Фатмир Етеми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fatmir-etemi/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Sep 2022 20:42:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фатмир Етеми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fatmir-etemi/ 32 32 Левица: Водостопанство отуѓува имот за згради на Фатмир Етеми https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/levica-vodostopanstvo-otugjuva-imot-za-zgradi-na-fatmir-etemi/ Wed, 21 Sep 2022 20:42:08 +0000 https://republika.mk/?p=553008

Главниот извршен директор на АД „Водостопанство“ Локман Љимани поднел барање до Комисијата за урбанизам на Град Скопје на земјиште во сопственост на ова државно претпријатие да бидат вцртани станбени објекти, вели Левица во партиско соопштение.

Се работи за атрактивно земјиште, лоцирано кај стадионот Локомотив во општина Карпош.

Љимани, кој порано беше и директор на Државен градежен инспекторат, сега бара наместо зеленило кое е предвидено со последната верзија на ДУП-от, да бидат вцртани станбени згради. 

АД „Водостопанство“, како акционерско друштво во државна сопственост, треба да ги заштитува и застапува потребите и интересите на жителите на Република Македонија. Во овој случај, барањето за вцртување на станбени згради е во целост спротивно на потребите на жителите на Општина Карпош, велат од Левица.

Истовремено, до Левица пристигнала информација дека Љимани ова барање го доставил по налог на контроверзниот инвеститор Фатмир Етеми, кој подоцна треба да го купи имотот.

Јавно го повикуваме Локман Љимани да објасни какви потреби АД „Водостопанство“ има од станбени згради. Исто така, алармираме Комисијата за урбанизам на Град Скопје по ова барање да постапи согласно потребите на жителите на Општина Карпош, а не граѓаните да бидат жртви на уште едно сценарио како случајот со Мајчин дом, велат од Левица.

The post Левица: Водостопанство отуѓува имот за згради на Фатмир Етеми appeared first on Република.

]]>

Главниот извршен директор на АД „Водостопанство“ Локман Љимани поднел барање до Комисијата за урбанизам на Град Скопје на земјиште во сопственост на ова државно претпријатие да бидат вцртани станбени објекти, вели Левица во партиско соопштение. Се работи за атрактивно земјиште, лоцирано кај стадионот Локомотив во општина Карпош.
Љимани, кој порано беше и директор на Државен градежен инспекторат, сега бара наместо зеленило кое е предвидено со последната верзија на ДУП-от, да бидат вцртани станбени згради.  АД „Водостопанство“, како акционерско друштво во државна сопственост, треба да ги заштитува и застапува потребите и интересите на жителите на Република Македонија. Во овој случај, барањето за вцртување на станбени згради е во целост спротивно на потребите на жителите на Општина Карпош, велат од Левица.
Истовремено, до Левица пристигнала информација дека Љимани ова барање го доставил по налог на контроверзниот инвеститор Фатмир Етеми, кој подоцна треба да го купи имотот.
Јавно го повикуваме Локман Љимани да објасни какви потреби АД „Водостопанство“ има од станбени згради. Исто така, алармираме Комисијата за урбанизам на Град Скопје по ова барање да постапи согласно потребите на жителите на Општина Карпош, а не граѓаните да бидат жртви на уште едно сценарио како случајот со Мајчин дом, велат од Левица.

The post Левица: Водостопанство отуѓува имот за згради на Фатмир Етеми appeared first on Република.

]]>
Груби: Фатмир Етеми не е близок со ДУИ, беше пратеник на ДПА и член на Нова Демократија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grubi-fatmir-etemi-ne-e-blizok-so-dui-beshe-pratenik-na-dpa-i-chlen-na-nova-demokratija/ Thu, 17 Mar 2022 21:05:52 +0000 https://republika.mk/?p=474605

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби во емисијата 24 Анализа на прашањето како се случи Фатмир Етеми да добие земјиште во центарот на градот за 7 евра квадрат, одговори:

„Видете, за мене тоа е неморален чин. Не е во ред во центар на град да се купи земјиште за 7 евра квадрат. Но, тоа така е согласно закон. Тој закон не е донесен од министер на ДУИ. Тој закон е донесен во 2012 или 2013 година“.

Тој додава дека во тоа време ДУИ не раководело со Министерството за финансии.

„Сепак, не е морално, но е согласно закон. Сега ќе го смениме правилникот и нема да има повеќе вакви предмети. Г-динот Етеми нема врска со ДУИ. Ниту е близок на ДУИ. Тој беше пратеник на ДПА, потоа беше член на партијата Нова Демократија на Имер Селмани“, рече Груби за ТВ24.

The post Груби: Фатмир Етеми не е близок со ДУИ, беше пратеник на ДПА и член на Нова Демократија appeared first on Република.

Поради поранешниот градоначалник на Аеродром Златко Марин општината му исплати 300.000 евра на Етеми https://arhiva3.republika.mk/vesti/poradi-poraneshniot-gradonachalnik-na-aerodrom-zlatko-marin-opshtinata-mu-isplati-300-000-evra-na-etemi/ Thu, 17 Mar 2022 10:50:02 +0000 https://republika.mk/?p=474207

Општина Аеродром на градежната компанија ЗСФ-КОМ на бизнисменот Фатмир Етеми, му исплатила над 20 милиони денари или околу 330.000 евра на крајот на февруари по основ на експропријација на земјиште.

„Средствата кои Општина Аеродром ги има исплатено на компанијата ЗСФ-КОМ се исплатени по основ на претходно склучен договор од претходната општинска администрација и градоначалникот Златко Марин. Станува збор за склучена спогодба во постапка за експропријација на земјиште пред МФ-УИПР Кисела Вода, за кој Општината имала законска и договорна обврска да го исплати“, велат од Општина Аеродром за Фактор.

The post Поради поранешниот градоначалник на Аеродром Златко Марин општината му исплати 300.000 евра на Етеми appeared first on Република.

Министерството за финансии му продало атрактивно државно земјиште во Центар за 7 евра од квадрат на градежникот Фатмир Етеми https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ministerstvoto-za-finansii-mu-prodalo-atraktivno-drzavno-zemjishte-vo-centar-za-7-evra-od-kvadrat-na-gradeznikot-fatmir-etemi/ Wed, 09 Mar 2022 20:53:26 +0000 https://republika.mk/?p=470300

Државното земјиште во Македонија по брза постапка завршува во раце на бизнисмени. Ова го потврдува случајот на големиот градежен играч, Фатмир Етеми. Неговата компанија „ЗСФ-КОМ“ успеа да се стекне со сопственост на атрактивни парцели во близина на поранешната зграда на НИП „Нова Македонија“, пишува Самопрашај.мк.

Државното земјиште било приватизирано по багателна цена, иако се работи за локација во строгиот центар на главниот град, каде што квадрат се продава и за 2.000 евра.

Документите до коишто дојде редакцијата на „Само прашај“, добиени од Агенцијата за катастар на недвижности по неколкумесечно истражување покажуваат дека Министерството за финансии на крајот на минатата година (29.12.2021), кога сите се подготвуваа за прославата на Нова година, донело решение со коешто се прифаќа барањето на компанијата на Етеми за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост. Станува збор за четири парцели со вкупна површина од 663 квадратни метри, според документите, наменети за изградба на хотелски комплекс.

Сите четири парцели се запишани во еден имотен лист со број 58982 во Центар. Министерството за финансии пресметало дека за приватизацијата, компанијата „ЗСФ-КОМ“ треба да плати надомест од 290.394 денари. Ова значи дека еден квадрат чини 438 денари или само 7 евра.

The post Министерството за финансии му продало атрактивно државно земјиште во Центар за 7 евра од квадрат на градежникот Фатмир Етеми appeared first on Република.

]]>

Државното земјиште во Македонија по брза постапка завршува во раце на бизнисмени. Ова го потврдува случајот на големиот градежен играч, Фатмир Етеми. Неговата компанија „ЗСФ-КОМ“ успеа да се стекне со сопственост на атрактивни парцели во близина на поранешната зграда на НИП „Нова Македонија“, пишува Самопрашај.мк. Државното земјиште било приватизирано по багателна цена, иако се работи за локација во строгиот центар на главниот град, каде што квадрат се продава и за 2.000 евра. Документите до коишто дојде редакцијата на „Само прашај“, добиени од Агенцијата за катастар на недвижности по неколкумесечно истражување покажуваат дека Министерството за финансии на крајот на минатата година (29.12.2021), кога сите се подготвуваа за прославата на Нова година, донело решение со коешто се прифаќа барањето на компанијата на Етеми за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост. Станува збор за четири парцели со вкупна површина од 663 квадратни метри, според документите, наменети за изградба на хотелски комплекс. Сите четири парцели се запишани во еден имотен лист со број 58982 во Центар. Министерството за финансии пресметало дека за приватизацијата, компанијата „ЗСФ-КОМ“ треба да плати надомест од 290.394 денари. Ова значи дека еден квадрат чини 438 денари или само 7 евра.

The post Министерството за финансии му продало атрактивно државно земјиште во Центар за 7 евра од квадрат на градежникот Фатмир Етеми appeared first on Република.

]]>