Фармери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/farmeri/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Nov 2024 18:54:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фармери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/farmeri/ 32 32 Британските фармери на протест поради најавата за данок на наследство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanskite-farmeri-na-protest-poradi-najavata-za-danok-na-nasledstvo/ Sat, 16 Nov 2024 20:17:48 +0000 https://republika.mk/?p=838641

Околу 200 земјоделци протестираа во седиштето на владејачката Лабуристичка партија на британскиот премиер Кир Стармер поради неговата најава за данок на наследството на земјоделското земјиште.

Во Ландудно, на северот на британската провинција Велс, беа донесени десетици трактори и друга земјоделска механизација со натписи „Даноци на труд = недостиг на храна“ и „Работничка војна на селата“.

Новиот данок на наследство, кој би го придружувал националниот буџет за 2025 година, би се однесувал на земјоделските стопанства вредни повеќе од еден милион фунти (1,20 милиони евра).

Според Министерството за финансии, околу три четвртини од земјоделците нема да бидат засегнати од данокот, но според Секторот за рурални работи, вредноста на 66 отсто од фармите е над милион фунти.

Фармерите од цела Велика Британија планираат да протестираат во Лондон во вторник.

Во говорот на конференцијата на велшкиот огранок на Лабуристичката партија, Стармер не спомна таков данок, но рече дека ќе ги брани „тешките одлуки“ што неговата влада ги донесе „за да ја стабилизира економијата“.

Земјоделците рекоа дека ќе му предадат на премиерот писмо кое започнува со зборовите „Не ја гризај раката што те храни“.

The post Британските фармери на протест поради најавата за данок на наследство appeared first on Република.

]]>

Околу 200 земјоделци протестираа во седиштето на владејачката Лабуристичка партија на британскиот премиер Кир Стармер поради неговата најава за данок на наследството на земјоделското земјиште. Во Ландудно, на северот на британската провинција Велс, беа донесени десетици трактори и друга земјоделска механизација со натписи „Даноци на труд = недостиг на храна“ и „Работничка војна на селата“. Новиот данок на наследство, кој би го придружувал националниот буџет за 2025 година, би се однесувал на земјоделските стопанства вредни повеќе од еден милион фунти (1,20 милиони евра). Според Министерството за финансии, околу три четвртини од земјоделците нема да бидат засегнати од данокот, но според Секторот за рурални работи, вредноста на 66 отсто од фармите е над милион фунти. Фармерите од цела Велика Британија планираат да протестираат во Лондон во вторник. Во говорот на конференцијата на велшкиот огранок на Лабуристичката партија, Стармер не спомна таков данок, но рече дека ќе ги брани „тешките одлуки“ што неговата влада ги донесе „за да ја стабилизира економијата“. Земјоделците рекоа дека ќе му предадат на премиерот писмо кое започнува со зборовите „Не ја гризај раката што те храни“.

The post Британските фармери на протест поради најавата за данок на наследство appeared first on Република.

]]>
Полските фармери го блокираат автопатот меѓу Варшава и Берлин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polskite-farmeri-go-blokiraat-avtopatot-megu-varshava-i-berlin/ Mon, 18 Mar 2024 13:44:29 +0000 https://republika.mk/?p=755942

Полските фармери го блокираа автопатот што ги поврзува Варшава и Берлин на четири дена.

Земјоделците го блокираат сообраќајот на автопатот А2 кај Слубице. Протестот почна во недела попладне и ќе трае до 20 март.

Претходно, на 15 март, полските земјоделци го блокираа контролниот пункт Хиже на границата со Словачка. Демонстрантите најавија дека блокадата на контролниот пункт ќе остане на сила до крајот на март. Ќе може да поминува по еден камион на час, додека автобусите и автомобилите нема да бидат засегнати од ограничувањата.

Причината зад протестите останува иста како и во претходните акции - земјоделците бараат запирање на неконтролираниот проток на жито од Украина во ЕУ, како и измени на барањата од Зелениот договор.

The post Полските фармери го блокираат автопатот меѓу Варшава и Берлин appeared first on Република.

]]>

Полските фармери го блокираа автопатот што ги поврзува Варшава и Берлин на четири дена. Земјоделците го блокираат сообраќајот на автопатот А2 кај Слубице. Протестот почна во недела попладне и ќе трае до 20 март. Претходно, на 15 март, полските земјоделци го блокираа контролниот пункт Хиже на границата со Словачка. Демонстрантите најавија дека блокадата на контролниот пункт ќе остане на сила до крајот на март. Ќе може да поминува по еден камион на час, додека автобусите и автомобилите нема да бидат засегнати од ограничувањата. Причината зад протестите останува иста како и во претходните акции - земјоделците бараат запирање на неконтролираниот проток на жито од Украина во ЕУ, како и измени на барањата од Зелениот договор.

The post Полските фармери го блокираат автопатот меѓу Варшава и Берлин appeared first on Република.

]]>
Хаос во Брисел: Фармерите ги запалија барикадите и ги пробија полициските кордони https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/haos-vo-brisel-farmerite-gi-zapalija-barikadite-i-gi-probija-politsiskite-kordoni/ Mon, 26 Feb 2024 10:01:07 +0000 https://republika.mk/?p=748424

Тотален хаос се случува во Брисел, каде повторно се одржуваат протести на земјоделците, кои се бунат против евтината цена на увозните производи. Фармерите ги запалиле барикадите, но со возила ги пробиле и полициските пунктови. Бриселската полиција одговорила со водени топови.

Тие се трактори влегоа во градот и според портпаролката на полицијата, Илса ван де Кир, во европскиот кварт има околу 300 трактори кои ги блокираа околните улици, пренесува „Тајмс оф Брисел“.

Агенцијата АП информира дека земјоделците направиле бетонски барикади, а околу седиштето на Европската Унија поставиле бодликава жица. Во европскиот кварт и на критичните точки се распоредени неколку стотици полицајци. Неколку патни правци, тунели и станици на метрото се затворени за сообраќај.

Министрите за земјоделство на земјите членки на ЕУ денеска ќе одржат состанок во Брисел. Земјоделците веќе неколку недели водат кампања против, како што велат, престрогите европски еколошки правила и падот на приходите и бараат ЕУ да се повлече од договорот за слободна трговија. Фокусот денеска е на договорот Меркосур со јужноамериканските земји чија цел е да дозволи поевтини производи на пазарите.

Земјоделците бараат и регулирање на пазарите за да се гарантираат стабилни и фер цени, комплетна земјоделска и прехранбена политика за поддршка на агроеколошките пракси и прилагодување на на уредбите за азот.

The post Хаос во Брисел: Фармерите ги запалија барикадите и ги пробија полициските кордони appeared first on Република.

]]>

Тотален хаос се случува во Брисел, каде повторно се одржуваат протести на земјоделците, кои се бунат против евтината цена на увозните производи. Фармерите ги запалиле барикадите, но со возила ги пробиле и полициските пунктови. Бриселската полиција одговорила со водени топови. Тие се трактори влегоа во градот и според портпаролката на полицијата, Илса ван де Кир, во европскиот кварт има околу 300 трактори кои ги блокираа околните улици, пренесува „Тајмс оф Брисел“. Агенцијата АП информира дека земјоделците направиле бетонски барикади, а околу седиштето на Европската Унија поставиле бодликава жица. Во европскиот кварт и на критичните точки се распоредени неколку стотици полицајци. Неколку патни правци, тунели и станици на метрото се затворени за сообраќај. Министрите за земјоделство на земјите членки на ЕУ денеска ќе одржат состанок во Брисел. Земјоделците веќе неколку недели водат кампања против, како што велат, престрогите европски еколошки правила и падот на приходите и бараат ЕУ да се повлече од договорот за слободна трговија. Фокусот денеска е на договорот Меркосур со јужноамериканските земји чија цел е да дозволи поевтини производи на пазарите. Земјоделците бараат и регулирање на пазарите за да се гарантираат стабилни и фер цени, комплетна земјоделска и прехранбена политика за поддршка на агроеколошките пракси и прилагодување на на уредбите за азот.

The post Хаос во Брисел: Фармерите ги запалија барикадите и ги пробија полициските кордони appeared first on Република.

]]>
Средната класа им се придружи на протестите на земјоделците во Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/srednata-klasa-im-se-pridruzhi-na-protestite-na-zemjodeltsite-vo-germanija/ Tue, 06 Feb 2024 21:20:54 +0000 https://republika.mk/?p=741183

Стотици трактори се собраа во германскиот град Либек на демонстрации за време на посетата на министерот за финансии Кристијан Линднер, кој одржа граѓански дијалог во градот. На протестот, освен трактори учествуваа и камиони и автомобили.

Според учесниците, не протестирале само земјоделците, туку и целата средна класа. Линднер беше пречекан со гласни свирежи и извици од незадоволните граѓани.

Претседателот на регионалното здружение на земјоделци, за време на дијалогот му порачал на Линднер дека увозното украинско жито ги потиснува домашните производи, „со кои се преполни германските дворови“.

The post Средната класа им се придружи на протестите на земјоделците во Германија appeared first on Република.

]]>

Стотици трактори се собраа во германскиот град Либек на демонстрации за време на посетата на министерот за финансии Кристијан Линднер, кој одржа граѓански дијалог во градот. На протестот, освен трактори учествуваа и камиони и автомобили. Според учесниците, не протестирале само земјоделците, туку и целата средна класа. Линднер беше пречекан со гласни свирежи и извици од незадоволните граѓани. Претседателот на регионалното здружение на земјоделци, за време на дијалогот му порачал на Линднер дека увозното украинско жито ги потиснува домашните производи, „со кои се преполни германските дворови“.

The post Средната класа им се придружи на протестите на земјоделците во Германија appeared first on Република.

]]>