фани каранфилова-пановска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fani-karanfilova-panovska/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Nov 2024 10:25:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фани каранфилова-пановска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fani-karanfilova-panovska/ 32 32 Не е funny што токму Фани е новото лице на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-e-funny-shto-tokmu-fani-e-novoto-litse-na-sdsm/ Fri, 29 Nov 2024 10:25:31 +0000 https://republika.mk/?p=842962

Во време кога СДСМ има историски најлош рејтинг досега за партијата, кога и онаа третина од членови кои не им избегаа во ЗНАМ се раскарани меѓусебе и кога и самите знаат дека не е Венко Филипче оној кој им ја води партијата, тој на последниот конгрес ја избира:

Фани Каранфилова - Пановска

СДСМ сака кога заменик претседателите им се жени. Веруваат дека така се покажува рамноправност (ха ха).

Арно ама, овојпат дотолку немаа кого да најдат, па доведоа неполитичар на така висока функција, и тоа пред прагот на локалните избори. Може сметаат дека и тие четири општини што сега ги имаат им се премногу.

Личност која „во себе ги носи социјалдемократските вредности“, како што би рекол Филипче. „Нова свежина“, како што ја најавуваат од партијата.

Всушност, да не беше трагично ќе беше смешно што токму Фани Каранфилова - Пановска е новиот заменик претседател на СДСМ. Таа, пред сè, е поранешен директор на фондацијата „Отворено општество“, седиштето на милијардерот Џорџ Сорос во Македонија. Знаете, тоа е продукцијата што во Македонија ги донесе филмовите „Шарена револуција“, „бомбите“, Зоран Заев, промената на името и сè што следеше потоа.

Како лица што носат фолија на главата ги правеа оттаму сите што ќе кажеа дека СДСМ е кукла на конци на фамилијата Сорос и нивната агенда за Македонија. За на крај да изберат некој што со години бил гаен од тие валкани и пусти соросоидни пари. Урнебес.

Од ВМРО-ДПМНЕ споделуваат дека за функцијата земала по 3.400 евра плата. Значи имаме бројка за колку евтино се распарчува татковината.

На тема „Сорос“ вреди да се каже и дека скопската канцеларија на фондацијата се затвори пред две години, па сега сите проекти одат преку седиштето во Тирана. Што и за лаик е лесно да види што зборува тоа за способноста на Фани.

Ама што знаеме ние, ние сме само „џавкачи“. Така барем ги нарекува неистомислениците, без разлика колку побројни се од него и нему сличните, сопругот на Фани, Мартин Пановски. Во нивните медиуми го пишат како реномиран архитект. За нас „џавкачите“ е некој што нè убедува дека висококатниците кај „Холидеј ин“ нема да донесат дополнителен хаос и бетон во и онака затрупаниот Центар, туку ќе изобилуваат со зеленило. Во нивниот речник зеленило се саксиите на балконите.

Да се вратиме на неговата сакана.

Сигурни сме дека повторно ќе ја избереме Каранфилова - Пановска за личност на неделата. На крајот на денот, можеби нема искуство како политичар, но има со манипулација на граѓаните. Комбинацијата на надобриот пријател на Заев (поздрав до оние што сфаќаат колкав неепитет е ова) и некој што носел маичка од СЈО сигурно нема да ѝ донесе добро на СДСМ.

Среќа што веќе не се фактор што може да ѝ донесе нешто, добро или лошо, на Македонија.


Марина Милановиќ

The post Не е funny што токму Фани е новото лице на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Во време кога СДСМ има историски најлош рејтинг досега за партијата, кога и онаа третина од членови кои не им избегаа во ЗНАМ се раскарани меѓусебе и кога и самите знаат дека не е Венко Филипче оној кој им ја води партијата, тој на последниот конгрес ја избира:

Фани Каранфилова - Пановска

СДСМ сака кога заменик претседателите им се жени. Веруваат дека така се покажува рамноправност (ха ха). Арно ама, овојпат дотолку немаа кого да најдат, па доведоа неполитичар на така висока функција, и тоа пред прагот на локалните избори. Може сметаат дека и тие четири општини што сега ги имаат им се премногу. Личност која „во себе ги носи социјалдемократските вредности“, како што би рекол Филипче. „Нова свежина“, како што ја најавуваат од партијата. Всушност, да не беше трагично ќе беше смешно што токму Фани Каранфилова - Пановска е новиот заменик претседател на СДСМ. Таа, пред сè, е поранешен директор на фондацијата „Отворено општество“, седиштето на милијардерот Џорџ Сорос во Македонија. Знаете, тоа е продукцијата што во Македонија ги донесе филмовите „Шарена револуција“, „бомбите“, Зоран Заев, промената на името и сè што следеше потоа. Како лица што носат фолија на главата ги правеа оттаму сите што ќе кажеа дека СДСМ е кукла на конци на фамилијата Сорос и нивната агенда за Македонија. За на крај да изберат некој што со години бил гаен од тие валкани и пусти соросоидни пари. Урнебес. Од ВМРО-ДПМНЕ споделуваат дека за функцијата земала по 3.400 евра плата. Значи имаме бројка за колку евтино се распарчува татковината. На тема „Сорос“ вреди да се каже и дека скопската канцеларија на фондацијата се затвори пред две години, па сега сите проекти одат преку седиштето во Тирана. Што и за лаик е лесно да види што зборува тоа за способноста на Фани. Ама што знаеме ние, ние сме само „џавкачи“. Така барем ги нарекува неистомислениците, без разлика колку побројни се од него и нему сличните, сопругот на Фани, Мартин Пановски. Во нивните медиуми го пишат како реномиран архитект. За нас „џавкачите“ е некој што нè убедува дека висококатниците кај „Холидеј ин“ нема да донесат дополнителен хаос и бетон во и онака затрупаниот Центар, туку ќе изобилуваат со зеленило. Во нивниот речник зеленило се саксиите на балконите. Да се вратиме на неговата сакана. Сигурни сме дека повторно ќе ја избереме Каранфилова - Пановска за личност на неделата. На крајот на денот, можеби нема искуство како политичар, но има со манипулација на граѓаните. Комбинацијата на надобриот пријател на Заев (поздрав до оние што сфаќаат колкав неепитет е ова) и некој што носел маичка од СЈО сигурно нема да ѝ донесе добро на СДСМ. Среќа што веќе не се фактор што може да ѝ донесе нешто, добро или лошо, на Македонија.
Марина Милановиќ

The post Не е funny што токму Фани е новото лице на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Николоски: СОРОС директно влегува во структурите на СДСМ, ова е невидено и непринципиелно дејствување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-soros-direktno-vleguva-vo-strukturite-na-sdsm-ova-e-nevideno-i-neprintsipielno-dejstvuvane/ Wed, 27 Nov 2024 09:55:01 +0000 https://republika.mk/?p=842476

Викендов се случи една феноменологија со влегувањето на фондацијата СОРОС во структурите на СДСМ. Ако во минатото првиот човек на фондацијата СОРОС беше член на централниот одбор на СДСМ, сега доскорешниот прв човек на фондацијата станува втор човек на СДСМ. Ова е едно непринципиелно дејствување, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител.

Тој потенцираше дека оваа е сериозен проблем во општеството бидејќи СДСМ ги наруши улогите на политичките партии, улогата на медиумите и на невладините организации преку нивно обединување.

-Поеклатантно влегување на СОРОС во една политичка партија до сега немам видено, што е феноменологија. Тоа е проблем бидејќи едни јасни поделби кои што постојат во општеството се прескокнуваат. Една е улогата на политичките партии, друга е улогата на медиумите, а трета е на невладините организација, а сега гледам дека СДСМ сака да направи една симбиоза на сите три, што вклучува едно непринципиелно дејствување. Но, ние сме спремни да се натпреваруваме и како што го поразивме историски со најголем резултат од опозиција, а тие имаа најслаб историски резултат со само 18 пратеници, убеден сум дека уште повеќе ќе ги поразиме на локалните избори, изјави Николоски.

Тој додаде дека здраво е да се има силна опозиција, но како што рече во моментов не може да се дефинира која е главната опозициона партија, дали СДСМ, ДУИ или Левица.

The post Николоски: СОРОС директно влегува во структурите на СДСМ, ова е невидено и непринципиелно дејствување appeared first on Република.

]]>

Викендов се случи една феноменологија со влегувањето на фондацијата СОРОС во структурите на СДСМ. Ако во минатото првиот човек на фондацијата СОРОС беше член на централниот одбор на СДСМ, сега доскорешниот прв човек на фондацијата станува втор човек на СДСМ. Ова е едно непринципиелно дејствување, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител. Тој потенцираше дека оваа е сериозен проблем во општеството бидејќи СДСМ ги наруши улогите на политичките партии, улогата на медиумите и на невладините организации преку нивно обединување.
-Поеклатантно влегување на СОРОС во една политичка партија до сега немам видено, што е феноменологија. Тоа е проблем бидејќи едни јасни поделби кои што постојат во општеството се прескокнуваат. Една е улогата на политичките партии, друга е улогата на медиумите, а трета е на невладините организација, а сега гледам дека СДСМ сака да направи една симбиоза на сите три, што вклучува едно непринципиелно дејствување. Но, ние сме спремни да се натпреваруваме и како што го поразивме историски со најголем резултат од опозиција, а тие имаа најслаб историски резултат со само 18 пратеници, убеден сум дека уште повеќе ќе ги поразиме на локалните избори, изјави Николоски.
Тој додаде дека здраво е да се има силна опозиција, но како што рече во моментов не може да се дефинира која е главната опозициона партија, дали СДСМ, ДУИ или Левица.

The post Николоски: СОРОС директно влегува во структурите на СДСМ, ова е невидено и непринципиелно дејствување appeared first on Република.

]]>
Лефков: Фани Каранфилова од Сорос со над 2 милиони годишна плата не може да биде ново лице во СДС, таа е потрчко на Заев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lefkov-fani-karanfilova-od-soros-so-nad-2-milioni-godishna-plata-ne-mozhe-da-bide-novo-litse-vo-sds-taa-e-potrchko-na-zaev/ Mon, 25 Nov 2024 11:56:07 +0000 https://republika.mk/?p=841561

СДС вчера со партиски Конгрес потврди дека партијата ја води Зоран Заев, преку неговиот неврохирург Венко Филипче и 40-те потрчковци. Венко Филипче е во сенка на Заев. Филипче беше министер за здравство, во чие време се случи катастрофата во Тетово, каде луѓе живи изгореа во модуларната болница, а тој не понесе одговорност. По тој настан секој човек со грам одговорност засекогаш ќе се повлечеше од функцијата, но не и Филипче, изјави Миле Лефков пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Истиот тој Филипче, неврохирургот на Заев, кој очигледно е опериран од срам и доблест, вчера за заменик претседател ја назначи Фани Каранфилова Пановска, поранешен претседател на Сорос Македонија. Фани Каранфилова Пановска за која неврохирургот на Заев, Филипче кажа дека ги има во себе социјалдемократските вредности во Сорос имала месечни примања од 3.400 евра. Толку треба да знаеме за социјадемократијата на Каранфилова Пановска“, потенцира во изјавата Лефков.

Според јавно достапните информации од Фондацијата Сорос Македонија за 2014-та година земала бруто во износ од 2.030,118 денари. Тоа за кое што народот работи 5 години, Каранфилова Пановска го заработува за 1 година, изјави Лефков.

„Лефков додаде дека, Каранфилова Пановска е дел од луѓето кои се бореа Зоран Заев да дојде на власт уште во 2017 година, преку таканаречената Шарена револуција од 2014 и 2015 година. Каранфилова Пановска не е никакво ново лице на СДС, таа е дел од 40-те потрчковци на неврохиругот на Заев, Филипче.

Со Венко Филипче и Фани Каранфилова Пановска СДС е само продолжение на партијата која ја водеше Заев, која донесе многу порази за Македонија, криминал и стагнација“ – изјави Миле Лефков.

The post Лефков: Фани Каранфилова од Сорос со над 2 милиони годишна плата не може да биде ново лице во СДС, таа е потрчко на Заев appeared first on Република.

]]>

СДС вчера со партиски Конгрес потврди дека партијата ја води Зоран Заев, преку неговиот неврохирург Венко Филипче и 40-те потрчковци. Венко Филипче е во сенка на Заев. Филипче беше министер за здравство, во чие време се случи катастрофата во Тетово, каде луѓе живи изгореа во модуларната болница, а тој не понесе одговорност. По тој настан секој човек со грам одговорност засекогаш ќе се повлечеше од функцијата, но не и Филипче, изјави Миле Лефков пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. „Истиот тој Филипче, неврохирургот на Заев, кој очигледно е опериран од срам и доблест, вчера за заменик претседател ја назначи Фани Каранфилова Пановска, поранешен претседател на Сорос Македонија. Фани Каранфилова Пановска за која неврохирургот на Заев, Филипче кажа дека ги има во себе социјалдемократските вредности во Сорос имала месечни примања од 3.400 евра. Толку треба да знаеме за социјадемократијата на Каранфилова Пановска“, потенцира во изјавата Лефков. Според јавно достапните информации од Фондацијата Сорос Македонија за 2014-та година земала бруто во износ од 2.030,118 денари. Тоа за кое што народот работи 5 години, Каранфилова Пановска го заработува за 1 година, изјави Лефков. „Лефков додаде дека, Каранфилова Пановска е дел од луѓето кои се бореа Зоран Заев да дојде на власт уште во 2017 година, преку таканаречената Шарена револуција од 2014 и 2015 година. Каранфилова Пановска не е никакво ново лице на СДС, таа е дел од 40-те потрчковци на неврохиругот на Заев, Филипче. Со Венко Филипче и Фани Каранфилова Пановска СДС е само продолжение на партијата која ја водеше Заев, која донесе многу порази за Македонија, криминал и стагнација“ – изјави Миле Лефков.

The post Лефков: Фани Каранфилова од Сорос со над 2 милиони годишна плата не може да биде ново лице во СДС, таа е потрчко на Заев appeared first on Република.

]]>
Новата потпретседателка на СДСМ сака да ги врати сите разочарани и изневерени од партијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novata-potpretsedatelka-na-sdsm-saka-da-gi-vrati-site-razocharani-i-iznevereni-od-partijata/ Mon, 25 Nov 2024 10:08:41 +0000 https://republika.mk/?p=841521

Новата заменик-претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова-Пановска, на вчерашниот 30. Конгрес на партијата порачала дека  функцијата која и е доверена со себе носи огромна одговорноста пред членовите на партијата и пред граѓаните и оти затоа ќе го стави во функција сето нејзино искуство, знаење и вештини стекнати во професионалната кариера.

Одговорноста е огромна пред се заради фактот што Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е исправен пред предизвикот да ја исцрта и уште поважно да ја одработи траекторијата на промените и реформите на партијата кои ќе го обезбедат нејзиниот  понатамошен развој и ќе го отелотворат нејзиниот правец на делување, процеси кои треба и мора да ја вратат партијата на вистинскиот колосек, рекла Каранфилова-Пановска.

Во обраќањето пред делегатите, како што информираат од СДСМ, Каранфилова-Пановска посочила дека верува во професионалноста и амбициозноста на претседателот на СДСМ, Венко Филипче и оти ќе го стави во функција сето нејзино искуство, знаење и вештини стекнати во професионалната кариера.

Длабоко сум убедена во професионалноста, амбициозноста, трудољубивоста, страста, посветеноста, упорноста и емпатијата кои ги носи Венко, и тие беа едни од клучните причини зошто ја прифатив номинацијата. Јас ќе му дадам целосна поддршка и ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики на СДСМ, кои ве уверувам ќе бидат политики за промени. Јас со себе тврдоглаво ги носам принципите, ставовите и наративот кои му прилегаат на   прогресивното граѓанско општество, кои во својата срж ја имаат потребата и борбата за слобода, демократија, човекови права, социјална правда, правичност, различност, рамноправност и интегритет – вредности за кои не сум правела и никогаш нема да направам компромис, порачала потпретседателката на СДСМ.

Таа е убедена дека ќе го вратат статусот, угледот, кредибилитетот, поддршката и победите на, како што рекла, единствената државничка партија во Македонија - СДСМ.

Моето нафаќање и ангажман ќе биде особено значајно и се надевам ќе биде од голема помош, во оваа фаза на темелни внатрешни промени и реформи, дефинирање на новиот курс и позиционирањето на партијата, имајќи ги предвид сите предивизици, а особено, оној, за мене клучен и суштински, а тоа е враќањето на довербата кон СДСМ од страна на слободоумните граѓани на кои вредносната оска на социјалдемократијата им е блиска, а кои во изминатиот период се разочараа од СДСМ и се чувствуваат изневерено. Нив мора да ги вратиме! И во ова лежи суштината на мојот инстинкт, порив и подготвеност да се нафатам на оваа сериозно одговорна функција, рекла Каранфилова-Пановска.

При тоа, потенцирала дека мора да се случи консолидација на знаењето кое го поседува СДСМ во најширока смисла од раководство, општински организации, членови, симпатизери, поддржувачи, природните сојузници меѓу граѓанството, и тоа да се преточи и во консолидирано делување на сите нивоа.

 

СДСМ мора интензивно и бескомпромисно да зрачи и да делува согласно својот автентичен вредносен систем идеологија и наратив, кои ќе бидат главната окосница што ќе ја одржува и зајакнува внатрешната кохезија и заедништвото во партијата, порачала новата потпретседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска.

Според неа, со многу работа, посветеност, конзистентност, искреност во пристапот и намерите, со дијалог, солидарност, емпатија и уважување на различните ставови и позиции, како и со вреднување на различностите како привилегија и богатство на една демократска партија, ќе може да се врати статусот, угледот, кредибилитетот, поддршката и победите СДСМ.

Фани Каранфилова Пановска за нов потпретседател на СДСМ беше избрана на вчерашниот 30. конгрес на партијата, а нејзиниот избор го соопшти претседалот на партијата Венко Филипче.

Таа е човек со кој јас се познавам долго време, и знам дека ги носи во себе и цврсто верува во социјалдемократските вредности. Учествувала во работата на многу граѓански организации, најмногу во Фондацијата Отворено Општество и соработувала со други правни субјекти кои ги делат вредностите така како што се поставени во постулатите на нашата партија, рече вчера Филипче.

На конгресот, на кој присуствувале 536 од 626 нови делегати, бил избран Централниот одбор на партијата, а до крајот на неделата ќе избрано и целото ново раководство на СДСМ.

The post Новата потпретседателка на СДСМ сака да ги врати сите разочарани и изневерени од партијата appeared first on Република.

]]>

Новата заменик-претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова-Пановска, на вчерашниот 30. Конгрес на партијата порачала дека  функцијата која и е доверена со себе носи огромна одговорноста пред членовите на партијата и пред граѓаните и оти затоа ќе го стави во функција сето нејзино искуство, знаење и вештини стекнати во професионалната кариера.
Одговорноста е огромна пред се заради фактот што Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е исправен пред предизвикот да ја исцрта и уште поважно да ја одработи траекторијата на промените и реформите на партијата кои ќе го обезбедат нејзиниот  понатамошен развој и ќе го отелотворат нејзиниот правец на делување, процеси кои треба и мора да ја вратат партијата на вистинскиот колосек, рекла Каранфилова-Пановска.
Во обраќањето пред делегатите, како што информираат од СДСМ, Каранфилова-Пановска посочила дека верува во професионалноста и амбициозноста на претседателот на СДСМ, Венко Филипче и оти ќе го стави во функција сето нејзино искуство, знаење и вештини стекнати во професионалната кариера.
Длабоко сум убедена во професионалноста, амбициозноста, трудољубивоста, страста, посветеноста, упорноста и емпатијата кои ги носи Венко, и тие беа едни од клучните причини зошто ја прифатив номинацијата. Јас ќе му дадам целосна поддршка и ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики на СДСМ, кои ве уверувам ќе бидат политики за промени. Јас со себе тврдоглаво ги носам принципите, ставовите и наративот кои му прилегаат на   прогресивното граѓанско општество, кои во својата срж ја имаат потребата и борбата за слобода, демократија, човекови права, социјална правда, правичност, различност, рамноправност и интегритет – вредности за кои не сум правела и никогаш нема да направам компромис, порачала потпретседателката на СДСМ.
Таа е убедена дека ќе го вратат статусот, угледот, кредибилитетот, поддршката и победите на, како што рекла, единствената државничка партија во Македонија - СДСМ.
Моето нафаќање и ангажман ќе биде особено значајно и се надевам ќе биде од голема помош, во оваа фаза на темелни внатрешни промени и реформи, дефинирање на новиот курс и позиционирањето на партијата, имајќи ги предвид сите предивизици, а особено, оној, за мене клучен и суштински, а тоа е враќањето на довербата кон СДСМ од страна на слободоумните граѓани на кои вредносната оска на социјалдемократијата им е блиска, а кои во изминатиот период се разочараа од СДСМ и се чувствуваат изневерено. Нив мора да ги вратиме! И во ова лежи суштината на мојот инстинкт, порив и подготвеност да се нафатам на оваа сериозно одговорна функција, рекла Каранфилова-Пановска.
При тоа, потенцирала дека мора да се случи консолидација на знаењето кое го поседува СДСМ во најширока смисла од раководство, општински организации, членови, симпатизери, поддржувачи, природните сојузници меѓу граѓанството, и тоа да се преточи и во консолидирано делување на сите нивоа.  
СДСМ мора интензивно и бескомпромисно да зрачи и да делува согласно својот автентичен вредносен систем идеологија и наратив, кои ќе бидат главната окосница што ќе ја одржува и зајакнува внатрешната кохезија и заедништвото во партијата, порачала новата потпретседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска.
Според неа, со многу работа, посветеност, конзистентност, искреност во пристапот и намерите, со дијалог, солидарност, емпатија и уважување на различните ставови и позиции, како и со вреднување на различностите како привилегија и богатство на една демократска партија, ќе може да се врати статусот, угледот, кредибилитетот, поддршката и победите СДСМ. Фани Каранфилова Пановска за нов потпретседател на СДСМ беше избрана на вчерашниот 30. конгрес на партијата, а нејзиниот избор го соопшти претседалот на партијата Венко Филипче.
Таа е човек со кој јас се познавам долго време, и знам дека ги носи во себе и цврсто верува во социјалдемократските вредности. Учествувала во работата на многу граѓански организации, најмногу во Фондацијата Отворено Општество и соработувала со други правни субјекти кои ги делат вредностите така како што се поставени во постулатите на нашата партија, рече вчера Филипче.
На конгресот, на кој присуствувале 536 од 626 нови делегати, бил избран Централниот одбор на партијата, а до крајот на неделата ќе избрано и целото ново раководство на СДСМ.

The post Новата потпретседателка на СДСМ сака да ги врати сите разочарани и изневерени од партијата appeared first on Република.

]]>
Талевска: Снемала пари, па мора нешто и да се работи во животот – е изборот на Пановска за заменик претседател на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/talevska-snemala-pari-pa-mora-neshto-i-da-se-raboti-vo-zhivotot-e-izborot-na-panovska-za-zamenik-pretsedatel-na-sdsm/ Sun, 24 Nov 2024 19:42:51 +0000 https://republika.mk/?p=841383

Снемала пари, па мора нешто и да се работи во животот - е изборот на Фани Каранфилова Пановска за заменик претседател на СДСМ, пишува Ивона Талевска во објава на „Фејсбук“.

Ни таа ни Венко не кажаа - каде се парите, иако му се закануваше на екс премиерот со протести ако не им исплати 9 милиони наместо предвидените 7 милиони евра годишно за невладини организации.
Колку е квалитетна?
Многу.
Толку многу што Заев се фалел дека ја одбил нејзината понуда да му ја води “Фондацијата Заев - едно општество за сите“.
Толку многу што го приморало Александар Сорос да ја затвори канцеларијата на “Отворено општество“ во Македонија и да ја префли централата во Албанија.
Фани секако се вклопува во актуелниот квалитет на СДСМ, подвлекува Талевска.

The post Талевска: Снемала пари, па мора нешто и да се работи во животот – е изборот на Пановска за заменик претседател на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Снемала пари, па мора нешто и да се работи во животот - е изборот на Фани Каранфилова Пановска за заменик претседател на СДСМ, пишува Ивона Талевска во објава на „Фејсбук“. Ни таа ни Венко не кажаа - каде се парите, иако му се закануваше на екс премиерот со протести ако не им исплати 9 милиони наместо предвидените 7 милиони евра годишно за невладини организации. Колку е квалитетна? Многу. Толку многу што Заев се фалел дека ја одбил нејзината понуда да му ја води “Фондацијата Заев - едно општество за сите“. Толку многу што го приморало Александар Сорос да ја затвори канцеларијата на “Отворено општество“ во Македонија и да ја префли централата во Албанија. Фани секако се вклопува во актуелниот квалитет на СДСМ, подвлекува Талевска.

The post Талевска: Снемала пари, па мора нешто и да се работи во животот – е изборот на Пановска за заменик претседател на СДСМ appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Потрчкото на Заев не може да биде новото лице на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-potrchkoto-na-zaev-ne-mozhe-da-bide-novoto-litse-na-sdsm/ Sun, 24 Nov 2024 17:16:34 +0000 https://republika.mk/?p=841355

Венко Филипче е потрчко на Зоран Заев и тој едноставно не може да биде новото лице на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ по денешниот конгрес на СДСМ.

Филипче е човекот на кој му изгореа 14 лица во модуларната во Тетово и тој не понесе одговорност. Филипче е човекот кој за време на короната ја стави Македонија високо на светската и европската листа, но по број на умрени луѓе. На ниво на свет ја стави Македонија на високото петто место по број на починати, а на нив на Европа по број на починати на еден милион на високото четврто место, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат и за новата потпретседателка на СДСМ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/poraneshnata-direktorka-na-otvoreno-opshtestvo-stana-potpretsedatelka-na-sdsm/

Фани Каранфилова-Пановска која сака да ја продаде како нов лик е претседателка на Сорос Македонија. Каранфилова Пановска не е никаков нов лик, ниту лице заинтересирано за општо добро. Неа и се важни само парите или како директор на македонски Сорос, според јавно достапните информации месечно зема скоро 3.500 илјади евра. Луѓето на Филипче се истите луѓе на Заев кои се второ име за корупција и криминал, воедно и назадување на Македонија на секој план. Филипче, неврохируругот на Заев и 40 потрчковци се само синоним за корупција и криминал што резултираше со тонење на Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Потрчкото на Заев не може да биде новото лице на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Венко Филипче е потрчко на Зоран Заев и тој едноставно не може да биде новото лице на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ по денешниот конгрес на СДСМ.
Филипче е човекот на кој му изгореа 14 лица во модуларната во Тетово и тој не понесе одговорност. Филипче е човекот кој за време на короната ја стави Македонија високо на светската и европската листа, но по број на умрени луѓе. На ниво на свет ја стави Македонија на високото петто место по број на починати, а на нив на Европа по број на починати на еден милион на високото четврто место, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат и за новата потпретседателка на СДСМ. https://republika.mk/vesti/makedonija/poraneshnata-direktorka-na-otvoreno-opshtestvo-stana-potpretsedatelka-na-sdsm/
Фани Каранфилова-Пановска која сака да ја продаде како нов лик е претседателка на Сорос Македонија. Каранфилова Пановска не е никаков нов лик, ниту лице заинтересирано за општо добро. Неа и се важни само парите или како директор на македонски Сорос, според јавно достапните информации месечно зема скоро 3.500 илјади евра. Луѓето на Филипче се истите луѓе на Заев кои се второ име за корупција и криминал, воедно и назадување на Македонија на секој план. Филипче, неврохируругот на Заев и 40 потрчковци се само синоним за корупција и криминал што резултираше со тонење на Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Потрчкото на Заев не може да биде новото лице на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Поранешната директорка на „Отворено општество“ стана потпретседателка на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poraneshnata-direktorka-na-otvoreno-opshtestvo-stana-potpretsedatelka-na-sdsm/ Sun, 24 Nov 2024 16:18:46 +0000 https://republika.mk/?p=841340

Фани Каранфилова Пановска денеска е избрана за нова заменик претседателка на СДСМ, соопшти претседателот на партијата Венко Филипче по завршувањето на 30. конгрес.

Таа е човек со кој јас се познавам долго време, и знам дека ги носи во себе и цврсто верува во социјалдемократските вредности. Учествувала во работата на многу граѓански организации, најмногу во Фондацијата „Отворено општество“ и соработувала со други правни субјекти кои ги делат вредностите така како што се поставени во постулатите на нашата партија, рече Филипче.

На конгресот, на кој присуствуваа 536 од 626 нови делегати, беше избран Централниот одбор на партијата, а до крајот на неделата ќе избрано и целото ново раководство на СДСМ.

Првиот состанок на новиот Централен одбор ќе се одржи во текот на оваа недела и тука ќе бидат избрани членовите на новиот Извршен одбор, потпретседателите и секретарите на партијата, со што во текот на оваа недела се заокружува целокупниот процес на поставување на новото партиско раководство, рече Филипче.

Без да соопшти детали кои се лицата што ќе бидат дел од партиското раководство, лидерот на СДСМ рече дека тоа ќе бидат млади, енергични лица кои досега не биле на ниту една висока партиска функција и дека тоа најверојатно ќе биде соопштено до крајот на неделата во четврток или во петок.

Запрашан зошто на конгресот не беше присутен Зоран Заев, поранешен лидер на партијата, рече дека тој не бил физички присутен тука.

The post Поранешната директорка на „Отворено општество“ стана потпретседателка на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Фани Каранфилова Пановска денеска е избрана за нова заменик претседателка на СДСМ, соопшти претседателот на партијата Венко Филипче по завршувањето на 30. конгрес.
Таа е човек со кој јас се познавам долго време, и знам дека ги носи во себе и цврсто верува во социјалдемократските вредности. Учествувала во работата на многу граѓански организации, најмногу во Фондацијата „Отворено општество“ и соработувала со други правни субјекти кои ги делат вредностите така како што се поставени во постулатите на нашата партија, рече Филипче.
На конгресот, на кој присуствуваа 536 од 626 нови делегати, беше избран Централниот одбор на партијата, а до крајот на неделата ќе избрано и целото ново раководство на СДСМ.
Првиот состанок на новиот Централен одбор ќе се одржи во текот на оваа недела и тука ќе бидат избрани членовите на новиот Извршен одбор, потпретседателите и секретарите на партијата, со што во текот на оваа недела се заокружува целокупниот процес на поставување на новото партиско раководство, рече Филипче.
Без да соопшти детали кои се лицата што ќе бидат дел од партиското раководство, лидерот на СДСМ рече дека тоа ќе бидат млади, енергични лица кои досега не биле на ниту една висока партиска функција и дека тоа најверојатно ќе биде соопштено до крајот на неделата во четврток или во петок. Запрашан зошто на конгресот не беше присутен Зоран Заев, поранешен лидер на партијата, рече дека тој не бил физички присутен тука.

The post Поранешната директорка на „Отворено општество“ стана потпретседателка на СДСМ appeared first on Република.

]]>