фао Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fao/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 13:16:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фао Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fao/ 32 32 ФАО: Минатиот месец е забележана рекордно висока цена на прехранбените производи во светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fao-minatiot-mesets-e-zabelezhana-rekordno-visoka-tsena-na-prehranbenite-proizvodi-vo-svetot/ Fri, 08 Nov 2024 13:16:42 +0000 https://republika.mk/?p=835593

Организацијата за храна и земјоделство на Обединети нации (ФАО) денеска ја објави референтната вредност на светските цени на храната во октомври годинава, која достигна највисоко ниво во изминатите 18 месеци, поради наглото зголемување на цените на растителните масла.

ФАО ги следи месечните промени на меѓународните цени на прехранбени производи, кои се тргуваат глобално. Врз основа на тоа утврдено е дека во индексот на храната во просек изнесуваше 127,4 поени, што е за два отсто повеќе од септември и 5,5 проценти повисок од октомври 2023 година.

Во соопштението на ФАО се наведува дека индексот на цената на растителните масла е зголемен за 7,3 отсто во октомври, достигнувајќи го двегодишниот максимум. Додека цената на житата минатиот месец забележа раст од 0,9 проценти, а промената е предизвикана од растот на извозните цени на пченицата и пченката.

На глобалната цена на пченицата, според ФАО, влијаеле неповолните временски услови кај главните извозници на северната хемисфера, повторното воведување на неофицијалниот минимален износ на цената во Русија, како и тензиите во регионот на Црно Море.

The post ФАО: Минатиот месец е забележана рекордно висока цена на прехранбените производи во светот appeared first on Република.

]]>

Организацијата за храна и земјоделство на Обединети нации (ФАО) денеска ја објави референтната вредност на светските цени на храната во октомври годинава, која достигна највисоко ниво во изминатите 18 месеци, поради наглото зголемување на цените на растителните масла. ФАО ги следи месечните промени на меѓународните цени на прехранбени производи, кои се тргуваат глобално. Врз основа на тоа утврдено е дека во индексот на храната во просек изнесуваше 127,4 поени, што е за два отсто повеќе од септември и 5,5 проценти повисок од октомври 2023 година. Во соопштението на ФАО се наведува дека индексот на цената на растителните масла е зголемен за 7,3 отсто во октомври, достигнувајќи го двегодишниот максимум. Додека цената на житата минатиот месец забележа раст од 0,9 проценти, а промената е предизвикана од растот на извозните цени на пченицата и пченката. На глобалната цена на пченицата, според ФАО, влијаеле неповолните временски услови кај главните извозници на северната хемисфера, повторното воведување на неофицијалниот минимален износ на цената во Русија, како и тензиите во регионот на Црно Море.

The post ФАО: Минатиот месец е забележана рекордно висока цена на прехранбените производи во светот appeared first on Република.

]]>
Се повеќе мали деца се дебели, предупредува ФАО https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/se-poveke-mali-detsa-se-debeli-predupreduva-fao/ Sat, 05 Oct 2024 12:18:05 +0000 https://republika.mk/?p=823082

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) предупреди дека прекумерната тежина кај деца под пет години, анемијата кај жените на возраст од 15 до 49 години и дебелината кај возрасните се во пораст во голем број земји.

Западен Балкан со 10,3 отсто и Кавказскиот регион со 9,1 отсто имаат највисока стапка на прекумерна тежина кај децата до пет години, додека стапката на дебелина кај возрасните исто така се зголемува.

Вредностите на анемијата кај жените на возраст од 15 до 49 години ја надминуваат глобалната проценка од 29,9 отсто во Киргистан со 35,8 отсто, Таџикистан 35,2 отсто и Азербејџан 35,1 отсто.

За да се справат со овие предизвици, сите актери во Европа и Централна Азија треба да се фокусираат на квалитетот на исхраната, осигурувајќи дека сите граѓани имаат пристап до разновидна и урамнотежена исхрана.

Никој не треба да се остави зад себе. Ова мора да биде поддржано со едукативни и кампањи за подигање на јавната свест кои поттикнуваат поздрав и поодржлив избор на храна, се додава во соопштението.

The post Се повеќе мали деца се дебели, предупредува ФАО appeared first on Република.

]]>

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) предупреди дека прекумерната тежина кај деца под пет години, анемијата кај жените на возраст од 15 до 49 години и дебелината кај возрасните се во пораст во голем број земји.
Западен Балкан со 10,3 отсто и Кавказскиот регион со 9,1 отсто имаат највисока стапка на прекумерна тежина кај децата до пет години, додека стапката на дебелина кај возрасните исто така се зголемува. Вредностите на анемијата кај жените на возраст од 15 до 49 години ја надминуваат глобалната проценка од 29,9 отсто во Киргистан со 35,8 отсто, Таџикистан 35,2 отсто и Азербејџан 35,1 отсто. За да се справат со овие предизвици, сите актери во Европа и Централна Азија треба да се фокусираат на квалитетот на исхраната, осигурувајќи дека сите граѓани имаат пристап до разновидна и урамнотежена исхрана. Никој не треба да се остави зад себе. Ова мора да биде поддржано со едукативни и кампањи за подигање на јавната свест кои поттикнуваат поздрав и поодржлив избор на храна, се додава во соопштението.

The post Се повеќе мали деца се дебели, предупредува ФАО appeared first on Република.

]]>
Станува се полошо: Гладува секој 11. жител на Земјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stanuva-se-polosho-gladuva-sekoj-11-zhitel-na-zemjata/ Thu, 25 Jul 2024 09:05:39 +0000 https://republika.mk/?p=800108

Воените судири, економската нестабилност и се почестите временски услови придонесоа за недостиг на храна а 733 милиони луѓе ширум светот минатата година се соочиле со глад, се наведува во новата студија на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО).

Приближно 29 проценти од глобалното население е принудено да прескокне еден оброк дневно. Секој 11 жител на Земјата се соочува со проблем на гладот, а најизразено е во африканските земји, каде секој петти граѓанин страда од глад.

Во документот на ФАО се наведува дека хроничниот недостиг на храна во светот и понатаму е голем проблем и оти предвидувањата на Обединети нации дека гладот ќе биде искоренет до 2030 година е под голем знак прашалник.

Ние сме во полоша ситуација од пред девет години, кога ОН одлучи да го искорени гладот во светот до крајот на оваа деценија. Доколку продолжи овој тренд, приближно 600 милиони луѓе ќе бидат хронично ненахранети до крајот на 2030 година, од кои половина ќе бидат жители на Африка, изјави еден од авторите на студијата, економистот Дејвид Лаборд.

Податоците покажуваат дека минатата година здравата храна била прескапа за повеќе од една третина од жителите на нашата планета. Дури 75,1 отсто од жителите на сиромашните земји не можеле да си дозволат квалитетна храна, за разлика од состојбата во побогатите земји каде само 6,3 проценти од граѓаните немале доволно средства за здрава исхрана.

- Според последните процени ќе бидат потребни речиси четири трилиони долари инвестиции на глобално ниво за да се искорени гладот до крајот на деценијата и наместо повремени итни пратки на вреќи со ориз и со брашно, со здружени сили треба да се финансираат малите земјоделски производители, да се обезбеди евтина енергија за многу рурални делови на светот и економски да се поддржи изградбата на големи системи за наводнување, особено во посиромашните земји, посочи Лаборде.

Извештајот на ФАО ќе биде презентиран и на овогодишниот Самит на Г-20, што ќе се одржи на 18 ноември во Бразил.

The post Станува се полошо: Гладува секој 11. жител на Земјата appeared first on Република.

]]>

Воените судири, економската нестабилност и се почестите временски услови придонесоа за недостиг на храна а 733 милиони луѓе ширум светот минатата година се соочиле со глад, се наведува во новата студија на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО). Приближно 29 проценти од глобалното население е принудено да прескокне еден оброк дневно. Секој 11 жител на Земјата се соочува со проблем на гладот, а најизразено е во африканските земји, каде секој петти граѓанин страда од глад. Во документот на ФАО се наведува дека хроничниот недостиг на храна во светот и понатаму е голем проблем и оти предвидувањата на Обединети нации дека гладот ќе биде искоренет до 2030 година е под голем знак прашалник. Ние сме во полоша ситуација од пред девет години, кога ОН одлучи да го искорени гладот во светот до крајот на оваа деценија. Доколку продолжи овој тренд, приближно 600 милиони луѓе ќе бидат хронично ненахранети до крајот на 2030 година, од кои половина ќе бидат жители на Африка, изјави еден од авторите на студијата, економистот Дејвид Лаборд. Податоците покажуваат дека минатата година здравата храна била прескапа за повеќе од една третина од жителите на нашата планета. Дури 75,1 отсто од жителите на сиромашните земји не можеле да си дозволат квалитетна храна, за разлика од состојбата во побогатите земји каде само 6,3 проценти од граѓаните немале доволно средства за здрава исхрана. - Според последните процени ќе бидат потребни речиси четири трилиони долари инвестиции на глобално ниво за да се искорени гладот до крајот на деценијата и наместо повремени итни пратки на вреќи со ориз и со брашно, со здружени сили треба да се финансираат малите земјоделски производители, да се обезбеди евтина енергија за многу рурални делови на светот и економски да се поддржи изградбата на големи системи за наводнување, особено во посиромашните земји, посочи Лаборде. Извештајот на ФАО ќе биде презентиран и на овогодишниот Самит на Г-20, што ќе се одржи на 18 ноември во Бразил.

The post Станува се полошо: Гладува секој 11. жител на Земјата appeared first on Република.

]]>
Проценките на ОН покажуваат дека Ел Нињо ќе трае до 2024 година со екстра обилни врнежи во Јужна Америка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/protsenkite-na-on-pokazhuvaat-deka-el-nino-ke-trae-do-2024-godina-so-ekstra-obilni-vrnezhi-vo-juzhna-amerika/ Fri, 20 Oct 2023 15:28:10 +0000 https://republika.mk/?p=693378

Според најновите проценки на ОН, метеоролошкиот феномен Ел Нињо ќе трае најмалку до средината на 2024 година, со невообичаено поројни врнежи во Јужна Америка и ризици за земјоделството.

Температурите на површината на Тихиот Океан нагло се зголемија во последните месеци, а затоплувањето е посилно долж брегот на Јужна Америка“, се вели во извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), во кој имале увид западни медиуми.

Проценките за првиот квартал од 2024 година покажуваат невообичаено големо количество врнежи во Перу и Еквадор и во Мексико, но и истовремена континуирана суша во Бразил, Гвајана и Суринам.

Тековниот сушен период во Централна Америка, сепак, треба да трае само до крајот на годината, покажуваат проценките на ФАО.

Прогнозираните временски услови се најголемата закана за земјоделството, вклучувајќи ги земјоделските култури, сточарството, шумарството и рибарството, бидејќи може да апсорбира само 26 отсто од економските загуби за време на периоди на екстремни временски услови и 82 отсто за време на суши“, посочува ФАО.

Ел Нињо и неговиот спротивен временски феномен Ла Ниња го намалија производството на клучните земјоделски култури во Јужна Америка, како што се пченицата, оризот и пченката.

Агенцијата на ОН објави дека усвоила план кој треба да мобилизира финансиски ресурси за ранливите заедници во неколку земји погодени од екстремни временски услови.

The post Проценките на ОН покажуваат дека Ел Нињо ќе трае до 2024 година со екстра обилни врнежи во Јужна Америка appeared first on Република.

]]>

Според најновите проценки на ОН, метеоролошкиот феномен Ел Нињо ќе трае најмалку до средината на 2024 година, со невообичаено поројни врнежи во Јужна Америка и ризици за земјоделството.
Температурите на површината на Тихиот Океан нагло се зголемија во последните месеци, а затоплувањето е посилно долж брегот на Јужна Америка“, се вели во извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), во кој имале увид западни медиуми.
Проценките за првиот квартал од 2024 година покажуваат невообичаено големо количество врнежи во Перу и Еквадор и во Мексико, но и истовремена континуирана суша во Бразил, Гвајана и Суринам. Тековниот сушен период во Централна Америка, сепак, треба да трае само до крајот на годината, покажуваат проценките на ФАО.
Прогнозираните временски услови се најголемата закана за земјоделството, вклучувајќи ги земјоделските култури, сточарството, шумарството и рибарството, бидејќи може да апсорбира само 26 отсто од економските загуби за време на периоди на екстремни временски услови и 82 отсто за време на суши“, посочува ФАО.
Ел Нињо и неговиот спротивен временски феномен Ла Ниња го намалија производството на клучните земјоделски култури во Јужна Америка, како што се пченицата, оризот и пченката. Агенцијата на ОН објави дека усвоила план кој треба да мобилизира финансиски ресурси за ранливите заедници во неколку земји погодени од екстремни временски услови.

The post Проценките на ОН покажуваат дека Ел Нињо ќе трае до 2024 година со екстра обилни врнежи во Јужна Америка appeared first on Република.

]]>
Македонија се приклучи на Европската советодавна комисија за рибарство и аквакултура https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedonija-se-prikluchi-na-evropskata-sovetodavna-komisija-za-ribarstvo-i-akvakultura/ Sat, 03 Jun 2023 09:31:54 +0000 https://republika.mk/?p=647340

Македонија се приклучи на Европската советодавна комисија за рибарство и аквакултура (EIFAAC) на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) како 37-ма членка. Љупчо Николовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, го информираше Ку Донгју, генерален директор на ФАО, за одлуката.

Македонскиот сектор за рибарство и аквакултура е мал, но важен за земјата, со производство на риба од околу 2.500 тони годишно. Аквакултурното производство првенствено се сведува на видови пастрмка и крап, а се одвива во бари, реки и езера. Министерството има цел да го удвои производството на аквакултура до 2030 година за да ја зголеми домашната обезбеденост со храна во согласност со Националната стратегија за земјоделство и рурален развој за периодот 2021–2027 година и Национална стратегија за биолошка разновидност со акциски план (2018–2023).

„Иако Македонија е земја опколена со копно, без пристап до море, аквакултурата и слатководниот риболов се повеќе стануваат важен извор на приход и вработување“, вели министерот Николовски. „Почестени сме што станавме членка на семејството на EIFAAC заедно со други 36 земји. Членството дава одлична можност за вклучување во регионални проекти за рибарство и аквакултура, пристап до знаење и научни совети, трансфер на градење капацитети и технологии и иновации за аквакултура“.

„Македонија стана членка на ФАО во 1993 година и оттогаш активно соработува на многу теми, како што е трансформацијата на прехранбениот и земјоделскиот сектор за да се обезбеди поголема отпорност и одржливост“, истакна Набил Ганги, заменик регионален претставник на ФАО.

Рамката за соработка за одржлив развој меѓу Република Македонија и Обединетите нации 2021 – 2025 ги вклучува „Климатските активности, природните ресурси и управувањето со ризикот од катастрофи“ меѓу своите приоритети. Експертизата на Комисијата може да и помогне на земјата со одржлив развој, користење, зачувување, реставрација и одговорно управување со рибарството во затворени води и аквакултурата.

„Иновирањето на секторот аквакултура со цел да се зголеми производството на храна од водно потекло и да неговата отпорност кон климатските промени е приоритет за земјата“, вели Лидија Попандонова, постојан претставник на Македонија во ФАО. Таа додаде дека очекува дека експертите на EIFAAC ќе помогнат да се зајакне технолошкиот капацитет на бизнисите во Македонија за аквакултура и производство на риба на одржлив начин и за обновување на природните води со автохтони видови.

Во наредните години, 37-те членови на Комисијата, меѓу другото, ќе соработуваат за промовирање на иновациите и дигитализацијата и зајакнување на животната средина во руралните средини, како и за поддршка на одржливото управување со природните ресурси и олеснување на отпорноста во секторите храна и земјоделство. На крајот, работата на Европската советодавна комисија за рибарство и аквакултура ќе придонесе кон обезбеденоста со храна и намалување на сите форми на неухранетост.

EIFAAC е основана како регионално тело за рибарство од страна на Советот на ФАО во 1957 година и е важен меѓувладин форум за соработка и размена на информации за рибарството во затворени води и аквакултурата меѓу сите европски земји. Домаќин на следната седница на EIFAAC ќе биде Владата на Хрватска во 2024 година. Управниот комитет на EIFAAC, Техничкиот и научниот комитет, членовите и Секретаријатот ја поздравуваат Македонија како нова членка и се радуваат на развивање силни односи со земјата во врска со рибарството во затворени води и аквакултурата.

The post Македонија се приклучи на Европската советодавна комисија за рибарство и аквакултура appeared first on Република.

]]>

Македонија се приклучи на Европската советодавна комисија за рибарство и аквакултура (EIFAAC) на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) како 37-ма членка. Љупчо Николовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, го информираше Ку Донгју, генерален директор на ФАО, за одлуката. Македонскиот сектор за рибарство и аквакултура е мал, но важен за земјата, со производство на риба од околу 2.500 тони годишно. Аквакултурното производство првенствено се сведува на видови пастрмка и крап, а се одвива во бари, реки и езера. Министерството има цел да го удвои производството на аквакултура до 2030 година за да ја зголеми домашната обезбеденост со храна во согласност со Националната стратегија за земјоделство и рурален развој за периодот 2021–2027 година и Национална стратегија за биолошка разновидност со акциски план (2018–2023). „Иако Македонија е земја опколена со копно, без пристап до море, аквакултурата и слатководниот риболов се повеќе стануваат важен извор на приход и вработување“, вели министерот Николовски. „Почестени сме што станавме членка на семејството на EIFAAC заедно со други 36 земји. Членството дава одлична можност за вклучување во регионални проекти за рибарство и аквакултура, пристап до знаење и научни совети, трансфер на градење капацитети и технологии и иновации за аквакултура“. „Македонија стана членка на ФАО во 1993 година и оттогаш активно соработува на многу теми, како што е трансформацијата на прехранбениот и земјоделскиот сектор за да се обезбеди поголема отпорност и одржливост“, истакна Набил Ганги, заменик регионален претставник на ФАО. Рамката за соработка за одржлив развој меѓу Република Македонија и Обединетите нации 2021 – 2025 ги вклучува „Климатските активности, природните ресурси и управувањето со ризикот од катастрофи“ меѓу своите приоритети. Експертизата на Комисијата може да и помогне на земјата со одржлив развој, користење, зачувување, реставрација и одговорно управување со рибарството во затворени води и аквакултурата. „Иновирањето на секторот аквакултура со цел да се зголеми производството на храна од водно потекло и да неговата отпорност кон климатските промени е приоритет за земјата“, вели Лидија Попандонова, постојан претставник на Македонија во ФАО. Таа додаде дека очекува дека експертите на EIFAAC ќе помогнат да се зајакне технолошкиот капацитет на бизнисите во Македонија за аквакултура и производство на риба на одржлив начин и за обновување на природните води со автохтони видови. Во наредните години, 37-те членови на Комисијата, меѓу другото, ќе соработуваат за промовирање на иновациите и дигитализацијата и зајакнување на животната средина во руралните средини, како и за поддршка на одржливото управување со природните ресурси и олеснување на отпорноста во секторите храна и земјоделство. На крајот, работата на Европската советодавна комисија за рибарство и аквакултура ќе придонесе кон обезбеденоста со храна и намалување на сите форми на неухранетост. EIFAAC е основана како регионално тело за рибарство од страна на Советот на ФАО во 1957 година и е важен меѓувладин форум за соработка и размена на информации за рибарството во затворени води и аквакултурата меѓу сите европски земји. Домаќин на следната седница на EIFAAC ќе биде Владата на Хрватска во 2024 година. Управниот комитет на EIFAAC, Техничкиот и научниот комитет, членовите и Секретаријатот ја поздравуваат Македонија како нова членка и се радуваат на развивање силни односи со земјата во врска со рибарството во затворени води и аквакултурата.

The post Македонија се приклучи на Европската советодавна комисија за рибарство и аквакултура appeared first on Република.

]]>
ФАО: Светските цени на храната во март на рекордно високо ниво https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fao-svetskite-ceni-na-hranata-vo-mart-na-rekordno-visoko-nivo/ Fri, 08 Apr 2022 09:23:15 +0000 https://republika.mk/?p=485213

Светските цени на храната во март достигнаа највисоко ниво на сите времиња, бидејќи руската инвазија врз Украина предизвика „потреси“ на пазарите за основни житарки и растителни масла, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на ОН.

Нарушувањето на извозните текови како резултат на инвазијата на 24 февруари и меѓународните санкции против Русија поттикна стравувања од глобална криза со глад, особено на Блискиот Исток и Африка, каде што веќе се чувствуваат последици.

Русија и Украина, со огромни региони за одгледување жито кои се меѓу главните снабдувачи со жито во светот, сочинуваат огромен дел од светскиот извоз на неколку главни стоки како што се пченицата, растителното масло и пченката.

Светските цени на прехранбените артикли значително се зголемија во март и го достигнаа своето највисоко ниво досега, бидејќи војната во регионот на Црното Море предизвика шокови на пазарите за основни житарки и растителни масла, се вели во соопштението на ФАО.

Индексот на цените на храната на ФАО, кој веќе забележа рекорд во февруари, се зголеми за 12,6 отсто минатиот месец, „што направи огромен скок на ново највисоко ниво од неговото основање во 1990 година“, соопшти агенцијата на ОН.

Индексот, мерка за месечната промена на меѓународните цени на кошницата со прехранбени производи, во март изнесуваше во просек 159,3 поени.

The post ФАО: Светските цени на храната во март на рекордно високо ниво appeared first on Република.

]]>

Светските цени на храната во март достигнаа највисоко ниво на сите времиња, бидејќи руската инвазија врз Украина предизвика „потреси“ на пазарите за основни житарки и растителни масла, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на ОН. Нарушувањето на извозните текови како резултат на инвазијата на 24 февруари и меѓународните санкции против Русија поттикна стравувања од глобална криза со глад, особено на Блискиот Исток и Африка, каде што веќе се чувствуваат последици. Русија и Украина, со огромни региони за одгледување жито кои се меѓу главните снабдувачи со жито во светот, сочинуваат огромен дел од светскиот извоз на неколку главни стоки како што се пченицата, растителното масло и пченката. Светските цени на прехранбените артикли значително се зголемија во март и го достигнаа своето највисоко ниво досега, бидејќи војната во регионот на Црното Море предизвика шокови на пазарите за основни житарки и растителни масла, се вели во соопштението на ФАО. Индексот на цените на храната на ФАО, кој веќе забележа рекорд во февруари, се зголеми за 12,6 отсто минатиот месец, „што направи огромен скок на ново највисоко ниво од неговото основање во 1990 година“, соопшти агенцијата на ОН. Индексот, мерка за месечната промена на меѓународните цени на кошницата со прехранбени производи, во март изнесуваше во просек 159,3 поени.

The post ФАО: Светските цени на храната во март на рекордно високо ниво appeared first on Република.

]]>
ФАО: Цените на храната може да „скокнат“ и до 20 отсто поради конфликтот во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fao-cenite-na-hranata-moze-da-skoknat-i-do-20-otsto-poradi-konfliktot-vo-ukraina/ Fri, 11 Mar 2022 12:27:10 +0000 https://republika.mk/?p=471312

Цените на меѓународната и на добиточната храна може да се зголемат за осум, до 20 отсто, како резултат на конфликтот во Украина, предизвикувајќи „скок“ на бројот на неухранети лица ширум светот, соопшти денеска агенцијата за храна на Обединетите нации.

Во прелиминарната оценка за руската инвазија на Украина, Организацијата за храна и земјоделство соопшти дека не е јасно дали Украина ќе може да собира житни култури за време на долготрајниот конфликт, има неизвесност и околу рускиот извоз на храна.

Според организацијата, Русија беше најголемиот светски извозник на пченица, додека Украина беше петта по големина. Двете земји, заедно, обезбедуваат 19 отсто од светската понуда на јачмен, 14 од пченица, четири проценти од пченка, сочинувајќи над една третина од глобалниот извоз на житни култури

The post ФАО: Цените на храната може да „скокнат“ и до 20 отсто поради конфликтот во Украина appeared first on Република.

]]>

Цените на меѓународната и на добиточната храна може да се зголемат за осум, до 20 отсто, како резултат на конфликтот во Украина, предизвикувајќи „скок“ на бројот на неухранети лица ширум светот, соопшти денеска агенцијата за храна на Обединетите нации. Во прелиминарната оценка за руската инвазија на Украина, Организацијата за храна и земјоделство соопшти дека не е јасно дали Украина ќе може да собира житни култури за време на долготрајниот конфликт, има неизвесност и околу рускиот извоз на храна. Според организацијата, Русија беше најголемиот светски извозник на пченица, додека Украина беше петта по големина. Двете земји, заедно, обезбедуваат 19 отсто од светската понуда на јачмен, 14 од пченица, четири проценти од пченка, сочинувајќи над една третина од глобалниот извоз на житни култури

The post ФАО: Цените на храната може да „скокнат“ и до 20 отсто поради конфликтот во Украина appeared first on Република.

]]>