фашизам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fashizam/ За подобро да се разбереме Thu, 09 May 2024 06:40:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фашизам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fashizam/ 32 32 Одбележување на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odbelezhuvane-na-9-maj-denot-na-pobedata-nad-fashizmot-i-denot-na-evropa/ Thu, 09 May 2024 06:40:34 +0000 https://republika.mk/?p=776106

Со положување цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и на Споменикот „Ослободители на Скопје“, Владата денеска ќе ги одбележи Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа - 9 Maj.

Владината прес-служба соопшти дека делегација предводена од Ристо Пенов, министер за локална самоуправа и Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик министерка за правда, во 11 часот ќе положи цвеќе на Партизанските гробишта Бутел, Скопје.

Во 12:00 часот, владина делегација предводена од техничкиот премиер Талат Џафери, министерот Пенов и заменик министерка Аврамовска Мадиќ, ќе положи цвеќе пред Споменикот „Ослободители на Скопје“ на платото пред Владата на Република  Македонија.

The post Одбележување на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа appeared first on Република.

]]>

Со положување цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и на Споменикот „Ослободители на Скопје“, Владата денеска ќе ги одбележи Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа - 9 Maj. Владината прес-служба соопшти дека делегација предводена од Ристо Пенов, министер за локална самоуправа и Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик министерка за правда, во 11 часот ќе положи цвеќе на Партизанските гробишта Бутел, Скопје. Во 12:00 часот, владина делегација предводена од техничкиот премиер Талат Џафери, министерот Пенов и заменик министерка Аврамовска Мадиќ, ќе положи цвеќе пред Споменикот „Ослободители на Скопје“ на платото пред Владата на Република  Македонија.

The post Одбележување на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа appeared first on Република.

]]>
Грчева: Се срамам од мојата Македонија која поддржува фашизам и други екстремни идеологии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grcheva-se-sramam-od-mojata-makedonija-koja-poddrzuva-fashizam-i-drugi-ekstremni-ideologii/ Mon, 07 Nov 2022 07:56:18 +0000 https://republika.mk/?p=570590

Претседателката на Глас за Македонија Солза Грчева ја коментира информацијата дека Македонија е една од педесетте земји кои гласале против Резолуцијата до ОН за осуда на фашизмот, употреба на нацистички симболи, осуда на секој вид ксенофобија, исламофобија, антисемитизам. Резолуцијата е предлог на Русија, а Македонија, Јапонија, Австралија и Либерија освен што биле против, предложиле амандман за осуда на Русија.

Поголема брука од оваа наша држава, нема. НЕМА!
Русија даде Резолуција до ОН за осуда на фашизмот, употреба на нацистички симболи, осуда на секој вид ксенофобија, исламофобија, анти-семитизам итн.
Резолуцијата е усвоена со 105 гласа за и околу 50 против, меѓу кои и НИЕ. Во “против” се пазете сите наши “пријатели” од колективниот Запад.
Уште повеќе, четири земји, само четири: Либерија, Јапонија, Австралија и Македонија дадоа амандман во кој велат дека иако се анти-фашистички расположени, уште повеќе се анти-руски.
Па вие чудете се зошто Бугарија само не “администрирала” и зошто ни отвораат клубови со имиња на фашистички соработници.
Вазаливе на кои им нема рамни, со скршени кичми, ни ја менуваат историјата, не прават нецивилизирани, не прават земја на зомбирана младина и народ.
Фуј, да си во друштво на оние кои го поддржуваат фашизмот и други екстремни идеологии. Се срамам во име на мојата Македонија која веќе не ја познавам.
P.S. И лани на иста ваква резолуција, против биле само САД и Украина (значи дале поддршка на фашизмот), а Севернава била воздржана!!!
Боже, добро е што ми се починати родителите, чичковците и сите можни роднини кои биле од прв ден партизани, во рамки на Народноослободителниот фронт. Барем не го видоа ова злосторство.

The post Грчева: Се срамам од мојата Македонија која поддржува фашизам и други екстремни идеологии appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Глас за Македонија Солза Грчева ја коментира информацијата дека Македонија е една од педесетте земји кои гласале против Резолуцијата до ОН за осуда на фашизмот, употреба на нацистички симболи, осуда на секој вид ксенофобија, исламофобија, антисемитизам. Резолуцијата е предлог на Русија, а Македонија, Јапонија, Австралија и Либерија освен што биле против, предложиле амандман за осуда на Русија.
Поголема брука од оваа наша држава, нема. НЕМА! Русија даде Резолуција до ОН за осуда на фашизмот, употреба на нацистички симболи, осуда на секој вид ксенофобија, исламофобија, анти-семитизам итн. Резолуцијата е усвоена со 105 гласа за и околу 50 против, меѓу кои и НИЕ. Во “против” се пазете сите наши “пријатели” од колективниот Запад. Уште повеќе, четири земји, само четири: Либерија, Јапонија, Австралија и Македонија дадоа амандман во кој велат дека иако се анти-фашистички расположени, уште повеќе се анти-руски. Па вие чудете се зошто Бугарија само не “администрирала” и зошто ни отвораат клубови со имиња на фашистички соработници. Вазаливе на кои им нема рамни, со скршени кичми, ни ја менуваат историјата, не прават нецивилизирани, не прават земја на зомбирана младина и народ. Фуј, да си во друштво на оние кои го поддржуваат фашизмот и други екстремни идеологии. Се срамам во име на мојата Македонија која веќе не ја познавам. P.S. И лани на иста ваква резолуција, против биле само САД и Украина (значи дале поддршка на фашизмот), а Севернава била воздржана!!! Боже, добро е што ми се починати родителите, чичковците и сите можни роднини кои биле од прв ден партизани, во рамки на Народноослободителниот фронт. Барем не го видоа ова злосторство.

The post Грчева: Се срамам од мојата Македонија која поддржува фашизам и други екстремни идеологии appeared first on Република.

]]>
Омилениот историчар на Заев тврдеше дека Бугарија не била фашистичка земја, а сега му пречат „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/omileniot-istorichar-na-zaev-tvrdeshe-deka-bugarija-ne-bila-fashistichka-zemja-a-sega-mu-prechat-vancho-mihajlov-i-car-boris/ Mon, 07 Nov 2022 07:39:00 +0000 https://republika.mk/?p=570587

Нема сомневање дека во последните години еден од најсериозните предизвици во нашите меѓусоседски односи е прашањето за ргистрацијата на ОМО Илинден. И Скопје, и правобранителски организации, како Хелсиншки комитет, ја ставија оваа тема во меѓународен контекст, од кое Бугарија не печали. Нерегистрацијата на ОМО Илинден ќе постанува се потешко одбранлива теза, после евентуалното членство на Република Македонија во НАТО, а уште повеќе во ЕУ. Се разбира, казусот е пред се правен, но бугарската позиција и бугарската кауза несомнено би биле посилни ако на овој проблем побрзо се најде решение“.

Ова е содржината на текстот номериран како 2.2.19. од планот насловен како „Бугарската политика кон Република Македонија“, што официјална Софија го има подготвено уште во 2008 година, значи цели девет години пред потпишувњето на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Планот е разработен до најситни детали и од оваа временска дистанца може слободно да се констатира дека целосно се реализира.

И едноставно, делува зачудувачки нашите служби и институции да не го имаат ниту видено, а уште помалку анализирано пред власта на СДСМ и на ДУИ да стават параф на асиметричниот Договор, што сега преку францускиот предлог, всушност, станува документ на Европската унија.

Значи, уште пред цели 14 години официјална Софија самата признава дека нерегистрирањето на ОМО Илинден ќе биде се потешко одбранлива теза. Но, тоа за нашата власт како да нема никакво значење. Напротив, со својата послушничка политика, пред се, преку актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи, кој денеска ја почнува дводневната посета на Софија, како и преку „партискиот историчар“, академикот Драги Ѓоргиев, дефинитивно забегува во двојните аршини на својата дневно-политичка агенда, анализира „Пресинг ТВ“.

А, тие одат до чисти апсурди. На пример, министерот Османи, по отворањето на клубот „Никола Јонков Вапцаров“, како вистински скандал-мајстор направи нова поделба меѓу Македонците во Бугарија. Ај што се откажа од постоењето македонско малцинство во Бугарија, сега тамошните Македонци ги подели на „приватни“ и „државни“. Демек, иницијативата за отворање на клубот била приватна, а многу скоро, исто така во Благоевград, државата Република Македонија ќе отвори друг клуб. И кои Македонци од Бугарија ќе членуваат во него? Истите тие од клубот „Никола Јонков Вапцаров“ или ќе најдат некои други, „државни“ Македонци!?

Двојните аршини од чисто дневно-политички цели станаа знак на распознавање на неизбежниот „партиски историчар“, академик Драги Ѓоргиев. Во вчерашното интервју за Радио Слободна Европа, Ѓоргиев за Вапцаров ќе рече „кој важи за бугарски поет, кој пишувал на бугарски јазик“, нешто што не го спомена ниту еден од членовите на клубот при неговото отворање! И притоа уште ќе додаде:

-Отворање на клубови и друштва, ако тие навистина се наменети да бидат мост преку кој ќе се пласира културата и идеи за соработка меѓу двата народи, тогаш тоа не е спорно. Меѓутоа, кога се отвораат клубови, кои носат имиња на личности кои немаат ниту допирна точка со културата на таа заедница која го отвора или на заедницата каде што се отвора тој клуб, тогаш тие навистина стануваат јаболко на раздорот и причина за уште поголема тензија меѓу Македонците и Бугарите, во конкретниот случај. Несомнено е дека отворањето на тие клубови во Македонија со тие имиња имаат поинаква позадина, имаат друга цел, и сето тоа веќе е толку јасно и на јавноста и во Македонија, па и во Бугарија, така што верувам дека, јас верувам, мислам дека ќе се прекине со таквата пракса и доколку двете држави сакаат тие клубови да придонесат за релаксирање на односите меѓу двете држави, тогаш треба политичките елити на двете држави да седнат и да размислат добро на кој начин ќе се менаџираат тие клубови, затоа што очигледно е дека отворањето на тие клубови, посебно на бугарските клубови во Македонија, имаат друга цел, односно да ги нарушат уште повеќе односите меѓу Македонците и Бугарите, и тоа очигледно станува збор за некоја смислена политика, која можеби се води во некои други центри надвор и од двете држави.

Очигледно, на акадмик Ѓоргиев му пречат имињата на бугарските клубови, што се отвораат во Македонија, кои директно се поврзуваат со бугарскиот монархо-фашизам или наци-фашизам, иако тоа не го наведува експлицитно. Но, во нив гледа „поинаква позадина, имаат друга цел“!, потенцира Пресинг ТВ во анализата.

А, истиот тој академик Драги Ѓоргиев, исто така во интервју за Радио Слободна Европа, на 6 февруари годинава, категорично тврдеше нешто сосема друго.

Бугарија не може да ја дефинираме како класична фашистичка земја, како што може да се каже за фашистичка Италија или нацистичка Германија. Ние може да ја третираме Бугарија како пронацистичка и профашистичка земја, меѓутоа Бугарија не е фашистичка држава во тоа време“, изјави тогаш тој.

И сега, според академик Ѓоргиев, Цар Борис Трети и Иван Ванчо Михајлов се класично фашистички или пронацистички и профашистички имиња?!

За жал, ова не е прв и единствен излет на Ѓоргиев токму на оваа тема. Пред две години, на 25 ноември, тогашниот премиер Зоран Заев во фамозното интервју за агенцијата БГНЕС, меѓу другото рече:

-Бугарија не е фашистичка земја. Бугарија е наш пријател. Новите генерации не ја знаат оваа реалност и тоа мора да не обедини…Во тоа време, на почетокот, имаше администрација. Потоа Бугарија се приклучи кон антифашистичкиот фронт.

Само неколку дена подоцна, Ѓоргиев како „добро дресирана партиска пудлица“ ќе се обиде да го оправда Заев, со тоа што тогаш изнесе само „свое мислење“:

-Мислам дека Бугарија не била фашистичка држава.

Што е многу, многу е, па и да доаѓа од една „добро дресирана партиска пудлица“, која вешто „скока и си игра“ и во партиските, и во политичките, и во историските, и во академските кругови.

Извор Pressing TV

The post Омилениот историчар на Заев тврдеше дека Бугарија не била фашистичка земја, а сега му пречат „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис“ appeared first on Република.

]]>

Нема сомневање дека во последните години еден од најсериозните предизвици во нашите меѓусоседски односи е прашањето за ргистрацијата на ОМО Илинден. И Скопје, и правобранителски организации, како Хелсиншки комитет, ја ставија оваа тема во меѓународен контекст, од кое Бугарија не печали. Нерегистрацијата на ОМО Илинден ќе постанува се потешко одбранлива теза, после евентуалното членство на Република Македонија во НАТО, а уште повеќе во ЕУ. Се разбира, казусот е пред се правен, но бугарската позиција и бугарската кауза несомнено би биле посилни ако на овој проблем побрзо се најде решение“. Ова е содржината на текстот номериран како 2.2.19. од планот насловен како „Бугарската политика кон Република Македонија“, што официјална Софија го има подготвено уште во 2008 година, значи цели девет години пред потпишувњето на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Планот е разработен до најситни детали и од оваа временска дистанца може слободно да се констатира дека целосно се реализира. И едноставно, делува зачудувачки нашите служби и институции да не го имаат ниту видено, а уште помалку анализирано пред власта на СДСМ и на ДУИ да стават параф на асиметричниот Договор, што сега преку францускиот предлог, всушност, станува документ на Европската унија. Значи, уште пред цели 14 години официјална Софија самата признава дека нерегистрирањето на ОМО Илинден ќе биде се потешко одбранлива теза. Но, тоа за нашата власт како да нема никакво значење. Напротив, со својата послушничка политика, пред се, преку актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи, кој денеска ја почнува дводневната посета на Софија, како и преку „партискиот историчар“, академикот Драги Ѓоргиев, дефинитивно забегува во двојните аршини на својата дневно-политичка агенда, анализира „Пресинг ТВ“. А, тие одат до чисти апсурди. На пример, министерот Османи, по отворањето на клубот „Никола Јонков Вапцаров“, како вистински скандал-мајстор направи нова поделба меѓу Македонците во Бугарија. Ај што се откажа од постоењето македонско малцинство во Бугарија, сега тамошните Македонци ги подели на „приватни“ и „државни“. Демек, иницијативата за отворање на клубот била приватна, а многу скоро, исто така во Благоевград, државата Република Македонија ќе отвори друг клуб. И кои Македонци од Бугарија ќе членуваат во него? Истите тие од клубот „Никола Јонков Вапцаров“ или ќе најдат некои други, „државни“ Македонци!? Двојните аршини од чисто дневно-политички цели станаа знак на распознавање на неизбежниот „партиски историчар“, академик Драги Ѓоргиев. Во вчерашното интервју за Радио Слободна Европа, Ѓоргиев за Вапцаров ќе рече „кој важи за бугарски поет, кој пишувал на бугарски јазик“, нешто што не го спомена ниту еден од членовите на клубот при неговото отворање! И притоа уште ќе додаде:
-Отворање на клубови и друштва, ако тие навистина се наменети да бидат мост преку кој ќе се пласира културата и идеи за соработка меѓу двата народи, тогаш тоа не е спорно. Меѓутоа, кога се отвораат клубови, кои носат имиња на личности кои немаат ниту допирна точка со културата на таа заедница која го отвора или на заедницата каде што се отвора тој клуб, тогаш тие навистина стануваат јаболко на раздорот и причина за уште поголема тензија меѓу Македонците и Бугарите, во конкретниот случај. Несомнено е дека отворањето на тие клубови во Македонија со тие имиња имаат поинаква позадина, имаат друга цел, и сето тоа веќе е толку јасно и на јавноста и во Македонија, па и во Бугарија, така што верувам дека, јас верувам, мислам дека ќе се прекине со таквата пракса и доколку двете држави сакаат тие клубови да придонесат за релаксирање на односите меѓу двете држави, тогаш треба политичките елити на двете држави да седнат и да размислат добро на кој начин ќе се менаџираат тие клубови, затоа што очигледно е дека отворањето на тие клубови, посебно на бугарските клубови во Македонија, имаат друга цел, односно да ги нарушат уште повеќе односите меѓу Македонците и Бугарите, и тоа очигледно станува збор за некоја смислена политика, која можеби се води во некои други центри надвор и од двете држави.
Очигледно, на акадмик Ѓоргиев му пречат имињата на бугарските клубови, што се отвораат во Македонија, кои директно се поврзуваат со бугарскиот монархо-фашизам или наци-фашизам, иако тоа не го наведува експлицитно. Но, во нив гледа „поинаква позадина, имаат друга цел“!, потенцира Пресинг ТВ во анализата. А, истиот тој академик Драги Ѓоргиев, исто така во интервју за Радио Слободна Европа, на 6 февруари годинава, категорично тврдеше нешто сосема друго.
Бугарија не може да ја дефинираме како класична фашистичка земја, како што може да се каже за фашистичка Италија или нацистичка Германија. Ние може да ја третираме Бугарија како пронацистичка и профашистичка земја, меѓутоа Бугарија не е фашистичка држава во тоа време“, изјави тогаш тој.
И сега, според академик Ѓоргиев, Цар Борис Трети и Иван Ванчо Михајлов се класично фашистички или пронацистички и профашистички имиња?! За жал, ова не е прв и единствен излет на Ѓоргиев токму на оваа тема. Пред две години, на 25 ноември, тогашниот премиер Зоран Заев во фамозното интервју за агенцијата БГНЕС, меѓу другото рече:
-Бугарија не е фашистичка земја. Бугарија е наш пријател. Новите генерации не ја знаат оваа реалност и тоа мора да не обедини…Во тоа време, на почетокот, имаше администрација. Потоа Бугарија се приклучи кон антифашистичкиот фронт.
Само неколку дена подоцна, Ѓоргиев како „добро дресирана партиска пудлица“ ќе се обиде да го оправда Заев, со тоа што тогаш изнесе само „свое мислење“:
-Мислам дека Бугарија не била фашистичка држава.

Што е многу, многу е, па и да доаѓа од една „добро дресирана партиска пудлица“, која вешто „скока и си игра“ и во партиските, и во политичките, и во историските, и во академските кругови.

Извор Pressing TV

The post Омилениот историчар на Заев тврдеше дека Бугарија не била фашистичка земја, а сега му пречат „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис“ appeared first on Република.

]]>
Дали „децата на комуннизмот“ и натаму го бранат комунизмот? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-decata-na-komunnizmot-i-natamu-go-branat-komunizmot/ Sat, 22 Oct 2022 13:59:54 +0000 https://republika.mk/?p=564322

Ќе пропушти ли Република Македонија уште една шанса за расчистување со своето поблиско минато?, прашува „Пресинг ТВ“ во својата анализа.

Ова прашање се наметнува по усвоениот предлог на владејачкиот СДСМ за носење на закон за политички партии, фондации и здруженија на граѓани по скратена постапка, што произлезе од формирањето клубови на т.н. македонски Бугари со имиња на контроверзни личности, кои во дадени историски моменти и услови се јавувале во улога на соработници на бугарскиот наци-фашизам.

Без разлика дали предлог-законот ќе се одолговлекува и никогаш нема да биде усвоен за да се оправда очигледниот политички усмен договор меѓу власта и бугарската страна за давање виза за формирање вакви клубови и здруженија, самата негова најава е во чиста спротивност со три резолуции и една декларација донесени од страна на Советот на Европа. Ова, пак, во целост ја поткопува определбата на Македонија за членство во Европската унија.

Станува збор за Резолуцијата 1096 (1996 година) на Советот на Европа за мерките за ослободување од наследството на поранешните комунистички тоталитарни системи, Резолуцијата 1481 (2006 година) за потребата од меѓународна осуда на злосторствата на тоталитаристичките комунистички режими, Резолуцијата на Европскиот парламент за Европска свесност и тоталитарност (усвоена на 2 април 2009 година), како и за Декларацијата од 23 септември 2008 година за прокламацијата на 23 август за Европски ден на сеќавање на жртвите од Сталинизмот и Нацизмот.

-Предлагаме политичките партии во своите програми, статути и дејствување да не можат да бидат насочени кон разгорување на национална, расна или верска омраза, етничка нетрпеливост, нетолеранција, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, национал-социјализам или Третиот рајх или повикување на личности и настани поврзани со фашизам, нацизам, национал-социјализам или Третиот рајх, исто така мора да застанеме во одбрана на вредностите на коишто се темели нашата држава, а тоа се антифашистичките вредности, порача координаторот на пратничката група на СДСМ, Јован Митрески, најавувајќи го предлог-законот.

Во неговата изјава се споменува се освен сталинизмот и комунизмот, кои се изедначени со нацизмот. Очигледно, наследниците на македонските комунисти и натаму го бранат комунизмот како „бела мечка“! И ова не е првпат, зашто комунизмот како термин не беше споменат ни во Декларацијата на Собранието на РМ за извинување на жртвите од репресијата од режимот во периодот од 1945 до 1990 година. Стои режим, но тој не се именува.

Но, затоа, пак, комунистичкиот период како таков се именува во преземените обврски кон Бугарија во делот на отворање на архивите на репресивниот апарат.

-Владата на РСМ во согласност со Декларацијата за извинување на жртвите од репресиите од режимот во периодот 1945-1990 година, усвоена во 2006 година од Собранието на тогашна РМ и во духот на Резолуцијата на Европскиот парламент за Европската совест и тоталитаризмот од 2009 година да ја реафирмира осудата и извинувањето на неправдите и репресиите извршени во минатото, директно или индиректно, од страна на југословенските комунистички власти против граѓани врз основа на нивното етно-политичко самоопределување, вклучително и Бугарите.

Владата на РСМ изјавува дека ќе ја создаде неопходната правна рамка за целосно отворање на архивите на репресивниот апарат на поранешните служби за државна безбедност од КОМУНИСТИЧКИОТ период вклучително полицијата, цивилното и воено разузнавање и контраразузнавање во периодот 1945-1991 година. Оваа сеопфатна правна рамка ќе создаде јасни можности за слободен, неограничен и навремен пристап, проучување, право на употреба, објавување и институционално проучување и заштита на соодветните документи.

Факт е дека комунистите и КПМ одиграле решавачка улога за време на Втората светска војна и биле водечкиот елемент во создавањето на македонската држава во рамки на тогашната југословенска заедница.

Факт е дека терминот комунизам бил заменет со терминот социјализам со човечки лик. Факт е дека во составот на Народноослободителната војска не биле сите членови на КПМ. Но, исто така факт е дека тогашниот репресивен апарат ги користел истите методи и средства на делување како и сталинизмот, па затоа би било апсурдно да се тврди дека југословенскиот или македонскиот комунизам/социјализам во одреден временски период не може да се поистовети со сталинизмот.

Оттука и потребата пратениците добро да размислат пред усвојувањето на најавениот закон за политички партии, здруженија и фондации. Зашто, во крајна линија, како држава би се нашле во ситуација свесно да се откажеме од сопствен антикомунизам како процес, што би и припаднал на Бугарија!-заклучува „Пресинг ТВ“

The post Дали „децата на комуннизмот“ и натаму го бранат комунизмот? appeared first on Република.

]]>

Ќе пропушти ли Република Македонија уште една шанса за расчистување со своето поблиско минато?, прашува „Пресинг ТВ“ во својата анализа.
Ова прашање се наметнува по усвоениот предлог на владејачкиот СДСМ за носење на закон за политички партии, фондации и здруженија на граѓани по скратена постапка, што произлезе од формирањето клубови на т.н. македонски Бугари со имиња на контроверзни личности, кои во дадени историски моменти и услови се јавувале во улога на соработници на бугарскиот наци-фашизам. Без разлика дали предлог-законот ќе се одолговлекува и никогаш нема да биде усвоен за да се оправда очигледниот политички усмен договор меѓу власта и бугарската страна за давање виза за формирање вакви клубови и здруженија, самата негова најава е во чиста спротивност со три резолуции и една декларација донесени од страна на Советот на Европа. Ова, пак, во целост ја поткопува определбата на Македонија за членство во Европската унија. Станува збор за Резолуцијата 1096 (1996 година) на Советот на Европа за мерките за ослободување од наследството на поранешните комунистички тоталитарни системи, Резолуцијата 1481 (2006 година) за потребата од меѓународна осуда на злосторствата на тоталитаристичките комунистички режими, Резолуцијата на Европскиот парламент за Европска свесност и тоталитарност (усвоена на 2 април 2009 година), како и за Декларацијата од 23 септември 2008 година за прокламацијата на 23 август за Европски ден на сеќавање на жртвите од Сталинизмот и Нацизмот.
-Предлагаме политичките партии во своите програми, статути и дејствување да не можат да бидат насочени кон разгорување на национална, расна или верска омраза, етничка нетрпеливост, нетолеранција, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, национал-социјализам или Третиот рајх или повикување на личности и настани поврзани со фашизам, нацизам, национал-социјализам или Третиот рајх, исто така мора да застанеме во одбрана на вредностите на коишто се темели нашата држава, а тоа се антифашистичките вредности, порача координаторот на пратничката група на СДСМ, Јован Митрески, најавувајќи го предлог-законот.
Во неговата изјава се споменува се освен сталинизмот и комунизмот, кои се изедначени со нацизмот. Очигледно, наследниците на македонските комунисти и натаму го бранат комунизмот како „бела мечка“! И ова не е првпат, зашто комунизмот како термин не беше споменат ни во Декларацијата на Собранието на РМ за извинување на жртвите од репресијата од режимот во периодот од 1945 до 1990 година. Стои режим, но тој не се именува. Но, затоа, пак, комунистичкиот период како таков се именува во преземените обврски кон Бугарија во делот на отворање на архивите на репресивниот апарат.
-Владата на РСМ во согласност со Декларацијата за извинување на жртвите од репресиите од режимот во периодот 1945-1990 година, усвоена во 2006 година од Собранието на тогашна РМ и во духот на Резолуцијата на Европскиот парламент за Европската совест и тоталитаризмот од 2009 година да ја реафирмира осудата и извинувањето на неправдите и репресиите извршени во минатото, директно или индиректно, од страна на југословенските комунистички власти против граѓани врз основа на нивното етно-политичко самоопределување, вклучително и Бугарите. Владата на РСМ изјавува дека ќе ја создаде неопходната правна рамка за целосно отворање на архивите на репресивниот апарат на поранешните служби за државна безбедност од КОМУНИСТИЧКИОТ период вклучително полицијата, цивилното и воено разузнавање и контраразузнавање во периодот 1945-1991 година. Оваа сеопфатна правна рамка ќе создаде јасни можности за слободен, неограничен и навремен пристап, проучување, право на употреба, објавување и институционално проучување и заштита на соодветните документи.
Факт е дека комунистите и КПМ одиграле решавачка улога за време на Втората светска војна и биле водечкиот елемент во создавањето на македонската држава во рамки на тогашната југословенска заедница. Факт е дека терминот комунизам бил заменет со терминот социјализам со човечки лик. Факт е дека во составот на Народноослободителната војска не биле сите членови на КПМ. Но, исто така факт е дека тогашниот репресивен апарат ги користел истите методи и средства на делување како и сталинизмот, па затоа би било апсурдно да се тврди дека југословенскиот или македонскиот комунизам/социјализам во одреден временски период не може да се поистовети со сталинизмот.
Оттука и потребата пратениците добро да размислат пред усвојувањето на најавениот закон за политички партии, здруженија и фондации. Зашто, во крајна линија, како држава би се нашле во ситуација свесно да се откажеме од сопствен антикомунизам како процес, што би и припаднал на Бугарија!-заклучува „Пресинг ТВ“

The post Дали „децата на комуннизмот“ и натаму го бранат комунизмот? appeared first on Република.

]]>
Како кокетите со неонаци-фашизмот слават ден на антифашизмот!? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kako-koketite-so-neonaci-fashizmot-slavat-den-na-antifashizmot/ Wed, 12 Oct 2022 06:30:45 +0000 https://republika.mk/?p=559856

Не гледај што правам, туку слушај што зборувам. Вака би звучела основната порака на власта на владејачкиот СДСМ од годинешното чествување на 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ и сите негови сонародници во Втората светска војна.

Практично, се соочивме со уште еден парадокс во кој оние што кокетираат со неоврховизмот и неонаци-фашизмот славеа ден на антифашизмот, што дава една карикатурлна нишка на целиот настан!

Зашто, токму власта на СДСМ давајќи дозвола за регистрирање на здруженија и клубови на т.н.македонски Бугари со имиња на непосредни соработници на наци-фашизмот е обична кокета, која својата вина за тоа ја префрла на отсуството на соодветна законска регулатива и од институција на институција-пишува новинарот Предрад Димитровски во анализата за „Пресинг ТВ“.

И уште повеќе, како на тацна ни ја дадоа целата слика за дневно-политичката пропагандистичка пресметка со опозицијата, неизбежното добро извежбано болшевичко извртување на тези, селективниот избор на личности, лажно повикување на обединување на општеството и одново, и одново обид за создавање државни непријатели од неистомислениците.

Претседателот Стево Пендаровски во својата честитка по повод 11 Октомври меѓу другото ќе рече:

-Како што излегувајќи во партизани, зад слободарскиот бајрак, застанаа левичари и десничари, Македонци и припадници на останатите националности, селани, работници еснафи и поимотни, така и сега треба да се соочиме со проблемите…

Левичарите ги знаеме, ама кои биле десничарите? Значи, според Пендаровски, во НОБ учествувале и десничари, што е ноторен факт, но за жал, немаше храброст да ги наведе, па остана само да претпоставуваме, кои биле тие. А, само пред четири дена оној Коциќ Демир Хисар  излезе со скандалозна изјава околу тоа чии наследници биле СДСМ, а чии ВМРО-ДПМНЕ. Неговото вулгарно толкување на историјата се сведе на борци комунисти и соработници фашисти, што е далеку од релноста.

Премиерот Димитар Ковачевски од неговото родно Куманово, од пред Спомен-костурницата се обиде да ни продаде магла. Настрана што според неговиот претходник Зоран Заев градот го ослободиле Бугарите, неговото, на Ковачевски, и нашето херојско Куманово до ден денес живее со еден од најголемите срамови на комунизмот. До ден денес не се знае масовната гробница во која се закопани 48 жртви на разулавениот основач на некогашната ОЗНА, Јефто Шашиќ. Во контекст на отворањето на досиејата на бугарско барање, би било добро да направи конкретен чекор за конечно обелоденовување на мистеријата исто како што направи Киро Глигоров за 53-та убиени кај Велес.

Главното мото на годинешното чествување на 11 Октомври-Секогаш на вистинската страна, Ковачевски меѓу другото го искористи за сеење на семето на раздор. Слепата сервилност, послушност и распродажба на се што е свето за Македонците, а што го потврдуваат сите домашни анкети, тој се обиде да ја завие во некакво европско пакување и во аманет на нашите претци.

-Таков е заветот, таков е најсветлиот аманет изграден и оставен од нашите претци, кои секогаш и одлучно, ја избирале вистинската страна. Зато, за секој кој го почитува македонското минато и си ја сака родната земја, ова е патоказот и во одлуките денес и утре! И засекогаш, во сите времиња, ќе рече Ковачевски.

Недостасуваше тоа АМИН на крајот, но неговиот избор на сервилност и на распродажба на македонскиот идентитет, историја, култура, традиција и колективна меморија да го нудиш како единствен е надвор од здравиот разум, исто како што е надвор од здравиот разум на сите кои не се сложуваат со тоа да им импутираш дека не си го почитуваат македонското минато и не си ја сакаат родната земја!

Ковачевски ќе ни понуди и нова верзија за тоа што е предавство.

-Блокадите на закони и мерки дома, на напредокот на меѓународен план, изолацијата на државата-се погрешна страна! И со ништо не може да се оправда ваквото однесување, бидејќи е современ чин на предавство на својот народ и својата држава.

Видиш, не е предавство да смениш име на држава и наместо македонска, да создадеш нова „северномакедонска нација“, не е предавство да потпишуваш целосно асиметрични договори директно поврзани со идентитетски прашања, не е предавство кога нема да дозволиш Македонија да биде во назив на невладини организации, не е предавство кога соседите ти прават целосна ревизија на твојата историја, не е предавство кога соседи ќе ти пишуваат учебници, не е предавство да не смееш да го споменеш тоа на „М“, а не пак да го изговориш…Не!

Типично болшевички обвинувања во чија основа лежи Лениновата мисла дека „омразата е основа на секое социјалистичко и комунистичко движење„ и оти „децата треба да бидат научени да мразат, зашто омразата е основа на комунизмот“.

Така, Таче не врати во 1944/45 година. За него 1948, а да не говориме за 2022, се светлосни години далеку. И во такви околности со кого бара обединување?!

Патем, да не говориме за тоа кого Ковачевски смета за окупатор на Македонија. Бугарија не смее ни да помисли да изговори. А, популистички ќе прави македонска салата и ќе каже и Македонија, и Република Македонија, и Република С****** Македонија. Ќе каже, ама тоа народот веќе не го купува. Доцна е, и тоа премногу-анализира Димитровски.

The post Како кокетите со неонаци-фашизмот слават ден на антифашизмот!? appeared first on Република.

]]>

Не гледај што правам, туку слушај што зборувам. Вака би звучела основната порака на власта на владејачкиот СДСМ од годинешното чествување на 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ и сите негови сонародници во Втората светска војна. Практично, се соочивме со уште еден парадокс во кој оние што кокетираат со неоврховизмот и неонаци-фашизмот славеа ден на антифашизмот, што дава една карикатурлна нишка на целиот настан!
Зашто, токму власта на СДСМ давајќи дозвола за регистрирање на здруженија и клубови на т.н.македонски Бугари со имиња на непосредни соработници на наци-фашизмот е обична кокета, која својата вина за тоа ја префрла на отсуството на соодветна законска регулатива и од институција на институција-пишува новинарот Предрад Димитровски во анализата за „Пресинг ТВ“.
И уште повеќе, како на тацна ни ја дадоа целата слика за дневно-политичката пропагандистичка пресметка со опозицијата, неизбежното добро извежбано болшевичко извртување на тези, селективниот избор на личности, лажно повикување на обединување на општеството и одново, и одново обид за создавање државни непријатели од неистомислениците. Претседателот Стево Пендаровски во својата честитка по повод 11 Октомври меѓу другото ќе рече:
-Како што излегувајќи во партизани, зад слободарскиот бајрак, застанаа левичари и десничари, Македонци и припадници на останатите националности, селани, работници еснафи и поимотни, така и сега треба да се соочиме со проблемите…
Левичарите ги знаеме, ама кои биле десничарите? Значи, според Пендаровски, во НОБ учествувале и десничари, што е ноторен факт, но за жал, немаше храброст да ги наведе, па остана само да претпоставуваме, кои биле тие. А, само пред четири дена оној Коциќ Демир Хисар  излезе со скандалозна изјава околу тоа чии наследници биле СДСМ, а чии ВМРО-ДПМНЕ. Неговото вулгарно толкување на историјата се сведе на борци комунисти и соработници фашисти, што е далеку од релноста. Премиерот Димитар Ковачевски од неговото родно Куманово, од пред Спомен-костурницата се обиде да ни продаде магла. Настрана што според неговиот претходник Зоран Заев градот го ослободиле Бугарите, неговото, на Ковачевски, и нашето херојско Куманово до ден денес живее со еден од најголемите срамови на комунизмот. До ден денес не се знае масовната гробница во која се закопани 48 жртви на разулавениот основач на некогашната ОЗНА, Јефто Шашиќ. Во контекст на отворањето на досиејата на бугарско барање, би било добро да направи конкретен чекор за конечно обелоденовување на мистеријата исто како што направи Киро Глигоров за 53-та убиени кај Велес. Главното мото на годинешното чествување на 11 Октомври-Секогаш на вистинската страна, Ковачевски меѓу другото го искористи за сеење на семето на раздор. Слепата сервилност, послушност и распродажба на се што е свето за Македонците, а што го потврдуваат сите домашни анкети, тој се обиде да ја завие во некакво европско пакување и во аманет на нашите претци.
-Таков е заветот, таков е најсветлиот аманет изграден и оставен од нашите претци, кои секогаш и одлучно, ја избирале вистинската страна. Зато, за секој кој го почитува македонското минато и си ја сака родната земја, ова е патоказот и во одлуките денес и утре! И засекогаш, во сите времиња, ќе рече Ковачевски.
Недостасуваше тоа АМИН на крајот, но неговиот избор на сервилност и на распродажба на македонскиот идентитет, историја, култура, традиција и колективна меморија да го нудиш како единствен е надвор од здравиот разум, исто како што е надвор од здравиот разум на сите кои не се сложуваат со тоа да им импутираш дека не си го почитуваат македонското минато и не си ја сакаат родната земја! Ковачевски ќе ни понуди и нова верзија за тоа што е предавство.
-Блокадите на закони и мерки дома, на напредокот на меѓународен план, изолацијата на државата-се погрешна страна! И со ништо не може да се оправда ваквото однесување, бидејќи е современ чин на предавство на својот народ и својата држава.
Видиш, не е предавство да смениш име на држава и наместо македонска, да создадеш нова „северномакедонска нација“, не е предавство да потпишуваш целосно асиметрични договори директно поврзани со идентитетски прашања, не е предавство кога нема да дозволиш Македонија да биде во назив на невладини организации, не е предавство кога соседите ти прават целосна ревизија на твојата историја, не е предавство кога соседи ќе ти пишуваат учебници, не е предавство да не смееш да го споменеш тоа на „М“, а не пак да го изговориш…Не! Типично болшевички обвинувања во чија основа лежи Лениновата мисла дека „омразата е основа на секое социјалистичко и комунистичко движење„ и оти „децата треба да бидат научени да мразат, зашто омразата е основа на комунизмот“. Така, Таче не врати во 1944/45 година. За него 1948, а да не говориме за 2022, се светлосни години далеку. И во такви околности со кого бара обединување?!
Патем, да не говориме за тоа кого Ковачевски смета за окупатор на Македонија. Бугарија не смее ни да помисли да изговори. А, популистички ќе прави македонска салата и ќе каже и Македонија, и Република Македонија, и Република С****** Македонија. Ќе каже, ама тоа народот веќе не го купува. Доцна е, и тоа премногу-анализира Димитровски.

The post Како кокетите со неонаци-фашизмот слават ден на антифашизмот!? appeared first on Република.

]]>
Една лекција за Драги Ѓорѓиев за бугарскиот фашизам https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/edna-lekcija-za-dragi-gjorgjiev-za-bugarskiot-fashizam/ Thu, 10 Feb 2022 11:53:49 +0000 https://republika.mk/?p=456705

Во Бугарија 1 февруари е прогласен за Ден на сеќавање на жртвите на комунизмот и во општеството се уште се водат полемики за тоа дали земјата за време на Втората светска војна била фашистичка или не. Таа полемика има свое влијание и врз Македонија во светлината на бугарските барања за надминување на недоразбирањата околу почетокот на преговорите на Македонија за членство во ЕУ, анализира „Пресинг ТВ“.

Во тој контекст, во домашната јавност предизвика лавина реакции изјавата на проф.Драги Ѓорѓиев, директор на ИНИ, дописен член на МАНУ и копретседавач на мешовитата македонско-бугарска комисија за историјата и за прашања на учебниците, дека за време на Втората светска војна Бугарија била профашистичка, но не и фашистичка држава, што во целост ги подрива македонските позиции и го доведува во прашање самиот темел на државноста-АСНОМ.

 

Оттука и потребата во целост да пренесеме еден текст од Погледи инфо.бг за да укажеме на едно чисто бугарско согледување на работите, но и да осознаеме нови, за нас непознати податоци од тоа време.

Неофашистите во Бугарија повторно стигнаа до вистинска хистерија на т.н. Ден на сеќавање на жртвите на комунизмот. Ништо ново под сонцето од 2011 година наваму, ако не го сметаме тоа што овојпат познатите ѕверства со полна сила маршираа од националната телевизија, која сите ја плаќаме со нашите даноци. Донекаде е можно лаги и инсинуации да се појавуваат во приватни медиуми, но не и и на БНТ!

Таму од утрото во понеделникот обилно не зрачеа со рекламата за новиот филм „Второто ослободување“, кој документирано ги прикажувал злосторниците, убијците комунисти, кои под диктат на Москва го организирале криминалниот Народен суд. Истиот апсурд и истите потполни лаги: Втората светска војна била разгорена од СССР со пактот „Рибентро-Молотов“ и притоа, се разбира, ни збор дека пред СССР слични спогодби со Германија склучиле сите водечки држави во Европа. Во Нирнберг, пак, стрелале 11 фашисти, а кај нас изрекле 2.857 бпресуди и убиле некои херои, „кои го исполнувале својот долг и се осудени апсолутно невини“. Плус една фабрикувана вест: САД и Велика Британија, гледате, биле против Народниот суд, за што имало некакво навестување во некое писмо од Трајчо Костов до Георги Димитров. А пропагандистите од старите комунистички времиња денес всадувале некакви митови за социјалистичкото време, кои раѓале носталгија! И кои се носителите на тие „вистини“? Па, се познати лица, бесни антикомунисти, меѓу кои-лажната професорка Евелина Келбечева од Американскиот универзитет, силно посакувана од фондацијата „Америка за Бугарија“.

Има стотици документи и за почетокот на Втората светска војна, и за Минхенскиот договор на Западот за уништување на Чехословачка, и за многу средби и договори меѓу раководителите на САД, Велика Британија и СССР од 1943-1945 година за судењето на виновниците за подметнувањето на хитлеризмот во различни држави. Многу е познато дека Черчил, на пример, бил за итно стрелање на тие криминалци и дека само по инсистирање на Сталин тие биле исправени пред суд. Ако не беше тоа, знаете ли колкав ќе биде бројот на стрелани во Бугарија, која е сојузник на Хитлер од 1941 година и е поразена држава во војната?

Апологетите на антикомунизмот негираат дека во Бугарија имало фашизам и го премолчуваат фактот дека државите во Европа биле под нацистичка окупација, додека Бугарија била дел од хитлеровиот пакт. Има стотици документи и за тоа зошто Црвената армија минува преку Бугарија-исто така во договор со САД и Велика Британија. Не се помалку ни архивските докази за инсистирањето на трите држави победнички за Народниот суд како елемент од задолжителните услови за примирјето со Бугарија. Народниот суд е воспоставен со потпишувањето на примирјето со САД и Велика Британија, на кои Бугарија им беше објавила војна и која беше поразена. Создаден е од владата на Отечествениот фронт во која БКП имала само 4 министри. Судењето на виновниците за вовлекувањето на Бугарија во Втората светска војна и на престапниците од другите европски држави е потврдено со Договорот во Лондон на четирите Големи сили победнички од 8 август 1945 година, со Декларацијата на Генералното собрание на ООН (11 декември 1946 г.) и со Женевкста конвенција за заштита на жртвите од Втората светска војна (1949 г.). Во процесите кај нас на смрт се осудени 2.618 лица, но извршени биле 1.046 смртни пресуди, додека останатите осудени биле пратени в затвор или биле ослободени. Тоа го потврдуваат документите. Тие беа објавени во познатата рубрика „Црно на бело“ во весникот „Дума“ пред тој да биде преземен од сили на денешната БСП.

Во „Црно на бело“ имаше многу написи за преговорите на САД, Велика Британија и СССР со Бугарија и за народните судови во цела Европа. Пред да му дадат простор на бесниот антикомунизам, во БНТ не прочитаа ли барем нешто за над два милиони судени фашисти и нивни помагачи во цела Европа? Дека во Франција, на пример, без судење се убиени над 9.000 лица, а вонредните судови разгледувале 300.000 досиеја, од кои 127.000 стануваат предмет на процеси и следуваат 97.000 осудителни пресуди од „национална деградација“ до смрт, а во декември 1944 г. биле интернирани 49.000 лица. Според една споредба на бројот на осудени на затвор во Франција-38.000, за население од 40 милиони жители, излегува дека на 100.000 души, 94 биле осудени. Истото истражување покажува дека во Данска тој број изнесува 374, во Холандија 419, во Белгија 596 и во Норвешка 633. Во самата Германија, по судењето на врхушката на нацизмот во Нирнберг, биле осудени околу еден милион нацисти од пониските нивоа-Гестапо, СС, СД, и им биле изречени различни казни. Судските процеси против нацистичките злосторници продолжуваат и денес! Во август 2021 г. Окружниот суд во Нојрупин, Германија, ги прифати обвиненијата приложени од обвинителството против стогодишен бивш чувар во нацистичкиот логор „Заксенхаузен“ до Берлин, обвинет за убиство на 3.500 лица, соопшти Ројтер.

Што се однесува до фашизмот, во периодот од 1940 до 1944 година кај нас, од страна на власта биле уапсени 64.345 лица учесници во Отпорот, од кои на смрт биле осудени и се стрелани 12.461 лице (споредете го ова со пресудите на Народниот суд), другите биле пратени по затвори и логори. Без суд и пресуда се убиени 20.000 јатаци, а масовно биле опожарени цели села. Владите на цар Борис III и на малолетниот Симеон II дале 200 милиони лева за партизански и јатачки глави. Биле интернирани 31.250 лица. Но, имињата на сите убијци од 1923 до 1944 година се испишани на меморијалниот ѕид до НДК како „жртви на комунизмот“. Денес живи дејци на Отпорот меѓу нив ги наоѓаат оние, кои ѕверски ги мачеле по затворите.

Таму се и убијците на 200 деца во нашите стари територии и на околу 3.000 Еврејчиња депортирани од бугарскиот фашизам кон Полска од Македонија и егејска Тракија. Во знак на сеќавање на тие невино убиени деца, од иницијативен комитет поддржан од Бугари од целата држава, од сите партии и етноси, речиси 4 години се обидува да постави споменик во Софија. Но, не може да го „пробие“ категоричното одбивање на општината во престолнината, која се вознемири од подигањето споменик на…Реган, а сега има намера да постави споменик дури на Гунди во „Слатина“. Од дете сум левичар, но каде е Гунди, а каде се убиените од страна на фашизмот невини деца за кои човек нема каде да положи ни едно цевеќ. Затоа, пак, дури и претседателот Радев им постави цвеќе на убијците.

Но, сето тоа е можно, зашто Бугарија е единствената држава во светот, која ги поништи пресудите на Народниот суд и убијците ги прогласи за невини. Социјализмот, пак, со закон беше прогласен за криминален! Митовите раѓале носталгија? Митови ли се некогашното бесплатно образование и здравство, немањето неписмени или нашето прекрасно земјоделие, кое ја хранеше не само Бугарија, та што станаа криминални? Криминално е однесувањето на нашите денешни неофашисти, кои на фонот на неказнето хулење на Отпорот, на социјализмот, на Русија, имаат дрскост на БНТ да трубат дека за „жртвите на комунизмот“ не се зборувало! Не само што се зборува, туку истата Евелина, според волјата на МОН, учествуваше во исфрлањето на Отпорот и на фашизмот од учебниците по историја за VII и X клас, во навредувањето на Русија и на социјализмот во учебниците. Зашто, новата идеологија е таа – нашите деца не може да ја снаат вистината за минатото за да не можат да мислат на сегашноста.

Извор: Пресинг ТВ

The post Една лекција за Драги Ѓорѓиев за бугарскиот фашизам appeared first on Република.

]]>

Во Бугарија 1 февруари е прогласен за Ден на сеќавање на жртвите на комунизмот и во општеството се уште се водат полемики за тоа дали земјата за време на Втората светска војна била фашистичка или не. Таа полемика има свое влијание и врз Македонија во светлината на бугарските барања за надминување на недоразбирањата околу почетокот на преговорите на Македонија за членство во ЕУ, анализира „Пресинг ТВ“. Во тој контекст, во домашната јавност предизвика лавина реакции изјавата на проф.Драги Ѓорѓиев, директор на ИНИ, дописен член на МАНУ и копретседавач на мешовитата македонско-бугарска комисија за историјата и за прашања на учебниците, дека за време на Втората светска војна Бугарија била профашистичка, но не и фашистичка држава, што во целост ги подрива македонските позиции и го доведува во прашање самиот темел на државноста-АСНОМ.   Оттука и потребата во целост да пренесеме еден текст од Погледи инфо.бг за да укажеме на едно чисто бугарско согледување на работите, но и да осознаеме нови, за нас непознати податоци од тоа време. Неофашистите во Бугарија повторно стигнаа до вистинска хистерија на т.н. Ден на сеќавање на жртвите на комунизмот. Ништо ново под сонцето од 2011 година наваму, ако не го сметаме тоа што овојпат познатите ѕверства со полна сила маршираа од националната телевизија, која сите ја плаќаме со нашите даноци. Донекаде е можно лаги и инсинуации да се појавуваат во приватни медиуми, но не и и на БНТ! Таму од утрото во понеделникот обилно не зрачеа со рекламата за новиот филм „Второто ослободување“, кој документирано ги прикажувал злосторниците, убијците комунисти, кои под диктат на Москва го организирале криминалниот Народен суд. Истиот апсурд и истите потполни лаги: Втората светска војна била разгорена од СССР со пактот „Рибентро-Молотов“ и притоа, се разбира, ни збор дека пред СССР слични спогодби со Германија склучиле сите водечки држави во Европа. Во Нирнберг, пак, стрелале 11 фашисти, а кај нас изрекле 2.857 бпресуди и убиле некои херои, „кои го исполнувале својот долг и се осудени апсолутно невини“. Плус една фабрикувана вест: САД и Велика Британија, гледате, биле против Народниот суд, за што имало некакво навестување во некое писмо од Трајчо Костов до Георги Димитров. А пропагандистите од старите комунистички времиња денес всадувале некакви митови за социјалистичкото време, кои раѓале носталгија! И кои се носителите на тие „вистини“? Па, се познати лица, бесни антикомунисти, меѓу кои-лажната професорка Евелина Келбечева од Американскиот универзитет, силно посакувана од фондацијата „Америка за Бугарија“. Има стотици документи и за почетокот на Втората светска војна, и за Минхенскиот договор на Западот за уништување на Чехословачка, и за многу средби и договори меѓу раководителите на САД, Велика Британија и СССР од 1943-1945 година за судењето на виновниците за подметнувањето на хитлеризмот во различни држави. Многу е познато дека Черчил, на пример, бил за итно стрелање на тие криминалци и дека само по инсистирање на Сталин тие биле исправени пред суд. Ако не беше тоа, знаете ли колкав ќе биде бројот на стрелани во Бугарија, која е сојузник на Хитлер од 1941 година и е поразена држава во војната? Апологетите на антикомунизмот негираат дека во Бугарија имало фашизам и го премолчуваат фактот дека државите во Европа биле под нацистичка окупација, додека Бугарија била дел од хитлеровиот пакт. Има стотици документи и за тоа зошто Црвената армија минува преку Бугарија-исто така во договор со САД и Велика Британија. Не се помалку ни архивските докази за инсистирањето на трите држави победнички за Народниот суд како елемент од задолжителните услови за примирјето со Бугарија. Народниот суд е воспоставен со потпишувањето на примирјето со САД и Велика Британија, на кои Бугарија им беше објавила војна и која беше поразена. Создаден е од владата на Отечествениот фронт во која БКП имала само 4 министри. Судењето на виновниците за вовлекувањето на Бугарија во Втората светска војна и на престапниците од другите европски држави е потврдено со Договорот во Лондон на четирите Големи сили победнички од 8 август 1945 година, со Декларацијата на Генералното собрание на ООН (11 декември 1946 г.) и со Женевкста конвенција за заштита на жртвите од Втората светска војна (1949 г.). Во процесите кај нас на смрт се осудени 2.618 лица, но извршени биле 1.046 смртни пресуди, додека останатите осудени биле пратени в затвор или биле ослободени. Тоа го потврдуваат документите. Тие беа објавени во познатата рубрика „Црно на бело“ во весникот „Дума“ пред тој да биде преземен од сили на денешната БСП. Во „Црно на бело“ имаше многу написи за преговорите на САД, Велика Британија и СССР со Бугарија и за народните судови во цела Европа. Пред да му дадат простор на бесниот антикомунизам, во БНТ не прочитаа ли барем нешто за над два милиони судени фашисти и нивни помагачи во цела Европа? Дека во Франција, на пример, без судење се убиени над 9.000 лица, а вонредните судови разгледувале 300.000 досиеја, од кои 127.000 стануваат предмет на процеси и следуваат 97.000 осудителни пресуди од „национална деградација“ до смрт, а во декември 1944 г. биле интернирани 49.000 лица. Според една споредба на бројот на осудени на затвор во Франција-38.000, за население од 40 милиони жители, излегува дека на 100.000 души, 94 биле осудени. Истото истражување покажува дека во Данска тој број изнесува 374, во Холандија 419, во Белгија 596 и во Норвешка 633. Во самата Германија, по судењето на врхушката на нацизмот во Нирнберг, биле осудени околу еден милион нацисти од пониските нивоа-Гестапо, СС, СД, и им биле изречени различни казни. Судските процеси против нацистичките злосторници продолжуваат и денес! Во август 2021 г. Окружниот суд во Нојрупин, Германија, ги прифати обвиненијата приложени од обвинителството против стогодишен бивш чувар во нацистичкиот логор „Заксенхаузен“ до Берлин, обвинет за убиство на 3.500 лица, соопшти Ројтер. Што се однесува до фашизмот, во периодот од 1940 до 1944 година кај нас, од страна на власта биле уапсени 64.345 лица учесници во Отпорот, од кои на смрт биле осудени и се стрелани 12.461 лице (споредете го ова со пресудите на Народниот суд), другите биле пратени по затвори и логори. Без суд и пресуда се убиени 20.000 јатаци, а масовно биле опожарени цели села. Владите на цар Борис III и на малолетниот Симеон II дале 200 милиони лева за партизански и јатачки глави. Биле интернирани 31.250 лица. Но, имињата на сите убијци од 1923 до 1944 година се испишани на меморијалниот ѕид до НДК како „жртви на комунизмот“. Денес живи дејци на Отпорот меѓу нив ги наоѓаат оние, кои ѕверски ги мачеле по затворите. Таму се и убијците на 200 деца во нашите стари територии и на околу 3.000 Еврејчиња депортирани од бугарскиот фашизам кон Полска од Македонија и егејска Тракија. Во знак на сеќавање на тие невино убиени деца, од иницијативен комитет поддржан од Бугари од целата држава, од сите партии и етноси, речиси 4 години се обидува да постави споменик во Софија. Но, не може да го „пробие“ категоричното одбивање на општината во престолнината, која се вознемири од подигањето споменик на…Реган, а сега има намера да постави споменик дури на Гунди во „Слатина“. Од дете сум левичар, но каде е Гунди, а каде се убиените од страна на фашизмот невини деца за кои човек нема каде да положи ни едно цевеќ. Затоа, пак, дури и претседателот Радев им постави цвеќе на убијците. Но, сето тоа е можно, зашто Бугарија е единствената држава во светот, која ги поништи пресудите на Народниот суд и убијците ги прогласи за невини. Социјализмот, пак, со закон беше прогласен за криминален! Митовите раѓале носталгија? Митови ли се некогашното бесплатно образование и здравство, немањето неписмени или нашето прекрасно земјоделие, кое ја хранеше не само Бугарија, та што станаа криминални? Криминално е однесувањето на нашите денешни неофашисти, кои на фонот на неказнето хулење на Отпорот, на социјализмот, на Русија, имаат дрскост на БНТ да трубат дека за „жртвите на комунизмот“ не се зборувало! Не само што се зборува, туку истата Евелина, според волјата на МОН, учествуваше во исфрлањето на Отпорот и на фашизмот од учебниците по историја за VII и X клас, во навредувањето на Русија и на социјализмот во учебниците. Зашто, новата идеологија е таа – нашите деца не може да ја снаат вистината за минатото за да не можат да мислат на сегашноста. Извор: Пресинг ТВ

The post Една лекција за Драги Ѓорѓиев за бугарскиот фашизам appeared first on Република.

]]>
Проф. Чепреганов му одговара на Георгиев: Бугарија не само што била фашистичка држава туку била наци-фашистичка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-chepreganov-mu-odgovara-na-georgiev-bugarija-ne-samo-shto-bila-fashistichka-drzava-tuku-bila-naci-fashistichka/ Mon, 07 Feb 2022 09:42:03 +0000 https://republika.mk/?p=455017

Професорот Тодор Чепреганов му одговара на претседателот на комисијата со Бугарија Драги Ѓоргиев кој  на поставеното прашање „кое често предизвикува несогласување, кога и да се спомене, е терминот бугарски фашистички окупатор“ тој одговара „Бугарија не може да ја дефинираме како класична фашистичка земја, како што може да се каже за фашистичка Италија или нацистичка Германија.

Ние може да ја третираме Бугарија како пронацистичка и профашистичка земја, меѓутоа Бугарија не е фашистички држава во тоа време“-рече Ѓоргиев.

Чепреганов оваа изјава на Ѓорѓиев ја споредува со она фамозно интервју на поранешниот премиер ЗЗ за БГНЗ кој во екстаза изјавува дека Бугарија не била фашистичка држава во текот на Втората светска војна. Горгиев во иста егстазична состојба на ТВ го изјавува истото.

НЕ ДИРЕКТОРЕ, НЕ ПРОФЕСОРЕ, НЕ АКАДЕМИЧЕ Горгиев Бугарија не само што била фашистичка држава туку била наци-фашистичка. Говорите за авторитарен режим на цар Борис, кој го суспендирал работењето на бугарското собрание но немала фашистичко уредување. Продолжувате и велите „постојат внатре условно кажано, фашистички движења, кои имаат фашистички идеи во себе, меѓутоа тие не се во рамките на самата бугарска држава во структурите на владините тела“.

Ова излегува како Бугарија да била „село без кучиња“ и секој можел да прави што сака без контрола на државата. Ме чуди што на секој начин гледате да ги оправдате Бугарите и да ги амнестирате од нивното наци-фашистичко минато без аргументи или Вие имате свои, непознати за историската наука?! Камо толку да се залагавте за Гоце Делчев, а не политиката да Ве користи како нејзина продолжена рака па вие да се вадите. Самото тоа што го зборувате дека во Бугарија владеел авторитатвиен систем под цар Борис го зборува спротивното. Сакате да кажете дека царот и неговата камарила биле хуманисти, а некои таму од граѓанските партии биле фашистички и нацистички.

НЕ АКАДЕМИЧЕ целиот бугарски политички врв и воен апарат бил наци фашизиран. Видете ги зачуваните видео снимки и документи од тоа време. Самите бугарски научни работници објавиле томови документи во кои се говори за расчистување со фашизмот по војната и тоа од политичкиот врв па надолу, а не како што Вие сакате да кажете тоа биле „профашистички“ организации. ГРЕШКА самиот врв: цар Борис, председателот на владата Богдан Филов, министерот за внатрешни работи и народно здравје Петар Габровски стојат на врвот на таа наци-фашизирана држава. Тие ги влечат конците.

За Ваша информација во периодот од декември 1944 до април 1945 година Народниот суд во Бугарија имал „68 состави-4 врховни и 64 областни. Формира 135 процеси со 11 122 обвинети. Од нив на смрт се осудени 2730 души (вклучувајќи три регенти, 22 министри, 8 царски осветници, 67 пратеници, 47 генерали и полковници и т. н.“. Од ова се гледа дека Вашето тврдење се коси со историскиот факт дека не постои фашистичко движење во „рамките на самата бугарска држава во структурите на владините тела“.
Вие како да сакате преку Комисијата да провнете амнестија т.е. рехабилитација на бугарскиот наци-фашизам како што тоа тие самите го направија, по 1991 година, осудувајќи го комунизмот и неговите жртви ги претворија во херои.

Дали може да ми одговорите што претставува „Заканот за заштита на нацијата“ која го потпиша царот Борис, го усвои собранието и еден цел народ, Еврејскиот, беше ставен надвор од било кој закон. Секој можеше да се иживува со нив, немаа никакви човекови права?! Тоа го направи политичкиот врв на Бугарија. Александар Белев беше специјално испратен во Германија за правнички да ги „проучи“ Нирнбершките закони и истите ги примени во Бугарија. И тоа го направи. Тој закон ги испрати македонските Евреи (7.144) во Треблинка и многу други. Тоа, АКАДЕМИЧЕ, беа НАЦИСТИЧКИ ЗАКОНИ и за тоа нема те биле профашистички, те пронацистички. НЕ, тие беа НАЦИ-ФАШИСТИ и за тоа самиот бугарски народ ги осуди. Немој да се обидуваш, како што го правиш тоа, да ги амнестираш дека политичко воениот врв не бил фашизиран.

Напротив под негова директива се одвива општествено политичкиот живот во Бугарија во текот на Втората светска војна. Тука амнестија нема. За тоа што го направија како наци-фашисти треба да се извинат.

Уште нешто.

Ако немало фашизам како што велите Вие, тогаш Вие ја негирате антифашистичката војна и на македонскиот и на бугарскиот народ. Ако немало фашизам значи немало ниту антифашизам. Се поставува прашањето, тогаш против кого се бореле македонските партизани исто и бугарските и оние во Пиринска Македонија. Самите против себе?! Комунистичка измислица?! Од кого е убиен Методија Шаторов Шарло. Треба да го посетите неговиот гроб на кој пишува дека е убиен од тамошните „бугарски фашисти“ или според Вас тоа е измислица на комунистите. Или ја оправдувате „брусилица“ историјата на ЗЗ да се брише бугарски пред фашизам?!

Тврдите дека сето она што се случи во Македонија во текот на Втората светска војна убиствата (Страшо Пинџур, Мирче Ацев, Вера Јоциќ, Ваташките деца, Дабничкото клање и др), интернациите не беше резултат на фашистите туку на профашисти. И овде ГРЕШИТЕ. Немаме антипрофашистичка војна имаме антифашистичка војна и се знае кој ја водел, како завршила и кои се оние кои ја изгубија. Секој обид, денес, за нивна рехабилитација поради задоволување на лукративни политички цели на одредена политичка гарнитура е рамно на злосторство со кое сите жртви на антифашизмот и на Холокаустот повторно се убиваат.
Ќе Ви приопштам два документи од бугарски извори за тоа дали Бугарија била профашистичка или фашистичка држава.

На 18 декември 1944 година Дамјан Велчев, министер на војната во наредбата бр. 481 истакнува: „Народна по состав нашата армија беше претворена од ФАШИСТИЧКИОТ РЕЖИМ во противнародна и против национална како по својот дух така и по своите цели. Од заштитник на народот таа беше претворена во негов гонител и жандарм…Сенародното востание на 9 септември, во кое зедоа учество и нашите родољубиви војници и стави крај на сепак крвавиот и предавнички ФАШИСТИЧКИ РЕЖИМ…Дури сега ни претстои огромна работа за искоренување на омразеното ФАШИСТИЧКО НАСЛЕДСТВО во СИТЕ ОБЛАСТИ НА НАШИОТ ЖИВОТ“.

На 10 јануари 1945 четирите партии кои влегуваат во Отечествениот фронт објавуваат декларација во која истакнуваат:

1. „Отечествениот фронт не е времена политичка комбинација. Таа е еден траен борбен сојуз на народните сили, и презема голема задача да го ликвидира тешкото наследство оставено од минатите ФАШИСТИЧКИ РЕЖИМИ и да изгради нова слободна, демократска и силна Бугарија;
2. Групите на Отечествениот фронт ќе ги вложат сите сили во поддршка на народната армија која заедно со братските армии на СССР, на нова Југославија и тие на Англија, Америка и Франција и другите слободољубиви народи води тешка борба за конечен пораз на ФАШИЗМОТ;
3. За да се создаде еден здрав кадар чиновници и вработени во ДРЖАВНИТЕ И ОПШТЕСТВЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ…неопходна е чистка на ФАШИСТИЧКИТЕ ЕЛЕМЕНТИ во тие институции…
4. Групите на Отечествениот фронт ќе ги преземат сите мерки за да се парираат обидите на ФАШИСТИЧКИТЕ ЕЛЕМЕНТИ да влезат во нејзините редови…“

Објаснување

(Големите букви и болдираното е мое за да можете да забележите што пишува во оригиналните бугарски документи, а не Вие да им припишувате дека биле профашисти или пронацисти. Документите кажуваат се). Нема ПРОФАШИСТИ има ФАШИСТИ.
Почитуван АКАДЕМИК Горгиев, со ова само покажувате дека Вие лично, како и Вашите колеги од Комисијата немате капацитет да излезете на крај со периоди за кои не сте квалификувани, а за кои ќе треба да дискутирате со Вашите бугарски колеги. Од овие Ваши истапи резултатите веќе ни се познати. Целосно прифаѓање на бугарските ирационални барања и уцени и се поблиску до заедничка (бугарска) историја на еден народ во две држави.

 

https://republika.mk/vesti/makedonija/gjorgiev-imalo-bugarska-okupacija-ili-invazija-no-ne-fashistichka/

The post Проф. Чепреганов му одговара на Георгиев: Бугарија не само што била фашистичка држава туку била наци-фашистичка appeared first on Република.

]]>

Професорот Тодор Чепреганов му одговара на претседателот на комисијата со Бугарија Драги Ѓоргиев кој  на поставеното прашање „кое често предизвикува несогласување, кога и да се спомене, е терминот бугарски фашистички окупатор“ тој одговара „Бугарија не може да ја дефинираме како класична фашистичка земја, како што може да се каже за фашистичка Италија или нацистичка Германија.
Ние може да ја третираме Бугарија како пронацистичка и профашистичка земја, меѓутоа Бугарија не е фашистички држава во тоа време“-рече Ѓоргиев.
Чепреганов оваа изјава на Ѓорѓиев ја споредува со она фамозно интервју на поранешниот премиер ЗЗ за БГНЗ кој во екстаза изјавува дека Бугарија не била фашистичка држава во текот на Втората светска војна. Горгиев во иста егстазична состојба на ТВ го изјавува истото.
НЕ ДИРЕКТОРЕ, НЕ ПРОФЕСОРЕ, НЕ АКАДЕМИЧЕ Горгиев Бугарија не само што била фашистичка држава туку била наци-фашистичка. Говорите за авторитарен режим на цар Борис, кој го суспендирал работењето на бугарското собрание но немала фашистичко уредување. Продолжувате и велите „постојат внатре условно кажано, фашистички движења, кои имаат фашистички идеи во себе, меѓутоа тие не се во рамките на самата бугарска држава во структурите на владините тела“.
Ова излегува како Бугарија да била „село без кучиња“ и секој можел да прави што сака без контрола на државата. Ме чуди што на секој начин гледате да ги оправдате Бугарите и да ги амнестирате од нивното наци-фашистичко минато без аргументи или Вие имате свои, непознати за историската наука?! Камо толку да се залагавте за Гоце Делчев, а не политиката да Ве користи како нејзина продолжена рака па вие да се вадите. Самото тоа што го зборувате дека во Бугарија владеел авторитатвиен систем под цар Борис го зборува спротивното. Сакате да кажете дека царот и неговата камарила биле хуманисти, а некои таму од граѓанските партии биле фашистички и нацистички. НЕ АКАДЕМИЧЕ целиот бугарски политички врв и воен апарат бил наци фашизиран. Видете ги зачуваните видео снимки и документи од тоа време. Самите бугарски научни работници објавиле томови документи во кои се говори за расчистување со фашизмот по војната и тоа од политичкиот врв па надолу, а не како што Вие сакате да кажете тоа биле „профашистички“ организации. ГРЕШКА самиот врв: цар Борис, председателот на владата Богдан Филов, министерот за внатрешни работи и народно здравје Петар Габровски стојат на врвот на таа наци-фашизирана држава. Тие ги влечат конците. За Ваша информација во периодот од декември 1944 до април 1945 година Народниот суд во Бугарија имал „68 состави-4 врховни и 64 областни. Формира 135 процеси со 11 122 обвинети. Од нив на смрт се осудени 2730 души (вклучувајќи три регенти, 22 министри, 8 царски осветници, 67 пратеници, 47 генерали и полковници и т. н.“. Од ова се гледа дека Вашето тврдење се коси со историскиот факт дека не постои фашистичко движење во „рамките на самата бугарска држава во структурите на владините тела“. Вие како да сакате преку Комисијата да провнете амнестија т.е. рехабилитација на бугарскиот наци-фашизам како што тоа тие самите го направија, по 1991 година, осудувајќи го комунизмот и неговите жртви ги претворија во херои. Дали може да ми одговорите што претставува „Заканот за заштита на нацијата“ која го потпиша царот Борис, го усвои собранието и еден цел народ, Еврејскиот, беше ставен надвор од било кој закон. Секој можеше да се иживува со нив, немаа никакви човекови права?! Тоа го направи политичкиот врв на Бугарија. Александар Белев беше специјално испратен во Германија за правнички да ги „проучи“ Нирнбершките закони и истите ги примени во Бугарија. И тоа го направи. Тој закон ги испрати македонските Евреи (7.144) во Треблинка и многу други. Тоа, АКАДЕМИЧЕ, беа НАЦИСТИЧКИ ЗАКОНИ и за тоа нема те биле профашистички, те пронацистички. НЕ, тие беа НАЦИ-ФАШИСТИ и за тоа самиот бугарски народ ги осуди. Немој да се обидуваш, како што го правиш тоа, да ги амнестираш дека политичко воениот врв не бил фашизиран. Напротив под негова директива се одвива општествено политичкиот живот во Бугарија во текот на Втората светска војна. Тука амнестија нема. За тоа што го направија како наци-фашисти треба да се извинат.

Уште нешто.

Ако немало фашизам како што велите Вие, тогаш Вие ја негирате антифашистичката војна и на македонскиот и на бугарскиот народ. Ако немало фашизам значи немало ниту антифашизам. Се поставува прашањето, тогаш против кого се бореле македонските партизани исто и бугарските и оние во Пиринска Македонија. Самите против себе?! Комунистичка измислица?! Од кого е убиен Методија Шаторов Шарло. Треба да го посетите неговиот гроб на кој пишува дека е убиен од тамошните „бугарски фашисти“ или според Вас тоа е измислица на комунистите. Или ја оправдувате „брусилица“ историјата на ЗЗ да се брише бугарски пред фашизам?! Тврдите дека сето она што се случи во Македонија во текот на Втората светска војна убиствата (Страшо Пинџур, Мирче Ацев, Вера Јоциќ, Ваташките деца, Дабничкото клање и др), интернациите не беше резултат на фашистите туку на профашисти. И овде ГРЕШИТЕ. Немаме антипрофашистичка војна имаме антифашистичка војна и се знае кој ја водел, како завршила и кои се оние кои ја изгубија. Секој обид, денес, за нивна рехабилитација поради задоволување на лукративни политички цели на одредена политичка гарнитура е рамно на злосторство со кое сите жртви на антифашизмот и на Холокаустот повторно се убиваат. Ќе Ви приопштам два документи од бугарски извори за тоа дали Бугарија била профашистичка или фашистичка држава. На 18 декември 1944 година Дамјан Велчев, министер на војната во наредбата бр. 481 истакнува: „Народна по состав нашата армија беше претворена од ФАШИСТИЧКИОТ РЕЖИМ во противнародна и против национална како по својот дух така и по своите цели. Од заштитник на народот таа беше претворена во негов гонител и жандарм…Сенародното востание на 9 септември, во кое зедоа учество и нашите родољубиви војници и стави крај на сепак крвавиот и предавнички ФАШИСТИЧКИ РЕЖИМ…Дури сега ни претстои огромна работа за искоренување на омразеното ФАШИСТИЧКО НАСЛЕДСТВО во СИТЕ ОБЛАСТИ НА НАШИОТ ЖИВОТ“. На 10 јануари 1945 четирите партии кои влегуваат во Отечествениот фронт објавуваат декларација во која истакнуваат: 1. „Отечествениот фронт не е времена политичка комбинација. Таа е еден траен борбен сојуз на народните сили, и презема голема задача да го ликвидира тешкото наследство оставено од минатите ФАШИСТИЧКИ РЕЖИМИ и да изгради нова слободна, демократска и силна Бугарија; 2. Групите на Отечествениот фронт ќе ги вложат сите сили во поддршка на народната армија која заедно со братските армии на СССР, на нова Југославија и тие на Англија, Америка и Франција и другите слободољубиви народи води тешка борба за конечен пораз на ФАШИЗМОТ; 3. За да се создаде еден здрав кадар чиновници и вработени во ДРЖАВНИТЕ И ОПШТЕСТВЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ…неопходна е чистка на ФАШИСТИЧКИТЕ ЕЛЕМЕНТИ во тие институции… 4. Групите на Отечествениот фронт ќе ги преземат сите мерки за да се парираат обидите на ФАШИСТИЧКИТЕ ЕЛЕМЕНТИ да влезат во нејзините редови…“ Објаснување (Големите букви и болдираното е мое за да можете да забележите што пишува во оригиналните бугарски документи, а не Вие да им припишувате дека биле профашисти или пронацисти. Документите кажуваат се). Нема ПРОФАШИСТИ има ФАШИСТИ. Почитуван АКАДЕМИК Горгиев, со ова само покажувате дека Вие лично, како и Вашите колеги од Комисијата немате капацитет да излезете на крај со периоди за кои не сте квалификувани, а за кои ќе треба да дискутирате со Вашите бугарски колеги. Од овие Ваши истапи резултатите веќе ни се познати. Целосно прифаѓање на бугарските ирационални барања и уцени и се поблиску до заедничка (бугарска) историја на еден народ во две држави.   https://republika.mk/vesti/makedonija/gjorgiev-imalo-bugarska-okupacija-ili-invazija-no-ne-fashistichka/

The post Проф. Чепреганов му одговара на Георгиев: Бугарија не само што била фашистичка држава туку била наци-фашистичка appeared first on Република.

]]>
Каракачанов: Во Бугарија немаше фашизам и тоа е научно докажано https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/karakachanov-vo-bugarija-nemashe-fashizam-i-toa-e-nauchno-dokazano/ Fri, 21 Jan 2022 09:12:33 +0000 https://republika.mk/?p=447496

Склучивме договор меѓу две земји-партнери, а не меѓу непријатели. Денеска страдаат Македонците. Бугарија е во ЕУ и НАТО. Тие страдаат од сопствената глупост, кажа лидерот на бугарската партија ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, во изјава за „БНТ“, додавајќи дека посетата на бугарскиот премиер на Скопје претставувала грешка.

Ново е што испратија како официјална нота до ОН дека името Македонија се однесува само на територијата на нивната Република Македонија. Тоа е добро, но погледнете ја реакцијата на македонскиот претседател по средбата со нашиот премиер, па затоа велам дека нашиот премиер нема многу причини за оптимизам – смета Каракачанов.

Тој му замерува на Петков и што не го негирал постоењето на фашизмот во Бугарија.

Не можете да одите и да кажете дека во Бугарија имало фашистички режим, но Бугарите не биле фашисти. Тој мораше да им одговори, господа, немаше фашизам во Бугарија и тоа е научно докажано и треба да ставите крај на овие југословенски и советски клишеа – додаде Каракачанов.

Опозицискиот лидер се осврна и на најавите за воспоставување авионска линија меѓу Софија и Скопје.

Зборуваме за големиот успех што за два месеца ќе има авионска врска меѓу Софија и Скопје, но никој нема да патува со оваа авиолинија. Во 2009 година таква авиокомпанија беше затворена затоа што никој не сакаше да патува. Се зборува за Коридор 8, отприлика пд 1998 година. Тоа го ветија сите македонски влади, вклучително и владата на Заев и ништо не прават. Имаме да завршиме два километра и тие ги нема каде да одат – порача Каракачанов, нагласувајќи дека бугарските политичари треба да ги бранат интересите на Бугарија.

The post Каракачанов: Во Бугарија немаше фашизам и тоа е научно докажано appeared first on Република.

]]>

Склучивме договор меѓу две земји-партнери, а не меѓу непријатели. Денеска страдаат Македонците. Бугарија е во ЕУ и НАТО. Тие страдаат од сопствената глупост, кажа лидерот на бугарската партија ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, во изјава за „БНТ“, додавајќи дека посетата на бугарскиот премиер на Скопје претставувала грешка.
Ново е што испратија како официјална нота до ОН дека името Македонија се однесува само на територијата на нивната Република Македонија. Тоа е добро, но погледнете ја реакцијата на македонскиот претседател по средбата со нашиот премиер, па затоа велам дека нашиот премиер нема многу причини за оптимизам – смета Каракачанов.
Тој му замерува на Петков и што не го негирал постоењето на фашизмот во Бугарија.
Не можете да одите и да кажете дека во Бугарија имало фашистички режим, но Бугарите не биле фашисти. Тој мораше да им одговори, господа, немаше фашизам во Бугарија и тоа е научно докажано и треба да ставите крај на овие југословенски и советски клишеа – додаде Каракачанов.
Опозицискиот лидер се осврна и на најавите за воспоставување авионска линија меѓу Софија и Скопје.
Зборуваме за големиот успех што за два месеца ќе има авионска врска меѓу Софија и Скопје, но никој нема да патува со оваа авиолинија. Во 2009 година таква авиокомпанија беше затворена затоа што никој не сакаше да патува. Се зборува за Коридор 8, отприлика пд 1998 година. Тоа го ветија сите македонски влади, вклучително и владата на Заев и ништо не прават. Имаме да завршиме два километра и тие ги нема каде да одат – порача Каракачанов, нагласувајќи дека бугарските политичари треба да ги бранат интересите на Бугарија.

The post Каракачанов: Во Бугарија немаше фашизам и тоа е научно докажано appeared first on Република.

]]>