Фатмир Меџити Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fatmir-medhiti/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Jun 2024 12:14:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фатмир Меџити Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fatmir-medhiti/ 32 32 Поранешниот министер за здравство Фатмир Меџити и проф. д-р Андон Чибишев се нови директори на Неврологија и Токсикологија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poraneshniot-minister-za-zdravstvo-fatmir-medhiti-i-prof-d-r-andon-chibishev-se-novi-direktori-na-nevrologija-i-toksikologija/ Tue, 25 Jun 2024 12:14:47 +0000 https://republika.mk/?p=790684

Поранешниот министер за здравство Фатмир Меџити и проф. д-р Андон Чибишев се нови директори на Клиниките за Неврологија и за Токсикологија, соопшти денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Како што кажа тој, до денес разрешени се девет економски директори на повеќе скопски клиники.

Не ги памтам сите, но меѓу нив е и економската директорка (Бесија Иљази) на Токсикологија. Назначен е и новиот директор и утре се надевам дека ќе започне. Професор Андон Чибишев е новиот директор на Токсикологија. Утре се надевам дека ќе назначиме и директор на Онкологија бидејќи таму решението за в.д. директорка е поминато од средината на јуни. Има и нов директор на Неврологија – бившиот министер за здравство, Фатмир Меџити, кажа денеска Таравари во изјава за медиумите.

Според новиот министер, утврдени се неправилности во работата на Иљази на Клиниката за токсикологија.

The post Поранешниот министер за здравство Фатмир Меџити и проф. д-р Андон Чибишев се нови директори на Неврологија и Токсикологија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот министер за здравство Фатмир Меџити и проф. д-р Андон Чибишев се нови директори на Клиниките за Неврологија и за Токсикологија, соопшти денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Како што кажа тој, до денес разрешени се девет економски директори на повеќе скопски клиники.
Не ги памтам сите, но меѓу нив е и економската директорка (Бесија Иљази) на Токсикологија. Назначен е и новиот директор и утре се надевам дека ќе започне. Професор Андон Чибишев е новиот директор на Токсикологија. Утре се надевам дека ќе назначиме и директор на Онкологија бидејќи таму решението за в.д. директорка е поминато од средината на јуни. Има и нов директор на Неврологија – бившиот министер за здравство, Фатмир Меџити, кажа денеска Таравари во изјава за медиумите.
Според новиот министер, утврдени се неправилности во работата на Иљази на Клиниката за токсикологија.  

The post Поранешниот министер за здравство Фатмир Меџити и проф. д-р Андон Чибишев се нови директори на Неврологија и Токсикологија appeared first on Република.

]]>
Собранието едвај ги избра министрите на Села https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-edvaj-gi-izbra-ministrite-na-sela/ Mon, 12 Feb 2024 20:02:49 +0000 https://republika.mk/?p=743387

Собранието попладнево, во рамки на 143-тата седница, ги избра Илир Демири и Наим Бајрами за министри за здравство и за информатичко општество и администрација на местото на нивните сопартијци Фатмир Меџити и Азир Алиу кои во петокот беа разрешени на предлог на техничкиот премиер Талат Џафери.

И Демири и Бајрами се избрани со 63 гласа „за“, ниту еден против и воздржан. По изборот, тие дадоа свечени изјави.

https://republika.mk/vesti/makedonija/janushev-so-poraka-do-vlasta-ke-ve-zgazime-na-izbori-za-haosot-shto-go-napravivte-so-lichnite-dokumenti/

The post Собранието едвај ги избра министрите на Села appeared first on Република.

]]>

Собранието попладнево, во рамки на 143-тата седница, ги избра Илир Демири и Наим Бајрами за министри за здравство и за информатичко општество и администрација на местото на нивните сопартијци Фатмир Меџити и Азир Алиу кои во петокот беа разрешени на предлог на техничкиот премиер Талат Џафери. И Демири и Бајрами се избрани со 63 гласа „за“, ниту еден против и воздржан. По изборот, тие дадоа свечени изјави. https://republika.mk/vesti/makedonija/janushev-so-poraka-do-vlasta-ke-ve-zgazime-na-izbori-za-haosot-shto-go-napravivte-so-lichnite-dokumenti/

The post Собранието едвај ги избра министрите на Села appeared first on Република.

]]>
Меџити и Алиу до Груби: Престани со заканите, одмори неколку дена, сфаќамe дека ти е крајот, но барем покажи ја машкоста! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-i-aliu-do-grubi-prestani-so-zakanite-odmori-nekolku-dena-sfakame-deka-ti-e-krajot-no-barem-pokazhi-ja-mashkosta/ Sat, 10 Feb 2024 12:13:48 +0000 https://republika.mk/?p=742506

Разрешените министри за здравство, Фатмир Меџити и информатично општество и администрација Азир Алиу на своите Фејсбук профили упатија исти реакции до вицепремиерот Артан Груби, кој, по нивното разрешување, им порача на граѓаните добра ноќ и да спијат мирно „бидејќи Али Ахмети се грижи за сите нас“.

На ова Меџити и Алиу на Груби му посакуваат добро утро.

Артан Груби во силна вознемиреност ни се заканува на Фејсбук, откако ја разреши АА од Владата, ни порачува „спијте мирно“ дека Али Ахмети ќе се погрижи за се… Артан…престани со заканите, одмори неколку дена ако ти помогне тоа и не ја разгорувај ситуацијата. Сфаќам дека ти е крај, но барем покажи ја машкоста на крајот! И…отворете го календарот…видете 8 мај! Затвори…многу многу блиску! ПРОМЕНАТА ПОЧНА!“, напишаа Меџити и Алиу.

https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-po-razreshuvaneto-na-medhiti-i-aliu-poracha-spijte-mirno-dodeka-ali-ahmeti-se-grizhi-za-site-nas/

The post Меџити и Алиу до Груби: Престани со заканите, одмори неколку дена, сфаќамe дека ти е крајот, но барем покажи ја машкоста! appeared first on Република.

]]>

Разрешените министри за здравство, Фатмир Меџити и информатично општество и администрација Азир Алиу на своите Фејсбук профили упатија исти реакции до вицепремиерот Артан Груби, кој, по нивното разрешување, им порача на граѓаните добра ноќ и да спијат мирно „бидејќи Али Ахмети се грижи за сите нас“. На ова Меџити и Алиу на Груби му посакуваат добро утро.
Артан Груби во силна вознемиреност ни се заканува на Фејсбук, откако ја разреши АА од Владата, ни порачува „спијте мирно“ дека Али Ахмети ќе се погрижи за се… Артан…престани со заканите, одмори неколку дена ако ти помогне тоа и не ја разгорувај ситуацијата. Сфаќам дека ти е крај, но барем покажи ја машкоста на крајот! И…отворете го календарот…видете 8 мај! Затвори…многу многу блиску! ПРОМЕНАТА ПОЧНА!“, напишаа Меџити и Алиу.
https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-po-razreshuvaneto-na-medhiti-i-aliu-poracha-spijte-mirno-dodeka-ali-ahmeti-se-grizhi-za-site-nas/

The post Меџити и Алиу до Груби: Престани со заканите, одмори неколку дена, сфаќамe дека ти е крајот, но барем покажи ја машкоста! appeared first on Република.

]]>
Груби со вибер порака до директорите на ДУИ: Не ги прифаќајте решенијата на Меџити, земете годишен одмор или боледување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grubi-so-viber-poraka-do-direktorite-na-dui-ne-gi-prifakajte-reshenijata-na-medhiti-zemete-godishen-odmor-ili-boleduvane/ Fri, 09 Feb 2024 08:53:51 +0000 https://republika.mk/?p=742062

Вчера во јавноста излезе вибер пораката што ја има пратено министерот Груби до директорите на ДУИ каде им се посочува да не ги прифаќаат и да не ги потпишуваат решенијата од министерот Фатмир Меџити кој наскоро ќе биде сменет.

Почитувани, ниту еден наш директор за здравство да НЕ прифаќа никакво решение на министерот во заминување Фатмир Меџити, доколку му треба годишен одмор, боледување или едноставно не ја прифаќа евентуалната одлука на министерот, се вели во пораката на Груби што ја има испратено до директорите на ДУИ во Клиничкиот центар.

Вчера и министерот Меџити беше свесен за ваквата порака на Груби каде прокоментира дека не планира да смени никој од директорите кои се поставени од страна на ДУИ и притоа ги повика надлежните институции да проверат дали стварно дел од директорите на ДУИ се навистина болни.

The post Груби со вибер порака до директорите на ДУИ: Не ги прифаќајте решенијата на Меџити, земете годишен одмор или боледување appeared first on Република.

]]>

Вчера во јавноста излезе вибер пораката што ја има пратено министерот Груби до директорите на ДУИ каде им се посочува да не ги прифаќаат и да не ги потпишуваат решенијата од министерот Фатмир Меџити кој наскоро ќе биде сменет. Почитувани, ниту еден наш директор за здравство да НЕ прифаќа никакво решение на министерот во заминување Фатмир Меџити, доколку му треба годишен одмор, боледување или едноставно не ја прифаќа евентуалната одлука на министерот, се вели во пораката на Груби што ја има испратено до директорите на ДУИ во Клиничкиот центар. Вчера и министерот Меџити беше свесен за ваквата порака на Груби каде прокоментира дека не планира да смени никој од директорите кои се поставени од страна на ДУИ и притоа ги повика надлежните институции да проверат дали стварно дел од директорите на ДУИ се навистина болни.

The post Груби со вибер порака до директорите на ДУИ: Не ги прифаќајте решенијата на Меџити, земете годишен одмор или боледување appeared first on Република.

]]>
Ќе има ли власта 61 пратеник да ги смени министрите што го поддржаа Таравари? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-ima-li-vlasta-61-pratenik-da-gi-smeni-ministrite-shto-go-poddrzhaa-taravari/ Fri, 09 Feb 2024 06:52:24 +0000 https://republika.mk/?p=742014

Собранието денеска  на барање на технничкиот премиер Талат Џафери, треба да ги разреши министрите за здравство Фатмир Меџити и за информатичко општество и администрација Азир Алиу. За нови министри се предложени Илир Демири, за министер за здравство и Наим Бајрами, за министер за информатичко општество и администрација.

Џафери вчера достави барање за разрешување на Меџити и Алиу и според Деловникот може да го образложи барањето. Согласно член 221 од Деловникот на Собранието, по предлогот за разрешување на член на Владата се отвора претрес, а членот на Владата за кого е поднесен предлог за разрешување може да се изјаснува по предлогот во траење од 15 минути. За да биде разрешен министер потребни се 61 глас, а исто толку гласови се потребни и за негов избор.

Но, по вчерашните случувања во Куманово неизвесно дали владејачкото мнозинство ќе има 61 пратеник. Двајца од осумте пратеници на Алијанса беа на состанокот кај Таравари па логично е дека нема да гласаат за разрешување на министрите. Покрај нив, и Мендух Тачи од ДПА најави дека нема да гласа за новите министри. Ако се знае дека владејачкото мнозинство брои 64 пратеници а минимум троца најавија дека нема да поддржат смена на министрите прашање дали ова ќе помине.

Барањето за разрешување на Меџити и на Алиу доаѓа откако тие го поддржаа претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, кој најави дека на избори ќе оди со албанската опозиција, додека крилото на АА предводено од Зијадин Села најави дека на изборите за пратеници на 8 мај, АА треба да настапува самостојно.

The post Ќе има ли власта 61 пратеник да ги смени министрите што го поддржаа Таравари? appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска  на барање на технничкиот премиер Талат Џафери, треба да ги разреши министрите за здравство Фатмир Меџити и за информатичко општество и администрација Азир Алиу. За нови министри се предложени Илир Демири, за министер за здравство и Наим Бајрами, за министер за информатичко општество и администрација. Џафери вчера достави барање за разрешување на Меџити и Алиу и според Деловникот може да го образложи барањето. Согласно член 221 од Деловникот на Собранието, по предлогот за разрешување на член на Владата се отвора претрес, а членот на Владата за кого е поднесен предлог за разрешување може да се изјаснува по предлогот во траење од 15 минути. За да биде разрешен министер потребни се 61 глас, а исто толку гласови се потребни и за негов избор. Но, по вчерашните случувања во Куманово неизвесно дали владејачкото мнозинство ќе има 61 пратеник. Двајца од осумте пратеници на Алијанса беа на состанокот кај Таравари па логично е дека нема да гласаат за разрешување на министрите. Покрај нив, и Мендух Тачи од ДПА најави дека нема да гласа за новите министри. Ако се знае дека владејачкото мнозинство брои 64 пратеници а минимум троца најавија дека нема да поддржат смена на министрите прашање дали ова ќе помине. Барањето за разрешување на Меџити и на Алиу доаѓа откако тие го поддржаа претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, кој најави дека на избори ќе оди со албанската опозиција, додека крилото на АА предводено од Зијадин Села најави дека на изборите за пратеници на 8 мај, АА треба да настапува самостојно.

The post Ќе има ли власта 61 пратеник да ги смени министрите што го поддржаа Таравари? appeared first on Република.

]]>
Тоа ќе му биде последен потпис: Меџити ќе го потпише документот за прогласување епидемија на голема кашлица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toa-ke-mu-bide-posleden-potpis-medhiti-ke-go-potpishe-dokumentot-za-proglasuvane-epidemija-na-golema-kashlitsa/ Thu, 08 Feb 2024 12:48:14 +0000 https://republika.mk/?p=741866

Министерот за здравство во техничката Влада, Фатмир Меџити денеска на брифинг со новинарите истакна дека ќе го потпише документот за прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје, по вчерашната препорака на Комисијата за заразни болести.

Претходно за МИА портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ потврди дека има четири нови случаи на голема кашлица во земјава, со што бројот се зголеми на вкупно 22 од почетокот на годината.

Од службите сега ме известија дека сѐ е процесуирано и оттука ќе одам да го потпишам и ќе го пратиме до вакциналните пунктови веднаш да стапи во сила, одговори Меџити прашан околу процедурата за прогласување епидемија на голема кашлица.

Меџити рече и дека препораката од Комисијата за заразни болести за забрана за прием на невакцинирани деца во градинките треба да се сфати во позитивен контекст.

Ова не е дека е некоја забрана или сакаме некого да казниме. Ова е тоа што сакаме да ги стимулираме, сакаме нивните деца да бидат здрави и живи, да имаме подобра иднина како држава. Апелирам до сите родители, ве молам, вакцините заштитуваат живот, подвлече Меџити.

Тој се осврна и на проверувањето вакцинални картони, при што нагласи дека на тоа се работи, но оти процедурата е се уште во тек. Кога резултатите ќе бидат целосни, најави дека ќе бидат споделени со јавноста.

Легитимен претседател на Алијанса за Албанците е Арбен Таравари и партијата има легитимно Собрание, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, кој се соочува со разрешување по поде

Меџити ја потврди информацијата дека е испратена инспекција во болницата „Санте плус“, откако добиле индиции тоа да се стори.

Веднаш дадовме инструкции на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за да се испита дали болницата ги исполнува условите за понатамошно работење, појасни Меџити.

Меѓу другото, министерот за здравство, кој се соочува со можност да биде разрешен, откако настана поделбите во партијата од која доаѓа, Алијанса за Албанците денеска на брифингот со новинарите говореше и за досегашните спроведени проекти, а кажа и дека се соочил со кочење на работата на МЗ.

Тој ги спомена и ревидирањето на позитивната листа, набавувањето на лекот „трикафта“, реновирање на клиниките и болниците низ државата, враќањето во функција на КАТО системот.

Го враќаме во функција КАТО системот за дозирање и контрола на терапијата кај онколошките пациенти. Никој повеќе нема да може да ги злоупотребува лековите за онколошките пациентите. Ја зачувавме довербата во системот и тоа е многу важно. Набавуваме нови 22 амбулантни возила. Ги зајакнуваме капацитетите на Итната медицинска помош. За првпат овозможивме хеликоптерски транспорт за најитните случаи. Двапати ги покачивме платите на здравствените работници. Вложуваме во нашиот вреден кадар, тој е гордоста на јавното здравство. За првпат казнуваме нерегуларности во здравството. Воведуваме ред со цел поефикасна работа. Работиме на проектот централизација на Клиниката за радиологија, беа дел од проектите на кои се осврна министерот.

The post Тоа ќе му биде последен потпис: Меџити ќе го потпише документот за прогласување епидемија на голема кашлица appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство во техничката Влада, Фатмир Меџити денеска на брифинг со новинарите истакна дека ќе го потпише документот за прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје, по вчерашната препорака на Комисијата за заразни болести. Претходно за МИА портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ потврди дека има четири нови случаи на голема кашлица во земјава, со што бројот се зголеми на вкупно 22 од почетокот на годината. Од службите сега ме известија дека сѐ е процесуирано и оттука ќе одам да го потпишам и ќе го пратиме до вакциналните пунктови веднаш да стапи во сила, одговори Меџити прашан околу процедурата за прогласување епидемија на голема кашлица. Меџити рече и дека препораката од Комисијата за заразни болести за забрана за прием на невакцинирани деца во градинките треба да се сфати во позитивен контекст. Ова не е дека е некоја забрана или сакаме некого да казниме. Ова е тоа што сакаме да ги стимулираме, сакаме нивните деца да бидат здрави и живи, да имаме подобра иднина како држава. Апелирам до сите родители, ве молам, вакцините заштитуваат живот, подвлече Меџити. Тој се осврна и на проверувањето вакцинални картони, при што нагласи дека на тоа се работи, но оти процедурата е се уште во тек. Кога резултатите ќе бидат целосни, најави дека ќе бидат споделени со јавноста. Легитимен претседател на Алијанса за Албанците е Арбен Таравари и партијата има легитимно Собрание, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, кој се соочува со разрешување по поде Меџити ја потврди информацијата дека е испратена инспекција во болницата „Санте плус“, откако добиле индиции тоа да се стори. Веднаш дадовме инструкции на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за да се испита дали болницата ги исполнува условите за понатамошно работење, појасни Меџити. Меѓу другото, министерот за здравство, кој се соочува со можност да биде разрешен, откако настана поделбите во партијата од која доаѓа, Алијанса за Албанците денеска на брифингот со новинарите говореше и за досегашните спроведени проекти, а кажа и дека се соочил со кочење на работата на МЗ. Тој ги спомена и ревидирањето на позитивната листа, набавувањето на лекот „трикафта“, реновирање на клиниките и болниците низ државата, враќањето во функција на КАТО системот. Го враќаме во функција КАТО системот за дозирање и контрола на терапијата кај онколошките пациенти. Никој повеќе нема да може да ги злоупотребува лековите за онколошките пациентите. Ја зачувавме довербата во системот и тоа е многу важно. Набавуваме нови 22 амбулантни возила. Ги зајакнуваме капацитетите на Итната медицинска помош. За првпат овозможивме хеликоптерски транспорт за најитните случаи. Двапати ги покачивме платите на здравствените работници. Вложуваме во нашиот вреден кадар, тој е гордоста на јавното здравство. За првпат казнуваме нерегуларности во здравството. Воведуваме ред со цел поефикасна работа. Работиме на проектот централизација на Клиниката за радиологија, беа дел од проектите на кои се осврна министерот.

The post Тоа ќе му биде последен потпис: Меџити ќе го потпише документот за прогласување епидемија на голема кашлица appeared first on Република.

]]>
Koј има контрола врз осумтемина пратеници на Алијанса кои можат да ја урнат техничката влада? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koj-ima-kontrola-vrz-osumtemina-pratenitsi-na-alijansa-koi-mozhat-da-ja-urnat-tehnichkata-vlada/ Wed, 07 Feb 2024 07:02:13 +0000 https://republika.mk/?p=741216

Превирањата во Алијансата за Албанците може да влијаат на привремената техничка влада.Особено откако двајцата министри од оваа партија, Меџити и Алиу се изјаснија дека го поддржуваат претедателот Таравари но и дека нема да ја напуштат владата.

„Нема да поднесеме оставка, прво затоа што работевме транспарентно и второ, нашата партија не може да бара разрешување бидејќи нема основа врз која може да го бара тоа, бидејќи резултатите зборуваат сами за себе“, рече Азир Алиу.

Лидерот на партијата го навлече незадоволството кај дел од членство и кај поранешниот претседател Зијадин Села откако објави дека ќе се приклучат на албанската опозиција која ја предводат Изет Меџити, Африм Гаши и Касами.

Згора на тоа, ккадровската комисија на АА побара од техничкиот премиер Џафери да ги разреши двајцата министри од нивната партија, но тој се уште се нема јасно изјаснето што ќе превземе.

Доколкку поднесе барање за нивно разрешување тоа може да предизвика и пад на владата бидејќи Алијанса за Албанците има осумина пратеници во Собранието а парламентарното мнозинство брои само 64 пратеници.

Неизвесно е колкумина од нив се под контрола на Таравари а колкумина на Села и како би се однесувале при евентуално гласање за доверба на владата.

Многу работи ќе бидат појасни во сабота за кога е закажано Централното собрание на Алијансата за Албанците на кое засега е само точката на Села за самостоен настап на изборите.

https://republika.mk/vesti/makedonija/razresheni-dvajtsa-direktori-od-aa-reagirashe-taravari-so-poraka-promenata-pochna-8-maj-blisku-mnogu-blisku/

The post Koј има контрола врз осумтемина пратеници на Алијанса кои можат да ја урнат техничката влада? appeared first on Република.

]]>

Превирањата во Алијансата за Албанците може да влијаат на привремената техничка влада.Особено откако двајцата министри од оваа партија, Меџити и Алиу се изјаснија дека го поддржуваат претедателот Таравари но и дека нема да ја напуштат владата.
„Нема да поднесеме оставка, прво затоа што работевме транспарентно и второ, нашата партија не може да бара разрешување бидејќи нема основа врз која може да го бара тоа, бидејќи резултатите зборуваат сами за себе“, рече Азир Алиу.
Лидерот на партијата го навлече незадоволството кај дел од членство и кај поранешниот претседател Зијадин Села откако објави дека ќе се приклучат на албанската опозиција која ја предводат Изет Меџити, Африм Гаши и Касами. Згора на тоа, ккадровската комисија на АА побара од техничкиот премиер Џафери да ги разреши двајцата министри од нивната партија, но тој се уште се нема јасно изјаснето што ќе превземе. Доколкку поднесе барање за нивно разрешување тоа може да предизвика и пад на владата бидејќи Алијанса за Албанците има осумина пратеници во Собранието а парламентарното мнозинство брои само 64 пратеници. Неизвесно е колкумина од нив се под контрола на Таравари а колкумина на Села и како би се однесувале при евентуално гласање за доверба на владата. Многу работи ќе бидат појасни во сабота за кога е закажано Централното собрание на Алијансата за Албанците на кое засега е само точката на Села за самостоен настап на изборите. https://republika.mk/vesti/makedonija/razresheni-dvajtsa-direktori-od-aa-reagirashe-taravari-so-poraka-promenata-pochna-8-maj-blisku-mnogu-blisku/

The post Koј има контрола врз осумтемина пратеници на Алијанса кои можат да ја урнат техничката влада? appeared first on Република.

]]>
Алијаса бара од Џафери разрешување на министрите Меџити и Алиу https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/alijasa-bara-od-dhaferi-razreshuvane-na-ministrite-medhiti-i-aliu/ Tue, 06 Feb 2024 17:11:56 +0000 https://republika.mk/?p=741143

Кадровската комисија на Алијансата за Албанците попладнево одлучила да му предложи на техничкиот премиер Талат Џафери разрешување на министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и министерот за здравство Фатмир Меџити.

Кадровската комисија на Алијансата за Албанците, составена од 7 члена, како единствен орган на АА за кадровски прашања, со мнозинство од 5 гласа, одлучи да му предложи на премиерот разрешување на министерот за информатичко општество и администрација и министерот за здравство, информираат од партиската прес-служба.

Во партиското соопштениесе посочува дека таа одлука е донесена затоа што преку моќта на министерската функција, но без партиска позиција, двајцата министри спроведуваат дејствија кои, како што велат, се во спротивност со етичкиот кодекс, вклучително и уцени и притисоци врз членовите на АА и вработените, како и денешното јавно кокетирање со ВМРО-ДПМНЕ, посетувајќи го нејзиниот министер.

Во текот на денот, министерот за здравство Фатмир Меџити на прашањето дали ќе го извести претседателот на техничката Влада Талат Џафери дали се чуствува како дел од Владата или не изјави дека тој нема потреба да одговара никому освен на неговата партија и нејзиниот претседател. Тој додаде и дека му дава целосна поддршка на, како што кажа, легитимниот претседател на партијата Арбен Таравари, кој најави дека на изборите партијата ќе коалицира со опозициските партии. та или не, Меџити рече дека тој нема потреба да одговара никому освен на неговата партија и нејзиниот претседател.

Џафери во интервју за МИА изјави дека ја следи ситуацијата во АА, која има тројца министри во владиниот состав, и дека ќе постапи согласно неговите надлежности. Тој вели дека нема да се раководи од Фејсбук статуси, туку дека членовите на Владата од оваа партија ќе треба официјално по институционална линија да се изјаснат во ситуација кога имаат спротиставени ставови дали имаат чувство на припадност на овој состав или не.

Во принцип знаете многу одамна сум кажал не сум политичар од Фејсбук, сходно на тоа не сум премиер кој се раководи со изјави по Фејсбук или на партиски активности. Јас сум премиер на оваа Влада и соодветно ќе треба да се изјаснат, официјално, членовите на Владата во ситуација кога имаат спротивставени ставови, да се изјаснат по институционална линија дали имаат чувство на припадност на овој состав или не. Не можам да се раководам по она што се случува по телевизии и по конференции партиски, изјави Џафери во интервјуто за МИА.

Тој вели дека има воспоставено и лична комуникација со министрите и со замениците и дека тие можат секогаш да го побараат, но нагласува дека тој ќе се раководи од институционалната постапка и соодветно на тоа ќе одлучи каков ќе биде исходот.

Во сабота во 13 часот во Скопје е закажано Централно собрание на Алијанса за Албанците. Одржувањето на Централното собрание доаѓа откако претседателот на АА, Арбен Таравари најави дека партијата на претстојните парламентарни избори ќе се приклучи кон албанската опозиција. Таравари доби поддршка од министерот за здравство Фатмир Меџити, а му се спротивставија поранешниот прв човек на партијата Зијадин Села, министерот за правда Кренар Лога и потпретседателката на АА Илире Даути. Тие го обвинија Таравари дека тој како поединец не може да одлучува за чекорите на партијата, туку партиските тела.

The post Алијаса бара од Џафери разрешување на министрите Меџити и Алиу appeared first on Република.

]]>

Кадровската комисија на Алијансата за Албанците попладнево одлучила да му предложи на техничкиот премиер Талат Џафери разрешување на министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и министерот за здравство Фатмир Меџити.
Кадровската комисија на Алијансата за Албанците, составена од 7 члена, како единствен орган на АА за кадровски прашања, со мнозинство од 5 гласа, одлучи да му предложи на премиерот разрешување на министерот за информатичко општество и администрација и министерот за здравство, информираат од партиската прес-служба.
Во партиското соопштениесе посочува дека таа одлука е донесена затоа што преку моќта на министерската функција, но без партиска позиција, двајцата министри спроведуваат дејствија кои, како што велат, се во спротивност со етичкиот кодекс, вклучително и уцени и притисоци врз членовите на АА и вработените, како и денешното јавно кокетирање со ВМРО-ДПМНЕ, посетувајќи го нејзиниот министер. Во текот на денот, министерот за здравство Фатмир Меџити на прашањето дали ќе го извести претседателот на техничката Влада Талат Џафери дали се чуствува како дел од Владата или не изјави дека тој нема потреба да одговара никому освен на неговата партија и нејзиниот претседател. Тој додаде и дека му дава целосна поддршка на, како што кажа, легитимниот претседател на партијата Арбен Таравари, кој најави дека на изборите партијата ќе коалицира со опозициските партии. та или не, Меџити рече дека тој нема потреба да одговара никому освен на неговата партија и нејзиниот претседател. Џафери во интервју за МИА изјави дека ја следи ситуацијата во АА, која има тројца министри во владиниот состав, и дека ќе постапи согласно неговите надлежности. Тој вели дека нема да се раководи од Фејсбук статуси, туку дека членовите на Владата од оваа партија ќе треба официјално по институционална линија да се изјаснат во ситуација кога имаат спротиставени ставови дали имаат чувство на припадност на овој состав или не.
Во принцип знаете многу одамна сум кажал не сум политичар од Фејсбук, сходно на тоа не сум премиер кој се раководи со изјави по Фејсбук или на партиски активности. Јас сум премиер на оваа Влада и соодветно ќе треба да се изјаснат, официјално, членовите на Владата во ситуација кога имаат спротивставени ставови, да се изјаснат по институционална линија дали имаат чувство на припадност на овој состав или не. Не можам да се раководам по она што се случува по телевизии и по конференции партиски, изјави Џафери во интервјуто за МИА.
Тој вели дека има воспоставено и лична комуникација со министрите и со замениците и дека тие можат секогаш да го побараат, но нагласува дека тој ќе се раководи од институционалната постапка и соодветно на тоа ќе одлучи каков ќе биде исходот. Во сабота во 13 часот во Скопје е закажано Централно собрание на Алијанса за Албанците. Одржувањето на Централното собрание доаѓа откако претседателот на АА, Арбен Таравари најави дека партијата на претстојните парламентарни избори ќе се приклучи кон албанската опозиција. Таравари доби поддршка од министерот за здравство Фатмир Меџити, а му се спротивставија поранешниот прв човек на партијата Зијадин Села, министерот за правда Кренар Лога и потпретседателката на АА Илире Даути. Тие го обвинија Таравари дека тој како поединец не може да одлучува за чекорите на партијата, туку партиските тела.

The post Алијаса бара од Џафери разрешување на министрите Меџити и Алиу appeared first on Република.

]]>
Меџити: Со име и со презиме треба да се знае кој се огрешил за Онкологија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/medhiti-so-ime-i-so-prezime-treba-da-se-znae-koj-se-ogreshil-za-onkologija/ Mon, 05 Feb 2024 10:12:22 +0000 https://republika.mk/?p=740472

Министерот за здравство Фатмир Меџити за случајот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија потенцира дека нема да дозволи да се оцрни белиот мантил, а со име и презиме треба да се знае кој огрешил и за тоа да одговара.

Точно се знаат прописите како работи една јавно-здравствена институција и како работи Министерството за здравство. За сѐ друго има надлежни органи, мило ми е што веќе гледаме некаков епилог на целата оваа голгота. А, јас нема да дозволам веќе да се оцрни белиот мантил. Со име и со презиме да се знае кој се огрешил и за тоа да одговара. Пред сѐ, како лекар, како министер и како човек не би сакал да верувам дека некој се осмелил да направи вакви злоупотреби. Ние како Министерство, сите служби, сите сознанија што ги имавме, навистина 24/7 сме отворени за сите истражни органи, сѐ што имаме информација да споделиме, рече Меџити за емисијата „КОД“ на телевизија Телма.

Како што информира Министерството за здравство, во однос на ревизорскиот извештај за магнетна резонанца, Меџити инстакнал дека веднаш се преземени мерки и е постапено брзо и квалитетно.

Тој изјави дека проектот за централизација на Клиниката за радиологија е во финална фаза, а целта е, како што се наведува, пациентите да добијат подобри услови за лекување и третирање.

The post Меџити: Со име и со презиме треба да се знае кој се огрешил за Онкологија appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Фатмир Меџити за случајот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија потенцира дека нема да дозволи да се оцрни белиот мантил, а со име и презиме треба да се знае кој огрешил и за тоа да одговара.
Точно се знаат прописите како работи една јавно-здравствена институција и како работи Министерството за здравство. За сѐ друго има надлежни органи, мило ми е што веќе гледаме некаков епилог на целата оваа голгота. А, јас нема да дозволам веќе да се оцрни белиот мантил. Со име и со презиме да се знае кој се огрешил и за тоа да одговара. Пред сѐ, како лекар, како министер и како човек не би сакал да верувам дека некој се осмелил да направи вакви злоупотреби. Ние како Министерство, сите служби, сите сознанија што ги имавме, навистина 24/7 сме отворени за сите истражни органи, сѐ што имаме информација да споделиме, рече Меџити за емисијата „КОД“ на телевизија Телма.
Како што информира Министерството за здравство, во однос на ревизорскиот извештај за магнетна резонанца, Меџити инстакнал дека веднаш се преземени мерки и е постапено брзо и квалитетно. Тој изјави дека проектот за централизација на Клиниката за радиологија е во финална фаза, а целта е, како што се наведува, пациентите да добијат подобри услови за лекување и третирање.  

The post Меџити: Со име и со презиме треба да се знае кој се огрешил за Онкологија appeared first on Република.

]]>
Меџити: Виновниците за Онкологија да се објават со име и презиме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-vinovnitsite-za-onkologija-da-se-objavat-so-ime-i-prezime/ Wed, 31 Jan 2024 17:11:14 +0000 https://republika.mk/?p=739116

Министерот за здравство Фатмир Меџити изјави дека му стојат на располагање на обвинителството за да ја обезбедат потребната дополнителна документација во врска со аферата на Онологија. Меџити апелира да се откријат сите сомнителни случаи, сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата, но да не се генерализира одговорност кај целата лекарска фела.

The post Меџити: Виновниците за Онкологија да се објават со име и презиме appeared first on Република.

Меџити за средбата со Курти: АА никогаш не ги криела своите средби https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-za-sredbata-so-kurti-aa-nikogash-ne-gi-kriela-svoite-sredbi/ Wed, 31 Jan 2024 14:10:30 +0000 https://republika.mk/?p=739076

Алијанса за Албанците никогаш не ги криела средбите со други политички субјекти, а единствена цел на партијата и на нејзиниот лидер Арбен Таравари е европска Македонија, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарско прашање за вчерашната посета на Таравари на Приштина и неговата средба со косовскиот премиер Албин Курти.

Лидерите на опозицискиот албански блок - Европскиот сојуз за промени, Изет Меџити, Билал Касами и Африм Гаши, како и и претседателот на АА Таравари синоќа во Приштина имале средба со косовскиот премиер Курти.

Партијата никогаш не ги крила своите средби. Значи и кога се среќава со Али Ахмети, со лидерот на ДУИ и со опозицијата, со сите. Тие се јавни, нема што да криеме. Единствената цел на Алијанса и на претседателот Таравари е европска Македонија, изјави Меџити одговарајќи на новинарско прашање на прес-конфренција на Клиниката за урологија.

Тој рече дека е во секојдневна комуникација со Таравари, но дека себе си не претпочита да се нарекува политичар, туку лекар.

Меџити меѓу другото порача и дека политиката треба да ги тргне своите раце од здравството, но и од образованието.

Крајно време е политиката да ги тргне своите раце од здравство, но и од образование. Јас како министер за здравство тоа нема да го дозволам, изјави Меџити.

Лидерот на Беса, Касами вчера на неговит Фејсбук профил објави дека средбата со Курти минала во пријателско опкружување, како и дека било разговарано на повеќе теми меѓу кои и унапредување на положбата на Албанците во Македонија.

Претседателот на Движењето Беса Биљал Касами на денешната прес-конференција истакна дека по се што се случило по локалните избори, неопходни се предвремени парламентрани избори што побрзо.

Беше објавена и фотографија од средбата на која се наоѓаат лидерите на ЕСП и Таравари со Курти, а присутен е и претседателот на косовскиот Парламент Глаук Коњувца.

Доаѓа. Доаѓа. Големата промена доаѓа, пишува на објавената фотографија.

Беса денеска преку соопштение ја дообјасни вчерашната средба, која ја означи како братска.

The post Меџити за средбата со Курти: АА никогаш не ги криела своите средби appeared first on Република.

]]>

Алијанса за Албанците никогаш не ги криела средбите со други политички субјекти, а единствена цел на партијата и на нејзиниот лидер Арбен Таравари е европска Македонија, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарско прашање за вчерашната посета на Таравари на Приштина и неговата средба со косовскиот премиер Албин Курти. Лидерите на опозицискиот албански блок - Европскиот сојуз за промени, Изет Меџити, Билал Касами и Африм Гаши, како и и претседателот на АА Таравари синоќа во Приштина имале средба со косовскиот премиер Курти.
Партијата никогаш не ги крила своите средби. Значи и кога се среќава со Али Ахмети, со лидерот на ДУИ и со опозицијата, со сите. Тие се јавни, нема што да криеме. Единствената цел на Алијанса и на претседателот Таравари е европска Македонија, изјави Меџити одговарајќи на новинарско прашање на прес-конфренција на Клиниката за урологија.
Тој рече дека е во секојдневна комуникација со Таравари, но дека себе си не претпочита да се нарекува политичар, туку лекар. Меџити меѓу другото порача и дека политиката треба да ги тргне своите раце од здравството, но и од образованието.
Крајно време е политиката да ги тргне своите раце од здравство, но и од образование. Јас како министер за здравство тоа нема да го дозволам, изјави Меџити.
Лидерот на Беса, Касами вчера на неговит Фејсбук профил објави дека средбата со Курти минала во пријателско опкружување, како и дека било разговарано на повеќе теми меѓу кои и унапредување на положбата на Албанците во Македонија. Претседателот на Движењето Беса Биљал Касами на денешната прес-конференција истакна дека по се што се случило по локалните избори, неопходни се предвремени парламентрани избори што побрзо. Беше објавена и фотографија од средбата на која се наоѓаат лидерите на ЕСП и Таравари со Курти, а присутен е и претседателот на косовскиот Парламент Глаук Коњувца.
Доаѓа. Доаѓа. Големата промена доаѓа, пишува на објавената фотографија.
Беса денеска преку соопштение ја дообјасни вчерашната средба, која ја означи како братска.  

The post Меџити за средбата со Курти: АА никогаш не ги криела своите средби appeared first on Република.

]]>
Меџити: Само заеднички можеме да постигнеме успех во справувањето со антимикробната резистенција https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/medhiti-samo-zaednichki-mozheme-da-postigneme-uspeh-vo-spravuvaneto-so-antimikrobnata-rezistentsija/ Mon, 29 Jan 2024 10:59:57 +0000 https://republika.mk/?p=738087

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, денеска на стручниот настан посветен на антимикробната резистенција потенцираше дека само заеднички може да се постигне успех во справувањето со антимикробната резистенција. Прифаќање алатка за СЗО за европскиот регион - тоа е патоказот за антимикробна резистенција.

Антимикробната резистенција е глобален предизвик со кој се соочуваат и најразвиените здравствени системи. Разноликоста на присутните на денешниот собир најдобро ја отсликува реалната заложба за пристап на „едно здравје“, бидејќи само така можеме да постигнеме успех во справувањето со антимикробната резистенција, рече министерот Меџити.

За важноста на овој предизвик посочи и претседателот на СЗО, Тедрос Гебрециус во своето излагање по повод одбележување на неделата на свесност за употреба на антимикробни средства, истакнувајќи дека „нерационалната употреба на антимикробни средства ќе нѐ врати во предантибиотската ера“.

Кон крајот на минатата година во Астана, Казахстан потпишавме прифаќање алатка за СЗО за европскиот регион - тоа е патоказот за антимикробна резистенција. Верувам дека заедно со колегите од нашата држава ќе изнајдете најдобар пат да нѐ водите кон што поуспешна борба во справување со антимикробната резистенција, преку изготвување национална стратегија за 2023 - 2030“, изјави Меџити.

The post Меџити: Само заеднички можеме да постигнеме успех во справувањето со антимикробната резистенција appeared first on Република.

Меџити: Радиологија е една од проблематичните точки во здравството,но работиме на решавање на проблемите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/medhiti-radiologija-e-edna-od-problematichnite-tochki-vo-zdravstvoto-no-rabotime-na-reshavane-na-problemite/ Wed, 24 Jan 2024 15:18:11 +0000 https://republika.mk/?p=736389

Радиологија е една од најпроблематичните точки во здравството, но работиме на решавање на проблемите, изјави министерот за здравство Фатмир Меџити, при денешната посета на велешката ЈЗУ Општа болница одговарајќи на новинарско прашање за вчерашниот демант од Државниот завод за ревизија на неговата изјава за искористеноста на магнетната резонанца.

Јас уште на почетокот кажав дека ќе ја централизираме сета радиологија која ќе биде во Ккиниката за радиологија и нема да има потреба од радиолози во целата држава, туку само техничари коишто ќе го вршат тоа снимање и онлајн нашите колеги радиолози ќе можат да ги прочитаат. Но, тоа е процес што трае и ние сме многу внимателни кога ќе донесеме фактички одлука како тоа понатаму да го решаваме. Затоа и стојам на зборот, ние го земавме извештајот од Државниот завод за ревизија и пред две недели државниот ревизор беше кај мене во кабинет и ние по моја иницијатива потпишавме меморандум со Државниот завод за ревизија и целта ни е како кабинет и министерство за здравство повеќе да нема пропусти и злоупотреби. Јас кажав и тогаш и сега повторувам овие приблеми ние нема да ги решаваме преку ноќ, но макотрпно работиме за да се решаваат, потенцира Меџити.

Воедно додаде дека на Универзитетските клиники во комплексот „Мајка Тереза“ единствен дефицит има на радиолози и друг кадар во Клиниката за Радиологија и дека работат на решавање на проблемот.

Знаете радиолог не може да создадете преку ноќ и еден месец, тие се специјализации кои траат подолго, но затоа целта на овој процес кој ние како министерство веќе го водиме и мислам дека за кратко време ќе имаме и конкретен резултат и ќе бидете известени како ќе постапиме понатаму. Дека има пропусти и злоупотреби има, јас првиот кажав дека здравството е во тешка состојба, но вие сте сведоци и целата јавност и сите пациенти дека ние ја дисперзиравме целата апаратура низ целата држава, потенцира Меџити.

The post Меџити: Радиологија е една од проблематичните точки во здравството,но работиме на решавање на проблемите appeared first on Република.

Меџити во кабинет си ги вработил сестрата и братот на сопругата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-vo-kabinet-si-gi-vrabotil-sestrata-i-bratot-na-soprugata/ Wed, 10 Jan 2024 19:56:33 +0000 https://republika.mk/?p=731468

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение му порачува на кабинетот на министерот за здравство Фатмир Меџити, кога веќе ги користи фразите „лаги и манипулации” и „позитивни промени“, прво да даде одговор на следните прашања од поглавјето „позитивни промени” на Меџити:

1. Дали се ангажирани сестрата и братот на сопругата на Меџити во кабинетот на министерот и дали за вакви „позитивни промени” зборува истиот тој кабинет во празните реакции?

2. Дали и сопругата на министерот за правда, Кренер Лога кој доаѓа од истата партија како Меџити е вработена на Клиниката за стоматологија?

3. Дали, кога кабинетот на Меџити раскажува приказни за позитивни промени во здравството мисли на немањето одговорност и непреземање мерки по случувањата во ГОБ „8 Септември” каде загрозена е безбедноста на здравствените работници кои иако се зачестени, сепак ништо не е преземено од раководството кое нема мрднато со прст да ги заштити своите вработени?

4. Дали „позитивни промени” според „врвни успеси и експертиза” е и назначувањето на директор на Клиника за неврологија, па отворено е прашањето дали немаше друг доктор со искуство од Клиника, па мораше да се донесе директор од Тетово, без искуство на терциерно ниво на здравствена заштита?

5. Кога сме кај „позитивни промени” за Меџити прашуваме дали претседавачот на Советот во Гостивар исто така, поради „експертиза” или политички мораше да се вработи во терциерно здравство и планот е да се вработи преку Клиниката за токсикологија?

За овие и други конкретни примери постојано пристигнуваат информации по објавата на ВМРО-ДПМНЕ за напотизам и нерегуларни вработувања при кои инстантно се завршуваат процедурите за разлика од сите останати здравствени работници за кои се долги и комплексни, а посебно за тие што работат со договор на дело. За оваа група вработени токму предизборно и манипулативно сега се ветува решавање на статусот иако седум години не им беа доволно да мрднат со прст.

Освен на погоре наведените Меџити треба да одговори и на други прашања како:

Прво, дали кога без срам го користат зборот „позитивни промени и реформи во здравството” воопшто помислуваат и на најголемиот скандал во историјата на македонското здравство – случајот со злоупотребите на лекови на Онкологија кој уште нема завршеток?

Второ, дали таквиот континуитет во немањето одговорност по примерот на случајот со горењето на модуларната болница во Тетово, направена со изолација од пур пена, каде имаше 14 мртви пациенти и нула одговорност е исто „позитивен пример” за владеењето и за четвртиот министер?

Трето, дали кога зборува за континуитет и за позитивни примери Меџити мисли и на обидите на власта на СДС и ДУИ за приватизација на биохемиските лаборатории, за приватизација и концесија на Итна медицинска помош, дури и за ГОБ „8 Септември”, и сето тоа со една цел за лични потреби и лични профити?

Четврто, кога веќе зборуваат за лаги и манипулации да одговорат зошто се манипулира цели сеум години со ветувањето за укинувањето на организациските директори?

Петто, дали можеби за оваа власт позитивен пример се и наместените огласи за вработувања и тендери кои се почесто одговараат само на еден понудувач?

The post Меџити во кабинет си ги вработил сестрата и братот на сопругата appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение му порачува на кабинетот на министерот за здравство Фатмир Меџити, кога веќе ги користи фразите „лаги и манипулации” и „позитивни промени“, прво да даде одговор на следните прашања од поглавјето „позитивни промени” на Меџити: 1. Дали се ангажирани сестрата и братот на сопругата на Меџити во кабинетот на министерот и дали за вакви „позитивни промени” зборува истиот тој кабинет во празните реакции? 2. Дали и сопругата на министерот за правда, Кренер Лога кој доаѓа од истата партија како Меџити е вработена на Клиниката за стоматологија? 3. Дали, кога кабинетот на Меџити раскажува приказни за позитивни промени во здравството мисли на немањето одговорност и непреземање мерки по случувањата во ГОБ „8 Септември” каде загрозена е безбедноста на здравствените работници кои иако се зачестени, сепак ништо не е преземено од раководството кое нема мрднато со прст да ги заштити своите вработени? 4. Дали „позитивни промени” според „врвни успеси и експертиза” е и назначувањето на директор на Клиника за неврологија, па отворено е прашањето дали немаше друг доктор со искуство од Клиника, па мораше да се донесе директор од Тетово, без искуство на терциерно ниво на здравствена заштита? 5. Кога сме кај „позитивни промени” за Меџити прашуваме дали претседавачот на Советот во Гостивар исто така, поради „експертиза” или политички мораше да се вработи во терциерно здравство и планот е да се вработи преку Клиниката за токсикологија? За овие и други конкретни примери постојано пристигнуваат информации по објавата на ВМРО-ДПМНЕ за напотизам и нерегуларни вработувања при кои инстантно се завршуваат процедурите за разлика од сите останати здравствени работници за кои се долги и комплексни, а посебно за тие што работат со договор на дело. За оваа група вработени токму предизборно и манипулативно сега се ветува решавање на статусот иако седум години не им беа доволно да мрднат со прст. Освен на погоре наведените Меџити треба да одговори и на други прашања како: Прво, дали кога без срам го користат зборот „позитивни промени и реформи во здравството” воопшто помислуваат и на најголемиот скандал во историјата на македонското здравство – случајот со злоупотребите на лекови на Онкологија кој уште нема завршеток? Второ, дали таквиот континуитет во немањето одговорност по примерот на случајот со горењето на модуларната болница во Тетово, направена со изолација од пур пена, каде имаше 14 мртви пациенти и нула одговорност е исто „позитивен пример” за владеењето и за четвртиот министер? Трето, дали кога зборува за континуитет и за позитивни примери Меџити мисли и на обидите на власта на СДС и ДУИ за приватизација на биохемиските лаборатории, за приватизација и концесија на Итна медицинска помош, дури и за ГОБ „8 Септември”, и сето тоа со една цел за лични потреби и лични профити? Четврто, кога веќе зборуваат за лаги и манипулации да одговорат зошто се манипулира цели сеум години со ветувањето за укинувањето на организациските директори? Петто, дали можеби за оваа власт позитивен пример се и наместените огласи за вработувања и тендери кои се почесто одговараат само на еден понудувач?

The post Меџити во кабинет си ги вработил сестрата и братот на сопругата appeared first on Република.

]]>
Меџити: Не може преку ноќ да го смениме менталниот склоп на граѓаните, но вакцинирајте ги децата, тоа спасува животи https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/medhiti-ne-mozhe-preku-nok-da-go-smenime-mentalniot-sklop-na-graganite-no-vaktsinirajte-gi-detsata-toa-spasuva-zhivoti/ Wed, 10 Jan 2024 12:19:24 +0000 https://republika.mk/?p=731561

Повикуваме на вакцинација затоа што вакцините спасуваат животи, рече денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарско прашање, каква е состојбата со големата кашлица во државата, дали се должи на тоа што многу луѓе не ги вакцинираат своите деца и што се планира да се преземе во врска со тоа.

Не можеме преку ноќ да го смениме менталниот склоп на граѓаните. Нашата иднина се нашите деца и ние ги повикуваме сите да се вакцинираат зошто тоа пред се ни ги заштитува животите и спасува. Затоа мора да сфатат и лека полека ќе сфатиме сите, дека вакцинирањето на нашата иднина е пред се и тоа е иднината на нашата држава, нагласи министерот.

Меџити, кој беше на отворањето на нова Поликлиника во Сарај, одговараше и на прашање кога ќе почнат вработувањата што беа најавени во здравството и дали ќе имаат предност оние што се со договор на дело или и овде ќе има балансер.

- Тоа што никој не веруваше дека ќе изнајдеме решение, за тоа изнајдовме. Веќе 1.117 вработувања од оваа Влада и тоа што кажав, вие знаете подобро од мене како новинари дека законските процедури се тие, дека ние не можеме да му забраниме на никој да конкурира на тие огласи, но јас лично кажав дека ќе го опсервирам целиот процес и ќе изнајдеме решение и навистина ќе работиме макотрпно да тоа биде праведно. Заедно ќе продолжиме понатаму да вработуваме здравствен медицински кадар кој беше многу дефицитарен овие неколку години. Во цело здравство ќе има нова систематизација, нова реорганизација и нова организација. Здравството веќе нема да биде како што било, ќе постапиме многу сериозно како досега и со „трикафта“ и со сите други работи. Во здравството работите се тераат напред и си одат на подобро, подвлече министерот.

Запрашан кога ќе бидат распишани огласите, тој одговори дека веќе се работи на овие процедури.

- Ги собираме сите информации и ќе бидат за брзо време распишани сите огласи. Но, знаете треба систематизација преку МИОА, ние вршиме притисок кон сите овие институции, владини кабинети, министерства, за да можеме ова како што почнавме и динамично да го реализираме. Здравјето на пациентите е пред се, подвлече Меџити.

The post Меџити: Не може преку ноќ да го смениме менталниот склоп на граѓаните, но вакцинирајте ги децата, тоа спасува животи appeared first on Република.

]]>

Повикуваме на вакцинација затоа што вакцините спасуваат животи, рече денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарско прашање, каква е состојбата со големата кашлица во државата, дали се должи на тоа што многу луѓе не ги вакцинираат своите деца и што се планира да се преземе во врска со тоа.
Не можеме преку ноќ да го смениме менталниот склоп на граѓаните. Нашата иднина се нашите деца и ние ги повикуваме сите да се вакцинираат зошто тоа пред се ни ги заштитува животите и спасува. Затоа мора да сфатат и лека полека ќе сфатиме сите, дека вакцинирањето на нашата иднина е пред се и тоа е иднината на нашата држава, нагласи министерот.
Меџити, кој беше на отворањето на нова Поликлиника во Сарај, одговараше и на прашање кога ќе почнат вработувањата што беа најавени во здравството и дали ќе имаат предност оние што се со договор на дело или и овде ќе има балансер. - Тоа што никој не веруваше дека ќе изнајдеме решение, за тоа изнајдовме. Веќе 1.117 вработувања од оваа Влада и тоа што кажав, вие знаете подобро од мене како новинари дека законските процедури се тие, дека ние не можеме да му забраниме на никој да конкурира на тие огласи, но јас лично кажав дека ќе го опсервирам целиот процес и ќе изнајдеме решение и навистина ќе работиме макотрпно да тоа биде праведно. Заедно ќе продолжиме понатаму да вработуваме здравствен медицински кадар кој беше многу дефицитарен овие неколку години. Во цело здравство ќе има нова систематизација, нова реорганизација и нова организација. Здравството веќе нема да биде како што било, ќе постапиме многу сериозно како досега и со „трикафта“ и со сите други работи. Во здравството работите се тераат напред и си одат на подобро, подвлече министерот. Запрашан кога ќе бидат распишани огласите, тој одговори дека веќе се работи на овие процедури. - Ги собираме сите информации и ќе бидат за брзо време распишани сите огласи. Но, знаете треба систематизација преку МИОА, ние вршиме притисок кон сите овие институции, владини кабинети, министерства, за да можеме ова како што почнавме и динамично да го реализираме. Здравјето на пациентите е пред се, подвлече Меџити.

The post Меџити: Не може преку ноќ да го смениме менталниот склоп на граѓаните, но вакцинирајте ги децата, тоа спасува животи appeared first on Република.

]]>
Почна со работа новата Поликлиника Сарај https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pochna-so-rabota-novata-poliklinika-saraj/ Wed, 10 Jan 2024 10:31:59 +0000 https://republika.mk/?p=731494

Денеска беше отворена новата Поликлиника Сарај, во скопската општија во која што ќе може да се лекуваат над 45 илјади жители од овој регион на градот. Станува збор за инвестиција во вредност од 79 милиони денари, обезбедени од Министерство за здравство.

Новата поликлиника ќе биде дел од Здравствен дом Скопје, со што ќе придонесе за уште поефикасна здравствена заштита на населението во делот на примарното здравство.

[caption id="attachment_731503" align="alignnone" width="2048"] Поликлника Сарај Фото: Министерство за здравство[/caption]

Во неа ќе се обезбедуваат здравствени услуги за превентивна здравствена заштита, односно ќе функционираат вакцинални пуктови за деца од предучилишна и училишна возраст со превентивна детска стоматологија.

Поликлиниката во Сарај ќе обезбедува здравствена заштита за граѓаните од над дваесеттина населени места (меѓу кои Бојане, Матка, Копаница, Чајлане, Буковиќ, Кондово, Љубин, Радуша, Шишево, Горно и Долно Свиларе, Грчец, Крушопек, Ласкарци и други). Досега, пациентите од оваа општина ги користеа здравствените услуги во најблиската поликлиника Ѓорче Петров, рече денеска на отворањето министерот за здравство Фатмир Меџити.

Покрај превентивните служби, во Поликлиниката ќе се обезбедува и специјалистичко–консултативна здравствена заштита. Опремени се биохемиска лабораторија, кабинет за рендген дијагностика, ОРЛ кабинет и кабинет за дерматовенерологија.

[caption id="attachment_731505" align="alignnone" width="2048"] Поликлиника Сарај фото: Министерство за здравство[/caption]

За успешно функционирање на поликлиниката обезбеден е и стручен медицински кадар, за што во декември, минатата година беа реализирани 26 нови вработувања од разни профили, како што се: доктори на медицина, медицински сестри, лаборанти и друг кадар наменети за Поликлиника Сарај, изјави Меџити.

The post Почна со работа новата Поликлиника Сарај appeared first on Република.

]]>

Денеска беше отворена новата Поликлиника Сарај, во скопската општија во која што ќе може да се лекуваат над 45 илјади жители од овој регион на градот. Станува збор за инвестиција во вредност од 79 милиони денари, обезбедени од Министерство за здравство. Новата поликлиника ќе биде дел од Здравствен дом Скопје, со што ќе придонесе за уште поефикасна здравствена заштита на населението во делот на примарното здравство. [caption id="attachment_731503" align="alignnone" width="2048"] Поликлника Сарај Фото: Министерство за здравство[/caption]
Во неа ќе се обезбедуваат здравствени услуги за превентивна здравствена заштита, односно ќе функционираат вакцинални пуктови за деца од предучилишна и училишна возраст со превентивна детска стоматологија. Поликлиниката во Сарај ќе обезбедува здравствена заштита за граѓаните од над дваесеттина населени места (меѓу кои Бојане, Матка, Копаница, Чајлане, Буковиќ, Кондово, Љубин, Радуша, Шишево, Горно и Долно Свиларе, Грчец, Крушопек, Ласкарци и други). Досега, пациентите од оваа општина ги користеа здравствените услуги во најблиската поликлиника Ѓорче Петров, рече денеска на отворањето министерот за здравство Фатмир Меџити.
Покрај превентивните служби, во Поликлиниката ќе се обезбедува и специјалистичко–консултативна здравствена заштита. Опремени се биохемиска лабораторија, кабинет за рендген дијагностика, ОРЛ кабинет и кабинет за дерматовенерологија. [caption id="attachment_731505" align="alignnone" width="2048"] Поликлиника Сарај фото: Министерство за здравство[/caption]
За успешно функционирање на поликлиниката обезбеден е и стручен медицински кадар, за што во декември, минатата година беа реализирани 26 нови вработувања од разни профили, како што се: доктори на медицина, медицински сестри, лаборанти и друг кадар наменети за Поликлиника Сарај, изјави Меџити.
 
The post Почна со работа новата Поликлиника Сарај appeared first on Република.

]]>
Продолжува и во 2024 година, непотизам во кабинетот на Меџити, вработувања и унапредувања за нула проекти во здравството, велат од ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prodolzhuva-i-vo-2024-godina-nepotizam-vo-kabinetot-na-medhiti-vrabotuvana-i-unapreduvana-za-nula-proekti-vo-zdravstvoto-velat-od-vmro-dpmne/ Mon, 08 Jan 2024 08:50:15 +0000 https://republika.mk/?p=730773

Кабинетот на министерот за здравство Фатмир Меџити одамна е дувло на непотизам. По принципот на непотизам исто така се вработува и кадар без соодветни критериуми и на скопските клиники, иако станува збор за врвни здравствени установи од терциерно ниво кои треба да се синоним за квалитет во здравствениот систем. Директно во кабинетот на министерот за здравство работи ни помалку ни повеќе, туку сестрата на неговата сопруга. Покрај сестрата на неговата сопруга, во кабинетот работи и нејзиниот брат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– По примерот на останатите семејни лози кои се вработуваат, како ќерката на екс пратеничката Мира Дизел, синот на директорот на Клиниката за урологија и ќерката на директорот на Клиниката за очни болести, во кабинетот на Меџити е ангажиран како советник на министерот и близок роднина на Арбан Таравари, претседател на партијата од која доаѓа Меџити.

Непотистички стебла го урнисуваат и онака кревкото здравство, а Владата на СДС и ДУИ е одговорна за егзодусот на медицинскиот персонал, како и воопшто за лошата состојба во здравството. Во меѓувреме, додека се долги и комплексни процедурите за медицинскиот кадар кој работи повеќе години со договор на дело, Меџити вработува и унапредува административен кадар во ова Министерство, со однапред наместени огласи и процедури кои се нетранспарентни и не соодветствуваат на потребите на секторот како здравството.

Главно за сите овие предизборни вработувања, унапредувања и наградувања во Министерството за здравство и пошироко во здравството, е дека помалку важниот коалициски партнер СДС, се задоволува со сооднос од 50% за вработувања на Македонци и 50% на административен кадар од ДУИ и Алијанса за Албанците. Ваквите неадекватни политики, негрижата за кадарот и неговиот квалитет граѓаните ќе ги прегазат на изборите што следат, а здравствениот систем итно ќе биде рестартиран. Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме – се нагласува во партиското соопштение.

The post Продолжува и во 2024 година, непотизам во кабинетот на Меџити, вработувања и унапредувања за нула проекти во здравството, велат од ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Кабинетот на министерот за здравство Фатмир Меџити одамна е дувло на непотизам. По принципот на непотизам исто така се вработува и кадар без соодветни критериуми и на скопските клиники, иако станува збор за врвни здравствени установи од терциерно ниво кои треба да се синоним за квалитет во здравствениот систем. Директно во кабинетот на министерот за здравство работи ни помалку ни повеќе, туку сестрата на неговата сопруга. Покрај сестрата на неговата сопруга, во кабинетот работи и нејзиниот брат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
– По примерот на останатите семејни лози кои се вработуваат, како ќерката на екс пратеничката Мира Дизел, синот на директорот на Клиниката за урологија и ќерката на директорот на Клиниката за очни болести, во кабинетот на Меџити е ангажиран како советник на министерот и близок роднина на Арбан Таравари, претседател на партијата од која доаѓа Меџити.
Непотистички стебла го урнисуваат и онака кревкото здравство, а Владата на СДС и ДУИ е одговорна за егзодусот на медицинскиот персонал, како и воопшто за лошата состојба во здравството. Во меѓувреме, додека се долги и комплексни процедурите за медицинскиот кадар кој работи повеќе години со договор на дело, Меџити вработува и унапредува административен кадар во ова Министерство, со однапред наместени огласи и процедури кои се нетранспарентни и не соодветствуваат на потребите на секторот како здравството. Главно за сите овие предизборни вработувања, унапредувања и наградувања во Министерството за здравство и пошироко во здравството, е дека помалку важниот коалициски партнер СДС, се задоволува со сооднос од 50% за вработувања на Македонци и 50% на административен кадар од ДУИ и Алијанса за Албанците. Ваквите неадекватни политики, негрижата за кадарот и неговиот квалитет граѓаните ќе ги прегазат на изборите што следат, а здравствениот систем итно ќе биде рестартиран. Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме – се нагласува во партиското соопштение.

The post Продолжува и во 2024 година, непотизам во кабинетот на Меџити, вработувања и унапредувања за нула проекти во здравството, велат од ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Мицковски: Се кладеле на полот на новороденчето… Нова година – стари идиоти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskovski-se-kladele-na-polot-na-novorodencheto-nova-godina-stari-idioti/ Mon, 01 Jan 2024 17:16:34 +0000 https://republika.mk/?p=728749

Аналитичарот и новинар, Ивор Мицковски, на социјалните мрежи ја коментира изјавата на министерот за здравство, Фатмир Меџити, дека со членовите на својот кабинет, се кладеле на тоа дали првото родено бебе во државава ќе биде машко или женско.

Се кладеле на полот на новороденчето и од тоа ќе значело дали ќе ни тргне во Здравството.

Нова година - стари идиоти, коментира Мицковски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-se-kladel-deka-prvoto-novorodenche-ke-e-mashko/

The post Мицковски: Се кладеле на полот на новороденчето… Нова година – стари идиоти appeared first on Република.

]]>

Аналитичарот и новинар, Ивор Мицковски, на социјалните мрежи ја коментира изјавата на министерот за здравство, Фатмир Меџити, дека со членовите на својот кабинет, се кладеле на тоа дали првото родено бебе во државава ќе биде машко или женско.
Се кладеле на полот на новороденчето и од тоа ќе значело дали ќе ни тргне во Здравството.   Нова година - стари идиоти, коментира Мицковски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-se-kladel-deka-prvoto-novorodenche-ke-e-mashko/

The post Мицковски: Се кладеле на полот на новороденчето… Нова година – стари идиоти appeared first on Република.

]]>
Меџити се кладел дека првото новороденче ќе е машко https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-se-kladel-deka-prvoto-novorodenche-ke-e-mashko/ Mon, 01 Jan 2024 11:30:11 +0000 https://republika.mk/?p=728626

Во петокот, при крај на работното време, во мојот Кабинет, во релаксирана атмосфера со моите колеги се кладев дека првото родено дете во 2024 година ќе биде машко и тоа се исполни, значи ќе се исполнат сите планирани проекти во здравството. Им порачувам на граѓаните да веруваат во здравствениот систем и во сите здравствени работници, ќе работиме максимално, а целта ни е, наместо со скандали, здравството годинава да биде на ниво на кое заслужуваат нашите пациенти.

Ова го истакна претпладнево министерот за здравство Фатмир Меџити, кој заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска го посети Алек, првото бебе годинава кое се роди на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје.

Меџити во оваа прилика уште еднаш им ја честита новата година на граѓаните и им посака добро здравје и успеси.

Министерството за здравство продолжува да спорведува политики и мерки за заштита на здравјето на мајките, новодоренчињата и на другите пациенти, подвлече Меџити.

Тренчевска им честита на родителите на Алек, мајката и таткото Стефановски. Потсети и дека веќе се подготвува националната стратегија за демографија, насочена кон зголемување на наталитетот.

Традиционално, како и секоја година, со министерот за здравство сме во болницата каде е родено првото бебе оваа година. Овој пат тоа е ГАК. Алек се роди, им честитам на родителите, на мајката и таткото Стефановски, да им е живо и здраво бебето и да има среќно детство, изјави министерката.

Во однос на стратегијата напомена дека целта е и да се намали трендот на иселување на младите.

Верувам дека со добри трудови политики и подобри плати, како и подостојни работни места прималиви за младите, ќе успееме да ги задржиме и да ја подобриме демографската состојба во земјата, истакна Тренчевска.

Алек е здраво машко бебе, тешко 3 706 грама и долго 52 сантиметра. Се родил во десетата секунда од 2024 година.

Годината почна убаво, со родени три бебиња во првите 15 минути по почетокот на годината што треба да е добар знак, се надеваме дека ќе имаме што повеќе здрави бебиња и среќни родители, изјави директорката на ГАК, Викторија Јовановска.

Од полноќ до сега на ГАК се родиле вкупно шест бебиња, а повеќето се машки.

The post Меџити се кладел дека првото новороденче ќе е машко appeared first on Република.

]]>

Во петокот, при крај на работното време, во мојот Кабинет, во релаксирана атмосфера со моите колеги се кладев дека првото родено дете во 2024 година ќе биде машко и тоа се исполни, значи ќе се исполнат сите планирани проекти во здравството. Им порачувам на граѓаните да веруваат во здравствениот систем и во сите здравствени работници, ќе работиме максимално, а целта ни е, наместо со скандали, здравството годинава да биде на ниво на кое заслужуваат нашите пациенти. Ова го истакна претпладнево министерот за здравство Фатмир Меџити, кој заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска го посети Алек, првото бебе годинава кое се роди на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје. Меџити во оваа прилика уште еднаш им ја честита новата година на граѓаните и им посака добро здравје и успеси.
Министерството за здравство продолжува да спорведува политики и мерки за заштита на здравјето на мајките, новодоренчињата и на другите пациенти, подвлече Меџити.
Тренчевска им честита на родителите на Алек, мајката и таткото Стефановски. Потсети и дека веќе се подготвува националната стратегија за демографија, насочена кон зголемување на наталитетот.
Традиционално, како и секоја година, со министерот за здравство сме во болницата каде е родено првото бебе оваа година. Овој пат тоа е ГАК. Алек се роди, им честитам на родителите, на мајката и таткото Стефановски, да им е живо и здраво бебето и да има среќно детство, изјави министерката.
Во однос на стратегијата напомена дека целта е и да се намали трендот на иселување на младите.
Верувам дека со добри трудови политики и подобри плати, како и подостојни работни места прималиви за младите, ќе успееме да ги задржиме и да ја подобриме демографската состојба во земјата, истакна Тренчевска.
Алек е здраво машко бебе, тешко 3 706 грама и долго 52 сантиметра. Се родил во десетата секунда од 2024 година.
Годината почна убаво, со родени три бебиња во првите 15 минути по почетокот на годината што треба да е добар знак, се надеваме дека ќе имаме што повеќе здрави бебиња и среќни родители, изјави директорката на ГАК, Викторија Јовановска.
Од полноќ до сега на ГАК се родиле вкупно шест бебиња, а повеќето се машки.

The post Меџити се кладел дека првото новороденче ќе е машко appeared first on Република.

]]>
По Нова година треба да почне со работа дневната болница за онколошки пациенти во ГОБ „8 Септември“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/po-nova-godina-treba-da-pochne-so-rabota-dnevnata-bolnitsa-za-onkoloshki-patsienti-vo-gob-8-septemvri/ Thu, 28 Dec 2023 14:48:10 +0000 https://republika.mk/?p=727575

Онколошките пациенти да бидат мирни, ќе има биолошка терапија, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има биолошка терапија за онколошките пациенти, кои треба да ја добијат идната недела.

Министерот Меџити, кој присуствуваше на промовирање на нов апарат во Општата болница „8 Септември“, беше прашан и дали следен чекор ќе биде да се унапреди статусот на болницата.

Апсолутно се што е потребно за да функционира како што заслужуваат пациентите и граѓаните, тоа што ќе биде императив и што ќе имаме основа за таква постапка, ние одма ќе постапиме. Јас како министер и мојот кабинет, тука сме за целосна поддршка и за болницата „8 Септември“, нагласи министерот за здравство.

Директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов, на новинарско прашање кога ќе почне да работи екцелераторот и од кога ќе се почне да се третираат таму онколошките пациенти, кажа дека е во процедура вработување на нов физичар, како и дека апаратот е поставен.

Во процедура е вработувањето на новиот физичар, апаратот е поставен, ги имаме сите потребни додатни материјали и тоа што е потребно за да почне со работа овој акцелератор. Секако, ќе имаме помош и од некоја странска болница. Се надевам за брзо време и ќе можеме да почнеме со првите пациенти коишто ќе бидат за радиозрачење. Што се однесува до дневната болница за онколошките пациенти, веќе имавме две средби со менаџментот на Клиниката за онкологија и веќе утврдивме кои лекови ќе се даваат кај нас, рече тој.

Дневните болници, појасни директорот, се три амбуланти што ќе работат во прва смена, а од Клиниката за онкологија ќе бидат испраќани пациенти кои ќе бидат третирани во „8 Септември“.

Ние овде имаме двајца доктори онколози кои ќе се грижат за тие пациенти. Се надевам дека тоа ќе биде по Нова година, за брзо време ќе почнеме, нагласи Костов.

The post По Нова година треба да почне со работа дневната болница за онколошки пациенти во ГОБ „8 Септември“ appeared first on Република.

]]>

Онколошките пациенти да бидат мирни, ќе има биолошка терапија, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има биолошка терапија за онколошките пациенти, кои треба да ја добијат идната недела. Министерот Меџити, кој присуствуваше на промовирање на нов апарат во Општата болница „8 Септември“, беше прашан и дали следен чекор ќе биде да се унапреди статусот на болницата.