален интегритет, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во гостување во емисијата Утрински брифинг на Слободна ТВ. Милошоски потенцираше дека се чувствуваат како хендикепирани бидејќи како што рече само еден од пратениците од на вчерашната собраниска комисија кажал позитивно мислење за кандидатот, и токму поради тоа треба истите кандидати да можат да се претстават пред пратениците, но и пред јавноста.
Еве за вчерашниот кандидат Фатмир Скендер, јас прашав некои и од пратениците за време на паузата, ретко кој од пратениците го познава овој човек, не го познавам ни јас. Ја прочитавме биографијата, но не го знаеме, и сега гласаме за или против да биде уставен судија, а не го познаваме лично, а ниту пак сме му овозможиле лично да се претстави пред пратениците, а со тоа и пред новинарите и пред граѓаните. И затоа сметам дека власта овој процес на селекција на избор на уставни судии го води со ваков хендикеп за гласање за луѓе за кои што малку од нив знаат кој е човекот, изјави тој.
Само еден пратеник стана да каже позитивно мислење за него, само пратеникот од турската партија, ниту еден друг пратеник не го познава Скендер, и токму затоа се чувствуваме хендикепирани како да гласаме за него и не ни е јасно зошто владејачкото мнозинство не се согласува да одвоиме два часа во кои што овие кандидати за уставни судии би имале можност да се претстават, додаде Милошоски.

The post Милошоски: Не го ни знаеме Фатмир Скендер, па да гласаме да стане уставен судија appeared first on Република.

]]>
Помина предлогот на власта: Фатмир Скендер да биде избран за судија на Уставниот суд https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pomina-predlogot-na-vlasta-fatmir-skender-da-bide-izbran-za-sudija-na-ustavniot-sud/ Thu, 02 Jun 2022 15:29:46 +0000 https://republika.mk/?p=510296

Собраниската Комисија за избори и именувања попладнево го утврди предлогот Фатмир Скендер да биде избран за судија на Уставниот суд.
Пратениците-членови на Комисијата за прашања на изборите и именувањата со мнозинство гласови „за“ попладнево го утврдија предлогот тој да биде судија на Уставниот суд. Против гласаа пратениците од опозицијата.
По гласањето по предлогот, претседателката на Комисијата Марија Георгиевска ја прекина седницата, а нејзиното продолжение го закажа за утре во 11 часот.

Пратеничката Гордана Силјановска-Давкова во дискусијата рече дека дел од вината за нефункционалноста на Уставниот суд има и Собранието и затоа, според неа, мора да се воведе одредба дека постапката за избор на уставен судија треба да започнува шест месеци пред истекот на мандатот на стариот. Таа забележа и дека еден ден ќе се треба да се доведе во прашање големата моќ што ја има Комисијата за прашања за изборите и именувањата во изборот за функциите бидејќи, како што рече, една група луѓе да седи и да одлучува е остаток од времето на комунизмот.

На почетокот на дискусијата за Фатмир Скендер, неговата биографија кратко ја прочита пратеникот Бејџан Иљас, а потоа за збор се јавуваа само пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, додека од владејачкото мнозинство не дискутираа.

Сите забележаа зошто не беше прифатен нивниот предлог секој од кандидатите да биде повикан на седница на Комисијата за самиот да се претстави и да може да му се постават неколку прашања.

„Зошто како пратеник и член на оваа Комисија се чувствувам хендикепиран да гласам по овој предлог? Не го познавам човекот и ќе беше многу корисно ако тој предложен кандидат тука имаше лично претставување. Не го потценувам претставувањето од пратеникот, но друго е кога некој конкурира да се претстави лично и да нè убеди зошто треба да му се даде предност како кандидат за член на Уставниот суд. Ние имаме биографија, но се тоа е едно сувопарно парче хартија на кое му недостига личноста која би се обратила во живо. Ваквиот начин на одлучување ќе остави можност за недоволна запознаеност на сите членови и заменици, голем дел од нив нема да знаат за кого гласаат“, рече пратеникот Антонио Милошоски образложувајќи зошто нема да гласа „за“.

И неговиот сопартиец, Миле Лефков, во дебата посочи дека со тоа што кандидатите не се повикуваат лично да се претстават се создава непотребен сомнеж.

„Немаме никаква фотографија од човекот кој се очекува да биде уставен судија. Се однесуваме кон нив како кон апстрактна материја, не велам дека е лош кандидат, но сметам дека е редно ако за кое било работно место се пријавуваат и разговараат, редно е овде да ги видиме“, рече Лефков.

Освен предлогот Фатмир Скендер, граѓански судија во Апелациониот суд во Скопје, пратениците треба да ги разгледаат биографиите и на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, Тања Васиќ Бозаџиева која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, предложени од владејачките партии, како и на универзитетските професори Саво Климовски и Родна Живковска, судијата во пензија Бранко Секуловски, обвинителот Тодор Витларов, судијката од Управниот суд Весна Јовановска и Војислав Димовски, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид, предложени од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Помина предлогот на власта: Фатмир Скендер да биде избран за судија на Уставниот суд appeared first on Република.

]]>

Собраниската Комисија за избори и именувања попладнево го утврди предлогот Фатмир Скендер да биде избран за судија на Уставниот суд. Пратениците-членови на Комисијата за прашања на изборите и именувањата со мнозинство гласови „за“ попладнево го утврдија предлогот тој да биде судија на Уставниот суд. Против гласаа пратениците од опозицијата. По гласањето по предлогот, претседателката на Комисијата Марија Георгиевска ја прекина седницата, а нејзиното продолжение го закажа за утре во 11 часот. Пратеничката Гордана Силјановска-Давкова во дискусијата рече дека дел од вината за нефункционалноста на Уставниот суд има и Собранието и затоа, според неа, мора да се воведе одредба дека постапката за избор на уставен судија треба да започнува шест месеци пред истекот на мандатот на стариот. Таа забележа и дека еден ден ќе се треба да се доведе во прашање големата моќ што ја има Комисијата за прашања за изборите и именувањата во изборот за функциите бидејќи, како што рече, една група луѓе да седи и да одлучува е остаток од времето на комунизмот. На почетокот на дискусијата за Фатмир Скендер, неговата биографија кратко ја прочита пратеникот Бејџан Иљас, а потоа за збор се јавуваа само пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, додека од владејачкото мнозинство не дискутираа. Сите забележаа зошто не беше прифатен нивниот предлог секој од кандидатите да биде повикан на седница на Комисијата за самиот да се претстави и да може да му се постават неколку прашања. „Зошто како пратеник и член на оваа Комисија се чувствувам хендикепиран да гласам по овој предлог? Не го познавам човекот и ќе беше многу корисно ако тој предложен кандидат тука имаше лично претставување. Не го потценувам претставувањето од пратеникот, но друго е кога некој конкурира да се претстави лично и да нè убеди зошто треба да му се даде предност како кандидат за член на Уставниот суд. Ние имаме биографија, но се тоа е едно сувопарно парче хартија на кое му недостига личноста која би се обратила во живо. Ваквиот начин на одлучување ќе остави можност за недоволна запознаеност на сите членови и заменици, голем дел од нив нема да знаат за кого гласаат“, рече пратеникот Антонио Милошоски образложувајќи зошто нема да гласа „за“. И неговиот сопартиец, Миле Лефков, во дебата посочи дека со тоа што кандидатите не се повикуваат лично да се претстават се создава непотребен сомнеж. „Немаме никаква фотографија од човекот кој се очекува да биде уставен судија. Се однесуваме кон нив како кон апстрактна материја, не велам дека е лош кандидат, но сметам дека е редно ако за кое било работно место се пријавуваат и разговараат, редно е овде да ги видиме“, рече Лефков. Освен предлогот Фатмир Скендер, граѓански судија во Апелациониот суд во Скопје, пратениците треба да ги разгледаат биографиите и на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, Тања Васиќ Бозаџиева која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, предложени од владејачките партии, како и на универзитетските професори Саво Климовски и Родна Живковска, судијата во пензија Бранко Секуловски, обвинителот Тодор Витларов, судијката од Управниот суд Весна Јовановска и Војислав Димовски, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид, предложени од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Помина предлогот на власта: Фатмир Скендер да биде избран за судија на Уставниот суд appeared first on Република.

]]>